Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Исхрана на предвреме родени деца

Исхрана на предвреме родени деца 05 Ное 2011 07:01 #163240

  • Sneze
  • Sneze's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 315
  • Thank you received: 52
Ме интересира кога почнавте со дохрана на децата ,мислам со кашички , сокчиња и сл значи тврда храна а не млеко . Ме интересира за оние деца кои се на вештачко ( адаптирано) млеко .!Дали со полни 4 месеци или како Ви кажале.?:guskanje:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Исхрана на предвреме родени деца 05 Ное 2011 12:08 #163270

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Најнормално како и сите останати дечиња. Постепено едно по едно овошна кашичка па зеленчук и така. Сега сум заборавила што беше прво. Мајкиве што се во тој фазон сега повеќе може да кажат. ;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Исхрана на предвреме родени деца 05 Ное 2011 12:35 #163274

  • Nataly
  • Nataly's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Be yourself – everyone else is taken !!
  • Теми: 846
  • Thank you received: 600
Eve Sneze, mene mozebi mi e malku posvezo ..
Jas pocnav pri krajot na cetvrti mesec ( i sin mi bese povekje na adaptirano otkolku na cicanje )
Pocnav so cedeno sokce od jabolko ,po malku , nekolku lazicki posto imase problemi so stolicata, pa malku so kasicka od jabolko( vo pocetokot kupuvav od Hipp, nekako mi bea posigurni, a baska nemav ubav blender , pa ponataka pocnav i sama da mu pravam) , tikva-stambolka rastvorena so izmolzano mleko, zitarki od kutija (hipp ili milupa) so adaptirano, banana ...toa na pocetok..a potoa prodolziv so kompir, morkov, paskanat i tikvica ...prvo edno po edno ,a potoa miksovi , kompir i paskanat mu bese edna od omilenite kombinacii...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Исхрана на предвреме родени деца 06 Ное 2011 19:19 #163380

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
Sneze, во принцип слично со навреме родени деца, иако можеби зависи и кога се родени децата, како напредуваат, каков метаболизам имаат и слично. Ќерка ми е родена 33 г.н, исто е на адаптирано млеко. Ние почнавме со полни 4 месеци со сокчиња, ама ептен по малку, по неколку лажичиња само и давав, а со полни 5 месеци со кашички. Јас одев многу бавно со намирниците на почеток, пример првиот месец кога почнавме со тврда храна ќерка ми проба јаболко, морков и тиква. Наредниот месец знам следуваа круша, тиквица, компир (за кој после ми кажаа дека треба малце покасно) и не знам дали уште нешто друго и дадов тој месец.

Искрено, со сегашното искуство немаше да почнам со сокчињата, туку ќе си почнев од 5 месеци директно со кашички. Така велам од причина што ќерка ми сега обожава сокчиња и водата престана да ја пие, едвај извлекувам по малку вода пиење во текот на денот. А сок мислам дека би пиела колку и да и дадам. Мислам дека е битно да не почнеш прерано, се што е потребно бебињата ќе си примаат засега и преку млекцето, па здравје после 5 месеци кашички. Првите два-три месеци мислам најбитно да бидеш повнимателна, да даваш само по една намирница на неколку дена. После тоа повеќе се очовечуваат бебушите и подруго е и со јадењето, иако се уште треба многу да се пази и обмислува. И немој да мислиш дека нешто не јадат ако пробаат само една-две лажички и толку. За нив е тоа ново и ќе им треба време. Ајде со среќа лапкање, ви следи интересен период на испробување вкусови папање тврда храна :)!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Исхрана на предвреме родени деца 29 Ное 2011 19:59 #167356

  • Palce
  • Palce's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
  • Thank you received: 20
Здраво мамички...

Еве и еден совет од мене..Мајка сум на предвреме родено дете,ко е родено во 28+6 г.н Предвреме родените деца се рачунаат според корегираната возраст, и за хранењето,за примање вакцини и така се следи нивниот развој се додека не се корегираат и не ги достигнат своите врсници. Предвреме родените бебиња се рачунаат корегирано се до нивната 3та година. Корегираната возраст на бебето се рачуна од денот кога требало да биде родено односно кога завршува деветиот месец од бременоста односно датумот кој ви е кажан за пораѓање. Значи ако бебето е 2 месеци порано родено се рачуна вака....Ако според денот на раганје детето има на пример 6 месеци, според корегираната возраст е старо само 4 месеци, што значи дека за дохрана ќе треба да почекате уште два месеци. Зошто ако на предвреме родено дете што е всушност 4 месеци а вие почнувате со дохрана тоа е исто како да сте почнале на 2 месеци, зависи колку порано е родено детето..Значи се се врти околу корегираната возраст, ова е правило за предвреме родени деца...
Поздравче и мислам дека малку помогнав..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Исхрана на предвреме родени деца 30 Ное 2011 04:46 #167394

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Палче здраво и добре ни дојде...

И јас колку што знам така се смета, ама научив покасно откога што требаше...Пишував погоре, моето девојче е родено во 36-та недела, што не е многу рано, но сепак на клиника а и педијатарот го водеше како бебе родено во 8-ми месец. Никакви совети за исхрана не добив, нити пак за вакцинација, нели во нашиот случај возраста требаше да се корегира за еден месец...

За жал тогаш не го имав денешниов педијатар да ми каже:(




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Исхрана на предвреме родени деца 30 Ное 2011 08:27 #167481

  • Palce
  • Palce's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
  • Thank you received: 20
Annabel здраво...
Кај нас навистина ниошто не информираат за предврем родените дечиња, секоја чест на исклучоците од доктори. Искрено јас се читав на интернет па потоа ги прашував и така ми одговараа, инаку никој не ми кажа дека треба вежби, како со вакцините и слично.Се тоа го дознавав од нет и од мајки на други предвреме родени дечиња..
Ама еве сме сега ние да им помогнеме на другите мајки со нашите совети..Јас имам и еден куп материјали за овие деца,ако сака некој може да му испратам на меил, сигурно ќе им биде од голема помош..Бидејќи за предвреме родените дечиња има и многу други специфичности, од тоа како да се облекува, како правилно да се држи,како да се рани додека е бебе и слично...
Поздрав до сите вас,па ќе се читнеме пак :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Исхрана на предвреме родени деца 09 Дек 2011 06:27 #169628

  • Sneze
  • Sneze's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 315
  • Thank you received: 52
Бевме на контрола и ни рекоа дека за исхрана да сметаме по корегирана возраст. ТАка да ние ќе почекаме за папање НО и за се друго.:guskanje:
Последна промена: 09 Дек 2011 06:29 by Sneze.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Исхрана на предвреме родени деца 10 Апр 2012 03:17 #193694

  • Sneze
  • Sneze's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 315
  • Thank you received: 52
Како да качиме на килажа. За 2 месеци качиле близначкиве само 800 гр. (400 гр. месечно) што е многу малку .Јадат 3 каши -овошна , млечна со ориз и зеленчукова со мевце( сега почнаа да јадат месо пред една недела) и млеко до 400 гр. на ден. И тоа со сила се пие млеко навечер и една од кашите . Не сме пробале ништо со глутен те никакви житарки освен ориз .:tazna: Сега сме 8 месеци но 6,5 корегирана возраст.
Последна промена: 10 Апр 2012 03:18 by Sneze.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.