Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Вода...сок...чај

Ре: Вода...сок...чај 18 Мар 2012 04:28 #189371

  • kiki
  • kiki's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 510
  • Thank you received: 102
  • Карма: 12
mamicki,do koja vozrast ja previvavte vodata za vasite decinja? jas i davam flasirana voda-Ladna ili Rosa ama sepak ja prevrivam. Samo se si mislam deka veke sme dovolno golemi za da pieme i neprevriena flasirana voda
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 18 Мар 2012 04:38 #189373

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
На првото дете мислам дека до 6-7 месеци ја превривав, исто флаширана, а потоа престанав. А до 6 месеци и не пиеше многу вода.

А за второто воопшто не превривав:) Само кога купував вода внимавав да има помалку натриум, а во Горска дефинитивно имаше највеќе.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: kiki

Ре: Вода...сок...чај 18 Мар 2012 06:37 #189385

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Анабел, даваше вода додека беа само на доење?? Те прашувам зашто Јана до влез на 7.додека беше на ексклузивно доење немаше во уста буквално ништо ставено освен моето млеко, знали ни капка вода ни ништо. Е сега Марио здравје треба да почне со ручкање кога ќе бидат ептен големи жештини, па не знам дали ќе може да се задржиме само на доење или ќе мора да воведеме водичка (соковите не сакам да ги воведам први ниту да го поттикнувам нивното конзумирање...).

Ве молам за искуства кога и како почнавте со водичка? Јас за ќерка ми почнав со полни 6.месеци, со сок од јаболко, праска...и и давав со лажичка..ич не сакаше сок. Вода исто пиеше ептен малце, прво со лажичка па после одвај се наканивме на шише со клунче (никогаш не фати цуцла..).

Ме интересираат искуствата пред се на мајки со бебуши родени во зима, значи што почнале со други течности/храна во лето на огромни температури.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 18 Мар 2012 06:41 #189386

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Многу ретко и давав вода на Ива, по неколку лажички и и давав чајче Бекутан со шишенце, а за Андреј исто како вас не фати лето и му давав почесто, сега количински не се сеќавам колку, ама повеќе му давав, со лажичка зашто шише не фати.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка

Ре: Вода...сок...чај 18 Мар 2012 08:05 #189393

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Синоличка, kako golem poddrzuvac i ljubitel na eksluzivnoto doenje, mislam deka ic ne treba da se zamaras kako i sto so voveduvanje voda i pokraj toa e sto vikas Mario ti e zimsko bebe. Taman na leto ke pocnete so voveduvanje cvrsta hrana i togas i voda (ako nema neli opravdana potreba od porano voveduvanje.) Jas cvrsto veruvam deka deca sto se isklucivo na doenje nemaat potreba od voda ni vo leto, tuku dovolno im e majcinoto mleko, pa ako go osetis deka e zeden op mestenje vo cicacka polozba.
Jas so voda pocnav od 6 meseci, do 10 epten malku piese, ne mu ja mislev zasto cicase, pa od 10 se proturi od pienje voda, os casa so silikonsko cevce.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 18 Мар 2012 09:14 #189396

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Еве и јас сум мајка за летно дете (полетно здравје родено у сред јули), па со вода почнавме од 6 месеци (малку после воведувањето дохрана). Превриена давав само 1 месец, потоа флаширана. Не сме имале никаков проблем од тој аспект со оглед на тоа што моето цицкоманче си имаше сесии од 45 мин на цице, и тоа на секои 2 саати. И кога воведов вода ретко пиеше, се распи некаде на 9-10 месеци кога почнав да одам на работа. Сега веќе може да биде прогласен за водна жаба, по цело време си бара “лода“ , некогаш и навечер се буди да пие и заспива со шишето гушнато во раце.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Синоличка

Ре: Вода...сок...чај 18 Мар 2012 14:41 #189431

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
  • Карма: 90
Јас водата не ја рачунам како нешто што го расипува правилото за -ексклузивно доење-
Давав од првиот месец, обично оладена превриена вода со неколку зрна ким, за стомачето...И тоа со пипета или лажичка. Значи не налевање со цуцла шише па да и замени подој или незнам што, никогаш не ни сакаше повеќе од неколку капки....Значи не гледам никаква причина зашто да не се дава вода. Мене вода ништо никогаш не ми заменува, вода си е вода, иако ќе кажете дека млекото е незнам колку % вода. Башка ради соорот, имав препорака после секој подој да ја оплакне устата со водичка
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка, Ананда

Ре: Вода...сок...чај 18 Мар 2012 15:25 #189438

  • UNA MAMA
  • UNA MAMA's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 31
  • Thank you received: 10
  • Карма: 0
Препорака на педијатарот беше дека водата треба да ја превривам до 1 год.
Инаку моево бебе не сака сокови, педијатарот за тоа ми кажа дека е и подобро, ако внесува овошје нема потреба од сокови.
Инаку водата што ја превривам е од чешма!!!
На почетокот купував флаширана вода, но откако подобро се информирав на тема "Вода" сега користам само вода од чешма.
Има документарен филм кој се вика "Вода", Ви препорачувам да го погледнете.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 18 Мар 2012 15:49 #189449

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
lavce wrote:
Јас водата не ја рачунам како нешто што го расипува правилото за -ексклузивно доење-
Мене вода ништо никогаш не ми заменува, вода си е вода, иако ќе кажете дека млекото е незнам колку % вода.
Со ова потполно се сложувам :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 18 Мар 2012 17:36 #189463

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Davanjeto voda sekako deka go narusuva praviloto na ekskluzivno doenje, so ogled na toa deka pod istoto se podrazbira davanje samo majcino mleko, bez nikakva druga tecnost, nitu voda. E, sega, samo malku so kim za namaluvanje grcevi, so pipeta ili lazice mi e druga prikazna, zasto sekoj od nas probuval na nekakov nacin da go smiri stomaceto (sto pak e rasipuvanje na isklucivoto doenje :zelen: ) I da, voda si e voda, ama i ovosje si e ovosje, zelencuk si e zelencuk i t. n.-ne vazat ovie pravila za mali bebinja. Majcinoto mleko mi e poseben produkt sto samo vo eden del od zivotot moze da se pie i smetam deka maksimalno treba da se iskoristi, do posledna kapka (vo smisol sekoja kapka-lazicka voda bi ja zamenila so majcino mleko).

Nie so dohrana pocnavme kon sredinata na septemri, sto znaci sin mi bese celo toplo leto bez ic voda, ni caj (samo na pocetokot dadov nekolku pat zaradi grcevi, isto vo start imavme i potreba od ad mleko). Bese maksimalno raspolozeno i nasmeano bepce, na prsti od edna raka se broi kolku pati placel, pa ako bil zeden valjda nekako ke pokazel...
Ne mislam deka nekakvo zlo ke se napravi so davanje nekoja lazicka voda, ama ednostavno mi nema potreba, aj sto majcinoto zadovoluva i glad i zed, pa i ne treba da se zamarame so kakva voda-dali cesmovaca, dali flasirana, dali prevriena, dali ne.....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 18 Мар 2012 19:26 #189490

  • Inicka
  • Inicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 196
  • Карма: 4
Синоличка wrote:
Анабел, даваше вода додека беа само на доење?? Те прашувам зашто Јана до влез на 7.додека беше на ексклузивно доење немаше во уста буквално ништо ставено освен моето млеко, знали ни капка вода ни ништо. Е сега Марио здравје треба да почне со ручкање кога ќе бидат ептен големи жештини, па не знам дали ќе може да се задржиме само на доење или ќе мора да воведеме водичка (соковите не сакам да ги воведам први ниту да го поттикнувам нивното конзумирање...).

Ве молам за искуства кога и како почнавте со водичка? Јас за ќерка ми почнав со полни 6.месеци, со сок од јаболко, праска...и и давав со лажичка..ич не сакаше сок. Вода исто пиеше ептен малце, прво со лажичка па после одвај се наканивме на шише со клунче (никогаш не фати цуцла..).

Ме интересираат искуствата пред се на мајки со бебуши родени во зима, значи што почнале со други течности/храна во лето на огромни температури.

Sinolicka,
Moj sovet ti e da pocnes da go naviknuvas na voda pri krajot na 3-iot mesec,bidejki ke imas problem so toa.
Nie se doevme isto i uste se doime ali koga pocna da jade toa bese nekade 4-ti mesec(taka ni preporaca Dr.zasto mnogu povrakjase) nomalno pocnuvas so ovosje,pa zelencuk,zitarki itn. i mora po malce voda barem da pie koga jade cvrsta hrana.Nikako ne sakase da mi prifati voda,sokovi piese ali csta voda ne. Letoska eden den mu menuvam pelena i gledam na pelenata kako bleda krv (rozevkasto).Odma go odnesov vo Sistina i mu pravea crp,krvna slika,mokraca se vo normala.Dodeka go cekavme da se izmocka okapavme 2 saati tamu i na kraj doktorot zakluci deka e dehidriran i toa ne e krv nego nekoi si soli vo mokracata i koga ke dehidrira tie se pojavuvale.Ne sakam da te plasam ti kazuvam iskustvo so toa nepienje voda,plus zestini i od togas resiv non stop da m nudam malce po malce,po goltka i se nauci sega pie uveliko.Imam i edna prijatelka isti problem imase so maliot,doenje isklucivo do 6 meseci,voda ne sakase da okusi.
Zatoa moj sovet davaj po malce da se navikne.
Последна промена: 18 Мар 2012 19:32 by Inicka.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 03:57 #189520

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Синоличке, Лина е родена на ден пред Марио, па еве ти мое искуство - цело лето го поминавме САМО на цицање и воопшто не и` дадов вода ниту сокови (и сега не и` давам сокови). Вода почнав од 7ми месец да и` давам, и супер си ја прифати, и исто како тебе - прво со лажичка, после со клунче и сега чашка (цуцла исто никогаш не фати) :)
Немаше гајле, супер си напредуваше и во ниеден момент не ја доживеав како дехидрирана за да реагирам со вода...
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Синоличка

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 04:14 #189522

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Јас некаде може имам пишувано за водата, ама околу 3-от месец почна додека го капиме да ја врти главата и да пие водичка од кадичката или се лижеше додека му тече по главчето и сфатив дека му треба. Колку пати со шишенце во уста сум го капела, после почнав и да му давам преку ден и тогаш не пиеше од кадичката, а беше зима кога се роди. Шише не сакаше да види, ама еве со вода и првото лето пиеше. Тогаш имаше 7-8 месеци и може по 400мл на ден му давав и не се заситуваше.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 05:21 #189555

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Девојчиња фала многу за искуствата, многу ми значат :guskanje:
Да се дообјаснам, ниту форсирам воведување вода, ниту рано воведување дохрана, а поголем поборник за доење од мене-нема :laugh: Значи Марио ќе почне здравје со цврста храна негде во јуни-јули, па се прашувам дали ако е многу жешко и претходно, ќе треба да му воведам водичка порано, и пред да почне да јаде.

Инаку битен момент е што околу дохраната, планирам да почнам со малку неортодоксен пристап, т.е прво житарки, па зеленчук, па на крај овошје. Муабетот ми е дали ќе има потреба од вода и порано, ако е ептен топло?

Се разбира дека цицањето е максимално застапено, и јас сум голем поборник на ексклузивното доење, па ќерка ми како што кажав до влез на 7.месец немаше буквално ни капка било што друго ставено во уста. Но Јана почна со дохрана во април, а кога ќе поче здравје Марио ќе биде жешко, па се мислам душиче да не биде жеден...? Не гледам каква штета би имало, мислам само жед би му згаснало, не е сок да го засити на штета на количината исцицано млекце...

Околу цицањето, и јас сум со едно искуство како Водолија со цицкоман, со сесии од по 45 минути, 1 саат...и многу, многу често цицање...паѓање во транс од цицање :laugh: но сега се мислам дали има потреба од тоа, дали воведувањето на водичка кога би било жешко би ја регулирала должината и зачестеноста на подоите. Ова е се ситуација: што би било, кога би било... :tupco: Освен тоа, верувајте дека сега со две деца дома кои се разлика помалку од 2,5 год, понекогаш е тешко да се усогласи се, т.е да се дои по 30-40 мин, зашто во меѓувреме на големото му се пријало/примочкало/се намокрило па му треба моја помош...па така некогаш бебушот е оставен на стенд бај... :( Малку от ама ова за да си ја објаснам ситуацијата а со тоа и причините плус за дилемата околу евентуално воведување вода на 4-5 месеци, пред храна...


Едит, сега видов што пишала Ноне, значи и мене ми препорачаа за жолтицата да му давам декстроза (шеќер ратсворен во вода) ама јас на своја рака решив да НЕ му давам, ем добро си напредува, ем и Јана имаше жолтица, и тоа многу повеќе, па бевме само и единствено на доење, па така направив и со Марио.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
Последна промена: 19 Мар 2012 05:26 by Синоличка.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 05:23 #189557

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Kerka mi bidejki imase mnogu zoltica morase da vnesuva sto poveke tecnosti pa pokraj cicanjeto od nekolku nedeli piese i glikoza od sise (mislam doma ja prevaruvav vodata i stavav kafeav seker). POtoa piese i caj, sokovi retko i davav i ako i dadev obicno bese od jabolko (ova koga bevme negde izlezeni a ne sum mozela da ja nadojam), od onie sto se razbiraat vo toa mi bese receno deka ako veke nekogas davas kupecki sok toa da bide od jabolko bidejki e najcist.
Otkako prestana da cica si pie mleko od sise i plus voda, veke edna godina ne i davam porevriena voda, i davam od cesma i do sega sme nemale nekakva maka so meseto. Sok ne saka, a isreno ke i ni davam, dovolno i e da pie mleko i voda.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 05:30 #189564

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1648
  • Thank you received: 571
  • Карма: 15
Sinolicka ,i mene pogolemata mi e rodena 5 fev.i isklucivo bevme na doenje celi 6 meseci,(2007 i te kako bese toplo toa leto,ama zed gasevme so cicanje,bas bevme na odmor od 1.08. taa godina)isto i so vtorovo(i mene razlika mi se 2.9m)negledam porano voveduvanje na voda bidejki smetam deka doenjeto bi mu bilo dovolno,ama ako smetas togas toa e tvoja odluka,a i sekako ke go pratis Mario ,t.e negovite potrebi.
Nekoj pogore pisa deka pokasno ako pocnes ke si imas problemi ,nemalo da pie,naprotiv moive mn.voda pijat,najverojatno se zavisi do deteto.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Синоличка

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 07:12 #189614

  • Inicka
  • Inicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 196
  • Карма: 4
Povtorno ke kazam deka sepak moe mislenje e da se dava po malce voda,sto znaci 3-4 lazicki.Pa lugje pobogu ne moze dete od 4 lazicki voda da se najade i da odbiva mleko.Cela poenta e da se navikne na nesto sto nema vkus-kako voda i deka i toa se pie.Obicno bebinjata pijat samo ako e nesto blago (sokovi,caevi) a i majcinoto mleko e mnogu vkusno i blagicko.
Bidejki Sinolicka pisha deka ne saka da go uci deteto na sokovi,sto e ispravno za mene(osven prirodni a toa ke moze tek od 10 meseci neprevrieno ovoshje)sepak ke treba voda da pie ako e mnogu toplo,da vnesuva tecnosti.A koga ke pocne da jade pomalku cica i mlekoto se namaluva.Taka da nisto nema da mu se sluci ako potpivnuva vodicka po malce od 4 meseci natamu.Sin mi bukvalno vo najzeskoto koga ke vkusese voda go frlase siseto.Taka si pievme sokcinja,cicavme,pa imase period mene nesto mlekoto mi se namali(sto ne e nisto cudno da se desi) i mnogu mi bese krivo sto ne go ucev porano na voda.Vo najtoploto odevme za Grcija i detevo bese ziva voda,jas mu davam da cica,on vlece vlece toa tolku mleko ima,a voda nikako ne okusuva. Sepak najgolemiot del od organizmot e sostaven od voda,ne mu davate koka kola pa steta da napravi.Ne e nikakvo zlo.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 07:21 #189617

  • lela
  • lela's Avatar
  • Offline
  • junior
  • BOG CE UVJEK SVAKOM DATI;SAMO TREBA VJEROVATI...
  • Теми: 549
  • Thank you received: 222
  • Карма: 12
Mene David pocna vodicka da mi pie duri so polni 10 mes.i bas go prasav pedijatarot posto jadi cvrsta hrana so polni 6 mes. a ne saka ni voda,caj,sok sto da pravam?Mi rece se dodeka pie mleko a nesaka ni voda ni nisto nema potreba od panika posto zedta si ja gasi na toj naci.A sega poveke saka da pie voda od mleko.
i tako bi točkica, iz točkice naraste graškić, iz graškića oraščić, iz oraščića kruškica, iz kruškice dunjica, iz dunjice lubenica, a iz lubenice naša mala bebica :love:

...http://
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 07:23 #189619

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Синоличка wrote:
но сега се мислам дали има потреба од тоа, дали воведувањето на водичка кога би било жешко би ја регулирала должината и зачестеноста на подоите. Ова е се ситуација: што би било, кога би било... :tupco:

Не :) Лина скоро 7 месеци немаше ништо друго ставено во уста освен цице, па нејзините сесии се сведуваа на 5-7 минутно цицање на секои ТОЧНО 3 саати, и толку :)
До детето е, нема врска дали ќе даваш уште нешто или не...како и да е, имаш време Синоличке до тогаш, ќе видиш како ќе биди ситуацијата, па соодветно и ќе реагираш :cmok:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Последна промена: 19 Мар 2012 07:26 by Goddess^.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 08:06 #189631

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Дефинитивно е до детето, бидејќи и мојот пиеше многу вода ама од цицање не се откажуваше, 3 сати не се сеќавам да издржал да нецица ако е буден :). Цицаше на 1 час или 1-30 ако сме некаде надвор и најмалку по 10-ина минути. А сокови почна дури откако го одбив да пие, претходно по 30мл да испиеше бев пресреќна. Сега пие по 300мл свежо цеден сок, а ако види полна чаша збеснува, па морам да кријам купечки сокови или на гости да ги молам да не не служат. Предноста од тоа што ги засака е што можеме слободно да седнеме во кафич или ресторан, едно сокче ќе му нарачаме и 30 минути си се занимава :).
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 13:10 #189701

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
Синоличка wrote:
Вe молам за искуства кога и како почнавте со водичка? Јас за ќерка ми почнав со полни 6.месеци, со сок од јаболко, праска...и и давав со лажичка..ич не сакаше сок. Вода исто пиеше ептен малце, прво со лажичка па после одвај се наканивме на шише со клунче (никогаш не фати цуцла..).

Ме интересираат искуствата пред се на мајки со бебуши родени во зима, значи што почнале со други течности/храна во лето на огромни температури.

bez razlika koga se rodeni bebushite, mojot stav e ist. vednash shtom kje se pochne so cvrsta dohrana da se zapochne so davanje na voda. ovoj zakluchok mi e donesen vrz baza na nutricionistichko gledanje na rabotite a toa e deka sekoja hrana koja e termichki obrabotena spagja vo kisela sredina. za da se odrzi balans vo teloto mora da se vnesuva hrana koja spagja vo bazna sredina. toa znachi se ona shto doagja vo surova sostojba, a na vrvot e vodata. koj go interesira povekje neka gugla za kisela i bazna sredina, se ima ubavo objasneto.

neka bide i bebe staro 4mes., vodata vo mala kolichina nitu kje mu go poremeti, nitu kje mu go odlozi doenjeto. mleko si e mleko, cice si e cice (mislam na voda vo razumni kolichini). naprotiv, kje go napravi ona shto pishav pogore.

ako treba da biram, togash prva techna hrana bi bila vodata. sokovi doagjaat vo predvid samo cedeni i toa od provereno poteklo barem vo prvite meseci na zapochnuvanje na dohrana. ako se nema izbor - voda!

moite deca se zimsko i letno. pochav so voda na 5 mes. odma shtom pochnavme so dohrana. vo odnos na dehidracija, ako vnesuva bilo kakva hrana, cvrsta ili techna, togash nema opasnost od toa.
Последна промена: 19 Мар 2012 13:11 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 13:54 #189706

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Ве читам и си викам да не сум можеби погрешно сфатена :) Откако ќе се почне со дохрана, без разлика дали мајката ќе одлучи на 4, 5 или 6 месеци, сметам дека треба и со вода да се почне. Да, обично на почетокот бебињата не ја пијат многу, но како поминува време се распијуваат. Мојот став е дека нема потреба од сам старт, значи од прв месец да се почнува и со вода, а како причина да се наведува жед. Па таман работа на 5 или 6 месеци малце вода да му надуе желудник, апсолутно ова не важи за толкави бебиња.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 19 Мар 2012 19:17 #189772

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Da i jas mislam deka Vase i uste nekoj ne mi ja razbrale dilemata,ili jas pogresno sum go postavila prasanjeto :)
znaci se razbira deka stom pocne da jade cvrsta hrana,treba da pocne so voda.
Muabetot mi bese dali od x pricini dodeka bebushot e samo na doenje,da se pocne so malku vodicka (na pr.na 4 meseci) da se prodolzi so ekskluzivno doenje da receme do 6.meseci, pa da se pocne so voveduvanje hrana posle toa (na pr.so polni 6.).

:)
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 22 Јул 2012 18:42 #207998

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1244
  • Thank you received: 867
  • Карма: 5
Ни моево не пие вода како и повеќето што читам овде, па дури ни во горештиниве :angry:
Само од чаша ако и давам ...голема се мисли нешто :) и тоа мора со 20343 салфетки под брада кога надигнувам пошто лом се прави ама колку-толку голтнува по нешто...уз пат и 2-3 пати се подзадавува... :ImOK:
Е затоа чајче од Хипп тамани ко луда ...200-300 мл. на ден...и го правам со ладна водичка и добро и доаѓа на топлово.
Па незнам какви природни чајчиња можам да и давам на нејзина возраст...да си купам од некој дедичко од пазар гледам стално некои врзопчиња или да купам сепак да биде поприродно од Хипов. Кои билки смееме на 10 месеци и во која количина? Со што и дали да засладам малку....мед нема да пробаме до година....бел шеќер не сум дала никогаш...жолт??
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вода...сок...чај 22 Јул 2012 19:29 #208001

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Eve ja nasata situacija so vodickata :)
golemoto se naleva so voda,sto e e mnogu cudno za nejze! Inaku ne pie voopsto ni mleko,ni caj,ni sok-ic! Vo najtoplite denovi i nokje se budese za voda...
Maloto prv pat proba voda na 5 meseci,eden pekolen den na 40stepeni. Ja saka. Na ekskluzivno doenje sme. Mu davam voda so silikonska lazicka na chicco koja se vika mamma bidejki e najslicna na dopir do majcinata grada. Shishe i cucla nit sum ponudila,nit imam namera naskoro. Caj isto ne mu davam,a sokovi nema skoro da mu ponudam-smetam deka nema potreba. Na sestra mu i gi nudev pa nikogas ne gi propi,no jade mnogu ovosje i zelencuk...
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.