Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Спортски флеш вести

Спортски флеш вести 28 Јан 2011 04:43 #106749

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Франција ја избра Шведска за полуфиналето на СП


Единствената репрезентација без загубен бод на СП во ракомет, Данска, во полуфиналето ќе игра против Шпанија, а домаќинот Шведска десетгодишниот пост од освојување медали ќе се обиде да го прекине токму против светскиот првак Франција. Се' уште актуелниот светски вицепрвак, Хрватска, делумно го спаси лошиот впечаток на СП, со тоа што ќе разигрува за петтото место, но и си обезбеди пласман во квалификациите за Олимпијадата во Лондон 2012 година. Најголемото разочарување е Германија, која од 1998 година го има најслабиот резултат. Овој пат „панцерите“ загубија од Норвешка, 25-35, па го освоија последното шесто место во групата и ќе разигруваат со Аргентина за 11. место.

Полуфиналето се игра в петок, а финалето е закажано за в недела. Откако пред последното коло веќе беа познати полуфиналистите на машкото СП во ракомет, четирите репрезентации, Данска, Шведска, Франција и Шпанија, можеа дури и да калкулираат кого би сакале во последната пресметка за медали. Неизвесно беше само која репрезентација ќе биде прва во групата.

Шпанија прва играше против Унгарија и првакот од 2005 година победи со 30-24, па привремено беа лидери во групата. Веднаш потоа на теренот излегоа Франција и Исланд, па „триколорите“ не дозволија изненадување победувајќи со 34-28 и поради подобрата гол-разлика останаа на првото место. Но, Французите можеа и да избираат дали ќе бидат први зашто нивниот меч заврши половина час подоцна од дербито во другата група каде што Данска и Шведска исто така решаваа кој ќе биде прв во групата.

Шведска по 10 години повторно има шанса да освои медал. Овој пат работата ќе им биде особено тешка зашто првиот противник им е Франција, репрезентацијата од која во 2001 година загубија во финалето. Во последното коло по групи Данска ја победи Шведска со 27-24.

Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 01 Фев 2011 16:41 #107971

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Легендите не играат на фудбалската берза

Јануарскиот преоден рок за фудбалерите денеска завршува. Најзвучен е трансферот на Един Џеко од Волфсбург во Манчестер Сити. Во овој период се засили и Милан, кој ги доведе Антонио Касано од Сампдорија и капитенот на Баерн Минхен, Марк ван Бомел, а Дарен Бент го направи најголемиот трансфер во историјата на Астон вила. Низ историјата во фудбалот има играчи што никогаш не биле актуелни во трансфер-периодот, но не затоа што никој не ги барал, туку затоа што се знаело дека тие нема да ја променат клупската боја до крајот на кариерата. Со огромните суми што сега ги добиваат фудбалерите од трансферите, с` поретки ќе бидат играчите што ќе им останат верни на екипите во кои ги направиле првите фудбалски чекори.


Повеќе - Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 20 Мар 2011 13:59 #123918

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Пандев го бараше и го доби Шалке


Бранителот на трофејот Интер ќе се сретне со Шалке во четврт-финалето на Лигата на шампионите по вчерашната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.
- Би сакал уште еден германски тим. Затоа, се надевам дека ќе ни се падне Шалке. Но, ние сме Интер и другите треба да се плашат од нас. Уште една тројна круна? Верувам дека можеме да го направиме тоа - изјави македонскиот напаѓач на Интер Горан Пандев пред ждрепката.
Интер, кој се пласираше помеѓу најдобрите осум со драматичниот гол на Пандев во реваншот против Баерн, нема да го потцени германскиот противник. Двата тима се сретнаа во финалето на Купот на УЕФА во 1997 година, кога Шалке победи на пенали.
Од останатите четврт-финални двојки, најинтересна треба да биде Челзи-Манчестер јунајтед. Деветкратниот првак Реал Мадрид за противник го доби Тотенхем, а фаворитот број еден Барселона се падна со Шахтар.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 30 Апр 2011 12:48 #133040

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Пандев вреди седум пати помалку од Меси


Доколку некој клуб во овој момент би бил подготвен да ја плати полната цена за Лео Меси, тоа би бил нов рекорден трансфер во историјата на фудбалот. Познатата германска интернет-страница "Трансфермаркт", која се занимава со пресметување на вредноста на фудбалерите, постави цена од точно 100 милиони евра за напаѓачот на Барселона, што е за десет милиони евра повеќе од обесштетувањето што би требало да се плати за Кристијано Роналдо денес.
Барселона има четворица играчи во топ-10 на оваа листа, при што Андрес Иниеста се наоѓа на третото место со вредност од 60 милиони евра. Сепак, овие играчи остануваат таму каде што се, а најголемиот трансфер кој би можел да се очекува ова лето е оној на Сеск Фабрегас, на кого Арсенал би можел да заработи и 55 милиони евра.
Напаѓачи и играчи од средниот ред доминираат на листата на 50-мина највредни фудбалери во светот, а најскапиот дефанзивец Жерар Пике се наоѓа дури на 15. место, со вредност од 38 милиони евра. Икер Касилјас (24. место) и Петр Чех (45.) се единствените голмани во ова друштво со цена од 35, односно 26 милиони евра. Дваесет и едногодишниот Алехандре Пато вреди 33 милиони евра, со што е најскапиот млад играч во светот.
Македонски играчи нема во топ-50 и Горан Пандев драстично отскокнува меѓу нив со својата вредност од 13,5 милиони евра. "Трансфермаркт" проценил дека само уште осуммина наши фудбалери можат да постигнат цена од барем милион евра: Горан Попов (2,5), Николче Новески (2,25), Стевица Ристиќ (1,4), Дарко Тасевски (1,3), Иван Тричковски (1,2), Даниел Мојсов (1,2), Марио Ѓуровски (еден) и Бајрам Фетаи (еден).

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 30 Апр 2011 12:48 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 10 Мај 2011 02:43 #134624

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
Наташа Илиевска го донесе златниот европски медал во Македонија. Го славиме нејзиниот огромен успех, прв во историјата на нашето карате.

И македонската химна одекна во свечени, шампионски тонови. Наташа Илиевска оствари успех кој разбуди заборавена национална гордост.

Не само поради тоа што просечните спортски резултати кај нас го симнаа прагот на восхит, ами оти златниот медал е од најтешка вредносна категорија: Прв во 43-годишната историја на каратето во Македонија и најсјаен во поединечните спортови по осамостојувањето на нашата држава.

www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=137716

2 minuten prilog vo udarnite vesti na nasite televizii!!! :mdf:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 28 Мај 2011 13:20 #138663

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Со 16 години ги освоил највисоките врвови на сите континенти

Младиот 16 годишен Британец, Џорџ Аткинсон стана најмладиот освојувач на највисоките врвови на сите седум континенти во светот.

Во освојување на „седумте врвови“ тргнал на 11-годишна возраст, а со 16 станал најмладата личност која се искачила на највисоките планински врвови на Африка, Антарктикот, Австралија, Јужна Америка, Северна Америка, Европа и Азија.

Ова момче, родено во Лондон, во 2005 година го освоил Килиманџаро (5.896 метри), за конечно вчера, искачувајќи се на Монт Еверест, да ја заврши својата „висинска“ турнеја.

Претходниот рекорд го држел Американецот Џони Колинсон кој ваквиот подвиг го остварил на 17 години.

Британското алпинистичко друштво го потврди рекордот на Џорџ Аткинсон кој имаше 16 години и 362 дена во моментот кога застана на „покривот на светот“.

Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 23 Авг 2011 15:54 #149800

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Јелена Антиќ потпиша за Партизан

Јелена Антиќ и официјално потпиша за Белградскиот кошаркарски клуб Партизан.
Најдобрата македонска кошаркарка Јелена Антиќ од пред неколку дена стана дел од тимот на женскиот кошаркарски клуб Партизан Галеника.

- Пред неколку дена бев повикана на проба од страна на ЖКК Партизан. По три дневен престој и тренинг, уште вечерта пред заминување за Скопје, претставниците заедно со тренерката на Партизан ме информираа дека би сакале да бидам дел од нивниот тим. И покрај останатите понуди од Европа, одлучив оваа година да заиграм за Партизан . Без сомнение клуб со реноме и позната долгорочна кошаркарска традиција на успешни спортисти – изјави Јелена Антиќ

Во вторник на 24 ти Август, Антиќ заминува за Белград каде од 25 ти, започнува со подготовките и тренинзите за оваа и следната сезона.

- Од секогаш сум навивала за Партизан, и потајно сум се надевала дека еден ден можеби ќе заиграм за овој клуб. Сега од навивач за овој клуб, станувам и нивен играч – вели Антиќ

Јелена Антиќ која по 5 години минати во САД, три во средното американско училиште и две на колеџот Либерти универзитет, се враќа на Европските терени. Антиќ ја продолжува својата професионална кариера во еден од најдобрите српски клубови Партизан.
ЖКК Партизан се натпреварува во женската Српска лига, Јадранската женска лига и Евро Купот за жени.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 23 Авг 2011 16:00 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 07 Сеп 2011 17:32 #152855

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Цел хокеарски тим загина во авионска несреќа во Русија

Трагедија во Русија! Најмалку 43 луѓе загинале при авионската несреќа во градот Јарослав. Патниците во авионот биле членови на хокеарскиот тим на “Локомотив Јаорслав” кои требало го изиграт првиот меч против белорускиот тим од “Минск” во новата сезона.

Министертвото за итни ситуации соопштило дека авионот имал вкупно 45 патници од кои 37 членови на тимот и 8 на екопажот.

Двајца што ја преживеале несреќата се во тешка здравставна состојба. Се уште не е позната причината за несреќата. Авионот при полетување од аеродромот во Јарослав се урна и веднаш по урувањето избило пожар, пренесува “Радио Слободна Европа”.



Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 19 Сеп 2011 05:07 #154371

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Каратистката Наташа Илиевска освои бронза во Истанбул


Нашата каратистка Наташа Илиевска освои бронзен медал на вториот турнир во “Премиер Карате” лигата во Истанбул. Наташа го освои медалот во категоријата до 55 килограми во конкуренција на најдобрите рангирани каратистки од светот со четири победи и само еден пораз, од репрезентативката на Франција Игнас Луси.

Во борбата за медалот, Илиевска победи со резултат 3-0, со што се добиени и нови 101 поени во рангирањето од страна на Светската карате федерација.

Со оваа победа и медал, нашата најдобра каратистка ја зацврсти првата позиција на светската ранг-листа за 2011 година во категоријата до 55 кг – со вкупно 591 поен! Далеку зад неа на второто место е рангирана Валерија Кумизаки од Бразил со 480 поени.

Во ноември следува последниот турнир од “Премиер Карате” лигата, кој ќе се одржи во Салцбург.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 30 Окт 2011 06:13 #161964

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Македонија се пласира на европскиот шампионат во ватерполо


Македонската ватерполо репрезентација ја растури Франција со 12-4 во реванш-средбата од баражот за пласман на Европското првенство 2012 во Ајндховен, Холандија. На македонските репрезентативци им беше доволна победа од 3 разлика, но не препуштија ништо на случајот.

„Црвено-жолтите” ја анулираа негативата од 6-8 од Париз и успеаја по трет пат едноподруго да се најдат на континенталниот шампионат.

- Одигравме одлично во одбрата, а тоа е клучот на секој успех во спортот. Не му дадовме на противникот да реализира кога има играч повеќе во базенот, а ги користевме сите можности во нападот. И благодарам на публиката за поддршката и ветувам дека ќе имаме успешен настап во Холандија – изјави селекторот Игор Гочанин.

Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 01 Ное 2011 09:37 #162416

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Лазаров: Ќе му донесеме нова радост на македонскиот народ


Македонскиот олимписки комитет и Ракометната федерација на Македонија потпишаа договор за соработка. Договорот предвидува поддршка од МОК за РФМ во однос на подготовките и учеството на машката ракометна репрезентација на Европско ракометно првенство во Србија, и можното учество на квалификацискиот Олимписки турнир и Летните олимписки игри Лондон 2012.

МОК, меѓу другото, се обврза, заедно со РФМ, да отвори и развие младински ракометни школи низ Македонија со што ќе се даде придонес кон развојот на ракометот и по Олимписките игри во Лондон 2012.

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров изјави дека ваква поддршка е повеќе од потребна, бидејќи според него најважно е да не се повторуваат грешките од минатото кога македонската репрезентација правеше пауза од 10 години без учество на некое големо натпреварување.

Повеќе - kurir.mk
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 05 Јан 2013 09:38 #228708

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Повторно за ракометот ама овојпат за престојното Светско Првенство во Шпанија - СП 2013.
Нашите момци се подготвени да се соочат и се разбира да победат :naviva: Сите да ги бодриме и да очекуваме најдобар резултат :naviva:
Треба да размислуваме чекор по чекор, најпрвин да се насочиме кон Чиле, па потоа и на сите следни натпревари. Би сакал да бидеме максимално фокусирани за премиерниот меч, па со добри резултати да ја креваме нашата самодоверба на с` повисоко и повисоко ниво. Се подготвувавме добро, овој пат во текот на подготовките имавме и кондициски тренер и дејствуваме с` подобро организирани како репрезентација, се надевам дека во ист стил ќе продолжиме и во иднина - смета Лазаров, кој е единствен од оваа генерација што има настапувано на две СП (1999 и 2009) и на едно ЕП (2012).

Извор
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 18 Јан 2013 16:12 #229968

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
Za da bideme vtoro mesto, ke ja izbegneme Francija I ke igrame so Tunis , treba da gi tepame so 20 razlika dancive :dosadno:
Za kogo ???
Za Makedonijaaaaaa !!!
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 31 Мар 2014 03:55 #249538

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
Вардар и Металург топ тема во ракометниот свет

Историскиот пласман на двете македонски екипи, Вардар и Металург, во четвртфиналето во Лига на шампиони е топ тема во европските ракометни кругови. Во неделата најпрвин Металург и во реваншот го декласира Колдинг, а потоа Вардар, како гостин, на колена го фрли европскиот првак Хамбург.

„Македонска ракометна револуција“, е насловот на текстот во специјализираниот ракометен портал „handball-planet.com“. Порталот пишува дека Вардар ја приредил една од најголемите сензации во историјата на Лигата на шампиони, додека во победата на Металург во Данска ја истакнува играта на Вугринец и Атман.

„Кралот е мртов: Вардар распиша конкурс за нов европски владетел“ и „Ракометна лекција за Данците“, се насловите на водечкиот ракометен портал во регионот „balkan-handball.com“. Во текстовите се наведува дека Вардар во текот на целиот меч бил подобар тим од Хамбург и дека станал првиот македонски тим кој елиминирал бундеслигашка екипа во Лигата на шампиони, а дека дански Колдинг уште долго ќе ги чувствува двете ракометни шлаканици кои ги доби од Металург.

„Убаво е да си Балканец-Ви благодариме Македонци“, е наслов на текстот на црногорскиот „handballme.me“, во кој меѓудругото пишува дека ракометарите на Вардар и Металург на колегите од Хамбург и Колдинг им покажале дека со пари не може да се купи баш се и дека тие не се најпаметни, најубави, најдобри...

„Вардар го елиминира европскиот првак, Металург сигурно до четврфиналето“, стои во насловот на текстот на хрватскиот „hrsport.net“. Новинарот пишува дека Вардар направил сјаен подвиг со елиминацијата на европскиот првак, додека Металург продолжил со добрите изданија во Лигата на шампиони.

„Вардар го елиминира европскиот првак“, е насловот на „sportsport.ba“. Македонците со храбра игра го направија она што никој не го очекуваше, го елиминираа европскиот првак пишува порталот, кој констатира дека Металург со сигурна игра го потврдил пласманот во четвртфиналето.

„Вардар сензационално го елиминира европскиот првак“ и „Вугринец и Атман за четвртфинале на Металург“, стои на страницата на Европската ракометна федерација.

Инаку, покрај Вардар и Металург, пласман меѓу осумте најдобри во Европа изборија Барселона, Фленсбург, Веспрем, ПСЖ и Кил. Последниот патник ќе биде познат откако осминафиналниот реванш ќе го одиграат Рајн Некар Ловен и Киелце, полскиот тим по првиот меч има предност од 32:28.

Извлекувањето на четвртфиналните двојки ќе се одржи на 1.април во Виена со почеток во 12:15 часот. Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат од 16. до 20.април, а реваншите на програмата ќе бидат од 23. до 27.април.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 02 Авг 2014 16:58 #251662

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
ВАРДАРКИ ГО ПРЕТСТАВИЈА ТИМОТ СО КОЈ ЌЕ АТАКУВААТ НА ЕВРОПСКИОТ ВРВ

Минатото лето беа најавувани како европски хит и тој епитет го оправдаа со пласманот на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Будимпешта, но сега, една сезона позрели и пореномирани како екипа, од ракометарките на Вардар СЦБТ сите ќе очекуваат многу повеќе.

Тоа го сфаќа и тренерот Индира Кастратовиќ, која на претставувањето на петте нови лица во тимот оцени дека сега располага со екипа која може да атакува на самиот европски врв.
„Оваа сезона ќе биде поразлична, бидејќи сите ќе не гледаат со поинакви очи. Со овие пет засилувања, добивме екипа која може да биде на самиот европски врв, која може сигурно да се пласира на Фајнл форот“, смета Кастратовиќ.
Задржувајќи го костурот на екипата од минатата сезона, Вардар и дополнително се засили на некои позиции, при што најнеопходен беше десен бек. Нов леворак шутер во тимот е Барбара Лазовиќ-Варлец, која вчера излезе пред македонската јавност заедно со останатите нови вардарки, Ања Алтхаус (пикер), Андреа Пенезиќ, Алена Ихнева (бекови) и Олга Черноиваненко (десно крило). Сите тие истакнаа дека дојдоа во клуб со големи амбиции и дека очекуваат сезона на врвни резултати.
„Мило ми е што сум во Скопје. Овдека наидов на убава, позитивна атмосфера. Очекувам успешна сезона, но ќе мора многу да се работи. Не треба премногу да најавуваме и се ќе биде во ред“, изјави најдобрата хрватска ракометарка Андреа Пенезиќ.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 25 Дек 2014 16:38 #253283

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
АГИМ ИБРАИМИ И РАБОТНИЧКИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2014



Македонскиот репрезентативец и член и на словенечкиот Марибор Агим Ибраими и носителот на двојната круна, екипата на Работнички ја одбележаа годината што изминува. За Ибраими ова е втор пат да биде прогласен за најдобар фудбалер на Македонија, откако признанието го доби и во 2012 година.

Со тоа тој им се приклучи на Горан Пандев и на Николче Новески, како играчи кои што ја добиле оваа наградата повеќе од еднаш.

- Голема благодарносто до ФФМ и моето семејство без кои вечерва немаше да бидам овде. Многу сум горд и среќен што добив почит од мојата земја - изјави Ибраими по доделувањето на наградата.

На свеченоста одржана во Македонскиот народен театар, за најдобар фудбалер во домашното првенство е прогласен Борче Маневски кој ги брани боите на екипата на Чаинат од Тајланд, а минатата сезона со Работнички успеа да ја освои титулата. Најдобар стрелец со 19 гола постигнати во дресот на Хоризонт Турново е Дејан Блажевски кој неодамна ја раскина соработката со азербејџанскиот Хазар Ланкаран и го облече дресот на Вардар. Освоената двојна круна во домашните натпреварувања му го донесе признанието најдобар тренер на Игор Ангеловски, а неговиот Работнички ја доби наградата за најдобра екипа.

Во младинска конкуренција признанието за најдобар млад играч отиде во рацете на крилниот напаѓач на Вардар, Јасир Асани, младинците на Металург се закитија со признанието за најдобар колектив, Влатко Колев е најдобар тренер, додека Михајло Јакимовски со 28 гола беше прогласен за најдобар стрелец.
Фудбалерка на годината очекувано е Наташа Андонова од тимот на Турбине Потсдам. Признанието најдобар судија му припадна на Димитар Мечкаровски.
Награди за медиумска поддршка добија: Екипа.мк, МТВ, Сител, Канал 5, МТВ 2, Македонски спорт и "Macedonian football", а беа наградени и новинарските доајени Ивко Панговски, Кирил Манев.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Спортски флеш вести 12 Мај 2015 01:17 #254288

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
ТИНА МАЗЕ ЈА ЗАМРЗНУВА КАРИЕРАТА

Една од најдобрите светски скијачки Тина Мазе објави дека наредната сезона нема да вози во Светскиот куп, не навестувајќи дали ова е и дефинитивен крај на нејзината кариера.

Најуспешната словенечка скијачка на сите времиња одлучи да земе едногодишна пауза, со цел да се посвети на други, приватни обврски.

- После 16 долги и успешни сезони, чувствувам дека моите тело и психа заслужуваат нешто подолг одмор. Ќе си дозволам една година пауза, пред да донесам натамошни одлуки. Паузата ќе ја искористам да завршам факултет и да се посветам на обврските кон моите спонзори - напиша 32-годишната Мазе на својата Фејсбук страница.

За 15 сезони во Светскиот куп, таа извозе 400 трки, оствари 26 победи и еднаш, пред две години, го освои големиот кристален глобус. На големите натпреварувања се закити со вкупно 13 медали, од кои, интересно, ниту еден не е бронзен.

На Олимписките игри во Ванкувер освои две сребра, а четири години подоцна во Сочи, стана шампионка во спуст и во велеслалом. Од светските првенства има колекција од четири злата и пет сребра.

Vest
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.