Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Млеко и млечни производи

Млеко и млечни производи 30 Сеп 2010 03:52 #56519

  • Iv14
  • Iv14's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 55
  • Thank you received: 6
  • Карма: 3
Ме интересира од која возраст почнавте на вашите деца да има давате млечни производи. Ние до сега сме пробале само по малку путер кој и го ставам во кашичките од зеленчук. Од кога може да и давам јогурт, павлака, кисело млеко и сл? Денес баш бевме на педијатар, ми рече дека уште сме мали, ама ете не ја препрашав од кога ќе може да давам. tnx
Последна промена: 30 Сеп 2010 14:20 by Kinky. Причина: наслов
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млечни производи 30 Сеп 2010 12:53 #56542

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Нас педијатарот ни рече од 8 месеци. Јас малку подоцна почнав, на средината од осмиот со јогурт. Многу сака, со житарици некогаш како вечера му го давам, а додавам и во се што не му е омилено и така се поминува :laugh: Пробавме и кефир и него го обожава, пие околу 200мл одеднаш (може и повеќе ама јас тука го запирам). Пред 3 дена му купив и младо сирење, па и тоа си го јадеше.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Iv14

Ре: Млеко и млечни производи 05 Окт 2010 02:50 #58014

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
На ексклузивно доење бевме до 6 месеци, и уште се доиме, а со млечни производи почнавме со кисело млекце мислам на 8 месеци, и тоа ни беше гооолема новина во исхраната :)
Од 9 месеци почнав да и давам младо отсолено сирење и јогурт. Сега на 12 месеци обожава млечни производи, нема ден да помине без кисело млеко, а често јаде и сирење, павлака, јогурт, многу ретко кашкавал.
Интересно е што сака повеќе јогурт од млеко, кисело од благо и т.н :)
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Iv14

Ре: Млеко и млечни производи 05 Окт 2010 17:58 #58297

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
I moevo maze da go udavis vo jogurt,kiselo mleko, blago ne saka ic da cue i ne mu ni davam zosto i onaka cica.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 22 Окт 2010 23:20 #64094

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Мамички, од кога почнавте да воведувате кравјо млеко?

Според СЗО препорачливо беше да се воведе после првата година, па сега нгде прочитав после втората, и со оглед на тоа што ставовите постојано се менуваат, малку сум скептик.

На Ива почнав постепено да и го воведувам во 10-ти месец во кашичките, зашто со адаптирано ич не ми ги јадеше. А го пиеше од 1 година во шишенце.

Има ли некоја мамичка што вовела кравјо млеко пред првата година?




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 23 Окт 2010 03:07 #64147

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Анабел јас на Лука му дадов кравјо млеко пред навршена година и да се врати времето-не би му дала! На почетокот беше супер, никаква реакција, го прифати без проблем. Не му давав да пие зашто уште цица, го користев за житни каши.

Одеднаш почна кожата да му се суши, постепено образите да му се зацрвенуваат, да стануваат рапави, зад коленцата исто, у превод-атопичен дерматитис. Значи настана презаситеност на организмот од кравјо млеко и тоа никогаш не претерав со давање.

Не ми јасно како се одлучив порано да му дадам, се со ред правам.... Подоцна се исфрла и со црвени пликови, за на крај да го исфрлам кравјото млеко, пликовите сосема да исчезнат, кожата му станува се помека (тоа со атопијата оди поспоро).

Сега подолго време сме на Нестле јуниор, на почетокот кашите му беа чудни, не ги дојадуваше. И јас почесто наидувам на податоци дека подобро е до 2 години да се почека со кравјо. Не знам кога ќе пробам пак да му дадам.....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 23 Окт 2010 03:11 #64152

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Небо, а на лекар ви потврдија дека дерматитисот е од презаситеноста од млекото?




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 23 Окт 2010 03:31 #64167

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Анабел ни потврдија. Баш и на последната контрола само што го виде една докторица рече: "Ааа, исфрлај млеко!", а веќе му е скоро мека кожата.

Значи смее јогурт, смее бисквити што содржат млеко и сл., (ферментирано смее), никако свежо кравјо млекце.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 23 Окт 2010 14:21 #64204

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
  • Карма: 34
Ok mene ne mi e jasno samo kako moze da s davaat mlecni proizvodi od kravjo mleko no ne i mlekoto kako takvo?

Jas ne planiram voopsto da i davam kravjo mleko na Lena se dodeka si go pie adaptiranoto. A stom napravime godinka ke premineme na Aptamil junior.

Sakam da pocnam da i davam sirence i jogurt ama nemam poima ni koga ni kako da pocnam???
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 23 Окт 2010 14:47 #64208

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2981
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Zvezdicke како и за се досега знам дека веднаш ќе дознаеш зошто, само кога ќе го актуелизирате за Лена и тоа прашање ;)

Се почнува со младо несолено кравјо сирење. И јогурт можете веќе да пробувате. Јас искрено со јогурт кај Јана почнав после 10-ти месец, а кај Иван и Петар после 1 год. Сирење после 1 година. Сепак тоа е моја одлука затоа што децата ми се поосетливи на млечни производи.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 23 Окт 2010 14:54 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 24 Окт 2010 02:09 #64352

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
mojot homeopat e strogo protiv mlecni kravji proizvodi,go preferira i preporacuva kozjoto.a mojata maticna isto taka ne se soglasuva so preterano-sekojdnevno davanje na kravji proizvodi pogotovo na kravjoto mleko.nie sme doma na kozjo sirenje,kaskaval i mleko.krivo mi e samo sto ne pravam kozji jogurt i kiselo mleko.mi dadoa recept,ama...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 26 Окт 2010 17:05 #65137

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
  • Карма: 0
После 7 - 8 месец мочнавме со млечни јогурчиња овошни, пудинзи некаде после 9 месец поцнав и редовно да и го давам кравјото млеко. На алерготест ми покажа дека е алергична на алфа протеините на млекото но тоа незначи дека не смеам да и го давам, само да не се претерува. Зденка, кашкавал, јогурт, кисело млеко, бисквити топени со млеко и Лино производи се сум и давала. Она и ми бесе поголема за разлика од другите дечиња и во државна педијатрите ми советуваа од 7 - 8 месеци да почнам се што е со млеко да и давам. Јас бев многу скептична на таа тема па едвај се одлучив. Инаку уште од 6 месец почнав да и давам Лино производи мешајки ги со растворено млеко со вода.
Зарем порано нас нашите родители или пак нивните родители толку гледале како ние сега што гледаме, шанси нема. Тие само доеле до којзнае кој период и сме јаделе којзнае што !!! Но ете пак сме пораналае, и нашиве дечиња ке пораснат само што ние многу се притресуваме, да не даваме она, да не даваме ова, а зошто ова да даваме-да има некоја последица????? ДРН ДРН :sram2:
И денешниве доктори јас мислам дека само си експериментираат со животот на децата, постојано велат доење исклуциво до 6 месец без вода или чај - е ова поготово неможам да го смислам!!!!! Па детето ке умре за вода ако не му дадеш да се напие!!! Али ова во друга тема требаше да биде,знам дека малку избегав од темата но да не продолжувам на друга страна, поздравче :OK:
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 26 Окт 2010 20:00 #65212

  • sandricka
  • sandricka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Најсреќна мама
  • Теми: 371
  • Thank you received: 135
  • Карма: 10
Mladenovska wrote:
Па детето ке умре за вода ако не му дадеш да се напие!!!

Во млекото најголем процент има вода. Така да не се секирај, нема да биде жедно :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 26 Окт 2010 21:20 #65225

  • Nine
  • Nine's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Srekna mama
  • Теми: 37
  • Thank you received: 3
  • Карма: 1
Во нашата искрана морам да кажам дека преовладува КОЗЈОТО млеко Моите свекор и свекрваа си имаат 2 козички и свекрвами се прави со тоа млеко Јогурт Сирење кашкавал (ја бива за правење)и морам да напоменам дека изварката од козјо млеко е нешто феноменално :jupi: а и Андреј пие козјо млекце од 9 месеци.Ама за промена некогаш земаме сирење од овци и многу ми се допаѓа а и здечина намаст кајмак си кркаме (кравји).Многу ми е полесно затоа што си имаме наши козички и не се секирам не го мешаме со вода и неколку пати во годината го испитуваме млекото и е во ред.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 27 Окт 2010 01:13 #65276

  • Ivana
  • Ivana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Sweet and Tender Hooligan
  • Теми: 162
  • Thank you received: 16
  • Карма: 6
Nie pocnavme so kravjo mleko pred dve nedeli, znaci 15 i pol meseca, samo poradi toa sto nedela dena ne sakase da pie adaptirano, koristevme Nestle junior. Jas stvarno ne znam sto se desi odednas da se odbie deteto, probuav celo vreme, a ne saka mnogu jogurt, kiselo mleko i toa sto ke i macnam nekolku zalcinja sigurno ne se dovolni da go zamenat mlekoto, pa se resiv da probam so kravjo i eve go pie i toa po 200ml, sto od adaptirano piese 150, a najvise 180, sto mi e mnogu cudno za razlika od drugite bebinja i pod nejzina vozrast. Sega koristime kravjo bitolsko mleko za varenje, pa me interesira do koga se koristi vakvo mleko za varenje, koga moze obicno tetrapak i kakvo koristite vie, dali ova sto jas go zimam e dobar izbor? I sakam da znam dali moze da se smrzne mlekoto pred varenje i da se iskoristi koga ke imam potreba? I uste nesto, dali se podobri ovcite ili kozjite proizvodi od kravjite?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 27 Окт 2010 01:23 #65283

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Mladenovska wrote:
Па детето ке умре за вода ако не му дадеш да се напие!!!


Леле Младеновска ме насмеа!! Ама син ми да ти кажам здрав е, жив е, а не му давав вода до 6 месеци :) . Кажа Сандричка зашто.

А и за млеко што викаш нас како не хранеле, од кога ни давале... Никогаш и за ништо не се раководам по тоа: "И нас така ни давале." Така ќе останевме у камено доба.

Знам луѓе што од 3 месеци биле на кравјо млеко, живи се, ама ни под разно не би се фатила за примеров. Едноставно е докажано дека кравјото млеко не е соодветно за бебе под 1 година и може да му направи само штета.... И јас му дадов на син ми порано него што треба и не се гордеам со тоа, ниту пак советувам некому да даде.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 27 Окт 2010 14:38 #65404

  • sonjicka
  • sonjicka's Avatar
Козјо млеко е супер и ние си го пиеме. Кравјо многу ретко. Козјото знам дека не е препорачливо да се дава на дечиња под 12 месеци оти предизвикува анемија. Нема фолати за разлика од кравјото. Во секој случај над 12 месеци јас барем го преферирам козјото.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 27 Окт 2010 15:03 #65441

  • busavo
  • busavo's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 267
  • Thank you received: 30
  • Карма: 14
веројатно ние сме едни од ретките кои не сакаме млеко.
до 3 месеци цицаше, сама се одби иако јас имав многу млеко (тоа неможам да го преболам)
додека наполни цели 9 беше на Хипп,и тоа кога воведовме друга храна само на заспивање пиеше млеко, 1 месец беше на кравјо, фати многу жешко лето и кога рече нејќам млеко и пие само јогурт, знае летно време и по пола литро јогурт да испие. јадеме кашкавал, сиренце павлака ама само кравји или козји зависи и мешам бидејќи бргу се заситува од вкусовите, ама овчо не сме пробале и незнам од кога може веројатно треба да пробам малку да и дадам ама прво да го одсолам. е сега во градинка им јаде дробено млеко со бисквити, на почеток им се бунеше, ама освен таму никаде на друго место дури ни чоколадно млеко не сака.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 27 Окт 2010 15:08 #65452

  • sonjicka
  • sonjicka's Avatar
Busavo ич да не се секираш. И ние не лудуваме по млекото. Ама си надокнадува со други млечни производи. Јогурт, кисело млеко, сирење на тони, кашкавал....ехе. Битно е дека не ти ги одбива сите млечни производи.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 27 Окт 2010 15:39 #65480

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
jogurtot e pozdrav od mlekoto a kozjoto(nad 1 god) e pozdravo od kravjoto.so site ama bukvalno so site lekari sto sum pravela muabet,tuka spagjaat i nutricionisti i homeopati mi go imaat potvrdeno ova.a i mnogu citam na ovaa tema.
eve eden link odstariot forum

nnikolce.netfirms.com/Kozjo%20mleko.htm
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 27 Окт 2010 15:45 #65484

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Jas i kupiv na Damjana kozjo mleko na Vindija. Malo pakuvanje so slamka, isto kako cokoladnoto. Pivna ednas i mi go dade - ova e luto. Tolku od kozjoto kaj nas :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 27 Окт 2010 15:49 #65493

  • sonjicka
  • sonjicka's Avatar
Дефинитивно козјо е подобро. И јас сум за тоа. Да можам коза ќе си чувам на тераса....
Муабетот ми беше оти темава е во почеток на исхрана...да не се залетаат на помали дечиња да даваат козјо. Инаку млечен намаз давате? Досега не сум дала...а од тоа што читав по декларациите не ми се виде за нешто полезен. Да не има домашен рецепт некој...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 27 Окт 2010 15:49 #65495

  • Nataly
  • Nataly's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Be yourself – everyone else is taken !!
  • Теми: 846
  • Thank you received: 600
  • Карма: 52
Koga sme vekje kaj kozjoto mleko , da kazam deka i nie go upotrebuvame, osobeno sin mi , si go pie bez problem ..Ama, sega imam nedoumica vo vrska so druga rabota : Eve vekje edna godina kako kupuvame kozjo mlkeo od Zbregov - Vindija ( od 1/2 kg.) Nemase dosega od edno kilo. Pred nekoja nedela vo supermarketot dosle od pakuvanja od 1 kg . sto avtomatski izleguva poeftino ( 1/2 kg. 45.den. a 1 kg. 79 den.) i mm zel nekolku ..Arno ama, koga ja vidov deklaracijata ( a nadvoresniot izged inace im e identicen) vidov deka pisuva na kilogramskoto deka e so 3.0 % maslenost nasprema drugoto koe e so 3.2 % masl. I najvaznoto , pisuva deka sodrzi stabilizator E 399 :grr: Ova na pomaloto ne go pisuva ..Sega se mislam i se cudam, stvarno - ako ima stabilizatori logicno e da gi ima i vo dvete, ama zosto da ne pisuva :unsure: Ne mozam da najdam logika :emm:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 27 Окт 2010 15:52 #65499

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
mlecnite namazi i topenite sirenja se otrov od hrana.zdenkata pogotovo.tolku aditivi i konzervansi :mdf: koga kje go prasam homeopatot kosa i se kreva,tolku se voznemiruva...

nate i nie go koristime maloto pakuvanje na zbregov.i ne pisuva nisto ,kako sto velis.e sega zosto e taka so stabilizatorot neznam.da ne ima vrska so kolicinata? aj kje prasam
Последна промена: 27 Окт 2010 15:57 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Млеко и млечни производи 27 Окт 2010 16:00 #65502

  • mami29
  • mami29's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 420
  • Thank you received: 257
  • Карма: 3
Соњичка домашен рецепт не знам ама јас земам од урдата Рикота и му ја мачкам на лепче на син ми. Просто ја обожава. Таа е колку што знам чиста пошто многу брзо се расипува. Така да немаме потреба од млечни намази, а и не купувам ни за нас.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: sonjicka