Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Хранење на бебето од семејната трпеза

Хранење на бебето од семејната трпеза 26 Јан 2011 17:53 #106085

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Темава ја отворам зашто моментално веќе две недели малото ми одбива цврста храна. Јадеше супер до тогаш, 3 оброка на ден и наеднаш рече НЕ. Останавме само на мајчино млеко и ми е подослабен.
Читав и на форумов, а и нашиот педијатар и Др. Лиде ми кажаа дека е најверојатно само фаза но се повеќе размислувам на насловот на темава. Пробав со парчиња банана, тиква, кекси, ништо не ми прифати, а неќна додека вечеравме неколку пати му давав од сосот за паста (домати, магдонос, кромид, лук, маслиново масло и сол) и му се допадна. Имаме пријатели кои имаат две деца. Првото е хрането од 6 месеци со кашички, класика. Второто не прифатило и мајката не правела притисок и дури од 9 месеци почнало само да јаде од она што јаде и останатиот дел од семејството, нормално она што е прикладно. Но вклучувајќи сол, сирење итн. и без пасирање. Сега е година и 3-4 месеци, е супер здрава и има одличен апетит.
На интернет најдов многу за ова, има луѓе што го прифаќаат и практикуваат. На англиски е познато како Baby Led Weaning. Ја преведов статијата од BabyCentre
Извор

Што значи овој пристап?
Овој пристап значи да се заборави на пасирана храна и хранење со лажичка и да се остави бебето да се храни само.
Многу родители го следат овој пристап без многу да размислуваат. Посебно кога се работи за вторите или последователните деца. Бебињата сакаат да ги копираат своите постари братчиња и сестричиња. Често грабаат храна од нивните чинии, среќни што и тие може да јадат сами како нив
Како се почнува?
Понудете му на вашето бебе избор на хранливи парченца храна погодни за неговата возраст. Најдобро време за ова е кога вие и вашето семејство јадете. Тоа е одличен начин да и бебето се придружи кон вашите оброци.Најдобро е да му дадете парченца кои може лесно да ги држи со рачињата, подолгнавести, зашто помалите бебиња уште не можат прецизно да фатат ситни парченца. Од почеток бебето може само да игра со храната, или да ја цица.
Кои се придобивките од овој пристап?
Му давате на бебето шанса само да ја истражува храната. Тоа значи дека се справува со различни структури на храна уште од самиот почеток. Родителите кои го пробале ова велат дека нивните бебиња би јаделе се. Меѓутоа се нема направено посебно истражување на овој пристап и информациите доаѓат најчесто од искуство преку анегдоти.
Една студија има покажува дека овие бебиња:
• Полесно се придружуваат кон семејните оброци
• Јадат поширок спектар на храна од помали

Има ли некои недостатоци?
Секој ќе се согласи дека ова е прилично нечисто, и многу се фрла.
Има храна која е претешка за бебињата да ја џвакаат, како на пример месо, кое е одличен извор на железо.
Кога го храните со лажиче имате информација колку изело, вака не.
Нема ли бебето да се задавува?
Ова е сосема оправдана грижа, но оние кои го правдаат овој пристап сметаа дека се додека бебето седи исправено би требало да е ок. Фактот дека бебињата ја контролираат количината која ја земаат и ја носат до нивната уста кога се спремни значи дека ризикот е минимален. Секако, не заборавајте дека бебињата не треба да се оставаат сами додека јадат.
Дали ова е погодна и за доени и за бебиња хранети со адаптирано млеко?
Повеќето од родителите кои го пробале овој пристап ги доеле своите деца и го гледаат ова како природно продолжување на доењето. Доените деца мораат посилно да работат со вилиците за да го извадат млекото од дојките и имаат посилни мускули што им дава добра појдовна точка.
Друг фактор е дека доените деца се хранети по потреба, а не на распоред и затоа полесно го регулираат внесот на калории.
Но ова не треба да значи дека и бебињата хранети со адаптирано млеко не можат да почнат со ова.
Дали постојат причини зошто да не се почне со овој пристап?
Зборувајте со вашиот педијатар пред да почнете ако било кое од следните точки се однесува на вас:
• имате семејна историја на алергии, нетолеранција кон одредена храна и дигестивни проблеми
• вашето бебе има посебни потреби и не може да џвака добро или има проблеми да ја дофати храната
• вашето бебе е родено предвреме


Кое е вашето мислење или искуство со ова?
Последна промена: 26 Јан 2011 19:48 by bubamara. Причина: линк-извор
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Bumba

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 26 Јан 2011 18:07 #106090

  • Bumba
  • Bumba's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • marija1981
  • Теми: 344
  • Thank you received: 136
  • Карма: 4
Bravo Mama i Martn :srce: , totalno se soglasuvam so toa deka deteto treba da bide na trpeza zaedno so ostanatite, eve sum primetila deka Matej podobro jade koga jademe zaedno, sega vishe pocna da gleda vo nashite taniri i ne saka od negovite kashicki tuku od ona shto nie go jademe. Eve vcera ne jadese od negoviot rucek tuku od nasiot ( dodusha pire ), znaci misla m vishe e gore dole spremen da djvaka i da ne jade pasirana hrana - osven meso. Spored mene koga vishe ke primetime deka deteto moze da djvaka projavuva interes za toa,ne se davi treba da se pocne so sitno seckano jadenje, da ne se usporuva negoviot priroden razvoj, e sega mesoto ushte bi prodolzila da mu go pasiram .

Zal mi e sto imate problem so jadenjeto, kaj nas koga ima takvi denovi pomaga korka lepce koja mu ja davam da ja jade sam a jas mu davam od mandjickata, a za ovoshjeto probaj isto samo so biskvit.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cize

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 26 Јан 2011 18:11 #106093

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Kaj nas se sluci taa bebesko podgotvenata hrana da pocne da ja odbiva na 13 meseci. Znaci do togas ne stavav sol, seker, nikakov zacin, maslo vo hranata sto mu ja pripremav i se bese vareno, no ne kompletno pasirano tuku izgmeceno so viljuska.

Se hranevme na stolce no jadese sam, ne bukvalno tuku ne zaedno so nas na masa.

Taktikata ja smenivme posle 13 tiot mesec koga i se pojavi potreba za toa.

Pocna da jade od ona sto go gotvev za nas, so toa sto ne mu dadav zaprski, a od zacini samo sol i crn biber, mnogu malku (nie dopolnitelno si zacinuvame), vazno bese da oseti deka i toj e del od ona sto go pravime/jadime nie.
Od togas se jade na masa, toj vo svoeto stolce, koga e mm doma site zaedno, ako ne samo jas i toj.
Isto taka kaj nas se pokaza mnogu vazno da se ima tocno vreme za dorucek, rucek, vecera i uzina, so 30 min plus minus vo tajmingot.
Tuka nema otstapuvanje.

Sega jadi se i saka da jade, bas e strvlo :love:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cize

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 26 Јан 2011 19:28 #106142

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Ух,Mama_i_Martin, и кај нас истиов проблем. Мака мачиме неколку недели со јадење. Сака само да цица. Единствено, еден ден кога бев на пат и го чуваа моите, јадел дури и повеќе од што треба и сам викал „ам“ за да му дадат.Може треба да се обидам и јас веќе не толку бебешка храна... Вчера по вторпат се случи да го оставам филџанот со кафе, празен секако, а тој го зема и лиже, го крева да пие, а од неговиот прибор за јадење бега :). Уште од почеток на дохраната не е некој стрвен, повеќе е по цицањето, ама до сега беше буцко и нагоре одеше со килжата. Сега веќе е видно ослабен и почнавме и надолу да одиме. Можеби требаше малку зошто па и 14кг на 13 месеци се многу, ама немаше да се грижам ако убаво си јадеше и да речеме ослабел од што е постојано активен и трча наоколу. Ќе видиме во четврток што ќе не советува педијатарот.
Денес ќе го пробам ова, го седнувам денес со нас на ручек на маса :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cize

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 26 Јан 2011 19:40 #106149

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Ana sekogas koga sednuvame nie da jadime ja sednuvam i nea, koga imame nekoi mandzi koi moze i taa da gi jadi i davam i nea (gi pravam so pomalku zacini) a koga imame nesto sto ne odgovara za nejzinata vozrast ja sednuvam so nas i i davam od nejzinoto jadenje. Koga e so mene doma mi jadi pomalku, koga e so majka mi jadi non-stop, a gleda deka nekoj sednuva na masa kaj niv mu odi i gi podava racete da ja krevat i da i dadat da jade, i so sekoj jade.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cize

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 26 Јан 2011 21:11 #106198

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
Jas Martin pocnav od edna godina da mu davam od nasata hrana , i sekogas koga ke vidi nekoj na masa trca i on da jade.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 27 Јан 2011 00:37 #106248

  • srculence
  • srculence's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • la vita e bella!!!
  • Теми: 804
  • Thank you received: 206
  • Карма: 14
neznam kolku ke vi pomognam ama ne treba na deteto od edna ista cinija i ist pribor za jadenje da mu davate,imajte nekolku po moznost razlicni ili neka bidat isti ama vo druga boja i sekoe jadenje drug pribor taka im e interesno...toa go znam zasto i tuka vo sovetuvalisteto ni rekoa za toa,pedijatarkata isto a i imam slusnato od drugi prijatelki...

jas eve koga ja hranam malava zemam dve lazicki edna roze edna zelena primer i ke probam so ednata ako neke ke ja smenam lazickata i taa si jade :hahaha: eden den vo sareno tanjirce drug den vo prozirno i vika uuu se podiga da vidi sto ima vo tanjirceto :hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 27 Јан 2011 00:59 #106254

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Јас најискрено сум за се во свое време. Со сите 3-ца имам различно искуство, но како и да е ставот ми е следен: прво исклучиво доење, па се почнува со лесна дохрана (немлечна) адаптирана за возраста и по состав и по текстура а потоа веќе самото дете кажува што сака. Во секој случај сум за кога е време за јадење да се седне на маса и сите заедно да јадат и ист оброк, смирено, што за жал не е случај кај нас дома. Едната причина е тоа што сакаат да гледаат ТВ додека јадат на мало масиче, а второ е поради алергиите на Иван не можам да дозволам секогаш да чепка по јадењето на другите.

Доколку нема никакви пречки за ваков вид на хранење секако дека е одличен пристап. Мислам дека тоа горе-долу сите го применуваме во моментот кога сакаме да го навикнеме бебето на нашата исхрана со што нашата исхрана се адаптира кон потребите на бебето. Тогаш се готви полесна храна, оброк кој детето нема да го одбие, помалку зачинет и сл. Но сето ова се правело после 1 навршена година кај нас.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Sara

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 27 Јан 2011 02:08 #106276

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Супер тема, баш ја имам читано истава статија :) . Мене ми е тажно што некои родители многу буквално го сфаќаат ова и го прилагодуват бебето на нивниот начин на исхрана, место својот начин да го променат и прилагодат на малото.

Се уште му готвам посебен ручек на син ми зашто колку и да се трудам да јадам здраво, сепак тоа не е доволно за него, уште помалку било кога имал на пример 9 месеци. Јас ручам и сарми, лазањи и што уште н,е што не е никако хранливо за едно бебе. Порано не му ни давав ни да проба од моето зашто знаев дека нема да си го сака својот оброк.

Сметам дека треба да се става на маса со возрасните, кога сите јадат, но сепак да му се дава храна прилагодена за возраста (ако тоа го јадат и родителите-ок). Знам многу родители кои не готват за бебето, си јадело со нив, а станува збор за манџи со запржки и сл., не знам за случај кога тие почнале да јадат варени морков, брокула, житарки и т.н. :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Sara

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 27 Јан 2011 02:14 #106283

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
:laugh: па еве јас сум пример дека ние возрасите почнавме да јадеме варен морков и брокула, дури некогаш и од бебешките житарки сите јадеме а мешана тава со зелечук ни е едно од најчестите и омилените јадења дома.

Го земам Петар од градинка еден ден и прашувам дали ручал. Негователката ми вика: изеде полна чинија. И јас БРАВО а што ручавте? И таа мене нешто што сигурно дома не го јадете. Јас цела прашалници и ми вика мешан зелнчук. :laugh: И јас: Затоа Петар цела чинија изел, тоа му е едно од омилените јадења :laugh:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 27 Јан 2011 03:30 #106337

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
  • Карма: 5
i jas od 1 godinka pocnav da i davam skoro se sto jadevme i nie so isklucok neli na mnogu luti, zacineti ili soleni jadenja ama takvite se mnogu malku taka da od 1 godina si jade na masa so nas pa vprocem i preporakite na doktorite se decata od 1 godina da jadat se sto jademe i nie i ne gledam na koj nacin toa bi mozelo da mu nasteti na deteto bas naprotiv,otkako pocna da jade sto jademe i nie krvta i hemoglobinot i se podobrija iako i pred toa ne bese losa krvnata slika,isto taka doktorite tuka vo amerika preporacuvaat veke od 1 godina da ne se davaat kasicki od tipot na cokolino, medolino i ako se davaat toa da bide kako uzinka,dete od 12 meseci treba da ima 3 glavni obroka i 2 uzinki,barem tuka e taka,tamu vo makedonija ne znam sto preporacuvaat,kako i da e mislam deka decata od mali treba da se ucat da jadat se zosto ako ne koga ke potporasnat ke bidat mnogu prebirlivi,ziv primer za ova e brat mi,kako prvo dete mnogu go razmazile i vnimavale sto i kako mu davaat i sega ima mnogu raboti sto ne saka ni da gi vidi a kamoli da gi jade zosto mnogu kasno pocnale moite da mu davaat
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 27 Јан 2011 03:54 #106371

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
  • Карма: 9
Не седиме заедно на маса и не му давам од нашето јадење, сеуште.
Причината е тоа што сепак храната што му ја готвам е поздрава, и мислам дека му е рано за зелка со пушено месо (тоа имавме денес на мени), а да не зборам за алергиите што ги има исто е ограничен со јадењето на иста храна со нас.
Друга причина е што многу ни е проблематично јадењето - не сака да јаде, додека почне да јаде треба стој на раце да правам, сум пробала и со нас и со ова и со она, но додека не му ја погодиш занимацијата уста не отвара, сум го земала и со мене во скут не сака да проба од мојата чинија.
Трета причина е што мислам дека е сеуште мал за да може самостојно да јаде, еве конкретно вчера му дадов морковче да гриза, кога почна како зајак да го гриза и голта, неможев да го стигнам, па се испозадави го исплука - е толку разбира самостојно да јаде.
Единствено нешто што би ми побарал да јаде да ме види како јадам е лебче, е за тоа душа негова си обожава, и сам му давам да јаде од неговите житарици (оние 4 жита на Виталиа експандирани) ќе си ги стави во тањирче и си ги грицка пред ТВ.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 27 Јан 2011 08:27 #106484

  • my angel
  • my angel's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 44
  • Карма: 1
i jas go primetiv ova kaj mojot bebus od skoro.maka macime za da ja izedeme kasickata nekogas i po 45min. jademe i na kraj pak nema se da izedeme, a posle toa ako nekoj jade i ona bara da i se dade od toa sto se jade i si go jade bez problem.e sega mi e strav da i davam pokrupni parcenca posto do sega beme na blendirana hrana(ne pasirana)i nekako mi e mnogu nagla promena, ne e postepeno kako sto treba da bide.inaku za 1den ke imame 9 polni mes.
gledam deka i nie ke vovedeme novini vo nasata ishrana,ke ja prilagoduvame kon bebeska.

[/url]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 27 Јан 2011 15:54 #106553

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
  • Карма: 16
Изгледа и кај нас дојде времето Андреј да го седнеме со нас на маса. Иако се уште ќе му готвам посебно, но и пробувам да му давам од нашите јадења. Многу е стрвен, а те види дека нешто јадеш или грицкаш се оближува ко којзне колку да е гладен. И обавезно пробува. Синоќа мајка ми јаде пица, и тој само подголтнува. Мајка ми му даде да проба и да го видевте само како јадеше. Ко да немало видено детево храна дотогаш.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 27 Јан 2011 17:18 #106599

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
  • Карма: 34
lelee totalno ja promasivte temava drugarki :)!
temata berse hranenje na bebeto na semejnata trpeza kade bebeto samo se hrani. Znaci so prstinjata zema hrana i jade a ne go hrani nekoj vozrasen so lazivcka.
Toa e poentata na statijata i pristapotna roditelite kon hranenjeto. Ne e poentata sto jade bebeto i dali jade ista hrana so roditelite.

Jas moram da priznaam deka kako ideja e super.. mu stavasna bebeto iseckan zelencuk na cinija i toa samo si jade... eee idila prava. Vo praksa probano kaj na sne uspeva bas. Lenaja gmeci hranata i si igra so nea no vo usta ne stava skoro nisto.

Veruvam deka za nekoi roditeli so pogolemo trpenie od mene ke upali i ovoj pristap no nie seuste se ranime so lazicka. JAs ja ranam a ta si igra, gleda niz prozor ili pak so druga lazicka se biduva da me nahrni mene. Ne znam koga ke premineme na vezbanje za samostojno jadenje no zasega jas kako roditel ne sum spremna da ja pustam da jade 2h i potoa da pravam generalka vo tarpezarija.
Mozebi rotielite na postarite decinja ke mozat da ni dadat po nekoj sovet vo vrska so ova? :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 27 Јан 2011 18:05 #106616

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Zvezdicka не сме ја промашиле темава, баш поради тоа и напишав дека некои родители буквално го сфаќаат тоа -јадење од семејна трпеза- :) . Значи погрешен пристап прават, т. е. му даваат да јаде на бебето буквално од нивниот ручек, демек од 12 месеци треба со возрасните да јаде.
Да треба, но храна сецкана, на облик кој ќе му биде најинтересен на бебето/детето, но неговата здрава и разновидна храна. И не од 12, нели некои бебиња и порано си грицкаат.

Лука веќе и со лажичка почнува сам да јаде (не секогаш, нормално :), позаинтересиран е така, нема потреба да му пуштам цртан, се концентрира на храната. Сепак тоа мора да е состав што се лепи за лажицата, во спротивно пола му е во скут или на столчето. Е деновиве и супа така јаде и по едно, две истурања се труди многу повеќе :love: .

Јаде сецкана брокула, морков, зрна грашок, кашкавал, овошје (не секогаш), но сепак најголемиот дел од ручекот уште иде у блендер, но само на кратко-расецкан, не ко порано-мазно.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 27 Јан 2011 19:58 #106637

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Mama_i_Martin wrote:
додека вечеравме неколку пати му давав од сосот за паста (домати, магдонос, кромид, лук, маслиново масло и сол) и му се допадна. Имаме пријатели кои имаат две деца. Првото е хрането од 6 месеци со кашички, класика. Второто не прифатило и мајката не правела притисок и дури од 9 месеци почнало само да јаде од она што јаде и останатиот дел од семејството, нормално она што е прикладно. Но вклучувајќи сол, сирење итн. и без пасирање. Сега е година и 3-4 месеци, е супер здрава и има одличен апетит.
На интернет најдов многу за ова, има луѓе што го прифаќаат и практикуваат. На англиски е познато како Baby Led Weaning.

Темите за дискусија се супер, но се две сосема различни. Како што кажа Ѕвездичка, се измешаа некои работи.

Едно е детето да дојде во фаза кога не сака (не му е повеќе вкусно) да јаде блендирана храна, сосема незачинета, па затоа почнува да јаде од истото што го јадат возрасните (значи буквално се, само без јаки зачини и запршки).

Друго е Baby Lead Weaning. Тоа значи бебето само да се храни: му се става храна на послужавничето и тоа само ја става во уста, значи без ничија помош, самото се храни. Обратно од BLW (Baby Lead Weaning) е Spoonfeeding - кога друг го храни бебето со лажичка. Т.е, BLW е пред се начинот на кој бебето јаде, а не што јаде.

***

Е сега нашето искуство, не сум пробала BLW (сама да јаде), барем не целосно. Значи зборувам сега за преминот од т.н бебешка храна кон нашите ручеци. Јана е голем гурман. Сега има скоро 16 месеци и до пред месец-два ја хранев комбинирано, значи ручекот дел блендиран (месото со малку од зеленчукот или чорбичката кајшто се варел), а дел неблендиран (морков на тркалца, парченца карфиол, варена пиперка, патлиџан, пашканат, кромид, ориз...и т.н. Значи скоро се јадеше неблендирано, ама ја ранев некогаш и добар саат. Многу битно, јадеше сосема незачинето, без сол, само малку маслиново.

Уште од пред повеќе месеци пројавуваше интерес да проба од нашето и ептен го бендисуваше (мусака, компир манџа, шпагети болоњезе, грав, било што).
Е сега еден ден детево почна да не сака уста да отвори за ручек. Ни блендираното, ни неблендираното, ништо. Нервите ги искинав. Така со денови, доручек, ужина, вечера најнормално јаде, ќе дојде време за ручек-патент на уста става и крај. Понуди и од нашето јадење- на пример турли тава, се оближува, мљацка, ужива. И така јас од пред некоја недела сосема го сменив начинот на готвење за ќерка ми и таа си јаде убаво, а неспореливо повеќе ужива во храната!

Значи, доколку оценам дека може/смее да јаде од нашиот ручек, и давам. Секако, нашиот ручек е малку модифициран. На пример, зеленчуците за паста не ги пржам, туку ги варам и само малку на крај ги пропржувам. Зачинувам, со сол (во помали количини), маслинов, често босилек. И го давам сосот со шпагети на пример и си јаде супер. А претходно од т.н бебешки јадења уста не ми отвораше. И јас се надевав дека подолго ќе јаде само варено, незачинето, но едноставно таа си реши дека не сака повеќе. И сега што да правам? Не чинело, не смеело, не знам што? Па да ја оставам да не руча секој ден ли? Вака, си јаде се и не прави проблеми фала му на Бога (иако руча по цел саат додека да доџвака се, ама тоа е).

Значи како што кажав, од мусака, до турли тава, домашни сосови за паста, полнети пиперки, домашни манџи разно-разни без запршка, па дури и подварок верувале или не :tupco:

Некогаш треба, и мора, да се испочитува и детскиот вкус! Подобро да внесе малку сол, отколку да слабее зашто не сака незачинета храна. Барем така мислам јас.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: None-bt, Kuklicka

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 28 Јан 2011 05:07 #106755

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Синоличка wrote:
Темите за дискусија се супер, но се две сосема различни. Како што кажа Ѕвездичка, се измешаа некои работи.
Хаха па и самиот наслов што го ставив јас не кореспондира со она BLW. Па добро не е ова писмена работа па да избегаме од темата ;)
Како и да е дискусијата што се разви мене ептен ми се допаѓа, фала ви на сите што поделивте искуства, а јас ќе ве известувам и за нашиот напредок. Почнавме со малце лепче, барем нешто стави во уста.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Sara

Ре: Хранење на бебето од семејната трпеза 28 Јан 2011 21:55 #107035

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Само да дополнам околу лепчето, и Јана мнооогу сака леб (дневно јаде најмалку по едно парче), па затоа и решив да земеме пекач-машина за правење леб и презадоволна сум! Барем вака знам дека јаде леб без конзерванси (само брашно, вода, квасец!).
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.