Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца

Предлог за прослава за 9ти роденден? 02 Мар 2013 17:54 #233909

  • met972
  • met972's Avatar
Bi sakal da slusnam vase mislenje, predlog ili sovet, kade da se proslavi 9-ti rodenden. Igrotekive sve se nekako "bebeski" odnosno za pomala vozrast.
Последна промена: 02 Мар 2013 19:21 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава за 9ти роденден? 03 Мар 2013 10:57 #233934

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
kuglana e interesna za taa vozrast
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава за 9ти роденден? 03 Мар 2013 16:59 #233950

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
Teatar, sega vnukata gi odnese tamu drugarkite od odelenie super si pominale,a drugarcinja od komsii gi pocasti vo slatkarnica, a vozrasnite dedo, baba i sl. doma na torta :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава за 9ти роденден? 04 Мар 2013 05:52 #233989

  • met972
  • met972's Avatar
Dolphin wrote:
kuglana e interesna za taa vozrast

bev vo novata kuglana vo city mall, interesno da, no poveke steta ke napravat otkolku da pominat ubavo, sepak kuglite se teski za nivna vozrast, pogotovo za devojcinja
The administrator has disabled public write access.

Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 04 Мар 2013 06:00 #233993

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
Ние 3 години по ред на поголемата ќеркичка и го славиме роденденот во кугланата во Борис Трајковски. Таа сега наполни 11, што значи сме почнале од 9-иот роденден. Е сега, мислам дека на децат апоинтересно им беше дури ланската година. А за тешко не знам дали е, јас не клуглав, но редовно на родендените кугла и мојата помала ќеркичка, која сега наполни 7 години и не се жали и ужива во куглањето секогаш.
Инаку за таа "критична" возраст која после трае неколку години нема голем избор. Од мое искуство тие се се' уште деца и и скрено не знаат сами да се анимираат. Прославите во пицерии и кафулиња се сведуваа на јадење, а по тоа играње брканица :). Киното или театарот овозможува децата да седат мирни и да проследат нешто интересно и корисно, но јас не ги сакам таквите прослави затоа што пак не нудат дружба меѓу децата, а роденденскит епрослави се за тоа според мене.
Има неколку игортеки кои нудат прослава во некој вид на диско амбиент, па зависи од децата - може и тоа да им биде интересно... Може да се искомбинира прослава во некое кафуле со некаква претстава - магеоничарска или нешто слично... Нема многу избор, но сепак мислам дека и во игротека на таа возраст се' уште ќе бидат среќни.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 05 Мар 2013 07:27 #234067

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
Ние осмиот го славевме во Би хепи дискотеката, супер се забавуваа децата, цело време им беше осмислено со игри за нивна возраст, здрвен дедо, скокање јаже, па газеа на едно со топки, со нозе со раце, сите деца беа вклучени во игрите.
Пред некој ден ќерка ми беше на прослава на 9ти роденден во Прима Данца, тоа е училиште за танц, ама веројатно слават и родендени.И таму многу било интересно, им пуштале песни и имале инструктор, им покажувал чекори за играње.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 06 Мар 2013 06:31 #234132

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Таа возраст кога не се ни ваму ни таму е многу зезната. Во игротека веќе не им е интересно, а баш за по кафичи и не се. Еве, сега син ми беше во Мекдоналдс на роденден- им било досадно. Последниве два родендена он ги славеше во интернет кафе- по негова желба. Ќе седнат на тоа компјутерите, заедно играат игри и два саата не мрдаат од столче. Далеку е од нешто креативно, ама повеќето од нив само тоа и ги интересира.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 06 Мар 2013 07:14 #234141

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Ние утре полниме 11 години и ќе го славиме во Мc Donalds. Прв пат инаку до сега неколу дечиња славеа таму и се задоволни. Ние снимивме ЦД со музика која ја сакаат и ќе се пушти па ќе шизат. Инаку нашиве сега слават или дома, или Вулкан , и опција филм во Cineplexx.
Мето 9 години сепак може да пројде во игротека. Ако од 9 години удрите по кафичи кај ќе ви биде крајот.
За куглање и јас размислував но стварно се претешки куглите за деца од нивна возраст и треба да се пази некој да не се повреди. Ајде ќе пишам утре како поминавме во Мc Donalds.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 06 Мар 2013 10:29 #234166

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Мацика, нешто си ми контрадикторна. Колку што знам Вулкан не е библиотека.
А, дома на никого не препорачувам- го јадев тој стап пре 2 години и никад више.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 06 Мар 2013 11:35 #234176

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
A што ти е контрадикторно???? :blink:
Па се знае што е Вулкан. Ама тоа не е место ни за нашиве од 11 години камо ли за 9 годишни.
Јас само пишав кај славеле децава од кај нас.
А да ти кажам овие лани што славеа дома еве и оваа година славеа исто по дома. Јас лично ниту имам услови да приберам дома цело одд. ниту пак имам живци за такво нешто.
Последна промена: 06 Мар 2013 11:36 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 06 Мар 2013 18:22 #234198

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
macika wrote:
За куглање и јас размислував но стварно се претешки куглите за деца од нивна возраст и треба да се пази некој да не се повреди. Ајде ќе пишам утре како поминавме во Мc Donalds.
Не се претешки куглите. Имаат различна големина и секако за децата ги препорачуваат тие најмалите - по тежина и големина на дупките во кои се ставаат прстите.
Ние бевме во кугланата во Сити Мол, со Никола, по негова иницијатива и ја бев со резерва, исто за кугливе, ама јок. Синко растураше како маваше :D
Инаку и ова не е лоша опција за прослава на роденден. Не знам како е само со цени ... па ако има некој инфо нека пише.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 07 Мар 2013 04:49 #234206

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
Big Sister, јас погоре пишав дека имаме 3 пати прославувано роденден во кугланата во Борис Трајковски. Не отидов да се распрашам за условите во City Mall, но мислам дека таму е покомплицирано и понеисплатливо. Еве денес сме повторно на роденден во кугланата (Борис Трајковски нели) и тие што слават ми рекоа дека се распрашувале и во CM, но ваму им се видело поповолно.
Инаку во Борис Трајковски принципот е таков што изнајмуваш колку ќе решиш патеки, на колку време сакаш. Јас секоја година изнајмувам по 4 патеки за 2 часа. Цената за изнајмување патеки од оваа година е нешто повисока за роденденски прослави, во однос на стандардните цени за изнајмување на патеките (а истите ги има има на web страната на спортскиот центар). Другите трошоци се за пијалоците за гостите и нели оние кои сами си ги правиме за грицки-мицки и торта. Инаку во Борис Трајковски немаат чинивчиња и прибор, па тоа треба да се носи.
Исто обично препорачуваме на гостите кои скааат да куглаат (а тоа се децата нели пред се') да си земат од дома чисти патики, зошто инаку од таму ќе треба да се изнајмуваат, а и тоа е дополнителен трошок, плус не знам дали имаат помали бројчиња за помали дечиња.
До сега, секоја година им било многу забавно на децата, особено ланската и оваа. Кога го славевме деветтиот роденден таму, како за прв пат беше ОК, но дел од времето децата играа и жмурки :laugh: .
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 15 Мар 2013 06:44 #234940

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Значи еве да го пишам и нашето овогодишно искуство од Мc Donalds. Децата си поминаа супер.
Имавме снимено музика од Оne Direction i Jastin B. и се изнаиграа и изнашизија. Имавме некаде околу 23 деца. Супер си поминаа и искрено никад поефтин роденден не сме имале.
Плус сите деца јадеа (сите сакаат нели јunk food) а кога се во игротека никое ништо не каснува. Вака сите вечераа и плус јадеа крофни , торта не смее да се носи. И секако си нарачав убава торта за дома која не чинеше 2000 ден како и секоја година туку само 900 ден. голема од Гријаж. Се на се супер задоволни од роденденот.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 15 Мар 2013 20:03 #235012

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
Во Be happy има просторија која е направена како диско прилагодено за деца, значи се по список-од озвучување, до светла и се, со + занимација мини кош и конзола за играње и со девојки задолжени за анимирање на децата. Неколку пати сме биле и баш е добро, децава уживаат. И плус има дел веднаш до тоа каде што на раат може да седат родителите. Таман за онаа возраст „измеѓу“.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 04 Јун 2015 22:00 #254605

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Nie sega sme pokaneti na rodenden vo kuglana. Ne sme koj znae kolku golemi ama bash mi se dopadna idejata decata da kuglaat.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Предлог за прослава на роденден за поголеми деца 05 Јун 2015 13:44 #254627

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Лани, среќа дека е Никола роден во лето, прославивме на базен, во вила Ирина во Припор. Децава уживаа. Годинава роденденот му е баш кога сме на одмор, па кога ќе се вратиме ќе покани неколку другарчиња и му реков да си избере каде сака - куглана, базен т.е аква парк, кино.
Сите на негова возраст веќе така слават. Дури едно детенце видов слики славело на пејнтбол.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.