Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Епизиотомија

Ре: Епизиотомија 15 Дек 2010 10:17 #89013

  • ana
  • ana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 104
  • Thank you received: 5
Fala vi mnogu na sovetite, jas posle sekoe odenje vo wc se odmivam so topla voda samo posto lekarite mi rekoa nisto da ne stavam...Bev prosliot petok na kontrola i doktorkata mi recce deka dobro mi zazdravila i deka matkata se vratila na mesto...i krvarenjeto ako ne prestane da odam na eho pa ke se javam da zakazam da ne imalo ostatok od postelkata...mene mi tece bledo rozeva krv sega i se nadevam deka ke pomine za brzo i deka se e vo red taka se tesham a mnogu sum isplashena...
Jas seuste po odenje vo wc se tapkam so toaletna mi e srav da se brisham,,,jiga pocnavte da se brisete i koga pocnavte so bricenje/depilacija??/
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 15 Дек 2010 10:27 #89015

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
ana dobro pravis sto se odmivas posle sekoe odenje vo wc sepak toa e najhigienski od bilo kakvo brisenje ili tapkanje so hartijata,no posle sekoe mienje mora ubavo da se izbrises da ostane suva kozata nikako da bide vlazna vo toj predel,koga ke prestane da te boli ranata togas mozes da se vratis na starite naviki,vo vrska so krvarenjeto ne se sekiraj normalno e i kaj sekoja zena e razlicno i stom e bledo rozeva krv znaci deka e pri kraj i kaj i da e ke ti prestane,ne veruvam deka ti e ostanato del od postelkata bidejki do sega ke uvidea a i krvarenjeto ke bese poinakvo i sigurno ke imase i pogolemi bolki vo stomakot taka da ne e toa ne se sekiraj,plus i si bila na kontrola nemas potreba da se grizis,vo vrska so depilacija/bricenje ne bi ti preporacala odma,pocekaj neka zazdravi mestoto barem uste nekoj mesec,inaku jas i den denes koga se depiliram na mestoto na ranata mi se pojavuvaat kako mali mozolcinja ne znam zosto,mozebi deka polesno se iritira kozata na toa mesto deka e poosetliva,se nadevam deka malku ti pomognav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 15 Дек 2010 12:53 #89021

  • kukulicka
  • kukulicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Love Luka :*
  • Теми: 643
  • Thank you received: 149
uh morav so bridz pred pregledot a toa bese posle 3 m
ama vnimatelno :blink:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 17 Дек 2010 08:39 #90212

  • ana
  • ana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 104
  • Thank you received: 5
bev na eho i mi rekoa deka imam polip golem 2 cm a deka nemam ostatoci od porogjajot i mozda on go predizvikuva krvarenjeto a inace sega po malku krvaram rozevo...ke otvoram tema za polipi posto ne bi spagal tuka mojot komentar...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 24 Фев 2012 11:50 #183997

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
za prviot poragjaj imam pisuvano kolku loso si pominav so taa pusta epiziotomija, na vtoriot poragjaj ne mi pravea epiziotomija nitu pak raspukav i se cuvstvuvav odlicno posle poragjaj isto kako da ne sum rodila, si sedev najnormalno,stanav posle 4 saati,odev normalno,ne bev ni iskrvarena ,ne mi se ni vrtese, ne bev omalaksana...seto ova blagodarenie na akuserkata sto me porodi na koja voopsto ne i se brzase :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 27 Фев 2012 05:23 #184402

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
Имав епизотомија, инаку мислам дека немада ја родев ќерка ми на втор напон :poimnemam:
Од болки во моментот кога ме сецнал докторот (на живо) ништо, ама верувајте ништо не сум осетила, потоа се чудев зашто ме шијат, поим немав, нити ме болеше веднаш после пораѓајот, а да напоменав раѓав без анестезии...
Е деновите после пораѓај, се зезнати со епизотомијата. Имате рана од неколку конци (зависи кај кој колку) и тоа доле во многу зезнат терен. Значи тие што раѓаат царски ја имаат раната горе и несомнено е дека е зезнат и тој рез, али овој доле е рез на многу нежно место, неможеш да седиш баш нај, јадеш по кашесто од страв да не испукаат конци во тоалет....

Мене ми помогна одмивање со физиолошки раствор со шприц, 2 недели по пораѓајот. Кога одев во тоалет, прво се одмивав со вода, а потоа се шприцав со физиолошкиот и мислам дека многу благопријатно ми делуваше...По некое време кога конците паднаа ставав и малку кантарион на улошка. Сега после 7 месеци, бонбона сум, нити се познаваат конци, резови, чуда :)
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 27 Фев 2012 07:24 #184458

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
Јана ја родив со 2-3 напони - ни епизиотомија, ни анестезија, ни НИШТО, сончулката моја брзаше да го види светот :love: НО, епизиотомија сепак ми правеа, под целосна анестезија, за да ми направат ревизија на матката поради останато парче од постелката.

Марио не се роди така лесно и брзо, напротив, па мораше да ми прават епизиотомија. Со сите тие огромни болки буквално не ни знаев дека ме сецнале, и јас се чудев кога ми рекоа ајде сега уште да те сошиеме :wtf: Овојпат ме шиеја со локална анестезија и не беше болно, но беше доста непријатно.

Околу негата на раната, и првиот и вториот пат се одмивав со физиолошки, а сега поради голема рана и оток уште во болница ме прскаа со спреј за рани. Опоравувањето и со двајцата не ми беше тешко, првите 2-3 дена беше потешко седнувањето, но ништо страшно.

Инаку не се согласувам дека епизиотомијата треба да се сфати како рутинска постапка, напротив. Ете јас ќерка ми ја родив без епизиотомија без никаков проблем. Јас сум за тоа ако може да роди жената без епизиотомија, да и се овозможи тоа, да не се сече туку така.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 08 Мар 2012 09:36 #187051

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
Јас имав ем епизитомија...ем распукав цела....др. вика ко знакчето на мерцедес сум се распукала. Ни едното ни другото го осетив од епидуралот, ни шиењето...буквално НИШТО...е сега малку подолго време не можев да седам...ама и тоа помина.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 27 Сеп 2012 10:28 #215151

  • miazmija
  • miazmija's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 43
  • Thank you received: 6
I na mene mi pravea epiziotomija dva pati ama vo posleden moment. Secenjeto ne go ni osetiv i prviot i vtoriot pat, ama sienjeto prviot pat bese so celosna opivka( imav i revizija ), a vtoriot pat i so anestezija me bolese i mislam deka cela vecnost trae a malku me secnaa..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 04 Окт 2012 08:00 #216287

  • butterfly87
  • butterfly87's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 829
  • Thank you received: 515
И мене ме снајде ова :laugh: иако ужасно се плашев од таа болка, споредбено со породилните болки, резот не го ни сетив.Кога требаше да ме шијат ми ставија анестезија, и тоа па ич не сум го сетила.
Сега еве 9ти ден уште имам малку мака за стани-седни ама подобро е отколку првите денови. Имав 6 конци и мислам дека сега имам уште еден-два. Раната ја мијам прво само со вода, па се плакнам со солена вода, и на крај на влошката ставам бетадин и се ми помогна, особено солената вода.
[link=http://lilypie.com] [/link]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 04 Окт 2012 09:54 #216300

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
Јас многу млада, зелена и неспремна отидов на пораѓај (можеби така е и подобро). Дознав што е епизиотомија откако се породив, тогаш уствари си го вратив филмот што ми се случи, најголемата болка ми беше кога осетив убод од игла, ништо друго од цел пораѓај не ме болеше освен инекцијата што ми ја стави која сигурно била анестезија за да ме сецне. Отпосле ми беше се фино лепо објаснето, отпосле читав што се може да се прави во текот на бременоста за да се избегне епизиотомија. Ама пројде. После тоа ме советуваа да се мијам со хиперманган, се миев 2-3 дена и од хиперманганот ми се разви кандида. Така што најпаметно одмивки со вода.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 21 Ное 2012 11:55 #222348

  • Ppanika
  • Ppanika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 365
  • Thank you received: 113
И мене ме снајде ова, во последен момент. Требаше да се породам спонатано без епизотомија.
Бебето заглави во родилен канал. Се врзало со папочната врвца околу врат,ме исекоа без анестезија, и плус испукав, го родив целото како клупче, и пошто беше крупничко (3930) ме направи партал. цел саат ме крпеа, ужасно болеше, повеќе од самото раѓање, ми дадоа локална за да ме крпат ама не делуваше одма, а неможеа да чекат многу крварев и си трпев болки. раната уште не ми е заздравена уште крвари, денес е точно 4 недели по породување, уште неможам убаво да седам, уште боли, изгледа дека уште еден месец нема да заздрави. се подмивав со солена вода и доста ми помогна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 21 Ное 2012 16:30 #222384

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Женски, епизотомија се прави без никаква анестезија, а локален анестетик се става кога е шиењето. Јас така знам и не верувам дека сум грешка, вака беше и кај мене при пораѓајот.
Јас многу се плашев од епизотомијата, ама од толкави болки искрено не ја ни приметив, на лева страна сама напукав и тоа и те како го осетив, при давање напон ми се случи, и на нареденни напони ужасно ме болеше, а епизотомијата искрено на цела мака едвај ја приметив. На крај со локален анестетик ме шиеа, и дали му поминуваше веќе дејството или што беше не знам, задните два три конци ги осетив ептен добро а ги осеќав и понатака. Инаку мене добри два месеца ме болеше местото, нити можев да седам, нити да се движам многу долго, нити да стојам многу во место, така да некој ќе рече, е да царски, ама после царски долго време те боли раната, јас природно па Господ го видов после тоа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 22 Ное 2012 08:58 #222473

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
Da i jas taka mislam,epiziotomijata se pravi bez anestetik. I najinteresno e sto mnogu trudnici se plasat od secenjeto,a na kraj dokolku ragjaat prirodno i bez epidural,ne go ni osekjaat secenjeto vo toj haos od bolki :)

Jas vtoriot pat imav mnogu tezok poragjaj,2 saati bev so naponi 10cm otvorena,no bebeto nikako da izleze... Epiziotomijata bese mnogu golema no bukvalno ne ja ni osetiv (ragjav bez epidural),ne ni znav deka me scele. Za sienjeto d-r mi vika daj namesto so lokalna da te sosieme so celosna anestezija,premnogu si iznamacena,a jas vikam neee dajte mi lokalna sakam odma da go dojam bebeto :laugh:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 22 Ное 2012 14:10 #222508

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
Мене првиот пат ми ставија локален анестетик Новокаин пред да ми ја направат епизиотомијата. Многу беше смешно, докторот вика дејате една доза Новокаин, а јас викам што е тоа? Докторов ми се заврте и се наведна накај мене и ми вика Кокаин :smee1:
Ме шиеја со тотална аестезија. Имав само три конци.
Вториот пат ја исклучија епидуралната и со провокација ме пораѓаа, бидејќи не можев да се отворам до крај, а немав ни напони. За да добијам напони ми дадоа дупла доза на Атопин мислам дека беше, во вена прек инфузијата. Во сите тие болки не ни остеив кога ме сецнаа. Овој пат епизиотомијата беше огромна. Повторно ме шиеја со тотална. Единаесет конци.
И првиот и вториот пат ми ги ставија на града ќерките и ги доев, а потоа ме заспаа и шиеја. Вториот пат ги земаа и матичните клетки, односно крвта и дел од папочната врвца, ми ја ставија на гради за подој, па дури потоа беше шиењето.
Така да може да се даде и локален анестетик пред епизиотомијата. А може и да се дои, па потоа да се шие.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 22 Ное 2012 14:18 #222510

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Јас бидејќи присилно сум породена во 8 месец на бременоста со провокации ниту сум сецната ниту сум шиена ниту распукана. Јас уствари сум невина. :jeee:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 23 Ное 2012 12:03 #222660

  • Mami-Anje
  • Mami-Anje's Avatar
  • Offline
  • senior
  • majka na dve prekrasni decinja
  • Теми: 1411
  • Thank you received: 1701
Jas i prviot i vtoriot pat imav epiziotomija samo sto prviot pat ne setiv koga me secnaa a vtoriot bas ubavo osetiv koga bese toa seckanjeto i me dobole za prvoto sienja znam deka mi stavija lokalna anestezija a sega za vtoriot pat iskreno ne se sekavam dali voopsto mi stavija inace isto me peckase toa sienjeto,i celo vreme ja prasuvav dr.uste kolku konci a ona na sekoj mi vikase uste eden :aham:
Prvata epiziotomija pobrzo mi zarasna a vtorata dali oti na isto mesto vtorpat secena podolgo vreme me bolese i ne sednuvav ubavo do nekoi 4 nedeli


"Da porasnu mala deca potrebna je hrana a najvise LJUBAV svakog bozji dana,ZATO deca mazite i ljubite sto vise da vam rastu kao trava...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 14 Фев 2013 10:57 #232598

  • Миња
  • Миња's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • monabombona
  • Теми: 359
  • Thank you received: 82
И јас и првиот и вториот пат имав епизиотомија, и двата пати го сетив сецкањето (ама повеќе како затегање и звук отколку болка). И двата пати имав голема рана, која првиот пат потешко ја поднесов, а и ми требаше повеќе време да зарасне. А, сега еве веќе ми е 8ми ден по породувањето и веќе седнувам без проблем. Разликата е што првиот пат ми рекоа да се прскам со Бивацин спреј и некако многу ме затегаше раната, а сега само кантарионово масло и многу бргу ми омекна местото. Инаку вториов пат имам многу повеќе конци од првиот пат, ама ете па полесно се средив.
* Шмизлата 05.01.2007
* Шармерот 06.02.2013
If evolution really works, how come moms have only two hands
The administrator has disabled public write access.

Ре: Епизиотомија 14 Мар 2013 11:42 #234881

  • Macence
  • Macence's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 192
  • Thank you received: 94
И првиот и вториот пат имав епизиотомија. Само што првиот пат не ме сошија како што треба па од како паднаа конците раната си се отвори и така си зараснуваше и си зараснуваше и се ми се чини дека и сеуште ќе се малтретирав со неа ако не ме средеа сега на вториов пораѓај. Така да сите се надеваат дека ќе поминат без епизиотомија, а јас му викав на докторот сега да ме сечете на истото место и убаво да ме сошиеш :laugh:
Вториов пат реално можев да поминам и без сечење, ама веќе намав сила да биткам, а и претходно си се изјаснив каде да ме сецнат де. Па така сега сум средена, што се зезаше едне доктор, како девојче. Битно за една недела раната целосно ми заздраве и скоро не се ни познава каде сум сечена.
The administrator has disabled public write access.

Епизиотомија 31 Мар 2016 12:20 #255291

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Zeni, dali imate posledici od epiziotomijata posle x vreme. Potocno dali ve boli i cuvstvuvate nerijatno cuvstvo pri odnos bash na toa mesto.
Jas nemav problemi dosega,ama od pred nekoe vreme, tocno kade sto mi bese ranata kako da me zatega, pece, i toa posle 7 god :unsure: Nekogas e vo red, nekogas neprijatno, on and off basis :neznam:
The administrator has disabled public write access.

Епизиотомија 15 Апр 2016 11:34 #255312

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
При појава на кандида ми се случуваше истото :doh:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Епизиотомија 23 Апр 2016 14:58 #255321

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Odmivanje so sodva bikarbona rastvor pomogna. Sto bese ne znam, sega sum normalna, do koga ne znam hahaha. Citav deka navodno toa mesto e poosetlivo i podlezno na infekcii i nema mnogu sto da se napravi okolu toa :aaa:
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.