Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Стручни совети од ортопедија II

Стручни совети од ортопедија II 27 Мар 2012 10:27 #191221

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Да му посакаме добредојде на
Д-р Антоније Хаџи Антоновски
специјалист ортопед


Од Амбуланта: Ортоплус
Специјалистичка ординација по ортопедија

Кој од денес одговара на вашите прашања од областа на Ортопедијата

Ортопед.мк
На линкот имате информации за личен контакт
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 27 Мар 2012 10:30 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 29 Мар 2012 03:24 #191481

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
anence wrote:
pretpostavuvam temeva funkcionira kako i ostanatite/
Ako e taka dobredojde za dr i sekoj so svojata maka pa i jas :)

Imame problem so X noze, t.e nepravilno odi kerka mi, nema ramni stopala ama gluzdivite i se navnatre, sega neznam kolku pravilno objasniv.
Bevme na ortoped, fizijatar, zemavme ortopedski obuvki, vloski, sedime sega vo turska pozicija iako prethodno sedese samo vo Tv pozicija, treba da vezba na prsti da odi i so nozete nanadvo da gazi.

Ima li resenie za ovoj problem i kolku ovie pomagala i vezbi ke pomognat?

Здраво Аненце,

Ти благодарам за прашањето. Ке се потрудам да дадам одговор, иако од голема важност е возраста на керка ти, бидејки околу 4-та година во развојот на децата е нормално да дојде и до такво искривување на колената, да при движење и трчање на детето може колената и да се допираат едно со друго. Вообичаено ова искривување да се исправи самостојно до возраст од седум до десет години. Сега се што треба да правите е да ги следите советите од ортопедот кој ве води и контролите да бидат малку позачестени на отприлика 6 месеци за да се спречи поголемо искривување. Искривувањето на стопалата најчесто е компезаторно поради искривувањето на колената. Исто многу е битно дали профилаксата со витаминот Д е правилно спроведена, да се исклучи рахитис од било каков тип, друго дали имате некој во фамилија со ист таков проблем. Најубаво е да напревите слика(фотографија) од вашата керка како стои со споени нозе и по неколку месеци да направите иста таква слика за споредба и да видите дали ке има подобрување.
Потешките случаеви обично се решаваат со носење на ортопедски помагала само во лоши прогредирачки случаеви каде што постои и болка е потрбно оперативно лекување

Многу поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 29 Мар 2012 09:57 #191604

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
Ana78 wrote:
Pocituvan doktore dobro ni dojdovte :guskanje: Eve i jas so prasanja, t.e. poveke bi pobarala nekoi prakticni soveti od vasa strana. Nie majkite sme maksimalno zbuneti zaradi neusoglasenite stavovi na ortopedite kako i zaradi faktot sto za prasanaja od oblasta na motorickiot razvoj na decata odime kaj ortopedi, a ne kaj fizijatri, za koi iskreno ne znam ni kade ima, ni koi se. Bi sakala dokolku imate vreme da ni gi iznesete vasite stavovi okolu koristenjeto/ nekoristenjeto na sirok povoj, potoa na dubaci i dzamperi, pa koga e vreme deteto da se podigne pod naslon od 45 stepeni, dali e vo red patkanje, sto ako deteto nejke da lazi, pa podocna kako treba da izgledaat detskite cevli (vo smisol tvrdi/meki, niski/visoki, so ili bez anatomska vloska i sl), dali smetate deka e vo red stavot deteto da bide sto poveke boso, i dali smetate deka e normalno deteto da proaga niz fazite prvo da ima "O" noze koi potoa se ispravaat i doagaat do formata "X" do kaj 3 godini i konecno se ispravaat do 7 god vozrast koga treba da bidat slobodno kazano "normalni,t.e. pravi" i uste me interesira dali se soglasuvate so stavot deka ramni stapala ne moze da se dijagnosticiraat pred 7 god i sekoe nosenje ortopedski tvrdi cevli po naracka za taa cel kaj 2 ili 3 god deca e von sekoja logika. Jas se raspisuvav malku poveke ama veruvajte kako majka sum tolku mnogu zbuneta od faktot sto stavovite na ortopedite vo nasata drzava po ovie prasanja se razlikuvaat kako crno i belo. Golem pozdrav!

Здраво Ана добровенајдов :) се надевам дека ке ви бидам од помош. Во врска со неусогласените ставови , знаеш како викаат колку доктори толку мислења. Затоа во светот постојат процедури за се ( медицина базирана на докази) кои ги одредуваат највисоките медицински терциерни (образовни) установи, ги формираат тие процедури и правила , докторите доколку не би сакале да експериментираат би требало да се држат до нив . Но секако имаме право и на некое свое гледиште што од новитети, што од искуство, па можам и јас да го кажам моето :) .
Прво да не заборавам да ја споменам колешката физијатар Д-р Јулијана Мудинова која работи на клиниката за Ортопедски Болести а во вторник и четврток е присутна во мајчин дом.
Во врска со моторниот развој кај децата ако ве интересира нешто посебно слободно прашајте
Во нашата држава сепак тоа го пратат и ортопедите и физијатрите .
Користењето односно не користењето на широк повој - за тоа каков треба да биде повојот мора да каже ортопедот кој ке го прегледа детето , затоа што одговорноста тоа дете да има правилен развој е негова. Многу е битно мајките и татковците да не го прават следново : на комшијата му рекоа не треба широко повивање нема ни јас да го повивам , а не биле на преглед, е тоа е лошо !
Светот / односно земјите со англиско говорно подрачје не користат класично широко повивање користат само пелена, а покрај мануелниот преглед при раѓањето контролните ехо прегледи се на 4 недели старост , па наредниот на 9 месеци и потоа кога дететето ќе оди самотојно /стабилно. Но стапката на луксирани колкови на пример во САД е 0,05% а за разлика од тоа во Македонија и околните балкански држави 0,6% тоа е многу голема бројка па затоа е и ризикот кај нашите ортопеди за грешка поголем и затоа е толку извикан тој широк повој за да се избегнат грешките и да се осигураме дека нашите деца ке имаат здрави колкови.
Затоа кај нас контролните ехо прегледи се прават почесто додека не се видат осификациони јадра а потоа на се прават на секои 3 месеци до 9 месеци кога завршуваат ехо прегледите .
На оваа тема има уште многу да се зборува, ке напишам уште некој текст каде подетално ке ви ја објаснам проблематиката.
Дубаци големо НЕ , тоа не е помагало детето да научи да оди, евентуално статичен дубак да може тој што го чува детето да претрча до wc и толку , а не тоа да му биде саат време занимација. Јас лично предпочитам детето да се остава во оградици или обезбедени простори сигурни за дете каде што не може да се повреди ниту да излезе.
Во врска со паткањето јас сум против затоа што мислам дека детето само треба да почне да се развива и да истражува никој не ги носи децата во школо за да научат да одат. Од тоа што родителите сакаат нивното дете што побрзо да прооди забораваат дека го пропуштиле делот со лазењето кој е многу битен за формирање на мускулатурата за понатамошно стабилно одење. Детето треба само да се движи со тоа ке научи и да паѓа без да се повреди и плус родителите нема да ги боли рбетот од паткање наведнати.
Седење , да се прашувам јас никој пат не би седнал дете во 90 степени , секој пат би го оставил наслонот на 45. На син ми така му го имав наместено наслонот во 45 степени, а тој цело време напнуваше да се исправи и дојде моментот кога наслонот веке не беше важен тој седеше стабилно во 90 степени без да се држи нигде затоа што цело време ја вежбаше мускулатурата .
Обувки , мислам дека нема веќе лоши обувки на пазарот , но сепак за почеток тие не смеат никако да бидат крути и тврди , поготово дете што проодува треба да се чуствува слободно . Тоа секако важи за сите годишни времиња и за чизмички и за патики и за сандали исклучок може да бидат чизми за длабок снег кои не се толку битни оти се носат само на снег , а тука нема некое баш нормално движење и тоа не трае долго и секој ден :) . Перниче внатре дискутабилно јас би рекол да го нема или ако го има да биде многу меко ( се разбира зборуваме за дете во развој првите 3 до 4 години кога се формира одот и стопалата.
Босо на плажа на ситни каменчиња не на карпи па да се повреди :) , дома на сите ни е рамен подот така да е пожелно во најмала рака некои чорапциња со гума затоа што е многу битно да не се лизга и да прави шпаги по дома :) .
Х и О деформитети на нозете доколку ги има, а не мора да бидат кај секое дете и доколку не се екстремно изразени, се баш како што напиша ти , како што е нормално околу две години да бида во варус односно како буквата О , потоа од 3-4 да бидат нормални за потоа да отидат во валгус односно Х буквата дури до толку да кога се движат да им се допираат коленцата и пак околу 7-10 години да се вратат во нормала без никаков третман . Но се разбира овие деца мора да бидат под надзор на стручно лице кое ке ги прати деформитетите.
Се согласувам и за рамните стопала само сепак треба и да се видат на 4 год за да не се пропусти нешто .
Поопширно прашање поопширен одговор :) се надевам си задоволна од одговорот . Ако треба уште нешто слободно прашај. Ние сме тука за вас .
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 31 Мар 2012 04:07 #191937

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
anence wrote:
Blagodaram na brziot odgovor, imame 2 godini i 4 meseci, vo semejstvo nemame vakov problem istoto me prasuvaa i ortopedite, Vigantol primavme do 1, 5 posle toa ortoped koj sega ne sakam da go imenuvam iako veke sum go napravila toa, ni reca da zemame multivitaminski sirup, piese Pikovit, sega ni preporacaa Kids omega , pieme po 1 dnevno,dali treba da gi pie i vo letniot period ili togas da gi skratime?
I ortopedskite obuvki treba da se nosat postojano, bidejki sega e doma i gi nosti po cel den , ili treba po nekolku casa?
blagodaram

Незнам кои точно ортопедски помагала ги носи , но сигурно се соодветни, а верувам и дека ортопедот ви рекол да ги носи по цел ден, само за спиење да ги вади (ако се обувки). Постојат и помагала и за колената но зависи од кој степен е деформитетот. Поголем број од деформитетите може да се корегираат или да се влошат доколку не се носат помагала во времето кога има интензивен раст.
Битни информации се колку е тешко и високо детето дали соодвејствува со возраста? Ако е рахитис да се испита од кој тип е и веднаш да се почне со терапија.
Промените доколку се од рахитис треба да внимавате на нив па дури доколку и сега се корегирааат може повторно да се манифестираат за време на пубертетот затоа што тогаш повторно има интензивен раст.
Затоа е битно сите мајки да знаат дека сонцето многу битен фактор за правилен развој на децата. Мора да се прекине со тоа кога е ладно да се држат децата дома за да не се разболат.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 31 Мар 2012 04:51 #191942

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
Sunset wrote:
Dobredojdovte na forumot,doktore
Bi Ve zamolila ako moze nesto da mi pomognete,imeno veke 3-4 dena imam golemi bolki vo desnata noga,tabanot gore kaj prstite mi e otecen a i prstot do palecot isto taka,me boli koga gazam,nemam kurje oko nitu sum go sinala prstot za da mi otece,edinstveno od obuvkite ako e ama nosam cizmi veke razgazeni koi ne me stegaat,ne mozam vo patiki na rabota da odam.Bi Ve zamolila ako moze sovet sto mozam sama da prezemam,znaci nekoj mast,krem,da probam so toa pa ako nema podobruvanje da odam na lekar.Ortopedot kaj nas ne sakam da go komentiram,ke moram da odam vo Skopje.
Uste edno prasanje ako moze,kerka mi sega vo april ke napolni dve godini,inaku e prgavo dete koe proodi na godina,bez dubaci,patkanja i sl.znaci sama krevanje,lazenje,prooduvanje.Po cel den e vo dvizenje,ama primetiv deka cesto koga odi pobrzo ili trca ja vrti desnata noga navnatre,ili gazi so vnatresniot del na tabancinjata koga e po corapcinja.Nema ramni stapala,ne gi pravi nozete vo x ,samo prstite na desnata noga gi tera navnatre.Dali da ja nosam na ortoped vednas ili da pocekam nekoe vreme samo po sebe da se koregira,inaku redovno davam d3,nema noseno sirok povoj,jadra imase formirano na tri meseci,se bese vo red vo dosegasniot razvoj.
Doktore se nadevam deka ke svatite sto sakav da prasam i ke mozete da mi pomognete.Vi blagodaram odnapred i pozdrav.

Здраво Sunset,

Site obuvski posle nekoe vreme na mestata kaj sto teloto se potpira najmnogu toa e vo predelot na petata , pernicinjata pred prstite i palecot gi gubat svoite svojstva na mekost ili voopsto gi nemale od pocetok ako se neudobni. Zatoa dokolku se pojavatat vakvi bolki vasiot ortoped treba da vi preporaca specijalni vloski za rasteretuvanje na tie mesta i so toa bolkata ke ja snema .
Sto se ondesuva za kerkati, za sigurno bi trebalo da vidam za da mozam da kazam dali e vo red. Najverojatno se raboti za seuste slaba koordinacija na muskulite koja ke se sredi so razvojot, cim iskrivuvaweto e izrazeno samo pri trcanje. Ako ja nemas odneseno do sega na ortoped od koga proodila stabilno, obavezno treba da ja napravite taa kontrola.

Mnogu pozdrav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 31 Мар 2012 15:57 #191984

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
jasmina 25 wrote:
pocituvan doktore
sin mi ima 1 i 4 meseci seuste mu davam sekoja den kapki d3 po 5...dali seuste treba da mu davam ili treba da gi namalam ili prekina...blagodaram...poz

Zdravo Jasmina,

Slobodno prodolzi da davas po 5 kapki D3 vitamin i nemoj da zaboravas da go smenuvas sisenceto na 3 nedeli , davaj do krajot na Maj i sekako vadete gi decata nadvor nema nisto pobitno od toa, ako izleguvas mnogu cesto na sonce mozes da gi namalis na tri. Se razbira ova vazi ako pri poslednata kontrola od koga proodel, ortopedot ti rekol deka se e vo red .
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 05 Апр 2012 18:10 #192865

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
eli77 wrote:
почитуван докторе,навистина пријатно се изненадив кога видов дека имаме и ортопед на форумов кој ке ни одговори на нашите прашања.имам 6 годишна керка кај која околу нова година напипав некаков израсток на надлактицата.веднас отидов на детска клиника,сликавме на ртг и се виде како клуновиден израсток,без дептрукција на околната коска.докторот ми рече дека тоа е остеохондром но за секоја сигурност да направиме компјутерска томографија.јас многу истражував во врска со тоа(нормално-керка ми е во прашање),на интернет,прашував познати на рентген и ми кажаа дека ct на толку мали деца не правеле и дека зрачењето е многу големо.јас не ја снимав на компјутер сеуште и би ве прашала дали остеохондромот секогаш се потврдува со компјутерска т5омографија или може да го следиме со ртг снимка на 6 месеци,на операција не ни помислувам.однапред ви благодарам

Здраво Ели,
Рендгенолошките знаци се многу сигурни и лесно воочливи кога се работи за остеохондром, поготово кога ке се поклопат но нивна најчеста локалицација и безболност , тогаш може докторот лесно да каже за што се работи. Рскавичниот бенигнен тумор - Остеохондром многу убаво може да се прикаже со магнетна резонанца, проблем е што испитувањето трае малку подолго и дететто треба да не мрда за тоа време , ако тоа не е возможно се успива детето на кратко и така се снима. Магнетната резонанца многу убаво ке ја покаже рскавичната капа на овој тумор и ке може убаво да се измери. Компјутерот поготово тој на клиника е прилочно стар има посовремени компјутери кои имаат малку помало зрачење ама мислам дека во овој случај ке завршите работа и со магнет. За туморот сигурен сум дека се си прочитала така да нема за што да се секираш.
Се оперира само доколку смета естетски или притиска на некој нерв мускул или тетива.
Многу е битно и да се измери уште еднаш рскавичната капа на туморот кога керкати ке порасне, односно ке престане со раст обично по завршување на пубертетот.
Многу поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 05 Апр 2012 18:24 #192867

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
bajaderce wrote:
Dobar den , imam edno prasanje, moeto bebence ima 2 meseci i 5 dena i vcera bevme na kontrola vo majcin dom ( prva kontrola) i ni kazaa deka levoto kolkce ne i e ubavo razvieno, i deka treba da nosime edni korektivni gakicki, so toa sto imase mnogu guzva i nabrzina ne isteraa od ordinacija bez da ni objasnat kolku vreme treba da se nosat dali nad sirok povoj dali bez sirok povoj , citam deka nekoj majki ima davaat na decata d3 po 5 kapki , nas ni rekoa po 2 i seuste pieme po 2, dali treba da ja zgolemam dozata, i dali e seriozno ? znaci prasanjeto mi e kolku vreme treba da se nosat gakickite i kako , i koga treba da se odnese bebco na kontrola.....blagodaram odnapred

Здраво Бајадерче,

Кога ви рекле 2 капки ва витаминот Д сигурно мислеле на капките Вигантол, а ако даваш Д3 на плива тогаш 5 капки и не заборавај да го смениш шишенцето на 3 недели без разлика дали се потрошило. Во врска со помагалото што ти го препишале без широк повој, самото помагало ја има истата функција. Ако е само несозреано не е страшно , помагалото ке го носите до наредната контрола како што ви кажал ортопедот, сигурно ви пишува во наодот.

Поздрав
Последна промена: 05 Апр 2012 18:27 by Д-р Хаџи Антоновски.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 14 Апр 2012 10:30 #194559

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
Big Sister wrote:
Здраво д-р Антоновски
Направив РТГ снимка на двете колена (имам страшни болки, особено во десното колено при подолго движење и стоење) и во извештајот стои - видливи гонартрозни промени во двете колена.
Ме интересира вашиот коментар за дијагнозата и мислење што да преземам понатаму?

Здраво Big Sister,

Треба да се види од која причина настанала гонартрозата на твоите колена, која преставува дегенеративен процес на нарушување на рскавицата на зглобот. Главен фактор за појава на гонартроза е прекумерната тежина но исто мозе да биде и од друга природа, деформитети, реума и др. Во секој случај треба сликите да ги види некој и секако да те прегледа.
Постојат многу добри препарати кој ја подобруваат состојбата на рскавицата. Дел се пијат на уста, дел се аплицираат дирекно во зглобот. Во сите случаи треба да делуваш што побрзо затоа што тоа е процес кој бргу прогредира. Сега треба да мируваш, додека не се смират симптомите, да примаш некоја аналгетска терапија но со поизразено против воспалително дејство за да се намали воспалението кое е настанато во зглобот. Кога мируваш обавезно едно мало пениче да ставиш под коленото така да тоа да биде малку свиткано затоа што само во таа позиција се одмара. Спортови дозолени се само не импактни: Пливање евентуално подоцна возење велосипед и се разбира откога ке се смират болките може да направиш и физикална терапија.

Многу поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 08 Мај 2012 08:59 #198060

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Од денес имаме посебен попуст за сите редовни членови на нашиот сајт во ординацијата ОРТО ПЛУС. (види банер) :)

За контакт можете преку ПП да се договорите со д-р Д-р Антоније Хаџи Антоновски
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 08 Мај 2012 08:59 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Pe: Стручни совети од ортопедија II 09 Мај 2012 09:24 #198279

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
DanceDance wrote:
Zdravo!Nova sum vo forumot i sakam da prasam nesto.Imam bolki vo opasnata koska veke edna godina,a ponekogas i kicmata (ne se takvi za da pijam apcinja za bolka).Ja snimav koskata i kicmata i nisto osven slabo drzenje.Bev na lekar vo Veles i mi go snimi debeloto crevo so mala sonda od 11 cm i mi rece vnatresni hemeroidi i mi stavi inekcija vo eden povospalen hemeroid.Najverojatno nemam cista zosto ne mi kaza doktorot za vreme na pregledot a i vaka koga se gledam nema nisto od nadvor.Bolkata e tapa no poglema koga sednuvam,koga se navaluvam nanazad (koga tezinata se prefrla na opaskata) i koga lezam na grb osekam kako nekoj pritisok dolu.Imam redovna stolica,nemam krv posle odenje vo wc,no me maci toa sto trae veke edna godina.Sto moze da bide,ve molam za pomos.Fala


Здраво Данче

Болката во тој предел може да биде од различна природа , гинеколошка , абдоминална и се разбира мускулоскелетна ( ортопедска ) .
Прво треба да размислите дали некогаш сте паднале на задникот директно силно да ве здоболи дури без воздух да останете, второ дали симптомите се само тука локално околу тртната коска или мигриираат кон нозете и дали работата ви е врзана со седење.
Доколку се работи за повреда треба убаво да се погледнат сликите и да се одлучи со каква терапија треба да се даде. Доколку е причинета болката од предолго седење, треба да се користи специјално перниче таканаречено Ѓеврече со кое се растересува тртната колка и целиот притисок од тежината на трупот се пренесува на остатокот од задникот ( периферијата) .
Ти советувам да посетиш и гинеколог и ортопед за да го најдеш изворот на блката.
Многу поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 09 Мај 2012 10:31 #198298

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
Хава wrote:
Здраво Докторе,
Вашето мислење за широкиот повој,дали го препорачувате и зошто?Моето бебенце има две недели и многу се мислам дали да почнам со широк повој.

Здраво Хава

Зависи од тоа кај сте породени односно дали детето е прегледано од ортопед при самиот порагај, ако не тогаш е убаво додека не се јавите на ортопедски преглед да носите широк повој како еден вид превентива, а понатака ортопедот кај што ке одите ке одлучи дали треба или не треба да носите понатаму.

Поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Pe: Стручни совети од ортопедија II 10 Мај 2012 10:05 #198582

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
DanceDance wrote:
Болката во тој предел може да биде од различна природа , гинеколошка , абдоминална и се разбира мускулоскелетна ( ортопедска ) .
Malu se zamisliv za toa deka moze da bide abdominalna bolka.Na sto potocno mislite?Sto da proveram.Mnogu sum panicar

Извини моја грешка, Абдоминална т.е. стомачна во твојот сличај цревата односно хемороидидте за кои веке си била на лекар, хемороидите представуваат попуштени вени кои кога ке се приклештат многу болат, но иако не сум абдоминалец не знам хемороиди кои болат 9 месеци , се разбира доколку сте преземале се за нивно лекување: терапија , редовна тоалета, краткотрајно седење во њц и течна исхрана. Се надевам дека ви помогнав.
Многу поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Pe: Стручни совети од ортопедија II 21 Мај 2012 07:18 #199614

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
Annabel Lee wrote:
Почитуван докторе,

После првата бременост, па до денес имам повремени болки во половината. Посебно ми е тешко кога спијам да се свртам или да станам од кревет. Не се неиздржливи, но не се ни пријатни. Јас ги поврзувам овие болки со двете бремености и со држењето на децата во раце.

Дали ваквите проблеми поминуваат сами од себе, дали би ми помогнал космодиск или ми е потребна терапија?

Здраво Annabel Lee

Секако дека држењето на децата во рацете и те како го оптеретува рбетот , добро е што болките ти се подносливи и повремени. Тоа значи дека не се настанати некои посериозни проблеми . За алтернативни помагала не би да коментирам треба да пробате има луге што се фалат, а плус мислам дека беше ако не сте задоволни ви ги вракаат парите . Јас што би ви советувал малку да ја ојачате грбната мускулатура тоа би требало да ви ги реши сите проблеми . Или некои вежби за кичма по дома или запишете се на јога топло ви препорачувам. Се разбира доколку и понатаму имате проблеми треба да се конслутирате со вашиот ортопед за да се направат потребните иследувања.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 21 Мај 2012 07:28 #199616

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
Aanastasija wrote:
Почитуван докторе,
ќе ве молам за совет. Имам 8 месечно бебе кај кое едната нога му е пократка за 5 мм. Разликата ја приметив во третиот месец, меѓутоа до денес не се преземени никакви мерки, односно докторот од Мајчи дом, вика дека таа разлика не е деформитет и не е потребна корек ција. Ме интересира дали и вие се сложуваате со оваа констатација и што мислите вие во врска со тоа. Мерењата се направени провизорно со обично шнајдерско метро.
Ве молам за совет

Здраво Aanastasija

Навистина нема потреба да се малтретираш со тој податок, но тоа е толку често што кога би земале сите мајки да мерат 80 посто би нашле разлика, Кај возрасно дете дури и разлики до 2 цм не се корегираат сем ако не прави некои други деформитети со рбетот, Само треба да се следи состојбата, кога ке одите кај вашиот ортопед потсетете го за да провери дали се корегирала состојбата и до каде е . Мерењата така и се прават со најобично метро со одредена методологија.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Pe: Стручни совети од ортопедија II 28 Мај 2012 04:36 #200856

  • DanceDance
  • DanceDance's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 24
  • Thank you received: 3
Zdravo Doktore
Bev na ortoped vo Negotino,ovde doaga eden ortoped od Veles(Kire Markovski),mi rece deka imam malo iskrivuvanje na opaskata,dijagnoza cocidimia ili nesto taka(momentalno ne se sekavam tocno)pa mi rece da probam so fizikalna terapija,ako ne mi pomogne imalo nekoi inekcii koi se stavale direktno tamu mislam kade sto boli(na opaskata).Mi rece deka ne e debelo crevo zosto toj me cepkase na koskata i mi rece deka ako e crevoto toj nema da ja custvuva koskata (ili prslenite :jok: ili sto ima tamu).Inaku na ginekolog redovno odam i se e vo red.Dali moze nesto poveke da mi kazete za toa.Blagodaram za sovetot da odam na ortoped,malku mi olesna na dusata :) Pozdrav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 29 Мај 2012 13:04 #201127

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
Нена wrote:
Почитуван докторе,
Поради болки во долниот дел од рбетот ,печење и болка во бедрените коски од задна страна и повремено во препоните ја снимив кичмата и карлицата.
На извештајот пишува
Декстроконвексна девијација на Л рбетот со асиметрија на IV просторите и спондилозни промени во дистален дел.Особено редуциран iv простор L4-L5 со склероза на завршните плочи на пршленските тела во прилог на дископатија.
Латерални остеофити на двата коксофеморални зглоба.

Дали болката и печењето во бедрените коски и препоните е поврзано со наодот ?
Кој е третманот за ваков наод?
Ве молам за совет и благодарам

Здраво Нена,

Проблемите кои ги имаш единствено имаат врска со следниот наод : Латерални остеофити на двата коксофеморални зглоба. Сигурно се работи за артроза на колкот, болката која ја кажуваш може да ја чувствуваш во предел на препоните , надворешна бутна страна и болката може да мигрира и кон коленото и да дава лажна слика, Обавезно консултирај се со твојот ортопед за да примиш соодветна терапија( за терапија сепак мора да се изврши преглед и да се погледне сликата), а откако ке се смират болките, може и физикална терапија .

Многу поздрав
Последна промена: 29 Мај 2012 13:05 by Д-р Хаџи Антоновски.
The administrator has disabled public write access.

Ре: ​Р​​е: ​С​​т​​р​​у​​ч​​н​​и ​с​​о​​в​​е​​т​​и од ортопедија II 29 Мај 2012 13:09 #201128

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
trajce93 wrote:
zdrav imam rahitis i imam 18god procitav na nekoj strani koja e pricinata za pojavuvanje na rahitis jas ja imam taa bolest imam iskruvuvanje na nozete vo forma na X Dali e mozno na 18 godini da leci i sto e potrebno da se napravi za da se izleci ?

Здраво Трајче,

Рахитисот и да си го имал сега е завршен, последиците кои ги имаш од него во твојот случај Х нозе може да се корегира само оперативно со корективни остеотомии , но тоа би ти го советувал само доколку е многу изразено, и имаш проблеми ( болки од истите )
The administrator has disabled public write access.

Ре: ​Р​​е: ​С​​т​​р​​у​​ч​​н​​и ​с​​о​​в​​е​​т​​и од ортопедија II 24 Јун 2012 05:34 #205091

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
anence wrote:
Zdravo Dr, pisuvav prethodno deka kerka mi ima 2,5 godini i deka imame X noze, nosi ortopedski vloski i konduri ama eve oposle 5 meseci ne gledame nikakov napredok, panika ne faka doma nesakam da i opstanat vaka nodzinjata, sto da se prevzeme plus, kolku dnevno treba da se pravat vezbi?, ja teram da odi so nadvoresen svod na stopla i na prsti ama mala e i ne saka da sorabotuva mnogu, ima sansii da se isparavat nodzinjava?

Здраво Аненце,
Како што предтходно ти напишав треба да си поупорна со работата, таа возраст кај децата е тешка за соработка поради негативизмот кој постои кај нив , пробајте низ игра да ги правите вежбите. Сем вежбите и помагалата друг конзервативен начин на лекување не постои. Би требало со растењето до кај 8 години сето ова многу да се корегира. Верувајте ова не е проблем кој треба да ве измачува, само пратете го со вашиот ортопед и ке има напредок.
Многу поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: ​Р​​е: ​С​​т​​р​​у​​ч​​н​​и ​с​​о​​в​​е​​т​​и од ортопедија II 24 Јун 2012 05:45 #205094

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
bejbibum wrote:
Zdravo D-re,
Moeto dete ima 15 meseci i pred izvesno vreme i se javi otok na klucniot zglob dole na stapalceto i pocna da potkrivnuva ( krivenjeto se sostoi vo gazenje na peta na strana i krevanje na prednite prstinja nagore, si go stedi nozete pri odenje ). Veke eden mesec sostojbata e skoro nepromeneta otokot ne e tolku golem namalen e no postoi a nema nikakvi promeni vo odnos na nego, crvenilo ili nesto drugo i ne ja boli pri dopir .
Ja nosevme kaj nekolku Vasi kolegi, ja snimaa na rengen slikata e uredna nema nisto, pravevme krvna slika so CRP i taa e odlicna stavame borova voda na otokot no nema promena, i mnogu me zagrizuva krivenjeto bidejki trae skoro mesec.Ni rekoa deka e mozebi virusna infekcija na disnite patista , koja predizvikuvala vospalenie na kolkot i zatoa krivi i deka samo od sebe ke pomine, a za otokot deka im bil malku cuden i da go sledime.Ve molam za sovet navistina stanuvam mnogu zagrizena i neznam veke kade da se obratam

Здраво ,

За стопалото може да се работи за лошо нагазнување, чим ЦРП е мирно нема некоја поголема промена , а во врска со воспаление на колкот тоа лесно се проверува со ехосоногравски преглед . Сепак прегледот е од витално значење за понатамошни испитувања, дали треба да се направи нешто плус од други дијагностички испитувања.

Многу поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: ​Р​​е: ​С​​т​​р​​у​​ч​​н​​и ​с​​о​​в​​е​​т​​и од ортопедија II 30 Јул 2012 16:42 #209019

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
anence wrote:
Dr, kazete mi kade osven vo Slavej moze da se napravat ortopedski vloski so naznaceno supinaciono pernice i valcesta peta, i kakva e ovaa valcesta peta?
Ja nosevme malata na kontrola i seuste imame valgus, kondurcinjata od slavej ne davaat nekoj rezultata, vloskite isto taka, dr ni rece mora uporno da se vezba, da sedi turski, da odi so nadvoresen svod na stopalo, i ni spomena duri i9 proteza, koja iskreno koga ja vidov na internet dusata mi se strese od strav, iskreno se nadevam deka ke uspeeme da si go sredime deteto so nodzinjata, dali preporacuvate i nekoj sport ili seuste e mala? ima 2,5 godini, dali na fizijatar mozebi moze da se pravat vezbi, bidejki dr ni rece odot so nadvopresen svod da go praktikuva postojano, ama duri i ja sprobav navistina e nevozmozno vopzrasen da odi taka cel den , a ne dete od 3 godini.

Здраво Аненце

Сем во славеј барем јас незнам дека некој друг изработува кај нас по мерка влошки, ми спомнаа дека и ОСкар правел некакви влошки ама не знам што точно прави.
Што се однесува до деформитетот тие се вежбите , спорт не се уште е малечка, физијатар искусен кој работи со деца може да ти казе некаков практичен совет за вежбите. Јасно ми е дека е напорно но мора да бидете упорни и да не очекувате резултати преку нок.

Многу поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 30 Јул 2012 16:48 #209022

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
orhideja wrote:
Pocituvan doktore,
samo edno kratko prasanje. Moeto since ima 2.5 godini i nekolku pati sum mu slusnala kako mu krckaat koskit. Retko e ama me iznenaduva. Dali e normalno? Inaku pie dobro mleko, jade mlecni proizvodi, malku so riba sme poslabi, ama kolku mozam se trudam, ribino maslo primase redovno, na sonce umereno e izlozen. Dali imam pricina za zagrizenost?
Blagodaram

Здраво Орхидеја,

Воопшто нека не те загришува затоа што кај некои луге се пошумни зглобовите кај некои потивки , провери и сама кај себе врти го зглобот на шаката или стопалото ке слушнес пуцкетање. скоро и да нема бешумни зглобови.
Но сепак доколку има некаква болка или ограничување на движење тогаш мора да консултирате ортопед.

Многу поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 23 Сеп 2012 03:01 #214327

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
Mirka wrote:
Zdravo Doktorke , sakav da prasam do koja vozrast treba stapalata da se vdlabnat da ne bidat ramni, nie vo septemvri ke polnime 3 godini i imame ramni stapala, sto treba da prevzememe i dali e vreme?

Здраво Мирка,

Прости што каснам со одговорот но не бев присутен во државава. Во врска со рамните стопала, стопалото се формира до кај шестата година но сепак при редовните ортопедски прегледи се забележуваат остапки од нормалното развивање на стопалото. Ако детето има три години треба состојбата на стопалата да биде прегледана од стручно лице, сем вежби нема што друго да превземете за рамните стопала, влошките се ординираат само доколку детето се жали на болки во нозете за да се смират симптомите но влошките не го корегираат проблемот.

Многу поздрав
Последна промена: 23 Сеп 2012 03:02 by Д-р Хаџи Антоновски.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Pe: Стручни совети од ортопедија II 23 Сеп 2012 03:18 #214328

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
anence wrote:
Kazete mi vo faza na prooduvanje koj e najdobar izbor na obuvki?
Dali treba da se Ciciban, da bidat visoki, da bide opfaten cvrsto gluzdot ili?
Znaete deka so golemata imame problem so valgus pa zatoa sega , neznaeme koj e najdobar izbor, ona proode bosa i konduri so visok gluzd ne nosela .
Sega za malovo sme vo nedoumica i se plasime da ne napravime greska

Здраво Аненце,

Сега на пазарот има толку многу обувки така да апсолутно не мора јас да ви препорачам бренд, и скоро од сите фирми има добри обувки. Додека детето проодува апсолутно треба обувката да е мека и свитлива за да може стопалото да се развива правилно, за да може да се запазат сите фази од проодувањето како што е одот на прсти кој е многу битен за детето да нема рамно стопало во иднина. Во врска со цврсто опфатен глужд тука мислењето е поделено, моето мислење е дека стегањето на глуждот нема да обезбеди здраво стопало, само активната здрава мускулатура може да го држи стопалото во добра состојба а таа не може да биде развиена доколку стопалото е фиксирано во една позиција.
Сем вродените проблеми со стопалата, најчеста грешка која родителите ја прават е во желбата да што побрзо им прооди детето го вертикализираат пребрзо ( го паткаат и користење на дубак) мусулатурата на стопалата тогаш не е спремна да ја издржи тежината на детето и тогаш најчесто доага до искривување на стопалата.

Многу поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од ортопедија II 23 Сеп 2012 03:32 #214329

  • Д-р Хаџи Антоновски
  • Д-р Хаџи Антоновски's Avatar
Majsi wrote:
Pozz doktore :)
Bi mi znacelo i bi sakala da slusnam i vase mislenje za eden rezultat. Imeno se raboti za zena od 69god koja sto odamna se zali na bolki vo petite (na snimki pokazano deka ima silci i osteoporoza) i od pred dve nedeli na bolka vo ednoto koleno.
Edvaj ja vitka nogata, edvaj odi, a od deneska pocna i drugoto koleno da ja podbolnuva. Se snimase deneska na rengen i ova e rezultatot:

Naod na RD8: Degenerativni promeni na skeletot na obete kolena so zasileni eminencii interkondilika desno.
Redukcija na tibiofemoralnite zglobovi od medijalen aspekt bill.
Desno periartikularno se pratat poveke sitni kalcifikati vo mekite tkiva od koi nekoi se vidlivi i na profilnata grafija infrapatelarno.
Kalcifikati vo mekite tkiva i na levoto koleno.

Dadena e slednata terapija vo traenje od dve nedeli:
Movalis 15mg 2x1/2
Redergin 4,5 1x1
B-Kompleks 3x1
Diasepam 2mg ednas navecer

Posle terapijata narednite dve nedeli na fizikalna terapija. I za mesec dena na kontrola. Dokolku nema podobruvanje ke treba operativen zafat.

Ve molam za sovet i mislenje....blagodaram.

Здраво Мајси,

Во врска со проблемот на петата тој е изолиран и нема врска со останатите проблеми, се решава со лесна аналгетска терапија и носење на петична специјална влошка и симптомите исчезнуваат за неколку дена.
Во врска со колената тоа е стареење на зглобовите, Терапијата која и е ординирана е само симптоматска(само да ги смири болките) денес постојат многу повеке терапии кои ја подобруваат состојбата на коленото и го одложуваат оперативниот третман. Физикална терапија не би препорачал доколку пацинтката се уште има болки, прво мора да се смири воспалението во коленото па потоа физикална терапија. Само да знаете доколку ви препорачаат да прима кортико инекции дирекно во коленото да знаете дека после нив мора никако да не се оптеретува коленото односно апсолутно мирување, затоа што кортикото многу ја омекнува рскавицата и го обезболува коленото и тогаш пацинтите почнуваат да се движат и за месец дена состојбата е и полоша него што била предходно затоа што се потрошила цела рскавица.

Многу поздрав
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.