Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Поинаков редослед при воведување цврста храна

Поинаков редослед при воведување цврста храна 29 Јул 2012 11:17 #208851

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Redosledot na voveduvanje hrana za doencinjata, za razlika od onoj star t.n klasicen stil kojsto e shiroko primenet kaj nas, vo dobar del od svetot e sosema poinakov.

Pred se vo SAD i vo del od Zapadna Evropa, bebinjata se zapoznavaat so tvrdata hrana po sledniov redosled:
- zitarki
- zelencuk
- ovosje
- riba/meso.

Bebinjata koi se na ekskluzivno doenje zapocnuvaat so ishrana okolu polni 6 pa i povekje meseci, a bebinjata koi se na vestacko mleko so polni 5.

Imeno najcesto prviot vkus kojsto mu se nudi na doenceto e zitarka (bezglutenska), kako na primer orizovi snegulki bez drugi dodatoci( 100% integralen oriz,bez vestacko mleko ili drugi aditivi), oves ili proso.

Ponatamu se prodolzuva so zelencuk - tikvicka, morkov, brokula, pashkanat, kompir...

A na kraj se voveduva ovosje - tikva, avokado, banana, sliva, creshi, praska...

Se smeta deka vakvoto voveduvanje hrana doenceto kje go prifati mnogu pobrzo i polesno, bidejki se pocnuva so hrana so poneutralen vkus.

SOKOVI voopsto ne se nudat na pocetokot, od tecnosti se pie voda. Duri koga kje se vospostavat zdravi naviki za tipot na obroci moze da se ponudi svezo ceden sok kako uzina.

Na pocetokot zitarkite se nudat so pogolem procent voda pri prigotvuvanjeto a podocna soodnosot se menuva so pogolem procent na zitarka.
Mesanjeto na produktite e pozelno uste na pocetokot po zelba, na pr. Oriz so tikvicka, proso so morkov i sl.
Alergenite (kivi, sumski plodovi) ne treba mnogu da se odlozuvaat nitu da se zaobikoluvaat.
Pozelno e da ne se dodava vestacko ili majcino izmolzeno mleko vo kasite,so cel polesno naviknuvanje na novi vkusovi.

Jas sum poddrzuvac na ovoj stil na voveduvanje ishrana i tukusto pocnav da go primenuvam kaj sin mi. Pocnavme so orizovi snegulki, prodolzivme so tikvicka, a naredno planiram da mu dadam proso, oves, morkov, pcenka, brokula i razni kombinacii od ovie zelencuci i zitarki.
So kjerka mi pred 2 god. pocnav old school so sok od jabolko/morkov,pa kasicki od jab. I morkov,pa orizova voda. Pa kje vidime koj stil e podobar :)
Сончулката 2009
Шармерот 2012
Последна промена: 29 Јул 2012 12:11 by Big Sister. Причина: наслов
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 29 Јул 2012 13:01 #208859

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Синоличка само напред :srekno: !
Јас исто не се согласувам со почеток со сокови. Мојов ги пропи дури минатата есен на околу 20 месеци. Претходно сакаше само вода. Дирекно почнав оривче со овошје или пак со тиквичка. Не нудев лажичка по лажичка, туку ако нешто му се допаднеше добиваше колку што сака. Исто и за шумски плодови не се мислев многу. Мислам дека на 7-8 месеци прво пробавме капини, па кашичка со јагоди и малини.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 29 Јул 2012 14:32 #208863

  • J.Sinolicka
  • J.Sinolicka's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 71
  • Thank you received: 36
  • Карма: 1
I jas neshto slicno, sokcinja ne piese i seuste nesaka da pie samo voda i cajce ponekogas, pocnav so oriz i orizovi snegulki, morkov, jabolko, oves i ovesni snegulki, tikva i gi kombinirav tie produkti.
Pavel imase pojava na crveni bubulicki po obrazite, atopicen dermatit koj mu se pojavi i pred da projade bilo shto, na majcino mleko bese, pa potoa samo od sebe se izgubi, no poradi toa visoko alergenite produkti mu gi odlagam. Shumsko ovoshje ne probal, nitu jagoda, seuste pie veshtacko mleko, no kravjo mu davam vo obrocite popara, puding i sl.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 29 Јул 2012 18:15 #208872

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
Со двете постари деца по стара школа, со најмалиот вака ко што пиша Синоличка.
Само со него немав и немам проблеми за јадење.

Водата му е најомилена посластица! Сок не пиеше до скоро, инсистирав на цело овошје, а сега само ретко некогаш кога ќе му текне.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
Последна промена: 29 Јул 2012 18:17 by MamaMaja.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 29 Јул 2012 19:24 #208874

  • delfince
  • delfince's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 980
  • Thank you received: 220
  • Карма: 6
zdravje boze za vtoroto uste odamna rekov deka ke pocneme prvo so zelencuk pa potoa ovosje.so sinko zgresiv sto prvo mu dadov sokcinja, ovosje pa zelencuk zatoa sto potoa zelencukot ne sakase da go vidi.
naseto zrnce




The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 30 Јул 2012 11:09 #208974

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
jas ne go podrzuvam noviot kalendar od prichina shto ovosjeto i zelenchukot polesno se varat vo zeludnikot. bebe koe 4-5 meseci neznae za nishto drugo osven majchino mleko, pa naednash da mu dades oriz ili proso...hm, ne sum sigurna. vkusot e poneutralen, toa e tochno ama nedovolen argument zoshto da se smeni rasporedot.

i so dvete pochavme so ovoshje, zelenchuk, zitarki, meso....ne sme imale problem so vkusovite. a treba da se zeme i predvid i podnebjeto vo koe se zivee poradi genetski predispozii i sl.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Nebo, sole, ivi

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 30 Јул 2012 15:03 #209000

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Ние на некој начин наизменично воведувавме овошје, зеленчук, житарки, на пример-јаболка, круша, морков, тиквица, ориз, пченка и не секој нов посебно, туку мешав со веќе воведеното. Околу количината, започнавме со малку, ама баш првите пробувања, па некако брзо почна се повеќе. На почетокот на 4 дена нов вкус, потоа на 2.

Е сега, во врска со тоа дека ако се почне со неутрален вкус (житарка, зеленчук), а не сладуњав-не мора да значи дека ќе продолжи тоа да го сака... Пример е син ми, почнавме со сладуњави, ама откако се запозна со зеленчукови повеќе ги сакаше (искрено, не сум видела големи маки со дохранава, ама со повеќе игри и тупење ги јадеше сладуњавиве).

Ете можеби во поголем процент полесно ја прифаќаат новата храна на тој начин, ама и јас знам дека житаркиве се потешки за варење (некаде низ форум Балтазар1 имаше фино објаснето...) баш затоа не сум сигурна. И за алергените-не сум за тоа ептен да се одложуваат, посебно ако нема потенцијал, ама не па ни да се брза.
Последна промена: 30 Јул 2012 15:12 by Nebo.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 30 Јул 2012 15:39 #209006

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Може да се прочитаат стотици теории за почеток на исхрана и за секоја има логично објаснување зошто е добра, а зошто не. Сум читала за американците дека почнуваат дури и со месо, зошто доените бебиња се послабокрвни, па најмногу им треба железо или даваат житарки збогатени со железо.
Јас од се си земав по нешто што ми се допаѓа. Тоа со соковите и тоа не природно цедени, туку од Хипп, ми е најлоша варијанта. Не само за вкусови туку и од нутриционистичка гледна точка.
Значи јас мешав и вкусови и не гледав 2-3 дена еден, па 2-3 дена друг, па пак сам си покажа што сака, а што не. Банана прво проба, а последно ја пројаде, а на пример од тиквичка и ориз беше воодушевен од прв пат. Најтешко ни одеше со месото доедека не додавав сол. Откако почнав со солта, чорбичките со месо му се најомилени.
Среќа немаме и никаков проблем со алергии. Да покажеше осетливост тогаш ќе променевме нешто.
Последна промена: 30 Јул 2012 15:40 by Zoja.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 30 Јул 2012 16:14 #209014

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Zoja напиша:
Значи јас мешав и вкусови и не гледав 2-3 дена еден, па 2-3 дена друг, па пак сам си покажа што сака, а што не.

Па да, баш и тоа ми беше муабетот дека сами си покажуваат. Реков прво на 4 дена, па на 2 воведував зашто бев советувана по 5-6 да чекам, а немаше зашто. Има куп теории, сепак како разумни суштества одлучуваме, донесуваме заклучоци, си ги знаеме своите деца, правиме отстапки, ама не прифаќам никако отстапки од типот-на 6 месеци почнав да му давам од нашата манџа (класична, знате каква), само така си јаде! И да, од неколку мајки слушнав и прочитав и тука дека педијатар советува да се започне со Хип сокче, лелеее!!!

Сепак, конкретно за овој начин на почеток-прво житарки убаво би проучила зашто лично најмногу се плашам на мало бебе да му оптоварам стомак, цревца... Значи нагласувам дека не сум сигурна, ако некој даде аргументи дека нема штета со овој почеток-супер, можеби за второ и јас би применила.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Zoja

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 30 Јул 2012 16:56 #209023

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1244
  • Thank you received: 867
  • Карма: 5
И јас почнав со стариот начин на дохрана на кажам...што знам зашто...едно што доктората ете така ми се погоди (советува со овошни сокчиња прво) друго што и мене ми беше логично после 6 месеци млеко да почнам со нешто лесно како варено јаболче или нејзин сок отколку со ориз и сл.
Во врска со исхранава лично сметам дека како ќе се погоди детето така е.....значи кај нас има намирници што не ги сака и готово...ни сега а ни кога почнавме пред 5 месеци...нејќе и готово (карфиол и боранија нејќе оддалеку да види :) ...ама затоа со ништо друго немам проблем и се сметам за гооолем среќник :) јаде и овошје и зеленчук и житарици и месо подеднакво со иста сласт.
Сега пробавме и зајачко никаков проблем не направи....а имам примери од другарки што имаат почнато со оризови снегулки,па зеленчук и им се 100 пати побребирливи од моево.
Искрено и за второ би почнала исто,некако ми се гледа оптоварување на желудникот со жита од одма...мое мислење.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 30 Јул 2012 17:17 #209028

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Многу е контрадикторно ова со житаркиве, некои детски нутриционисти воопшто не препорачуваат житарки до навршена една година. Исто околу начинот на подготвувањето на житарките постојат неколку спротивставени мислења. Мене ми е малку чудно давањето на оризовите снегулки без АД млеко, како само со вода? Па така навистина немаат никаков вкус.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 03 Авг 2012 10:20 #209404

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
edinstveno nesto sto bi promenila za razlika od prvoto bi go preskoknala sokot, bi mu nudela ovosje namesto najprvo sok, bidejki sega nesaka d vidi nisto od ovosje osven banana i praska, ama zatoa sok pie. A ova prvo zitarki ne bi davala, a i neznam koe bebe od 4-5 meseci ke gi jade kolku i da neutralni, nemaat vkus na nisto a i teski se.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 03 Авг 2012 11:19 #209410

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Okolu vlusot,bebe koe nikogas nema vkuseno nisto osven majcino mlekce,logicno poim nema sto e toa blago ili kiselo/soleno,pa taka ona sto nam ni se cini blutkavo,na bebeto moze da mu bide vkusno. Zatoa,ne gledam nikakva pricina za zasladuvanje na orizot,ili pak posoluvanje na palentata,na pr. Nasiot vkus ne treba da vlijae na bebeshkiot. Kjerka mi ima skoro 3 pa se uste jade palenta,tarana,makaroni sosema neposoleni, i gi obozava. Isto povekjeto mandzi koi gi pravam za nejze,za mene se blutkavi,a za nejze-prevkusni.

Okolu periodot na pocetok so dohrana,uste ednas da potenciram deka toa e so polni 6 (shest) meseci. Toa e period koga bebeshkoto zeludnice e spremno da svari bezglutenska zitarka,pa ottuka ne gledam problem so optovaruvanje.
A i se e individualno-na pr.sin mi dobro gi prifati orizot i tikvickata,a problem so zeludniceto mu napravi morkovot koj za cudo premnogu mu go zabrza varenjeto.

I sekako sekoj nov/stR stil ima za i protiv. Na pr sega vo SAD dosta e rasprostraneto voveduvanje cvrsta hrana za doenite bebinja po navrseni 9.meseci,so sto voopsto ne se soglasuvam.

Jas ne sledam slepo niedna shema za dohrana. Pravam kombinacija od noviot stil i od moeto svezo iskustvo od pred 2god. so prvoto dete.

Vo oratki crti, sokovi voopsto ne nudam,zitarkite gi nudam so pogolem procent voda na pocetokot, mesham zelencuk so dr zelencuk ili zitarka,ovosjeto kje poceka,no nema da cekam 12 mes.za aronija nitu za limon. No zatoa kje go odlozam voveduvanjeto jajce,a kje podranam so ribata. Ne cekam opredelen br denovi za nov produkt tuku ja sledam reakcijata. Ne nudam hrana sabajle tuku pred popladnevnoto spienje. I najvazno otkako kje jade dokolku saka da cica,si cica kolku mu dusha saka :)
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 03 Авг 2012 11:32 #209415

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Синоличка 100% се согласувам со се што напиша погоре. До секоја буква истото го мислам и јас :hi5:

Те молам само внимавај со тоа да цица после секој оброк колку сака. Јас мислам дека тука ја направив најголемата грешка. Не можеше да дочека да го изеде оброкот за да цица и после може се сеќаваш какви проблеми имавме со јадењето и одбивањето, а и со тежината (13,5 кг на 1 година). Знам дека и јас да имам второ дете пак ќе немам срце да не му давам да цица кога и колку ќе посака, ама пак би била повнимателна ако заменуваме оброк да биде навистина заменет.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 03 Авг 2012 19:21 #209434

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Во врска со соковите и јас се сложувам дека подобро е детето да јаде цело овошје пред се заради целулозните влакна. Но има еден момент кој е многу незгоден со децата кои не пијат сокови, а тоа е кога ќе се разболат. Тогаш обично престануваат да јадат и многу е битно да внесуваат течности, но не е најпрепорачливо да внесуваат млеко. Е тоа ме предупредија педијатрите кога им кажав дека ќерка ми воопшто не сака сокови, и навистина при вирози многу се нервирав зашто освен вода, млеко и чај не беше навикната на ништо друго. И чајот не успевав да и го дадам кога е болничка па се радував кога пие барем млеко и педијатрите ме подржуваа зашто некаква течност мораше да внесе. Затоа инсистирав иако не ги сака соковите да и давам повремено барем по половина шишенце Хип, па сега веќе пие по едно дневно што мислам дека е сосема доволно покрај останатото свежо овошје.

Инаку во врска со воведувањето на исхраната, за мене гуру беше др.Смоковска која кога ја прашав за алтернативното воведување на зеленчук и житарки пред овошјето, ми објасни дека таа шема сега се форсира на запад бидејќи минералите и другите состојќи во зеленчукот и житарките ги држат децата подолго време сити и таму ги форсираат за да не им бидат децата плачливи на кратки временски интервали. Овошјето како најлесно сварливо е најсоодветно за прва цврста храна и многу е битно посебно за бебиња кои се на АД млеко за регулирање на столицата која кај нив знае да биде и еднаш во неколку дена.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika, Mama Sani, MAJA_DS

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 04 Авг 2012 04:09 #209446

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Со првото дете почнав со овошје, стандардна шема, јаболко, банана, круша... До две години немаше пробано никаков сок од причина што уста не сакаше да отвори кога беше во прашање сок. Мене ми беше многу криво, особено во зимскиот период или пак, кога беше настината, бидејќи ми ги одбиваше и домашните природни цедени сокови. Дури на 3,5 години при една вироза успеав да ја натерам да го испие сокот од цеден портокал. Сега пие само 100% бистар сок од јаболко и тоа само кога сме на некој роденден, а дома пие, одвреме навреме, цеден сок од портокал засладен со една лажичка мед.
Помалата на полни 5 месеци доби невиден запек иако беше на исклучиво доење, а бидејќи беше лето почнав да и додавам помалку и водичка. Ги слушав педијатрите кои велеа 3-4 дена кај доено бебе не е опстипација. Потоа помина уште една цела недела и Д-р Јани и тогашната форумска докторка педијатар ми викаа да не паничам и да почекам уште малку, не е ништо страшно и ништо да не и давам. Абе луѓе која глупост што ги слушав. Поминаа 10 дена бебево никако да се искака, а цица на секои 4-5 часа, почна да станува нервозна и плачлива, додека со килажата добро си напредуваше. Во меѓувреме си наполни 5,5 месеци и јас купив сок од јаболко на Хип и и го дадов. Детево не можеше да се изнапие, цело сокче го испи за 5 минути. Утредента и дадов и сок од круша. И тоа го испи на искап. Попладнето после точно 12 дена душичката се искака два пати. Во какушката имаше бели парченца како засирено млеко. Им се јавив на докториве им опишав и ми рекоа дека тоа е запек. Им требаше 10-12 дена да констатираат дека е запек. Продолжив со соковите уште две недели. Пиеше по едно сокче на ден. Продолживме со доењето, напредуваше во килажа и столицата се среди. Потоа почнав со воведување на дохрана, на точно 6 месеци почнавме со јаболко, круша, банана, слива, потоа дадов и морков, па мелен интегрален ориз, безмлечна кашичка од пченка на Милупа, тиквица, компир на веќе 7 месеци. Со неа ми беше многу полесно со домашните цедени сокови, иако не ги пие секој ден, сепак 2-3 пати неделно пие сок по половина чаша, околу 100мл. И давав сок од калинка, дома и ги цедев зрнцата од калинката бидејќи имаат семчиња, а беше многу мала така да ја јаде. На 9 10 месеци и исцедив мандарина, потоа и портокал, си ги пиеше сокчињата, не многу количински, но доволно за студениот период. Сокот од аронија поголемата не сака ни да го види, а на помалата и давам со пластично лажиче по десетина голтки.
Сметам дека треба да се избегнуваат индустриските сокови кои содржат рафиниран шеќер и никако да не се дава сокот пред спиење поради можноста од создавање кариес. Инаку не гледам зошто да ги лишувате децата од природни цедени сокови, бидејќи и тие треба да бидат дел од разновидната исхрана. Внесувањето на течност во организмот е многу важно за правилен раст и развој на детето.
Новиот календар и не е толку нов, постои како алтернатива веќе неколку години, не сум ниту за ниту против, некако сум резервирана. Сепак секоја мајка треба согласно мајчинскиот инстинкт да си одлучи што е најдоброто за нејзиното дете.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nataly, Hermiona, vistina

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 04 Авг 2012 14:07 #209483

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Јас мислам дека од соковите не треба целосно да се лиши детето, ама не сум за тие да се првата храна и за се нудат по 2-3 шишенца на ден.
Јас на синчето пробував да му дадам зошто беше пекол летото кога почнавме со цврста храна, ама не ги сакаше. Вода и чајче со сласт си пиеше. Минатото лето му варев компот од црни сливи, па во него ќе изблендирав некое свежо овошје, на пример круша и ќе го засладев со мед и така проаѓаше. Е зимава ги пропи и тоа како и не поминуваме ден без свежо цеден сок од секакви овошја. Ако види во тетрапак, во состојба е и цел литар да испие од еднаш. Но, јас ги избегнувам или гледам да се дирекно цедени, а не од концентрат (има сега во DM од Алнатура и од Нектар од јаболко).
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Nataly, Mama Sani

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 06 Авг 2012 07:11 #209595

  • Hermiona
  • Hermiona's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 739
  • Thank you received: 312
  • Карма: 3
Се сложувам со Мама Сани, иако јас на малово не му давам да пие сокови, пробал свежо ценде сок од портокал и тоа летово, ама пие многу вода и јаде многу овошје. Зимава и те како планирам дома да му цедам- мешано овошје и зеленчук. Дали ќе пие не знам :)

Инаку, за "новиот" распоред- Др. Спок- многу познат американски педијатар кој има напишано десетици книги издадено во милионски примероци, препорачува почеток на исхрана со житарици уште во 70ите. Имам две книги од него дома и баш читав за ова лани. Он дури не препорачува внес на млечни производи до 2 години- има медицинска причина зашто, не е алергија ама не се сеќавам точно, и предлага исхрана богата со калциум од други извори- житарици, зеленчук, семки и слично.

Јас лично не се сложувам со овој редослед и почнав со малово како Мама Сани. Ради егземата, високи алергени (оние кои јас ги сметам за алергени, не се по книга) избегнувам сеуште, јајце и ништо млечно уште нема пробано, ама со второ кое се надевам дека би ги немало овие проблеми, ќе чекам до 1 год за млечно и јајце па после ќе воведам.

Инаку многу доцен почеток на исхрана предизвикува анемија кај децата, и за тоа не сум присталица. Полни 5-5,5 месеци, за старт, многу полека, за мене се ОК. Под спор старт подразбирам 2-3 лажички дневно, по 1 вкус на 4-5 дена.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Mama Sani

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 06 Авг 2012 07:51 #209598

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Sin mi koga napolni 1 god. i prv pat nastina, maka vidov sto ne sakase nikakov sok da pivne, a ovosje tie denovi u usta ne stavi. Tuka na forumov se pozaliv i odma bev napadnata deka sokovite gi rasipuvaat zabite i sl., nema potreba od niv, sto vazi neli za kupecki zasekereni sokovi sto vrska nemaat od zdrava hrana.

Sum definitivno ZA davanje sokovi, svezi doma cedeni, po malce uste od start, bar po nekoe lazice, a poveke forsiranje ovosje. Epten go razbiram slucajov na Mama Sani so zapekot i zasto si go znae deteto, mu go nasla i lekot, ama pak ke recam deka doktor da sovetuva prv nov vkus na bebe da bide Hipp sokce, pa neli i so voda da se rastvorelo-ne prifakam. Zosto ne sovetuva, ako e pristalica za pocetok so sok, doma majkata da napravi sok? Koga lezevme so Luka vo bolnica, imase edna sestra koja megudrugoto bese nutricionistka, rece deka se' probale (lezevme kaj prolivite) so godinive nanazad, da im gi sredat mesinjata na decata. Od sokcinja kupecki, Hipp go zema za primer, prolivot rece sekogas prodolzuval, a za razlika domasen varen sok od jabolko ili morkov ili oriz pomaga. Ne e isto. Od kupeckite bese dozvolen samo Hipp ORS 200-probale znaci svasta.

Pak za pocetok so zitarki sum rezervirana-beliot oriz znaeme zasto ne se preporacuva kako glavna hrana na bebe, neli se pravat sporedbi so sekerot. A pak integralniot za start e tezok, pak vcera citav mislenje so nutricionist koj vika ne integralno do 12 meseci. Mislam deka ne bi cekala do godina, ama ni od 6.

Dohrana od 9 meseci mi e too much. Pocnav so 5, 5 i mislam deka ne zgresiv.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Sani, Hermiona

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 06 Авг 2012 08:12 #209604

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Prvo neshto shto probaa beshe ceden sok od jabolko, i ovoshjeto go voveduvav svezo, nemaa nikakov problem, ne se slozuvam so ovaa tabela na voveduvanje na zitarki osobeno ne prefabrikuvani orizovi snegulki.. Tvrdam deka nema da ima takov benefit kako shto bi imal od site sostojki koi gi ima vo ovoshjeto. Za vkusovite , hm... individualno, jas i den denes ne stavam sol ili stavam malku nie site sme naviknti na taa blutkavost, i na silnite vkusovi na maslata, i sl.. Obozavaat cedeni sokovi dotolku shto vekje odbivaat ovoshje da go jadat tuku sakaatda go dobijat iscedeno ili kako sejk, zadolzitelno od 6 meseci navaka pijat cedeni raboti, ne sum fan na kupenite iako ne sum gi izbegnuvala ako shetame ili sl, sum kupuvala najchesto hipp.Do den denes jas nema shansi a kupam tetra sok, iako babive gledam forsiraat a normalno na decava shto im e zabraneto toa im e najslatno, iako nikogash ne odbivaat i ceden. VO cedenite koi se so intenziven vkus stavam i drugi namirnici za da gi butnam svezi na pr. Vo portokal obavezno stavam 2 morkova, sega im e aktuelen kapinite koi gi pravam so sliva krusha kapina i obavezno stavam malku brokula i 1 piperka ne se osekjaat bar znam deka imaat dovolno vit od sveza namirnica. Si stavam cisti kesinja vo kontenjerot pa nekoi raboti im gi stavam vo sosovi kako jabolkite i morkovot obaezno ona shto se frla go dodavam vo shpageti ili mnga nekoja..

Iskreno jas se odlozeno voveduvav od prosta prichina shto znam deka i na majchino mleko izdrzuva a samo na ovoshje i zelencuk i ponekoja zitarka moze ad izdrzi vozrasen covek cel zivot da zivee a ne bebe od 7-8 kg.. Do den denes ne jadam riba ama se davam vo svezi salati i ovoshje i nemam nikakov problem so namirnicite koi ne gi vnesuvam kako crveno meso i riba..
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Mama Sani

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 06 Авг 2012 17:14 #209662

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Синоличка wrote:

SOKOVI voopsto ne se nudat na pocetokot, od tecnosti se pie voda. Duri koga kje se vospostavat zdravi naviki za tipot na obroci moze da se ponudi svezo ceden sok kako uzina.

da se citiram :) znaci, NE za sokovite koga stanuva zbor za voveduvanje tvrda hrana, a ne nivno celosno izzemanje. znaci poentata e prviot vkus da ne e vo oblik na sok,tuku razredena kashicka, a ponatamu otkako kje se vostanovat obroci moze da se ponudat i sokovi (svezo cedeni).

Iako i nudev na razlicni nacini,kjerka mi nikogas ne propi sok-nikakov-a bogami od tecnoati pie samo i edinstveno voda,i ja obozava. Ne deka ne i bilo ponudeno,ednostavno ne saka i gotovo. I ne smetam deka nesto propusta,so ogled na dnevniot vnes na svezo ovosje i zelencuk, sekoj den bez isklicok.

Malovo jade vekje povekje od 10dena no se uste sme samo na 3 namirnici-oriz,tikvicka i morkov. Ne sum mu dala nisto novo zasto otkako pocnavme da probuvame kasicki imame mal problem so stolicata,t.e kaka po mnooogu pati vo denot,a nekogas i od son se budi za da se iskaka. Kazuvajte care!
Inaku voda mu nudam so lazicka,detevo aber nema kako se pie od shishe so cucla!
Inaku Zoja fala za sovetot,sosema si vo pravo,nie sme uste epten daleku od zamena na podoj so obrok,i so dusa ceka koga kje ja trgnam lazickata zasto znae deka kje sledi desert t.e cicanje :)
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 16 Авг 2012 13:47 #210808

  • Mimuska
  • Mimuska's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
  • Карма: 0
Мојата ќеркичка сега има 4,5 месеци, а има 8кг. Моментално сме на доење и бекутан чајче по 50ml дневно. Бабиве сакаат да почнам да и давам домашно направено сокче и компот, иако јас лично сум против. Ако веќе почнеме со тоа дај кажете ми совет дали смеам да ставам шеќер и дали може за неа да користам кафен шеќер.
Не знам од кога да почнам со дохранувањето дали од полни 5 или пак со полни 6 месеци, кажете совет.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 16 Авг 2012 14:08 #210810

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Mimuska seker i sol ne se preporacuva do 1 godina, a i polse toa kolku pomalku tolku podobro.

Bebceto doprva ke se uci na vkusovi i procesot e spor zatoa treba da se bide uporen. Nemoj da mislis deka ako ne stavas sol i seker bebeto ke znae deka toa sto mu go davas treba da ima poinakov vkus :) , neli kako sto na nas vozrasnite ni e razvieno toa cuvstvo. Ako za tebe edna kasa e bljutkava,poradi nedostatok na sol bebeto toa ne go percepira taka, bidejki osven mlekce ne poznava drug vkus.

Nie bevme na doenje i pocnavme so proba na vkusovi okolu 5 ti mesec. Jas se trudev se da bide svezo, zgotveno doma i nezacineto.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ana78, Mimuska

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 23 Авг 2012 16:11 #211200

  • Mami-Anje
  • Mami-Anje's Avatar
  • Offline
  • senior
  • majka na dve prekrasni decinja
  • Теми: 1411
  • Thank you received: 1701
  • Карма: 3
Ај да си се пофалам синко почна да јаде немлечна храна :nanana: пред некој ден имаше неколку дена по ред проливче и му дадов дармфлора ама некако немаше ефект се консултирав со др и решив да му дадам кашичка од морковче за почеток,столицата веднаш ни се поправи а Анреј два дена јадеше само морковче и денес му дадов морковче со јаболко тоа ќе добие и утре па здравје задутре некој нов вкус,вчера ја изеде цела тегличка од 125гр.не наеднаш се разбира поделена на три пати во текот на целиот ден,денеска малку повеке изеде на секој оброк по пола кашичка јадеше значи една и пол тегличка, да му давам уште тој ќе јаде и повеќе ама мене ми е страв и волку што му давам да не му е многу,а млекце си пие исто колку што си пиеше предходно :mama:


"Da porasnu mala deca potrebna je hrana a najvise LJUBAV svakog bozji dana,ZATO deca mazite i ljubite sto vise da vam rastu kao trava...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Roze

Ре: Поинаков редослед при воведување цврста храна 11 Окт 2014 19:40 #252733

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Кај нас ситуацијата станува алармантна! Мислев да чекам како со првото да почнам со полни 6 со дохрана, но малово еве го со 5 месеци и една недела почна да се интересира за храна и да плаче ако некој нешто јаде. Ако го види големиов да пие сокче или да јаде банана, почнува пени во устата да прави и рацете си ги јаде. Се мислам дали да почнеме деновиве и со што да почнеме. НЕкако и нервозна е и ноќе почна почесто да станува. За разлика од неа брат и до скоро 2 годнини немаше никаков интерес за храна.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2