Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Посвојување

Посвојување 31 Дек 2009 18:53 #8960

  • megi
  • megi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 61
  • Thank you received: 18
Me interesira dali nekoj znae kakvi se procedurite za posvojuvanje na bebe ovde kaj nas. i pogotovo ako veke imas svoi deva. dali i kolku se ceka?
Последна промена: 31 Дек 2009 19:06 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 31 Дек 2009 19:14 #8968

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Меги, ова е извадок од сајтот на Министерството за труд и социјална политика

Постапка за посвојување

Со посвојувањето се создаваат односи какви што настануваат со раѓањето (потполно посвојување) или само односи што постојат меѓу родители и деца (непотполно посвојување).

Каков однос ќе се создаде со посвојувањето зависи од волјата на посвоителот, на родителите на детето кое се посвојува, односно на неговиот старател и на самото дете ако е постаро од дванаесет години.

Само малолетно лице може да биде посвоено. Посвојувањето може да се заснова само ако е во согласност со најдобриот интерес на малолетникот.Посвојувањето се засновува пред Комисијата. Комисијата е составеа од пет члена именувани од министерот за труд и социјална политика. Посвоител може да биде лице кое е деловно способно, кое има лични својства за успешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45 години.Посвоител може да биде лице најмалку 18 години постаро од посвоеникот. По исклучок, како посвоител може да се јави и лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години. Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува горната старосна граница. Не може да се посвои сродник во права линија ниту брат ниту сестра.

Лицето кое сака да посвои дете, поднесува барање потпишано од двата брачни другари до Комисијата за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика.

Кон барањето се приложуваат следниве документи:

* државјанство;
* извод од матичната книга на родените;
* извод од матичната книга на венчаните;
* лекарско уверение за здравстваната и психофизичката состојба на двајцата брачни другари;
* уверение дека не се лишени од родителски права-од Суд;
* уверение дека не се осудувани -од Суд;
* уверение дека не ви е одземена деловната способност-од Суд;
* уверение за материјалната состојба-од Управа за јавни приходи;
* доказ за сопственост на стан;
* потврда за степен на образование-фотокопија заверена кај нотар;
* документ за месечните примања и други приходи со кои располагаат и
* фотокопија на лична карта.

Доколку подносителите на барањето се странски државјани потребно е покрај овие документи да достават и социјален извештај од надлежната служба во кој треба да биде содржана и согласноста на земјата, соодветните лица да можат да посвојат дете од нашата земја.

Сите документи треба да се однесуваат на двата брачни другари и треба да бидат доставани во оригинал и со судски заверен превод.

Важноста на документите е една година.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 31 Дек 2009 19:15 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 12 Окт 2010 17:26 #60447

  • sonjicka
  • sonjicka's Avatar
Би посвоиле детенце?
Имате ли веќе посвоено и ако да...какво е вашето искуство? Јас не сметам дека тоа е нешто што треба да се крие или да се гледа како на нешто срамно или тажно. Толку убав момент од живото на еден човек е....нашите кумови имаат усвоено детенце. Сега е "големо" маже на дури 5 години. Сеуште му го немаат објаснето концептот посвојување. Имаат еден куп литература, сликовници, цртани кои пиракжуваат ткави семејства. Полека полека го воведуваат во приказната.
Јас сакам да посвојам детенце, само сеуште не ми се укажала поволна ситуација за тоа.
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 12 Окт 2010 17:36 #60451

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
Јас имам свои две биолошки деца и покрај тешките бремености и покрај тешкиот и ризичен пород можам да кажам дека РОДИТЕЛ е оној не кој родил туку ОНОЈ кој бдеел цели ноќи кога детето било болно,кога се грижел за секој чекор негов,за секоја модрица,за секое запче и секој збор.Кој гушкал и бакнувал да го смири детето,кој несебично крател и материјално и психофизички да му се даде на тоа дете целосно и комплетно.Немам ништо против посвојување напротив би сакала да ја охрабрам секоја жена која по биолошки пат не може да стане мајка да си посвои детенце.Да почувствува детска прегратка.Еве Весна Петрушевска отворено си зборува за своите две ангелчиња..алал да и е..во секој случај ГОЛЕМА МАЈКА
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
Последна промена: 12 Окт 2010 17:38 by kalinche70.
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 12 Окт 2010 17:39 #60452

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
Мноооогу сакам деца и ДА,би посвоила доколку не можев да имам свои. Сметам дека детето треба да знае дека е посвоено затоа што секако некогаш ќе дознае од некого и ќе му биде голем шок доколку не ја слушнал таа вест од своите родители. Што се однесува до кумовите сега им е право време да му кажат затоа што според психолозите ова е идеална возраст да се соопшти таква вест на детето затоа што е доволно големо да сфати, а доволно мало да не му делува тоа како преголем шок. Исто така се смета дека детето треба да дознае пред да тргне во училиште затоа што таму е поголема веројатноста на некое од децата-соученици да им се испушти дека е посвоено(деца кои веста ја дознале од своите родители, не се сите родители така дискретни).
Последна промена: 12 Окт 2010 17:40 by AWAO.
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 12 Окт 2010 18:04 #60465

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
Колку убаво кажа Калинче70.... Да, родител е тој што вистински се грижи, без разлика дали детенцето му е негово биолошки или посвоено.

И јас обожавам деца, порано, не знам зашто бев у филм дека немало да можам да родам свое и си викав дека ќе си посвојам (дури сакав да згрижам некое ромче од оние што просат :) ).

Имам роднини кои посвоија 8 месечно бебе, сега има околу 2 ипол годинки, срценце. Не кријат, полека кога ќе треба и нему ќе му соопштат, се разбира, се консултираат, работат за тоа да го направат на најдобриот можен начин.

Мислам дека сега повеќето родители кои имаат посвоено дете, практикуваат од старт така да го воспитуваат, да знае, а порано, барем тие јас лично што ги познавам, велеа дека се правите родители, па дознавањето беше пропратено со тешкотии...
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 12 Окт 2010 21:59 #60530

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
Nie ozbilno razmisluvame da si posvoime detence, plnirame dogodina vo Januari da podneseme dokumenti pa sto bide neka bide. Celata procedura okolu IVF za mene izleze so strasni posledici po zdravjeto i ne si igram povekje so toa. Sledna opcija ni e posvojuvanje. Ne mi e bitno kakvo e masko, zensko, ili pak od koja nacionalnost ili religija poteknuva, samo da e zivo i zdravo pa se ponatamu se uci.
Decata se Tabula rasa neli, i se ogledla na nasite licnosti taka sto kakvo i da e na krajot kje lici na mene ili na mm.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 12 Окт 2010 22:09 #60532

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
И јас сум да им се помогне на дечињата што се оставени од родителите. Многу хумано и прекрасно дело е тоа.

Но кај нас процедурата за посвојување е многу долга, а јавна тајна е и тоа дека треба да се даде нешто и под рака.

Уште нешто, дали би посвоиле и поголемо дете или само бебе?




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 12 Окт 2010 22:16 #60536

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
Mene mi kazale deka za zdravo bebence sumite dostignuvale i do 10000evra. Koja e taa glupost, pa posvojuvanjeto e humana rabota ne e da si go kupam deteto neli?
A bi posvoile i pogolemo detence no ne nad 5 godini.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 13 Окт 2010 01:14 #60599

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
На татко ми колега од работа неможеа да имаат деца 12 години па откако изгубија надеж по секаков можен начин решија да си посвојат,и мислам дека тоа е без пари,само поднесоа документи и по извесно време ке те известат дали е одобрено или не.Нив им одобрија и им дадоа бебе од 1 месец и пол до 2 месеци најмногу,и жената верувале или не уште истиот месец забремени,еве и пред некој ден се породи беше татко ми на частење имаат уште еден син.истата случка беше и со на сестра ми класната откако посвоија бебе,таа веднаш остана бремена.Господ е голем,:aleluja: :aleluja: чудни нешта се случуваат...


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 13 Окт 2010 11:34 #60661

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
I jas koga bi nemala detence pet minuti ne bi razmisluvala bi si posvoila. Ne mi e vazno dali e masko, zensko i od koja nacionalnost pa i ne bi mi bilo problem i da e 3-4 godinki. No na zalost nekoi koi nemaat deca(se izvinuvam na isklucocite) nemozat da go svatat majcinskot custvo.
Nasi bliski prijateli dolgovreme nemaat deca pominaa niz 5-6 neuspesni IVF i se veke pri 40 god. i ednas koga razgovaravme na taa tema mi rekoa deka nikogas ne bi cuvale kopile( tugo dete) i doticnata prijatelka mi rece pa nema da moze da go sakam, i sto ako rodam posle moe dete ke treba da go vratam. Mislam deka i komisiite treba dobro da procenuvaat na kogo gi davaat decata bidejki jas posle ovoj muabet nikogas ne bi ima dala da posvojat detence.:(
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 13 Окт 2010 11:40 #60663

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Kalina, toa ne se lugje. Bi go vratile detenceto? Tie i nivnoto dete ke go sakaat od sebicnost. Kako bi mozele da narecat dete - kopoile? Sto e toa krivo?
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 13 Окт 2010 12:08 #60671

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
kalina wrote:
nikogas ne bi cuvale kopile( tugo dete)
:ohmy: :nc:
Се сложжувам во тоа дека родители се тои кои го гледаат детето и се со детето во било кој момент од неговиот живот било за радост или болка.Не е родител оној што го направил или родил.Не осудувам никој зашто има ралични причини зошто тие деца се таму,некои од неодговорност ама некои со вистина јака причина и затоа не ги осудувам тие мајки ама вистински родител е ој што ке се грижи за детето.И доколку не би можела да имам свои деца би посвоила сигурно.А и уште сега размислувам за слична опција зашто тука нема домови за деца,тие домови се само привремени додека ги сместат некаде децата и сакам да се пријавам за да чувам деца на одредени периоди година две или сл.И тоа е како еден вид посвојување само е привремено додека да му се обезбеди на детето стабилен дом или има ситуации кога двата или едниот родител ако е самохран родител мора да се лекува па не можи да се грижи за детето подолг период,или од неморални родители па додека да најдат цемејство сто ке го посвои детето.Тоа е FOSTER CARER ако некој сака да види повеке за што се работи.Ама ова ке го правам веројатно кога ке завршам со бебиња и кога малку ке потпораснат са да можат да го сфатат тој концепт и да нема некое големо влијание на моите деца.
Сандра
Последна промена: 14 Окт 2010 02:05 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 13 Окт 2010 12:19 #60674

  • sonjicka
  • sonjicka's Avatar
:pardon: :pardon:
Копиле бе? Таа нормална ли е бре? Копиле? Толку погрден збор немам слушнато. Децата оставени без родителска грижа не се копилиња. Или се сираци или се деца за кои родителите не можеле да се грижат од икс причини. Копиле?! Боже мајко мила!!!!!!!!!
За полесна адаптација и водење низ процедурите, за оние што ќе се одлучат на ова, им препорачувам да ја прочитаат Dear Birthmother. Во книгава се разјаснети сите митови околу посвојувањето и се промовира идеата за отворено посвојување (не е тајна името на мајката/таткото)

Јас имам голема желба да си посвојам детенце. Еден ден кога ќе се средиме и нема да бидеме чергари со постојано селење, ќе пробам да си ја остварам желбата.
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 13 Окт 2010 20:07 #60850

  • Macence
  • Macence's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 192
  • Thank you received: 94
Ако не можам да имам мое дете, сигурно би посвоила. Според мене не е битно кој го родил, битно е кој ќе го одгледа, ќе го чува и ќе се грижи за него.
Малку оф топик ама морам да кажам, пред неколку години дознав дека еден мој братучед е посвоен, како мали доста често бевме заедно и никогаш не сум забележала дека некој се однесува поразлилчно со него отколу со другите. И сега сме доста блиски, се сакаме и си помагаме :love
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 13 Окт 2010 20:54 #60857

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Усвојити дете је једна јако велика одлука, много, много већа него кад одлучиш да имаш своје..и искрено, ја се тим људима дивим..и сигурна сам да то не може свако да уради и изнесе онако како треба..лако је рећи ја бих усвојио дете, али много теже је то заиста и урадити..
Прво, таква смо средина и још увек се на усвојење детета гледа као на неко чудо, друго, предрасуда око тога има милион и једна, а о ситним душама које коментарима хоће да напакосте, да и не причам..
У својој околини имам пар парова који немају децу и онако у разговору кад сам их питала зашто не усвоје дете, увек сам добијала сличан одговор..људи се боје такве одговорности јер мисле да неће моћи да се изборе са околином и неће моћи да се суоче са дететом када сазна да му они нису биолошки родитељи..

На питање да ли бих усвојила дете немам одговор из простог разлога што имам своју децу и нисам била у кожи некога ко се борио са стерилитетом и коме је ово остало као једина солуција..а немам финансијских могућности да поред својих двоје, усвојим и помогнем још једном остављеном детету..
Исто тако бих разграничила то око хуманости..хумано је када неко ко има могућности поред своје деце усвоји још једно, а када неко ко не може да има своју децу усвоји дете, он то није урадио из хуманости, већ ради својих потреба да има дете и искаже се као родитељ..можда мало грубо звучи, али је тако..

И још једном, свим људима који су усвојили дете скидам капу и дивим се њиховој храбрости..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 14 Окт 2010 16:20 #61161

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
Frogy wrote:
На татко ми колега од работа неможеа да имаат деца 12 години па откако изгубија надеж по секаков можен начин решија да си посвојат,и мислам дека тоа е без пари,само поднесоа документи и по извесно време ке те известат дали е одобрено или не.Нив им одобрија и им дадоа бебе од 1 месец и пол до 2 месеци најмногу,и жената верувале или не уште истиот месец забремени,еве и пред некој ден се породи беше татко ми на частење имаат уште еден син.истата случка беше и со на сестра ми класната откако посвоија бебе,таа веднаш остана бремена.Господ е голем,:aleluja: :aleluja: чудни нешта се случуваат...
Ова е само доказ колку психолошкиот момент влијае на забременувањето и ги објаснува многу стерилитетите каде е се во ред и со двајцата партнери, а едноставно не се фаќа. Веројатно е преголем притисокот заради желбата за бебе и тоа си го преви своето. И јас знам ваков случај на забременување по посвојување. Затоа поздрав до оние кои се обидуваат да забременат и ОПУШТЕНО:otpozadi:
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 15 Окт 2010 01:17 #61377

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Додека кубуревме со стерилитетот, збирав документи за посвојување, се распрашав што како треба, и покрај тоа што ни рекоа дека немаме доволно финансии за посвојување, не се откажував. Кај нас мм беше многу против, не знаеше како да се справи со моментот "не е наше" демек не сум го родила јас. За мене беше најприродно да го сакам детето како да сум го родила, се согласив и на дете од друга националност, раса, и поголемко... не ми беше воопшто важно. Ин витрото ни успеа од прва и на мм му олесни, престанав да зборам за посвојување.
Сега мака мачиме за второ и многу сакам да станеме хранители, да не расте Алексеј сам. Мм е поворно против, како ќе се разделел од тоа дете кога ќе треба некој да го посвои, ќе му било трауматично него и на Алексеј. А јас па поинаку размислувам, на тоа детенце секако ќе му биде подобро кај нас, во семејство, отколку во некој дом за деца без родители.

За постот на Калина немам коментар, просто ми е неверојатно што читам.
Куче на улица ќе најдеш и ќе го чуваш и здомиш и ќе го засакаш па крокодилски солзи лееме по домашните миленици, а не по дете. Стварно сум спичлес.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 15 Окт 2010 14:08 #61610

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
Колку што сум за посвојување толку мислам дека сум против foster care,хранители и како и да се викаат,од истата причина како мм на Кинки. Детето не е твое и доколку никој не го посвои останува со тебе и поголемко. А со тоа што не е твое мислам дека не можеш да го носиш со тебе ако се селиш во странство и сл. а треба да го вратиш и ако се разведете(пу,пу,скраја). Овие причини ми текнуваат заради жената што чистеше кај мене и која 2.5 год.така чуваше дете и сега ќе оди кај сестра и во Германија и ќе се разведуваат и мораа да го вратат. Ми кажа како детето(кое сега има 4-5 год) го доделиле кај комшиите,па таму вриштело: Каде е мајка ми? Знае ли дека татко ми ме остави? Ми рече дека само одиме на гости и не ме зема... и плачело цело време. Додека го слушав ова плачев и срце ми се кине за тоа дете, а не па мене да ми се случува тоа. Ете,тоа е причната за мојот став. Не сум спремна да доживувам вакви трауми или да му ги причинувам на некого. И да го посвои некој тоа дете, сепак ќе има период кога ќе пати по претходното семејство.
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 15 Окт 2010 19:01 #61753

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
Во право си за ова Авао ама имаш можност да им кажис ако сакаш поголеми или помали деца.Па можеби ако одберис поголемки нема да е толку трагично зашто и детето ке знае и ке е свесно каква е ситуацијата.Има многу дечиња на кои им е потребна помош и ке бидат многу благодарни на таа помош.Имав колешка која што извесен период беше згрижена така во семејство заради домашната ситуација со нејзините родители(семејно насилство) и додека мајка и се разведе од татко и и не обезбеди стан и работа за да може да се грижи за децата тие беа згрижени во семејство на 1ипол-2 години а таа и ден денес си ги сака и поштова тие луге а жената сега е 45 години.А има и случаи како тој што го спомна и секако се срцепарателни ама сепак сакам понатаму да му помогнам на дечиња кои им е потребна таа помош.Имам читано и книги вистински приказни од таков родител и понекогаш е многу тешко со тие деца (некои се злоупотребувани или којзнае што не преживеале во нивниот ѓивот па имаат некои лоши навики)и тоа го прави тешко да се грижиш за нив.Ако сакате ке проверам имам 2-3 книги од ист автор се вистински приказни за дечиња кои таа се грижела.Имам еден тон солзи пролеано кога ги читав.Ни на крај памет нема да ти падни сто имаат тие децапреживеано.
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 22 Окт 2010 04:43 #63911

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
За жал се се врти само околу пари...

Децата без родителска грижа се станати само роба која после исплата на одредена сума, преоѓа во рацете на оној што имал пари да плати. Жалосно, но секако навлезено во сите сегменти на битисувањето во оваа арамиска држава.

Еден ден и тие од постот на Калина, ако имаат пари, ќе си купат некое несреќно душиче што во нив ќе гледа мајка и татко, сигурност и топлина. И ќе се моли на Бога да не си родат свое за да не го вратат... Жално, душата боли...

Децата, саканите деца, и биолошките и небиолошките, не се раѓаат од стомакот, туку се раѓаат од срцето. Значи ти прво сакаш да имаш дете, мечтаеш за тоа, или кога ќе останеш трудна, случајно или намерно, дури тогаш почнуваш да размислуваш за тоа, сеедно, ама уште тогаш почнуваш да го сакаш тоа суштество во тебе, или суштеството од твоите мисли.

Бебето во стомакот е цел еден непознат свет, го сакаме, гориме за него/неа, а уствари не го познаваме, не сме го виделе, запознале. Ама го раѓаме во срцето, уште пред воопшто физички да се роди, и тука си го чуваме и ја негуваме таа љубов.

Со децата кои се посвојуваат е исто, ги раѓаме во срцето и само чекаме да добијат лик, облик, сликата да добие боја.

Нема разлика, срцето на родителот е исто, чука само за детето/децата кое се родени во него!
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 22 Окт 2010 11:18 #63917

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Ниедно дете не е виновно за глупостите што ги прават возрасните. Секое заслужува топол дом, топла прегратка и несебична насмевка ;)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
Последна промена: 22 Окт 2010 11:19 by Mama Ane.
The administrator has disabled public write access.

Посвојување 22 Окт 2010 13:25 #63947

  • Ackova
  • Ackova's Avatar
  • Offline
  • new born
  • идна мамичка
  • Теми: 182
  • Thank you received: 30
koga vidov deka imam poteskotii da ostanam bremena, mu kazav na mm, deka ke pominam niz site pregledi i na sekakvi testovi, i invitro.... i ako do 30 god. ne ostanam bremena ke podneseme dokumenti za posvojuvanje, zosto nesakam zivotot da go pominam sama kako gluftar, da nemas na sto da se raduvas, za koga da rabotis i da se macis.
A toa deka psihata vlijaa vrz ostanuvanje bremana e primer i mojata kuma koja 10 godini nemaa deca si posvoija edno devojce i dogodinata si rodi svoe.
Annabel wrote:
И јас сум да им се помогне на дечињата што се оставени од родителите. Многу хумано и прекрасно дело е тоа.

Но кај нас процедурата за посвојување е многу долга, а јавна тајна е и тоа дека треба да се даде нешто и под рака.

Уште нешто, дали би посвоиле и поголемо дете или само бебе?

Annabel jas smetam deka pogolemo dete podobro. Da site sakaat bebence, no posle moze da se pojavat problemi vo razvojot na deteto i ke ima dopolnitelno macenje. Prijatelka sto si posvoija detence na 1 godina, sega ima autizam, a seficata kaj mene si zema na 3 gidini devojce i smetam deka e podobro pogolemo
Последна промена: 01 Окт 2011 14:12 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Посвојување 14 Фев 2011 19:59 #112636

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Online
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
120 квад­ра­ти за посвојување дете
Според новиот Правилник за посвојување, цели 36 поени идните родители можат да добијат ако имаат и стан, и ку­ќа, и дуќан. Посебно високо се бодираат лицата што сакаат да посвојат де­те, а имаат скапи коли и стан од најмалку 120 квадратни метри.
Имо­тот кој го поседуваат потенцијалните посвоители ќе носи најмногу по­е­ни при посвојување дете. За воведувањето на електронското пос­во­ју­ва­ње деца, што треба да стартува овој месец, Министерството за труд и социјална политика донесе нов правилник за критериуми и начин на из­бор на идните родители.
Из­бо­рот на посвоители ќе се врши преку компјутерски систем каде што прет­ход­но сите ќе бидат бодирани според нивната материјална и станбена си­ту­и­ра­ност, време на чекање, брачен и психосоцијален статус.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Посвојување 14 Фев 2011 21:15 #112676

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
MamaMaja wrote:
Со децата кои се посвојуваат е исто, ги раѓаме во срцето и само чекаме да добијат лик, облик, сликата да добие боја.

Нема разлика, срцето на родителот е исто, чука само за детето/децата кое се родени во него!

Prekrasno kazano, MamaMaja solza mi namami!

Ne znam dali bi posvoila no bi sakala da stanam hranitel (foster parent) Planot ni e da podneseme baranje za status na hranitel stom go isplatime stanot (za nekolku godini)
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.