Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Дневни весници и списанија

Дневни весници и списанија 12 Јун 2011 15:30 #141194

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Колку често купувате дневни весници и списанија?
Јас лично дневни весници многу ретко купувам, обично ги читам на интернет, додека од списанијата најчесто го купувам 1Е. Сега открив едно ново „Сенса“, едно од ретките што навистина ме воодушеви, затоа што има што да се прочита, а не само да се пролиста за пет минути. Дали и вие сте „налетале“ на некое интересно списание?
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 12 Јун 2011 17:08 #141214

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Порано редовно купував списанија (дневни весници поретко или само во петок поради програмата :laugh: ), но со оглед на тоа дека работата ми е поврзана со весници, ја изгубив таа навика, а ги читам оние кои ги добивам на работа.
И не само тоа, денес се е достапно на интернет, така што купување списание е многу, многу ретко - евентуално ако патувам некаде, па да не ми е здодевно и под услов да не сум земала книга со себе.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 12 Јун 2011 17:08 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 12 Јун 2011 17:20 #141216

  • Chocolate
  • Chocolate's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 900
  • Thank you received: 273
  • Карма: 13
Јас ретко купувам списанија речиси не ни купувам , сега има се на интернет и некако списанијата како да ми се изумрена форма на занимација :zelen:





Границата меѓу уживањето и злото, олицетворена во чоколадото, е толку фина и престижна,...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 13 Јун 2011 01:58 #141253

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Мм купува редовно дневни весници, а јас купувам само LIFE Магазин и Убавина и здравје...И навистина уживам во содржината на овие списанија. А дневните весници морам да признаам дека многу многу ретко ги пролистувам :poimnemam:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 13 Јун 2011 02:18 #141275

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Vesnici ne kupuvame bidejki site tekovni infromacii gi citkame na internet.
Od spisanija mm redovno si kupuva auto klubovi :), a jas porano kupuvav 1E, a sega nekako nemozam da si najdam nekoe spisanie sto mi odogovara.


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 13 Јун 2011 03:17 #141298

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Порано ги листав сите дневни весници, посебно додека живеев со моите, си имаа навика по неколку весника да купуваат и и мене ми беше тоа навика. Сега некако немаме навика да купуваме дневни весници, многу ретко, а од неделни магазини знам чат пат да купам по некој, ама одамна ми нема некој легнато при срце како порано. Едно време додека бев бремена и кога беше Јана мала, бев зависна од бебешки магазини посебно Мама и беба, и од тогаш навака немам континуирана навика да станам зависна од некој магазин и да морам стално да го имам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 13 Јун 2011 14:14 #141331

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
Порано исто како Бубамарка кај моите сите дневни весници во хард копи ги читав :) Сега воопшто не купувам, се читам на интернет. Неделници исто не купувам, ептен ако ми залета некој во раце на фризер или негде.. Некако оваа навика на читање весници и списанија кај мене згаснува :)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 13 Јун 2011 15:29 #141353

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2797
  • Thank you received: 647
  • Карма: 26
bart wrote:
Колку често купувате дневни весници и списанија?
Јас лично дневни весници многу ретко купувам, обично ги читам на интернет, додека од списанијата најчесто го купувам 1Е.
Сега открив едно ново „Сенса“, едно од ретките што навистина ме воодушеви, затоа што има што да се прочита, а не само да се пролиста за пет минути. Дали и вие сте „налетале“ на некое интересно списание?

Makedonsko e spisanievo?

Vesnik vo hard copy obozavam da citam , samo sto i jas kako i ostanatite poveke gi citam na net :poimnemam:
A od nedelnite kojznae od koga ne sum kupila nisto , nekako site mi se isti , a i nema nesto kvalitetno za citanje , samo reklami :mdf:
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 13 Јун 2011 15:41 #141363

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Порано често купував дневни весници, најчесто Дневник. За сите дневни информации сега го користам порталот www.daily.mk. А денес го купувам само месечниот весник Мое Бебе.

Откако се има на интернет се преориентирав на купување книги:)




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 13 Јун 2011 15:49 #141368

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
delfin76
„Сенса“ е српско списание и прв пат го видов во Белград. Имав можност да разгледам неколку постари броеви и навистина се супер. Кај нас го видов во „СП маркет“ по цена од 90 денари, а верувам дека го има и по другите маркети и киосци.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Dolphin

Ре: Дневни весници и списанија 13 Јун 2011 19:56 #141411

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Како тинејџерка, во целиот тинејџерски период (до мојата 20-годишна возраст) го купував списанието "ТАА" (месечно списание за тинејџерки). Исто така, повремено земав "Тин-шема" и други слични на него. Извесен период купував "Моја романса". Од дневните и неделните весници најчесто ги купував весниците: "Дневник", "Време", "Шпиц", "Теа-модерна".
Сега многу ретко купувам весници и списанија. Ако ми е потребна определена информација од весник/списание, барам на интернет или во одделот периодика во градската библиотека.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 13 Јун 2011 19:56 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 28 Јул 2011 03:21 #146113

  • Sneze
  • Sneze's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 315
  • Thank you received: 52
  • Карма: 4
Дневни весници не купувам , ама затоа месечни два - Убавина и Здравје и Мое бебе .
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 28 Јул 2011 04:24 #146122

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Сега додека бев на одмор, покрај книгите за читање што ги носев со себе, купив и едно чудо списанија. Кога ќе застанете пред трафика ви личи дека има огромен избор, ама за жал, многу малку се навистина добри и интересни. Се` некои петпарачки- жута штампа. Добар впечаток ми остави „Убавина и здравје“- релативно интересно, квалитетна хартија...
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 18 Авг 2011 15:55 #148884

  • julija
  • julija's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 265
  • Thank you received: 65
  • Карма: 0
Koga stanuva zbor za spisanija prasajte sto ve interesira ,rabotam vo tobacco po cel den gi prelistuvam nisto ne mi bega a i na net dosta citam i mnogu raboti se prepisuvani od internet.Ubavina i zdravje e od podobrite ,tuka mozam da gi nabrojam i unik.spored mene najdobro potoa forbes itn.gi ima vo golem broj no od den na den stanuvaat posiromasni za citanje.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 28 Мар 2012 09:39 #191363

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
Леле оваа тема верувале или не ни е главна причина за кавга со мм....јас суму најмала рака МАНИЈАК за списанија. Почнувајќи од трачарски како Свет...па преку Убавина и здравје и Uniqe ...и сега разбирливо и беб магазин и моја беба и мое бебе,...на сите јазици а тоа едно те исто.
Спомнам ли ...абе да си купам едно весниче а?? ....и моментално на мм му се крева коса на глава :hahaha:
Што да правам...татко ми работеше на времето во нова мекаеоднија и од бебе што се вика бев затрупана со котелец, екран,наш свет,па и дневни весници секој ден...така да навиката не само што останал туку и се проширила :muahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 28 Мар 2012 10:32 #191378

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Јас не купувам дневни весници, читам на интернет. Свекрва ми купува Вест и многу се нервирам пошто попростачки „весник“ (во наводници, бидејќи има се‘ освен вести) немам сретнато, а и мислам дека не личи на жена од 73 години да листа весник со голотии и простотии. Уф, ми се згади сеа додека пишувам.

Според мене, најпримерен и неутрален дневен весник е Дневник. Во последно време и Нова Македонија е ОК, мада не сакам еднострано партиски определени медиуми.

Од жута штампа ништо не читам, не гледам што има и да се чита, може само IQто да ти опадне од такви простотилаци.

Од женскиве весници најмногу ми се допаѓа Космополитен и најчесто него го купувам.
Последна промена: 28 Мар 2012 10:33 by Helix.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 28 Мар 2012 17:45 #191436

  • Simona`s mom
  • Simona`s mom's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 184
  • Thank you received: 73
  • Карма: 3
Порано бев фанатик за дневни весници,секој ден обавезно,понекогаш и два -три(ова во студентските денови,за да не фатам да учам :laugh: )сега веќе не ми се замара со црнилата во нив..Вести углавном читам на порталите..
Неделници и месечници -да,углавном српски и хрватски,поретко и амерички, редизајнираната Теа исто ми е ок,и нетипично за женско ,читкам и машки магазини што ке ми дојдат до рака,и во нив има одлични колумни и статии..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дневни весници и списанија 20 Дек 2012 11:07 #226677

  • bica
  • bica's Avatar
  • Offline
  • new born
  • img src="http://lb4
  • Теми: 132
  • Thank you received: 14
  • Карма: 0
Весници читам на работа сите ги имам на располагање како утринска разонода, магазини не купувам ама знам од колешки да земам како допунска литература во купатило :hahaha:
Инаку купувам претежно книги и имам мала библиотека дома...
Мојот свет се врти околу двајца дечковци!!!
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.