Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Д денот :)

Д денот :) 22 Дек 2009 21:09 #3337

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Што се случи?
Како почнавте да се породувате?
Како се чувствувавте?
Со кого бевте во моментот?
Бевте ли возбудени, исплашени, збунети, среќни, нестрпливи...?

Мене ми прсна водењакот во 6.00 утрото, како чаша вода да се истури од мене. Знаев дека е тоа тоа, дека враќање нема. Мм спиеше до мене, го разбудив и полека почнавме да се спремаме за во болница. Бев во осмиот месец од бременоста. Никако не беше време за породување, но некако во себе знаев дека се ќе биде во ред, не бев уплашена, ни збунета, напротив бев перфектно мирна и прибрана. Се осеќав доволно силно да издржам се што следи. Му кажав на мм што да ми спакува во ранец (меѓу другото и кесичка влошки) и отидов да се истуширам. Тој беше како мува без глава, не знаеше ни што зборува ни што прави :laugh: . Додека се туширав ми ја тргна завесата во када и ми рече - еве ти ги влошките, намести си една :laugh: а ја се бањам :laugh: :laugh: . За момент мислев дека се зеза ама кога видов дека не е при себе ми падна жал :). Па така место он мене да ме охрабрува, јас него го смирував и бодрев :laugh: . Се спремив сама и отидовме во болница, во 6.30 бевме таму. Остатокот е приказна за друга тема :)
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 22 Дек 2009 21:15 #3343

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 902
  • Thank you received: 448
Бев смртно преплашена,ама благодарение на многу членки од форумот малку стравот ми се имаше смирено во последните неколку дена.Нон стоп на форумот прашував како што,што треба да носам со мене,што да правам,што ке биде ако се породам царски и слично.
Беше понеделник.Со докторот се имавме закажано во 13часот.Ние стасавме во Скопје околу 10 часот.Фино лепо си отидовме во трговски си се шетавме си пазарувавме,баравме алишта за бебето.Јас си се напив кафе и си се најадов и отидовме во Чаир.Ме примија во 13 а ме направија царски вечерта.Леон е роден во 22 и 15.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 22 Дек 2009 21:47 #3367

  • kiki riki
  • kiki riki's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 115
  • Thank you received: 2
koga da se porodam so prvoto, otidovme na kontrola i bas togas mi pocnaa bolkite a mm toj den trebase da mu bide prv den na rabota :P i celiot uspanicen vikase ce pobaram sloboden den :blush:
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 22 Дек 2009 21:58 #3381

  • svetle s
  • svetle s's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 22
toj den D- mnogu se plasev kako ke bide i sto ke bide, znaci cela bremenost se plasev od samiot cin PORAGAJ
i so dvete deca otidov na zakazan poragaj,za prviot poragaj ne se plasev mnogu zatoa sto nemav pojma sto me ceka,poveke bese uplasen maz mi, a za vtoriot poragaj bev mnogu isplasena, preplasena do nemaj kade i koga otidov na poragaj prvo mi dadoa apaurin za da se smiram i posle sleduvaa podgotovkite.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 22 Дек 2009 21:59 #3382

  • vecki
  • vecki's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 155
  • Thank you received: 27
За првото почнав болки да осеќам сабејлето кај 6 ќутев и не кажував пошто и мм и свеки се големи паничари .станав јадев се избањав си седев ама место не ме фаќа си дојде и мм од работа е тогаш почнаа веке јаки болки се спремив и отидовме а во кола ми пукна водењакот. за второто слична приказна само многу побргу се одвиваа работите а мене ми беше тешко и си плачев за Памела ако недај боже ми се деси нешто ке го оставам детето без мајка , за третово почнаа одма јаки болки јас лежам со болки чекам да тргаме а ми доаѓа комшиката (мацуш)и ми кажува дека ме сонувала а јас си викам кажувај побргу и оди си оти бебево тука ќе излезе ,она си замина и ние тргнавме по трет пат накај клиника
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 22 Дек 2009 22:10 #3406

  • mamaDragana
  • mamaDragana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 46
  • Thank you received: 3
Мене терминот ми беше поминат веќе пети ден и таа вечер се осеќав многу уморна како ниеден ден во текот на бременбоста.Абе предосекав дека ке биде тоа цувство нема да го зааборавам и едно по едно си потспремив и си пораздигнав по соба да ми биде чисто кога ке дојам.Си легнувам во 12:30 и после 10 мин ми се примоча и станувам абе некоја интиуиција со раката се фатив долу(што обично не го правам)и ете ти во моментот пука воденњакот.Почнаа веднаш болки да ме факаат на 5 мин ама не толку јаки.Во 7:30 сабајлето се роди Моето злато.Инаку кога ми пукна водењакот и дека таа течност е топла па кога ме стресе во истиот момент што од студ што од малку страв абе нозете ми играа .Инаку воопшто не ми беше страв едвај чекав да се качам на бокс.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 22 Дек 2009 22:17 #3417

  • TIFANI
  • TIFANI's Avatar
  • Offline
  • junior
  • The happines is in the small staff
  • Теми: 639
  • Thank you received: 158
Се разбудив сабалјето и видов дека малку покрварив.Требаше да се породам после една недела.
Отидов на лекар,ме задржаа во болницата.Немав никакви болки,мислев дека ке ми треба неколку денови.
Вечерта неочекувано добив болки и за 5,6 саати околу полнок се породив.Никој од моите не знаеше дека така ке излезе.На сред нок докторот им се јави на моите и баш ги изненади.
You make me happy
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 22 Дек 2009 22:37 #3437

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
Со првото веке две недели како да ме тиштеше нешто не ми беше добро како мали болки и на 14 мај(мене термин 27 јуни) бевме во театар со мм ја гледавме Чија си мене ме боли половина, ни претстава гледав ни ништо ,знам само дека во претставата имаше трудница која умре на пораѓај :S дојдовме домче и мм таман заспал јас почнав да крварам и право на клиника...ММ беше уплашен,но не многу,некако не бевме ни двајцата уплашени може дека млади некако ,ако пред време- знаев дека ќе биде се ок..после 2 дена без болки никакви се роди Даде


Со второто две недели поминат терминот бев со ќерката на априлијада,па во мекдоналд и дојдовме дома,таа си легна а јас да влезам во ВЦ ми прсна водењакот .Се извадив од памет зелена вода.леплива,грозна...се измив се напив Б6 ми даде мајка ми,Вода зелена не престануваше да тече,мајка ми го викна мм кој беше надвор излезен ,мм беше многууу исплашен и мајка ми и сестра ми па може и јас зашто цела бременост ми беше тешка па сега и таа зелена вода......така сите бевме многууу исплашени и цело време си велев о Боже имам дома 10 годишно дете чувај ме му требам на детето.......и така после 12 часа страшни маки се роди Иво
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
Последна промена: 22 Дек 2009 22:39 by kalinche70.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 22 Дек 2009 22:43 #3444

  • lusi
  • lusi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 113
  • Thank you received: 15
Со првото се помина нормално, сватив дека се е во дишењето така ги усмеруваш болките, навистина помалку боли отколку да викаш што е ужасно болно. Така да сега со второво по долго лутање дал приватно, дали државно откако цела бременост ми ја водеа во систина, поради тоа што сакав исклучиво природно да се породам се решив повторно за државна, одев и на предавањата се спремав онака ептен.
Така да тој ден кога почнаа болките си дишев дома и си запишував цело време беше 3часот, накај 8-9 тргнавме накај болница таму ужас ме оставија да чекам ја со болки на 3мин., да знаев дека се толку безобразни ке одиграв на др.начин. ЦТГето им е ужас сестрата ми вика ти немаш болки, а пред тој ден ја ни болка ни ништо ми вика имаш 2 контракции и тоа добри, ја викам немам бре луге никакви болки што вие.
Значи тој ден со болки на 3мин. ме праат луда и не ме пуштаат на преглед кај доктор, ја се пикам во сопругот цело време луѓето од чекална ми стануваат гледаат дека имам болки ама јас глас не пуштам. Се преку ред пушти и јас неможев веќе и и викам добро ја имам болки дали може да влезам на преглед и она и превртува очи на колешката и оди и на докторките им вика онака безобразно овде една као има болки, и они викаат нека влезе и ме прегледуваат ја 7-8см отворена под итно горе во родилна сала жената што ме носеше во родилна сала Господ здравје да и даде тропаше по лифтот мислиш ќе ја сруши болницата од што брзаше толку, таму бев веќе 8-9см и незнам зошто ама одма ме ставија на бокс тоа не ми се свиѓаше зашто сакав да се движам ми сметаше што сум легната, е тука нешто се закочи раб.ама на кратко не ми се свиѓаше што треба сама да си ѓи држиш нозете и се зависи од екипата што е на смена ја имав познати ама овојпат несакав многу да ѓи ангажирам така да они дознаа кога веќе бев таму, Да не должам имав нормален порагај цело време им викав ја се спремав цело време за ова смешки бев и си дишев, во 12ч. си го родив златото и бев пресреќна нели тоа чувсво на возвишеност треба само да се почуствува, зборот ми е дека сестрите се закон таму срамота и греота,ќе се породев во ходник доле на приемно, а докторите како доктори си ја вршат работата. Морав да бидам подолга за на некој ако му се случи сл. нешто да знае дека ЦТГето на клиника не им чини
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 22 Дек 2009 23:43 #3476

  • Zlatna
  • Zlatna's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1107
  • Thank you received: 360
Беше вторник.Јас имав уште 4-5 дена до крајниот термин (21мај) и само што отиде мм на работа се разбудив со некое чудно чуство.Малку имав крв.И станав и си викам аиии не ми е миена косата 2 дена, како ќе одам таму за срамота со немиена коса.И си се избањав и пак си легнав.Свекор ми и свкрва ми живеат под нас и претходните денови ми викаа ај ма не седи сама дојди да не ти е досадно седи си со нас или ако ти треба нешто викни не одма доаѓаме.И гледам јас нешто не е како што треба и ај ќе им кажам.Се симнувам доле и нив ги нема си отишле луѓето на пазар да ми купат јаготки.Кога се вратиа се успаничиа и ќе го викаат мм од работа ама јас не им дадов бидејќи и немав некои болки.И се јавиле на мајка ми таа одма избегала од работа еве ти ја дојде и сега седиме сите и се гледаме :dry: абе смешки. Кога еве ја и сестра ми дојде и таа седна.Кога почнав да плачам незнаев и јас зошто плачев ама си се изнаплаков.И као добро ми е се симнаа старите, мајка ми си отиде. Се врати мм од работа околу 17:30 и јас му викам ај ручај па ќе одиме ДО болница :ohmy: кога се успаничи и ајде брзо во кола и сестра ми со нас.И како се возиме ми почнаа болките и некаде на среде пат му викам на мм„ ЗНАЕШ ШТО!!!!.... СЕ КУПИВМЕ ЗА БЕБЕВО САМО ЧЕШЕЛ НЕ МУ КУПИВМЕ„ :dry:.На мм не му се веруваше што слуша , а сестрами се газеше од смеење отпозади.И така стигнавме во болница, ме ставија на ЦТГ имав мали болки бев отворена 2-3прста и ми рекоа да шеткам по ходникот горе-доле дека бебето не било спуштено доле.Околу 21:30 ми пукна водењакот, имав поголеми болки, а се породив сабајлето во 05:40.И така ме огреа сонцето на изгрејсонце :) на денот Д :)
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 23 Дек 2009 14:21 #3875

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
Okolu 4h nautro pocnaa prvite poblagi bolki koi gi osetiv. No mozev da spijam. Nekade okolu 11h se razbudiv, bolkite bea poizrazeni, no izdrzlivi. Kaj 12h se spremiv se i mu vikam na mm, ajde odime, spremna sum za ragjanje. Me primija okolu 13h, me pregleda dr.Efremovski i mi rece otvorena si 4 prsta, vreme e za epiduralna. Me rpasa kaj koj dr. ja vodese bremenosta, mu vikam kaj dr.Dimcev i mi vika e pa super, eve sega dojde, bas ti se pogodi. Mi ja stavija epiduralnata, me sednaa na boks, zezancii so sestrite i dr. Dimcev i dr.Zvonko i vo 16:34 se porodiv i si go dobiv moeto malo sonce, Anja.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 23 Дек 2009 15:09 #3920

  • anicka2
  • anicka2's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
јас со првото дента имав закажан редовен преглед кај матичниот гинеколог, кога таму ми вика одма во клиника отворена си 4см,(имав некои мали болки) кога стгнав во клиника оклу 13-14 часот бев 8 см и се породив во 16..а со второто, како поискусна, цела вечер имав мали болки а сабајлето почнаа да се појачуваат. си станав, си ја средив торбата, се истуширав, ги разбудив сите и на клиника. стигнав околу 8,(отворена 8-9см) а се породив во 8.55
...тоа што сум овде не е случајно...
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 27 Дек 2009 06:18 #6517

  • okce
  • okce's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 25
  • Thank you received: 10
Nie toj D-denot trgnavme da se dogovorime so doktorot deka sakame carski.Nedostaped bese i jas pominav kaj edna drugarka i za pola saat trebase da se sretneme so MM.i doaga me zema i mi vika ajde spremna li si vo 6.30 odime vo bolnica toj veke se slusnal so doktorot.Jaoo plakot mi na nosot vikam ajde odime na crkva sega.Otidovme i posle doma i ko si pocnav da si placam,a toj den mi bese rodenden.I otidovme i jas taman nisto ne bev jadela cel den ajde klizmi merenje i red drugi raboti i vo 20.20h legnav na stolot bas vidov i nasata cuca vo 20.40 izleze na svet, a pred 33 godini na sit den vo 20.45 mojata majka me dondela na svet.I taka go dobiv najprekrasniot Bozji dar za rodenden.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 28 Дек 2009 16:01 #7093

  • anence
  • anence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Заедно сме посилни :)
  • Теми: 543
  • Thank you received: 50
Вечерта си бевме на гости, дојдовме си легнавме, а бебето ко никогаш до тогаш мрдаше во моето меше, му викам на мм, леле гледај го еј, мислиш ке излезе секој момент.
легнавме, спиев немирно како и сите вечери претходно, во 2-45 осетив нешто мокро, станав до вц, се измокрив, се вратив почна да ми тече пак, го будам мм и правец државна клиника.
бев отворена само 3 см, мака мачев да се отворам, мораа со провокации, се породив за точно 24 часа од стигнувањето на клиника, додека сите офкаа, јас само стискав заби, и дишев онака како што кажа докторот. Моето малечко дојде на свет за неполни 15 минути на бокс, кога го видов сонцето на моите гради какво е малецко и невино, заборавив на сите болки и му се заблагодарив на Господ што ми го донесе на свет живо и здраво.
Значи и болките кои ги имам со градите во моментов, се обидувам да ги заборавам со истата мисла само да е живо и здраво, јас ке истрпам СЕ, само за негово здравје
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 28 Дек 2009 18:12 #7192

  • eli
  • eli's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Darja Trajkovska
  • Теми: 19
Еве конечно и јас да пишам на темава, беше четврток 10.12.2009 год и ми беше најнормален труднички ден,и воедно ден за на контрола бев 38 недела плус 5 дена и тој ден не осекав ама баш ништо ни најмали болки,дојде 5 саат и јас отидов на контрола си имав закажано во државна кај Др-Адела бидејки со нејзе се договарав да ме породи и прво ме гледаше на ехо со бебуш беше се ок ,и ми вика ај јас да те прегледам вагинално ме прегледа и ми вика абе имаш болки јас викам не и она вика ај иди до рамстор и накај 7ипол вратисе и јас си викам сигурно сум малку отворена...ама не ме фати паника ич си отдов во рамстор и тоа сама си бев во мегдоналс си јадев и во 8 саат бев пак во државна Адела пак ме прегледа и вика готово тоа е тоа облакај спавача и во родилна сала идеме еее тука ме фати паника пошто неочекувано 9 дена пред термин и ми вика ти си 4 сантима отворена а незнам како не ги осекаш болките, ме качија во родилна сала ми го пукна водењакот и ме ставија на цтг со ифузија,тоа беше накај 10 ипол и јас си седам така ги слушам жени како вриштат доагаат сестри ме прашуваат за болки јас болки немам,после тоа Адела ме стави на бокс и ми вика ајде тука сама да си седиш да не ги слушаш жените седиси одмарај, и јас така си дремам сојде 11,12,јас болки немам и накај 1 и 15 по полнок ме фатија болки и почнаа константно на 2 мин неиздржливи дури почнав да викам :blush: и накај 1и 45 и викам на Адела готово рагам она нема шанси толку брзо да си се отворила викам Докторке готово стварно и она кога ме виде и вика на бабицата готово стварно е отворена колку треба тоа е тоа и почна чинот,јас дури почнав да викам дајте анестезија и Адела се смее вика абе ти рагаш а сакаш анестезија и така во 2 и 5 мин се роди мојата најубава принцеза.Воглавно поминав многу лесно ви посакувам на сите лесен пораѓај како мојот,шиењето не беше страшно зашто ме успаа и дури се смееа како пред пораѓај сум јадела во мегдоналдс хахахаха.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 28 Дек 2009 18:23 #7206

  • winnie the pooh
  • winnie the pooh's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 305
  • Thank you received: 63
se porodiv edna nedela pred terminot,i mu vikav na mm zamisli na 1-vi april da me fatat bolki nema da mi veruvas ke mislis aprili li li, i koga na 1-vi stanuvam gledam krvaram,mu kazuvam na mm i se smejam on normalno misli lazam nemozam da go ubedam po tel...i ajde nisto(se uveri koga dojde)utredenta sabajleto pocnaa slabi bolki nepravilni,na pladne otidovme vo drzavna na kontrola 2 prsta otvorena ni rekoa vo 20 da se vratime, nie vo 17 otidovme posto pocnaa pojaki a ni santim poveke otvorena,pa so mm i drugarka mi sto mi se najde celo vreme tamu okolu produvanjeto(gospod zdravje da i dade)si otidovme vo beverli vo spa,ja takva nikakva so bolki na 7-8 minuti so trenerki,corapi sareni,patiki...nikakva ke pieme kafe taka ni rece doktorot da prsetame vo blizina ako nesakam na patoloska da dremam. i taka se vrativme nakaj 20h pak pregled,ova ona otidovme gore vo 21 i vo 23 se rodi Andrej,mnogu lesno i brzo pominav epten uste 5 ke rodam ako e vaka sekoj pat.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 28 Дек 2009 19:17 #7267

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Мене ме задржаа на патолошка три дена пред да родам. Го имав надминато терминот цели две недели, и одев секој ден веќе на контроли. Тие задни денови, за воља на вистината, добив воспаление на уво, со неподносливи болки и веќе дигнав и температура. Не бев спиена скоро па ич претходните 4-5 дена од болки. И дојде денот и кога "изненада" ме задржаа, со мм си бевме научени претходно појди-врати се. Отидов на контрола на цтг и ми рекоа ти си веќе за тука, ми дадоа спавача, а мм кога му се појавив таква во чекалната, позелене кутриот :laugh: Он се смешкаше, ама јас го видов колку е збунет и каква е таа наместена насмевка :laugh:
На 27 рано сабајлето, не прегледуваа и мене ми рекоа дека ќе морам да се пораѓам со провокација-вагиналета. Мирував така 4 саати прикачена на цтг цело време и не смеев да мрднам, а после тие 4 саати требаше да почнам да се отварам. Јас дури фати 28 кога добив болки кои беа јаки, ама едно време малку се подсмирија, за после одкако почна процесот негде пред пладнето, јас да родам тек на 29 во ситните саати :) А водењакот ми пукна дур ме спремаа за на бокс, кога бев во предродилното одд. Све у свему имав напорен и тежок пораѓај кој траеше и траеше, а ме уништија и непорспаните ноќи од претходно, па мислам дека можев и на бокс да заспијам во тој дел од секунда кога немав болки. Се надевам дека за второ дете ќе биде полесно...
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 29 Дек 2009 00:53 #7470

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Кај мене денот Д се планираше однапред :laugh:
Знаев дека ќе сум со царски од икс причини. Се обидоа да ме разубедат да одам природно, ама немаше шанси.
Цела недела пред породувањето одев секој ден на ЦТГ, па прегледи.
Се сеќавам дека во вторник 26 јули ми падна чепот, а ја бев дома. Онака целата со недоверба гледам, и му викам на мажот ми иди побрзо од работа, не знам ова да не тргне да излага :laugh:
Отидовме во болница ме прегледаа, ставија ЦТГ, викаат имаш слаби контракции, како не ги осеќаш, а ја ништо.
И ме пуштија дома оти сепак било рано. Другиот ден отидов, ме задржаа, ама си отидов дома и реков ќе дојдам вечерта да преспијам оти не ми се седеше за џабе во патолошка да гледам све и свашта.
Си отидов дома, си се одмарав, туширав и смешно ми беше што свесно знаев што се случува.
Дојдов вечерта, преспав, сабајле ми викаат сестрите околу 10.00 ајде горе, ме однесоа, и ја мислев ќе чекам, кога за 15 минути од шок соба ме однесоа во операциона сала. Таму почнаа да ме спремаат. Арно ама ме легнаа на стомак, и кога почна да ми се лоши - притискало бебето на главната вена и ајде лекаркиве вртење тоа боксот на страна малку, па витамини во инфузијата, па кислород...и по некое време ме заспаа....
кога ме будеа се сеќавам како ме плескаа малку со шамарчиња и д-р Петровска ми вика:
- Ајде буди се, имаш прекрасно синче!
А ја онака полузаспана и реков:
- Знам!
И ги слушнав како се смееја.
А кога ме однесоа во шок соба, сум заспала до кај 18часот, кога убаво се разбудив и ја имав првата средба со синко мој...
Злато мамино кога го видов преку рака префрлено кај сестрата, црвено како индијанче, со косата нагоре, се изнасмеав.
А кога го зедов тоа па прдешко едно мое ми прдна прво :laugh:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 30 Дек 2009 16:44 #8392

  • marijat
  • marijat's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 11
Jas imav bolki cela vecer ama od kaj da znam deka se porodlini :laugh: Prvo dete a ne mi pukna vodenjakot.Sabjaleto otidov na rabota gi odrzav site casovi i bev celo vreme na noze.Posle rabota bev niz grad so mm i bev vo edna prodavnica da si kupuvam trudnicki pantaloni i toa so kontrakcii :laugh: :laugh: :laugh:
Porucek doma imav privatni casevi i okolu 17 epten se zasilija bolkite pa pravo na bolnica i do 22 h navecer se bese gotovo i moeto since bese do mene
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 31 Дек 2009 15:45 #8874

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
Јас после толку тешка бременост гледав некаде барем пораѓајот да ми помине лесно да немам кошмари и од тоа и така во петок одиме на цтг и ехо и докторот ми вика а ти немаш абер од пораѓање - 1 недела пред термин, туку дај дојди во вторник - беше празник вика јас сум дежурен бебево е големо ќе те породиме царски. И јас реков добро а во себе не верував дека тој ден е толку блиску. Кога дојдовме дома мајка ми и мм нон стоп ми збореа за да се спремам а јас им викам абе можда на преглед ме викна можда нема да ме пораѓа.
И така јас во неделата си се спремив се издепилирав све и се спремаме за закажан пораѓај во вторник, ама мојов бебуш како што си има карактер кога тој сака да јаде, спие и слично во понеделникот ми пукна водењакот, и бев сигурна дека е тоа затоа што на секое станување седнување ми протечуваше како жолта вода. И влегов да се бањам со намера да одам во болница на преглед, кога му кажав на мм кога се испаничи вика излегувај сега ли најде да се бањаш, паника невидена го фати само викаше по мене и трчаше со торбицата.
Кога се спремив пред да се облечам ми истече убаво водењакот на паркет во спална лом направив, по мене свеки со џогерот трчаше хаха.
И конечно се спремивме отидовме во болница ме ставија некои 3 саати во родилна сала додека ме спремат и да дојде докторот - бидејќи тој ден не беше на смена, и се породив со царски рез и супер поминав.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 06 Јан 2010 18:07 #11040

  • MAMA JULE
  • MAMA JULE's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 20
  • Thank you received: 1
Мојот ден д требаше да биде 12 јули,ама бидна на 16 јуни,смешки живи,само што се вратив од работа (требаше веќе од средата да останам на породилно)свеки не чека за ручек ,а јас еден чекор дома и ми прсна водењакот,се качивме со мм кај нас горе и му кажувам а тој ми вика „грешка си раноти е за пораѓање во петокот бевме на контрола има време до 12 јули а докторот ти е на пат„,му викам јас да се пресоблечам ти ѕвони во болница кажи им дека доаѓаме и да заминуваме веднаш за Скопје,и така направивме не и кажавме на свекрвами да не не мисли заминав на пораѓај ,најинтересниот момент беше што по кола ни текнува дека сега веќе ќе немаме име требаше да биде Петар ,Павел ,Иван или нешто така ако се родеше кога требаше,сега не стави во небрано,па му смисливме име ај бидна Стефан срце на мама
Морам да кажам дека бев испаничена ама мм како тој да ќе раѓаше :)
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 08 Јан 2010 15:49 #11720

  • Mimi Petreska
  • Mimi Petreska's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Hronicno Nenaspana! :))
  • Теми: 104
  • Thank you received: 27
Eeeepa eve me konecno i mene.... Bas sakav da pisam na temava i da vi kazam sto mi se desi. I ke probam da bidam sto pokratka, ako e toa vozmozno.
Na 26ti (sabota) bese zakazano da me primat vo bolnica, zatoa sto bev so veke 10tina dena pominat termin, a nikako ne davav znaci na kontrakcii, bolki ili deka ke se otvoram. Koga me primija vo 8 sabajle, mi uklucija provokacija, i si ja primav do kaj 4/5 porucekta. Meguvreme, me fati panika posto bev sama vo soba, bez mobilen za da se cujam so moite i da im kazam deka sum ok. vo tie 8 saati kolku sto bev vo sobata, dojdoa 3/4 zeni i site se porodija pred mene. Vo 5 saatot koga dojde doktorot konstatira deka jas sum SKROZ zatvorena! I muabetot bese, ili ke ostanes do ponedelnik i da primas provokacii, ili carski! I uste poveke me fati panika zatoa sto ne sakav sama da ja donesuvam odlukata, i toa nekako isforsirano, nabrzina. Fala mu na Boga, svekor mi se pogodil da razgovara so doktorite (a posto e i toj medicinsko lice), zaklucile deka najdobro e da me porodat so carski.
Me spremija odma za vo operaciona sala, i mi se cini koga go vidov svekor mi kako da mi se stopi srceto od sreka, posto cel den go pominav uplaseno i sama. :) A pa koga go slusnav na telefon mm pred da vlezam vo op.sala solzi mi naviraa na ocive i ne mozev da mu kazam kolku go sakam. :) Koga vlegovme vo sala odlukata bese ili lokalna ili spinalna. Mene mi bese seedno, sakav samo se da se zavrsi veke ednas, no anesteziologot rece: ajde momentot koga prv pat ke ja vidis e najvazen, pa mi stavi spinalna. Ne bolese voopsto dodeka ja stavase, i za nepolna minutka mi se zdrvija nozete. Samo osetiv kako pocnaa da mi burickaat vo stomakot, malku jezivo ama so ogled na toa deka bev pod anestezija i deka mi se spiese EEEEEEPTEN mnogu, nekako mi pomina nabrzina. Se sekavam samo deka ja vidov mojata kuklicka, i deka za mig zavrsi operacijata zato sto sum ja prespala cela procedura. :)
Samo mu se zablagodaruvam na Boga sto ne cuval do kraj, zatoa sto posle moeto budenje od anestezija me izvestija deka okolu vratot na bebusot dvapati bila vrzana papocnata vrvca, i nedaj boze da se poragav po priroden pat koj znae sto ke se desese. I kako kapace na se, otkako ja izvadile Klara od mene, matkata ne sakala da se zgrci vo prvobitna polozba, t.e. kako sto kazaa doktorite, bila kako papushka, i edvaj nekako mi go zaprele krvarenjeto i me vratile vo normala. FALA TI GOSPODE, imalo den za nas.
Последна промена: 08 Јан 2010 15:56 by Mimi Petreska.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 08 Јан 2010 16:48 #11755

  • magde29
  • magde29's Avatar
  • Offline
  • new born
  • vesela
  • Теми: 24
Mimi neka ti e ziva i zdrava Klara sega zaedno dvete da uzivate, i nemoj mnogu da razmisluvas sto se mozelo da bide Golem e GOSPOD. Milo mi e sto ubavo se se zavrsilo.

[url=http://www.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 08 Јан 2010 17:24 #11772

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
Кај мене беше Д ноќ :) .
Гледавме филм, и тоа никој друг туку Рамбо. :laugh: . Добра подготовка :P . После седевме до доцна во ноќта и некаде околу три осетив како мала менструална болка. Терминот ми беше 16.08, ова се случуваше на 14.08. А таман дента ги завршивме сите подготовки, дури и купивме тепих за една соба. Му викам на мм дека нешто се случува, ама ништо страшно. Тој ми вика, е па, да си легнеме, па ќе одиме санабјле кога ќе се наспиеме. Ха, ха, да сме си легнеле бе. Јас му викам, ај, ќе си легнеме :laugh: .
И си легнавме. Арно ама, тоа болката пак, па, пак. Ништо страшно, само мала болка на секои 5 минути. Станав. Осетв и како нешто почна да ми тече. Хм, ништо од спиењето, му викам на мм, станувај. Полека си се спремивме, се истуширав, си ја зедовме торбата и пред шест излегове од дома. Околу шест бевме во ремедика, ме сместија, ме средија, докторот ме прегледува и ми вика седум прста отворена. Ха. :silly: Јас ќива среѓна. Прворотска, се отворив седум прста за три саата без некакви посебни болки. Маж ми ми вика, до девет си готова.
Да не должам, се породив веќе во 7.50. Ни осум не дочекавме. Сосема приридно, без никакви лекарства, ни инфузии. Практично и без болки, затоа што цело време бев ментално и физички спремна на се што ме чека. Трудовите ги продишував, го држев цело време мм за рака, што многу ми помогна и се породив ексѕтра брзо и лесно. Практиќно се беше готово за четири саата.
А замислете да си легневме да спиеме. Ќе задоцневме бре, ќе се породев или во кола или дома.

На сите ви посакувам да имате породување како моето. Толку брзо и лесно што докторите практично и немаа работа.
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
The administrator has disabled public write access.

Одг: Д денот :) 08 Јан 2010 19:21 #11828

  • marika m
  • marika m's Avatar
  • Offline
  • new born
  • baby mama :)
  • Теми: 29
Krajniot termin mi bese na 14 Okt.Uf mnogu mi bese strav od vaginalen poragaj.Sekoja vecer pred da zaspijam se zamisluvav kako se poroduvam :laugh:.Pomina i 14,15 itn i na 20 okt na CTG.Go vide doktorot rezultatot i ne mu se dopadna bas, i i vika na edna sestra nosi ja gore ke dojdam sega, a vo meguvreme mu rekol na mm da kupi vaginaleta za provokacija. I taka lezam vo soba dojde dok.mi ja stavi vaginaletata i vika sega lezi ne stanuvaj 4 saati, ke cekame bolki da dobies.I bidejki nemav nikakvi bolki,doktorov mi rece da si odam, ako dobijam bolki da dojdam, ako ne drugiot den na carski.I dojde drugiot den 21 Okt.(umrev od strav)napraviv CTG,pa edna sestra mi dade spavakja i me odnese dole, gore ne se sekjavam :).Pak tamu na CTG. Jas nikakvi bolki. Zenicki lezat okolu mene ofkaat od bolka mene muabet mi se pravi :).Posle otidov vo porodilna sala, normalno so stravot ama ne go pokazuvav nasmeana bev i se porodiv so carski.Janicka se rodi 3330kg i so crna kosicka :)
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.