Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Тикови кај децата

Тикови кај децата 22 Авг 2012 04:07 #211113

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
Мислам дека нема ваква тема....ако има нешто слично преместете ме :)

Имено,пред 2-3 дена Матеа неколку пати на ден (5-6 пати) почна да изведува нешто...малку тешко за објаснување...знаете кога ќе падне дете па зимате онака тешко воздух викајќи иииииии :sram2: .....како да се гуши...ќе ја отвори устата,вика ааааа и така зима тешко воздух....ќе ја погледнам, ќе викнам НЕ така..или ќе и дадам нешто и моментално престанува.
Вака правеше и на некои 5-6 месеци...ќе ја држи 3-4 дена и ќе престане. Еве сега по 6 месеци пак.
Тоа го прави само кога изводи нешто...кога се пушта да оди, кога има 5 работи у рака и бута у уста....да ја занимаваш нешто или да шетаме негде надвор, да е преокупирана воопшто нема да направи. Незнам дали има место за паника или само глумата нешто.
Јас на што не помислувам...да не не може да диши, па да не се гуши нешто, да не не и е во ред срценцето...абе 300 глупости.

Исто кога сме кај темава брат ми како мал дете од 2-3 годинки еден период толку гласно се издишуваше по 100 пати на ден ко да ја носи цела тежина на светов у себе. Прашувај го тешко ли ти е нешто,ти тежи ли на градите нешто...он не....го носевме по лекари ништо нема,здраво,право...па по едно време престана. Ни рекоа дека се некои тикови и престануваат.
Исто братучедка ми како мала намигнуваше со двете очи истовремено...ама толку често и континуирано што ја скапаа од носење по очни лекари и ништо...рекоа тик и престана по некое време.

Прашањево ми е имам ли јас место за паника...да ја мкнам ли по доктори??
The administrator has disabled public write access.

Ре: Тикови кај децата 22 Авг 2012 04:33 #211116

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Сега како ќе почнува да збори и ќе сака да каже одеднаш се, ќе забележувате и други промени.
Син ми знаеше некогаш од што сака брзо да каже нешто, на моменти како да губи воздух или па да почне да повторува еден збор неколку пати...полека и смирено ќе го опоменев да не брза и како ништо да не било.

Гледам и внук ми знае понекогаш да направи некои такви потези како ќерка ти, така што мене ми личи на глуматарање, детска игра...
А мислам и дека ако навистина е проблем со дишење, поинаку ќе се забележи, а не да прекинува кога ќе ја опоменеш.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.