Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Постнатална (постпородилна) депресија

Постнатална (постпородилна) депресија 05 Окт 2010 15:20 #58218

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
Постнаталната депресија (ПНД) се смета дека се јаува кај околу 10-15% од новите мајки.

Не се работи за хир на мајката, туку за сериозна состојба.

Кај многу мајки по породувањето може да се јави: плачливост, тага, напнатост, загриженост, умор и сл. За ова се смета дека се заслужни големите промени кај хормоните, кои настануваат по породувањето. Обично после ден-два ситуацијата се нормализира.

Постанаталната депресија не е исто со овие промени на расположението. Тоа е многу посериозна состојба. За разлика од другите мајки, чии чувства се стабилизираат и почнуваат да уживаат во радоста на мајчинството, мајките кои страдаат од постпородилна депресија стануваат се потажни и позагрижени.

Најчесто ПНД започнува во првиот месец по породувањето, но кај некои жени може да се јави и после неколку недели, па и месеци после породувањето. Овие жени во почетокот уживале и се радувале грижејки се за своите бебиња, но постепено почнале да стануваат се подепресивни.

Времетраењето на постпородилната депресија варира од неколку недели до неколку месеци, а понекогаш и подолго.


Извор

Дали сте имале постнатална депресија,или познавате некој што имал?Некој коментар?Како се третира во Македонија оваа состојба?.
Сандра
Последна промена: 05 Сеп 2011 15:41 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 05 Окт 2010 18:25 #58310

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
Јас порано дури бев во Макодонија немав ниту слушнато за ова незнам дали можеби не ме интересираше или дека не се зборува за ова воопшто или се уште не се зборува?А јас не сум имала ваква депресија досега па се надевам и понатаму нема да имам.Само ме интересира каков е ставот таму зашто и за многу други работи што ги видов тука во Македонија воопшто не се ни споменуваат.
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 06 Окт 2010 11:28 #58536

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Јас плачев многу, мислев дека цел свет е против мене, секој збор од сите ме погодуваше длабоко во срце, среќа немав некоја многу подлабока состојба, бидејќи другарка ми имаше навистина сериозен проблем, имаше моменти кога не сакаше да го погледне бебето.
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 06 Окт 2010 11:35 #58542

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
првите 3-4 дена сите така се чувствуваат Ане ама некој како другаркати имаат полошо.И јас така се чувствував и плачев ама не знаев зошто плачам,на сред нок сакав да си заминам од болница за дома:unsure: Тоа е она бејби блуз што во велат а иста вака ми беше и пред еден месец кога имав спонтан:(
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 06 Окт 2010 14:16 #58634

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Baby blues трае само неколку дена, а постнаталната депресија е веќе посериозна и бара лекарска помош, зашто може дури да доведе до ситуација мајката да се повреди себе си или бебето.

Јас со првото бебе поминав неколку дена низ фазата baby blues. Какви глупави мисли ми се вртеа, дека нема да можам да излегувам во град, дека нема да бидам слободна, ете сега младоста ми заврши :tazna: После сфатив дека нормално тоа не е точно и што е најважно е безначајно. Сега таа фаза дури ми изгледа смешна.:)

Со второто дете поминав супер. Многу нормално го прифатив, како од секогаш да сум го имала.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 06 Окт 2010 14:50 #58649

  • gvendolin
  • gvendolin's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 251
  • Thank you received: 75
за жал јас имав нешто повеќе од бејби блуз, неможам да опишам несакам ни да се навраќам ама имав многу голем страв и неможев да се грижам за малата а не можев ни без неа хаос тотален со мисла дека се е готово се заврши нема веќе ништо исто ни со мажот ни сама за излегување па да не зборам само плачев и се секирав ама после 3 месеци можам да кажам дека се средив и еве сега сум по цели денови сама си уживам
добро де ме треска пак од време на време и хистерична сум ама поминува
НАШЕТО ГОФЧЕ-ГОРДАНА 10/05/2010
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 06 Окт 2010 14:57 #58650

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
Annabel wrote:

Јас со првото бебе поминав неколку дена низ фазата baby blues. Какви глупави мисли ми се вртеа, дека нема да можам да излегувам во град, дека нема да бидам слободна, ете сега младоста ми заврши :tazna: После сфатив дека нормално тоа не е точно и што е најважно е безначајно. Сега таа фаза дури ми изгледа смешна.:)

Со второто дете поминав супер. Многу нормално го прифатив, како од секогаш да сум го имала.

Anabel како да читам за себе. :) Со првото мислев дека нема да мрднам од одма, дека живото ќе ми сведе на сдење дома и мм не ме разбираше тој период, демек сум била нервозна, а јас цел месец неизлезена од дома (пошто се породив во јануари по најголеми снегови) и хаос бев. Потоа живанвме малку, работите си го фатија текот и расположениеот се смени.
А со второто веќе немав никаков пробелм. Знаев што е и како е, и повеќе си се шеткавме....

А да се надоврзам на разговорите од погоре, имав и јас еден спонтан абортус пред двете пораѓања и бев не многу долгов време тажна и разочарана, но помина и тоа....

Ианку од искство на мои познати, не познавам некој кој баш пател од постпородилна депресија.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 09 Окт 2010 17:01 #59859

  • elena80
  • elena80's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 3
se porodiv pred tocno 11 dena,cela bremenost bev so mislite kako ke pominam na poragaj,dojde i toj moment pominav extra-super,vo bolnica bev OK,no koga dojde denot da si odam doma,osetiv nemir,prepotuvanje,losenje, tazna bev,nervozna,dojdov doma,koga gi vidov site nasmani srekni mene od niv mi se temnese,posebno od svekrvami nekoja odbivnost imav,edvaj cekav da ostanam sama,na maz mi mu vikav bez pricina,zosto taka pie sok,voda,zosto taka jade,sto faci pravi,mu vikav ne da go zimas bebeto sega,ne go drzi taka,ajde iskacaj od soba,sakam mir.....toa traese nekoj 3 dena,sega veke sum po opustena i srekna,na momenti uste placam bez nikakva pricina,go gledam bebeto i mi ide zal,i zal za site....Inaku ova mi e 2ro dete-Sin...prvoto mi e devojce i ima 9 godini ama vaka ne se osekav togas,moze zosto bev mlada 21 godnia,sto ke mi recea toa pravev,a sega sum valjda sozreana i na drug nacin gi gledam rabotite vo zivotot...kako i da e sve e vo glavata....KE POMINE,SAMO HRABRO I KE BIDE SVE OK!!!:-)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 10 Окт 2010 03:04 #59966

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
Ах кога ќе се сетам... си плачев! Среќа не траеше долго. Чувствував некоја тага и мнооогу жал кога и да го погледнев син ми-ми изгледаше неверојатно беспомошно, неописливо тажно.... Сето тоа одеднаш помина, но мислам дека сум променета оттогаш, како да не сум истата :wtf:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 30 Окт 2010 01:48 #66581

  • BaMbYnA
  • BaMbYnA's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 13
  • Thank you received: 1
Oh ne ni sakam da setam na tie denovi kaj mene traese dobri 3 meseci .Prvo sdaniel nesakase da cica ,pa se izmolzuvaf a imaf pritisok za doenje sakav i jas no imaf i komentari EEE sekoe bebe cica rodeno e so toj instinkt ....Mislef samo moeto ne cica ,i deka sum edinstvenata sto se izmolzuva na 2 saati .. duri i navecer 2 pati ednas vo 2 i ednas vo 4 sabajle
site mi vikaa deka pumpata pravela galema ,pa ko ke mu ja riknev :) :P
Mnogu placef ...i so pricini i bez .
se osekaf ko cel svet da se strusil ..kako da nemam pomos od nikogo ...deka daniel ne spiese od pocetokot a mm na rabota pa neznaef koj kraj da go fatam.. ne naspana ko trebase da spijam jas mief sisinja stereliziraf ili se molzef i ete toj stanal veke ,,mi doagase momenti deka sakam da se ubijam deka ne sum sposobna za nisto ...
pekol mi bese
bev na lekar rekoa ne e do toj stepen za da sum pod lekarstva .. no mi preporacaa drzavata da plaka gradinka 2 pati nedelno po 1 saat da go cuvaat da idam na gym shopping i sl
no ne prifativ ednostavno se zatvorif i si placef non stop
Za sreka toa veke zavrsi mislam se prerodif ,,,,
Bebusot poveke pocna da spie ne se budese na 2 saati,nekako posle ko se da se smeni [/center][/center]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 30 Окт 2010 23:45 #66858

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
Неможам да кажам дека имав постпородилна депресија, ама 2-3 недели имав тешки изливи на плачење. Бидејќи се породив со царски, неможев да вршам полно работи околу бебето на почетокот за коишто предходно си замислував дека ќе ги правам (кревање, бањање).Бев зависна од други и тоа ужасно лошо го доживував. И за секоја ситница си плачев. Кога ќе ми текне, лелеееее :unsure: , фала богу помина
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 31 Окт 2010 00:12 #66863

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
Потполно исто како vodolija. Првите 2-3 недели за се ми се плачеше, а особено што поради царскиот не можев ништо сама и бев зависна од другите. Посебно ако натерав некој да ми купи нешто за бебето и кога ќе го утнеа:tazna: . :laugh: сега ми е дури и смешно.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 02 Ное 2010 17:02 #67684

  • igi
  • igi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Always look on the bright side of life
  • Теми: 89
  • Thank you received: 4
И јас бев заникаде сигурно еден цел месец.Не сакам ни да се сетам на тоа, а сега ме чека пак.
Имав многу малку млеко.Го доев бебето а додека оно спиеше јас се измолзував. Никогаш не спиев.Мислам дека тие депресии факаат од умор.После си почнав со комбинација со вештачко млеко,зошто со сила убавина не бидува и плачевме помалку јас и бебето :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 08 Фев 2011 20:55 #110463

  • Kuklicka
  • Kuklicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 530
  • Thank you received: 333
e od toa najmnogu se plasam, od postporodlinata depresija :tazna: mojata drugarka imase eden kratok period na takva depresija, pa koga otidov da ja vidam posle nekolku denovi od poroduvanje nemozev da ja prepoznaam, bese tazna, placese non stop, se grizese za malata no nekako so sila kako da go pravese toa, ja doese no neznaese deka mlekoto ne i e dovolno i plus ne i e dovolno hranlivo pa bebuska taman ke se nacica, zaspivase nekolku minuti, najmnogu 15-20 i povtorno stanuvase,a imase strasen pritisok od svekrva i za doenje i duri ne pocna so dohrana mislam deka nemozese da se oporavi. posle veke i bese polesno no jas koga ja vidov takva mene me fati strav i sega postojano si mislam i mene da ne me fati nekoja takva sostojba :wtf:
[link=http://lilypie.com] [/link]


[link=http://lilypie.com] [/link]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 08 Фев 2011 21:08 #110466

  • Bubbi
  • Bubbi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1652
  • Thank you received: 957
Јас бидејки постојано работев нешто, и се бев тргната некаде, и до последната ден одев на работа, а до тогаш и не знаев како се зима боледување, паднав многу во депресија, многу плачев, сакав сама да сум, многу ми сметаа свекорот и свекрвата. Бидејки мм одеше на работа збеснував, едвај чекав да си дојди дома, па бидејки во зимо се породив, леле никој жив не доага, па до 40 дена не се излегувало со бебенцето на зајдисонце, лелел збеснааааввввввввввв, се отепав од плачење:tazna: , па плус бебето неке да цица, неке да фати, јас малку млеко, ауууу грдо беше и сега ми се плаче
Па таман кога направи 3,5 месеци и јас се навикнав и уживав со неа, оп ме викнаа на работа најдоа причина за да ми се прекине трудничкото, па се отепав од плачење оти ке сум без бебушката:tazna:

И сега пред некој ден така си отидов дома тажна и ја земам и гушкам и велам леле мамино многу е убаво да си жена, ама во исто време многу е тешко!!!!!!!!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 08 Фев 2011 22:32 #110492

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 902
  • Thank you received: 448
Јас после породувањето бев во општ хаос.МИслев само на глупости,само на смрт,бев нонс стоп лута нервозна,сите ми сметаа,не сакав да гледам луге околу мене.Не давав да го држат бебето да не го убијат или да не ги засака повеке нив одколку мене.Ми беше страв да не се разболи бебето па го чував во стаклено звоно.Поцнав да довивам напади на паника и завршив кај психијатар.Тој период кај мене траеше скоро две години и фала му на Бога што помина.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 20 Мај 2011 16:37 #136984

  • *Bucka*
  • *Bucka*'s Avatar
  • Offline
  • new born
  • Being Myself
  • Теми: 60
  • Thank you received: 6
Moze cel mesec po poragjajot bev za nikade, mislev deka kje poludam. I psihicki i fizicki bev epten srusena. Kako prvo, krvnata slika mi bese katastrofa. Postojano placev, uste dodeka bev vo bolnica. Pa dobiv visok pritisok. Srcevo mi cukase zabrzano, osobeno pred da zaspijam, pa poradi toa ne mozev da spijam. Oko nemav klopeno. Niz doma bev epten spora, zaradi carskiot rez. Celo vreme mislev deka kje umram, si mislev "lele, koj kje se grizi za detevo mene koga kje me nema, za greota, kje mora samo so tatko da raste". Horor mi bese doenjeto, bradavicite razraneti uzasno me bolea, na ednata grada redovno fakjav mastit, ama srekja bebuleto so cicanje mi ja izvlekuvase temperaturata. Postojano placese, se vitkase od grcevi. Probav so sesto da mu gi ublazam, ne mi uspevase. Da ne zboram za papceto, koe mnogu bavno mu zazdravuvase i deka se kornese od placenje pri sekoe banjanje ...
Znaci, noviot nacin na funkcioniranje mi bese totalen shok! Jas, koja do 9 mesec bukvalno trcav, bez problemi nikakvi rabotev se naednas se vrzav za krevet i edvaj mozev da mrdnam, a zgora na toa i dete da gledam!
I eden den, takva stuzena cela, si rekov deka ne smeam da se ligavam povekje, da placam, deka moram da se ispravam i oporavam zaradi sebe i zaradi moeto dete. So poddrska na mm i moite, posle eden mesec se staviv vo red. Pocnav da jadam asalno, da se smeam povekje, se smiriv. Ottogas retko kacuvam pritisok. I bebuleto pocna se pomalku da place.
Sega ima 4 meseci i fala mu na Gospod, navecer spie ko top, preku den samo guga gaga i se smee. Se nadevam deka zdravje, koga kje imam vtoro bebe, nema da moram da pominuvam niz istoto.
Последна промена: 20 Мај 2011 16:40 by *Bucka*.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 25 Мај 2011 10:55 #137869

  • Gricka
  • Gricka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 202
  • Thank you received: 72
i jas bev zanikade prviot mesec.Sin mi mnogu place seuste,si ima mnogu grcevi,no na pocetokot toa strasno go dozivuvav.Izmorena,nenaspana,pa ne mozev da sednam 15 dena od ranata,pa problemi so cicanjeto,pa problemi so pupaceto,mi se cinese deka ke poludam.Mi idese da izbegam nekade kaj sto nema nikoj,da se izliram od site.Pa uste koga ke ni dojdea nekoi rodnini,a jas premorena,pa treba so niv da sedis,uffffff...
Ama posle nekoe vreme se mi stana normalno,placot na bebevo ne mi smeta,porano brev nervozna,pa nemozev da go smiram,sega spokojno ke si go zemam,ke si go asmiram.Na se se naviknuva covek,samo mu treba malku vreme da se adaptira,zosto doaganjeto na bebus na svet e ogromna promena vo zivotot na sekoj roditel.Mislam deka nema majka koja ne pominala niz ova.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 30 Авг 2011 06:42 #151072

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
Da vi kazham, bidejkji imav lesno poroduvanje, prviot den super se osekjav vo bolnica. Duri i si vikam, kako mozhe nekoj vo depresija da bide, a bebe donel na svet? :hahaha:
NO...
Koga stignavme doma, Dimitar plache, jas ne znam shto mu e, srekja i mm mnogu mi pomaga bidejkji rabotata mu e doma, pa mi e pri raka. Bradavicite mi se raskrvarija, uzhasno me bolea, nenaspana cela nokj, plache, urla... Uzhas...
Vtoriot den doma otspav duri 2 saata, i toa dodeka mm go dumkashe. Demek kje spijam dodeka on spie... Nema shansi... Prvo, od premor ne mozhev da zaspijam, a glavava mislam kje mi pukne. A vtoro, taman mislam sum zadremala, kje zakenka i jas odma ripam... Da ne se svrtel, da ne povratil...
Tretiot den vekje ne mu ja mislev tolku, si vikam ili jas kje go naucham na red ili on mene. :muahaha:
Eve denes, vekje 6 dena sme stari, hahah, uspeav nokjeska na sekoe negovo "spienje" da dremnam po 15minuti, pa vaka - taka, se sobraa dva tri saati shto e mnogu podobro nego li prvite denovi.
Sega sum mu roknala muzika do daska, vo dnevna sme, da nauchi da spie na galama preku den. :fijuk:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 13 Сеп 2012 06:07 #213216

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
И мене ме фати таа депресија и тоа од дента кога ми кажаа во болница дека ќе си одам.Се утепав од плачење,а неможев да си објаснам зошто.И од кога се вративме дома цело време плачев,се ми сметаше,од се што ќе ми се кажеше знаев да се повредам и да плачам и цело време зборев дека сум лоша мајка и дека ништо не правам ко што треба и цело време бев многу нервозна.И капак на се пошто додека бев бремена качив 36 кила,а после пораѓај симнав само 15 и тоа ме мачеше многу,несакав во огледало да се погледнам.Ама за среќа траеше некои две недели и ми помина.И јас мислам дека сето тоа беше од преголемиот замор и страв од тоа што ме чекаше дома,се плашев и незнаев дали ќе можам да се снајдам.Сега супер функционирам и уживам во мајчинството,нмало ништо поубаво од тоа.Среќна сум и му благодарам на Бога за овој најскапоцен дар :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 21 Ное 2012 11:43 #222343

  • Ppanika
  • Ppanika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 365
  • Thank you received: 113
Се убив од плачење што неможев првите 3 недели да си го држам детето... незнам што се не ми помина низ глава, се осеќав како инвалид...многу ми беше мака што цел товар падна на мм. Кај мораше да се грижи за бебето па и за мене... ама еве поминува ...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 23 Ное 2012 04:28 #222568

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
Eh, neznam dali bese taa depresija ili nesto drugo, ama nervozna bev mnogu. Uzivav i bev srekna samo koga bev sama so bebeto i so mm. Koga ke dojdese svekrvata mi se losese epten, se prepotuvav koga ja krevase dodeka bebuska spie, pa uste i koga ke pocnese so nekoi babini prikazni, auuuuuf. Ednostavno tesko mi bese da prifakam soveti, neprovereni i bez odgovor zasto. A za placenje si placev ama pa ako ne placev ke puknev mislam :ImOK:
a vo bolnica posto rekoa 7dena da sedam, jas uste 5tiot den se potpisav i si otidov :tupco: Sega znam kako treba, sedi dodeka mozes, zasto doam bez pomos e poloso :da:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 28 Ное 2012 11:40 #223544

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
posle prviot poragjaj me fatu uzasna depresija, ranata od epiziotomijata me bolese mnogu, ne mozev nisto da napravam ko sto treba, gradite tvrdi kamen, koga bebeto cicase uzasno me bolese, celo vreme bev nervozna, se nesto mi smetase i samo im se derev na moite doma, sega koga ke mi tekne na toa mnogu mi e krivo ama ete vo toj moment posilno bese od mene, plus mm bese na drugiot kraj na svetot i mnogu mi nedostigase, pa toa dopolnitelno mi ja zgolemi depresijata. za sreka ovoj period ne traese dolgo moze nekoi 2 do 3 nedeli, posle poleka pocnavme so nekoj red i poleka se se vrati vo normala.

posle vtoriot poragaj na koj si pominav extra lesno ne padnav vo depresija, naprotiv se osekav mnogu ubavo, odma vospostavivme nekoj red so bebeto, cicanjeto veke ne mi bese horor nitu tolku bolno kako prviot pat, samo komentarite na sveki malce mi smetaa ama toa odma go resiv po kratka postapka :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 19 Мар 2013 13:43 #235273

  • Bubbi
  • Bubbi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1652
  • Thank you received: 957
Padnav vo depreseija samo 4 casa po poroduvanje 2 dena placev ocite mi bea oteceni od placenje - duri i psiholog mi pratija vo Remedika, bev isplasena za Petra i kako ke bide tie 5-6 dena bez mene i dali ke go sakam noviot bebus!!! No sreka me drzese mnogu malku koga si dodjdov doma i koga se stabilizirav se zavrsii, Petra dobro ja prifati svojata sestra a jas se zaljubiv po 3 pat vo uste edno nesto koe mi e najmilo!!! :loveya:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Постнатална (постпородилна) депресија 30 Дек 2013 14:28 #247687

  • bebu
  • bebu's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 10
Јас пак немозев мирно да спијам се будев на секои 5мин... а кога пак бев будна во главата само слушав детски плач и нон стоп мислев дека тоа е моето бебе и трчав да го проверам ... целото тело ми се тресеше од страв ... но после два месеци помина се и ете до денес моето дете веке е во 6ти месец и мојата психичка состојба е добра :)
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.