Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Деца - жртви на разведени родители

Деца - жртви на разведени родители 30 Јун 2012 18:11 #205993

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Родителите се развеле, децата ги трпат последиците. Јавна тајна е дека поради несогласување едниот родител не дозволува неговиот поранешен брачен партнер да го гледа детето. За да се спречат злоупотребите, Центрите за социјални грижи ќе добијат строги инструкции како да постапуваат во вакви ситуации, вели министерот за труд Ристовски.

Во случај кога родителот со кој не живее детето, поради оправдани причини не може да го види во определениот термин, ќе биде со своето дете следниот ден или следниот викенд. Во решението од Центарот за социјални грижи точно ќе бидат наведени начинот и времето на средбите со детето. Доколку не се почитуваат следуваат казни.

„Може да се поведе иницијатива за промена на решението, може да се поведе иницијатива за промена на доверувањето, односно да се земе од едниот родител и да се довери на другиот родител тоа дете”, вели Спиро Ристевски министер за труд и социјала.

Незаконски е и едниот родител да го однесе детето во странство без согласност на другиот. Но и во вакви ситуации институциите потфрлаат.

„Јас не можам да гарантирам дека тоа нема да се случи, но кој и да се обиде да направи такво нешто прави сериозно прекршување на законите и треба да е свесен за последиците. Малолетните деца не можат да се носат надвор од државата без согласност на другиот родител во ситуација кога тој има полна деловна способност ”, Спиро Ристевски министер за труд и социјала.

За Канал 5 пред неколку месеци сведочеше таткото на дете кое неговата поранешна сопруга го однела без негово знаење во Словенија и тој не можел да го види повеќе од четири години. Без согласност од таткото и без согласност од Центарот за социјални грижи детето поминало неколку граници и 2.000 км.

Емилија Јовановска - Kанал 5


Што е со ваквите ситуации? Навистина постојат случаи кога децата се жртви, а и едниот родител на кој му е оневозможено да ги гледа децата кога сака, па дури некогаш другиот родител без дозвола и знаење ги носи во странство.

Колку и да се обидам, не можам да ги разберам луѓето кои на овој начин сакаат да решат некои проблеми т.е ги користат своите родени деца за да му се одмазадат на партнерот или пак кога ја забрануваат секоја врска со другиот родител, ги учат децата на не убави работи против него и тн... без разлика која е причината за разводот.

Дали, овој нов закон ќе им помогне на децата т.е ќе ги заштити, и на родителите кои се оневозможени да си ги остварат своите права?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 30 Јун 2012 18:13 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Деца - жртви на разведени родители 30 Јун 2012 19:37 #205999

  • ves mila
  • ves mila's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 19
  • Thank you received: 3
  • Карма: 0
Многу јасно е дека најчесто децата се тие кои се жртви на недоразбирањето и несогалсувањето меѓу родителите.Секое дете залсужува да има среќно детство,спокој и мир.
Може ќе се решат проблемите на поединци со овој закон,но само онаму каде има разбирање и од двете страни.

Но има и такви родители,кои преку своите деца најчесто си ги лечат своите фрсутрации и на тој начин возвраќаат ниски удари кон другиот родител.

Неспорно е дека треба да се направат некои измени во законот,како и дека центарот за социјални работи треба да врши санкции и казни,но и неспорно е дека при развод најголеми трауми добиваат децата,кои бидејќи се деца на промашен брак,неретко имаат и промашено детство,со трауми и расправии..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Деца - жртви на разведени родители 01 Јул 2012 03:02 #206011

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
ves-mila wrote:
Може ќе се решат проблемите на поединци со овој закон,но само онаму каде има разбирање и од двете страни.

Онаму каде што има разбирање не е ни потребен закон за решавање на проблемите. Тие седнуваат и како нормални возрасни луѓе се договараат, не им треба медијатор. Ама, очигледно е дека таквите ситуации се реткост, а децата се користат како оружје, и тоа најчесто во име на нивно добро, демек.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Деца - жртви на разведени родители 01 Јул 2012 04:53 #206025

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
  • Карма: 3
Нема закон кој може да му нареди на човек да биде човек. Имам разведени другарки и ниту една нема добро искуство после разводот во однос на грижата на родителот, за алиментацијата и да не зборуваме. На една бившиот не и плаќа алиментација затоа што „па и тој имал трошок кога детето доаѓало кај него, јадело, тоа пари коштало“ :krsti: . А треба да плаќа некоја бедна и навредлива алиментација од 1000 денари, не 10 илјади. „Како да не, јас да плаќам, ти да шеташ со мои пари“ -така вика бившиот маж кој никако да сфати дека не е бивш татко. А женава работи, има ОК плата, 1000 денари се повеќе симболичен износ, ама ако нема разбирање, и 100 ќе се проблем. И кој закон нему ќе му докаже нешто? И нормално, следува „ај нека седи кај мене детето, ти МА плаќај ми мене да ТИ го чувам“ :krsti: .
Истиот не и дозволуваше да го носи на море, затоа што тој немал пари да го однесе на море детето и зошто тогаш таа да го носи, па дури имаше и предлози „плати ми и јас да дојдам“... И разбирам јас закон да не може дете преку граница да замине да живее, ама ако некој лечи фрустрации преку детето и не дава детето на одмор да оди на море, оти така му дошло ќеф дента?!
И да не должам, не е до законот, до човекот е.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
Последна промена: 01 Јул 2012 05:02 by Octavia.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Деца - жртви на разведени родители 09 Окт 2013 05:16 #244676

  • Maria Turner
  • Maria Turner's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 4
  • Thank you received: 9
  • Карма: 0
Има една многу важна книга за читање да се избегнат вакви или слични проблеми, се вика „Отровот на разводот“, вреди да се прочита, за да може и едниот и другиот родител да се снајдат во сите ситуации. metro-portal.hr/knjiga-dana-richard-a-wa...-otrov-razvoda/13945
Кога ќе почне да се чита е многу тешко, затоа што секој си се наоѓа помалку и во лошите примери. Секој од нас што останал самохран родител, може од добра намера да направи проблем врз детето исто како и родителот кој не живее заедно со детето.
мамин син 07.09.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Најново на форумот

  • No posts to display.