Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Што послужувате на роденден во игротека

Што послужувате на роденден во игротека 19 Сеп 2012 09:48 #213888

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Сега на Марта и е роденден па ке славиме во игротека и незнам што да послужам.Роднини ги знам колку се,ама од градинка ако дојдат сите 20 деца сосе мајки некако многу ми е.Мислев да правам ордевери,и руска салата ама за 40 луге многу пари ми се. Од друга страна мислев само пици ама на родниниве само пици некако ми е срамота.Вие што мислите не ли е страмота роднините на една страна -послужени со ордевери,а за градинка мајките само пици.Вие како правите?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 19 Сеп 2012 09:52 #213889

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Тазе тема ми е ова, па да напишам :)

Прво, нелогично ми е да ги поделиш гостите. Тоа што имаш - за сите нека биде. Друго, јас на пример претерав со носење храна. Фул беше и многу ми остана. Имав месо, салати, домашни грицки, мини пици, пица-лиснато, ордевери ...
После тоа бев на друг роденден и тоа ми се виде оптимално некако. Имаше мешано лиснато и кифли, ордевер, салата и кикирики на секоја маса. Таман беше ...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 19 Сеп 2012 10:00 #213891

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Nie pred dve godini pravevme rodenden vo igroteka, imavme okolu 40 vozrasni i posluziv kiflicki, francuska salata i ordever salamcinja i kaskaval, znaci voopsto ne preterav so hrana a pak se ostana. Kiflite gi kupiv od edna zena, sekogas za sekoja prilika kupuvam od tamu kifli, od kaj Jovanka od Kozle, ne mi teknuva za cenata dali bea 400 denari okolu 50tina kifli, ako ve interesira konkretno ke prasam pa ke vi kazam, salatata ja zemav od gotovi jadenje posle Kapistec sto se naoga, si kupiv od vero salamcinja i kaskaval si gi narediv i toa bese toa. Za decata normalno gricki i smoki, ama mislam toa od igrotekata deka go davaat. Mislam deka ova e sosema dovolno hrana, nema potreba od nisto poveke i onanka vremeto e kratko. Znaci se na se ne bi trebalo da fati poveke od 2000 denari.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 19 Сеп 2012 10:02 #213892

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Ние послуживме само пици....Се друго беа пијачки и грицки од игротеката :)

А ќе се сложам со Дамјана, не можеш да ги делиш луѓето, малку е навредливо...Секој од тие луѓе одвоил средства и време да дојде и да го испочитува роденденот на твоето дете и во иста мерка треба да им вратиш :) Оаа варијанта што ја кажа Дамјана како оптимална, мислам дека ти е исплатлива и не многу скапа.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 19 Сеп 2012 10:09 #213893

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
И јас би се навредила доколку така ме поделат. Воопшто ич не размислувај на таа варијанта.

Ние одиме често по игротеки на роденден и секој колку има толку. Јас воопшто не би се устручавала многу многу. Би си нарачала мини пици и грицки за децата, кај возрасните обичен ордевер, една крем салата, кифлички. Сега на последниов роденден кај едни пријатели имаа како Анабел нарачано пици, исечени на коцки, кикирики и пијалок.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 19 Сеп 2012 10:49 #213895

  • lana.dexter
  • lana.dexter's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 35
  • Thank you received: 6
  • Карма: 0
Јас секогаш служам купени кифлички (200 ден. / кг.), салати ( една до две ) и увек викам не праам ордевер пошто во салатата го има истото (?) и на крај пак праам и ордевер и никад не ме коштало 2000ден. секогаш е повеќе како и да гледаш... Ептен ми е мачно, носи, прави, мисли па дали е малце/многу... не верувам дека ќе знам подобро да дозирам и за наредниот роденден :kez:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 19 Сеп 2012 13:19 #213904

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
  • Карма: 3
Баш ме интересира што вообичаено се носи за роденденски подарок на детенце кое го знаете од градинка. Дали нешто симболично, до која сума?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 19 Сеп 2012 15:57 #213918

  • blair waldorf
  • blair waldorf's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 284
  • Thank you received: 89
  • Карма: 1
А еве колку салата,колку кифли и колку сувомеснато+кашкавалче за 40 возрасни? Немам појма колку да се купи количински??
bebe82
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 19 Сеп 2012 17:24 #213923

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Кај другарчињата од градинка на ќерка ми најчесто носиме едукативни играчки, сложувалки, едноставни сликовници на англиски јазик, комплет со боици и слично.
За роденден во игротека послужуваме пици, кифлици, ордевер со кашкавал и сувомеснато, руска и француска салата и се разбира пијалоци и торта.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Зока

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 19 Сеп 2012 17:53 #213926

  • Koni
  • Koni's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 326
  • Thank you received: 102
  • Карма: 9
Eve bidejki nas ni se blizi rodendenot ke go kazam naseto meni. Ordever so suvomesnato,kaskaval,redena salata I urnebes I jas namesto kiflicki si naracuvam vrteni piti od milenium iseckani na parcinja, a za decata ovaa godina namesto pici ke im naracam forneti. I normalno diplomat torta od kanela :) . Inaku 2 godini po red namesto ordever suvomesnato naracuvav ordeveri so skara od kaj zlate, ama godinava malku promena.
M 2007 :srce:
MM 2010 :srce:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 26 Сеп 2012 19:13 #215022

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
samo gricki, za dva saati nikoj nisto nema da izede, sve mi ostanuvase, pa mrzni pa pusti, vaka gricki micki, pijacki i fala prijatno :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 27 Сеп 2012 02:48 #215040

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
Мислам дека еднаш имаше ваква тема? Каде отиде?
Инаку и јас се согласувам со prasence дека е кратко времето во игротеките, дел од луѓето доцнат, па затоа јас послужувам грицки (лешничиња, ф'стачиња, бадемчиња и кикририки - кај возрасните, смоки, чипс, квики- или ако има грицки за деца од игротеката - тоа што тие нудат - за децата), и обично имаме некои мини пици или во последно време форнети. И нормлано - пијалоци и задолжителната роденденска торта.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 27 Сеп 2012 03:42 #215053

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Ne e bas taka deka nema da se izede. Servirav oredeveri,4 pakuvanja kifli,ruska, i plus dve pici dambo golemi i veruvate deka nisto ne ostana. MM na srede rodenden idese da dokupiva kifli i sokcinja za decata a imav preku 40 mali sokcinja.
Imav 14 rodnini,i plus i dojdoa 13-14 deca od gradinka sose roditeli bese dungla.
No super si pominavme.
Na sledniot rodenden ako pravam bez rodnini ke naracam samo pici bez ordeveri.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 27 Сеп 2012 03:48 #215056

  • Svetulka
  • Svetulka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 456
  • Thank you received: 127
  • Карма: 6
Nie imavme kiflicki, ordeveri i salati. I iako nemavme mnogu gosti, ni jadenje nemase mnogu ama sepak SE ostana...ama bukvalno se...dali 5 dusi dojdoa da pozemat nesto posto bese svedska masa. Znaci ako stavas svedska masa stvarno ne preteruvaj... A ako redis po masi ke se izede poveke vo sekoj slucaj.
Inace za sledniot rodenden planiram samo pici da stavam nikakvi ordeveri i sl. Iako za mnogu luge mislam deka ne e bas isplatliva picata...ma zdravje do togas
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 27 Сеп 2012 04:15 #215061

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Кај нас секој роденден е со горе доле сличното мени.
Еве имавме роденден пред месец дена, и имавме две врсти на салати, ордевер со печеница, сланина, врат, пушено пилешко, кашкавал, сирење, свежа салата, потоа кифли со сирење, кифли празни и пица ролат, грицки..Со салати дефинитивно претеравме и ми остана така позамашна количина, па и од месените работи ми остана доста. Со ордевери некако оваа година скративме од лани затоа што лани повеќе од пола на крај фрливме, и оваа година ни остана ама некако ние бевме во есапот поспретни и не беше страшна количината која остана.
За пиење имаше се.
Инаку и покрај редовната бројка на гости која ја имаме на родендени и е цца 40 возрасни и дечиња еден куп пошто ни се сите со деца скоро :) , имавме и едно 15тина родители од градинка со дечињата. И не би ми паднало ни на крај памет да ги двојам во јадењето, затоа што од мој аспект е тоа премногу понижувачки по било кој основ едни да јадат други да не јадат, а овие па ако се од градинка не значи дека ми се помалку драги од другите. Јана беше пресреќна со тие дечиња и постојано ме прашуваше кои и кои другарчиња ќе и дојдат од градинка, секој ден. А роденденов е нели за детето па после за мене. Мислам и случаен минувач да ми се најде на роденден ќе биде услужен како и секој друг. А и ние на многу родендени од градинка бевме и на ниту еден не бевме поделени ама баш за ништо. Со некои од родителите во меѓувреме сме станати и куќни пријатели а пак ќе кажам без разлика на ова никогаш ни во сон не би ми текнало едни гости да ги служам со едно, други со друго. Па и подароците кои ги добивме од градинка беа сите до еден преубави и од срце дадени, ниеден не беше реда ради, значи нас не ценеле а јас да ги исшутирам (да не бидам сфатена погрешно, нека дошле и со празни раце, најмалку битно).
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 06 Окт 2012 08:39 #216587

  • mama ana
  • mama ana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 455
  • Thank you received: 166
  • Карма: 1
Dali za rodendenite vo igrotekite sluzite alhoholni pijaloci? Jas sum protiv toa da se sluzi alhohol vo igrotekite.
Pred nekoe vreme so mm i sinko otidovme vo edna od skopskive igroteki na dneven prestoj ama vo momentot imase i rodenden i celata prostorija mirisase(smrdese) na alhohol, i odma si izlegovme :angry:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 06 Окт 2012 10:23 #216594

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Мама Ана, сум била на безброј ама буквално безброј родендени. Значи пред да бидам мајка имав блиски со мали деца, па одкако станав мајка некако повлековме нога па сите во друштвото ни се сторија со деца, и деца нормално продолжија и понатака да си се раѓаат, а плус одкако почнавме да одиме и на родендени од градинка, бројката стана огромна. Значи годишно одиме на многу родендени. И на ниту еден роденден не сум видела да не се служи алкохол, ама баш на ниеден.
Па алкохолот не може да смрди вака според моето скромно мислење ако се конзумира по масите, освен ако некој не е ѓон пијан па да им смрди на сите околу, а таква слика па до сега на ниеден роденден во игротека не сум видела.
Роденденот е пред се за да се изнауживаат децата, ама не можеме и на возрасните па баш сите задоволства да им ги скратиме.
Најбитно од се е што по игротеки не се пуши за разлика од до пред некоја година што беше страшно, да се пуши во игротека и тука веќе разбирам да домаќинот (на времето кога се пушеше) инсистира да не се пуши во игротека. Ова уствари и смешно е да се дискутира. Ама алкохол да нема ми е ту мач. Пак ќе кажам, според моите сетила за мирис тврдам дека не мириса, мене никојпат не ми засметало до мене некој да пие пиво или вино или коњак на пример, а плус нашите мали сонца секако дека некогаш ќе дојде ред да одат (не знам колкаво ви е детенцето) во некој ресторан, кафич и слично. Таму не може да инсистираме да нема алкохол.
Последна промена: 06 Окт 2012 10:25 by bubamara.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee, Nebo, mama ana

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 06 Окт 2012 17:34 #216628

  • mama ana
  • mama ana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 455
  • Thank you received: 166
  • Карма: 1
Sinko ima 5 godini i nie do sega sme bile na mnogu rodendeni vo igroteki osobeno kaj drugarcinja od gradinka i na nitu eden rodenden nemam pocuvstvuvano mirus ba alhohol,no ova sto go vidov vo igrotekata za koja sto zboruvam voopsto ne mi se dopadna,mozebi polovinata od gostite piea viski i navistina se cuvstvuvase mirisot,a vo istata prostorija si igraa decinjata.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 07 Окт 2012 13:26 #216692

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Ние не ставаме „ембарго“ на ниту една пијачка што ја има на листата од игротеката, гостите си нарачуваат тоа што сакаат. Досега не се случило некој да се поднапие или пак да почувствувам мирис на алкохол, ниту кај нас, ниту пак на некој друг роденден каде што сме биле поканети.
Мама Ана, од виски не се осеќа мирис на алкохол, мора да бил некој друг поефтин алкохолен пијалок, како коњак или шток.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mama ana

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 22 Ное 2012 08:43 #222469

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Мала помош ако може, на синко му се ближи роденденот, ќе го правиме во игротека, планирам да послужам кифличка, крем салата и ордевер салама и кашкавал. Во игротеката ми рекоа јас само да го донесам јадењето, а они ќе наместат во тањири на шведска маса. Е сега незнам колку салама и кашкавал да земам, ќе бидат околу 40 возрасни и 15 деца. Знае некој од искуство да ми каже за толкав бројка на луѓе колку грама салама и кашкавал да купам отприлика?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 22 Ное 2012 08:55 #222472

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
Ние купуваме по 1,5кг сувомеснато и 1,5кг кашкавал отприлика за 35 возрасни. И мене ми е списокот со 40тина души, ама често се случува да не дојдат сите. Салата отприлика правам во едно големо тенџере, а кифли нарачуваме 3 кг.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cuvce

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 22 Ное 2012 09:06 #222477

  • blue eyes
  • blue eyes's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 72
  • Thank you received: 15
  • Карма: 0
Nie koga pravime,imam okolu 22-23 vozrasni i 17-18 decinja...
Posluzuvam so dve vrsti na salata,dva golemi ordeveri so suvomesnato,kiflicki,uste nesto meseno,kako banicki ili pita
Za decata imase od igrotekata smoki,solenki,cipsovi,jas im napraviv sendvici,onie klasicnite od baget lepce soputer,kaskaval i salamce...
Od pijaloci koj sto si saka,kaj mene pretezno naracuvaat pivo,ama ne vo kojznae kolkavi kolicini,a neznam ni dali samata igroteka sluzi viski,i slicni alkoholni pijaloci,znam deka ima vinca od malite..
Inaku jas za ovi gosti kupuvam po 500-600 gr od suvomesnatoto i mi e TOP,taman si e duri i vrakjam...za prviot rodenden me zeznaa demek po kilo,a istite luge bea,moze + uste 7-8,i da vi kazma se mi ostana,neznav doma sto da pravam so tolku suvomesnato,pa prakjav na mm na rabota sekoj den da nosi, da gi casti :)))
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cuvce

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 22 Ное 2012 09:06 #222478

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
  • Карма: 0
Mikimaus mm vcera imase imenden. Imavme 20 gosti, nie kupivme 1kg kaskaval od koj se izede polovinata, sunka isto 1 kg od koja se izede okolu 300gr, ama zatoa pa se izede vrat 600gr, pecenica 400gr, kulen 400gr.
Napraviv 40 kiflicki ( mafin, solenki ) mi ostanaa 20 I nesto.
Salati sekogas pravam vo golemo tendzere, ostanaa od site salati po nekolku gr.

Decinjata bas bas I ne jadat mnogu, a I roditelite ne jadat mnogu po detskite rodendeni.
Dovolno ti e 1,5 kg kaskaval, 1,5kg sunka, a mozes I da zemes po 500-600 gr vrat, pecenica.
Kiflicki napravi 1 doza solenki, 20 mini picicki ili pica mafin I mozes da gi napravis prasinjata gi imase vo temata mi treba recepta bas se interesni za decinja, a I od 1 doza izleguvaat 20.

Ova se bi trebalo da bide dovolno, I poveke od dovolno :)


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cuvce

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 22 Ное 2012 09:35 #222484

  • milicka
  • milicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 266
  • Thank you received: 175
  • Карма: 3
jas tuka procitav za vrtena pita od milenium i naracavme. prvo bev skeptik deka mrsnicka, kako burek ama gostite koga i viknaa... :aham: site se voodusevija
The administrator has disabled public write access.

Ре: Што послужувате на роденден во игротека 03 Дек 2012 05:41 #224142

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Update od rodendenot, kupiv 1,5kg suvomesnato, 1,5kg kaskaval, napraviv salata so makaroncinja edno pakuvanje od 500 g, 600 g sunka, dve krastavici, sirenje 400 g i 3 pavlaki, izleze skoro 2kg salata i edna doza kiflicki vo koja ima 90 parcinja. Imase okolu 40 vozrasni i 15 decinja, od seta hrana se izedoa skoro site kiflicki, a od drugoto mi ostana skoro pola i poveke. Sreka doma sme bajagi luge pa nisto nema da frlam, uspeavme za dva dena se da skrkame :laugh: I so tortata go preterav, naracav torta od 70 parcinja, i mi ostana poveke od pola torta, ke se cudam sea so praam so nejze, ke moram da ja secam na parcinja i da gi zamrznam.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2