Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Месо

Месо 12 Сеп 2010 16:39 #50964

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Месото во бебешката исхрана обично се воведува со полни 7 месеци.
Заради лесната сварливост се почнува со младо телешко, јагнешко или пилешко.
Месото содржи протеини со висока биолошка вредност и е богат извор на минерални материи, есенцијални масни киселини и витамини: железо, калиум, фосфор, магнезиум, калциум, цинк, витамин Б3, Б6, Б12...

Подетално за составот на секој вид месо посебно, кое месо да го дадете на бебето, како да подготвите супа и кашичка од него и колку време се вари, прочитајте ОВДЕ.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 06 Окт 2010 14:41 #58643

  • Bumba
  • Bumba's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • marija1981
  • Теми: 344
  • Thank you received: 136
  • Карма: 4
На 7 месеци почнавме со месо во исхраната. Препораката на педијатарот беше да почнеме со младо телешко и пилешко месо. Телешко јадеме одтогаш па наваму зготвено дома во комбинација со различни зеленчуци додека пилешко исклучиво купечки кашички. Сакам да му подготвувам дома и пилешки ама незнам какво пилешко месо да купам, знам бело но од кој производител. Јасно ми е дека најдобро би било од домашно одгледувана кокошка меѓутоа што ако немаме од каде??? Ајде пишете какво пилешко купувате за вашите малечки .....

Не нагласив дека дилемата ми е поради страв од хормони
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 06 Окт 2010 14:45 #58645

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Андреј има 6 и пол месеци. Оваа недела му дадов прв пат пилешко (бело). Инаку имам 2-3 пилиња домашни замрзнати. А после тоа не знам од каде и какво месо да купувам. Најверојатно од каде што куував до сега, од месарата во Тинекс.

Во секој случај би купувала свежо, не замрзнато, иако и тоа е прашање колку е свежо. Еве некој ако знае, нека каже како може да се препознае свежо месо.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 06 Окт 2010 14:49 #58647

  • Bumba
  • Bumba's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • marija1981
  • Теми: 344
  • Thank you received: 136
  • Карма: 4
уф тоа ми е најголем страв како да знам дека месото е свежо, се плашев и до сега кога купував за мене и мм ама сега кога треба па за бебето незнам што да правам. Пустото па и немам некој познат што работи во месара да ми помогне во избор. Појма немам :zid;
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 06 Окт 2010 15:04 #58653

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
И ние почнавме со месо на 7 месеци - млад телешки бифтек. Пилешко јаде многу ретко, досега сум и давала домашно, го нарачував преку луѓе од село. Но со домашното проблемот е што е мноооогу тегаво, па и откако убаво ќе се изблендира остануваат конци кои ја давеа па и го поминував низ цедалка...а бе хаос.(има само 3 заба се уште...т.е 2,5 :)).

Што се однесува до телешкото, го обожава, и поради крвната слика а и поради тоа што не јаде воопшто јајце бидејќи стомачето не и го поднесува- по препорака на педијатарот јаде месо многу често, 5 или 6 пати неделно.

И давам телешки или јунешки бифтек, навистина е многу скап но од едно парче јаде цел месец, па и повеќе, па мислам се исплати... За жал кај нас никој не сака да ти пресече 100, 150 гр бифтек...го купуваш или цел или ништо ... :( Ние го набавуваме од Мик, по цена од 750 мкд/кг. Претходно од Тинекс, од Жива, но за 900 мкд/кг и тоа често не беше свеж.

Во однос на свежината на месото, јас искрено немав поим, но од толку често спремање изминативе месеци станав експерт :) Значи битно е месото да е црвено, да нема темни, модри рабови. Втор показател е варењето-ако не се свари и после саат и пол, месото е старо и замрзнувано па одмрзнато. А гаранција дека не е замрзнато е само познат месар мислам...скоро сите месари прават дубари со тоа, а квалитетот е неспоредлив.

А ме интересира, од кога почнавте да има давате на дечињата свинско месо? Сакам да и сменам малку со свинско. Месарка е голема и мислам дека ќе и се бендиса :)
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 06 Окт 2010 15:37 #58671

  • Roma
  • Roma's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Ex jema
  • Теми: 314
  • Thank you received: 148
  • Карма: 14
Ние месо јадеме од 6 ипол месеци, телешко и пилешко. Телешкото го купуваме во Рамстор, секоја среда носат свежо, а пилешко до скоро имав домашно, а сега земам Пилко свежо, или цело пиле (малечки се тие), па го делам и го замрзнувам, или посебно бело месо, батак со карабатак.
Педијатарот ни рече дека може да им даваме и месо од мисирка, зајак и попосно јагнешко, ама уште не сум им дала (и не знам како ќе им дадам кога не јадам ништо од ова, како ќе го пробувам)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 06 Окт 2010 15:43 #58675

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
kolku pati sum pisala tuka aj pak.za izborot i kvalitetot pisa sinolicka.od iskustvo taka e od zbor do zbor.plus napomenuvam deka e za bebe pa vo vero stalno mi davaat od pod rakav.ili ne mi davaat voopsto,mi kazuvaat koga da dojdam iako imaat vo frizider.opasna lazga sum.

inaku sum golem protivnik na toa meso da se jade cesto.ednas nedelno e ok.ak do 2 pati max.spored medicinskoto skolo za zdrava hrana na harvard(oni ja imaat onaa piramidalna sema na ishrana zaedno so SZO)se razbira na harvard e podobra, se preporacuva celosno isfrlanje ili izbegnuvanje na suvomesnati prozivodi i delumno na crvenoto meso(telesko)vekje postojat i toa poodamna naucni studii kolku e stetno. znaci mnogu retko da se koristi ova meso.
a zelezo ima najmnogu toa e fakt.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 06 Окт 2010 15:48 #58680

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
Nie od meso jademe ,telesko,junesko, i pilesko moze preku sila 2 pati mesecno zaradi hormoni mi rekoa sto pomalce da davam, a za svinsko neznam dali treba ili uste se mali mislam, aj nekoj sto ima poveke iskustvo neka kaze.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 08 Окт 2010 02:20 #59319

  • Sandra
  • Sandra's Avatar
  • Offline
  • new born
  • :)
  • Теми: 145
  • Thank you received: 14
  • Карма: 7
Јас за џабе му купувам месо на син ми. Изгледа решил да стане вегетаријанец! :ne:
Порано јадеше по малку сега и мирисот го осеќа и манџите што ги јаде ако има месо во нив не сака да ги проба!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 08 Окт 2010 17:42 #59651

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
eve interesna tabela so podatoci.ama toa slaninceto me buni malku

www.kulinar.mk/TabeliStatistiki/Meso-Riba
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 08 Окт 2010 17:53 #59658

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Ние оваа година имаме домашно телешко. Го земавме на 3 месеци, цицалче. Кравата го шутнала и му го повредила ноџето, па морале да го продадат :( . Со документ беше, исправно. Поубаво месо сме немале. И најубавото од Веро не е вакво. Е сега, ќе ми стои малку подолго во замрзнувач, ама вреди навистина.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 08 Окт 2010 18:33 #59678

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
jas si naracav domasni zajci od katlanovo.e sigurni mi se lugjeto epten,za sebe si gi cuvaat.prirodno se hraneti.
mesoto im e mnogu ubavo,kako pilesko.i ima mnogu omega 3.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 08 Окт 2010 18:42 #59680

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Iskreno ne sum jadela dosega zajacko meso. Bas bi probala, i za nas i za malata. Ako ima nacin Mama Vase i drug da zeme, pisi mi pp.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 08 Окт 2010 18:47 #59682

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
kje ti pisam za zajak a ako kravata sutne uste nekoe tele pisi i ti :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 09 Окт 2010 22:36 #59922

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Нас педијатарот ни препорача да почнеме со месо откако убаво ќе пројаде зеленчук и тоа по 50гр дневно. Од крајот на седми месец секој ден му варам телешки бифтек,ама од 20гр повеќе не се случило да изеде. 50 нема шанси да стигнеме. Какви се комбинации не сум пробала со месото и не и не... По колку месо јадат вашите бебуши на оваа возраст, мене 50 грама ми изгледаат страшно многу?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 10 Окт 2010 00:29 #59934

  • Magdalenaa
  • Magdalenaa's Avatar
i Milan jade pomalce kasicki so meso, nie isto taka pocnavme so telesko pa junesko, no koga imame kasicka so meso makar i malce da e poslabo ja jademe, se so zalazuvanja dodeka cisto zelencukovi kasicki obozava.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 10 Окт 2010 02:48 #59963

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Син ми ги јаде кашите со месо, ги сака, ама јас не му ставам многу често, отприлика 2 пати неделно. Порано и почесто му давав, ама се присетив на што се се изначитав за месото кога сестра ми беше болна од една страшна болест (фала му на Бога сега е здрава и жива), на кратко-дека е поттикнувач на најлошите болештини...

Инаку му имам дадено скоро се, освен свинче (телешко, пилешко, мисиркино, јагнешко), е и зајачко не јадел, а ни јас, баш сакам да пробам!

Во врска со количината, искрено, никогаш не сум измерила колку му ставам, ама сигурно помалку од 50 грама, барем така ми изгледа (ќе мерам деновиве, ме интересира).
Последна промена: 10 Окт 2010 02:48 by Nebo.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 10 Окт 2010 11:04 #59971

  • Baltazar1
  • Baltazar1's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 127
  • Thank you received: 285
  • Карма: 9
Каде да се најде здраво месо во Македонија и не е така тешко прашање ако се вложи само малку напор. На пример за телешко,најважно е со што се храни теленцето и мајката и како се чува (треба да се пуштени слободно и да се хранат само или доминантно со трева). Ние купуваме теленце кое сами го бираме (баш во овој период), цела година се комплетно пуштени на слобода и пасат само трева. Купуваме пола теленце, го замрзнуваме и наредните половина година не треба да се мислите што јадете, а и да не зборувам што нема трчање во ВЕРО, Тинекс и слично и молење и убедување за „бејби биф“, кој исто така е од фарма и не е ништо посебно. А вкусот на месото,чорбите и манџите е неспоредлив, да не зборувам за колку се поздрави (нема хормони, антибиотици, концентрати, има се што е неопходно).
Не се сложувам и со Мама Васе дека месо треба да се јаде ретко. Тоа е една голема заблуда. Не е важно колку често се јаде туку од каков извор е и како се подготвува.Можам и да објаснам во детали зашто.
А со само мал напор може да се најде месо со одличен квалитет и кај нас, а како ќе го подготвиме зависи пак од нас.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 10 Окт 2010 14:16 #59983

  • Bisa
  • Bisa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 34
  • Thank you received: 6
  • Карма: 1
Dali imate iskustvo so gotovite kasicki so meso od Hipp?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 11 Окт 2010 10:54 #60121

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Bisa wrote:
Dali imate iskustvo so gotovite kasicki so meso od Hipp?

Иако педијатарот ми ги препорачуваше како поеток на исхрана со месо (?) јас бев ептен против-прво, одвратна ми е помислата на месо во тегла што трае 1,5 година (без конзерванси?????) Инаку, процентот на месо во "месна" кашичка од 190 гр е само 12 гр!

На ќерка ми сум и дала само еднаш кога бевме на пат. Не сакаше ни да ја помириса :)
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 11 Окт 2010 18:09 #60187

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Му давам купечки со месо, ама мнооогу ретко. Сака само 2 вида, едната е со телешко, другата со мисиркино, Хип се. За тоа -без конзерванси-, прифатливо ми е, има многу начини на зачувување храна, не мора да содржи конзерванс.

Би сакала ако може Балтазар да објасни зашто не е против често јадење месо, добредојдени ми се повеќе информации :) .
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 12 Окт 2010 23:04 #60550

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
coveckoit organizam ne e sozdaden da prerabotuva meso.na zeludnikot mu trebaat 6-8h da ja svari taa hrana.nie sme plodojadi.
koga se kolat zivotnite nivoto na adrenalin im se kacuva max.poradi samiot cin na ubivanje.toj ostanuva vo mesoto celo vreme,nema nacin kako da se isfrli lii izvadi.preku negovoto konzumiranje i nie go vnesuvame.rezultatot e hiperaktivnost i agresivnost kaj decata.

mesoto e polno so antibiotici,hormoni,koncentrati od hranata.vo posledno vreme ima zabelezano porast na hormon koj go zgolemuva lacenjeto na mlekoto i istite tie nie gi vnesuvame.
za da izgleda crveno i svezo koristat boi i hemikalii.
postojat golem broj na naucni studii koi dokazuvaat deka postoi ogromna vrska pomegju rak na debelo crevo,zeludnik,pankreas...pogotovo crvenoto meso.

vrednite nutritivni sostojki koi gi ima mesoto se naogjaat vo mnogu zelencuci,mesunki,plodovi.povekjeto lekari preporacuvaat meso poradi zgolemuvanje na hemoglobinot,ama istite tie ne ja baraat pricinata za toa tuku gi lecat posledicite.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 13 Окт 2010 00:55 #60589

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
  • Карма: 14
факт е дека човечките црева едноставно НЕ СЕ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ВАРЕЊЕ НА МЕСО. Животните кои се месојадни, имаат пократки црева (цревата им се трипати подолги од должината на телото), па на тој начин распаднатото месо кое во процесот на дигестија произведува и испушта тосични супстанци, бргу се исфрла надвор од организмот. Бидејќи растителната храна се распаѓа многу поспоро од месото, тревојадите имаат шест пати подолги црева од должината на телото. Човекот има црева како тревојад, па доколку јаде месо, токсините можат да предизвикаат преоптерување на бубрезите, што не ретко може да доведе до гихт, артритис, реуми и рак.
Исхраната која изобилува со заситени масти, ги подига нивоата на "лошиот" холестерол во крвта. Високиот LDL холестерол, го зголемува ризикот од коронарно срцево заболување. Некои видови храна од оваа група содржат голем процент заситени масти, како говедско, свинско, јагнешко, колбаси, хот дог и сланина, салами, некоја живина како патка. За одржување нормално ниво на холестеролот во крвта, треба да се ограничи исхраната на овој вид храна. Зголемениот внес на масти го отежнува избегнувањето од конзумирање поголем број калории од потребниот.
п.с најубаво и е на вегетаријанците:)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 13 Окт 2010 01:07 #60595

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Девојки, овде добив навистина корисни информации за месото и се тоа ми има логика.

Ама ако гледаме на пример исхрана по крвни групи, О-та група е група на месојадци, и нас доктор ни има објаснувано дека на таа група и е неопходно месото. Тоа е мојата крвна група, и јас навистина имам потреба 2-3 пати неделно да конзумирам месо.

Мене логиката ми е дека со тек на милениумите човечкиот организам се менувал и се адаптирал и на исхрана со месо, но не вака мрсна, полна со конзерванси. Човечкиот организам не е навикнат на месо добиено од животни одгледувани со хормони и други штетни додатоци во исхраната.

Затоа сметам дека се појавуваат болести поврзани со конзумирањето на месо.

Богдана, и јас мислам дека им е најубаво на вегетаријанците....али јас не можам без месо...:)

Штета што е тешко да си обезбедиме месо од животни одгледувани во поприродни услови. Некој спомна дека си купуваат едно теле за цела година, но тоа е најверојатно некаде 200 еур, а не секој може да ги даде одеднаш:(




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Месо 16 Окт 2010 10:31 #61933

  • Baltazar1
  • Baltazar1's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 127
  • Thank you received: 285
  • Карма: 9
Како одговор на Nebo,nакратко кажано, доколку месото е од добар извор како што пишував претходно има многу нутриенти од кои некои во количината која ја има во месото многу ретко можат да се најдат во други продукти (одередени Б витамини, протеини, цинк...). Сум ги минал сите попоуларни вегетаријански книги и години нанзад се интересирам на тематиката и едноставно ако размислите здравиот разум ќе ви каже дека отсекогаш се јадело месо. Не мора да се претерува, зависи од метаболизмот на секој поединец колку му одговара, не треба да претерано обработено но дефинитивно е суштински значајно да се конзумира. Во понатамошните одговори ќе се обидам и повеќе да објаснам.
Последна промена: 16 Окт 2010 10:35 by Baltazar1.
The administrator has disabled public write access.