Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Во која болница се породивте?

Ре: Во која болница се породивте? 14 Јан 2013 04:53 #229541

  • Mimi22
  • Mimi22's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • posle dozdot doaga sonce
  • Теми: 264
  • Thank you received: 87
Jas ednas mislam pisuvav dali tuka ili na stariot forum ama ke se povtoram.Se porodiv vo starata zgrada na GAK i osven higienata zsto ne bese na zavidno nivo od nisto drugo nemozm da se pozalam.Da naglasam deka nemav ama bas niedna vrska i duri ne ni znam koja doktorka bese taa sto me porodi.Bese samo znam albanka ama imase prekrasen odnos.Od sestrite sum zadovolna.Se bese vo red i sto i da pobarav ne bev odbiena .Zatoa zdravje za vtorovo pak najverovatno ke bide GAK.I druga rabota mm donese samo edna bombonjera za sestrite od blagodarnost sto mu go pokazaa sin mu uste prviot den.Drugo nisto ne sme dale.
Malku ke bidam off topic ama samo ke se nadovrzam deka i ne mora da imas vrski i prijateli za se barem kaj mene do sega bilo taka.Dve operacii pravev na Klinika bez nikogo da poznavam, i bez nieden prijatel od celiot personal sum prezadovolna.Ako kazam deka sekoe sabajle mi nosea kafe vo soba a koga pocnav da stanuvam so niv vo sestrinska piev kafe bez nikakvi castenja na nikogo.I vo detska sum lezela so sinko 6 pati do sega i od tamu nemozam da se pozalam od niedno odelenie osven neli vecniot problem so lebarkite
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 16 Јан 2013 12:54 #229788

  • malazver
  • malazver's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 7
  • Thank you received: 9
Јас се породив во Систина со двете деца. И како што и претпоставував колку пари, толку музика.
Процедурите, однос на докторите, стручност на акушерката, постпораѓајна нега се беше како што и треба. Доколку е се нормално и нема компликации, се гледа јасно дека имаат процедури со кои ќе ја чекор по чекор припремат пациентка за породување и да се породување прави во прецизно координирана активност помеѓу гинеколог, акушер, анестезиолог и неонантолог. Верувам дека со таков пристап ќе се намалува стресот на идните мајки и се прави да времето од кога почнат контракции па времето до пораѓај поминува побргу и полесно.
Исто така мора да кажам дека мајки и во приватниве болници треба да се храбри и да знаат што и како сакат. Се работи за нешто што ќе ни се случува 2-3-4 пати во животот и тие моменти треба да бидат навистина посебни. Се работи за донесување на нов живот. Треба да се има во превид дека за гинекологите тоа е секојдневна работа као што ние ја имаме наша работа и ја работиме сосема нормално без некоја еуфорија. Така што препорачувам на сите мајки да бидат храбри и силни и да не се срамат да кажаш своето мислење и својот став.
На пример јас сама побарав да се пораѓам без епидуралната иако тоа беше вклучено во цена. Докторот, најпрвин беше така да кажеме сомнително расположен, бидејки кажа дека се жени денес размажени, посебно тие што се пораѓат во приватните болници и дека најмногу сакат царскиот рез со спинална анестезија(да не се мачат), а епидурална задолжително. Јас ништо не му кажав затоа што видов дека докторот е искусен, знае си ја работата и работеше пред да се вработи во Систина и на државна клиника, така што сфатив дека ќе се разбереме во текот на пораѓај. Исто така денот на породување побарав од акушерка помош за да не ми прават епизиотомија. Ги следев сите совети во текот на породување и се породив без епидурална и без епизиотомијата. Ова го зборам за првото дете. За второто отидов на редовна контрола на скоро 4 недели пред предвидениот термин и тогаш ми кажаа дека породување ке се случи дента или утредента. На почетокот бев изненадена и зачудена но бргу се прибрав и кога дојде дискусиа за то дека сакаат да ме пораѓат со индукција, се спротиставив. Немаше ниту една здравствена причина, ниту ризик по мене и по бебето, ама ете ти сакале да породат како тие сакат и порано отколку бебето сака. Штом разбрав дека нема некоја разумна и на фактите заснована причина за индукција, се откажав од тоа и убаво објаснив дека кога бебето сака да излезе, ќе излезе. Така се породив два дена потоа, исто природно, без епидурална и без епизиотомија.
Се на се, сум сосема и потполно задоволна од Систина и Боже здравје и третото ќе го родам таму.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 26 Јан 2013 18:19 #230610

  • mamiii
  • mamiii's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 56
  • Thank you received: 20
Секој со своето искуство добро или лошо . Интересна ми стана темава што пред неколку години по самото породување некој триста поплаки , опишување ужаси , каење што воопшто решиле да стапнат некаде , сега упорни дека добро поминале и пак таму би оделе . Да се надоврзам на она за доктори / тарифи , они не бараат директно , но како ви наближува терминот почнуваат да се прават наудрени за ова она, незаинтересирани и тоагаш некој друг ќе ви каже што е работата , а има и такви кои лично ќе ви побараат и тоа голема сума , слично на приватните - кое лудило ...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 27 Јан 2013 04:38 #230624

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 902
  • Thank you received: 448
Ја пратам темата.Првиот пат се порагав во Чаир и добро поминав,ама имав дебели врски.Докторот,прв братучед :kez: .Е сега се мислам помегу државна и чаир,оти докторов ми отиде во Систина,а за таму немам толку пари да дадам.И сега гледам сите спомнувате тарифи ова она,а никој не кажжува конкретно колку пари се даваат?Мене ужасно многу ме интересира колку евриња треба да спремам за да ме третираат како човек,доколку бидам без врски.Ке каже некој за која сума се работи или ке си остане на тоа дека се даваат и толку.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 27 Јан 2013 04:40 #230625

  • delfince
  • delfince's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 980
  • Thank you received: 220
eve jas ke ti kazam mama.se davaat 100 evra na doktorot i tolku. sum cula deka moze i 50 ama ne znam.e sega dali pred ili posle poragaj se davaat pojma nemam.
naseto zrnce




The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 27 Јан 2013 05:44 #230627

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 902
  • Thank you received: 448
Ти благодарам на одговорот ddelfince.Значи тоа е цената што треба да се плати...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 27 Јан 2013 06:40 #230629

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
Неможам да зборам за ГАК, но во Чаир кога јас се породив во собата имаше уште една жена која немаше никаква врска, породена царски, а третирана одлично. И самата кажуваше колку е задоволна. Втор пораѓај и беше (и првиот пат била во Чаир), и кажуваше дека е презадоволна, а никаква врска нема(ова со сигурност).
Исто така имам школска другарка која е од друг град, а се пораѓаше во Државна. Неможам да ви опишам колку е задоволна, од сестри до доктори .... (исто така без врски).
Значи се зависи кој што очекува. Ако мислите дека ќе бидете од цела болница третирани како принцези, тоа нема теоретски шанси.
Еве јас бев со врски и тоа врска ми беше директорот на болницата, но само од него бев третирана можеби нешто по посебно, а од сестрите, чистачки исто како и секоја друга родилка.
Иако неможам да се пожалам, зошто само од тие во претпородилно што се беа никакви, а сите други беа одлични, фини и муабет со нас и шалење и се. Е сега имаше и по некоја да мрчи, ама на една рака се бројат.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 05 Фев 2013 18:01 #231649

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Се породив на Гак пред недела дена. Претходно лежев на ПИН и Патолошка па отприлика знаев што ме чека. На Гак владее анархија не се знае кој е главен- болничарка или доктор. Од сите доктори сум презадоволна најмногу од др. Јованова и др. Бина кои и ми го правеа царскиот. На Патолошка имав можност да видам низ што се поминуваа жените кои спонтано се породуваа и искрено реков ако би одела на 3то никогаш нема спонтано да раѓам. Тоа беше буквално изживување. Ги држеа по 24ч со болки ги измачуваа за да на крај сепак ги породат царски ..

Јас бев без врски, но кога видов дека така не иде си потегнав и јас врски и можам да кажам дека сум задоволна. Царскиот како царски боли и ако немаш некој познат тешко се доаѓаше до инекција против болки. Мене уште не станата(значи не поминати 24ч од царскиот) се дрзнаа да ми ги донесат и двете деца во соба и да ме остават сама час и половина. Збеснав па морав да се јавувам кај врските за да ми пратат сестра која ќе ми помогне. Не е ужасно како што кажуваат, но има мито и корупција и врски и така ќе добиеш солиден и коректен третман ...

Јас лично сум задоволна од тоа како поминав. Со ситни врски, поминав солидно ...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 12 Фев 2013 09:55 #232338

  • Mamita
  • Mamita's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 510
  • Thank you received: 277
Еве го и моето породилно искуство. Се породив пред 1 недела во Чаир. Знаејќи дека се функционира со врски, пробав да си најдам и јас некој за да колку толку добијам некој подобар третман. Врската која ја најдов не беше доктор. Е сега, кај мене се се случи многу брзо и непланирано. На 4.02 си имав закажано редовно ЦТГ, и си појдов така лежерно без торбица и слични тракатанци. Ме ставија на ЦТГ, и потоа ме пратија кај доктор да го види ЦТГ. На смена ми се погоди др. Кировски (колку и да не сакав он да ми се погоди, не па да ме пораѓа - од пишаното не се бега :). Го виде ЦТГ и ништо не ми кажува, ме виде на ехо, си викна една сестра да му запишува, ме гледа и пак ништо не кажува. Ај викам ќе почекам да заврши па ќе го прашам. Ме става на вагинален преглед, кој болеше до немај каде. Заврши прегледот и ми вика ти си за останување, тоновите на бебето паѓаат. Јас и мм во шок, ама како сега, па ние ни торбица немаме. Целите така во паника, а он ми вика па ти за раѓање си дојдена или не?. Ајде вика со сестрата горе ќе те правам царски. И јас молам???? Ама јас сум за природно ако може. Ме гледа човеков и ми вика: Абе сите молат за царски ти за прородно, ама ајде нека биде природно.

Ме однесоа на паталошка. Во соба бев со уште 2. Од паталошка не можам ама ни најмалку да се пожалам. Се чистеше по 3 пати на ден, сестрите ажурни, заангажирани, љубезни, се на се убав прием на паталошка. На 5.02 рано сабајле ми ставија провокација ме врзаа за ЦТГ и почна процесот. Болки имав, што послаби, што појаки. После 7 часа, доаѓа др. Кировски да ме прегледа. И овој преглед болеше до немај каде. Јас отворена само 1 цм. Што да правам сега, болки не се стрпат и му викам сакам царски :). Ме гледа човеков и ми вика еее кога не слушаш и си замина. Не поминаа 30 минути доаѓа пак и ми вика ајде на царски спремна си. И така ме однесоа.

Бев со спинална и можам да кажам дека сите во салата беа супер, многу пријатни, расположени, ми правеа муабети.... се со ред. Имам најпофални зборови за докторот што ме шиеше, за сестрата и за анестезиологот. Само заради овие 3 јас повторно би раѓала во Чаир. Господ здравје да им даде.

По царскиот ме сместија во шок соба со уште една девојка. После 1 час ни ги донесоа бебушите ама само на 2 минути и ни ги земаа пак. Од сите во шок соба сум презадоволна. Уловите такви, какви се, но сепак многу беше чисто.

Утредента не префрлија во постоперативно одделение, и тука бев само со уште 1 девојка. Е тука почна моето патешествие. Ужас однос од сестрите, освен од сестрите за бебињата кои беа многу коректни и љубезни, сите останати ми иде еден до еден да ги пријавам. Вообразеност, дрскост, незаинтересираност до немај каде. Што вика Моли, они и чистачките најглавни, особено чистачката - "шерифот" Весна, опасна лисица. Чистота никаква, се чистеше секој 3 ден и тоа колку да се рече дека е поминато. Лебарки тук таму се појавуваа, ама тоа е до нас самите- што се не им носеа мажите на жениве. Навечер ги нема никаде сестриве и дежурниот доктор, се заклучуваа и гледаа серии и спиеја. абе ужас невиден. Два три пати се пожалив, ама од едно уво ќе им влезе од друго ќе им излезе. Секое сабајле и навечер имаше визити и само се редеа ко кокони и сестри и доктори и педијатри и никој ништо не ти објаснува убаво, колку да кажат дека им прошол редот за визита.

Во врска со бебињата, првите 2 дена ти ги носат по 30 мин до 1 час и ги зимаат сестрите. Од 3 ден ти ги оставаат подолго, па ако сакаш и преку цела ноќ. Но кога и да ги побараш да ги земат или да ги пресоблечат или да ги дохранат, ако немаш млеко, тоа го правеа.

Тоа е тоа, накратко- надолго за мојот престој во Чаир. Се на се убаво поминав, освен во постпородилното одделение, но ајде се се заборава со тек на време. Битно дека се друго помина во најдобар ред.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 12 Фев 2013 11:24 #232343

  • Миња
  • Миња's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • monabombona
  • Теми: 359
  • Thank you received: 82
Еве го и моето второ искуство во Чаир, и повторно е многу позитивно. И јас како и Емилија се обидов да најдам врски и најдов познат кој исто така не беше меѓу докторите- гинеколози и акушерите, туку беше анестезиолог, а сакав да имам познат таму баш заради сите муабети кои претходно ги слушнав. Сепак, со ниеден доктор не закажав ништо и си отидов на редовно ЦТГ кога и ми беше крајниот термин. Бидејќи на ехо им се виде дека нема време за чекање ме примија уште веднаш на патолошка, и ми закажаа индукција за сабајлето. Значи на патолошка бев со уште 4 жени во соба и сум презадоволна. Средниот персонал беше супер. Сестрите особено приемчиви и достапни за се. ЦТГ нон стоп ни правеа, не следеа и се однесуваа со нас онака како и ние со нив. Кога е човек љубезен и пристоен, не може за џабе да му викаат и тоа се испостави дека е точно. Сабајлето уште пред да ми ја вклучат индукцијата ЦТГ-то покажа контракции па процесот отпочна природно, но сепак добив и стимулација за да оди побрзо. Цело време додека имав болки лежев на патолошка,прикачена на ЦТГ и можам само да кажам дека сестрата која беше на одделение на секои 10-15 минути ме посетуваше, па ако ја замолев ќе ми ја исклучеше индукцијата и ЦТГ-то за да прошнетам итн. Породувањето помина ок,иако бебето беше крупно со папочник околу вратот и за малку заглавено во канал затоа што немав сила да го избуткам. Но, со огромна помош и поддршка од докторката и акушерката (кои не ги познавав ниту пак имаа допирна точка со мојот познат) јас успеав да се породам природно. Само ќе кажам господ да им даде здравје и на двете за ангажманот. Потоа повторно ме вратија на истото одделение на кое бев (бидејќи оние кои се спонтано породени лежат на ист спрат со оние од патолошка) па за среќа моето искуство со сестрите остана позитивно, бидејќи тоа беа истите сестри и болничарки. Така да, генерално сум многу задоволна од односот. На ова одделение лежев уште дополнителни 4 дена (заради ЦРП-то на бебуш. Сестрите кои ги чуваа бебеињата беа ок, доаѓаа редовно, ако имаше потреба и ги прихрануваа бебињата, ни ги прегледувааа брадавиците, помагаа при подој. Сепак, не ми се допадна тоа што уште одма ни ги оставија бебињата. Јас сум со рана од 12 конци и едвај можев да седнувам и станувам со бебето, а камоли да го думкам кога плаче или нешто слично, но тоа е baby-friendly болница, иако мислам дека и не мора баш до толку. Инаку факт е дека се појавуваше по некоја лебарка, но Емилија е во право. Жените беа со храна еден тон иако генерално нема потреба од толку јадење, затоа што храната во Чаир (особено ручекот) е супер. За вц-то не сакам да зборувам. Родилките се тие кои не внимаваат и не знаат да се свтртат позади себе да видат што оставаат, но сепак кога би имало повеќе вц-иња, проблемот би се решил. Сума сумарум кога повторно би раѓала-повторно би одела во Чаир. Што се однесува до пари давање, јас не дадов никому бидејќи со никого ништо не договарав, иако на излегување од болница ги почастив сестрите од одделение и докторката (ама тоа кога не испуштаа, и од мој личен ќеф-затоа што мислам дека многу ми помогнаа). За среќа јас немав искуство со Кировски, иако сите викаат дека е груб при прегледите, ама за среќа :skijac2: тој момент јас го избегнав. Го гледав само на визита (заедно со др. Трајчевски-за кој исто мислам дека е арогантен и невнимателен) и толку. Моја луда среќа. Можеби кога би имала искуство со нив поинаку би одел целиов текст, или пак можеби лошо сум ги проценила.
* Шмизлата 05.01.2007
* Шармерот 06.02.2013
If evolution really works, how come moms have only two hands
Последна промена: 12 Фев 2013 11:27 by Миња.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 14 Мар 2013 12:14 #234885

  • Macence
  • Macence's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 192
  • Thank you received: 94
Син ми го родив на ГАК и така "убаво" си поминав таму што после пораѓајаот два месеци ми требаше некој да се грижи за мене, а не па јас да можам само да си го чувам бебето. А да и да си кажам имав дебели врски. Се на се страшно и трауматично искуство и за мене и за целото мое семејство.
Затоа сега си бев во Систина. Имав потежок пораѓај кој ми е во едно прекрасно сеќавање. Цела бременост ја водев таму кај д-р Димчев и он и ме породи. Не беше на работа, му се јавив дојде ме прегледа и си отиде. Цело време се јавуваше да праша каква е ситуацијата и после тоа дојде за да ме породи. Презадоволна сум и од него и од д-р Тимчева што беше на смена. Сите беа премногу внимателни и за разлика од претходниот пораѓај каде што не исчекаа постелката само да излезе тука ја потегнаа и со тоа ми направија премногу компликации. Тука си чекаа пола саат постелката сама да излезе и замислете ниту искрварив ниту имав атонија на матката.
Бебето спастрено, средено. Педијатарот се ти објаснува.
Се на се едно прекрасно искуство и трето кога би раѓала би одела таму.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 19 Мар 2013 13:49 #235274

  • Bubbi
  • Bubbi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1652
  • Thank you received: 957
Se porodiv vo Remedika, carski, iako trebase prirodno, taka izleze rabotata.
Sum zadovolna od se no edna sestra taka me navredi nesto, da mi se zgrozi bolnicata od nea!!!

A bidejki bev taka padnata vo nekoa depresija i se custvuvav katastrofa ednostavno i dozvoliv da mi se isponasa inaku ke ja zgazev da mozev!!!!Ama nemav sila ni da zboram!!!!

Od denesen aspekt iako ne planiram 3, no da se sluci- nema da odam vo Remedika samo zaradi taa licnost!!!!!!!!!!!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 08 Мај 2013 18:33 #238843

  • Joanna
  • Joanna's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 122
  • Thank you received: 17
Bubbi wrote:
Se porodiv vo Remedika, carski, iako trebase prirodno, taka izleze rabotata.
Sum zadovolna od se no edna sestra taka me navredi nesto, da mi se zgrozi bolnicata od nea!!!

A bidejki bev taka padnata vo nekoa depresija i se custvuvav katastrofa ednostavno i dozvoliv da mi se isponasa inaku ke ja zgazev da mozev!!!!Ama nemav sila ni da zboram!!!!

Od denesen aspekt iako ne planiram 3, no da se sluci- nema da odam vo Remedika samo zaradi taa licnost!!!!!!!!!!!!!

Како бе мила те навредила? :blink: И јас планирам да се пораѓам таму, т.е. не планирам, него таму ќе одам 100%, веќе си ги плативме тие 100 евра што се како капар, Ефремовски ми го знае терминот и си рече ќе ме барате во било кое време и ако се случи нешто да синко реши порано да излегува да го бараме, фин е многу, дури и се расправаше со тие на пултот зошто ни бараат по 6000 денари како капар ама тоа е, политиката им е таква. Него не ми се верува, па зар и таму се наоѓа по некоја лева? Јас на твое место ама ОДМА би се жалела на неа, кај толку пари им оставаш па уште да те вреѓаат... :what: До сега не сум имала така некое непријатно искуство таму со персоналот а се надевам нема ни да имам, искрено, таму несмеат да си дозволат такво нешто :angry: Него сакав да си прашам нешто, ако ми спомнат нешто за царски поради покачениот притисок, планирам да си одам на ГАК, да не ги давам тие 95 000 денари ваму, си велам подобро ќе ги прежалам тие 100 евра како капар што ги дадовме ама па ќе заштедам каде каде повеќе, па ме интересира ако заеш однапред дека ќе биде со царски, одиш на ГАК, се договараш со некој доктор, закажувате термин и тоа е тоа? Како иде процедурата? Или тие ти кажуваат кога да дојдеш и кој ќе се погоди на смена?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 09 Ное 2013 13:04 #245504

  • eli77
  • eli77's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 70
  • Thank you received: 9
девојки гледам многу од вас се порагале во Чаир,дали некој има искуство со др.Башким Исмаили?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 18 Мар 2014 14:47 #249292

  • Klaudija
  • Klaudija's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 12
  • Thank you received: 2
Јас сеуште ја немам среќата да имам родено малечко бебенце, но братучетка ми која имаше проблеми (слично како и јас) со забременување, после менување на повеќе гинеколози, конечно во Плодност го пронајде решението и таму се породи :da:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 19 Мар 2014 13:32 #249335

  • winnie the pooh
  • winnie the pooh's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 305
  • Thank you received: 63
neka pise nekoj najnovi slucuvanja od GAK, jas planiram povtorno tamu da odam, prviot pat pominav odlicno (imav i vrska) nemozm da se pozalam, za den i polovina nemav moznost nesto da mi zasmeta.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 05 Мај 2014 14:37 #250526

  • maja86
  • maja86's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 19
  • Thank you received: 1
И јас се породив во Плодност...Имав тешка бременост и со многу лошо искуство од државната болница, а во Плодност значи ме третираа како кралица секогаш беа тука за се шо ми требаше не само кога се породив туку и до ден денес....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 15 Јул 2014 16:51 #251425

  • baby24
  • baby24's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 36
  • Thank you received: 1
Jas se porodiv vo Moja bolnica (sv. lazar) i mozam da kazam samo pofalni zborovi za site od higienicarka do doktor,usluga i tretman na visoko nivo a za profesionalnost da ne zborime ,sekoja cest za site vraboteni tamu.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Во која болница се породивте? 07 Мар 2015 21:23 #253821

  • bejbibum
  • bejbibum's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
Ve molam dokolku nekoj se porodil skoro vo sv. Lazar sega( moja bolnica) za iskustvo
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.