Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Самохрана мајка по личен избор

Самохрана мајка по личен избор 02 Мар 2013 18:24 #233911

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Преска читав една преписка на фб како жени им се воодушевуваат на жени кои се одлучиле ете сами да оформат семејство т.е да имаат дете без да се мажат или имаат партнер. Демек сите над 35 кои немаат дете без оглед дали имаат партнер или не да си направат дете за да имале за кого да живеат.
Еве мене ме интересира што Вие мислите по ова прашање???
Јас искрено сум неодлучна. Некако не ми се допаѓа варијантата една жена сама да одлучи свесно да расте дете (пример оплодена од сперма од непознат донор, или забременила од некој партнер ама ете не сака да се мажи или да заснова било каква заедница со истиот).
Мислам дека тоа е малку себично од страна на мајката.
Но незнам велам неодлучна сум оти незнам како би се понашала да сум во таква ситуација. Не дека нема мајката да се грижи за детето како што треба но некако свесно да си расте самата дете некако како да ми е некоректно према детето од почеток. Што мислите Вие за ова??
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самохрана мајка по личен избор 02 Мар 2013 19:45 #233916

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Знаеш како викаше една пријателка на мајка ми - Што ќе ти е муж, да му переш, пеглаш, готвиш и др. ќефови да му правиш? Дете можеш сама да гледаш без дополнителните нервози кои идат со бракот. :D

Шала на страна (мада ако подразмислиш има вистина во тоа што го кажа таа :kez: ) ја разбирам нивната желба за свое дете, да се релизираат како мајки, но не можам да кажам дали е правилно или не, дали е себично или не, оти за мене од секогаш да имам дете подразбирало - брак и комплетно семејство. Па така и нивниот избор си е нивно право, ако сметаат дека се доволно подготвени за таков живот со сите проблеми и предизвици кои ги носи.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: anusska, macika, Elka, Синоличка

Ре: Самохрана мајка по личен избор 02 Мар 2013 23:39 #233917

  • Glasna*
  • Glasna*'s Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 98
  • Thank you received: 36
  • Карма: 0
Big Sister wrote:
Знаеш како викаше една пријателка на мајка ми - Што ќе ти е муж, да му переш, пеглаш, готвиш и др. ќефови да му правиш? Дете можеш сама да гледаш без дополнителните нервози кои идат со бракот. :D

.

Bash taka sistrer :kez: ...ama jas stalno se smeam...za edna kobasica,cela svinja doma NE CUVAM :laugh: :laugh: :laugh:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika, темјанушка, marincedarjan

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 05:37 #233920

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
  • Карма: 10
Јас не го делам вашето мислење. Отсекогаш сум сакала деца и доколку немав најдено партнер со кого би се сложувала за да можеме заедно да оформиме семејство, секако дека не би останала без дете. Имам толку љубов која можам да му ја пружам, детето е нешто без кое не можам да ја замислам поентата на животот. И доколку расте во здрава средина опкружено со многу љубов, ќе израсне во стабилна личност. Многу други случаи ги сметам за пострашни за дете(губење на едниот родител, развод, кавги меѓу родителите) отколку растењето во старт само со еден родител од кој ја добива комплетната поддршка и љубов.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Adelle, macika

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 05:56 #233921

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
Za ovaa tema ic nemam pricina da se mislam!
Apsolutno gi podrzuvam, podobro da cuvaat deca, otkolku kucinja.
So dete zivotot tobiva smisla, se otvaraat novi horizonti vo zivotot.
Sega dilemata okolu tatkoto postoi, ama tuka e to be or not to be.
Toa dete, da ne e rodeno taka, nikad ne bi bilo rodeno, taka da nekoj izbor bas i nema.
Vo zivotot na decata ne e najbitno i presudno da imaat bas tatko, dovolno e da se ima tatkovska figura, znaci ili vujko, dedo, prijatel...

Primeri ima sekakvi i vakvi i takvi.
Nekolku zeni koi gi znam sto imaat decinja rodeno, zivoto im dobil druga dimenzija.
Dodeka nekolku sto gi znam a se ostanati sami, nemaat roedno dete, gledam deka zivotot im se sostoi samo od toa da im precat na bliskite so svoite frustracii i da im gi nametnuvaat.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Adelle, anusska, macika, темјанушка

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 06:17 #233922

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
MamaMaja wrote:
Nekolku zeni koi gi znam sto imaat decinja rodeno, zivoto im dobil druga dimenzija.
Dodeka nekolku sto gi znam a se ostanati sami, nemaat roedno dete, gledam deka zivotot im se sostoi samo od toa da im precat na bliskite so svoite frustracii i da im gi nametnuvaat.
Јас пак обратно ... имам неколку пријателки кои не се во брак и немаат деца, но се толку исполнети, феноменални и позитивни ... обожавам да сум во нивно друштво.

Самохрана мајка по личен избор, секако ги поддржувам ... се разбира не затоа што мислам дека мажот е вишок во животот, туку едноставно затоа што не секогаш може да се најде човек кој ти одговра за да засноваш семејство.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 06:23 #233923

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
TatjanaV wrote:
MamaMaja wrote:
Nekolku zeni koi gi znam sto imaat decinja rodeno, zivoto im dobil druga dimenzija.
Dodeka nekolku sto gi znam a se ostanati sami, nemaat roedno dete, gledam deka zivotot im se sostoi samo od toa da im precat na bliskite so svoite frustracii i da im gi nametnuvaat.
Јас пак обратно ... имам неколку пријателки кои не се во брак и немаат деца, но се толку исполнети, феноменални и позитивни ... обожавам да сум во нивно друштво.

Самохрана мајка по личен избор, секако ги поддржувам ... се разбира не затоа што мислам дека мажот е вишок во животот, туку едноставно затоа што не секогаш може да се најде човек кој ти одговра за да засноваш семејство.

Da ne bidam sfatena pogresno, znam i jas nelku takvi zeni, ama epten mi se povpecatlivi ovie drugite, zatoa niv gi naglasiv...
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 09:51 #233928

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Odma bez razmisluvanje da recheme da sum okolu 40 godini bez partner bi nashla nachin kako da rodam dete. Posebno sega koga imam dete, koga gledam deka mozam sama da go izgledam bez problem. Sekako iskluchivo ako imam dobra finansiska sostojba i mesto na ziveenje, so ogled na troshocite..
Vo odnos figura tatko, da sekako deka e potrebna, no po mene nikogash ne bi i dala na vaga prednachi ako treba da odluchuvam dali treba da imam dete. Eden kup okolu mene razvedeni majki, koi funkcioniraat a tatkovcite ne se ni javile od koga decata se rodeni. Decata angeli eden do eden.. Taka da da sekako e dobro da ima semejstvo i se ostanato ama shto ako nema.. ima brakovi koi se rasturile samo nekolku meseci po skluchuvanjeto a deteto vekje e tuka.. Pa tie majki pak sami se borat so veternici, a decata rastat zdravi i silni lichnosti. Sigurna sum deka vo periodi im nedostasuvale i cuvtsvuvale frustracii, no taa frustracija ja izramnuvam na pr so frustraciite koi gi imaat decata dodeka gledaat kako roditelite non stop im se karaat, ili se vregjaat, ili ne funckioniraat kako shto treba.. Taka da so samoto toa shto e od 2 roditeli ne znaci deka negovata srekja e odnapred odredena i popolneta so site figuri neophodni za negoviot razvoj.
Od koga imam deca navistina gledash kako poinaku zivotot dobiva smisla a ne deka pred da gi imam ne sum ziveela so polna plukja srekjno ispolneto. Ednostavno druga e dimenzijata.

Inaku i jas poznavam nekoi zeni koi odluchile da ostanat sami i do kaj 50 tite deluvaa ispolneto samouvereno harizmatichno, samostojno, no skoro se sretnav so edna skolska na tatko mi, edna od tie zeni so koi sum porasnala i sum se voshituvala, vekje navleguva vo 60 tata godina, i situacijata e kompletno smeneta, ama skroz.. ja nema samouverenosta, i se vgnezdil stravot, ne najde partner, celo vreme beshe na kariera posvetena no sega e na svojot zalez vo nejzinata bogata kariera, pa se gleda kolku e osamena krshliva.. I moze kje recheme go proziveala groto od zivotot, da ama shto e so ona sega shto i preostanuva, nemoze so nikogo da se identifikuva da se svie nekade...Bliskite rodnini dobile vnuci vekje, ona e tetkata kolku saka da se cuvstvuva baba.. Ednostavno nemaat vreme i za nea pokraj site rodnini i sl.. I vo iskren razgovor so nea, pred godina vreme skoro, kaza deka najmnogu zali shto ne rodila dete, ili bar ne posvoila, deka pokraj nea se shmugnala ljubovta vo sekakva smisla na zborot i nikogash ne ja doziveala..
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
Последна промена: 03 Мар 2013 09:54 by Meyo.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 12:23 #233938

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
AVAO wrote:
Јас не го делам вашето мислење. Отсекогаш сум сакала деца и доколку немав најдено партнер со кого би се сложувала за да можеме заедно да оформиме семејство, секако дека не би останала без дете. Имам толку љубов која можам да му ја пружам, детето е нешто без кое не можам да ја замислам поентата на животот. И доколку расте во здрава средина опкружено со многу љубов, ќе израсне во стабилна личност. Многу други случаи ги сметам за пострашни за дете(губење на едниот родител, развод, кавги меѓу родителите) отколку растењето во старт само со еден родител од кој ја добива комплетната поддршка и љубов.
Avao истото го велам и јас. Односно и мене тоа ми беше поентата. Тоа што некоја жена направила поинаков избор од мене и решила сама да гледа дете, не значи дека таа греши а јас сум во право. Секој си решава за својот живот. Затоа и реков - ако таа е подготвена да се соочи со тоа што го носи животот самохран родител, секоја чест. Особено затоа што како жена потполно ја разбирам желбата за мајчинство.

Тоа што некои решаваат да останат сосема сами и како го тераат животот или пак се деца на разведени родители - не е поентата на оваа тема.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 03 Мар 2013 12:28 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Glasna*

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 16:44 #233946

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Eden kup okolu mene razvedeni majki, koi funkcioniraat a tatkovcite ne se ni javile od koga decata se rodeni. Decata angeli eden do eden.

Da Maic no tie ne stanale samohrani majki od start. Znaci zasnovale semejstvo toa ne funkcioniralo pa ete ispadnalo taka kako sto e.
Prasanjeto mi bese vo druga nasoka. (mada nie sega mazeni od ovaa perspektiva mozeme slobodno da kazeme deka sme sposobni i sami bez maz da vospituvame i gledame deca). No ne e prasanje dali nekoj moze i e sposoben tuku dali e dobro da vo start se rodi dete koe e predodredeno da raste samo so majka. Aha i ona podobro kucinja nego deca. Se slagam no neli e malce cudno da zenite (kako sto i biva denes deka mnogu zeni naogjaat partner za seriozna vrska) sami se odlucuvaat da ragjaat.

Abe cuden e zivotov ne osuduvam nikogo ama toa da mi se propagira kako stil na zivot uf neznam bas dali mi e prifatlivo. :dosadno:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Glasna*

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 17:32 #233954

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Во принцип не осудувам никого, кој што сака нека си прави со животов, но искрено промениве што ги носи модерното време ми се донекаде екстремни. Зошто? Еве правите муабет самохрана мајка сака да роди дете зошто не пронашла партнер? Што станува тогаш со мажите кои ќе посакаат да имаат дете? Па не се децата желба само на женскиот пол. Можеби во поголем процент ќе бидат жени кои ќе посакаат вакво нешто, но верувајте познавам татковци кои се 100% посветени на породот исто како и мајките.
После тие ќе бараат суригат мајки за да им донесат на свет дечиња?
Можеби е најдобро да се уреди законот за посвојување како треба, па тие деца што се по домовите да се даваат и на самохрани родители, тоа ми е некако повеќе фер.
Несакам да бидат погрешно сватена, не ги осудувам оние кои што размислуваат во слична насока, но сакам да укажам на дискриминаторската жичка во муабетов, а нели цело време се трудиме за рамноправност помеѓу половите.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 18:04 #233956

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Како што вели и самата тема - право на избор. Не велам дека на некој што не успеал да најде соодветен партнер до одредена возраст треба да му биде ускратено правото да биде родител на свое или пак посвоено дете. Но еве се ставам во позиција да треба сама да подигам дете - без голема поддршка од околина/семејство би било тешко.
Во прашање е голема одлука, од емотивен, организациски, финансиски аспект. Во нашата средина овие случаи се повеќе исклучок отколку правило, и ќе дојде моментот кога ќе треба и да се одговори на прашањето "каде е тато"?
Не е само животот на мајката во прашање, туку и животот и иднината на детето што ќе се подига и ваква одлука покрај потребата за мајчинство, треба да се базира на сериозно размислување, а не на следење на "трендови".


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 18:17 #233958

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
mamatobe wrote:
Во прашање е голема одлука, од емотивен, организациски, финансиски аспект. Во нашата средина овие случаи се повеќе исклучок отколку правило, и ќе дојде моментот кога ќе треба и да се одговори на прашањето "каде е тато"?

Nekoi raboti na nas, vozrasnite, ni izgledaat mnogu postrasno otkolku na decata.
Edno dete koe od ragjanje e samo so majka i na vreme mu e objaseneto deka rabotite taka stojat, moze nikogas da ne prasa nisto, ednostavno da si ja prifati situacijata.
Nie, bidejki imame predhodno iskustvo vo glavata, na mnogu raboti gledame mnogu pokomplicirano otkolku sto toa go pravat decata.

Toa e isto kako vo eden film, kade semejstvo ima posvoeno crnce, i sestrickata, koja e bela, go zima raceto na maliov i go stava do svojata raka i go prasuva:
Ja gledas li razlikata megju nasite race?
On odgovara: Da, mojata raka e malecka, tvojata e pogolema. :srce:


Po mene ne e sledenje trendovi vo prasanje, tuku e sledenje na srceto!

Po prv pat posle iljadnici godini zenite dobile moznost da ne zavisat od mazot, vo niedna smisla, pa ni za toa dali ke i napravi dete ili ne, i tie toa go koristat za site pari.
Baska sto i opstestvoto ima dobieno drugi moralni normi, pa toa dete veke ne e kopile, ne e ismevano i ne e omalovazuvano, tuku e tretirano kako sosema obicno dete, sto vo sustina i e!
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
Последна промена: 03 Мар 2013 18:20 by MamaMaja.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 18:33 #233959

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Po prv pat posle iljadnici godini zenite dobile moznost da ne zavisat od mazot, vo niedna smisla, pa ni za toa dali ke i napravi dete ili ne, i tie toa go koristat za site pari.

Ama neli e toa sebicno???? ;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самохрана мајка по личен избор 03 Мар 2013 18:57 #233962

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
AVAO wrote:
Јас не го делам вашето мислење. Отсекогаш сум сакала деца и доколку немав најдено партнер со кого би се сложувала за да можеме заедно да оформиме семејство, секако дека не би останала без дете. Имам толку љубов која можам да му ја пружам, детето е нешто без кое не можам да ја замислам поентата на животот. И доколку расте во здрава средина опкружено со многу љубов, ќе израсне во стабилна личност. Многу други случаи ги сметам за пострашни за дете(губење на едниот родител, развод, кавги меѓу родителите) отколку растењето во старт само со еден родител од кој ја добива комплетната поддршка и љубов.

Apsolutno go delam ova mislenje, do tolku sto nemam ni sto da dodadam :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Самохрана мајка по личен избор 04 Мар 2013 03:23 #233973

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
MamaMaja wrote:

Po mene ne e sledenje trendovi vo prasanje, tuku e sledenje na srceto!

Po prv pat posle iljadnici godini zenite dobile moznost da ne zavisat od mazot, vo niedna smisla, pa ni za toa dali ke i napravi dete ili ne, i tie toa go koristat za site pari.
Baska sto i opstestvoto ima dobieno drugi moralni normi, pa toa dete veke ne e kopile, ne e ismevano i ne e omalovazuvano, tuku e tretirano kako sosema obicno dete, sto vo sustina i e!

Tokmu toa sakam i da go kazam - golema e odgovornosta i edinstveno nezimerna zelba za majcinstvo i podgotvenost na site prdizvici ja opravduva.

Neosporno e deka zenata ima pravo da ne zavisi od mazot i samata da podiga dete. Jas sakam da veruvam deka sme napredni kako opstestvo i tuka maksimalno te poddrzuvam koga velis deka toa dete ne treba da e diskriminirano i tretirano poinaku. No O kolku samo pati sum se razocarala od raznorazni zli jazici koi gi ima nasekade!
Eve prost primer - pred okolu 2 godini se selev na drugata lokacija od mojata firma i koga dojdov bukvalno mi bese dadena priprema: Slusaj, XX e trudna, ama ne e mazena, nema maz - da ne se istrcas :blink: Inaku se raboti za sredina so intelektualci, svetski luge.

Treba da se bide podgotven na se. Site majki se lavici koga se raboti za svoite deca, a samohranata majka treba da bide i lav.


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самохрана мајка по личен избор 04 Мар 2013 03:52 #233975

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Treba da se bide podgotven na se. Site majki se lavici koga se raboti za svoite deca, a samohranata majka treba da bide i lav.

Me iznasmea mamatobe, za volja na vistinata lavot e samo glaven u ukja, is luzi za priplod, eventualno da se stepa so nekoj drug lav, ostanatoto seto si go teraat lavicite :)
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самохрана мајка по личен избор 04 Мар 2013 04:01 #233976

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Лично сметам дека секоја жена доколку сака да биде мајка има право на тоа и доколку нема партнер. Не секоја жена е без партнер по своја воља, нити пак секоја жена може да живее со некој.

Да се посакува да се биде мајка е природен инстинкт, порив, необјасниво чувство, нешто што не тера да станеме родители и дури тогаш кога занеме дека нема да имаме добри услови за подигање на тоа дете. Тоа чувство е посилно од се, надминува се, па и злите јазици.

Денес е многу нормално да се расте со еден родител, најчесто мајката. Kога јас бев мала, децата кои растеа со еден родител беа мнооогу ретки, да не речам исклучок, денес за жал или не, тие полека стануваат правило, така да не гледам каква штета може да има од злите јазици. Јас тој момент го исклучувам. Барем за во големиот град Скопје.




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 04 Мар 2013 04:55 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самохрана мајка по личен избор 04 Мар 2013 04:04 #233977

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
macika wrote:
Po prv pat posle iljadnici godini zenite dobile moznost da ne zavisat od mazot, vo niedna smisla, pa ni za toa dali ke i napravi dete ili ne, i tie toa go koristat za site pari.

Ama neli e toa sebicno???? ;)

Se zavisi od koj aspekt gi gledas rabotite.
Ako nekoja zena ne uspeva da najde covek so koj bi ziveela mirno, vo ljubov i sloga, cumu da se mazi, samo za da bide mazena? Ona recimo, go saka, saka da se omazi, on neke da cue, sakal da prozivee, nekel da se vrze, nekel obrvski, i sto sega?
E sega koga veke ne moze da najde srodna dusa, zarem da ostane sama, bez dete, samo poradi toa?

U princip majcinstvoto e eden vid na sebiclak, go cuvas ona sto e tvoe so site sili. Ne mizlam tuka vo losa konotacija, ama taka e.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: anusska

Ре: Самохрана мајка по личен избор 04 Мар 2013 05:44 #233987

  • MajaL
  • MajaL's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 160
  • Thank you received: 36
  • Карма: 0
Ne e voopsto sebicno. Nemaat site zeni sreka da si najdat partner dodeka mozat da ragaat. A mislam deka ljuvbovta sto se dobiva od decata ne moze da se sporedi so nisto.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самохрана мајка по личен избор 04 Мар 2013 05:59 #233991

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Се согласувам со оние кои мислат дека е тоа личен избор и мислам дека е прав избор! Имам пример од наблиска околина - сестра ми. Пред 3 години со тогашниот маж не беа во најдобри односи, живееа одделно и беа пред развод. Еден викенд испадна да одат заедно со друштво на излет со спиење, ете некако испаднало и се десило тоа што се десило - остана бремена. Тој беше сеуште за развод и покрај тоа што очекуваа дете. Се разведоа, малиот се роди и од старт е само со мајка. Ништо не му фали, потполно ништо..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самохрана мајка по личен избор 04 Мар 2013 06:53 #234005

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Od mojata segasna perspektiva, imam maz, a nemam dete, jasno i glasno izjavuvam deka - Bez maz mozam da ziveam ama bez dete ne, znaci kje napravam se sto e potrebno, kje go prevrtam svetot naopaku ako treba i kje imam dete. Makar toa znacelo da ostanam i bez maz ( na mm pocnaa da mu smetaat moite tezneenja na detence po sekoja cena).
Znaci potpolno gi poddrzuvam zenite koi bez poddrska od soprug se odlucile na cekor majcinstvo. I ne bi me plaselo nisto, ni prasanjata podocna ni potencijalnata figura tatko, se toa se resava so vreme.
Za mene majcinstvoto e duri i fizioloska potreba kaj nekoi zeni ne samo emocionalna.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Adelle, Joanna

Ре: Самохрана мајка по личен избор 10 Мај 2013 08:24 #238936

  • akeake
  • akeake's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 6
  • Thank you received: 4
  • Карма: 0
Да дефинитивно самохрана мајка по личен избор .... и би додала само и самохран татко по личен избор...... секој заслужува детенце само и ако само тоа вистински го сака....... мајка ми за нас тројца викаше и сеуште вика толку малку имавме кога немавме деца, богатството дојде со Вас...... и толку многу е во право..... :love:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, Зока, Meyo, Joanna

Ре: Самохрана мајка по личен избор 10 Мај 2013 14:48 #238950

  • tough cookie
  • tough cookie's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 65
  • Thank you received: 34
  • Карма: 0
Нема тука правилно, неправилно. Секој со својот избор и со своите потреби. Сите што сме на форумов знаеме колку сакаме деца и какво се ем богатство, ем предизвик да ги израстеме во здрави и среќни индивидуи. Некој бира доброволно да е самохран родител, некому едноставно му се случува. Дека едно дете ке има два родитела не е гаранција дека ќе биде подобро одраснато отколку кога би било со еден родител.
Дали на децата подоцна во животот ќе им недостасува нешто, дали ќе ги копка другиот родител,... тоа е прашање кое само тие можат да го одговорат. Секого би го копкало каков родител би имал.... Но, фактот дека го нема немора да го спречи да води среќен и исполнет живот.
Откако изнапишав се ова, сега да кажам, дека јас сум мажена и со дете, ама се омажив подоцна. Со мм се најдовме на 32 год, а се омаживме на 35. Претходно, мисли кога ми доаѓале за мојата иднина, сум си викала "се надевам дека ќе си имам барем едно детенце во животот." За мажачка, потребата не ми била и толку голема. Така да, ако не го најдев мм и јас сум била кандидат за самохран родител, иако со таквата одлука во пакет неразделно доаѓаат и некои непријатни ситуации прашања што детето може да праша или посака подоцна во животот.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Најново на форумот

  • No posts to display.