Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Проблеми на самохраните родители

Ре: Проблеми на самохраните родители 29 Јун 2012 17:42 #205914

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
MamaMaja wrote:
Абе ајде, откај сега тоа дека двајца родители нужно значат среќно детство?
Сите сме сведоци дека понекогаш за детето е подобро да си расте со еден родител, отколку да расте со двајца луѓе што се мразат и караат, или уште полошо тепаат.
За детето е најдобро да живее во средина во која се чувствува сигурно, сакано и спокојно.
Некаде тоа е е со двајца родители, некаде тоа е само со еден родител, сеедно.
Апсолутно се сложувам. Не значи среќно семејство и среќни деца, ако се двајцата родители заедно. ММ има еден другар кој откако се разведе велеше дека со жена му повеќе се разбираат и живеат поубаво отколку во брак. Детето го израснаа заедно, на матурски, дипломски и тн... и што беше најсмешно, бившата жена вработена во една странска компанија па таму се запознала со некој и кога идеше во МК, овој отиде од аеродром да го земе. Па се зезаше - зетот го земав :D
Но ретки се таквите ситуации.

Убаво рече некој погоре - на човек можеш да му земеш, не да му дадеш - било што па и инстикт за родител.
Ја не ги оправдувам без разлика дали се мајки или татковци кои си ги напуштаат децата, па не сакаат да контактираат, а не пак да се грижат за нив.
НО, кога веќе се знае каква е ситуацијата, не гледам потреба со сила да се бара нешто. Ако некој изричито ти вели дека не сака да те види и да го види детето, што може да се очекува од него? Дека одеднаш ќе се развие татковството (или мајчинско чувство)? Не верувам во тоа.
Детето, ако од мало ги сфати постепено работите, нема да се изненади ниту ќе го бара.

А за плаќањето алиментација се сложувам дека секој треба да си ги изврши обврските. Но, треба да се биде спремна дека ако тој уште на почетокот не го сакал детето, ништо чудно да бега и од вакви обврски.


Туку, бидејќи темава е Проблеми на самохраните родители, а збориме дека немаат разбирање и помош од државата и другите, мене ме интересира од прва рака- конкретно со какви други проблеми се соочуваат самохраните родители (освен алиментацијата која отсекогаш и секаде била проблем) - Па да се развие конкретна дискусија
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 29 Јун 2012 17:43 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: eleonora, marincedarjan

Ре: Проблеми на самохраните родители 30 Окт 2012 03:09 #219377

  • rosalynde
  • rosalynde's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 23
  • Thank you received: 7
  • Карма: 1
Самохраните родители според мене се можеби и најголемите херои во едно општество. :da:

Искрено јас најмногу им се восхитувам.

Не сум била во таква ситуација (се надевам дека нема ни да бидам), но тоа што го знам е дека во многу животни аспекти, тие луѓе си го ставаат сопствениот живот на stand by, за да му обезбедат што поубав и поисполнет живот на своето дете, додека другиов “родител“ (само биолошки) си уживка и гајле си нема :fijuk: ...

Ако имаш бивш/а сопруг/а, не значи дека имаш и бившо дете... :zid: Намерно го потенцирав ова бидејќи не само татковците, има и многу случаи каде мајките си го “откачуваат“ сопственото дете откако бракот ќе заврши и го оставаат на таткото :tupco: И да, како шо пишаа погоре, кога децата веќе некој ќе ги порасне, тогаш им текнува „Ама јас сум ти мама/тато...“ :kamsik:

Само едно знам, фамилија со сила не бива...така што доколку некој одлучи да ве отпука сосе детето, барајте си сè она што ви следува, кога толку веќе нема човечност и родителски осет, барем материјално да помогне...затоа што утре тој “родител“ ќе проба повторно да му се доближи на детето (обично доаѓаат кога треба грозјето да се јаде и виното да се проба, кога се копа и кастри лозјето никаде ги нема, како во басната).

И сеа, дете како дете, немало убави спомени со него/неа, ама ако не се сеќава и на лошите работи (пример, било многу мало), башка тоа шо го копка дека му е родител, па ќе се јави оној момент „а што би било кога би било“ може ќе му/ѝ пружи рака. И? Шо напраивме? Еден живот фрлен џабе...

Ова е една од работите за кои не оправдувам втора шанса (за “родителот“), особено ако се јави предоцна на рецепција.
Последна промена: 30 Окт 2012 03:11 by rosalynde.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann, betavitevit, macika, Helix

Ре: Проблеми на самохраните родители 18 Јан 2013 21:05 #229987

  • marincedarjan
  • marincedarjan's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 4
  • Thank you received: 3
  • Карма: 0
Samohrana majka sum i te podrzuvam za gore kazanovo bravo.

Ima mnogu polosi raboti od alimentacija ne ja baram nit mi treba da tesko mi e ama imam veke golem muz do mene ke polni 5godinki a razmisluva kako za 15 znae takvi raboti da mi kaze i da me ukopa da neznam so da mu odgovoram . Od prokletava drzava ne ocekuva nesto nit imam zivci da baram ednostavno sama ke se boram imam zasto. Ne ocekuvajte nisto od nikoj ako sami ne si barate. Tesko e da kaj site e isto ama kaj nas samohranite majki e toa sto sme obelezani od narodov odma etiketi ni stavaat.poz
Последна промена: 19 Јан 2013 01:11 by Annabel Lee. Причина: Спојување два поста од ист член
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми на самохраните родители 19 Јан 2013 13:00 #230014

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Баш денес на ртс гледав емисија како ќе го решаваат проблемот со неплаќање на алиментација. Државата ќе формира алиментационен фонд од кој ќе се врши исплата на самохраните родители кои имаат проблем да ја наплатат алиментацијата од другиот родител.

Е после државата ќе го гони родителот неплаќач, а самохраниот родител нема да се замара и да моли за алиментација.




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 19 Јан 2013 13:02 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Pomosss 03 Јун 2013 05:28 #240261

  • jasminceto
  • jasminceto's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
kako da mu objasnam na 7 godisno dete deka ima tatko do sega go nema zapoznaeno nitu videno ne znae ni deka postoi ve molam za sovet
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.