Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Едно дете-предност или не?

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 14:37 #231829

  • Simona`s mom
  • Simona`s mom's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 184
  • Thank you received: 73
  • Карма: 3
Еми не можеш да сфатиш зашто за тебе не е предност она што за некого е..
Ова е исто како да кажеш не можам да сфатам зошто некоја се омажила за некого кој е плав ,има зелени очи и таков и таков карактер,тебе може тој истиот да ти е непривлечен и да не го сакаш,а на некоја и е совршен избор..
Се работи за лична преференца и одлуката секој сам за себе ја носи ..
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: prasence, macika

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 14:42 #231832

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
ama prednost?? odluka da, sekoj si ja donesuva za sebe normalno e i svatlivo, ama ako se raboti za prednost mislam deka treba da imas objasnuvanje.......ne za nekogo tuku licno za sebe, koga ke te prasa deteto zasto e samo, zasto drugite imaat bratce i sestrice a toa ne, ke treba da odgovorite neli?

Ili ke odgovoris toa e moja licna odluka i zatoa?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 14:53 #231834

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
ama prednost?? odluka da, sekoj si ja donesuva za sebe normalno e i svatlivo, ama ako se raboti za prednost mislam deka treba da imas objasnuvanje...

Леле, ве читам од прееска и морам да се умешам.
Секој си има свои визии и преференци за својот живот. Јас лично мислам дека повеќе деца е ПРЕДНОСТ (може од финансиска гледна точка ќе се лишам од некои работи за сметка на второто дете, може социјално ќе се лишам од излегувања, ручеци со другарки и слично, може кариерата ќе трпи заради породилните отсуства... ама, повеќето деца се МОЈОТ избор и јас сум свесна на сите овие лишувања).
За некој друг ПРЕДНОСТ е нешто друго, согласно своите дефиниции и визија на СВОЈОТ живот.

Затоа сме тука да си кажеме кој, што и зошто мисли така, ама никако и да наметнуваме наши ставови на другите
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Simona`s mom, None-bt, Nebo, Octavia, Синоличка

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 14:54 #231835

  • Simona`s mom
  • Simona`s mom's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 184
  • Thank you received: 73
  • Карма: 3
Се разбира дека за себе имам објаснување,ама тоа е лично мое и за тебе можеби и не е легитимно или доволно или разумно или правилно..за мене е..
Јас стојам зад својата одлука,и тоа ми е единствен критериум..се разбира е важно и мислењето на маж ми и на керка ми и на никој друг..со керка ми кога разговарам за ова,гледам одговорите да ги прилагодам на нејзината возраст,ама не ја лажам и не се оправдувам..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 14:56 #231836

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
Sanja wrote:

Затоа сме тука да си кажеме кој, што и зошто мисли така, ама никако и да наметнуваме наши ставови на другите

So ova e kazano se, a ne da mi se pametuva deka sum rodila vtoro dete a sum nemala pari da go oblecam prvoto!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Simona`s mom

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 15:00 #231838

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
  • Карма: 111
Peasence, ajde ke te zamolam ako imas nesto da iskomentiras ponatamu za i vo odnos na temata poveli. Vakvi prepukuvanja edna so druga prakajte si preku pp.
Uste ednas ke ve zamolam site, razgovarajte, debatirajte, vlagajte vo dueli NO niski udarci, prepukuvanja, nekulturni izrazi, vreganja nema da bidat dozvoleni ponatamu.
Uste ednas vi blagodaram.
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: prasence

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 15:02 #231839

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
interesno, jas dobiv opomena a taa sto vrega ostana neprimetena. Izvinete , i slobdono moite postovi izbrisete gi.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 15:10 #231840

  • Mimi22
  • Mimi22's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • posle dozdot doaga sonce
  • Теми: 264
  • Thank you received: 87
  • Карма: 2
macika wrote:
Mimi 22 eve jas prva ke ti odgovoram uste pred se omazam bev resena da imam samo edno dete. (togas ne sum imala pojma ni kakvi ke mi bidat finansiite, ni dali ke mozam ili ne da imam deca i slicno).

Ма не е проблем да одговорам таман работа. Никогаш не сум била дечар. Не сум таков тип на човек.Никогаш не сум се замислувала себе си како мајчински тип на жена. Секако дека сум сакала да имам пород но и пред да се земеме со мажот ми ова му го кажав за да си знае и да не ме гњави после. Откако го имам моето дете ги сакам сите дечиња на светов. Ама и тоа не ја измени мојата одлука да имам само едно дете. Додуше сега одлуката е поради други причини, но ете се поклопи со она што претходно сум го посакувала. Само ми е криво што ми се случи да ми се искомплицира се во однос на детево па така да испадна моево едно да вреди ко за три. (мислам во поглед на гледање и подигнување).

Posto samo ti mi odgovori ke pisam sto mi bese poentata na prasanjeto.Dali dokolku rodese bliznaci ke se otkazese od ednoto zaradi zacrtaoto da imas samo edno,veruvam deka ne .Pocituvam sto iskreno si odgovori i razbiram deka se cuvstvuvas deka mozes da izgledas edno i si go kazuvas toa (bez da me svtis pogresno ili da mislis deka te potcenuvam ne mi e vo taa smisla muabetot) i toa e za pofalba .Ama se prikluciv na muabetov zasto sekoj si ima svoja pricina dali misli deka e prednost edno ili poveke deca i nikoj nema pravo da go osuduva ma kakva i da mu e odlukata.Jas ako poglednam nanazad mozam da kazam deka i jas bev so misla da ostanam na edno dete .Pricina mnogu se istrosiv na prvoto,finansiite koga se rodi ni bea strasni nesakam ni da pomislam bevme na dnoto ,ama koga ke pomislam kolku se borevme i se trudevme da mu obezbedime na deteto se sto treba i nikogas nisto ne mu zafali ,kolku ni davase motiv za da odime napred vo zivotot i deka svativme deka za nego vredi da se zivee svativme deka ke cuvstvuvame nedostatok ako ostaneme so edno detence.Toa e nasata odluka i mislime deka e ispravna
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 15:16 #231842

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
  • Карма: 111
prasence wrote:
interesno, jas dobiv opomena a taa sto vrega ostana neprimetena. Izvinete , i slobdono moite postovi izbrisete gi.

Prasence, taa sto vrega ne te spona so ime(nik), tuku samo si kaza svoe mislenje, svoj stav. A vie dve sto si imate i sto si znaete zaedno tuka jas nitu se mesam, nitu sakam da znam.
Ti ne i ostana pokusa i i odgovori na nejziniot post, taka da ne gledam veke ponatamu pricina nitu rezon da se prodolzi so peckanjata.
Nikoj tuka ne spomna za brisenje na nicii postovi.
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 15:16 #231843

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Dobar ti e postov Mimi ama se sveduva na toa demek onie sto se so edno dete uzivaat, a ovie so poveke deca demek zrtvi za decata ova zboruvam od aspekt demek ete nema da trosam na sebe ke trosam na decata. Abe ako ti kazam deka poveketo zeni koi gi znam tuka na forumot, a imaat po dve deca bogami ne sum primetila deka oskudevaat vo bilo sto. Naprotiv i so dve deca ziveat mnogu podobro od mene so edno. Ama toa e samo do finansiite. Nitu kuburat nitu se zrtvi. ;) Pa od taa gledna tocka mnogu e lesno da se komentira.
Последна промена: 06 Фев 2013 15:16 by macika.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Elicka, ivi

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 15:40 #231844

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
Јас гледам дека повеќето се чудите и се прашувате и сте против тоа зошто некои останале само со едно дете или па зошто некј се одлучил да чува куче место дете.Ете некој едноставно мисли дека едно дете му е доволно и дека е исполнет и среќен и така ќе си го живее животот.Јас сега неможам да кажам за нас дали ќе останеме со едно или здравје ќе одиме и на второ зашто Калина е многу мала и сакам да уживаме со неа,да ја израснеме па после тоа да видиме како стоиме,да видиме дали сме спремни и психички и физички а и финансиски.Кој сака нека каже ама покрај желбата и финансиите играат оромна улога за одлука да падне да се роди второ дете.Еве поаѓам од нашава ситуација,ние живееме под кирија,имаме две плати доволни за да си го истераме нормално месецот,да подмириме се и без да бараме помош од никој да го облечеме детето и да го задоволиме со играчки и ред други работи.И,нормално сакаме да ја однесеме на одмор,па на зимување и ред други работи за да и го направиме убав и интересен животот(значи не да се луксузираме)меѓутоа еден пристоен живот.И,ако се одлучиме за второ понатаму тоа сигурно нема да биде за да не остане само првото или за да не биде разгалено туку зашто ние сакаме и можеме да гледаме и второ дете.Јас пак ќе кажам сакам и три деца ама незнам дали ќе можеме да им обезбедиме се што им е потребно за еден нормален живот.
Затоа,немојте да осудувате некој што одлучил да си остане со едно детенце и да си ужива со него,или па да осудувате некој кој има две деца а неможел да им обезбеди некои работи па барал помош.Секој си знае за себе зошто избрал да има едно,две па и пет деца и никој нема право да осудува или навредува поради неговата одлука.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Simona`s mom, Nebo, macika, темјанушка

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 16:30 #231846

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
macika wrote:
Mnogu interesen tekst , a i komentarite pod nego se interesni za citanje.
www.zubarica.com/2011/03/18/zasto-je-bol...sestru/#.URJ-jR1fDSc

Macika sto kazuva ovoj text?
Nisto novo, ona sto i onaka go znaeme, deka se zavisi i od decata i od roditelite, nacinot na rastenje, u krajna linija od genite sto gi nosat.

Apropo temata, nema tocen odgovor.
Se si ima i prednosti i maani.

Povtorno zavisi od afinitetite na covekot.

Jas od sekogas sum sakala da ima tri deca, macika od sekogas sakala da ima edno dete, koja od nas gresi? Niedna, ona ja ispolnila svojatas, jas svojata zelba, nejze ubavo, mene ubavo.

Jas sum edinica, mm e edinec, imame realen problem deka imame nedostatok od rodnini, ama navistina, ja imame samo majka mi, posto majka mu na mm e umrena odamna, tatko mu zivee vo Crna Gora.
Zivoto na moite deca go zamisluvam vo splotenost i megjusebna ljubov, razbiranje i pocit. Taka gi ucam, kako ke ispadne, krajot ke pokaze. Ova mi e, osven da se zivi i zdravi, edinstvenata zelba vo zivotot!
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara, Nebo, macika, ivi

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 16:39 #231847

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
И јас си го имам замислено животот со 3 деца (имав замислено веќе да ми се родени, ама ете некогаш не излегува се според план и замисла), а со моиве бремености ќе бидам пресреќна второво да ми се роди здраво и живо и не знам дали некогаш ќе се нафатам за трето :(

И ќе ви кажам една моја себична страна-една од причините зашто сакам второ дете е да ги осетам сите оние "маки" кои се доживуваат со бебе, едноставно сакам бебе и се што носи со себе. Како да морам тоа пак да го доживеам. Од друга страна, сакам повеќечлено семејство и страшно ми е жал што мислам дека нема да имам три деца, а не можам да опишам колку сакам. Тоа се моите чувства, мислам дека едно дете не е предност, туку повеќе, нормално не по секоја цена (сепак разумно да се размисли околу нервите за гледање на тие деца, финансиите-не во случај да се оскудни и т. н.).
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 17:11 #231854

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7891
  • Thank you received: 5648
  • Карма: 121
None-bt wrote:
Big Sister wrote:
None-bt wrote:
В Има различни причини зошто некој се одлучува да имам само едно дете, многу од нив не разбирам, но не значи дека осудувам нечиј избор. Ете конкретно пример од мојата околина, роди едно дете за да се смеша со луѓето, и ако има можности не сака уште едно затоа што и ова било напорно и не можела раат да седи, а камоли две, тоа е веќе себичност за мене. Е не знаев дека да се биде родител значи да се гледа прво сопствениот раат, јас мислев дека треба да се гледа на детето.

Не осудуваш, ама сепак судиш дека е себична мајката која од своја лична причина решила да не роди второ.

Ako ne osuduvam ne znaci deka nemam pravo na svoe mislenje, i toa mislenje i licno i go imam kazano.

Не си ме разбрала - велиш дека не ја осудуваш, а не е така, кога веќе подолу кажуваш дека е себична затоа што си гледа свои интереси, а не на детето. И кои се тие интереси на детето, кои ќе бидат задоволени ако мајка му роди второ дете, живо ме занима? Дали тие деца ќе бидат среќни што имаат нервозна мајка. По фер е нејзиното што искрено си кажува зошто не сака второ, отколку за да исполни квота да роди уште деца.

prasence wrote:
ama prednost?? odluka da, sekoj si ja donesuva za sebe normalno e i svatlivo, ama ako se raboti za prednost mislam deka treba da imas objasnuvanje.......ne za nekogo tuku licno za sebe, koga ke te prasa deteto zasto e samo, zasto drugite imaat bratce i sestrice a toa ne, ke treba da odgovorite neli?

Ili ke odgovoris toa e moja licna odluka i zatoa?

А зошто ти или некои други сте решиле да имате две (или повеќе деца) ?
И што ќе и одговориш на ќерка ти ако ти рече за некоја година - а мамо да родеше уште некое бебе, сега сакам сестриче, да си играме кукли со неа, оти бато е машко?
И што има лошо тоа што е нечија одлука да остане со едно, па макар било и за да му е полн новчаникот?

Или треба да родам второ за да се ослободам од вина пред детето и да се спасам од можноста некогаш да ме праша зошто е само?

Деца не се раѓаат ради децата, туку убаво посочија некои членки - затоа што сакаме ние, затоа што тоа е наша одлука и желба да се реализираме како родители или не.
Дали ќе биде некој родител на 2-3 не го прави повеќе родител, човек со поголемо срце и љубов од оној кој има само едно. Секој си решава за својот живот секој си ја бара својата среќа. И многу ми е смешно што се смета по некои непишани правила дека реализиран родител и среќен е оној кој има минимум 2 деца.

И не го велам ова затоа што сум останала со едно, од оправдани причини (мада знам да речам ја ќе родам уште едно до 45 затоа што ми е желба :D ), туку затоа што најискрено велам дека не треба да се суди никому и секој си е господар на својот живот.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 06 Фев 2013 17:47 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika, Glasna*

Ре: Едно дете-предност или не? 06 Фев 2013 23:10 #231864

  • Glasna*
  • Glasna*'s Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 98
  • Thank you received: 36
  • Карма: 0
prasence wrote:
*Glasna duso, i so mnogu pomalku mozes da oformis srekno semejstvo so minimum dve deca, parite i bogatstvoto mozebi sekogas ke te odminuvaat, ama sreknite detski ocinja nautro sto te budat ti davaat samo pogolema sila da se boris i da obezbedis poudoben zivot.
I da sekoj sprema potrebite, jas ne sum doterana kako od spisanie, ne odam na zimovanje vo luksuzni hoteli, ne letuvam so mnogu pari, i decata mi se skromni no zadovolni.

koga se spomnuva "mnogu pomalce"toa shto znaci,spored tebe??? ic???ili kolku za edna normalna ziveacka??Se trudam da te razberam shto sakash da mi objasnish ,oti po tret pat pishuvam deka so bez nikakvi finansiski sredstva da se raga deca za mene ne mi vo normalni granici..za da se isplanira edna bremenost...
jas se pronajdov vo postovite na Majsi i Cize...Samo shto vo mojot slucaj nemam deca,skoro osum godini kolku shto sum vo brak..sega poradi zafatenosta so moite (dve) raboti i rabotata na mm nekako se naviknavme samo na nas dvajca,finansiski sega za sega stoime dosta dobro..taka da od toj aspekt nemame problem,nego koga planiravme na pocetokot na brakot za bebe,imav spontan vo poodminata bremenost i od togash sme na stand by za deca..i sega za sega ubavo ni e taka :) ..samo od vreme na vreme majka mi mi mrci :jok: ..ama mene ne mi treba zeleno svetlo(bilo od koj) za moj zivot :zauska:
Последна промена: 07 Фев 2013 05:02 by Big Sister. Причина: citat
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, macika

Ре: Едно дете-предност или не? 07 Фев 2013 02:28 #231865

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Macika sto kazuva ovoj text?
Nisto novo, ona sto i onaka go znaeme, deka se zavisi i od decata i od roditelite, nacinot na rastenje, u krajna linija od genite sto gi nosat.

Apropo temata, nema tocen odgovor.
Se si ima i prednosti i maani.
:yes:

Mama Maja prvin blagodaram sto si go otvorila linkot i procitala.
A sekako deka ne e nisto novo, no dobro bese vo diskusijata koja se razvi ovde na forumot malku ovie so poveke deca da prestanat da gi napagjaat ovie koi imaat po edno dete i da ne gi zemaat nivnite argumenti (ili navodno ne gi gledale) pricinite za edno dete.

Prvite stranici od temata ima mnogu ubava diskusija. Tamo e mojot post koj saka neka si go procita. Ovaa tema otide vo druga nasoka posle postot na Damjana. (koja ete ne mislela taka no svesno ili nesveno navredi poveke clenki tuka)Pa na toj post se nadovrzaa mnogu drugi clenki i temava se pretvori vo branjenje na stavovi.

Nemozam jas tebe da ti kazuvam da imas edno dete ili tri deca ili ti mene. Toa e individualno cuvstvo. A za prednostite koi gi navedoa nekoi clenki tekstot koj go postirav kazuva deka ne sekogas brakata i sestrite se prednost i ne sekogas e prednost da si sam bez niv.

I mnogu clenki tuka ispadnaa zrtvi za svoite deca, za razlika od onie sebicnite koi imaat se samo zatoa sto imaat edno dete. Uf sto bi sakala da e taka. Ama togas sigurno ne bi imala edno dete. ;)

Bidete mi pozdraveni i redno e da odjavam od temava. Kazav se sto imam duri imav i doblest da bidam iskrena do kraj. :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 07 Фев 2013 09:06 #231906

  • Elicka
  • Elicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Животот е убав
  • Теми: 258
  • Thank you received: 103
  • Карма: 4
Јас отсекогаш сум сакала едно дете, уште како мала, дури не се сеќавам од кога. Се прашувам дали тоа е заради моите караници со брат ми како деца? Или неможност да имам се што сакам? Не можам да сфатам како некои од членките го исклучуваат финансискиот фактор. Можда не почувствувале недостаток на финансии? Ако парите не играат улога па исто е едно, две, три или пет-шест деца. Ако не требаат пари за дете зошто тогаш 2? Зошто не 3 деца? И зошто постои тој стереотип од 2 деца, зошто пак не се осудуваат оние со 3, 4 и 5 деца, а немаат да ги прехранат буквално. Напишав дека секогаш сум сакала едно дете, но имало моменти после раѓањето на ќерка ми да се двоумам за ова и кој знае ако сака Господ може ќе имам уште некое.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 07 Фев 2013 12:17 #231937

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
Aj da napisam uste ednas i da stavam kraj na temava pa i na forumov.

Rodiv vtoro zatoa sto sakavme da imame dve deca, isto kako sto za nekoi od vas ubavina e deteto da e samo, za mene e prekrasno koga semestvoto e so poveke decinja. Ne go rodiv sin mi za da bide igracka na kerka mi, oni se 5ipol godini razlika i normalno nema da igraat zaedno bidejki razlikata se primetuva, ama ke si bidat tuka eden za drug koga ke potporasnat. I da ke rodam i treto ako Gospod dade, a ne ako se zbogatam. Ne rekov ne trebaat ic pari za decata rekov deka ne treba mnogu.
Последна промена: 07 Фев 2013 15:31 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 07 Фев 2013 12:39 #231939

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
prasence wrote:
I da ke rodam i treto ako Gospod dade, a ne ako se zbogatam. Ne rekov ne trebaat ic pari za decata rekov deka ne treba mnogu.

A kolku ne si vo pravo so poslednava recenica, ke uvidis, zdravje, koga ke ti porastat decata.
Cel zivot im se smeam na starite na nekoi izreki, od tipot mali deca, mali gajlinja, golemi deca golemi grizi.
I sekoja smeska od glava mi se mavnala koga-togas. :mdf:

mamicka wrote:
Me interesira kako toa vo Makedonija se stanuva milijarder :what:

Lesno, ama potrebna e pomos od drzavata :)

:muahaha: :muahaha: :muahaha:
Goooolema devalvacija, i site ke staneme milijarderi :muahaha: :muahaha: :muahaha:
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
Последна промена: 07 Фев 2013 12:46 by MamaMaja.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 08 Фев 2013 07:32 #231991

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
  • Карма: 16
Кога бев помала велев „Првото дете се раѓа од љубов, второто дете се раѓа за да му прави друштво на првото, а третото е веќе грешка“. Ова го кажував да ја зафркавам сестра ми која е помала од мене 18 месеци. Кога сум размислувала за деца секогаш сум мислела дека ќе имам две. Но животот, за жал не е онаков како што понекогаш го замислуваме. Јас ќе останам со едно дете. Е сега, ако упали она што го викаше докторот имате one in a million chance да имаме дете по природен пат тогаш супер. Па од тие причини и не размислувам многу едно дете дали е предност или не. За мене е предност и тоа голема. Но, пак, како да не биде предност. А, да немате воопшто? Секое дете е предност, без разлика дали е едно или се повеќе, барем јас така мислам. Да, ако има братче или сестриче ќе биде добро, ама па ќе му биде и добро ако е и сам. А за она што кажувате дека во иднина ќе си бидат потпора еден на друг тоа зависи од многу работи меѓу кои и од родителите, односно начинот на кој функционира семејството. Знам многу луѓе кои и не се толку блиски со своите браќа или сестри, има некои кои и воопшто не разговараат, и тоа што е најжално е заради имотно-правни односи, значи пак финансиите се во прашање.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, LiMan, Majsi, macika, ivi

Ре: Едно дете-предност или не? 08 Фев 2013 09:40 #232003

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
Tara wrote:
Кога бев помала велев „Првото дете се раѓа од љубов, второто дете се раѓа за да му прави друштво на првото, а третото е веќе грешка“.

Се надевам дека не мислиш и понатака вака, зашто паѓа во вода се останато што напиша...
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 08 Фев 2013 10:17 #232008

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
Tara wrote:
Јас ќе останам со едно дете. Е сега, ако упали она што го викаше докторот имате one in a million chance да имаме дете по природен пат тогаш супер. Па од тие причини и не размислувам многу едно дете дали е предност или не. За мене е предност и тоа голема. Но, пак, како да не биде предност. А, да немате воопшто? Секое дете е предност, без разлика дали е едно или се повеќе, барем јас така мислам.

Prednost i dar od boga se decata, kolku poveke tolku poubavo.
Nekoj ima mnooogu pari ama se bori i za edno, a nie ovde se prepukuvame kolku bilo dovolno. Sekoj kolku saka neka si rodi, a mama Maja ako rodam treto zdravje za edno 4-5 godini ke vidam sto sakas da mi kazes, bidejki sega mislam poinaku. Da golemi deca golemi gajlinja, ama pa i bez gajlinja ne se zivee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 08 Фев 2013 11:09 #232014

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
Ne be srcka i da ne rodis treto ke ti se kaze, za edno 10-12 godini ;)

Zivotot bez deca ne e zivot, za mene, ama mojot odgovor bese na toa deka ti kaza deka ne treba tolku mnogu pari za decata. Kolku mnogu treba ke ti se kaze sekako, samo da ti se zivi i zdravi i tebe i na site! :srce:
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
Последна промена: 08 Фев 2013 11:34 by Tessi.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: prasence

Ре: Едно дете-предност или не? 09 Фев 2013 04:55 #232065

  • Glasna*
  • Glasna*'s Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 98
  • Thank you received: 36
  • Карма: 0
prasence wrote:
Tara wrote:
Јас ќе останам со едно дете. Е сега, ако упали она што го викаше докторот имате one in a million chance да имаме дете по природен пат тогаш супер. Па од тие причини и не размислувам многу едно дете дали е предност или не. За мене е предност и тоа голема. Но, пак, како да не биде предност. А, да немате воопшто? Секое дете е предност, без разлика дали е едно или се повеќе, барем јас така мислам.

Prednost i dar od boga se decata, kolku poveke tolku poubavo.
Nekoj ima mnooogu pari ama se bori i za edno, a nie ovde se prepukuvame kolku bilo dovolno. Sekoj kolku saka neka si rodi, a mama Maja ako rodam treto zdravje za edno 4-5 godini ke vidam sto sakas da mi kazes, bidejki sega mislam poinaku. Da golemi deca golemi gajlinja, ama pa i bez gajlinja ne se zivee.

Muabetov prasence :blink: ...ko demek ovie shto imaat poveke pari patat oti imaat pari za troshenje po lekari,dodeka ovie shto pomalce imaat(spored tebe)od gospod oslobodeni se oti se nema pari i im dava deca bez nikakva maka :krsti: ...jas prvpat slusham vakvo neshto...
Последна промена: 09 Фев 2013 05:01 by Glasna*.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Едно дете-предност или не? 09 Фев 2013 05:13 #232068

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
glasna ne mi bese toa muabetot.......sve zivo isprevrte ama taka ti e kejf neli :)
i jas prv pat slusam takvo nesto, neznam kaj ti otide umot dodeka citase sto sum pisala

Rekov NEKOJ a ne SEKOJ
The administrator has disabled public write access.