Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Еколошка свест

Еколошка свест 12 Апр 2011 14:10 #129763

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7856
  • Thank you received: 5645
Се почесто се прашувам дали ја имаме или пак само сме свесни за тоа кога ќе чуеме на ТВ или пак прочитаме нешто, што се и правиме на нашава планета.
И не можам да не дојдам до заклучок дека некако слабо ни работи еколошката свест. Освен фрлањето смет насекаде, депонии на секој чекор, растурени контењери и др. не знам дали воопшто нешто кај нас се рециклира. Пред некој ден наидов на податок дека во Јапонија се рециклира околу 80 - 90 % од отпадот, што веднаш значи намалување на потребата од депонии и секако незагадување на животната средина.
Вода трошиме како луди.
Од една страна пошумуваме, од друга страна нема крај на крадењето дрва и бесправно сечење шуми.
На кривина на Треска сеуште може да се види понекој „совесен„ граѓанин како си го мие автомобилот. Во денешно време кога миење во сервис чини само 150 ден.
На семафорите одамна има поставено тајмери кои покажуваат уште колку време треба до зелено светло, ама кога ќе застанат никој не го гаси автомобилот, мислејќи дека тајмерот е само за да знае кога треба да тргне, а не и дека треба да го угаси автомобилот и со тоа барем малку придонесе да се намали загадувањето со издувни гасови.
Ако кантата е неколку метри подалеку, не мрзи да отидеме до таму, па може и по пат да џитнеме нешто, оти нели нема баш од тоа да пропадне Земјава. Е баш ќе пропадне! На тој начин само им даваме пример на другите да не‘ следат нас, а и не сме свесни дека тоа мало ѓубренце може да е повод и место да се развие нова дива депонија...
И така секој ден...
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Еколошка свест 13 Апр 2011 10:08 #129984

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
Јас само ќе додадам, дека реално не може да очекуваме свеста да го направи своето, и јас се вадам од кожа коа ќе видам фрлено ѓубре до контејнер.
Има само едно решение - спроведување на закон и казна. Незнам каде дремат комуналните инспектори. Кај мене имаше пример на 2 напишани казни, и опала, се е во најдобар ред.
Совеста треба да еволуира.
Во Америка, еден ден да не се пишуваат казни, ќе настане хаос.
И да, казните да бидат, мотиче во раце, и чистење на ѓубре.

Системот треба да се препише од развиените земји, со поделена одговорност по одредена квадратура подрачје, и да се знае кој таму водиу ред, кој средува, во лето трева, во зима снег.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Еколошка свест 14 Апр 2011 13:02 #130248

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
yarre wrote:
Незнам каде дремат комуналните инспектори.
Познавам лично еден комунален инспектор, секаде е само не таму кај што треба - по кафичи, другари, на шопинг, зависно од локацијата работното време најчесто го користи за да си заврши приватни работи. Не дека ич не работи, си работи он, ама кога би работел ефективно колку што му налага работното време и кога сите негови колеги би го правеле истото, можда и би заличел градов на нешто.
А налет ако само со казни треба да "еволуира" еколошката свест. Не ми треба џандар над глава за да знам дека не е културно да се пљука на улица или да се џиткаат ќеси со ѓубре од 5-ти спрат.
Ти Јаре еднаш многу убаво го срочи тоа - можеш да го извадиш човек од село, ама селото од него нема никад да го извадиш. Така да не е се у казните. Инаку, не спорам дека кога би се спроведувале малку поревносно би имало резултат.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Еколошка свест 16 Апр 2011 13:45 #130676

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Вози мотор
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
Мислам дека мешаме малку еколошка свест и култура. Јасно е дека не треба да се фрла ѓубре од тераса, но ако фрлиш пластична ќеса со лушпи од компири штетата која си ја направил на животната околина не е толку голема колку ако уредно фрлиш ѓубре во контејнер, ама во ќесата имаш хартија, органски отпадоци, пластични шишиња и тетрапаци. Најмалку што може да се направи е да се одвои хартијата - има посебни пунктови за предавање колку што се сеќавам, пластичните шишиња да се спакуваат во посебна ќеса - минат луѓе кои ги прибираат од контејнери и после ги продаваат, и органскиот отпад (остатоци од храна, лисја од двор и сл.) најдобро да се компостираат ако се има можност, а ако не да се најде начин да се пуштат по одводот.
Треба голема поддршка од државата за сето тоа да функционира, на пр. не знам кај нас дали може да се однесат батериите некаде за рециклирање. Тука во Германија во секоја продавница за техничка стока има кутии и си ги фрлаш батериите таму. Моторните масла (изгорени) се едни од најштетните материи - јас знам сервиси кои ги фрлаат во одвод. Страшно!!!

И секој од нас треба да размисли два пати секој пат кога пука сонце, а алиштата ги суши во машина, кога за 2-3 км пали кола, кога ги остава светлата низ цел стан, а го мине времето во една- две соби, кога за се нешто купува пластична ќеса наместо да си носи торба итн итн.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Еколошка свест 16 Апр 2011 14:15 #130677

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Вози мотор
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
Pred se', ekoloshkata svest doagja od domashnoto vospituvanje. Zoshto? Zatoa shto samo moron koj shto nema nikakva pochit kon prirodata (a taka e nauchen od doma, nikogash ne bil na planina da prosheta, pokraj reka da i' se voodushevuva) mozhe da frla otpadoci kade shto kje stigne. Kje bidam iskrena, nikogash vo zhivotot ne mi se sluchilo da frlam i najmal otpadok. Duri i koga pushev, najloncheto od cigarite si go stavav vo dzheb, pa posle doma go frlav. Pikavec na zemja nemam frleno od sram pred samata sebe. Pred edna nedela so mm bevme da proshetame peshki od Pantelejmon do Sredno Vodno. Shto da vi kazham - i sami si znaete: po 5 iskoristeni kondomi na 1m2! Pa dobro bre, si vikam, da dade Gospod nikad vishe p**** da ne vidish! Pa kolku treba da si retardiran taka da se odnesuvash???!!! Ili na primer, porano koga zhiveev vo Radishani, imavme edni komshii koi kolea svinji (?!) a kozhata ja frlaa vo rekata Serava (?!) od chija voda ja navodnuvaa sopstvenata gradina so koja gi hranat svinjite i ostanatite zhivotni. Pa stvarno treba da nemash um vo glavata!!! Ne znam od kade generalno poteknuva problemot, no sigurna sum deka svesta evoluira, a toa se postignuva samo so kazni.
yarre wrote:
И да, казните да бидат, мотиче во раце, и чистење на ѓубре.

Tokmu taka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Еколошка свест 16 Апр 2011 21:17 #130707

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
За жал само казните се лек. Значи кога ке отидеш у странство онака македонски распашан, ке ти збиберат казна за билошто, и ти кврц, еколошки се будиш. Ке ти стигне сметка за струја, опала, кврц, пак еколошки се будиш.... Ке џитнеш ѓубре безвезе, одма комшијата те пријавува, опала казна, и еколошки се будиш.....

Само казните ја будат елколошката свест. Со новчаникот итекако те разбудуваат. Така се буди културата во тебе B) Човечката свест е многу релативна работа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Еколошка свест 28 Сеп 2011 08:41 #156206

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Вози мотор
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
Ако ја имаме колку желбата за пишување на темава, тогаш тешко нас :laugh: .

Тоа што сега немаме еколошка свест нема да не боли нас толку многу. Ама многу ќе ги боли утре нашите деца кога ќе немаат ни воздух за дишење ни вода за пиење. Кога ќе го затруеме и она малку чисто што остана, кога ќе нема да се купи ништо здраво и незагадено за јадење, кога ќе се качи морето, кога ќе пржи сонцето, кога ќе се онеплоди почвата...
Аздисани, се однесуваме како после нас да ќе има потоп. По трката за профит уништивме се. Дождовните шуми ако исчезнат и ние ќе исчезнеме, пчелите ги снемува, а тие ако исчезнат, по четири години за човештвото ќе нема веќе храна...
За иднината на нашите деца не е важно само каде ќе учат, што школо ќе завршат, какви вештини ќе стекнат, што карактери ќе развијат. Ако нема каде да живеат и творат, џабе ни е се. Инвестираме во нивно здравје и образование, ама инвестраме ли доволно во нивната животна средина? Само не ми велете дека како поединци ништо не можеме.

Поентата е да трошиме што помалку и да се спротивставиме на масовниот конзумеризам што ни го поматува здравиот разум. И да делуваме денес, оти утре може да е доцна.

Што правите вие лично за да ја сочувате околината? Секој треба да тргне сам од себе. Еве јас ќе раскажам што правиме ние дома.
Од органското ѓубре маж ми прави компост. Се што ни останува од храна, од лупење зеленчук или недојадено, го двоиме во посебна канта, па тоа оди во компост. Употребениот зејтин не го фрламе во одвод. Го собираме во тегли, па со него маж ми премачкува нешто по двор. Редовно размислуваме за реупотреба на некој заостанат материјал. Бавчата ни е органска, односно не употребуваме никакви хемикали ни за овошјето, ни за зеленчукот. И се раѓа и расте се. Дома чистам или со еколошки средства или со оцет и сода. Во машина за перење алишта ставам двојно помалку прашок од пропшишаното. Машина за сушење немам, сушам на сонце и ветер. Користам јавен превоз. Има уште, не ми текнува сега се. Тоа се навистина мали нешта, но ако секое семејство ги применува, ќе биде многу подобро.

**********************************************************
Еве ви еден интересен текст, па се надевам ќе се замислиме сите повеќе.


Човештвото се повеќе тоне во еколошки долг

Човештвото во наредната седмица, поточно на 27 септември, ќе западне во „еколошки долг“, искористувајќи за помалку од девет месеци повеќе природни извори отколку што природата може да обнови во текот на една година, предупредува калифорнирската организација „Глобал футпринт нетворк“.
Од 2001 година запаѓањето во еколошки долг секоја година ќе се случува три дена порано отколку претходната. Тоа покажува дека најдоминантниот вид на планетата Земја, човекот, живее над можноста на таа планета, сечејќи ја гранката на која седи.
Доколку продолжи сегашната стапка на потрошувачка, на човештвото до 2030 година ќе му биде потребна уште една планета за да се задоволат човечките апетити на секој вид и да се апсорбира отпадот кој го создава човековиот вид.
Извесно е дека човештвото денес троши повеќе вода, сече повеќе шуми и јаде повеќе риба отколку што може да се обнови, стои во извештајот на споменатата организација.
Експертите проценуваат дека човештвото во својот развој загазило во сферата на неодржливоста некаде во 70-те години на минатиот век.
- Тоа е исто како својата годишна плата да ја потрошите три месеци пред крајот на годината или година за година да ја намалувате својата заштеда, појаснува Матис Векернагел, претседател на „Глобал футпринт“.
Тој истакнува дека растот на цените на храната или климатските промени всушност претставуваат сметка за годините поминати во трошење над можностите.
САД, инаку, се најголемиот креатор на еколошкиот дефицит на планетата. Доколку сите луѓе на светот го усвојат американскиот стил на живот - со голема куќа, два автомобили, огромна потрошувачка на енергија по човек - на човештвото би му биле потребни околу пет планети како што е нашата да ги задоволи своите потреби.
Од друга страна, ако секој жител на Земјата би трошел колку просечниот Индиец, човештвото би потрошило помалку од половина од биокапацитетите на планетата.
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
Последна промена: 28 Сеп 2011 08:41 by redsonja.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Еколошка свест 28 Сеп 2011 09:42 #156212

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Вози мотор
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
redsonja wrote:
САД, инаку, се најголемиот креатор на еколошкиот дефицит на планетата. Доколку сите луѓе на светот го усвојат американскиот стил на живот - со голема куќа, два автомобили, огромна потрошувачка на енергија по човек - на човештвото би му биле потребни околу пет планети како што е нашата да ги задоволи своите потреби.
И сите мрчат како Африка и Азија со нивниот неконтролиран наталитет придонесуваат најмногу за трошење на ресурсите. Која глупост! Таму и 5 деца кога ќе се родат, не трошат ни приближно колку едно дете во западниот свет: веднаш поголема куќа, поголема кола, милион гаџети по дома.
Мене ми е ова едно од најбитните прашања и заедно со воспитувањето на децата, притоа мислам сите деца, не само моето најбитни за иднината на човештвото.
Јас и мм сме многу посветени, се разбира колку што можеме. И најуморни кога сме ѓубрето мора да се сортира. Секогаш кога е можно купуваме храна во стаклена амбалажа која после се враќа во продавница. Не купуваме препакуван зеленчук и овошје, ами си мериме и си ги ставаме така измерени во торба. Не купуваме флаширана вода. Е сега купувам тон облека за нас зашто не е како порано да одам со три пара алишта. Се нема време за перење, само еднаш неделно, социјалните норми а ние самите не дозволуваме да одиш извалкан или испотен, ама верувам дека тоа не е ништо во споредба со тинејџерките кои купуваат по неколку парчиња облека секој викенд зашто овде може да се најдат и парчиња за помалку од 5 евра. И после се фрлаат тони облека... Живееме во дел од градот кај што ни се наоѓа и работата, и местата за пазарење и градинката на син ми и тн тн, така да колата ја возиме само за поголеми набавки преку викенд и за одмори и излети. Ја носев на сервис пред некој ден и типот се изненади колку малку е возена. Тск тск да не треба срам да ми биде.
Мајка ми ни е на гости периодов и потрошивме повеќе детергент за садови за еден месец во споредба со тоа што трошиме цела година. За топла вода да не зборувам. На некого му звучи ова како тамаќарлуки веројатно и е ама ни оддалеку не за пари.
Сепак ме боли што знам дека се што правиме ние како поедници е само мнооооогу мал дел и се додека големците не се свестат не прави значителна разлика. Оптимист сум по природа и верувам дека нешто ќе го освести човештвото иначе тотално се депримирам кога мислам на овие проблеми.

А она што го спомна Редсоња за еколошкиот дефицит, ако се однесува на тргување со емисии (Emission trading en.wikipedia.org/wiki/Emissions_trading) пак ми се гледа како масло на големите компании. Демек плаќаш за да загадуваш, но до одреден лимит. А телата кои го одредуваат лимитот се независни. Нема грешка, независни додека не тропне парата.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Еколошка свест 18 Мар 2013 17:00 #235208

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Вози мотор
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
Дали знаевте дека во дворот на ОХИС (општина К. Вода) има несоодветно складирани над 10.000 тони линдан и жива кои со децении истекуваат во околната почва и подземните води, кои индиректно ни доаѓаат во храната. Акумулацијата на линдан во човековиот организам може да доведе до рак на црниот дроб и дојката. Млеко на мајка изложена на високи концентрации на линдан е причина за деформитети кај новороденчето... Во наредниот период следува информирање и едукација за еколошките жешки точки, факти кои можат да бидат многу вознемирувачки...

Општина Липково - Лојане
Огромна површина, која ги опфаќа старите депонии, патишта, руинирани објекти и самиот рудник, контаминирана со околу половина милион тони тешки метали (жива, шестовалентен хром, антимон, арсен и ниобиум). На иста локација со локалното училиште, станбени и комерцијални објекти, складирани се околу 15.000 тони отпад со високи концентрации на арсен сулфид, а има и депонија каде без никаква заштита, на отворено, се чуваат 5.000 тони отпад кој содржи арсен.

Општина Велес има две еколошки жешки точки. Во Велес населението и денес има најкраток животен век; околу 34% од децата меѓу 8 и 10 години имаат предиспозиција за леукемија; велешкиот спанаќ и зелка имаат и до 15 пати повеќе олово од максимално дозволените граници. Причина:
1. Топилницата Злетово: почвата во пошироката околина е загадена со тешки метали (главно олово и цинк), а во кругот на фабриката има сулфурна киселина што може да се излее; згурата од депонијата ги загадува подземните води, а ветрот ја разнесува низ градот и
2. МХК Злетово: Проблемот кој го оставил овој капацитет зад себе се киселите отпадни води и гипсот кои ја загадиле почвата и реката Вардар, а погонот е среде земјоделско земјиште.

Општина Радовиш - Бучим
Депонија со околу 200 милиони тони отпад кој содржи бакар, фосфати и повеќе отровни метали и една од високо-ризичните еколошки жешки точки во нашата земја. Прашината која се разнесува од јаловиштето влијае негативно врз дишните органи, бакарот може да предизвика болки во главата и во стомакот, да ги оштети црниот дроб и бубрезите, а значително ја намалува и плодноста на почвите.

Општина Јегуновце - Силмак (некогашен Југохром): Депонија со 385.000 тони хромен седимент (вклучувајќи го шестовалентниот хром, најопасната форма на овој елемент) и 446.000 тони ферохромна згура. Шестовалентниот хром предизвикува рак и/или оштетувања на различни органи (кожа, бубрези, црн дроб, белите дробови, итн), високи концентрации или долготраен контакт предизвикуваат смрт. Од почетокот на 2012 година - до денес (март 2013) пумпата не работи и шестовалентниот хром се излева директно во Бистрица, односно Вардар, во непосредна близина на места каде редовно се лови риба..

listata prodolzuva


377739_306253802829797_645333817_n.jpg


ЖЕШКИ ТОЧКИ во Македонија
Последна промена: 18 Мар 2013 17:02 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.
Time to create page: 0.261 seconds