Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!!

Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 10 Јан 2010 02:32 #12352

  • mileva.atanasova
  • mileva.atanasova's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Милева Атанасова (Ефремовска)
  • Теми: 1
  • Карма: 0
Здраво,

Во претходниот форум имаше ваква слична тема, ама овде нема и мислам дека нема ни ваков случај како мојот.

Имено, имам ќерка 10 месечна, и верувале или не, исхраната и е 99.5% мајчиното млеко.
Значи ситуацијата е следна:
-Почнавме уште од 5-ти месец со обиди за дополнителна храна.
-Почнавме прво со овошни каши (нели благите се попријатни за јадење) ама верувајте од 1-2 лажичиња не сакаше повеќе.
-Пробавме со готвени кашички, од не знам што веќе, банана, јабола, круша, палента, зеленчукови...секогаш безуспешно.
Проблемот е кога пробам да и дадам да јаде, ја затвара устата, мрда со главата одбивно и мавта со рацете. Пробувавме на најразлични начини, со лажење со игри, сама...и слично, ама безуспешно.

Истото се случува и за сок. До сега (10 месеци) има испиено се на се да се собере 1 сокче од 100 мл.

Вода понекогаш знае да "пие", ама не знае да влече од цуцла затоа што спрема неа имаше одбивност уште од мала.

Некое време јадеше смоки (знам дека не е во ред, ама кога не сака ништо се е подобро од тоа), сега ни тоа не сака.

Јадеше по малку банана, сега ни тоа не сака.

И растеа забчиња скоро, си велевме ќе и израснат, ќе помине. И израснаа (не знам можеби и други идат на пат), ама комплетно има одбивност спрема било каков вид на друга храна.

А кога и се јаде си легнува на цице, си јаде и задоволна (колку може да биде) затоа што претпоставувам дека тоа и е малку.

По цела ноќ станува за цицање, на секои 1 или 1 и пол час и слично.
Пробав да и потурам шише со адаптирано млеко за време на спиење, и веднаш се разбуди.

Веќе не знам што да пробам, што да правам, и правевме крвна слика и хемоглобинот беше на долна граница ама сепак во тој ранг.

Дали некој имал ваков проблем, дали е тоа само переиод, затоа што веќе се загрижив зависна е комплетно од мене, не можам да ја оставам и да мрднам никаде, затоа што ништо не јаде друго освен мајчино млеко.

Поздрав и однапред благодарам на некој совет.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 10 Јан 2010 02:49 #12361

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
Па јас мислам дека треба и малку да ја оставиш со некој, па можеби кога ќе те нема тебе, ќе почне да јаде и друга храна. Вака најслатко и е мајчиното млеко и знае дека може во секое време да го добие, па не ја интересира друга храна. Сепак веќе е доста голема да биде само на млеко. Затоа мој совет или оставај ја по 3-4 саати друг да ја чува или ако немаш таква опција, тогаш мораш да го смениш режимот на доење, да речеме само 3-4 пати на ден
The administrator has disabled public write access.

Одг: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 10 Јан 2010 04:57 #12473

  • Inicka_08
  • Inicka_08's Avatar
  • Offline
  • new born
  • srekna mamicka
  • Теми: 127
  • Thank you received: 2
  • Карма: 6
I jas mislam deka edinstveno resenie e toa, da ja ostavas nekoe vreme so drug, pa neka ogladni dobro, i koga ke te nema tebe bi trebalo da proba da jade nesto drugo. Bidu uporna nekolku dena taka.
Ne deka i moevo e sjajno za jadenje, ama barem probuva po nesto :) .
The administrator has disabled public write access.

Одг: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 10 Јан 2010 05:11 #12490

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
  • Карма: 111
Nie imavme period na svoj 9,5-10 meseci koga ne sakase nisto da jade osven cicanje.
Togas i rastea zabcinja ama se redea nekako edno po drugo i dodeka ne izlegoa prvite 4-5 go imavme ovoj problem.Nisto ama bas nisto ne sakase da jade.
Proaga veruvaj samo e period...barem kaj nas bese taka.Posle se si dodje na svoe :)
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: zaza

Одг: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 10 Јан 2010 05:15 #12493

  • misticia
  • misticia's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Симона и Мартина :)
  • Теми: 107
  • Thank you received: 3
  • Карма: 27
а што ти рече педијатрот, можда е добро да прашаш повеќе доктори за мислење

а симона не ја доев на адаптирано беше, ама кога почна да јаде не ги сакаше бебешките работи поготово не купечките кашички - на наше чудење сакаше грав, сарма, цеден сок од цвекло, тоа го рендав и го гмечев свежо цвекло и сокот го сакаше, такви работи, еве и сега сака расолница да се напие, од бебешки работи единствено палента сакаше, покасно житарки со јогурт и ретко гриз или сутлијач - понуди и нешто што мислиш дека нема да го сака зошто ниедно дете не го сака
внука му од мм голема е сега ама ми имаат кажувано дека кога била мала сакала кисели вкусови

на мојава омилено бебешко јадење и беше пасирано банана со варена жолчка од јајце, ама и тоа брзо го откажа сега незнам дали е твоето мало за јајце

изгледа и се видело благо твоето млеко, биди упорна нуди и нови нешта - се надевам дека ќе се среди


совет за крвта, ако не можеш да ја седнеш и да ја нахраниш пробај на секои 10 мин со лажиче давај и по едно лажиче сок или оризова вода(ова го стврднува изметот ама е здраво) или било што течно супа на пример, ќе и дојде како инфузија малку ќе ја потхрани може ќе и отвори апетит
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: zaza

Одг: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 10 Јан 2010 05:38 #12511

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Јас само ќе ти кажам дека ниту еден совет нема да ти помогне онолку колку што можеби можеш за себе, самата ти. Верувај сум го поминала скоро па истово, со тоа што нас дохраната ни тргна ајде да речам ок, ама како растеше, наместо да има поголеми захтеви за храна, кај неа се намалуваа. Овошјето и го прогурувавме некако, ама зеленчук, па нејќеше за жива глава. Од табиет таков од мала, мислам можеше цел ден да седи без јадење. Јас искрено бев на црвена линија, за малку ми избега лудница. Секоа наредно хранење, односно обид за истото, мене ми стануваше ноќна мора. Колку и да ми звучеа тогаш само утешителни советите, од типот не се секирај ќе пројаде, верувај дека дојде и тој ден. Кај нас таа фаза беше со најголем интензитет така негде од околу 10 месец, па до година и некој месец. Нема да ја заборавам минатата Нова година, односно точно денот во новата, кога цел ден нејќеше ама баш ништо, за на крај пред легнување со еден тон мои и нејзини солзи, да изеде еден овошен јогурт. Ама баш цел ден ништо друго..
И на крај знаеш што испадна, тоа што многумина тогаш ми го кажуваа, а јас само негирав, дека дефинитивно биле забите во прашање. Она до годинката имаше само две забчиња, и тек негде на 13 месеци почнаа да никнуваат па ми се чини секој трет ден нови заби. Кога изникнаа, детето се смени. Знам на каква мака си и тогаш си викав, а бе све друго нека прави, ама само да јаде, толку зорт видов..мој совет ако си поприсебна од мене :laugh: зачувај нерви за понатака, ќе си пројаде детето..
Уште ова, кај нас па стално педијатарката ми викаше, како мајка не јаде детето, супер му е крвта...пу пу па со крвта не сме имале проблем, секогаш била супер..
Последна промена: 10 Јан 2010 05:39 by bubamara.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: J.Sinolicka, zaza

Одг: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 10 Јан 2010 22:50 #12759

  • misticia
  • misticia's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Симона и Мартина :)
  • Теми: 107
  • Thank you received: 3
  • Карма: 27
Ви право е буба мара децава имаат фази во растењето, некогаш ќе ги фати некој период не можеш на крај да излезиш, најбитно е да си присебна и да не паничиш се ќе си дојде на место
The administrator has disabled public write access.

Одг: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 10 Јан 2010 22:59 #12769

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
stom dobro napreduva vesela e, uzivaj, ke jade ona koga ke saka so sila nisto nemozes, nervozno e znam, ama zivci samo :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 16 Сеп 2010 15:25 #52402

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
  • Карма: 16
Gi citam postovite i kako da go pisuvate slucajot i so moj Andrej. Veke mesec i nesto borbi vodime okolu jadenjeto. Se nadevam deka e, kako sto rekovte nekoi, od zapcinjata koi momentalno gi vadi. Ako ne, neznam sto ke pravime. Sekoe jadenje site doma izigravame majmuni, peeme pesnicki za da moze Andrej da izede nekolku lazicki kasicka. Inaku mleko i i kasicki so zitarici si jade, ama ne moze samo toa da mu davam.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 17 Сеп 2010 15:01 #52754

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
  • Карма: 9
И нас ни е смрт секое јадење, или поточно најтешко ни е ноќната кашичка што му ја подготвувам а тоа се обично житарици со адаптирано млеко, не да изиграваме мајмуни, него незнам што све не има околу нас додека јаде - хаос, се плашам дека веќе така се научи со занимација да јаде, не памтам кога последен пат сме јаделе без лажење и анимирање. Овој период нешто долго трае :unsure:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 30 Јан 2011 16:12 #107479

  • Svetulka
  • Svetulka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 456
  • Thank you received: 127
  • Карма: 6
Epa eve izgleda i nas ne spopadna taa faza izgleda (daj boze da e faza). Do pred edna nedela se si jadese super. Ubavi porcii i nemase nesto sto ne jade. Pa pocna poleka poleka da mi go bojkotira ovosjeto, ni so biskviti ni nikako ne go sakase. Pa posle pocna zelencukot...koga ima meso jade skoro se, ama ako e samo zelencuk...eve vcera edvaj so molenje pola porcija, od koja pola posle ja povrati. Zitarkite za vecera isto...so molenje edvaj pola. A cica bez problem koga ke mu ponudam duri podripnuva od sreka i bas si se nacicuva ubavo, ama i toa ne bara, ako mu ponudam ok ako ne nikomu nisto. I obavezno na grada saka da zaspie, a zaspivase co cucla bez problem...sega jok. denes na primer sabajle vo 5 cicase i vo 10 go ponudiv so ovosje...2 lazicki so mrstenje i nejke i nejke. I ja vikam daj boze da se zabite. Gornite nepca epten se poteceni. Pred dva meseci ni izlego dolnite dve ama od togas nisto, pa nisto cudno i da mu ispoizleguvaat sega ekolku odednas. Neznam...ke vidime kako ke odi natamu, sega si e fala Bogu dobar i so kg i vesel si e, si igra celo vreme, krvta mu e super...malce me plasi sto bese nastinat denovive pa sakav poveke ovosje da jade, ama toa e, koga ne biva ne biva, nemozam i jas na sila da go teram samo se nerviram i se frustriram posto pluka se i pravi lom so hranata cel e lom posle jadenje...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 07 Фев 2011 02:24 #109723

  • tona
  • tona's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 86
  • Thank you received: 42
  • Карма: 1
Ve citam i se smeam.Sum go pominala i jas sevo ova so postariot sin.Deteto bese koska i koza ,a jas cel den go pominuvav so cinijata vo raka.Kakvi ne finti mu pravev za da izede barem edna lazicka od rucekot.Toa traese do 5-6 god.,posla mu se otvori apetit abe bumbar stana.Sega ima 16 god. i 95 kg.,cel den go brkam od kujna ,kolku sum bila budala sto sum se nervirala sto ne jade.Kontrolirajte ja krvta na deteto ako ne e anemicno ne mu se sekirajte sto ne jade .Podobro toa otkolku da e debelo.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Svetulka

Ре: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 10 Фев 2011 02:36 #110997

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Nie eve cel mesec kako nisto ne jademe. Samo cicanje. Rezultat na toa gubime tezina...
Ste imale li vakvo iskustvo? Mene mi e ova horor, ne da dobiva po malku on gubi eve vekje 200 i kusur grama. Utre odime pak na lekar, pred dve nedeli ni rekoa deka e se vo red i deka ke se stabilizira. Ako progooglas za gubenje tezina kaj bebinja strasni raboti moze da se najdat... Skrseni sme :(
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 10 Фев 2011 04:53 #111041

  • srculence
  • srculence's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • la vita e bella!!!
  • Теми: 804
  • Thank you received: 206
  • Карма: 14
Mama_i_Martin aj te molam kazi mi sto moze da se sluci ako gubi na kilaza zatoa sto nesaka da jade i nie eve maki macime ama mislam deka najdov resenie ama ne sum bas sigurna...na siseto od avent ja izvadiv cuclata i staviv kaucukova cucla sose navrtot od chiko i eve ja poslednive dva pati piese mleko ubavo,pretposledniot pat koga i davav bese silikonska i se vrti neke ja zameniv odma cuclata i fati :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 10 Фев 2011 16:45 #111139

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Srculence, mislam deka ne ste vie do tamu, nemoj da se sekiras. Kolku sto te pratam malata tvoja napreduva. Na internet ke najdes se i sesto ako progooglas i se obiduvam da ne se vodam po toa, ama ne ide sekogas. Na pr. deka moze da ima problemi so razvojot ako ne dobiva na tezina ili gubi. Ova e mnogu realno zasto mozocinjata im se razvivaat i im treba hrana. Ova se sepak strasni scenarija. Nie denes bevme na lekar i deteto e dobro, ako e oslabeno. Zdrav, aktiven, se povekje zboruva i se dvizi. Ne lazi, direktno se isprava i zatoa ke odime na bebeska gimnastika, ama toa nema nisto so faktot deka ne jade. Objasnuvajki i na lekarkata za nasiot problem, kako resenie gleda samo da go odbijam od cicanje. On se zalazuva so toa mleko, a ocigledno ne mu e dovolno. Zasto koga go ostavam sam so tatko mu po nekolku saata jade. Koga sum jas doma ne. Utre letame za MKD i go spremam za odbivanje. Tamu ima povekje lugje da mu mine vremeto, se nadevam ke bide polesno.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 20 Окт 2011 03:08 #160257

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
mnogu dobri idei okolu serviranje na hranata, orizot vo forma na ovchichka e :OK:


link

link
Последна промена: 20 Окт 2011 03:09 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi

Ре: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 21 Ное 2012 09:04 #222320

  • J.Sinolicka
  • J.Sinolicka's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 71
  • Thank you received: 36
  • Карма: 1
Лелее и нас не фати овој период :(
Детево си јадеше се убаво, за мерак, што и да му дадам, насабајле голема каша овошје, плус покасно лепче со некој намаз или кифла, за ручек зеленчук со месо, навечер житарици.. мил на мајка како бумбар ми беше, за 2 мин ќе си ја слапа порцијата сите ни завидуваа.

еве го од пред две недели почна да наоѓа мани зеленчукот престана да го јаде, кашички нејќеше воопшто па почнав да му ги сецкам на парчиња работите и сам со вилушка да јаде господинот, така ставаше по некој залак во уста ама малку во споредба со претходно :( Сите четири тројки одеднаш почна да му растат набабрени, само рика се лигави навечер не спие убаво и веќе една недела скоро ич нејаде. Ги пипнав горните малку му пробиле се осеќаат на прст да долните набабрени само сто не излегле, не ми дава да го пипнам одма вришти неможам ни да го намачкам со нешто.
Јаде по малку кисело млекце, павлака, по некое монте и толку ништо асално не јаде ни оброк му се знае ни ништо по цел ден се молиме и едвај по некој залак да касне ПОЛУДЕВ :mdf:
Веќе нерви немам да го молам, а види храна ќе го стисне муцето, врти глава и вика НЕ НЕ НЕ
Ако му бутнам со сила плука :(
Едино млеко пие пред спиење и сабајле ко ќе стане 200мл ХИП3, и преку ден ако ептен ништо не изеде му давам млеко...
Сите работи кои му беа омилени веќе нејќе да ги помириса.. Мо
но лие од запчињата толку да нејќе да јаде?
Четврките кога ги вадеше исто сите четири одеднаш му расте не јадеше една недела како што треба ама не до волку, со лажење успевав некако да го наранам... сега никако не ми успева.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одбивање на секаков вид на храна - совет !!! 24 Јул 2013 09:22 #242466

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Ке ве молам за совет,керка ми веке 2-3 месеци ми се чини ништо не јаде ,немаме оброци,се радувам ако касне неколку лажички супа или слично,млеко пиеше скоро по 2 и пол литри,па ми текна идеја бидејки не смее толку млеко и зедов козјо и верувале или не и тоа го пиеше.А инаку не е ослабена,баш е здебелена 2килограми ама ми е страв дека не јаде.Е сега бидејки пред неколку дена фативме стомачен вирус,сега и млекото го намали,пие максимум 500-700мл на ден,и сега што ке правиме повторно не сака ништо.Пробав со киндервитал испивме 2-3 шишенца тогаш за тогаш по малку јадеше ама не ме задоволува.Денес на пример е со едно шише млеко,пола парче интегрален леб,БЕЗ ништо и толку а 3 и пол часот попладне е!!!!Што да и правам незнам,советувајте ме,што да и давам,апсулутно се плука ,како да се гади од секаква храна.Да напоменам дека во моментот ни растат и 5 ките,две веке ни излегоја ,уште 2 чекаме .


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.