Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Проблеми со јадењето!

Проблеми со јадењето! 06 Ное 2010 18:13 #69418

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
Немам досега сретнато ваква тема па еве ке отворам зашто навистина ми треба помош.Значи ова не е само фаза јадеше убаво па сега не сака.Ова нашето е одсекогаш:( Уште додека беше на кашички Кико не јадеше многу ама некако со лажење ке го наранев.Ама од кога беше 18 месеци рече не сакам никој да ме рани и почнаја поголеми проблеми.Значи овошје и зеленчук нема детето пробано од кога беше 18 месеци.До тогаш барем овошје му гмечев во житариците ама сега скоро ништо не јади.Јади шпагети само со малку путер во нив никаков сос или сл.Лепче со маргарин и малку зденка намачкана,лепче со еурокрем,и Хепи мил од мекдоналдс ама не сендвич со пилешко само.Чипс и чоколадо би јадел во секој момент а знаеме колку се добри:unsure: Навистина ми треба помош некоја идеа како да го натерам да јади.Ако нешто проба па не му е убаво ок ке разберам ама маката е што не сака ниту да проба.Имам пробано многу начини кој ми ги препорача специјалист од детска болница ама за жал немаме успеано.Имам пробано со тајм аут ако не јади,имам пробано со молење,имам пробано само да ставам на маса пред него само ја носи чинијата во кујна и ми вели ке си седам гладен јас,имам пробано сецкано овошје нон стоп да има на маса по цел ден молејки се на Господ барем да проба ама никако работата.Дури со мм еднаш и на сила пробавме да му пикнеме во уста ама ме искаса и вриштеше како да пробваме да го колиме.Незнам навистина како ке ја тераме оваа работа.Има 3 години и 2 месеци а нецели 13 кила има:( Дури ми се плачи.
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 06 Ное 2010 19:16 #69442

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
MrsH, па вие ептен се мачите. До толку Кико ти прави проблеми такви. оф леле, јас знам пошто ми кажуваше оти имате некој проблем со храната ама незанм за точно баш ваков. Сега ке ти кажам, ММ на Кико годините бил ист, ветер да го дувнело ке го однел. Свеки моја многу мака мачеле со него, со ништо не успевале. Свекор ми му текнало и во сендвич од сендвичара му ставиле буковец кој малку лути, одкако се олутил му дале јогурт да пие па после полека апетитот му се отворал. Повторно му давале буковец и нормално одпосле станал лапач - но имал проблеми повторно со видот на исхраната Многу бил пребирлив а и денес е таков. Не знам дали е во ред на 3 год дете да му се даде буковец :nc: Еден период и јас со Анастасија имав таков проблем, па поцнавме заедно да си играме во кујна, зимав од сите овошја и зеленчуци, сечевме во кругчиња или коцки и демек она меша прави јадење, па полека полека после неколку обиди почна самтата да пробува и така ми пројаде нешто што не сакала да јаде. Правете фигури од зеленчукот и овошјето моеби ке изрази желба да проба. Кико, мислам дека не ти јаде од што многу го молиш, остави еден период - не го моли, не му нуди па можеби ке види дека не го молиш, ке му падне чудно и се надевам дека сам ке сака да си проба од нешто. Една моја братучедка, исто така керка и и го носела тањирот во кујна викајки и дек анејке да јде и ги крстела рацете и и правела фаца, она кога ја подбрала ја удрила по газето, шлаканица, и влеалал малку страв и со сила ја натерала да отвори уста, првиот пат и ја плукала храната и ја гризела по прстот, после она штом ке ја гризнела и удирала шамар, после неколку обиди внука ми почнала малку по малку да пробува и најпосле почна се да си јаде. Кај секое дете е различен начинот на воведување на храната - иако сите си го имаме тој проблем. Поззз цмок, баци го Кико и пак да си пишеме.
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 06 Ное 2010 19:22 #69443

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
А заборавив да кажам јаде буковец лута на лепчето со маргарин :laugh: и тоа со сласт го јади ама други рабпти не сака да проба.И татко ми ми рече баш денес пробај плесни го ама како да го плеснам ми е грев.А и со фигури со игри со пеење имаме пробано ништо.И имам престанато да го молам и си седи гладен дури не му дам тоа што сака една од овие работи што ги набројав.Сега доркотката ми рече да пробам да не му давам ништо освен храната што не ја сака да ја проба како банана или јаболко се додека не проба 2-3 дена ништо да не го нудам друго ама како д го држам гладен 2-3 дена:unsure: пак грев ми е а од друга страна грев ми е што ништо не јади ние си јадиме а тој кутриот леб и маргарин:(
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 06 Ное 2010 19:23 #69444

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
Slakanica?

PA vie normalni li ste? Se tepa li dete zatoa sto ne jade!?

Ne znam kakvi problemi so jadenjeto da ima jas Lena nikogas ne bi ja udrila (ni po gazeto) a kamo li da i udram slakanica!

Go osuduvam dlaboko ovoj pristap! Nemam poveke zborovi...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 06 Ное 2010 19:32 #69446

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
Абе и јас така мислам нема потреба од шлаканица,нарочито што не е некој бељаџија ама очајна сум за некој совет или предлог.Или пак што мислите да го оставам гледан додека не проба друго јадење освен овие што ги набројав ништо од ова да не му давам па да видиме кој поинаетчија?Оти ова на инает ми личи зачто не сака ниту да проба.Ај да проба па не му се бендисува ке сфатам ама дете да не сака да проба ниту банана не ми е сфатливо:unsure:
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 06 Ное 2010 21:33 #69476

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
Младеновска,
ова што го напиша за шлаканиците вака јавно на форум, а притоа без да го осудиш, е за секоја осуда! Па и најноншалантно го прокоментира дека храна може да се воведе со шлаканица, не разбирам. :angry: Што рече дека си по професија, просветен работник или јас сум те помешала.
Бидејќи, ако си просветен работник, а постапката на братучетка ти ти е во ред, тоа може да мотивира други мајки што читаат на фопрумот да им плеснат шлаканици на децата ако не јадат. Така ли се решава проблемот што детето не сака да јаде? За секоја осуда, жално за тие кутри дечиња:tazna: ...кои најверојатно не јадат за да добијат вимание од родителите, а наместо внимание, добиваат ќотек. Ух, ќе зовријам ако продолжам на темава.

МрШ,
братучед ми кога беше две-три години не јадеше ништо освен чоколино. Асполутно ништо. Што се не проба тетка ми да го натера да јаде. Се со убаво, нормално, не користеше никакви насилни методи, пикања во уста на сила, уцени и сличо. Братучед ми од што јадеше само чоколино, мислеме дека и какушката веќе му беше чоколино:roll: . И помина полека. Почна да јаде, ама цел живот е виток, слаб, со брз метаболизам и одлично здравје. Ако ти е некаква утеха, тоа со син ти нема да трае.
Но, сепак мислам дека не треба да чекаш времето да си го стори своето, туку обиди се да сфатиш зошто тој престанал да јаде. А велиш јадел до 18 месеци. Што можело тогаш да му се случи, па нејадењето да е некаква манифестација на отпор, искажување потреба за нешто друго?
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 06 Ное 2010 23:27 #69489

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
MrsH, ќе се сложам со redsonja. Мислам дека проблемот не е со апетитот или нешто друго, туку е од психолошка природа. Пробај да се зближиш повеќе со детето, да осети сигурност кај мама. Да почне да кажува зошто се лути, што не му се допаѓа па така протестира. Не очекувај брзи резултати и на почеток не го спомунај јадењето. Мислам дека ќе потрае тој процес, бидејќи тој веќе го има воспоставено тој начин на однесување како негов. Сега ќе му дојде како откажување од својот став. Да не ти кажувам сега јас методи, не ми е тоа струка. Има стручн луѓе и литература каде што ќе ги најдеш одговорите.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 00:23 #69498

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
И ја мислим да су Дамјана и РедСоња у праву и да се овде не ради о апетиту..из личног искуства са сином знам шта је проблем са апетитом..до осме, девете године смо кубурили са тим..оно што сигурно знам је да дете које има проблем са апетитом неће ништа да једе, али баш ништа, ни слатко, ни слано..а ако дете има две, три одређене намирнице које једе, без обзира које су, онда је проблем друге природе...
Дечја психа је чудо и треба је схватити јако озбиљно..

Оне шамар методе пар постова горе, нећу ни да коментаришем..само ћу поновити нешто што сам писала већ на другој теми, а то је да све негативно што деца кажу или ураде је скоро увек реакција и протест на понашање и поступке родитеља..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 01:14 #69503

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Да се согласувам дека проблемот лежи некаде. Моето искуство на оваа тема е со пребирливо дете кое еве денес јаде скоро се. Дојде денот кога рече мама јас сум гладна дај ми да јадам, а јас од чудо да стојам 15 сек здрвена. Еве ја сега Јана, крупна, висока, таман пополнета, jaka, здрава права девојка. А кога ќе се сетам до пред една година... Ми се смееја комшиите пред некој месец, викаат ова ли е тоа дете по кое трчаше со јадењето :laugh:
Силум хранење никако, мислам дека би створило контра ефект. Тепање? Зарем тоа е решение на проблемот?
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 03:03 #69536

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
Redsonja, Не станува збор само за осудување, го пишав како што велиш ти ( НОНШАЛАНТНО)од таа причина што ни јас неможев да си поверувам кога ми кажа. И неа и реков дека постапила неправилно но ако она си мисли така тоа е нејзин проблем, кога не сака да си прими совет.Затоа и тоа го пишав, но незначи ако не ја усудувам таа постапка дека ја оправдувам. Секој родител знае што е најдобро за неговото дете. Сите имаат разни начини и принципи кон своето воспитание кон своето дете. Не значи ако сум го напишала ова на постов дека некоја мајка ке си помисли дека е тоа во ред!!!!!!!
Секој има право на свое мислење, секој може да напише за некој кој го знае за неговите постапки без разлика дали го осудува или не.
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 03:37 #69568

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Emilija wrote:
Да се согласувам дека проблемот лежи некаде. Моето искуство на оваа тема е со пребирливо дете кое еве денес јаде скоро се. Дојде денот кога рече мама јас сум гладна дај ми да јадам, а јас од чудо да стојам 15 сек здрвена. Еве ја сега Јана, крупна, висока, таман пополнета, jaka, здрава права девојка. А кога ќе се сетам до пред една година... Ми се смееја комшиите пред некој месец, викаат ова ли е тоа дете по кое трчаше со јадењето :laugh:
Силум хранење никако, мислам дека би створило контра ефект. Тепање? Зарем тоа е решение на проблемот?
Ова е како јас да сум го пишала, па дури и децата се имењачки :laugh:
Кога ќе прочитав искуства на мајки како децата им јадат по цели порции овошје (иако немаат заби, зборам кога бевме помали), како јадат полн тањир супа (за нас мисловна именка, едвај по неколку лажички кашичка зготвена и давав), ми се вриштеше од мака. Многу протргавме со тоа јадење како помали, јас бев оспедната со тоа што да и понудам, дали ќе изеде, едноставно стрес ми беше. Не знам што се случи, некоја пресвртница, и фала му на Господ мото дете јаде скоро па све. Овошјата не ги сака баш сите, ама нели и ние возрасните не јадеме баш све. Јаде секаква зготвена манџичка, секоја зготвена храна ја сака. Овошје јаде исто така секој ден. Е сега, јас мислам дека клучниот момент е што сте дозволиле детето толку да навлезе во тој свет на неубава и нездрава храна, што сега со такви навики тешко дека ќе го одивкнете брзо, сепак е големо дете. Не знам кој бил пресудниот момент за да му дозволите да се храни исклучиво со таква храна. Многу добро знам што значи пребирливо дете и дете што одбива да јаде, ама никогаш не сум се препуштила на тоа еве ти јади што сакаш, само биди сита. Правев одстапки само со млеко, значи ако видам дека стварно не става ништо во уста, да и дадам адаптирано, нормално, секоја мајка е оптеретена со тоа дали и е најадено или прегладнето детето. Не бев истрајна во тој поглед до крај, еве ти само ова, ако нејќеш гладувај цел ден, немав душа за тоа. Ама па никогаш како решение на проблемот не го гледав ни тоа да јаде што сака. Сме имале фази да сака многу на пример чоколино, и сум дозволувала со денови по ред тоа да го јаде за доручек, ама само за доручек, значи малку компромис со такво дете мора да има, ама не и дозволување да јаде само нездрава храна постојано. Сум правела одстапки и на пример кога била болна, па после за да се врати во колосек воопшто со храната, да и давам храна која не е баш пожелна. Ама тоа трае ден два и после вртиме нов лист. А секое дете попрво би се хранело со грицкалици, одошто на пример со..грашок да речеме. Колку и да ми изгледаше невозможно од тогашен аспект, а искрено и сега си симињам капа, успеав такво дете да "го доведам во ред". Престанете да му купувате чоколадо и чипсови, инистирај да изеде тоа што треба, па ќе добие тоа што сака.. Фазата сум сигурна дека ќе помине, ама кај вас е проблемот што трае многу долго (ни тоа не е толку страшно) туку е лошо тоа што јаде само таква храна без исклучок. Однеси го некаде каде што му е многу интересно, да се заигра, пушти му омилен цртан или нешто што баш ќе му привлече внимание да гледа, залак по залак ќе имате напредок. Искрено знам дека е многу голема мака да си во кожа на мајка која има проблеми со хранењето на детето, без оглед од точно каков карактер се тие проблеми..знам дека ти е голем проблем, ама ќе стиснеш заби, ќе си ветиш на себе дека мора да го поминете тоа и дека во интерес на неговото здравје нема да дозволиш веќе главна храна да му биде нездрава храна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 03:53 #69582

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
MrsH, пробај да му понудиш сам да јаде, демек голем батко е, големите дечиња јадат сами, нели...
Гледам по Алексеј, ако не јаде сам не јаде ич, а врсници се со твоето синче. Му ставам во тањир супа, манџа, леб со мармалад, било што да е битно му е САМ да го изеде, не дозволува јас или мм да го пипнеме приборот за јадење. За 5 минути се најадува. Ни претходно не сме имале проблем со јадењето, чисто како идеја ти го кажувам, може ќе упали кај вас.
Никако, никако, НИКАКО со сила!!!
Сакаш некој тебе да ти ја фати главата и со сила да ти напика во грло лажица со манџа!? Или да ти плесне шамар ако кажеш дека не ти се јаде? Не ни размислувај во таа насока, без разлика што си веројатно на крај на нерви. Викаат, најголемата клетва за мајка била - детето да не ти јаде. Верувам дека се нервираш и секираш.
Детскиот инат, инатот воопшто - значи лутина, протест за нешто, а ти треба да откриеш за што.
Исто така не сум за варијантата - нека гладува додека не побара јадење.
Полека, стрпливо, со галење, мазење, гушкање, раскажување приказни додека јаде (Алексеј и ова го сака) пробај да му го пренасочиш вниманието на нешто друго а као уз пат го храниш. Пример, гледајте цртан филм и раскажувај му за цртаниот и во исто време храни го, ама не го спомнувај јадењето, да не осети дека јаде. Се надевам ме разбираш што сакам да кажам, кај нас и оваа метода делува во ситуации кога не сака да јаде ако е болен или слично.
Само немој со сила.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 05:37 #69642

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
Фала многу за одговорите.Како прво да кажам дека тој и до тогаш од како е роден не јадел многу,ама до 12 месеци бевме со блендирана храна а до 18 со гмечена храна и некако со лажење успевав да го наранам.Ама од 18 месеци јас но немам нарането.Тој инсистира сам да јади и во ред нека јади сам ке извалка ке исчистам не ми е тоа проблем.А и бебе кога беше додека го ранев ако малку се извалкаше околу устата или на рачето ке престанеше да јади.И знам дека не е апетитот,овие јадења кои ги набројав си ги јаде сега убаво сам си јади и цело го јади,ама проблемот ми е што не јади здрава храна,како живее со шпагети и ле незнам јас:unsure: А и јас помислив зошто можи да одбива јадење па затоа по доктори и специјалисти а тие ми велат изгледа здраво и срекен е не се секирај.Колку е лесно да се кажи.А млеко многу пиеше па ми рекоја да го намалам млекото и го намалив:сега навистина повеке јади ама не различни јадења тоа па тоа.и во детската болница одев неколку пати и го мереа тој си клава тежина па не се секираат тие многу.А навистина на тие графиконите од WHO си ја држи истата линија.Навистина незнам што да правам.Му дозволувам сам да јади имам пробано со него да јадам и му зборувам го фалам,па со игра,па со песна.А тоа на сила пробав само еднаш и не сакам ни да пробам повеке.Имам исто пробано во кифле да ставам како фил или измешано со шпагети ама не ке види дека има внатре и го турка.А во градинка понекогас јади ама ги одбира грашок или морков од оризот и само оризот го јади.Ете сега 2 сати кај со е станат и му даваме житарици и тост со маргарин и малце мед ама не сака ниту да проба.Најде едни чоколадирани бисквити сакаше па му реков ајде земи една па не ја ни проба ја виде дека не е чоколадо и ја фрли:ohmy: Значи никако не сака да проба нова храна...
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 12:58 #69643

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
Пребирливоста е еден од начините на кои што децата ја изразуваат својата независност.
Наместо секој ден да водите борба со цел да ја јаде сервираната храна, обидете се на смирен ненаметлив начин да го надитрите.Вклучете го во подготовката и купувањето на храната. Кога сте во супермаркет, оставете го вашето дете да ги одбере зеленчуците и овошните плодови. Така ќе биде посклоно да ги проба кога ќе му ги послужите на масата. Исто така, вклучете го во самата подготовка на јадењето. Додека ги сечкате зеленчуците, направете пауза неколку пати и оставете го вашето дете да ги собере од даската за сечкање и да ги стави во чинија. Или пак дајте му да ги мие плодовите. Кујната е одлично место каде што децата можат да дојдат во допир со зеленчуците и плодовите, за кои во други услови воопшто нема да се заинтересираат.
Дајте му повеќе избор. Сервирајте многу различни јадења за секој оброк. Колку почесто детето стапува во контакт со дадена храна, толку е поголема веројатноста дека ќе ја прифати и ќе ја јаде. Кога детето е најгладно, па сигурно ќе падне во искушение да проба.Еве нешто од нашата колекција кога имавме период на одбивање на храна:)




The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 17:51 #69663

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
Богдана и ова го имам пробано:( И кога пазарам нон стоп е со мене обавезно тој ми помага клава во количката кажува дека се yummy и помага да зготвам да направам ама кога ке дојди ред за јадење тој ми вели јас да јадам:unsure: а тој ке си седел гладен.Му имам јас велено него ако не го јадеш јадењето нема десерт ке си седиш гладен и сега кога не сака да го јади јадењето вели јас ке си седам гладен:( Имам пробано и да го носам во соба и му имам речено кога ке решиш да јадиш дојди а тој ке си легни да спие и наредниот пат ми вели јас не сакам ова да го јадам ке си одам всоба:(
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 19:52 #69676

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Богдана, алал да ти е за колекцијата...:OK: Посебно гасеницата ми е интересна. А кажи ми тоа кај главата ротквица ли е или доматче?




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 07 Ное 2010 19:53 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 19:58 #69683

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
Bogdana stvarno super si, sekoja cest :OK:
A imas kalapcinja nesto takvo ili onaka go seces lebot na tepka sto bi se reklo pa gi pogagas taka, epten ko zivi da se. Abe prav umetnik si be bravo :)
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 20:03 #69687

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Мене Сунѓерот Боб ми е посебно интересен. Стварно сум заинтересирана како се прави и дали има калапчиња што би можеле да се купат кај нас?
Инаку триковите со купување, сецкање и слично кај нас до сега не запалиле ниту еднаш кога решила дека одреден тип на храна не го сака.
Карактер дете од мало :P
Последна промена: 07 Ное 2010 20:04 by bubamara.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 20:07 #69691

  • vasilevska
  • vasilevska's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 30
  • Thank you received: 3
ne znam dali ke pomognam bidejki sekoe dete e razlicno i razlicno se odnesuva kon hranata. Mojata kerka mnogu malku jadese pa jas probav i uspeav demek so kompromis (ako go izedes mevceto ke ti dadam cokolatce) ili ke ti kupam flomasteri, svetki nesto sitno ama da go saka treba deteto.Ada ne mu davas da jade nekolku dena ne se slozuvam oti mislam deka ke se razboli.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 20:29 #69705

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Богдана ти ги правеше? Секоја чест :OK: Јас правев обиди за вакви сендвичи ама искрено не беа ни приближно вакви :sram2:

За маскирање на храната: грашок пасиран во супа, вкусот на карфиолот и брокулата со црвена пиперка, јагодите како овошен јогурт, палентата како поховани стапчиња, во паштета измешана варена жолчка :fijuk:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 20:29 #69706

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
Докторката вели дека нема да се разболи него ке бил мнооогу гладен па ке јадел што ке му сервираш.Појма немам.Незнам повеке што да пробам:(
А и јас сум била иста кога сум била мала и добро се секавам на некои вакви случки со мене,а до лани и јас не јадев овошје и зеленчук па докторката реце исто така дека можеби е како мене:(
Сандра
Последна промена: 07 Ное 2010 20:31 by MrsH.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 07 Ное 2010 22:01 #69738

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
MrsH, ако си и ти таква, онда није за чуђење што ти је и син незгодан кад је храна у питању..у крајњој линији, ако је здрав и ако му је крвна слика добра, покушај да се опустиш мало..можда кад не будеш толико инсистирала, почне разноврсније да се храни..

Мој син је имао проблем са апетитом као мали, а ћерка ми је велики пробирач, тако да разумем твоју нервозу..Дора такође не једе све, шта више има мали круг намирница које воли да конзумира, али ипак има бар понеко воће и поврће које воли, па то вртимо у круг..

Тешко је овако давати савете кад је дечја психа у питању јер ми дете не познајемо, не познајемо тебе и ваше навике..и мислим да ћеш ти као мајка најбоље успети да решиш овај проблем..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 08 Ное 2010 00:52 #69775

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
MrsH wrote:
до лани и јас не јадев овошје и зеленчук па докторката реце исто така дека можеби е како мене:(
Дајте му добар пример. Децата учат од своите родители. Ако вие ги одбегнувате зеленчуците, не очекувајте вашето дете да биде воодушевено кога ќе ги види. Сè што сакате тоа да јаде, треба да јадете и вие.MrsH wrote:
ако не го јадеш јадењето нема десерт ке си седиш гладен и сега кога не сака да го јади јадењето
Не му придавај големо значење на десертот. Доколку употребувате условување од типот „само ако изедеш сè во чинијата, ќе можеш да јадеш чоколадо“, вие му давате големо внимание на десертот и го правите еден вид награда. На таков начин му потскажувате на вашето дете дека десертот е највкусното нешто и тоа ќе го сака уште повеќе.
п.с later за сендвичите:laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 08 Ное 2010 02:27 #69788

  • busavo
  • busavo's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 267
  • Thank you received: 30
ние си имаме проблем со месото, значи ако не е добро спакувано, значи вкусот да не го осети, абе не сака да го види јадењето и најомиленото јадење да е во прашање ако осети дека има месо станува во момент од маса.и јас на почеток и го блендирав со овошје, подоцна со житарки, па кога почна манџички со нив и го блендирав се до летово кога бевме на одмор го заборавив блендерот и мораше да исмислувам начини како да и го замаскирам. тогаш приметив дека она повеќе сака да јаде тоа што ние јадеме и така почнавме тоа што е за нас и за нејзе да биде дури едно време не веруваше дека е исто па бареше од иста чинија да јадеме, случајно да не ја лажеме. а вистина е еве јас не јадам месо и моите имале гоооооолем проблем со мене и месото сум си седела јас на маса со тањир и цел ден сум го преседувала и не сум го јадела и ден денес не го сакам и еве 13 години не го јадам.другарка моја намерно го носеше детенцето во мекдоналдс и му купуваше оброк се враќаа дома и он дур се соблекува она става нејзина плескавица или пилешко нешто зеленчук и малиот мислеше дека јаде мекдоналдс, а врска немаше.јас практикувам јадења кои ги сака да и ги мешам со нешто што не го сака па колку касне толку.и знаеме на лаптоп песни да пуштаме или животни или слики па раскажувам јас ама битно јаде дете.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Проблеми со јадењето! 08 Ное 2010 03:24 #69797

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
MrsH wrote:
Ако нешто проба па не му е убаво ок ке разберам ама маката е што не сака ниту да проба.

od ovde zaklucokot deka se raboti za psihicki problem.revolt,nezadovolstvo...ni sliki ne vi pomagaat tuku sovet od strucno lice.

dali kiko odi vo gradinka? i sto se slucuva dokolku nekoj drug mu nudi hrana a ti ne si prisutna?

btw,slikite sum gi gledala na net,ili se lazam?
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.