Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Новороденче родено во 8 месец од бременоста

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 04 Јул 2012 03:37 #206289

  • janaxxxx
  • janaxxxx's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 339
  • Thank you received: 149
jas kolku sto se razbiram od 28 g.n. pa nataka bebinjata imaat mnogu dobri sansi da preziveat nadvor od teloto na majkata no se razbira pod inteziven medicinski nadzor, e sega razlikata 7-8 mesec t.e. toa deka e podobro vo 7 nego vo 8 mesec e zastareno razmisluvanje koe se pojavilo megu narodot a nikoj neznae zosto. Ovde sum prasala mnogu majki doktori itn. za toa i site me gledaat bledo deka prvpat slusaat za takvo nesto!
Sekoja nedela plus e od golemo znacenje za bebeto, taka da nema logika vo 7 da e dobro a vo 8 ne.
Kolku sto jas imam poznavanje kaj embrionot Belite drobovi se kompletno razvieni posle 35+ taka da ni vo 7 ni vo 8 se dovolno razvieni tuku se vo faza na kompletno razvivanje. Ovde e praksa sigurno i vo Mk, dokolku dojde do predvremeno poroduvanje majkata dobiva Kortizonska infuzija koja go ubrzuva procesot na zreenje na belite drobovi, koja najcesto pomaga.
Znam eden slucaj za bebe koe e rodeno vo 26 g.n pa da ne go urocam zdravo pravo e i nisto nemu fali. E sega sekoe bebe si e razlicno opsto i generelno e mnogu tesko da se kaze. A toa za so ocite ne sum cula uste nisto.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 02 Сеп 2012 08:13 #211962

  • Ppanika
  • Ppanika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 365
  • Thank you received: 113
Neznam dali e bas za tuka moevo prashanje, 32 nedela sum, pred 2 dena dobiv kontrakcii i sum vekje otvorena za eden prst. Mi njdoa nekoja infekcija i sega miruvam. Se plasham dali ima rizik od predvremeno poroduvanje i dali e normalno na pocetok na 8-mi mesec da sum otvorena pa makar i 1 prst, a i cerviksot e skraten od 3.5 na 2 cm
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 02 Сеп 2012 08:47 #211963

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
Ppanika, не можам да ти дадам одговор на твоите прашања, само да те охрабрам тие прашања да ги поставиш на гинекологот. Каде лежиш во моментов, на клиника или дома? Во секој случај, строго мирување значи да стануваш само до wc. Немој да се оптеретуваш со ништо, немој да се секираш и да мислиш на предвремено породување, зашто стресот лошо влијае. Земи читај си лесни книги или филмчиња гледај си, мене тоа многу ми помогна кога морав да лежам.
Ти праќам среќа и се надевам ќе издржите со бепчето што повеќе во стомакот. А да, се сетив сега - немој да го галиш стомакот (не го пипкај) зашто тоа може да влијае на контракциите.
Последна промена: 02 Сеп 2012 08:48 by Зока.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 02 Сеп 2012 14:12 #211973

  • Ppanika
  • Ppanika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 365
  • Thank you received: 113
Бев на итна на ГАК во петокот, ме пуштија дома, со тоа што ако продолжат болките со ист интензитет и деновиве да се јавам итно на ризична бременост. Пијам чај од брусница и ми е малку подобро овие 2 дена, во мегувреме ги чекам резултатите од урино културата. На итна беше прилично гужва и една докторка ме гледаше на ехо, друга на ЦТГ ме пушти а трета ми даде накрај резултати, ми рече бебето е добро, се случува ова во 8ми ама не ми објасни ништо. дури утре сум кај матичниот. Многу ми е страв што сум отворена и што цервиксот е 2 цм.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 02 Сеп 2012 16:10 #211978

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
Ppanika, јас бев исто како тебе, почнав да се отворам во 32 недела, и ми беа регистрирани контракции на ЦТГ (јас не ги осеќав). Чекавме неколку дена, јас лежев дома цело време, ама гинекологот мој немаше мир и ме прати во болница. Таму ме задржаа, лежев 17 дена под 24 часа терапија со Partusisten. Тоа е лек кој ги омлитавува нукулите да не контрахираат. Интравенозно, со изнфузија, само до тоалетот во собата смеев да одам. Примив и стероиди за да се доразвијат на бебето белите дробови во случај да се породам порано. Штом влегов во 35 недела ме пуштија дома, земав уште некое време орално Partusisten, ама после веќе бев во деветти месец и немаше проблем ако се породам. Кај мене не најдоа никаква инфекција, иако се живо ми испроверија. Јас се сомневам само на една силна настинка која ја имав непосредно пред да почне приказната со раните болки.
Се породив во 41 недела, спонтано ми дојдоа болки.
Ти посакувам среќа, да си поседи малото уште неколку недели :raspolozise
Последна промена: 02 Сеп 2012 16:11 by Cize.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 02 Сеп 2012 17:17 #211980

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
Ppanika, штом си дома, а не под надзор, убаво распрашај го твојот матичен што значи тоа со цервиксот итн, и особено заради евентуалната потреба да примаш кортиокстероиди за зреење на белите дробови (тоа што ти го пиша Cize), и јас ги примав и многу ни помогнаа, зашто породена во 33 г.н., ќерка ми самостојно дишеше. Значи ако оценат дека има ризик, да ги примаш тие инјекции.
Па пиши како си.
Последна промена: 02 Сеп 2012 17:18 by Зока.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 02 Сеп 2012 17:30 #211981

  • vesnicka
  • vesnicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 648
  • Thank you received: 363
Јас да ти пишам за делот околу отворањето. Со еден прст отворена можеш и два месеца да си, нема никаков проблем тоа. И уште поубаво ако си се отвораш постепено. Јас исто бев отворена и се покажа дека никаков проблем не прави тоа, баш напротив. Кај мене заврши катастрофално, но од други причини. За болките прави разлика какви се. Дали се вистински контракции или не. Контракции можеш да чувствуваш многу време пред породување. Така да рилекс!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 02 Сеп 2012 17:32 #211982

  • Ana78
  • Ana78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 665
  • Thank you received: 388
Ppanika mene uste vo 19 nedela cerviksot mi se skrati na nekade okolu 3cm sto za 5 mesec e premalku, od toj moment do kraj na bremenosta bev so strogo miruvanje, na pocetokot samo odenje do wc, potoa po malku razdvizuvanje, ama pak vo 95% lezenje. I pokraj toa, vo 35 nedela bebeto predvreme mi se spusti vo rodilniot kanal, ama za sreka vo celata situacija kaj mene iako kratok cerviksot bese tvrd i ne se otvarase taka da izdrzavme do polni 40 nedeli. Po se sto procitav ne treba tolku da te zagrizuva dolzinata na cerviksot kolku kontrakciite i toa sto vikas deka si otvorena. Mislam deka strogo miruvanje e od isklucitelna vaznost po se sto procitav a i sto osetiv na sebe. Infekcija moze da go smekne cerviksot i da predivika otvaranje, pocekaj gi rezultatite i ako treba ke ti preporacaat sigurno antibiotska terapija. I obavezno za sekoja i najmala promena, bolki, sekret ili sl vednas na lekar. Uste ednas ti posakuvam mnogu sreka, da izdrzite uste zaedno so bebusot i ne se grizi premnogu za dolzinata na ceviksot, samo lezenje toa ke se sredi.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 03 Сеп 2012 09:18 #212037

  • Ppanika
  • Ppanika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 365
  • Thank you received: 113
Ви благодарам на сите за советите, матичниот ми рече да мирувам, да пијам магнезиум за да се намалат контракциите и чајче за бактеријата. Утре ке видиме дали и антибиотици ке треба да примам, зависно од урино културата.
Ми рече дека не е страшно тоа што сум малку отворена и што е скратен цервиксот, бидејќи нема крварења и др. оштетувања а и контракциите се намалени. бебушот е добар си клоцка. Сега само треба да внимавам, да лежам и да ја примам терапијата за да се среди бактеријата што поскоро и да не направи пак компликации и се ке биде во ред.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 12 Сеп 2012 10:03 #213146

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
jas vo 6ti mesec dobiv krvarenje i se otvoriv tri prsti so prvata bremenost, doktorot mi dade Dabbroston, mi preporaca miruvanje, i jas ja donosev taka kerkata do krajniot dtum za poroduvanje.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 13 Сеп 2012 19:12 #213313

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
inaku jas sum osmomesece, baba mi vikala 24 casa ako preziveam dobro ke bide, ama ja eve sum 29 godini ziva i zdrava :) rodena sum 34 nedela
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 26 Јан 2013 20:00 #230622

  • Girl*****
  • Girl*****'s Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 56
  • Thank you received: 1
Ќерка мие осмомесече 2570г што за тој период е одлично додека бев трудна неколку луѓе ми кажуваа од типот не дај боже дасе роди во 8ми месец као нема да преживее сега ми доаѓа да ги :pukam: детето немаше апсолутно никаков проблем со белите дробови беше во инкубатор 3 дена но потоа доби жолтица и останавме 8 дена на одделение . 8 катастрофални денови за мене кога одев до инкубаторот и бебитермот и се враќав до собата скисната . Тогаш в о ходник ме запре една докторка и ми рече : недоносените се захтевни ама враќаат стократно, јас имам две дома такви .
Сега како расте ги гледам разликите посебно со децата на кумата од кои еднотое доносено а другото не леле колку си личат со второво во темпераментрноста можеби е случајност којзнае :aaa:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 29 Јан 2013 19:10 #230892

  • Silva
  • Silva's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
На 15 ти декември добив болки и бидејќи бев во 32 недела мислев дека се лажни болки и не отидов веднаш на лекар така да болките продолжија и јас се породив на 17 дек.во 33 гестациска недела.Бебенцето беше во инкубатор 21 ден додека не си ја врати родената тежина 1990 грама,сега сме дома.Многу сум среќна што сме заедно но многу спие и тоа ме загрижува понекогаш се буди сама да цица,но тоа е ретко па морам на сила да и пикам цуцла во уста пошто не сака да ја фати дојката тогаш.Педијатарот вели дека е мала затоа спие.Ако имате слични искуства ве молам споделете.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 29 Јан 2013 19:16 #230893

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
cestitki Silva, me potseti kolku e prekrasno da si doma so bebe posle dooolgo cekanje..

Ubavo tikazal pedijatarot, deka e mala i zatoa cesto i spie, i teshko fakja grada.. Majchinoto mleko e nezamenlivo, punuduvaj ja cesto gradata, budi ja, i ako ne saka togash izmolzi se vo shishe i daj i.. Sekogash prvo neka cica kolku moze, pa posle dohrani ja so shishe.Jas imam bliznachinja, pa edniot 1 nedela se machevme koga izleze od inkubator ama beshe ushte pomal od vas imashe okolu 1500 gr koga go zemav vo soba i go cekavme drugoto bliznache da se oporavi i da ni se prikluchi.. Nedela dena cicavme so merenje. Neshto shto me nauchja vo bolnica. Da go izmerish pred na bebi vaga i posle cicanjeto, ako ima kacheno nekoj gram znachi iscicalo... Prosek podoj na pochetok beshe okolu 50 gr..mislam..

Isto kontroliraj redovno krvna slika prematurusite imaat tendencija brzo da krevaat tezina i cesto znaat da bidat slabokrvni i da primaat zelezo, taka ta , vnimavaj na toa..

Drugo osven mnogu gushkanje i ljubov nema da se preporacha.. A da ovie bebinja se daleku poosetlivi pa higiena na mnogu visoko nivo i bez gosti do 6 meseci dodeka ne zajaknat
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 30 Јан 2013 02:25 #230898

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Силва, и мојата ќеркичка не цицаше, и постојано спиеше. Кај нас проблемот беше физиолошката жолтица, дали сте провериле билирубини? Кај предвреме родените бебиња тоа е честа појава и знае да трае долго време, во нашиот случај месец и пол.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 31 Јан 2013 15:43 #231060

  • Silva
  • Silva's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
Мислам дека нема жутица бидејќи ја прележа во болница уште во првите денови,кога ја пуштија рекоа дека билиубинот е во ред.Денес почна да се нормализира се буди почесто и сама кога и се јаде.Поздрав
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.