Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Стручни совети од областа на психологијата

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 11 Сеп 2013 06:54 #243815

  • lidija.b
  • lidija.b's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
  • Карма: 0
Blagodaram Vesna na odgovorot, ke go upotrebam vasiot sovet, a isto sakam da prasam loso raspolozenie kaj drugi luge dali vlijae na bebeto?
Blagodaram i pozdrav.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 13 Сеп 2013 11:42 #243857

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
  • Карма: 84
Losata atmosfera vo domot, decata vaka ili taka ja cuvstvuvaat, mozebi ne direktno, no preku vas moze indirektno. Ako vie se voznemiruvate poradi loso raspolozenie na nekoj okolu vas, toa sekako vlijae na vaseto raspolozenie, a preku vas i na vaseto dete.
Pozdrav
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 13 Сеп 2013 12:29 #243859

  • 1234
  • 1234's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
zdravo Vesna jas sum vasa pomlada koleska pred edna godina diplomirav na psihologija pred nekolku meseci se vrabotiv vo osnovno uciliste i sekako sum bez nekoe golemo iskustvo, gi citam Vasite soveti i nauciv mnogu raboti. bi sakala da ve prasam dali imate nekoj merni instrumenti testovi prasalnici i sl sto mozam da gi koristam vo rabotata so deca vo osnovno obrazovanie ili kade mozam da gi dobijam. bi sakala da kontaktiram so moi poiskusni koleski kako sto ste Vie. Vi blagodaram odnapred se nadevam deka ke mi odgovorite. Vi prakam topli pozdravi!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 14 Сеп 2013 14:43 #243896

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
  • Карма: 84
1234 wrote:
zdravo Vesna jas sum vasa pomlada koleska pred edna godina diplomirav na psihologija pred nekolku meseci se vrabotiv vo osnovno uciliste i sekako sum bez nekoe golemo iskustvo, gi citam Vasite soveti i nauciv mnogu raboti. bi sakala da ve prasam dali imate nekoj merni instrumenti testovi prasalnici i sl sto mozam da gi koristam vo rabotata so deca vo osnovno obrazovanie ili kade mozam da gi dobijam. bi sakala da kontaktiram so moi poiskusni koleski kako sto ste Vie. Vi blagodaram odnapred se nadevam deka ke mi odgovorite. Vi prakam topli pozdravi!
Zdravo
Za deca od osnovno skolo crtezot e osnovno sredstvo za rabota (crtez na covek, crtez na semejstvo, crtez na kukja i drvo itn.)Za ovie proektivni tehniki ima posebni priracnini a najmnogu e potrebno iskustvo za rabota so niv. So shkolski deca e interesno da se primeni sociometriskata postapka, dobra e za kohezija na grupata, sigurno ste ja praktikuvale i na fakultet. Testovi i prasalnici za zal kaj nas nema kade da se kupat, jas kupuvav od Belgrad vo sojuzot na psiholozi na Srbija, so prethodna najava, diploma i uverenie za diplomiranje (tie se uslovite), vo sustina testovite ne se mnogu skapi, najskapiot test e testot za inteligencija (revisk), bese okolu 100 evra pred 5 godini. Imam sretnato malku testovi za deca od shkolska vozrast, da bidam iskrena rabotata so deca ne e moj domen na interes, nasocena sum na vozrasna populacija nad 18 godini i rabotam dijagnostika samo so polnoletni. Ako ne si zapisala nekoj pravec vo psihoterapija, bi bilo dobro da pocnes, ima razlicni modaliteti - psihodrama, gestalt, kognitivno-bihejvioralna i dr. Kako i da e psihoterapijata e najsilnata alatka na psihologot i moe mislenje e deka mora sekoj psiholog da ja pomine sopstvenata "odiseja" so cel da moze da pomaga na drugi.
Dokolku ti treba nesto slobodno prasaj.
Pozdrav i do tebe
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 15 Сеп 2013 15:37 #243914

  • Macence
  • Macence's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 192
  • Thank you received: 94
  • Карма: 12
Zdravo Vesna
Sakam da ve prasam za sovet vo vrska so moeto since. Ima 2 godini i od pred desetina dena e strasno voznemiren, za se place, se treska od zemja. Znaci bukvalno na nikoj nacin ne mozeme da iskominicirame so nego. Bez pricina frla igracki i ne tepa i mene i tatko mu, bebeto ne go zadeva so nejze si igra. I stvrano veke pocnav da se zagrizuvam. Ne znam dali vakvoto odnesuvanje moze da bide rezultat na toa sto vo poslednivev nekolku meseci mi se slucivaa poveke promeni. On si bese naucen skoro sekoj den da odime kaj moite, ama oni imaa dosta obvrski i toa odenje nagosti naednas od skoro sekoj den se namali na ednas vo edna- dve nedeli. Potoa brat mi I snaata, bidejki ziveat vo stranstvo bea dojdeni tuka, pa i na niv se navikna i eve sekava deka gi nema i upirno go bara brat mi. Koga ke otideme kaj moite odma odi na slikite go pokazuva i vika vujce vujce. Vremenski promenite kaj nego se poklopuvaat so periodot koga brat mi si zaminaa. Ama pa posle toa i nie bevme na odmor, pa sega ne znam dali samo e zbunet od site tie promeni ili nesto drugo e vo prasanje. On ne zboruvase mnogu,z naci na toa nacin ne mozam da izkomuniciram so nego, a i ne go forsiram oti ako nesto saka a ne znae da go kaze odma pocnuva da vristi i da place. Isto zabelezuvam koga e vo drustvo so decinja e mnogu poopusten, poveke zboruva i e mnogu po vesel. Zatoa sakam da pocnam da go nosam vp gradinka, barem po dva- tri saati za da bide so decinja na negova vozrast. Me interesira I vase mislenje dali toa moze da bide korisno za nego ili mozne e samo uste poveke da ni ja vlosi situacijata vo koja se naogame. Isto taka sakam da naglasam deka jas od dekemvri ke pocnam na rabota, pa toa ke mu bide uste edna pogolema promena. Ne znam veke sto da napravam za da mu pomognam, vaka koga go gledam kako se nervira, place, vristi, se trudam da go smiram na site mozni nacini i jas i mm, I na kraj zavrsuvame so toa on ke se smiri, a jas i mm nervozni , i od nego i od drugi problemi, pa pocnuvame da se karame i seto toa pak se reflektira vrz deteto i taka se vo krug.
Pozdrav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 16 Сеп 2013 09:25 #243948

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
  • Карма: 84
Мислам дека ви е јасно што се случува, промени во редот и распоредот на живеење многу ги фрустрира децата посебно ако изгубат со тоа некшто што им носело радост. Нормална е реакцијата. најдете начин да го исполните тоа време со некои други активности надвор од домот - шетање, игротеки, дружење на некој друг начин - пријатели со мали деца и сл. Фрлање, гризење и тепање е однесување на уплашено дете кое се обидува да се справи со стравот и јавува агресија - имам пишувано погоре за ова. Како и да е ке мора да бидете до него и да му дадете сигурност дека нештата иако се менуваат, неговата безбедност и сигурност е на истото ниво, мама и тато се тука. Нервозата, плачењето и лутината нека не ве загрижува, многу еповажно што ги изразува одколку да се повлече во себе си и да молчи - за мене лично е потешка варијанта за справување, вака ке ја изрази емоцијата - која и да е, и полесно ке ја надмине. Вие секако може да пробувате да го смирите, а некогаш и не морате баш, нема ништо лошо во тоа да изрази лутина - исто како што изразува радост или љубов. Со тоа му давате простор да се изрази на свој начин, а воедно и му покажувате дека е дозволена секоја емоција, па дури и оние кои се тешки за носење, како што се лутината, стравот, срамот, тагата итн. Нема потреба вие да се нервирате и да се кавгате, бидете тука за него, организирајте го времето во домот малку поинаку за да добие детето некоја рутина, после ке биде полесно. Овој период може да појави и тантруми, она познато „трескање од земја“ кога нема да добие нешто што посакува, но и тоа ке помине, мислам дека третата година е малку потешка за родителите, па и за децата, но се поминува. За одење во градинка не би можела да предвидам како ке биде неговата реакција, почнувањето во градинка е секако проследено со реакции, нека не ве заплашува тоа, секоја фрустрација ги созрева децата, но после ред промени во вашиот дом, може да се случи да биде таа реакција понагласена, што не е правило. Останува на вас да одлучите.
Поздрав
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Macence, Зока

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 11 Окт 2013 12:09 #244718

  • boni
  • boni's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
Здраво почитувана др-ке Весна.Јас сум мајка на 4 деца, од кои поголемите 2 се девојчиња, а помалите 2 се момчиња. Поголемото момче е на возраст од 6 години, а помалото има 5 год.
Проблемот лежи во однесувањето на постарото синче во училиштето. Нема посетувано градинка, и во однос на комуникацијата со други луге тешко комуницира. Па така и во училиштето комуницира само со неговата наставничка која е од постарите генерации. Со наставничката по англиски не разговарал, а кога го однеле на логопед не си го кажал ниту името. Во една ситуација дури и се помочкал во гаки затоа што се срамел да крене рака за да каже дека му се мочка.
Од друга страна, пак неговата наставничка постојано се жали дека е недисциплиниран за време на часот , хистерично се смеел заедно со едно друго детенце, кое седи со него во иста клупа. Заедно со истото детенце се закачал со други дечиња, ромчиња, за време на одморите, кои исто така не му останале должни.
Во два наврати отидов да разговарам со наставничката, која ми рече да не се загрижувам многу, и дека ке почекаме до ноември за да види дали да не испрати кај психолог. Да нагласам и дека наставничката нема искуство со првачиња од 6 год. возраст.
Инаку неговото однесување дома исто така не ми се допаѓа, не сака да прифати правила на добро однесување, со помалото братче постојано се во конфликт, многу лесно може да се изнервира и за најмали ситници. Во некои моменти кога ке се изнервира, не внимава дали некого ке повреди, мавајќи со рацете или со нозете. Додека пак во училиштето сака да работи, да пишува, црта.
Како родител сум загрижена и незнам како може едно дете истовремено од една страна може да биде срамежливо кога треба да каже некоја песничка или да се претстави на некого, а кога се во прашање лудориите, тој е прв на чело.
Дали треба да почекаме подолг период за да тој се смени или да го префрлиме кај друга наставничка, која има поголемо искуство со вакви деца, затоа што оваа премногу ја форсира неговата срамежливост, а тој е премногу осетлив и чувствува дека се зборува за него а со тоа уште повеќе се повлекува во себе?
Дали само разговор ке помогне за да се смени неговото однесување?
Однапред ви благодарам. Поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 12 Окт 2013 16:43 #244735

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
  • Карма: 84
boni wrote:

Здраво Бони
Чекањето да се смени само од себе детето е бескорисно. Ставете се малку во негова кожа и почувствувајте како е да се има 5 години, до вчера еден спонтан и безгрижен живот без правила, а денес наеднаш некои наставнички што налагаат правила, бараат да седите мирни и да не зборите, да не се смеете, да не правите ништо што не им се дошаѓа, некои наставнички што се однесуваат заповеднички, што кажуваат како сте срамежливи и хистерично да се смеете...Со вашиот син е се во ред, не е во ред нашиот образовен систем и наставничките (со чест на исклучоците) кој предизвикува кај многу деца проблеми во прилагодувањето. Не брзајте да го носите малиот кај психолози, педагози и други професионалци, нема потреба, бар не од ова што сте ми го напишале. Му треба време, не до ноември туку онолку колку шти ќе му треба, не му давајте рокови туку помогнете му да се прилагоди. Разговарајте често, но не критикувајте, бидете му поддршка и охрабрете го, објаснете му како функционира училиштето, што може да прави, а што не е дозволено, слушајте го што има да ви каже, застанете позади него и бидете му поддршка на него, а не на мислењето на наставничката - нејзината неспособност да се справи со однесувањето на децата не значи дека син ви е срамежлив, можеби е уплашен? Ако почувствува дека го поддржувате и дека го охрабрувате, дека верувате во него, дека не критикувате, дека го сакате и прифаќате онаков каков што е, ако му дадете до знање дека грешката не е крај на светот, дека грешката може да се случи, да се прости, да се надмине, само по себе ќе почне да се менува неговото однесување. Само бидете тука за него, застанете на негова страна и ќе разговарате со наставничките дека не се работи можеби за срам туку за страв од сите промени и правила што му се случуваат во животот. Тоа што е темпераментен и се тепа е уште една одлика на уплашено дете - така се справува со стравот, многу често сите ние го маскираме стравот со лутина. Како што сум рекла многу пати до сега, најдобар психолог за детето е мајката, променете го вашиот однос кон него, имајте трпение, разбирање, мирно и тивко помогнете му да го намине сето ова затоа што е навистина стресно за него - иначе нема да реагира вака. Детето има малку понагласена реакција на адаптацијата, но со него е се во ред, она што не е во ред е нашиот образовен систем. Бидете тука за синчето, сега му требате многу.
Поздрав и доколку е потребно нешто друго слободно пишете.
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: kate_n23

Ре: Стручни совети од обл 17 Окт 2013 10:20 #244912

  • kate_n23
  • kate_n23's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
Zdravo Vesna
Bi sakala da ve prasam nesto.Majka sum na 4 god masko dete. Od 1 vi septemvri pocna da odi vo gradinka bidejki sum bremena 30 nedela,a do togas jas sama si go cuvav doma. Poslednava nedela 4 dena po red se izmockal vo gaki vo gradinka na spienje,denes duri i se pokakal.Sakav d ve prasam kako da mu pomognam da go nadmineme problemov,strav mi e da ne vlijae na nego stresno gradinkata i plus mojata bremenost. Vi blagodaram
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од обл 18 Окт 2013 07:25 #244943

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
  • Карма: 84
Здраво Кате
Секако дека се работи за стресна ситуација, секое дете различно реагира. Не го карајте и бидете трпеливи, разговарајте со него зошто го прави тоа и слушајте што има да ви каже - понекогаш на децата им фалат зборови да објаснат, а понекогаш се и збунети. Возраста е доволна да се прилагоди во градинка, но не се вознемирувајте поради мочкањето и какањето, бидете смирени, не придавајте огромно значење на реакциите и само охрабрете и со зборпови и со дела, доколку е потребно некој период земајте го пред спиење, да не е префорсирано останувањето во градинка. Разговарајте и дома, не го ставајте под притисок, едноставно кажете му ги добрите страни на градинката - другарчиња, учење, припрема за школо итн. Ке видите како ке се однесува понатаму, доколку терба повторно контактирајте ме.
поздрав
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од обл 23 Фев 2014 16:10 #248901

  • zence
  • zence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 505
  • Thank you received: 81
  • Карма: 1
Здраво Весна,
Кај ќерка ми која има 9 години во последниве 2 недели приметувам брзо трепкање со очите и малку подотворена уста. Претпоставувам тоа се тикови. Ја прашувам дали приметува дека брзо трепка , ми одговара дека не приметува. Посурфав малку на нет, па ја потпрашав дали има некој проблем во школо, со другарчињата, со мене како мајка ( сметам дека сум строга мајка) , одговорот е дека нема. Што можам да направам да и помогнам ?
ПС. Мислам дека трепка и во сон.
Golemata 2001, srednata 2004 i maliot 2009
The administrator has disabled public write access.

Стручни совети од областа на психологијата 25 Мар 2014 05:59 #249428

  • Aleksandra 82
  • Aleksandra 82's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
Здраво Весна,

Имам ќеркичка, 2.5 годинки и до недодамна се си беше во ред во поглед на нејзиното однесување. Имено живееме во заедница со свекор и свекрва, односите се одлични, немаме никакви проблеми со недоразбирање, поделени се одбврските околу домот, секој има финансиска слобода и нормално слобода во социјализрање, секој си се чувствува слободно. Малечката не оди во градинка, ја чуваат баба и дедо додека јас и сопругот сме на работа. Се грижат одлично, ја воспитуваат по наша препорака, јаде по 5 оброци на ден - 3 главни и 2 овошни ужинки, спие еднаш во денот по 2 часа, навечер легнуваме околу 23.30 (порано не заспива), си станува околу 8.30 до 10.00 наутро, значи се си функционира беспрекорно. Но едно големо НО е тоа што и покрај целиот труд за правилно воспитување исполнето со љубов, нега и разбирање, малечката има голем бес и нервоза, кои кога ќе избијат на површина (се случува речиси секој ден по еднаш или два пати и трае по еден час) се толку силни и моќни што не можеме да и го најдеме крајот. Значи до сега сме се обиделе со се, со мирно обраќање и објаснување дека не треба така да се однесува, со карање, па дури и со неколку удари по пеленче - да не речам тепање, со казнување - ако не си умна нема киндер јајце и сл. Ова се случува ако нешто не и се удоволи, но секое др.дете би се расплакало и би се смирило, но кај нас не е тоа случај, многу многу тешко се смирува, плаче, се грчи целата, силно вришти и тоа трае половина час, скока силни лупа со нозете, ги става рацете во уста, се кубе и што уште не. СИте работи сака да ги заврши сама, и ако не успее повторно почнуваат овие епизоди, со тоа што на пр. ако запали сијалица и на враќање ако се допре на пр. до вратат, повторно се враќа гаси сијалица и повторно упалува, ова може да се случи по десет пати - пали - гаси. Многу е инаетлива, нервозна, лута. А ова особено се случува кога сме сите дома, со баба и дедо совшено добро се разбира. Не слуша и нас но има епизоди во денот кога сите не доведува на раб на лудило. Дали е тоа што е сама (нема братче-сестриче), дали е мн. размазена, дали веќе е крајно време за градинка(мора да се чека нели, година дена пред да тргне мора да се најави), дали е многу ограничена во однос на дневната рутина - се знае кога се јаде, кога се пие итн. или нешто др. не знам. ЗНам само дека се плашам за тоа како понатаму, т.е. не знам како да постапам. Мола за помош.
Ви благодарам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 11 Апр 2014 11:52 #249787

  • mmilena2
  • mmilena2's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 9
  • Карма: 0
Поздрав на сите ! Денеска разговарав со наставничката на моето синче кое е прваче... Тоа ми е второ по ред на раѓање. Сакав да ја замолам да ме известува за поважните случувања во врска со моето дете по писмен пат(пораката да биде испраќана по моето синче),бидејќи јас не сум во можност секое утро да го носам во училиште и да го земам од истото,јас информациите за родителските средби,за прегледите и сл. ги пропуштам...Училиштето ги има сите податоци на родителите како и е-маил адреси,па сметам дека за све родителот треба да биде известен ако не по писмен тогаш по електронски пат.Но тоа не е пример во оделенито на моето прваче(да не говориме за образованието,веќе познато)...Па кога го споменав ова на наставичката,верувам го свати како критика кон неа,а не како молба...Па така таа имаше да ми каже дека:секој родител е должен да доваѓа од време на време и да се интересира за своето дете,јас тоа го правам да речеме еднаш во месецот иако сметам дека родителските средби се за тоа...и повторно не сум информирана :) Па потоа ми спомeна дека моите два сина се единствените деца кои одат и се враќаат САМИ од училиште,во нејзините 20 години работење со првачиња(и поголемиот син беше нејзин ученик,тој е сега трето одд)...Е сега ,кажаново ЈАС го сватив како негативна критика кон мене,предпоставувам кажано е во нејзина одбрана...Јас искрено малку бев погодена од нејзината изјава,бидејќи сметам дека можеби сакаше да ми укаже на моја неодговорност кон моите деца.Па сега имам прашање до вас психологу: Дали е погрешно моето мислење дека децата доколку се способни сами да одат и да се враќаат од училиште,треба да ги оставаме да го прават тоа? Дали моето мислење дека така ќе се изградат во по самостални и по одговорни личности е погрешно или не? Ние живееме на 15м одалеченост од влезот на училиштето ,а патот е сосема безбеден,од прозорецот на зградата можам да видам кога влегуваат во и кога излегуваат од училиштето моите синови... Горда сум на нивната веќе стекната самосталност за одредени работи како на пример за оваа што ви ја наведов...ПРВАЧИЊА,САМИ НА ПАТ КОН И ОД УЧИЛИШТЕ ИЛИ НЕ? ОБЈАСНУВАЊЕ ЗАШТО ДА ИЛИ НЕ? Однапред ви благодарам :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од обл 18 Јул 2014 16:15 #251464

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
  • Карма: 84
Одновор за zence: Сакајте ја, прифатете ја таква каква што е и преиспитајте се што значи да бидеш строга мајка, можеби и таму лежи вашиот одговор, ако сте премногу захтевна, налагате успеси, перфекционизам и слично, може да се одрази на детето.
Поздрав
You may kill my deamons, but my angels will die too.
Последна промена: 18 Јул 2014 16:15 by Vesna Blazevska.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: zence

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 18 Јул 2014 16:29 #251465

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
  • Карма: 84
Здраво Александра
Се извинува што доцнам со одговорот
Третата година од животот на децата е карактеристична по инаетливо однесување, се создава сликата за себе, се стекнува некаков увид во способостите и однесувањето на вашата ќеркичка е сосем ок, не гледам алармантна состојба во однесувањето. Како студентка имав прилика да се докопам до една постара книга за развојот на децата и за развојот на децата во третата година пишуваше само една реченица: „родители, господ нека ви е на помош! Ја сфатив реченицата кога родив деца. Значи нема просторо за вознемирување, стрпете се, поддржете го детето, прифатете го сакајте го такво какво што е и се ке помине со тек на развојот. Кога ке почне да оди во градинка, ке научи да се придржува на одредени правила, верувајте има голема разлика од дете кое оди во градинка и дете кое го чуваат баба и дедо, веројатно сте свесни колку се попустливи на внуците, а тоа си влече одредено однесување кај децата.
Поздрав
Aleksandra 82 wrote:
Здраво Весна,

Имам ќеркичка, 2.5 годинки и до недодамна се си беше во ред во поглед на нејзиното однесување. Имено живееме во заедница со свекор и свекрва, односите се одлични, немаме никакви проблеми со недоразбирање, поделени се одбврските околу домот, секој има финансаиска слобода и нормално слобода во социјализрање, секој си се чувствува слободно. Малечката не оди во градинка, ја чуваат баба и дедо додека јас и сопругот сме на работа. Се грижат одлично, ја воспитуваат по наша препорака, јаде по 5 оброци на ден - 3 главни и 2 овошни ужинки, спие еднаш во денот по 2 часа, навечер легнуваме околу 23.30 (порано не заспива), си станува околу 8.30 до 10.00 наутро, значи се си функционира беспрекорно. Но едно големо НО е тоа што и покрај целиот труд за правилно воспитување исполнето со љубов, нега и разбирање, малечката има голем бес и нервоза, кои кога ќе избијат на површина (се случува речиси секој ден по еднаш или два пати и трае по еден час) се толку силни и моќни што не можеме да и го најдеме крајот. Значи до сега сме се обиделе со се, со мирно обраќање и објаснување дека не треба така да се однесува, со карање, па дури и со неколку удари по пеленче - да не речам тепање, со казнување - ако не си умна нема киндер јајце и сл. Ова се случува ако нешто не и се удоволи, но секое др.дете би се расплакало и би се смирило, но кај нас не е тоа случај, многу многу тешко се смирува, плаче, се грчи целата, силно вришти и тоа трае половина час, скока силни лупа со нозете, ги става рацете во уста, се кубе и што уште не. СИте работи сака да ги заврши сама, и ако не успее повторно почнуваат овие епизоди, со тоа што на пр. ако запали сијалица и на враќање ако се допре на пр. до вратат, повторно се враќа гаси сијалица и повторно упалува, ова може да се случи по десет пати - пали - гаси. Многу е инаетлива, нервозна, лута. А ова особено се случува кога сме сите дома, со баба и дедо совшено добро се разбира. Не слуша и нас но има епизоди во денот кога сите не доведува на раб на лудило. Дали е тоа што е сама (нема братче-сестриче), дали е мн. размазена, дали веќе е крајно време за градинка(мора да се чека нели, година дена пред да тргне мора да се најави), дали е многу ограничена во однос на дневната рутина - се знае кога се јаде, кога се пие итн. или нешто др. не знам. ЗНам само дека се плашам за тоа како понатаму, т.е. не знам како да постапам. Мола за помош.
Ви благодарам.
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 18 Јул 2014 16:34 #251466

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
  • Карма: 84
.mmilena2 wrote:
...ПРВАЧИЊА,САМИ НА ПАТ КОН И ОД УЧИЛИШТЕ ИЛИ НЕ? ОБЈАСНУВАЊЕ ЗАШТО ДА ИЛИ НЕ? Однапред ви благодарам :)

Ако децата не го чувствуваат тоа како проблем, тогаш воопшто нема проблем сами да одат во школо, веројатно се спремни и способни да го прават тоа и не би било ок некој насила да ги „онеспособува“
You may kill my deamons, but my angels will die too.
Последна промена: 05 Сеп 2014 01:58 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 05 Сеп 2014 01:24 #252277

  • Sasha Fierce
  • Sasha Fierce's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 26
  • Thank you received: 8
  • Карма: 0
Здраво Весна.
Јас за мојот проблем имам пишувано многу на овој форум.
Мојата 3,5 годишна ќерка има задоцнет психомоторен развој...барем од она усмено што ми е кажано односно доцни во психичкиот развој.До скоро беше хиперактвна и агресивна,го гледавме пеколот во животот со неа со секој чекор надвор од дома...тоа беше шокантно.Не застануваше со трчање,скокање и ако нешто не о се дозволи гризеше.
Се изнашетавме по сите можни институции за консултација.Во СиИМПО бевме кога имаше 2,5 год и рекоа се е во ред само е хиперактивна и размазана.Говорот доцна и дојде,односно реченици почна дури сега да кажува,а има рецептвен говор и мисловен.Толку и беше лоша состојбата што НИТУ ЕДЕН ЛОГОПЕД НИ ДЕФЕКТОЛОГ не сакаше со неа да работи додека не ја ставам на психостимуланси.Но јас не го дозволив тоа,бидејќи докторите беа против и рекоа нека помине цреме.И да помина време и навистона има позитивн промени,посмирена е ,созреана е и слично.
НО ЗАТОА поради сите тие стресови со неа,грижата на совест која ја носам и мислам дека јас сум крива за нејзината состојба,мног влијаеше на нашиот домашен живот посебно на бракот. Буквално почнаа работите да ни излегуваат од контрола.На поголемото дете не му посветувам внимание,на маж ми скоро многу малце,до скоро на секое нејзино јавно чудно однесување и коментарите од страна се шетав со солзи по очите и лицето и бев страшно депресивна.
сега веќе не сум, но како да си ја подобрам и состојбата на мојата психа,зошто сите дома страдаме.
Извини за долгиот пост ,но јас не се срамам да го кажам и опишам она што го чуствувам и не сакам да ги нсам "розевте наочари" кога надвор грми.....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 05 Сеп 2014 11:44 #252288

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
  • Карма: 84
Sasha Fierce wrote:

Здраво Саша
Колку што разбрав ситуацијата со малечката поминала и сега е многу подобро. Место за вина нема, секој од нас ги воспитува децата онака како што мисли дека е најдобро и никој нема лоша намера кон своето дете, затоа вината ви е непотребен товар кој го носите, сте сакале само најдобро за вашата ќерка, но децата знаат често пати тоа да го користат за манипулација со која добиваат внимание. Сте поминале тежок период што не значи дека така треба да продолжите да живеете. Најпрво смирете се вие, направете нешто добро за себе, релаксирајте се, најдете нешто што ви причинува задоволство, со прости зборови - средете се емоционално, бидете фина кон себе си. Ова е најосновно и најважно за се што ќе правите понатаму. Ова го велам затоа што не може да средувате односи со сопругот и децата кога сте самите вие несредени. Дајте си време, посветете си внимание на сама себе, разговарајте со сопругот дека сакате да ги средите односите во семејството, но најпрво секој да почне од себе си - и вие и вашиот сопруг мора да најдете начин да постигнете психичка стабилност, имајте активности кои ќе бидат само ваши, а повремено договарајте нешто кое заеднички ке го правите и ќе уживате во тоа. Важно е да не брзате и да не очекувате промени за 2 дена, во оваа состојба сте подолг период, очекувајте дека можеби ќе требаат неколку месеци да промените нешто. Трпението е сега најважно. Само така ќе воспоставите оптимални односи во семејството и да ја имате контролата. Доколку сметате дека ви треба помош од професионалец, ви стојам на располагање за средба, а во секое време може да ми се обратите тука или на приватна порака или е-маил.
Поздрав
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 13 Сеп 2014 14:53 #252404

  • analija
  • analija's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 45
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Zdravo Dr ve molam za pomos itno e imam dve kerki ednata e 3g i 8 meseci ,a dr e 1g i 9 meseci.Problemot e so mojata pogolema kerka taa osta temperamentna malku e placka vo smisla ako igra so nekoe dete i ako ja turne ili ako ja udri ne znae da se brani samo stoi vo mesto i placi ajde toa i ne etolku strasno problemot e ovaj : Nie ziveeme vo ist dvor so svekrvami i jatrvami vo razlicni kuki(odnosite ni se super ) ,jatrvami ima 2 deca edno 8 g,i edna kerka od 2 godini ,od pred 4-5 meseci kerkami ne saka da ja vidi kerkata od jatrvami da pocne da se kacuva na kaj nas odma ja brka ODISI i vika,znaci samo sto se pojavi kaj nas na skali ona se pretvora vo drugo dete vristi, place, se udira po glava, se grebe, skripi so zabi ,ako dojde kaj nas doma beter e samo place duri sedat i im vika koga ke si odite ajde odete ,ja prasuvam zosto taka pravis kazi mi vika nekam da mi gi zema igrackite te molam mamo neka si odi ,maska (msko bila vnukami) e ja nekam.Sme probale znaci so se so karanje, so kaznuvanje, so nagradi so se i nisto od toa nema efekt pak e isto durii se vlosuva eve denes idi detevo po skali ona saka da go turka za da ne se kaci se plasam da ne se povredat .Od togas pocna i da gi grize racete ne noktite samo mesoto okolu noktot,a stom sedat kaj nas doma 2 te ne gi vadi racete od usata samo place i gi griza toa se slucuva duri se tuka od kako ke zaminat ona pak si e staroto dte si igra so sestrai nema placenje nema nisto.Kaj niv koga ke pojdime se si e super ke si poigra ama ne e kako kaj nas doma,kaj nas e HOROR.Pocnavme vo gradinka eve 2 nedeli tamy e se vo red svati deka mora da odi zasto nema koj da gi cuva i si se prilagodi ne placi ne me bara .So dr ugite deca se e vo red igra so niv ,isto i so pogolemoto dete na jatrvami igra ama so pomalava neke pa neke, i sega i pomalovo moe dete ja gleda i ona isto ja brka bratucedae da ne ide kaj nas :(So soprugot se trudime da ne ja karame ,i pocnavme sega megu nas da si barame vina:( .Jas najiskreno ve molam da mi pomognite zasto vo nasiov grad nema detski psiholog i nemam kaj da pobaram pomos
Последна промена: 13 Сеп 2014 14:59 by analija.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 15 Сеп 2014 12:42 #252431

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
  • Карма: 84
analija wrote:
Zdravo Dr ve molam za pomos itno e imam dve kerki ednata e 3g i 8 meseci ,a dr e 1g i 9 meseci.Problemot e so mojata pogolema kerka taa osta temperamentna malku e placka vo smisla ako igra so nekoe dete i ako ja turne ili ako ja udri ne znae da se brani samo stoi vo mesto i placi ajde toa i ne etolku strasno problemot e ovaj : Nie ziveeme vo ist dvor so svekrvami i jatrvami vo razlicni kuki(odnosite ni se super ) ,jatrvami ima 2 deca edno 8 g,i edna kerka od 2 godini ,od pred 4-5 meseci kerkami ne saka da ja vidi kerkata od jatrvami da pocne da se kacuva na kaj nas odma ja brka ODISI i vika,znaci samo sto se pojavi kaj nas na skali ona se pretvora vo drugo dete vristi, place, se udira po glava, se grebe, skripi so zabi ,ako dojde kaj nas doma beter e samo place duri sedat i im vika koga ke si odite ajde odete ,ja prasuvam zosto taka pravis kazi mi vika nekam da mi gi zema igrackite te molam mamo neka si odi ,maska (msko bila vnukami) e ja nekam.Sme probale znaci so se so karanje, so kaznuvanje, so nagradi so se i nisto od toa nema efekt pak e isto durii se vlosuva eve denes idi detevo po skali ona saka da go turka za da ne se kaci se plasam da ne se povredat .Od togas pocna i da gi grize racete ne noktite samo mesoto okolu noktot,a stom sedat kaj nas doma 2 te ne gi vadi racete od usata samo place i gi griza toa se slucuva duri se tuka od kako ke zaminat ona pak si e staroto dte si igra so sestrai nema placenje nema nisto.Kaj niv koga ke pojdime se si e super ke si poigra ama ne e kako kaj nas doma,kaj nas e HOROR.Pocnavme vo gradinka eve 2 nedeli tamy e se vo red svati deka mora da odi zasto nema koj da gi cuva i si se prilagodi ne placi ne me bara .So dr ugite deca se e vo red igra so niv ,isto i so pogolemoto dete na jatrvami igra ama so pomalava neke pa neke, i sega i pomalovo moe dete ja gleda i ona isto ja brka bratucedae da ne ide kaj nas :(So soprugot se trudime da ne ja karame ,i pocnavme sega megu nas da si barame vina:( .Jas najiskreno ve molam da mi pomognite zasto vo nasiov grad nema detski psiholog i nemam kaj da pobaram pomos
Zdravo
Maleckata verojatno se cuvstvuva zagrozena i uplasena. Jas iskreno ne gledam nekoj poseben problem tuka, ednostavno ne ja saka bratucetka i od nekoja pricina sto treba da ja otkriete - decata imaat najrazlicni pricini za strav - da ne mi zeme igracki, da ne mi ja zeme mama, da ne go zeme vnimanieto koe mi go davaat vozrasnite, mozebi e rivalstvo vo prasanje, ne mozeme so tocnost da tvrdime. Ne ja pritiskajte, ne insistirajte da ja saka i druzi zatoa sto moze da stane uste povekje agresivna kon sebe si a i kon drugite. Deteto e uplaseno, kolku i da e taa pricina za nas vozrasnite nerealna i fantazmatska, za nea e mnogu realna. Moze da ja prasate zosto ne ja saka bratucetkata, dali nesto se slucilo sto ne ja saka, no bidete sigurni deka ne podvaluvate i odgovor, prasanja od tipot "te udri?", ne se postavuvaat na deca. Dajte i vnimanie i prostor da se izrazi sto cuvstvuva i misli, mozebi ne ja saka zasto dobiva pogolemo vnimanie od baba-dedo-tetka-cicko... znaci nesto se slucuva vo glavata na kerka vi, sto ne e problem za da ja nosite na psiholog, deteto si e sosema ok, samo e malku nesigurna i uplasena. Kako majka ke se razberete so nea i poleka ke sozreva i ke prifakja sto se slucuva. Bidete strplivi i ne grizete se, se e ok.
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 15 Сеп 2014 14:47 #252437

  • analija
  • analija's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 45
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
ti blagodaram vesna vasiot odgovor me smiri malku ke se potrudam da doznaam koja e pricinata niz igra so nea i ke i posvetam poveke vnimanie ,i ke gi predupredam i drugite da ne ja pritiskaat i da ne ja karaat zasto reagira taka kon bratucetkae.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 10 Окт 2014 17:49 #252723

  • Mama Nata
  • Mama Nata's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Принцот на мама,роден е 15.07.2007г.
  • Теми: 28
  • Карма: 1
Zdravo Vesna odamna me nemase na forumov i pred se sakam site da ve pozdravam. Mojot sin ima veke 7 godini i e vtoro oddelenie.Od edno mirno bebe porasna vo pristojno vospitano dete koe mozam slobodno da kazam se gordeam so nego. No za zal sredinata vo koja ziveeme ne e segogas tolku prijatna nitu za nas vozrasnite a ne za decata. Potocno naiduvam na socijalen problem od tipot: ako do sega go vospituvav vo duhot dapocituva aftoriteti,da ne se tepa da izbegnuva konfliktni situacii da zboruva kulturno pred se da se odnesuva kulturno grizlivo da gi stiti pomalite odnego, devojcinjata da ne gi vrega postraite lica i sl,e sega moeto dete ponekogas tolku mnogu znae da se voznemiri od eden da receme obicen nastan kako na primer nekoj nesto mu rekol na uciliste ili dali nastavnickata ke go isritikuva ili pofali , duri ni na telefon doma nemozeme so povisok ton da zborime a ni na kraj pamet ne ni paga da se karame so soprugot pred nego ili da vikame ( toa nikogas ne sme go ni pravele duri ni koga bese bebe)i red drugi situacii kade drugi deca ne bi gi ni primetile a ne kamo li da mora da se razgovara so svoeto dete na temi koi realno i ne se za negova vozrast.Toj e samo dete.Te molam za sovet kako ponatamu so vakvo dete koe vo vtoro oddelenie na pamet ke dobie zbir od na primer 78+98 ili 139-43 razgovarav i so nastavnickite mi reloa deka se raboti za pointelegentno dete e sega dali custvitelnosta ima vrska so intelegencijata, stvarno neznam no veruvaj mi mnogu e tesko da znaes kako da se postavis so vakvo dete. Neka e samo ziv i zdrav.Da napomenam deka jas ne se zalam za toa sto se vlozuvam samo mi e strav nekade da ne pogresam.
ПРИНЦОТ НА МАМА, РОДЕН Е НА 15-07-2007
Последна промена: 10 Окт 2014 17:52 by Mama Nata.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 10 Окт 2014 19:36 #252725

  • Tome
  • Tome's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
Керка ми во Ноември ќе наполни 3. Во градинка одиме веќе една година. Откако е родена имаме ПРОБЛЕМ СО ЗАСПИВАЊЕТО особено на вечер, многу ретко пред 23:00 часот, а многу често и покасно. На утро стануваме рано, 7:30 - 8:00 (за во градинка) и логично, разбудувањето е ...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 21 Окт 2014 16:33 #252781

  • Нада
  • Нада's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
Почитувана Др.Весна

Мајка сум на три сина од 19год.,16год. и 8год.Ми треба совет околу однесувањето на мојот најмал син кој има тешкотии околу комуникација во училиште.

На училиште ( во 3 одделение ) е мирен, тивок, дисциплиниран, исполнителен, никогаш не крева рака а кога наставничките ќе го дигнат знае се. Комуницира само со неколку другарчиња (полесно комуницира со девојчињата). Кога го носиме на роденден кај другарчињата од училиште е присутен околу игрите ама не се опушта активно да се вклучи иако ја го охрабрувам и поттикнувам.Децата во училиште носат разни играчки кои и тој ги има дома но несака да ги носи и да се вклучи ви игрите со нив.Во почеток на училиштето сметавме дека му треба време да се адаптира но веке е трето одделение и сум загрижена.

Дома расте како трето дете опкружено со многу љубов од сите нас како најмал.Не сме строги родители и постојано сме ангажирани околу воспитувањето на децата.Во коминикацијата дома, со роднини и пријатели нема проблеми.

Ве молам за совет.
Последна промена: 21 Окт 2014 16:35 by Нада.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стручни совети од областа на психологијата 02 Мар 2015 21:45 #253774

  • Radmila
  • Radmila's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 19
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
Zdravo Vesna! Potrebna mi e tvojata pomos. Majka sum na bliznaci (devojce i momce)na 5god. 5mes.Imam problem so mojata kerka.Seto ova zaocna od pred eden mesec. Problemot e sto odbiva da odi vo gradinka i da se deli od mene. Izgleda isplaseno i nesigurno.toj period ja zapisavme na balet(neuspesno) iako imase golema zelba uste na prviot cas se otkaza. Pocnavme i na logoped se bese super no sega i tamu odbiva da sedi so svoeto bratce vnatre saka i jas da prisustvuvam na casot.I koga sme doma sekoj cekor mi go prati bukvalno nemozam da mrdnam duri i koga sme vo ista prostorija odednas ke vikne "Mamoooo tuka si?" Voopsto ne bese takvo dete naprotiv bese mnogu samostalna i so nea mozevda se dogovoram za se.Sosema se smeni deteto. Toa mnogu tesko mi paga i me zagrizuva. Neznam kako da se postavam i kako da reagiram.Ne postoese nikakov problem koga odese vo gradinka duri me terale i porano da gi nosam.Sega samo sto ke se pribluzume pocnuva silno da place, da se trese duri i se usfrla na liceto i nikako nesaka da vleze ama nikako kako na kolenje da odi. Sekoj den vetuva deka utre ke odi i sabajleto ista pesna. Zaboraviv i ova da go kazam pred dva meseci dobivme bratucetka koja e blisku do nas i koga ke ja prasam zosto nesaka da odi mi vika zatoa sto misli deka jas sum kaj bebeto.Ve molam pomognete mi kako da postapuvam. Se custvuvam kako vo kor sokak.Neznam dali na sila da ja nosam ili neznam veke kako.Ako cekam na nea nikogas nema da saka, a od druga strana pak mi e strav da ne napravam poloso.Sega i bratceto nesaka zaradi nea. So nego pak imame problem sto se saka da e po negovo se on prv da napravi prv da se oblece,prv da sedne, da se najade, zaspie, da se guska i se po red.Ako ne e prv odma pocnuva so drami. Da place da se luti. Izvinete za dolgiot post no ve molam za sovet mnogu mi e potrebno da znam kako da postapam.I sto mislite sto bi mozelo da bide problemot i dali moze da se krie nesto poseriozno? Pozdrav i odnapred blagodaram!
The administrator has disabled public write access.