Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Потење

Потење 23 Ное 2010 14:10 #76125

  • sandricka
  • sandricka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Најсреќна мама
  • Теми: 371
  • Thank you received: 135
  • Карма: 10
Здраво мамички. Не најдов ваква тема, а во последно време имам доста дилеми околу ова.
Што мислите дали е правилно детето ако се испоти одма да се пресоблече, без разлика каде е. Една пријателка го пресоблекува нејзиното детенце и надвор(конкретно на игралиште), без обзир дали е поладно времето или не. И често е болничко. Па незнам дали е од тоа, или од друго. Јас искрено мислам дека не треба одма да се паничи и без разлика на место да го пресоблечеш детето. Па така мислам дека повеќе има шанси да испонастине.
Навистина имам доста дилеми. Кои се вашите искуства?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 23 Ное 2010 14:24 #76132

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
  • Карма: 0
Ау Сандра, ние го имаме тој проблем одкако и се развија порите на кожата. Колку само сум ја пресоблекувала. Верува дека можно е и од тоа да се настинува. Јас навечер кога ќе ја легнев Анастасија после пола час морав да ја пресоблечам, ако случајно сум задремала и сонот ме фатил, кога ке се освестам таа е утоп мокра и телото и е ладно :( Многу проблеми имаме со тоа нејзино потење. Летно време да не пишувам, постојано, приморани бевме и косичката да и ја кратиме зашто кога ќе ја легневме да спие целата беше како од када извадена. Еве последно време послабо ми се поти, но и во градинка им потенцирам постојано да ја соблекуваат. Тоа е генски, не енешто за плашење. мене така ми кажаа за да не се секирам толку многу, зашто и јас си реков тоа потење толку многу не ќе е на арно. А кога ќе биде настината,ќе ја облечам за да и го загреам телцето а таа само што сум ја облекла се испопотила :(
Човек навистина незнае како веќе да ги облече. Ако ја облечеш маичка и дуксерче за пола час ќе се испопоти. Ако ја оставам само по маичка ќе и бидат ладни рацете и обравчињата. Ние го имаме овој проблем и незнаеме како да го решиме. :wtf:
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 23 Ное 2010 14:26 #76133

  • PiPoLiNo
  • PiPoLiNo's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 571
  • Thank you received: 243
  • Карма: 10
i jas neznam sto e popravilno
ke go kazam moeto iskustvo
znaci na rodenden vo igroteka go ostavam da se iznaigra i pred da si odime go presoblekuvam (nikogas ne go prekinuvam vo igrata za da go presoblecam, od aspekt sto mislam deka dzabe ke go presoblecam koga on ne zastanuva na mesto i pak ke se ispoti)
nadvor koa sme znam da mu piknam paloma izmedju maickata znaci prvo go zabrisuvam i stavam paloma, po potreba i nekolku pati mu ja menuvam(ova mi e skolo od majka mi :) )

doma znaci koa trca i izvodi go ostavam daa se izduva i koa gledam deka veke sednuva togas go presoblekuvam

znaci se na se ne ostavam da se isusi vodenata maicka na nego
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 23 Ное 2010 15:58 #76191

  • sandricka
  • sandricka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Најсреќна мама
  • Теми: 371
  • Thank you received: 135
  • Карма: 10
Моја Ева се поти ама мислам не претерано и тоа најчесто во косичката. Па затоа и летово и ја ишишавме кратка. И јас така правам кога ќе се изнаигра и пред идење, без разлика дали е во игротека или на гости, ја пресовлекувам.
Само не ми е логично, сега на ова време да го пресоблекувам детето надвор :nc:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 23 Ное 2010 16:18 #76211

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
И ние имаме мака со потење, некогаш е тоа поинтензивно, сега периодов како постабилизирана ми е малку, ама не знам дали е за долго, затоа што и дург пат се случувало.
Додека спие навечер, зимно време, скоро па секојпат ја пресоблекувам по еднаш. А за лето да не збориме. Се поти на грбчето и околу вретчето и одпозади и напред.
Ја пресоблекувам кога сме негде на затворено, а инаку надвор ако сме и ја приметам дека се запотила и ставам или салфетки или тенко пешкирче, никако соблакање надвор на вакво време. Никако не оставам морка маичка да се исуши на неа. Некогаш и навечер ако ја приметам додека спие дека се запотила, ама не е тоа страшно да мора да се соблече, и ставам исто или пешкирче или салфетки за да не ја деранжирам во спиењето ако веќе толку нема потреба.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 05 Јан 2011 17:31 #98943

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
  • Карма: 9
Дечки ние многу се потиме овие деновои, незнам дали детево ми е склетџија, или незнам што е работава, навечер кога се успива додека цица жива вода се прави, па го пресоблекувам па пак се презаспиваме, синоќа исто јас уклучив греалка на сред ноќ пошто смрзнавме тој се буди жива вода. Најчесто се поти кај вратчето.
Мајка ми вика да не има недостаток на калциум или некој друг витамин, се плашам да не е потењево резултат на слаб имунитет, вие како сте со потењето?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 05 Јан 2011 19:33 #98992

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
moze da e nedostatog na vitamin D ama kje se poti postojano i preku den.i ne samo vo predelot na glavata tuka po celoto telo.
inaku i moive se potea vo predelot na glavata dodeka cicaa,bez razlika dali e leto ili zima.
Последна промена: 05 Јан 2011 19:33 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 05 Јан 2011 20:24 #99025

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
I nie se potime dodeka cica obavezno,jas mu stavam ponekogas vo grpceto maramce i cica i maramceto e ziva voda koga ke go izvadam probaj taka stavi mu pogolemo maramce dodeka cica i koga ke go legnuvas samo izvleci go.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 05 Јан 2011 23:03 #99077

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Никола многу се поти. Навечер кога спие, преку ден ако се заигра, а па ако отидеме во игротека - утоп. Уште влечкаме насекаде со нас ранче со маици и блузи за преслекување.
Некни кога шетавме до Матка од што беше облечен со капа, шал и јакна, иако надвор беше минус температура утоп се направи во главата и ме опомена да не го облекувам повеќе така, туку потенко :hahaha:
на лекар прашував викаат дека такво си е детето - склетџија. впрочем и јас сум таква. цела зима дали два пати ќе облечам џемпер дебел.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 06 Јан 2011 13:54 #99304

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
  • Карма: 16
И ние ја имаме истата мака. Андреј се прави жива вода и додека цица и додека спие навечер. Се поти и преку ден кога нешто за него напорно работи и користи многу сила за да игра или кога многу оди. Кога сме дома постојано го пресоблекувам. Истото е и навечер, кога ќе се испоти вклучувам греалка и го пресоблекувам. Ако се испоти додека сме надвор, тогаш брзо, брзо се враќаме дома оти не сакам зимно време кога не сме дома да го пресоблекувам. А што се однесува до ставање марамчиња во грбот, понекогаш се случува и преку марамчето бодито и пижамчето да му се утоп. Така да некогаш ставам марамчиња, а некогаш не. Мислам дека и тоа дополнително му прави склет.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 09 Јан 2011 03:52 #99953

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Исто и белчо многу се поти, ептен ни е склетџија. Ние цицаме со тенко перниче на рака кај мене за да не се лепиме, а навечер се покриваме само со едно ќебенце. Борби имаме додека се облечеме во скафандер за да излеземе надвор. Ама тоа е тоа, ќе правиме се за да му олесниме
Баш читам неколку постови нагоре и најчесто се пишува за потење кај машките деца. Веројатно има вистина во тоа дека машките се посклетџии :emm:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 17 Мар 2012 17:00 #189332

  • Strumfetka
  • Strumfetka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • t.nade
  • Теми: 468
  • Thank you received: 52
  • Карма: 6
ne vodolija ne mora da e pravilo, Teodora od korito ja vadam i ne znam dali e mokra od banjanje ili od pot, abre luge dodeka ja oblecam e ziva voda....ama i golem skletcija e ne trpi ni kapa, ni dukser, cevlickite jas i gi oblekuvam ona gi soblekuva :hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 18 Мар 2012 06:52 #189389

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Јана исто се поти неверојатно многу, преку цел ден, кога си игра, а најмногу кога ќе заспие. Буквално утоп се прави...штом заспие едно 15-20 мин не ја покривам со ништо, после тоа само со тетра пелена па со тенко памучно чаршавче. Склет невиден е. Кога станува од спиење одма ја пресоблакам. Не практикувам да ја пресоблекувам додека спие, зашто има многу лесен сон и ако се разбуди-нема заспивање, па макар било 3 саат сабајле. марамчиња во блуза проаѓаа одвај само кога беше бебе, сега нема шанси, ги вади. Значи само редовно пресоблакање, и надвор не ја пресоблекувам, освен во лето. Па во текот на еден ден менуваме поради тоа шо се поти сигурно едно 4-5 блузи и едно 2-3 пара чорапи :tupco:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 18 Мар 2012 16:38 #189459

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
И моиве, и двете се ептен с’клетџики, се потат, утоп се прават. Кога заспиваат се потат околу вратчето и кај раменцата. Малово многу се поти додека цица, така заспива, цицајќи, а се поти и од памперсот. Додека заспива е боса, не ја покривам веднаш откога ќе заспие, туку под пижамката и ставам тенко платнено шамивче на грбчето. По 20-тина минути го вадам шамивчето кое е жива вода, но пижамката и останува сува. Многу често ги преоблекувам во сон, додека спијат. Откога ќе се уверам дека се суви и стабилизирани им облекувам чорапи и ги покривам со памучни ќебенца. Вреќичка никогаш не сме користеле поради потењево.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 21 Мај 2012 06:19 #199606

  • jasmina 25
  • jasmina 25's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 802
  • Thank you received: 64
  • Карма: 7
sinko vo posledno vreme mnogu pocna da se poti navecer,nokeska pernicata ziva voda i toj isto se budam edno vreme go gledam kako se tresi racinjata mraz mu bea stanav go presoblekov i zaspa pak...ne znam od sto moze da e ova potenje denski nemam problem i da igra i da trca ne se poti samo noke toa se slucuva...od sto moze olku da se poti?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 22 Мај 2012 04:07 #199781

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
  • Карма: 16
Андреј и во најладното зимоска се потеше откако ќе заспие. Обавезно го пресоблекувам отприлика саат, саат и пол откако ќе заспие, секоја вечер. Има вечери кога и косата му ја сушам со фен затоа што се прави утоп.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 23 Сеп 2012 18:03 #214389

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
  • Карма: 3
И моја Ана се поти кога ќе заспие, првите саат време, зиме-лете, нон стоп. Али добро е дека само на главчето се поти, на грбчето не. Ставам навлака од перница одзодола за да можам да ја извадам откако ќе ја намокри, ја бришам на главата со фротирска крпа, а за тоа време обавезно е без чорапчиња и леко покриена. Дури после кога ќе се стабилизира ја покривам убаво (дур не се открие де) :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 24 Сеп 2012 04:06 #214416

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Кај мене помалата се поти многу додека заспива. Се поти околу главчето, вратчето, раменцата и грпчето. Јас и ставам платнено шамивче кое го вадам откога цврсто ќе заспие и ќе се стабилизира. Не ја ставам да спие на перница, бидејќи сум приметила дека перницата ја поти ушт повеќе. Заспива без чорапи и откриена. Откога ќе заспие ја покривам, летно време спие боса, а зимно и облекувам чорапчиња. Поголемата исто се потеше, ама сега веќе не толку, само на челото кога е многу топло. Таа е голема с’клетџика, не трпи да е покриена и кога е најстудено, покриена е само преку половината, а нозете обавезно и се откриени, со чорапи.
Последна промена: 24 Сеп 2012 04:07 by Mama Sani.
The administrator has disabled public write access.

potenje 23 Ное 2012 13:01 #222669

  • pavpet
  • pavpet's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 4
  • Карма: 0
Мојот син има 4 години и многу се поти и тоа само кога спие,го пресвлекувам и по 3-4 пати.Во последно време и му мириса потта под пазувите,инаку крвната слика му е во ред.Дали има некој ваков проблем?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење 23 Ное 2012 17:44 #222720

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Веќе имам пишувано, еве и пак да се јавам на темава. СО потењево скоро секое дете го има тој проблем, мада не е и проблем. Од мал си беше син ми таков и до ден денес. Вечерва на роденден преслековме три долни маици и една блуза. А пешкирот ни е задолжителен реквизит. :D
И навечер кога спие се прави утоп.
Да не зборам кога е на тренинг. Бањат се враќа.
Летно време па, да не правиме муабет.
И никогаш не сме имале голем проблем со настинки и вируси.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: pavpet

Потење кај децата 05 Ное 2014 16:23 #252874

  • leonaangel1
  • leonaangel1's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 21
  • Thank you received: 5
  • Карма: 0
zdravo majki,imam 3 godishno dete no mnogu se poti osobeno pri spienje,prashuvav doktori nisto ne e kazuvat no zal mi sega zimsko vreme treba da go soblecam a se plasam ke nastine.Sto mislite vie kako da mu pomognam,Pozdrav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење кај децата 05 Ное 2014 23:06 #252878

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Воопшто да не се грижиш. Син ми има 9 години и се уште се поти многу. А фала богу не знаеме што се лекари и болести.
Ние на роденден да одиме носам обавезно пешкир и облека за пресоблакање. Исто и во спиење. Само не го пресоблакав оти додека спие и е загреан, кога ке го разбудиш, посебно зимно време, се лади и повеќе ќе настине. бидејќи знам дека се поти на перницата му ставам пешкирче да ја впива потта и навечер по потреба само му ја бришам главата.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Потење кај децата 06 Ное 2014 14:15 #252889

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
И мојов исто утоп се прави кога ќе заспие и лето и зима и тоа само околу вратот и понекогаш и главата. Ние го легнуваме со крпа околу вратот и по 1 час му ја вадиме.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: leonaangel1

Ре: Потење кај децата 06 Ное 2014 20:52 #252892

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
  • Карма: 2
Da go spodelam moeto iskustvo okolu potenjeto na moite deca, pogolemata e 3 i pol godini i od novorodence mnooogu se poti na glavata, na vratot, osobeno koga spie ziva voda e cel krevet (t.e. bese dur ne nsjdov lek), a i so maliot 15 mesecen e, imame periodi koga se poti na glavata i navecer ne spie, nervozen e , se budi... posle nekolku promeni na maticen lekar, segasnata maticna mi preporaca terapija so d3 kapki, 25 dena po 25 kapki, t.e. edno kafeno lajce, i ovaa pojava spored nea e kako rezultat na nedostatok na ovoj vitamin. Bidejki osven preku kapki, go dobivame preku sonceto, na leto ne gi dsvame kapkite, a koga kje se presmeta kolku realno se soncaat decata vsusnost samo gi krieme od sonce, davanjeto treba da e i na leto, pa so kjerka mi fala bogu se regulira, ne se poti veke i mirno spie, a maliot seuste e vo faza na niknuvanje zabi, cica, odbiva sekakva pijacka so cucla samo cice bara, uste maka macime navecer e nervozen, ima periodi koga pak mnogu se poti i togas mu ja zgolemuvam dozata duri ne zabelezam deka se smiril. Ova e moeto iskustvo!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, leonaangel1, Srna

Ре: Потење кај децата 06 Ное 2014 22:46 #252894

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
  • Карма: 3
Ќерка ми исто се поти многу. За илустрација, летно време во игротеките овие што се како надувани балони, со многу пентерење и скокање, се потеше толку што капеше вода од неа. Значи слично како да излегува од под туш. Јас гледам дека сите деца се потат, ама ова е стварно многу. Мораме постојано да ја пребришуваме и откако ќе се изигра трчаме дома да ја исушиме, не можеме да останеме да се шетаме. На спиење исто се поти, така што имам парчиња расечено од тетра пелена и секогаш ставам околу вратот, за после само да ги извадам, да не ја пресоблакам стално. Со маж ми не фаќаше страв ако не ја видиме испотена - викаме одма Т има. Сега гледам откако застуди не се поти баш, ту и тамо малку ќе се ороси и тоа не секој ден, дури и на спиење не се поти.
Разговаравме со матичната за оваа состојба во смисла дали може да е некоја здравствена состојба што го предизивикува потењето. Од нејзе добивме дека единствено може да е недостаток на витамин Д и дека се испитува преку крвна слика, преку вредноста на алкална фосфатаза. Нареден пат кога ќе имаме потреба да испитаме крвна слика ќе го провериме и тоа.
Така што тоа би бил примерот на bubale23. А знам и дека при нарушена функција на тироидната се јавува потење, јас и за тоа пројавив загриженост кај матичната, башка што ќерка ми има малку гуша. Е сега таа ја прегледуваше и ми тврдеше дека нема простор за грижа, дека на вратот тоа се само масни наслаги и дека нема никакви симптоми за таква работа.
Тоа алкалната фосфатаза секако ќе ја испитаме штом се пружи можност, да не правиме специјално. А за другово не знам.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: leonaangel1
  • Страна:
  • 1
  • 2