Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Избор на спорт за деца

Избор на спорт за деца 17 Апр 2012 09:03 #194912

  • Snoopy
  • Snoopy's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 293
  • Thank you received: 238
  • Карма: 15
mamaAnita wrote:
Здраво Весна,
Поголемата ќерка има 7 години. По природа е плашлива и срамежлива, воопшто не сака нови работи, првиот чекор и е многу тешко да го направи. Откако ќе се запознае со некоја нова работа, се навикнува и добро и оди. Пред 2 месеци ја запишавме на ракомет (не по нејзина желба) и интересно и е, се запозна со другите девојчиња, сака да напредува, да научи повеќе. Не сум сеуште сигурна дали засака или повеќе сака да му удоволи на татко и, бидејќи еднаш ме праша до кога ќе оди на ракомет :unsure: . Прашањето ми е дали јас како родител треба да ја форсирам и да инсистирам на нови работи, зашто сметам дека така ќе ја надмине плашливоста и ќе и се зголеми самодовербата или да не ја носам на никакви воншколски активности се дури самата не пројави желба?
Јас ако може лаички би дал еден коментар. Нема да се налути докторката.
Колку што сваќам, девојчево оди по желба на татко и на ракомет бидејки велите дека сака да му удоволи на татко и. Погоре читам срамежлива и плашлива. Тоа што е срамежлива не игра улога али плашливоста да. Сега ми доаѓа на памет едно прашање. Дали Вашиот сопруг гледал ракомет, макар и на тв???? Во ракомет кој спаѓа во еден од погрубите екипни спортови (по ватерполото) ако нешто човек не треба да има тоа е плашливоста. Не знам од каде му/Ви таква идеа. Пак велам, лаички зборам, ама мислам дека овде не важи народната „клин со клин“. Праќајќи ја на жесток спорт не мислам дека ќе и го решите проблемот со плашливоста. По таа логика сите ние кои се плашиме од кучиња треба да не врзат до куче да ни мине стравот.
Од спортски аспект (еве и да ги надмине сите стравови и да го засака спортов) чим веќе почнала да Ве прашува до кога ќе (треба да) одам, ништо отпишете ја. Најдете и нешто посоодветно, нешто каде ќе и биде мерак, ќе се чувствува задоволно и среќно и ќе сака да напредува. Овде се ми изгелда дека оди и вежба чекајќи да заврши тренингот, а така Индира Кастратовиќ не се станува.

Се извинувам што вака улетав пред докторката, ама некако појако беше од мене. Се надевам администраторката нема да го избрише моево скромно мислење.

tnx.
Иван А.
с.р
Последна промена: 17 Апр 2012 09:05 by Snoopy.
The administrator has disabled public write access.

Ре: ​И​​з​​б​​о​​р на спорт за деца 17 Апр 2012 10:18 #194925

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
А јас лаички ко што разбрав, ракометов во прашањево е второстепен, само како пример е даден за воншколска активност, а не дека баш мора на ракомет да оди.
Последна промена: 17 Апр 2012 12:01 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: ​И​​з​​б​​о​​р на спорт за деца 17 Апр 2012 11:45 #194932

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Snoopy wrote:
Се извинувам што вака улетав пред докторката, ама некако појако беше од мене. Се надевам администраторката нема да го избрише моево скромно мислење.

tnx.

Eве пошто беше појако од тебе, а да не испадне администраторката пак лоша :zelen: не се избришани пораките туку само преместени во нова тема па може да продолжи дискусијата.

Е сега од лично искуство - значи мене ми беше многу важно Никола да се занимава со спорт. Се распрашував и претходно, во опција беше пливање, па потоа ни предложија фудбал, но сите отпаднаа од причина што тој не сакаше. Избра карате.

Дека имало моменти кога се појавувал отпор, имало. Проблем беше на почетокот кога се соочи со тренинг од 1 и пол час во тек на кој цел еден час вежбаат загревање, а половина час е карате. Додека стекнат навика децата. И имаше моменти на двоумење кај него, па направи дури и пауза - го искористивме големиот студ и да не го носиме по ладното, а и да малку се стабилизира и се договориме со него како понатаму. Па имавме дома разговори, истакнување на позитивните страни од занимавање со спорт и тн... и тоа помогна. Односно се покажа дека е моментална слабост, но ако продолжеше отпорот од негова страна, немаше да го терам со сила.

така што верувам дека ако сака твојата ќеркичка нема да и е проблем. но немојте со сила и да биде само затоа што тато или мама сака.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 17 Апр 2012 12:02 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: ​И​​з​​б​​о​​р на спорт за деца 17 Апр 2012 12:53 #194938

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Според мене, многу е важно спортот да биде застапен во развојот на детето. Убав спорт е пливање, иако ниту еден спорт не може да биде лош (освен бокс :blink: ).
Кога ќе потпорасне Димитар, би сакала да го запишам и на шах. Зависи и од темпераментот на детето, ако е попасивно, тогаш треба и спортот да е таков. Откако ќе прооди, ќе почнеме да го носиме со нас на планини, полека да стекнува кондиција, да ја засакува природата, да се движи.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 17 Апр 2012 13:00 #194939

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
  • Карма: 5
Bas pred nekoj den mislev da otvoram edna slicna tema za toa dali decata treba da se forsiraat kon nekoja von skolska aktivnost i pokraj toa sto tie samite ne pokazuvaat afinitet ni zelba ni talent za taa aktivnost, moe skromno mislenje e deka ne, ne treba da se forsiraat, treba tie samite da odlucat da kazat i pokazat zelba i volja da pravat ili sportuvaat nesto vo sprotivno moze samo da se dobie uste pogolema odbivnost kon toj sport ili taa aktivnost, a ponatamu vo zivotot i mnogu licni frustracii, istovo go mislam i pri izborot na fakultet i smetam deka roditelite ne bi trebalo da im nametnuvaat, da se meshaat i da sugeriraat vo toa, moze od nasa strana da dademe sovet, mislenje, megutoa izborot sekogas treba da bide na nasite deca, a nie kako roditeli da gi poddrzime celosno vo toa
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 18 Апр 2012 06:32 #195020

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
Проблемот со моето дете е што се плаши од непознатото. Кога ќе се запознае со конкретната работа и ќе види дека нема ништо страшно се навикнува и прилагодува.Во таа насока ми беше прашањето, дали да ја натерам на првиот чекор за да видам дали нешто ќе и се допадне, и лежи, има талент за тоа...Таа за ништо не пројавува желба, зашто се и е непознато и страшно.
Во врска со спортот таман работа дека сакам да стане врвен спортист, едноставно сакам да спортува за правилен физички развој, по 8 саати седење во клупа.
За ракометот и јас бев против, груб спорт ми е, а ќерка ми нежна, ама мм предложи (по гледање на ЕП :) )ја однесе да видат и почна. 2-3 пати и јас сум била и позитивно се изненадив колку е интересно, какви вежбички им прават, секој час различен, има и смешки, колку станува посигурна ќерка ми кога Индира ќе и рече БРАВО! Таа вели дека и е убаво сега за сега, па ќе видиме понатаму, со сила нема да ја носиме (само првиот чекор ни е со сила).
Лани ја носев некое време на балет, таму супер и беше, ама рече дека не сака веќе да оди и прекинавме.
До сега за ништо самостојно не пројавила желба, па затоа сметам дека јас треба малку да ја поттурнам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 18 Апр 2012 06:43 #195024

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Sekako deka dodeka se mali decata, roditelite se tie koi ke im pomognat da se prilagodat na nova situacija. Decata se razlicni, nekoi povleceni, nekoi brzi, nekoi spori, nekoi otvoreni ... ne moze kaj sekoe dete ist metod. Za mene e normalno da odneses dete na proben cas, da vidi, da oseti atmosfera ... ako saka - ok, ako pravi otpor i ponataka, normalno deka nema so sila da go nosis. Ke se macis i ti i toa.

Ama sto da se pravi so povleccenite deca? Da gi ostavime sami da se iskazat? Pa mozebi nema do 12-13 godini nisto da pobaraat. I? Super, nema maka i za nas :) Jas ne sum takva. Jas bi probala se' za da ovozmozam poveke na deteto ...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamaAnita

Ре: Избор на спорт за деца 18 Апр 2012 06:55 #195028

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
mamaAnita wrote:
До сега за ништо самостојно не пројавила желба, па затоа сметам дека јас треба малку да ја поттурнам.

Да, ОК е родителот да иницира, без разлика дали бара или не детето да се занимава со нешто. Се разбира зависно од возраста. Но кај нас пак работата беше што на сите предлози тој изричито си кажуваше - не сакам и точка :laugh:
За каратево сакаше, ама едно време и него го фати малку сафра, т.е почна да се двоуми, поради напорните тренинзи. Малку седеше дома - среќа тогаш фати и зимото ептен ладно, па викавме дека нема да оди поради снегот. Ама го искористивме тоа време за зборење и позитивно поттикнување, со примери со истакнување на предностите на спортот и тн...
И се врати на старите стази. А тек кога го доби кимоното се воодушеви. Сега по секој тренинг е интересен кога кажува како вежбале ката за да полагаат за повисок ранг... а тек дома кога вежба на мене :muahaha: е тоа треба да се види.

Така што се сложувам со Дамјана, а веќе и ти мамаАнита си кажа - дека треба да се поттурне малку детето, да се развие интересот кај него, па полека, верувам ќе успеете.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 18 Апр 2012 06:56 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamaAnita

Ре: Избор на спорт за деца 18 Апр 2012 07:21 #195038

  • Chocolate
  • Chocolate's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 900
  • Thank you received: 273
  • Карма: 13
Јас сум за ракомет , нема поубав спорт :da: :zelen: дружењето кое го има во спортот не го заменува ниедна друга активност, освен тоа децата се учат на здрав живот . Сметам дека колку помали почнат толку подобро, ако детенцето си има талент може и да си се занимава професионално , како и да е и рекреативното спортување јас лично би настојувала да е застапено кај моите дечиња





Границата меѓу уживањето и злото, олицетворена во чоколадото, е толку фина и престижна,...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 18 Апр 2012 12:12 #195085

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
  • Карма: 5
i jas kako mala sum bila mnogu sramezliva, povlecena, se sekavam deka sekogas koga ni doagaa gosti ja se kriev vo soba, ne sakav da izlezam da se pozdravam :tupco: podocna vo pubertet se promeniv i sega ne sum ni senkata od toa sto bev kako mala taka da veruvam deka poveketo deca pominuvaat niz nekoj takov period, vazno e da se otkrie pricinata, dokolku ja ima, za takvoto odnesuvanje, mozebi kaj nekoi deca e toa nesto vrodeno, karakterno, megutoa moze da bide i posledica od nesto zatoa so decata sekogas treba da se razgovara, mozebi e od nesto isplasena, nesto sto i ostavilo nekoja trauma

e sega vo vrska so talentite na decata, smetam deka sekoj roditel treba budno da go prati deteto so cel da vidi za sto e sposobno ili sto mu se dopagja, mozebi tie nema da ni kazat megutoa po nekoi nivni postapki moze sami da zaklucime za sto nasite deca bi bile dobri i ne mora sekogas da bide nekoj sport, znam deka e zdravo da se sportuva megutoa ete ima deca pomrzelivi ili ednostavno ne go vlece nieden sport tuku saka da crta, da boi, da pisuva poezija, da tancuva, da pee itn

vo slucajot na mamaAnita da, tocno, se slozuvam deka e dobro na nekoj nacin da se pottikne nesto vo deteto, da se odnese na proben cas, jas rekov deka sum protiv koga so sila na decata im se nametnuva nesto ili so sila se nosat na nekoja aktivnost i pokraj toa sto tie izrichito rekle deka ne sakaat i ne im se dopagja istata
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 19 Апр 2012 11:27 #195244

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2981
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Мнооогу размислувам на оваа тема, и ММ исто така но...Јана иде на балет, сама изрази желба и еве веќе 2-ра година како иде без никаков отпор. Мислам дека и треба барем уште еден спорт. Балетот бара многу кондиција и е одличен за правилно држење на телото и да не редам се...

Од друга страна во школо се доста физички активни. Секој ден по минимум 40 мин се надвор, есента имаа пливање, зимата имаа скијање и клизање сега имаат салибанди и класични часови по физичко...може и е доволно...

Моментално е надвор со татко и возат точак.

Веќе втора недела има акција во училиштата за следење на физичките активност на детето. За таа цел секое дете има картонче со одбележани 3 недели и за секој ден се маркира по 1 квадратче за секои 10 минути физичка активност. Гледам дека просечно има 12 квадратчиња на ден. Дали е доволно? :poimnemam:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 19 Апр 2012 16:53 #195277

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
  • Карма: 34
Emi 2h dnevno aktivnost e sosema dovolno.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 20 Апр 2012 13:19 #195407

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
mamaAnita wrote:
Проблемот со моето дете е што се плаши од непознатото. Кога ќе се запознае со конкретната работа и ќе види дека нема ништо страшно се навикнува и прилагодува.Во таа насока ми беше прашањето, дали да ја натерам на првиот чекор за да видам дали нешто ќе и се допадне, и лежи, има талент за тоа...Таа за ништо не пројавува желба, зашто се и е непознато и страшно.

morash da ja butkash malku pa duri i sama da projavi zelba pak kje treba povremeno butkanje. imaat fazi koga gi fakja mrza, ili drugarche pochnalo neshto drugo pa gleda od nego. ili nekoj kje ja zakachne pa kje si go sfati toa zdravo za gotovo.

jana odi vekje 6 god. i kolku mi e sega milo em drago shto sum ja butkala vo takvi situacii. okolinata ponekogash znae da reagira kako na pr. roditelite si lechat frustracii od neostvareni zelbi ili forsiranje vo se i sehto so cel da proizvedesh genij. ama ti si taa shto treba da proceni odprilika kade bi se vklopila. jas znaev za jana deka nema da odi na klasichen sport, prvo zatoa shto e premnogu mrzliva za toa, a vtoro, kako da e rodena so dve levi race. moderen tanc se pokaza dobitna kombinacija. imashe cela godina tenis vo shkolo, deteto mnogu pateshe.

od druga strana, kako mala beshe mnogu plashliva i sramezliva, mnooogu slichno kako tvojata. pa vo gradinka mi preporachaa nekakva aktivnost koja ima vrska so scenski i javen nastap za da ja razbie tremata, stravot od mnogu lugje, nepoznato, za da i raste samodoverbata itn.

i mnogu vazna rabota, birajte nekoja aktivnost vo koja shto samiot klub/institucija ima plan i celi za tekovnata godina. ona shto primetuvam e, dokolku nemaat celi pred sebe ili motiv, zelbata im pagja. ova go pishuvam od iskustvo na deca na mnogu prijateli. se odkazuvaat i tie i decata zoshto cela godina frlaat topka vo vis, trchaat po topchinja, pravata isti vezbi... normalno deka kje im bide dosadno.

jas se rasprashuvav za odbojka vo forca za neda, ona mi e so motorikata mnogu napred, ama se razocharav. sekoj den ima trening a roditelot go nosi deteto bilo koi 3 dena vo nedelata. so mini natprevari i malku poseriozen pristap pochnuvaat posle 7-ta god a neda ima 4,5 god. vo megju vreme samo skokaat so topkite. ne e problemot vo starosnata granica tuku vo toa shto nemaat motivaciska programa za pomalite. koe dete kje izdrzi 2-3 god, na takvi treninzi, samo da skoka so topka?

zatoa se reshivme za kaj kate vo eureka (timot shto pobeduva ne se menuva) , iako mislam deka kje i bide dosadno. ona saka povekje akcija, vozbuda.. neznam, kje vidime od septemvri kako kje bide.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 20 Апр 2012 17:02 #195440

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Vaske vidi shtp sum nashla

junior.com.mk/za-sportskata-gradinka/

Sportska gradinka, nakratko se odi 2 ili 3 pati nedelno za dechinja nad 4 godini, mnogu impresiven proekt po men, ima se na sajtot, ne se forsira nieden sport zaesbno no se tretiraat site se nasochuva deteto samo da izbere, imaat natrevari letni kampovi i sl. Moj mnogu dobar drugar go pocna proektov pred 4 godini, sega on vekje ne e tamu ama mi dade super preporaka za instruktorkava koja mi ja opisha kako neverojaten motivator, i da bile pola od trenerite vo sportovite kao nea makedonija kje bila sportka vele sila :zelen: ...

Mene mi e orgomen problem shto e aerodrom, no on mi kaza deka mnogu roditeli koi se od bliski reoni se dogovaraat i gi nosat decata zaednichki po 3 deca pa nosenjeto ti e obrvska samo 1 mesechno :poimnemam: , pametno vo sekoj sluchaj :)...

Epten me bendisuva so toa shto leovo ne rabotele bidejki decava se po odmori pa ne im ostanuvaat deca ama od septemvri definitivno se zapishuvame na neshto vakvo. POttiknaa od temava razgovarav so nego ima golemo iskustvo vo klubovi beshe del od nekolku klubovi vo menagmentot sega e vo kosharkarska federacija, i ona shto go dobiv od nego kako sovet e deka na tolku mala vozrast najmnogu da se vodi smetka na trenerot vo bilo koj sport bidejki vika deka ima tolku mnogu isfrustrirani shto gi prenesuvaat frustraciite na decata i se otkazuvaat decata plus cel zivot nosat mrznja prema sport bespotrebno. Za odbojkava go prashav mi odgovori deka sportovi so topka se preporachuva posle 6 godini od aspekt na zreenje na mozokot i odgovornostite koi topkata gi nosi... Ovoj proekt bil istrazuvachka dejnost pa zatoa se sozdal kako multisportska disciplina ade decata se aktivni po 2 chasa ili neznam po kolku a vo periodot do 6-7 godini se obiduva da se izvadi bilo kakva nastroenost prema nekoj sport.. Super pogodeno za lugjeto od opshtina aerodrom poradi blizinata
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cuvce

Ре: Избор на спорт за деца 20 Апр 2012 17:26 #195444

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Ќерка ми веќе три години тренира ракомет и мислам дека индиректно "виновникот" за тоа сум јас :) Многу сакам ракомет, кога беше помалечка постојано ја носев на натпревари, кога имаше утакмица на тв беше приморана да гледа :) Ама го засака, го имаше тој потенцијал кај нејзе, јас само подбутнав.
За разлика од неа син ми е тотален антиспортист, барем засега.Никаков интерес за ништо, колку сакаш пуштај му на тв, носи го каде сакаш. Мм со сите сили се труди да го натера да засака риболов ама детето не го влече и тоа е тоа :zelen:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 21 Апр 2012 02:29 #195458

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Леле Мејо од кога зборев и прашував дали постои вакво нешто, супер изгледа, баш ќе се јавам да прашам дали ќе не примат нас бидејќи имаме 3,5 години, ако не примаат одма го носам на пробен час да видиме дали ќе се вклопи, а дополнително што ме израдува во истиот термин има и пилатес за мене :love: Одлична комбинација :zelen:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 21 Апр 2012 04:46 #195467

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
mikimaus ne se javuvaj, kje se javi drugarov mi reche jas bz da kazesh rekov za dvajca :zelen: ... kazav deka sme 3,5 godini nakaj 4 i mi reche nema gajle kj gi protnam, taka da prvo on kje se javi pa nie :) vo sushtina ne primale ama se pravele otstapki detevo kje go procenat pa kje vidat..

:)

Plus cenite bile neshto od 1000 do 1500 denari taka da i toa e epten prifatlivo
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 21 Апр 2012 08:12 #195479

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Детето на моја пријателка одеше лани во спортската градинка и беше прилично задоволнo. Многу добар концепт за детенце кое нема јасно пројавен афинитет за конкретен спорт, а повеќето на мала возраст се такви.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 21 Апр 2012 08:45 #195488

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
super mi izgleda sportsksta gradinka, ama nitu lokacijata (ova i ne e tolku strashno) nitu vremeto mi odgovara. za malata grupa od 4-6 god. terminot e od 19.30 - 20.30h shto e definitivno kasno za taa vozrast bez razlika koga legnuva deteto.

prvo, odma posle trening kje treba da vechera shto voopshto ne e dobro. takvi fizichki aktivnosti ama voopshto ne se preporachuvaat vo toj del od denot (ova e vekje nokj) zoshto tolku im se razmrdani mozochite funkcii shto teshko deka kje mozesh (barem jas) da legnam dete da spie vo pristojno vreme. definitivno e docna i ne obrnale vnimanie na ova. takva hiperakcija ne e preporachana za taa vozrasna grupa za deca.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 21 Апр 2012 10:58 #195503

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Jas esenoska ja razgleduvav ovaa opcija, ama em e daleku, em mali bevme i seuste sme. Ama lugje, 4 pati nedelno posle 4.30 uste da se makneme navamu-natamu - pa koga ke go vidam deteto? Hmmm
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 22 Апр 2012 03:03 #195570

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
  • Карма: 111
Nie so trtlata go napravivme praviot izbor, barem sega za sega.
Mnogu saka da igra, znaci doma non stop sakase da pusta muzika i da igra, pa taka resiv da ja zapisam na balet, da probame.
Od prviot den saka da odi, redovna e, disciplinirana, vnesena vo ulogata balerinka.
POnekogas koga imaat teski vezbi znae da mi kaze no ne odma tuku posle nekolku dena, deka rabotele mnogu teski vezbi no ne deka saka da se otkaze samo da mi se pozali dusa makina :love:
Znam da i kazam ako ne mozes mamike, ili ako ti e tesko ne mora da odime. No kako rastete taka nekoj vezbi ke bidat poteski bidejki ste pogolemki i za da se bide balerinka-denserka mora ponekogas da se izdrzat vezbite.
Na ova dobivam odgovor deka ona saka da odi, neke da ispusti ni eden cas no deka samo saka da mi kaze deka ponekogas ete imaat i poteski vezbi. Dusa :love: Kako sto pisa i Vase i jas ke kazam deka znae Kate masta da im ja izvadi no ete koj e uporen, koj stvarno saka da igra ke izdrzi i ostane.

Znaci ja ostavam do koga saka, do koga ke ima zelba do togas ke odime na balet. Neli kako roditel koj gleda deka negovoto dete ima afiniteti kon muzikata, konkretno kon igranjeto ke zboram, ke podbutnuvam do odredeni granici(ova koga ke vidam deka ponekogas ja fatilo mrza, a saka i ponatamu da odi), ke ja ohrabruvam, ke ja vozam raznesuvam, nisto ne mi e tesko dodeka nejinata zelba e golema kon igranjeto. Dokolku rece stop ne sakam ili gledam deka odime so placki, nema zelba ne samo za eden cas tuku sekoj nareden, togas so sila ubavina ne biva.
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 23 Апр 2012 08:59 #195811

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
Mama Vase wrote:
mamaAnita wrote:
Проблемот со моето дете е што се плаши од непознатото. Кога ќе се запознае со конкретната работа и ќе види дека нема ништо страшно се навикнува и прилагодува.Во таа насока ми беше прашањето, дали да ја натерам на првиот чекор за да видам дали нешто ќе и се допадне, и лежи, има талент за тоа...Таа за ништо не пројавува желба, зашто се и е непознато и страшно.

morash da ja butkash malku pa duri i sama da projavi zelba pak kje treba povremeno butkanje. imaat fazi koga gi fakja mrza, ili drugarche pochnalo neshto drugo pa gleda od nego. ili nekoj kje ja zakachne pa kje si go sfati toa zdravo za gotovo.

od druga strana, kako mala beshe mnogu plashliva i sramezliva, mnooogu slichno kako tvojata. pa vo gradinka mi preporachaa nekakva aktivnost koja ima vrska so scenski i javen nastap za da ja razbie tremata, stravot od mnogu lugje, nepoznato, za da i raste samodoverbata itn.

i mnogu vazna rabota, birajte nekoja aktivnost vo koja shto samiot klub/institucija ima plan i celi za tekovnata godina. ona shto primetuvam e, dokolku nemaat celi pred sebe ili motiv, zelbata im pagja.

Ја однесов и на аудиција за златно славејче, ја примија, па сега ќе видиме како ќе биде. И таму не сака, нели ново, страшно, па им рекоа донесете тетратки да препишувате песни, па како ќе препишувала, на ракописно не пишувала брзо, стравови, стравови. Се надевам дека ќе почнеме, па можда ќе засака.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 04 Мај 2012 07:51 #197502

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Ние се запишавме во спортската градинка Јуниори :jupi: Во средата бевме на првиот пробен час и решивме да продолжиме па да видиме како ќе се одвиваат работите. Искрено се мислев дали да почнеме, локацијата воопшто не ни одговара, мнооогу ни е далеку, ама ајде јас возам така да тоа и не толку страшен проблем, терминот требаше да биде од 6.30 - 7.30 но го поместиле од 7.30 - 8.30. Кога отидовме таму имаше околу 10 дечиња кои беа на возраст од 5 години па нагоре, ние кога дојдовме они веќе "играа кошарка" - ја држеа топката во раце и се бутка и туркаа :hahaha: моево прцле одма се бутна во први борбени редови и трчаше меѓу нив ко мува без глава :muahaha: некој само малку појако да го подбутнеше ќе се раскостеше на земја. Ама ајде кошарката не траеше долго некои 10 - 15 мин. Потоа имаа вежби за загревање, па трчаа од зид до зид, па малку фудбал и на крај истегнување. Дефинитивно е мал, сеуште не е толку созреан и нема концентрација за да прави точно тоа што го покажува наставничката ама можам да кажам дека 60% од работите ги правеше. Мене најбитно ми беше што посреќен никогаш го немам видено, се испоти жива вода и иако другите деца бидејќи се поголеми малку го шуткаа и му викаа бегај бе мали :zelen: он упорно си тера, се бутка се труди. За терминот мислев дека ќе биде многу касно за легнување ама до 10 саат веќе беше најаден, избањат и заспан. :poimnemam: И уште еден битен момент, одма до таа просторија мама ќе вежба пилатес :love: Инаку часовите се два пати неделно понеделник и среда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Избор на спорт за деца 04 Мај 2012 09:11 #197526

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2981
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Балетот на Јана завршува месецов, на 14-ти им е завршната приредба. Јана и Петар веќе избраа спорт за летната рекреација ФУДБАЛ. Ги опремивме, најдовме училиште,знаеме термини за тренинг и уште да почнат. Со ММ не знаеме глава кај ни е од различните распореди на сите :zelen:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Избор на спорт за деца 07 Ное 2012 09:04 #220347

  • mence
  • mence's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 3
  • Карма: 0
Imam 4 godisen sin i sakam da go aktiviram vo nekoja spotska aktivnost. Nekoja idea i preporaka vo blizina na opstina Aerodrom.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3