Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Новороденче родено во 8 месец од бременоста

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 17 Мар 2011 17:54 #123273

  • Nin
  • Nin's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Majka!!!!
  • Теми: 172
  • Thank you received: 40
Goddess^ wrote:
Nin wrote:
potoa poteceno i e stomaceto od shto golta vozduh koga cica i dokorite: pa taka e toa kaj nedonoseni bebinja, ne naucile seuste kako da cicaat. E stvarno me nerviraat.

И треба да те нервираат:) - Лина е родена во 40та недела, ниту предвреме, ниту надносена, апгар 9/10, па од што е лаплива голта толку многу воздух, што на секое цицање по минимум 2 пати ја држам да подригне и пак и` останува воздух па со плачки се буди за да ја кренам да и` олесни, и одма си презаспива :)

p.s. За средување на надуеноста на стомачето педијатарот ни препиша Еспумисан. Тоа се капки кои се даваат орално 3 пати на ден, и кои во основа ги „пукаат“ меурите и со тоа го ослободуваат воздухот од стомачето, па или ќе подригне, или ќе прди :laugh: Битно го ослободуваат притисокот во стомачето, а не се апсорбираат во организмот, туку ги исфрла преку каката :)
Nie pieme Becutan cjace, A shto sodrzat Espumisanot?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 17 Мар 2011 17:56 #123274

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Nin, јас пишав погоре, исто какп вас, неколку дена преда да влезам во 37-ма недела добив контракции, јас знаев дека ќе се породам порано зашто бебето беше многу ниско поставено, а и бев веќе отворена два прсти. Ива се роди 2380, а ја извадивме од болница со 2130 грама. Како што гледам вие ста паднале во килажата помалку отколку ние, Ива не цицаше па си изгуби во килажа:)

Е сега дали има голема разлика меѓу вашата и нашата тежина не знам, мене не ми изгледа многу, ама од апект на лекарите можеби има ралика, зашто мене не ми спомнаа ништо околу тоа дали е мала или не за таа недела.

Не му ја мисли многу, на крај се изедначуваат со навреме родените деца:hug:




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 17 Мар 2011 18:02 #123275

  • Nin
  • Nin's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Majka!!!!
  • Теми: 172
  • Thank you received: 40
Pedijatarkata mi veli deka periodot koga ke nadoknaduva moze da prodolzi i odkako ke se najde "ramo do ramo" so vrsnicite rodeni vo 40nedela, pa potoa ke stane ili ekstra nadarena ili mnogu intelegentna, sto znaci pak ke deli po nesto od vrsnicite, da se spremime deka ke imame posebna kerka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 17 Мар 2011 18:28 #123284

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
:) Секако Нин:)

Еве, мојата тртла е 3 и пол години и навистина е интелигентна (не дека ми е ќерка), а и надарена е за цртање, стално е пофалена во градинка...:)

Кога е дома со другарчиња, ги учи поголемите дечиња како се пишуваат буквите и им ги покажува бројките:)

Е сега овие дарби не знам дали и се од тоа што е родена во 8-ми месец, дали и е од хороскопот или Господ сакал да ни даде такво детенце;)

Нејсе, секое детенце си е посебна индивидуа, и мислам дека не треба да те загрижува тоа што е предвреме родена. Многу брзо ќе си порасне, знам дека сега можеби е поситничка од другите навреме родени бебуши, но верувај, нема секогаш да биде така. Сепак и гените се во прашање, ако сте високи, и тоа може да си биде височко.

Со мене во средно учеше едно дете кое беше родено во 7-ми месец а беше највисок во класот. Екстра интелигентен, ама и премногу темпераментен.:)




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 17 Мар 2011 18:37 #123288

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
Да не испадне дека си се фалам, но јас сум седмомесче, висока сум 175см и сум првенец на генерација на еден од нашите технички факултети.

Така да, ич да не му се мислите, предвреме родените (а не недоносените) се навистина борци со јаки инстинки и висока интелегенција.

Бацка до сите ваши малечки :kiss:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 17 Мар 2011 18:39 #123292

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Nin, во основа содржат Simethicone, прогуглај за повеќе информации :love: Сори што не можам јас да пишам, ама Линка нешто ми изводи, не можам да преведувам во моментов :poimnemam:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 18 Мар 2011 13:43 #123471

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
Nin wrote:
MajaGac wrote:
...
Муабетот ми беше дека и со полна 36 недела од бременост син ми го водеа како предвреме родено. Инаку апгарот му беше 9/10.
Jas se porodiv poradi dobieni kontrakcii, a i placentata ne bese bash sjajna, malata se rodi 2190g, a po 4 dena padna na 2050g. Spored pedijatrite toa bilo malku za 35+3 nedela. Koja gramazha ja imavte vie?

Андреј се роди со 2850гр. и 48см, а на излегување, значи по пет дена, имаше 2750гр.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 18 Мар 2011 14:41 #123496

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Моите внучиња се родија во 35 недела, машкото според големината одговараше како за 33, а девојчето сходно на раѓањето. Машкото се роди со килажа од 1650, девојчето 2200 (може сум утка некој грам)..третманот во болница малку потраа заради икс околности, но да ги видите какви арслани се сега..имаат полни 4 месеци, и се како кукли и двајцата, супер напредни, женското е пу пу машалка, машкото е нешто поситно од неа ама е супер (нели глупаво е да ги споредуваме, индивудуи си се), гугаат, се смеат на глас, по ништо, ама баш по ништо не се приметува дека станува збор за предвремено родени бебиња..задниов месец двајцата качија по 1200 грама, што не е одлично туку повеќе од одлично.

Тука не сум спомнала дека и мајка ми е седмаче. Родена е во интересни околности, пред се да кажам во нестерилни услови, затоа што не било во план да излезе, а освен болница друго неприпремено место е нестерилно. Родена е во 50тите години кога медицината била многу поназад од сега, дедо ми ја носел со помош на две медицински сестри во болница, завиткана во нивни алишта и тук тек некој чист завој. На времето во болница ги ранеле со некои каши. Била толку мала што дедо ми стално ја споредуваше со пивско шише, во картонска кутија за чевли за збирало. Па таа моја мајчица, израснала во највисокото девојче во одделението, многу солиден ученик, талентирана за све и сешто и не роди нас тројца, со еден збор имала сосема нормален и повеќе од нормален развој во секој поглед..
Бацки за сите мали големи човечиња, јунаци се сите тие :srce:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 18 Мар 2011 15:48 #123518

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
Искрено, не мислам дека тоа што некое бебче е предвреме родено има поголеми предиспозиции да биде посебно, значи поинтелигентно, понапредно и слично. Барем јас досега не сум наишла на таква некоја студија. А, како мајка на предвреме родено, ептен ме интересира се што е поврзано со тоа.
Според мене, тоа што постојат примери на предвреме родени луѓе кои се истакнуваат со висина, образование, интелигенција итн се должи на гени или случајност. Или пак, може да биде резултат на тоа што родителите на предвреме родените дечиња честопати знаат да се трудат што повеќе околу децата, токму поради стравот затоа што се предвреме родени.
Точно е дека се борци, имаат свои инстинкти за преживување и навистина имаме прекрасни, чудесни приказни. И многу ми е мило за тоа, се радувам на секоја таква приказна. Ама, предвреме родените деца, сепак имаат поголем ризик по здравјето одошто навреме родени дечиња, во тоа сите се сложуваме. Негата на предвремените новороденчиња е напредната и сега поолеснато се справуваат со проблемот на недоволно зреани бели дробови (со инекции за зреење на белите дробови уште во утробата, поправилно дозирање кислород во инкубаторите итн), ама пак тоа знае да биде проблем, не дај боже. Друго, ризикот од прематурна ретинопатија. Најново што прочитав е дека предвреме родените бебиња имаат многу поголема веројатност за какви било проблеми со видот (страбизам, очила, подоцнежни болести...) и дека во текот на целиот живот треба навремени контроли на очен лекар.

Искрено, мене ме загрижува податоков за видот и би сакала да слушнам други искуства. Ние бевме на контрола кај Др. Татеши на возраст од 1 месец и тогаш ни кажа дека структурата на окото уште не е развиена. После отидовме на 2 месеци и тогаш ни кажа дека структурата се развила, и дека само уште не е во целост доразвиена ретината, но дека нема знаци за прематурна ретинопатија. Следна контрола ни закажа на возраст од 3 години, за да се одреди острина на вид. Меѓутоа, јас сум малку загрижена после се што прочитав. Бидејќи најбитно од се е рана дијагностика, се мислам да отидеме на уште една контрола. Имате ли вие искуство со ова? Кај кого можам да отидам на двојна контрола, некој добар очен лекар ама треба да знае да го прави скринингот за ПР. Колку што прочитав Татеши и негова колешка од очна клиника се единствени обучени таму. Што е со онаа очна клиника што ја рекламираа накај Св. Лазар во Ѓорче, како се вика, прават ли таму такви скрининзи?

Исто така не најдов тема за развој на предвреме родени дечиња, а гледам сепак не има и можеби ќе ни биде супер да ги споделиме тие работи, значи дали го следите развојот според раѓање или корегирана возраст. Можеме тука, на темава или пак администраторот да го премести постов во нова тема...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 18 Мар 2011 17:16 #123553

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Моето дете е исто така предвреме родено. (поради лекарска грешка :( ), ги прочитав сите постови овде и само едно имам да кажам. Секое предвреме родено бебе е неуроризично бебе и мора внимателно да се прати. Значи не велам не има случаи каде не е битно дали и колку ќе напредува. Мојот батко да се родел на време ке бил 4кг. а во 32 недела од бременоста кога и се породив тежеше 2300гг. Меѓутоа во тежина воопшто не е проблем во првите неколку месеци детето си ја постигна конституцијата која требал да ја има. Но како резултат на предвремено раѓање моето дете има оштетување на грубата моторика, фина е ок. Има оштетување на видот. (страбизам, немаме диоптрија). И има други мал милион работи кои се многу битни.Некои немаат развиени плуќа, некои имаат соосема други проблеми. Ако има среќа детето недоносено ќе се извлече без некои посебни потешкотии. Но сепак секој ден поблиску до терминот е ден повеќе за здравјето на вашето дете.
И констатација во 7 а не во 8 е глупава и не е за коментар воопшто.
И сите кои имате недоносени деца многу е битно да ги пратите. Кај нас нема институција која соодветно ќе ве упати што и како. Муабетите дека е недоносено и согласно тоа касни на одредени полиња не треба да ве тешат. Подобро да се превземат соодветни мерки, оти уште од бебешка возраст е најубаво да може му се помогне на она поле на кое детето заостанува.
Последна промена: 18 Мар 2011 17:16 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 18 Мар 2011 17:46 #123573

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
Зока, мислам дека е паметно да си организирате уште еден преглед за очињата. Се надевам дека нема никакви индикации, но да се биде на сигурна страна. На докторите не можеш секогаш да се ослониш, секоја чест на исклучоците. На моја пријателка детето има прематурна ретинопатија на едното око, оперирано е во Белгија. Го приметиле сами после неколку месеци едното окце дека е помало од другото. Додека се поминат сите доктори во МКД, па додека се најде каде да се оперира, средства ако не може да се плати и сл, штетата ќе биде направена. Кај нив за жал излезе таков случај. Она што рече Мацика треба цело време да се надгледуваат тие деца. Јас имав болки од 31 недела на бременоста и исто многу се информирав во врска со тоа. Ве читам тука и ептен се разнежнувам кога кажувате како ви се борци бебушите, како што пиша Нин мислам 'има силен инстикт за преживување'. Само напред!

И што е ова сега порано родените деца биле понадарени?! Син ми е надносен! :muahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 18 Мар 2011 18:12 #123585

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Драги мои мајки, ич да не се секирате јас сум 7 месече (иако темава е за 8 месеци)
Родена сум 1800гр 37 цм, а дома ме донеле со 1600гр :laugh:
Баба ми викаше дека сум била колку еден леб. Сум имала мали проблеми кога ме фатила жолтицата ама се поминало во најдобар ред и други проблеми немало. Сум била бебе баш како од книга, нормално сум се развивала и еве до ден денес немам никаков проблем :da:

Заборавив да кажам едниствен проблем било тоа што од што сум била многу малечка матката ми била излезена надвор, после 2-3 месец како сум накачувала на килажа така ми се вратила назад
Последна промена: 18 Мар 2011 18:15 by Molly.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 19 Мар 2011 20:07 #123793

  • Nin
  • Nin's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Majka!!!!
  • Теми: 172
  • Thank you received: 40
E pa mamicki i tetkicki i drugi rodnini na nedonoseni bebinja, vasite iskustva se besceneti i nezamenlivi za nas, pisete ni za se shto mislite deka treba da napravime, informirame, probame, da se zdruzime za da im napravime na nasite malecki shto polesen pat do zrelosta i formiranje na licnosta. Blagodaam odnapred.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 29 Мар 2011 16:06 #126411

  • nov clen
  • nov clen's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 8
  • Thank you received: 1
Pozdrav do site predvremeno porodeni mamicki

i ja se porodiv vo 34 nedela imav problemi so pritisokot mi se kacuvase mnogu , rodiv since 1880 grama a izlegovme so 1950 e segsi posedovme tri nedeli u bolnica zad e a dobieme na kilaza .
inace sega sme super dobro napreduvame gi pominavme site mozni kontroli za predvremeno rodeni bebinja bevme i nie 2 pati kaj dr.Tatesi za rainopatija ok e nema nisto i rece deka do sega mu se nema deseno bebe sto e porodeno vo sistina da ima rainopatija zasto mnogu vnimavale doktorite na toa ...
me interesira dali nekoj bil na defektolog i kakv se iskustvata trebalo i toj pregled da se napravi :( Mojot pedijatar mi rece deka do godinata bi trebalo da se izednacat ovie bebusi so vrsnicite
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 29 Мар 2011 17:56 #126479

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
nov clen wrote:
me interesira dali nekoj bil na defektolog i kakv se iskustvata trebalo i toj pregled da se napravi

Досега не сум чула за преглед кај дефектолог. Освен ако се мисли во Центарот за следење на деца родени со ризик фактор (развојно советувалиште) кое се наоѓа на Бит Пазар во поликлиниката, каде има цел тим, меѓу кој и дефектолог.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 30 Мар 2011 17:36 #126789

  • nov clen
  • nov clen's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 8
  • Thank you received: 1
da na toa se misli mi rekoa samo na bit pazar i na detska klinika imalo .
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 15 Мај 2011 21:45 #135786

  • Nin
  • Nin's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Majka!!!!
  • Теми: 172
  • Thank you received: 40
nov clen wrote:
Pozdrav do site predvremeno porodeni mamicki

i ja se porodiv vo 34 nedela imav problemi so pritisokot mi se kacuvase mnogu , rodiv since 1880 grama a izlegovme so 1950 e segsi posedovme tri nedeli u bolnica zad e a dobieme na kilaza .
inace sega sme super dobro napreduvame gi pominavme site mozni kontroli za predvremeno rodeni bebinja bevme i nie 2 pati kaj dr.Tatesi za rainopatija ok e nema nisto i rece deka do sega mu se nema deseno bebe sto e porodeno vo sistina da ima rainopatija zasto mnogu vnimavale doktorite na toa ...
me interesira dali nekoj bil na defektolog i kakv se iskustvata trebalo i toj pregled da se napravi :( Mojot pedijatar mi rece deka do godinata bi trebalo da se izednacat ovie bebusi so vrsnicite
Dr.Tatesi e na detska klinika?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 16 Мај 2011 02:08 #135834

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
Да, др Беким Татеши е на клиника, а исто така оди по потреба и во Систина офталмологија (прегледот таму чини 1800 денари).
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 16 Мај 2011 02:28 #135839

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
Инаку, ние бевме на уште еден очен преглед, пред 1,5 месец и се беше ок :)
Исто така, прашувавте за дефектолог. Минатиот месец кога бевме на редовна контрола, педијатарот не упати во центарот за деца со ризик на Бит пазар. Повод беше тоа што ќерка ми тогаш уште не фаќаше играчки, на 4-месечна возраст (почна неколку дена по прегледот :), но тој и генерално има став дека предвреме родените би требало да одат на таков преглед. Таму е тим од тројца доктори - Двојаков педијатарот, психолог и дефектолог (не им ги знам имињата). Прегледот трае налку повеќе од оние редовните, што е нормално. За жал, ќерка ми тогаш заспа додека стигнавме кај дефектологот и не можеше убаво да ја види, ама сепак ни закажаа дури после два месеци од тој преглед. Инаку, цело време го разгледуваа нејзиниот развој според коригирана возраст, запишуваат одредени работи, ги внесуваат во компјутер и имаат како некоја методологија дали се развива детето ок или доцни со некои работи. Битно е дефектологот да види да не се потребни некои вежбички и кажаа дека за оние дечиња кои повеќе доцнат се оди често во центарот и се вежба со нив. Нам ни кажаа дека сме ок според она што можеа да видат (зашто нели спиеше малата).Е сега ќе видам на следниов преглед, при крај на јуни сме. Се надевам дека тогаш ќе сме будни и расположени :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 29 Ное 2011 20:42 #167365

  • Palce
  • Palce's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
  • Thank you received: 20
Здраво мамички...ЕВе и јас да ви се придружам на муабетот за предвреме родени бебиња. Јас сум мајка исто така на предвреме родено бебе и тоа во 28 недела и 6 дена. Ептен и се брзаше да излезе,што значи дека е родена 2,5 месеци порано..Навистина се големи борци, интелегентни и многу темпераментни. Нејзиниот развој го следиме на детска клиника и до сега се е добро. Едно време одевме и на вежби во Мајчин дом кои навистина помогнаа во целокупниот развој и побрзо напредуваше. Сега е веќе женска од 2 години.Само да напоменам дека ние не примавме трансфузија додека таа беше во инкубатор а ни после тоа, така да не е нужно секое прематурче да прима трансфузија освен ако не му е потребна. Мило ми е што и на овој форум се отвори тема за предвреме родени бебиња и ќе може да се споделуваат искуства бидејќи е повеќе од потребна подршка особено кога бебето е во инкубатор а мајката сака да сподели некое мислење со некој што веќе го поминал тој пат.
Поздрав до сите,па ќе се читаме почесто на оваа тема...:)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 10 Фев 2012 21:02 #179815

  • arjeta
  • arjeta's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Thank you received: 1
jas se porodiv carski na 31 nedela,bebeto beshe na inkubator 1 nedela no ne mozheshe da izdrzhi poveqe, vaka i me interesira kolku vreme treba da se oporavi ranata , zashto sekoj doktor si go ima svoeto mislenje, pa sakav da znam dali ima nekoja shto zabremenila posle 4 meseci od operacijata:trudna:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 05 Јун 2012 11:27 #202224

  • Radmila
  • Radmila's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 19
  • Thank you received: 2
Zdravo na site!!!
Odamna ne sum sednala da procitam nesto no sega koga procitav malku se zagriziv pa sakav da ve prasam za nesto.Jas sum majka na predvreme rodeni bliznacinja potocno rodeni vo 34 nedela.Devojceto e rodeno 1920 a maskoto 1940g. i ni den ne bea vo inkubator.Mene nikoj ne mi posoci deka treba da gi nosam na ocen lekar pa zatoa sakav da prasam dali sekoe predvreme rodeno dete treba da se odnese ili pak deca sto prestojuvale vo inkubator.Sega oni imaat po 2 ipl godini a ne sme posetile ocen lekar.Dali treba da gi odnesam ?
Vi blagodaram odnapred .
Pozdrav!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 05 Јун 2012 16:48 #202256

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Радмила, оштетувањата на видот кај предвремено родените можат да се случат поради несоодветното дозирање на кислородот во инкубаторите, така да сигурно не спаѓате во оваа категорија.
Не знам каде си породена но јас имам внуци близнаци родени на ГАК и беа во инкубатор, и уште додека беа во болница доаѓаше специјалист и ги прегледуваше.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 18 Јун 2012 07:44 #203885

  • Radmila
  • Radmila's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 19
  • Thank you received: 2
Bubamara ti blagodaram mnogu za odgovorot.Taka i mislev no sepak ne bev sigurna .Blagodaram uste ednas.Pozzzzz
The administrator has disabled public write access.

Ре: Новороденче родено во 8 месец од бременоста 03 Јул 2012 19:17 #206267

  • ves mila
  • ves mila's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 19
  • Thank you received: 3
Значи еве јас сум докторка и сакам да ви кажам дека сепак има врска онаа теза или мислење дека бебињата родени во 7 месец имаат поголеми шанси од оние кои се родени во 8.Тоа е така бидејќи се поврзува со развојот а белите дробови,каде во 8 месец можни се поголеми компликации отколку во 7.
Тука нема ништо спорно.Второ што сакам да кажам е дека не знам кој тука спомна дека за се ви се виновни докторите па дури и за вашето предтерминско породување.
Има милион причини за предвремено породување и процеси кои се случуваат во вашата матка,а докторот не е Господ,за да по секоја цена секое бебе се роди во термин.Да расчистиеме со тоа и да нема неоправдани заблуди.
Друго прочитав и за тоа дека ја поврзувате интелегенцијата со предвременото породување така да и тоа нема никаква врска од проста причина што интелегенцијата и другите критериуми за висока личност се индивидуални и единствено зависат од гените и понатамошниот сплет на живот.Сите предвремено родени деца се поосетлива категорија и може да се соочат со секакви проблеми и нелагодности.
А тоа што на не знам која членка доторокт и сугерирал дека бебето не знае да цица,е затоа што тоа сеуште нема развиен рефлекс за цицање од проста причина што предвреме се родиле и не се доразвило,а не дека докторот е неписмен.Инкубаторот е вештачка средина направен по еквивалент на мајчината утроба,но тоа не може да се споредува со матката и нејзината средина.Затоа сите вие кои имате предвреме родени деца пожелно е да повеќе ги следите во нивниот развој и повеќе контроли отколку кај термински родени деца,како би се превенирале голем број на болести и проблеми.
Последна промена: 03 Јул 2012 19:21 by ves mila.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.