Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Контрацепција

Контрацепција 18 Дек 2009 01:12 #55

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Според Светската здравствена организација, поимот контрацепција значи спречување на несакана бременост и прекинување на природните процеси на репродукција.
За таа цел се користат контрацептивни средства и методи кои можат да се поделат според начинот на употреба, ефикасноста, според траењето на употреба итн. Прифатена е следната класификација:

Природни методи
Механички методи
Хемиски контрацептивни средства
Хормонска контрацепција
Интраутеринска контрацепција
Стерилизација

Природни методи

Во природни методи на контрацепција спаѓаат: календарски метод, постпартална неплодност, прекинат однос, апстиненција.

Календарски метод
Календарскиот метод преставува предвидување на настапот на овулација. Кај девојки со менструален циклус кој трае 28 дена овулацијата настанува околу четиринаесетиот ден. Ова значи дека 3-4 дена пред и 2-3 дена после овој ден не се препорачливи сексуални односи поради можноста од забременување.
Шематски тоа би изгледало вака:
1-2-3………. хххх 14ххх…………...…26-27-8, при што деновите означени со х се ризични.

Постпартален метод
Постпарталниот метод, како што и самото име кажува-после пораѓањето. Тој се базира на тоа што жените што дојат до четвртиот месец, неможат да останат бремени.

Прекинат однос
Прекинатиот однос е традиционален метод кој на латински се нарекува coitus interruptus. Тој се состои во прекинување на односот пред ејакулацијата, т.е. спречување на внесување на спермата во вагината. Овој метод не е безбеден и се смета за примитивен бидејќи извесен број на сперматозоиди стигнуваат во вагината и пред ејакулацијата. Процентот на веројатност од забременување е 18%.

Извор Википедија
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
Последна промена: 18 Дек 2009 01:22 by ZZ.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 18 Дек 2009 01:14 #56

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Механички методи

Во механички методи спаѓаат: презервативот (кондом), женскиот презерватив (фемидом), дијафрагмата, цервикалната капа.
Користењето на кондомот е најпопуларен начин на контрацепција. Ратата на неуспех изнесува 3-4%, а 2% од кондомите руптурираат (се кинат). Поради овој факт потребно е партнерите кои го користат ова средство за контрацепција со себе да имаат контрацептивна пена за итна употреба. Или пак најдоцна до 72 часа да земат ургентна контрацепција.
Женскиот кондом им овозможува на жените да бидат помалку зависни од мажите. Фемидомот се внесува во вагината и се мести на грлото од матката. Овозможува и заштита од преносливи болести како и кондомот.
Дијафрагмата преставува гумена чашка со флексибилен обрач. Ратата на забременување е 3%. Се мести на грлото од матката и механички го спречува навлегувањето на сперматозоидите. Големината на дијафрагмата ја определува гинеколог.
Цервикалната капа е слична како дијафрагмата и може да остане на местото до 48 часа.

Хемиски методи

Во хемиски методи спаѓаат: спермициди, вагинална пена, крем, филм и супозитории, кои се користат комбинирано со кондом и дијафрагма. Сe внесуваат пред половиот однос, но можат да предизвикаат иритација поради што е потребна консултација со гинеколог.
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 18 Дек 2009 01:17 #57

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Хормонска контрацепција

Хормонската контрацепција се остварува преку земање на хормонална терапија (таблети). Тие се земаат континуирано 21 ден и не смее да се пропушти ниту еден ден. Се пијат на 24 часа и ја одложуваат менструацијата, која настапува после 21 ден откако ќе се престане со земањето на таблетите. Се смета дека ова е најдобар метод за контрацепција за младите генерации кои планираат понатаму да се репродуцираат. За тие 21 ден додека се пијат таблетите, бременост не може да настане. Исто така во групата на хормонска контрацепција спаѓа и ургентната контрацепција. Таа претставува контрацепција по избор и се зема само во ургентни итни ситуации (кинење на кондомот или пак секс без кондом). Ваквата контрацепција се зема најдоцна 72 часа по односот, но колку тоа се стори порано толку таа ќе биде поефикасна. Ваквиот вид на контрацепција се состои исто така од женски хормони, но во многу поголемо количество. Се земаат три таблети, а со нив се зема исто така и апчиња против повраќање, како не би се повратиле контрацептивните апчињата.

Позитивни страни

Многу се ефикасни ако се земаат таблетите правилно.
Нема потреба од прекинување на сексуалниот однос.
Можна е долга употреба без штетни последици.
Помага во спречување на некои болести како вонматерична бременост и други.
Може да се прекине со земање во секое време

Негативни страни

Не штитат од полово преносливи болести
Ако се земаат неправилно, те нередовно мозат да бидат неефикасни
Можат да предизвикаат несакани ефекти како гадење, повраќање...
Интраутеринска контрацепција

Интраутеринската контрацепција е многу попозната како спирала. Таа е наменета за жени кои не планираат да се репродуцираат и кои не сакаат понатаму да имаат деца. Обично ја употребуваат жени кои се во брак и не сакаат да имат многу деца. Спиралата ја поставува гинеколог, таа се поставува во матката и не смее да стои повеќе од 6 години. Од неа се ослободуваат хемиски материи кои предизвикуваат стерилност.
Стерилизацаија

Стерилизација е метод при кој со оперативен зафат се врши прекин во преносот на гаметите кај мажите, т.е. се врши прекинување на семеводот. Процесот се изведува амбулантно и трае 20 минути со локална анестезија. Кај жените се врши сечење и прекинување на јајцеводите. Оваа операција е многу покомплицирана, а се изведува со целосна анестезија.
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 18 Дек 2009 01:19 #58

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Корисни Совети

Ејакулација надвор (коитус интеруптус), не се препорачува како сигурен метод за контрола на бременоста кај тинејџери. Овој метод, кога пенисот излегува од вагината пред да ејакулира, не е секогаш ефикасен. Овој начин не штити од СПБ.

При одлука да се користи кондом, тој треба да биде нов при секој сексуален контакт. Многу ретко, кондомот може да предизивка алергична реакција.

Рацете треба секогаш да се измијат со сапун и топла вода, пред да се вметне контрацептивно средство во вагината.

Одредување на плодните и неплодните денови во месецот е тешко, ако не ги одредува стручно лице.

Жената може да остане бремена или да се зарази со СПБ, дури и при нејзиниот прв сексуален контакт во животот.

Не треба да се менуваат често сексуалните партнери/партнерки, бидејќи постои голема можност за СПБ, особено во последно време вирусни инфекции со ХПВ (хуман папилома вирус за кого со сигурност се знае дека одредени типови предизвикуват рак на грлото на матката).


Дали и што користите вие да се заштитите од несакана бременост?
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
Последна промена: 18 Дек 2009 01:24 by ZZ.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 19 Дек 2009 14:55 #373

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
СКАНДАЛОЗНА НЕИНФОРМИРАНОСТ НА ЖЕНИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ

"Кока-кола" место контрацепција

Д-р Татјана Гуржанова била шокирана од изјавите на млади и образовани луѓе, кои кажале дека како контрацепција користат "кока-кола", ракија и сода бикарбона, и оти немаат потреба да користат кондом, анти-беби пилули или каков било друг вид контрацепција пн. Според статистиката, од 1.000 жени во Македонија, дури 20 прават абортуси, а во последно време се во пораст тинејџерските абортуси, односно прекинувањето на бременост кај девојки од 15 до 19 години

Над 61 процент од жените во Македонија никогаш не користеле никакво средство за контрацепција, а во моментов контрацепција користат само 24 отсто. Од нив 17 отсто употребуваат кондом за партнерот, а само 1,6 отсто антибеби пилули. Овие податоци се добиени од истражувањето кое во јуни годинава го спровела маркетинг агенцијата "Брима Галуп" на 500 испитанички на возраст од 15 до 49 години. Испитувањето е правено по европски прашалник за свесност за контрацепција, на барање на фармацевт ската компанија "Баер фарм", по повод Светскиот ден на контрацепцијата 26 септември.
Според податоците од истражувањето, 94 отсто од младите на возраст од 15 до 19 години воопшто не користат средства за контрацепција, а од 72 до 84 отсто од повозрасните жени воопшто не користеле никаков вид контрацепција, која лекарите ја препорачуваат за да се спречи несакана бременост и последиците кои потоа доаѓаат.
Лекарите велат дека ниското ниво на употреба на контрацептивни средства е резултат на неинформираност, страв дека антибеби пилулите ќе предизвикаат последици врз здравјето на жената и немање навика да се побара помош и совет од здравствените работници.
"Бев шокирана од изјавите на млади луѓе на една од трибините за свесноста за контрацепција. Не само што воопшто не користат никаква контрацепција ниту некогаш се посоветувале со лекар, туку кажаа дека како контрацепција користат 'кока-кола', сода бикарбона и ракија. Според нивните објаснувања, 'кока-кола' ставале во вагината по сексуалниот чин. Велат дека немаат потреба за контрацепција, бидејќи нивните методи секогаш функционирале. Од друга страна, пак, според студиите на медицинските установи, најмал процент на несакана бременост има кај адолесцентите кои минале некаков облик на сексуална едукација во основните и во средните училишта", рече д-р Татјана Гуржанова на вчерашната презентација.
Нискиот процент на употреба на контрацепцијата, според лекарите, е една од главните причини за појава на несакана бременост, а потоа и на абортуси, кои значително влијаат врз репродуктивното здравје на жените.
Испитувањето покажало дека 24 отсто од испитаничките имале по еден абортус, а еден процент од нив имале и по девет абортуси.
Д-р Бранкица Младеновиќ од секторот за превентивна заштита при Министерството за здравство рече дека од 1.000 жени во земјава, дури 20 прават абортуси, и дека во последно време постои пораст на тинејџерски абортуси, односно кај девојки од 15 до 19 години. Таа објасни дека Министерството за здравство подготвува стратегија за контрацепција и репродук тивното здравје, во која акцент е ставен токму на младите луѓе кои на се помала возраст стапуваат во ризични сексуални односи. (Е.А.)

извор: Вест

Заиста фрапантно, али тако истинито.. :S
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 20 Дек 2009 22:31 #1366

  • rainbow
  • rainbow's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 64
  • Thank you received: 1
моментално пијам таблети,а инаку порано користевме кондоми а се случило и да се "пазиме" со прекинат однос дури не бев подобро информирана.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 28 Дек 2009 01:19 #6834

  • Slavica
  • Slavica's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Think pink!:)
  • Теми: 1735
  • Thank you received: 627
Планирам да имам односи со децко ми утре без кондом..до сега не сум пиела контрацептивни апчиња , денес купив Диане 35 па би сакала да ми дадете инструкција како се пијат и по колку..дали по секој одност треба да се пие по едно апче и итн..?
Последна промена: 28 Дек 2009 01:20 by Slavica.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 28 Дек 2009 01:24 #6840

  • kiki riki
  • kiki riki's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 115
  • Thank you received: 2
пилули за контрацепција се пијат секојдневно независно дали имаш однос или не, и првиот месец кога почнуваш со пиење користи кондом, зошто заштитата дејствува после еден месец а не веднаш, а ако денес пиеш утре не (т.е. нередовно) можеш да си направиш проблем со хормоните
В Н И М А Т Е Л Н О ;)
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 28 Дек 2009 02:01 #6850

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Славице, пилуле за контрацепцију не можеш тек тако да одеш и купиш..мораш прво да одеш код гинеколога, да те прегледа, да уради нека испитивања и он ти одреди које таблете можеш да пијеш..

Пилуле за контрацепцију се пију свакодневно у исто време,пију се 21 дан, толико их и има у једном паковању, па следи 7 дана пауза,тада добијеш менструацију, па поново цела кутија 21 дан..и прву таблету не можеш да попијеш кад хоћеш већ је повезано са менструацијом..

Ево један сајт о томе..

www.21dan.com/
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 28 Дек 2009 02:16 #6853

  • Mila87
  • Mila87's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 137
  • Thank you received: 23
Моментално пијам Yasmin, иако конкретната намена не му е за контрацепција. Засега добро ги поднесувам. Имам пиено и Diane 35 меѓутоа не сум многу задоволна од нив.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 28 Дек 2009 02:47 #6863

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
Slavica напишал/а:
Планирам да имам односи со децко ми утре без кондом..до сега не сум пиела контрацептивни апчиња , денес купив Диане 35 па би сакала да ми дадете инструкција како се пијат и по колку..дали по секој одност треба да се пие по едно апче и итн..?


Slavica, kontraceptivnite piluli ne se bomboni da si gi zemas koga sakas. Ne znam kolkuj godini imas no stom si seksualno aktivna naivno ke predpostavam deka si odgovorna polnoletna osoba.

Soveti za toa kako se zemaat prvite kontraceptivni piluli ne se baraat /dobivat na forumi i internet. Pravec na ginekolog i prvo edno temelno ispituvanje na hormonalniot status pa duri potoa razgovor so dokgtorot okolu ntoa koi apcinja da pocnes da gi zemas. Toj/taa - ginekologot ke ti objasni kako da pocnes i kako redovno da gi zemas.

Seksot ne e samo zadovolstvo tuku i golema odgovornost. Ako ne si spremna da se nosis so posledicite nemoj ni da se vpustas vo avantura nezastiten sex.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 28 Дек 2009 03:03 #6866

  • Slavica
  • Slavica's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Think pink!:)
  • Теми: 1735
  • Thank you received: 627
Jas imam 20 godini so decko mi sme zaedno 2 godini i pred 5 meseca imav prv pat odnos ( so kondom ). Bidejki pravev hormonski ispituvanja i imam problemi so ovulacijata ginekologot mi gi preporaca ovie apcinja da gi pijam vo kombinacija so Glukofaz. No ne ni pocnav da gi pijam apcinjava bidejki piev tableti na prirodna baza i isto taka ne gi kupiv za taa namena ( dokolku bi se desilo da imam seks bez zastita so deckoto ). Sum ucela za mnogu vidovi kontracepcii pa me interesirase kako se koristi ovoj vid na kontracepcija. Sepak ovie apcinja ne se igracka i podobro bi bilo da koristam kondom , ne bi sakala da si rizikuvam zdravjeto..sepak fala na odgovorite :) pozdrav
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 29 Дек 2009 02:46 #7526

  • rainbow
  • rainbow's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 64
  • Thank you received: 1
Slavica ако контрацептивните таблети се почнат на првиот до петтиот ден од почетокот на циклусот веднаш делуваат.јас ги почнувам на 5 ден во понеделник по шема ,а добивам секогаш во четврток. првиот месец се користи друг вид на контрацепција ако ги почниш во друг ден од циклусот,пример средина на циклус.сепак во право си дека не се играчка и подобро е кондом да се користи.јас ги пијам за друг проблем и искрено одвај чекам да ми ја прекинат терапијата.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 29 Дек 2009 23:42 #8044

  • Sanja-ss
  • Sanja-ss's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Celo e koga ima se
  • Теми: 21
Od koga se porodiv so mm koristime samo kondomi i razmisluvame da probame so drug vid kontracepcija i stvarno ne znam za sto da se odlucime, sto bi mi preporacale Vie koi veke imate nekakvo iskustvo so drug vid kontracepcija
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 30 Дек 2009 04:32 #8161

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1647
  • Thank you received: 569
Лично освен кондом,друга контрацепција не сум користела.Баш ме интересира дали постои друга заштита,а да не е штетна бидејќи дојам?
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 30 Дек 2009 13:15 #8224

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
Ние со мм до пред три месеци користевме кондоми и еден месец пиев јас пилули но се откажав од таа идеја.

Ако сакате да сте посигурни комбинирајте методи, на пример користете кондом и сепак мазот да ејакулира надвор и слично.

Инаку моментално не користиме ништо бидејки се обидуваме да останам бремена, и уф какво олеснување е да не се грижиш барем за тоа.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 30 Дек 2009 13:32 #8236

  • saligrem
  • saligrem's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 993
  • Thank you received: 87
Imeme koristeno samo kondomi. Tableti ili nesto slicno nemame koristeno i spored mene vlijae vrz zenata negativno ova e samo moe mislenje
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 10 Јан 2010 02:38 #12359

  • Slavica
  • Slavica's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Think pink!:)
  • Теми: 1735
  • Thank you received: 627
Imam edno prasanje , na 29 dekemvri pocnav za prv pat da pijam kontracepcija ( Diane-35 ) bidejki imam problemi so m.ciklus. Sega gi pijam veke 12-ti den i sekoj den imam mala tapa bolka vo predelot na jajnicite i mnogu malku krv na kilotite a m.ciklus mi zavrsi pred nekolku dena i ova nikogas ne mi se slucilo porano , pa dali e mozno da e nekakva reakcija od kontracepcijata ? :unsure:
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 10 Јан 2010 02:52 #12363

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
Slavica напишал/а:
Imam edno prasanje , na 29 dekemvri pocnav za prv pat da pijam kontracepcija ( Diane-35 ) bidejki imam problemi so m.ciklus. Sega gi pijam veke 12-ti den i sekoj den imam mala tapa bolka vo predelot na jajnicite i mnogu malku krv na kilotite a m.ciklus mi zavrsi pred nekolku dena i ova nikogas ne mi se slucilo porano , pa dali e mozno da e nekakva reakcija od kontracepcijata ? :unsure:

Nisto strasno, teloto senaviknuva nanovoto nivo na hormoni. Prvite 2-meseca znaat da bivad malku nezgodni dodekane se privikne teloto.
Jas od koga stanav seksualno aktivna koristam tabletki. Prvo Logest koi ne mi odgovaraa potoa Novial pa poslednite 3 godini Yasmin.
Nikogas ne sum imala nekoi problemi so tabletkite, nikakvi nus pojavi i eve ostanav bremena koga posakav.
So vistinska lekarska poddrska i soveti tabletkite se perfektna zastita. Spored mene eden od najgolemite izumi na 20 vek.
Последна промена: 10 Јан 2010 03:22 by Big Sister. Причина: пораки една по друга
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 10 Јан 2010 02:59 #12370

  • Slavica
  • Slavica's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Think pink!:)
  • Теми: 1735
  • Thank you received: 627
Jas prv pat gi pijam i sekoj den zebelezuvam mala traga krv ili sabajle ili navecer , procitav vo upatstvoto na diane35 i vidov dokolku se pojavi vaginalno krvarenje da se prekine zemanjeto na kontracepcija. Pa mislam deka najpametno e utre da ja prasam maticnata sto ke mi kaze :unsure: :unsure:
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 10 Јан 2010 03:05 #12375

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
Slavica напишал/а:
Jas prv pat gi pijam i sekoj den zebelezuvam mala traga krv ili sabajle ili navecer , procitav vo upatstvoto na diane35 i vidov dokolku se pojavi vaginalno krvarenje da se prekine zemanjeto na kontracepcija. Pa mislam deka najpametno e utre da ja prasam maticnata sto ke mi kaze :unsure: :unsure:

Vo sekoj slucaj sto god da pravis konsultiraj se so ginekolog prvo. Mislam deka maricnata lekarka po opsta medicina ne e dovolno komeptentna da te sovetuva vo ovoj slucaj- ti treba ginekolog.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 10 Јан 2010 19:11 #12644

  • Mila87
  • Mila87's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 137
  • Thank you received: 23
И на мене ми се случи ова Slavica, матичниот гинеколог ми кажа дека е така обично првиот месец додека да се навикне организмот. И овој месец ми се случи истото. Па сега ќе видиме као ќе биде, моментално ми е 4ти ден од кога ги прекинав па треба да добијам.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 10 Јан 2010 20:14 #12674

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Јас интензивно размислувам за контрацепција. Што да изберам не знам. Таблети нема затоа што дојам. Имам време уште неполни 2 месеца за да се одлучам.

Има некој искуство со спирала?
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 10 Јан 2010 20:42 #12682

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
Emilija напишал/а:
Јас интензивно размислувам за контрацепција. Што да изберам не знам. Таблети нема затоа што дојам. Имам време уште неполни 2 месеца за да се одлучам.

Има некој искуство со спирала?

Spiralata e mehanicka rabota, ne bi se odlucila za takvo nesto... jas licno..
Последна промена: 10 Јан 2010 20:44 by Zvezdicka.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Контрацепција 10 Јан 2010 22:07 #12715

  • Slavica
  • Slavica's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Think pink!:)
  • Теми: 1735
  • Thank you received: 627
Da , denes se javiv na ginekologot i mi kaza deka toa se javuva kaj tie sto prv pat pijat kontracepcija , i moze da potrae dodeka se navikne organizmot :)
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.