Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Едно дете-предност или не?

Едно дете-предност или не? 21 Сеп 2010 17:55 #53912

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2977
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Не сум во положба да кажам нешто што би се однесувало за во иднина :poimnemam:
Доколку е едно целото време и внимение е кон него. Исто е сакано дали е едно или повеќе, но времето осветено на детето е различно. Сепак пресудно е домашното воспитување.
Без разлика колку се, сите се исто мазени и разгалени
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 21 Сеп 2010 18:47 #53928

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Јас сум единица и не сум ни разгалена, ни себична....и случајно во друштво имав уште две другарки единици и ниедна од нив не беше ниедно од ова. Јас не се соглаувам со ова мислење. Напротив, знам многу браќа и сестри (еден пример се полубратот и полусестрата на мм) кои се посебични и поскржави и не разговараат меѓу себе. Се зависи до воспитувањето...ако му се дозволува и купува се што ќе посака, се разбира дека ќе биде разгалено.

Сепак многу сум сакала да имам постар брат, заштитник....а денес би сакала да имав сестра...за поддршка.

Од секогаш знаев дека ќе имам барем две деца....зашто сепак сметам дека е убаво, особено ако се блиску во возраст, па да си растат заедно.

А што се однесува до финансиите, мислам дека ако се има за едно, ќе се има и за второ.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 21 Сеп 2010 19:16 #53935

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
  • Карма: 14
воопшто не ми беше намерата да се фокусираме на разгаленоста,ја спомнав во уводот зашто многумина сметаат кога некој е единец по default е разгален.темата ми е колку мислите дека едно дете кога останува единец, од една страна е предност ,а од друга страна недостаток.
јас сум дете на родители кои се единци,значи сум растела без потенцијални тетки,вујковци,први братучеди....па и денес не е нешто многу поразлично.од моја страна ги имам моите родители и сестра ми .сакам да кажам мал круг на луге , блиски луге кои даваат љубов.не дека нешто ми фали,ама еве да го набројам ова како недостаток.
ме нервираат пак од друга страна изјавите од типот греота е да се остави само детето на светот.како второто дете да се рага од причина само колку да не биде само првото!

во тој контекс ми беше темата ...кои според вас се предностите и непредностите(ајде да не биде недостатоци-грубо звучи)доколку некое дете од икс причини(во тоа не навлегувам)остане единец!?
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 21 Сеп 2010 20:15 #53949

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Отсекогаш ме провоцирало тоа размислување за единците, па морав да одговорам. А и го сфатив како составен дел на темава...

Инаку, не е страшно да остане едно дете само, но секако сметам дека детството ќе му биде поисполнето ако расте со брат или сестра.

Има работи кои што може да се кажат само на брат или сестра...некои само на родител.

И како што реков, ако се има пари за едно дете, тогаш може да се изгледа уште едно дете...финансиите не треба да се оправдување за да не се има барем дете.

Има родители кои што сметаат дека им е доволно едно дете и дека им треба повеќе време за нив самите, и јас не ги осудувам...Се разбира дека второто дете значи поголем ангажман и помалку време за себе и не секој е спремен на тоа. Но ако партнерите меѓусебно си помагаат и тоа може да се надмине.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Adelle

Едно дете-предност или не? 22 Сеп 2010 02:31 #54036

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
Јас како единица и маж ми како единец се одлучивме да имаме три деца токму поради тоа што сметавме дека не е добро да се биде единец. Од Х причини. Најважната она што е многу важно, можеби најважно - семејството. Имаме многу ситуации кај што ни фали некој свој, за радост, за мака, за добро, за лошо. Пријателите се тука, ама тие имаат свои браќа и сестри, а ние не.
А гледајќи ги моите деца како растат, како се сакаат, како се смеат и уживаат многу, многу ми фали тој дел од моето детство, од животот, сон кој никогаш не ми се остварил - да имам брат или сестра!
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: ZZ, Minka

Едно дете-предност или не? 22 Сеп 2010 11:08 #54055

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Секој со своите размислувања и со своите можности, мој личен став е повеќе деца повеќе предности :)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 22 Сеп 2010 11:54 #54079

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Tocno e toa deka dve deca dupli obvrski i dupli pari. No ako se saka se se moze. Vistina e deka zivotot mi se smeni otkoga se rodi Marta. Bukvalno nemam vreme za sebe,go zapustiv pogolemoto dete kako ti si golema mozes sama i celo vnimanie na bebeto. Mislam deka vredi da ja podnesam ovaa zrtva bidejki decata se bogatsvo, Iva ke si ima sestricka vo zivotot,a i nie pogolema familija. Nekogas se zaprasuvam dali trebase da ja rodam Marta, ubavo ni bese so golemo dete,ke imavme i poveke finansii no da ne kudam na gospod. Neka mi e ziva i zdrava.:)
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 22 Сеп 2010 12:18 #54085

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Секој избор има предности и маани, и едно дете да е и да се повеќе.
Ако е едно родителите можат максимално да му се посветат, да не ги делат (на 2-3 деца) трошоците за него, да му приуштат поквалитетна гардероба, подобри одмори, поквалитетно школување, повеќе воншколски активности, понатаму полесно стамбено да го обезбедат... итн. да не набројувам. Но од друга страна другар и брат/сестра не е исто. Го знам тоа по себе, моите родители кои се и двајцата по 3 деца, и ние сме 3 сестри, а мм е единец.

Е сега, од другата страна на паричката се 2-3 или повеќе деца, кои секогаш ќе си бидат другарчиња без оглед на нивната возраст (и ако се така воспитувани). Со текот на времето разликата во години се "измазнува" и помалку се забележува. Имам 7 години помала сестра и се разбираме толку добро, што не мора ништо да кажам, од поглед си читаме што сакала да каже другата. Брат/сестра значи безусловна поддршка, љубов, прифаќање, разбирање... не излегла џабе поговорката - крвта вода не бидува. Но затоа пак, ако семејството не е со големи примања, кога треба да се купат 3 пара патики тие нема да чинат по 50 евра туку многу помалку и на одмор нема да одат на море во all inclusive туку ќе си летуваат во Охрид. Карикирам сега, да не ме сфатите буквално.

Значи родителите, секој со свои сфаќања и размислувања го прави изборот дали сака и може да има повеќе од едно дете. За жал, во денешно време условите за живот многу ни ги одредуваат овие одлуки...
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 22 Сеп 2010 13:05 #54105

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 953
  • Thank you received: 338
  • Карма: 7
I jas imam samo edno dete i mislam deka i taka ke ostane bidejki situacijata vo koja sto sme nie kako semejstvo i uslovite koi gi imame se takvi da koga bi imale uste edno dete mislam deka bi bilo macenje za site nas, i za pogolemoto dete i za maloto a na kraj i za nas kako roditeli. Nemislam deka nesto posebno ke mu nedostasuva ako ostane edinec bidejki non-stop slusam promeri kake sto rodeni braka i sestri ne sakaat da se vidat i se ispotepuvaat za nasledstvo. Znam deka ova e do vospituvanjeto i do ona kako ke si gi naredis rabotite i odnosite vo semejstvoto, no sepak e cest primer. Mislam deka e podobro da bide sam i da ima pristojni uslovi za zivot, otkolku da ima brat ili sestra a da mizeruvame i sega i ponatamu koga toj ke si oformi semejstvo. Inaku koga bi imala podobri uslovi voopsto ne bi razmisluvala i bi sakala poveke deca
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 22 Сеп 2010 15:57 #54157

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2790
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26
neznam koja e prednosta deteto da e edinec :wtf:
ednostavno , mislam deka deteto treba da ima brat/sestra , sekako ako uslovite na zivot go dozvoluvaat toa , a ne po sekoja cena
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 22 Сеп 2010 16:10 #54165

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2977
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Повеќе деца = повеќе радост за мама и тато, баба и дедо, повеќе бели влакна во коса, повеќе брчки на чело, повеќе непроспиени ноќи, повеќе пара патики пред врата, повеќе јакни на закачалка, гужва во кола, од време на време мешање имиња на деца (во афект кога треба да се искараат за некоја беља :zelen: )

Едно дете = радост за мама и тато, баба и дедо, наспиени (колку-толку) мама и тато, повеќе време за себе, поквалитетно време поминато со детето, полесна организација за чување, нема мешање на имиња ;)

Се зависи од тоа што сакаш. Според мене себично е и она, за да не биде само ќе родиме уште едно. Родителите се себични за себе, ако е само тоа причината. Но кај било која жена кај која се активирал мајчинскиот инстикт, таа причина можеби е само колку да се каже, колку да се даде отчет наглас, не верувам дека навистина мисли така.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: ZZ, Mama Ane

Едно дете-предност или не? 24 Сеп 2010 03:35 #54693

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
prednost? ma kakva prednost???dobro ajde finansiite do nekade mada i toa ne mi drzi voda.da planiras privatni skoli i fakulteti pa da racunas kolku i kako.veruvam deka ima familii koj sto nemozat kraj so kraj da vrzat ama za jadenje i obleka,kade za edno pa tamu i za drugo.ne se toa trosoci za koi sto bi trebalo da se odreceme od 2ro,3to dete.

nema nikakva prednost so edno koga kje vidam kako golemoto go tesi i guska maloto koga place i obratno.ili koga ne se videle podolgo vreme.koga napravile nekoja belja pa zedno ne driblaat so mm.ili koga ednoto go sska drugoto za nekoja rabota.nema sporedba.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка

Едно дете-предност или не? 24 Сеп 2010 11:43 #54712

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
Според мене доколку семејството има услови, и тука не зборувам само за финансии и материјални услови, дека е подобро да не се остане само на едно дете, и тоа не само за детето, туку и за родителите.
Додека растев сликата на идеално семејство ми беше мајка, татко и 2 деца :laugh: . Тоа е она што сега имам, но ми се смени сликата и сега сметам дека уште поиделано е она со 3 деца (иако за сега не планирам трето ;) ).
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 24 Сеп 2010 12:37 #54747

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Јас сум единица, мм се 3 деца, доколку не споредите нас двајцата ќе забележите дека размазениот е токму тој. јас секогаш сум била една, сама сум го кршела мразот за било што во животот, за излегуцање со другарки, за останување надвор до подоцна, за одење на одмор сама со друштво...а мм е научен се да му биде подготвено, донесено, исчистено, средено, бидејќи свекрва ми го правела тоа подеднакво за сите нив. Доколку родителите имаат финансиски , а да нагласам и здравствени можности не треба да остануваат со едно дете. Да беше убаво да си сам јас прва ќе ја оставев ќерка ми единица. Никогаш не су ја почувствувала радоста да имаш брат или сестра и да ги споделиш добрите па дури и лошите работи со него/неа. Не сакав истото да се случи и со ќерка ми. Предноста да се има едно дете е предност за родителите, а никако не за детето.
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 24 Сеп 2010 13:41 #54803

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
MamaMaja wrote:
Јас како единица и маж ми како единец се одлучивме да имаме три деца токму поради тоа што сметавме дека не е добро да се биде единец. Од Х причини. Најважната она што е многу важно, можеби најважно - семејството. Имаме многу ситуации кај што ни фали некој свој, за радост, за мака, за добро, за лошо. Пријателите се тука, ама тие имаат свои браќа и сестри, а ние не.
:OK:
Ова го потпишувам за мм, кој е единец. Тој истото го има кажано неколку пати. И затоа не се сложувам дека е предност.
Е сега дали некој ќе реши да има едно или повеќе деца, сепак е негова работа и ниту судам ниту се чудам. Сите сме различни.
Јас отсекогаш сонував да имам повеќе деца, но приликите се такви какви што се и ништо чудно да остане Никола единец.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 24 Сеп 2010 14:25 #54845

  • natasa imenjacka
  • natasa imenjacka's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 21
  • Thank you received: 1
  • Карма: 5
Nie sme dve deca, maz mi cetiri a imame dve.Mislam deka e dobro povekecleno semejstvo i za dobro i za zlo.Tesko e da si sam.Ne mi e tolku bitna finansiskata strana kolku podrskata od bliskite.Drugar si e na drugar mesto , brat ili sestra e drugo.Ne sakam dete da e samo vo zivotot.No ako prilikite se takvi ne e strasno neka se zdravi i zivi site.
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 24 Сеп 2010 14:27 #54846

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
delfin76 wrote:
neznam koja e prednosta deteto da e edinec :wtf:

Taka e delfin76 :OK:
Ne ni postoi. Mozebi za roditelite, no za deteto vo nikoj slucaj :ne:
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 24 Сеп 2010 14:45 #54863

  • lida
  • lida's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 243
  • Thank you received: 57
  • Карма: 2
mislam deka i za roditelite nema prednost, eve zosto jas nemam ni brat ni sestra mojte edvaj mene me dobile i tolku nemalo posle toa prilika (zdravstvena)da se ima drugo, i jas sum rastena sama i nekako sum si naucena na toj zivot neznam kako e so brat sestra veruvam deka e ubavo no ete taka trebalo da bide i sum pomirena so vreme deka nema da imam, e sega momentalno imam edno dete a sigurno planiram uste edno ako ne i dve:) osven sto deteto ke siima drugarce , potpora za cel zivot i vo dobro i vo loso, i jas kako roditel ke bidam pobogata so poveke deca ponatamu so poveke vnuci, mnogu mi e zal nekogas koga majka mi me sovetuva da imam poveke deca i place i sekogas vika nemav sreka da ti di poklonam sestra ili brat ama ako mozes ne se ostavaj so edno , boli, baba mi pokojna ke ja tesi od edna iskra vika zar pa se nadevam deka nema da go ostavam moeto dete samo.
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 21 Окт 2010 14:26 #63545

  • Ackova
  • Ackova's Avatar
  • Offline
  • new born
  • идна мамичка
  • Теми: 182
  • Thank you received: 30
  • Карма: 4
jas si imam uste dve sestricki, i ne da ni e ubavo super nie. Jas sum najstara a oni se razlika samo godina i nesto. Postojano zaedno si izleguvaa, a koga veke porasnaa pocnavme poveke da se druzime. koga ednata ima problem tuka sme dvete da i pomogneme. Koga ednata sestra se razveduvase, mi vika dado ako ne bevte vie neznam sto ke pravev. Jas trcav po sudovi sobirav dokumenti, malata i go cuvase deteto, ona morase i na rabota. A zamislete da e sama, nema koj da i pomogne. Pa koga pravev svadba so zolvame se napred bea, se iznaigraa edna atmosfera sto mi napravija....
A toa sto se karaat za naledstvo, najcesto e potiknato od partnerot i se zavisi od vospituvanje.
Последна промена: 21 Окт 2010 14:27 by Ackova.
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 21 Окт 2010 14:37 #63552

  • saligrem
  • saligrem's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 993
  • Thank you received: 87
  • Карма: 14
Jas mislam deka edno dete ne e prednost. Poveke deca poveke radost vo semejstvoto
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 21 Окт 2010 15:12 #63573

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Јас сакам повеќе деца. Барем 3.
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 21 Окт 2010 15:42 #63583

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Сакам повеќе деца, порано со мм си викавме дека ќе имаме 5, ама како што поминува времево, препресреќни ќе бидеме со 3, дај Боже.

Мислам дека само од финансиски аспект едно дете има некаква предност, нормално, многу повеќе нешта може да добие, материјални. Но за сите се поважни оние нематеријални работи-друштво, игра, љубов, внимание.... и тн., да не набројувам. Незаменливи се моментите поминати со сестра, брат, затоа и сакам да имаме повеќе дечиња. Нормално, би се труделе да ги воспитаме на заемна љубов и почит, за да вистински да сфатат што значи братска љубов :) .
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 21 Окт 2010 15:51 #63590

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
  • Карма: 9
Никогаш не мислев дека едно дете е предност, особено бидејќи имам сестра и не дека сме толку блиски денес,но детството е едноставно побогато со брат, сестра...
Порано си планирав да имам барем 2-3 деца :laugh: а сега како што ми е напорен периодов и со едно дете, неможам ни да си замислам уште едно, но ќе биде и тоа, се надевам, сепак не би можела да дозволам моето дете да не ја осети убавината да имаш братче или сестриче....
The administrator has disabled public write access.

Едно дете-предност или не? 21 Окт 2010 15:54 #63592

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Ima mnogu parametri za toa kolku deca se prednost. Nekade finansiite ne se presudni, gi ima dovolno pa pak se ostanuva na 1 dete.
Drugo, gledanjeto na deca ne e ednostavna rabota. Jas ne bi go zanemarila ni zivotot na roditelite. Ne sum za toa po sekoja cena da se odi na kvantitet. Vo denesno vreme koga site rabotat, koga sekade se brza, koga zaednicite se socineti samo od bracen par so deca ne gledam mnogu uslovi za mnogu deca. Sepak, za niv treba da se pazari, gotvi, cisti, seta, igra so niv ... treba da se odi i na rabota, pa zavisi od rabotata moze i doma da ima potreba da se zeme del od rabota ... Koga ke potporasnat treba da se zapisat vo dobri skoli, da se raznesuvaat po aktivnosti ...
Da ne se lazeme, licniot zivot trpi za smetka na se' ova. Skoro site majki vo nekoj svoj post go kazuvaat ova. Drugo bilo vremeto koga vo 1 zaednica imalo i svekrva, i snai i kerki ... pa zenite bile doma za da se grizat za decata. Tie uslovi se ponormalni za gledanje na 3, 4 i 5 deca.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Zaharija, Zlatna

Едно дете-предност или не? 21 Окт 2010 20:33 #63706

  • jasmina 25
  • jasmina 25's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 802
  • Thank you received: 64
  • Карма: 7
i jas ne sum za edno dete kako sto veli saligrem poveke deca pogolema radost vo semejstvoto,jas sakam a i taka planirame so mm zdravje 3 deca....:)
The administrator has disabled public write access.