Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Кога е премногу рано ?

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 07:48 #222604

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
Битно е што подразбираме под зрелост.. Дали е тоа човек кој со сериозност им пристапува на работите, кој серизно размислува при донесувањето на одлуки... Ако е тоа, тогаш зрелоста не е толку врзана со годините. НО, мудроста мислам дека е. Со текот на годините животот не' учи на многу работи, дури и ни ги менува ставовите сфаќањата... Тоа е она што би влијаело во донесувањето на одлуки.
Сепак, мислам дека не треба да се влегува рано да се влегува во брак. Што е рано? Не знам, еве во главата имам некоја граница од 25 годни (затоа што ми е некако поврзано со завршување на студии и евентуално наоѓање на работа). Мислам дека е добро, доколку е можно човек да има некаква каква - таква самостојност и независнот пред да влезе во друга заедница. Јас се омажив на 28 години и дури и од оваа перспектива сега ми личи како тоа да бил вистинскиот момент. Но, имам примери во мојата околина кои имаа стапено во брак во студентски денови и се' уште се заедно и имаат добар брак. Правила нема, секој си е со својата среќа, но сепак мислам дека не треба да се брза за брак, затоа тшто тоа е сериозна заедница која бара посветеност, а за ова мислам дека не сме подготвени на 17 или тука некаде години. :)
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 08:03 #222607

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
Јас малку поопшто размислувам за темата. Значи ако исклучиме брак,лични интереси како шетање, учење, уживање, материјални сретства итн. мислам дека секоја здрава, парава личност после 18 години може без никаков проблем да израсне дете. Дали тоа ќе биде со мака, посиромашно или побогато, со љубов или без дали ќе се остварат желбите и плановите за животот е друго. Кој колку се остварил во животот и дали ја нашол вистинска љубов се други прашања. Еве ги моите баби и прабаби почнале околу 20 да раѓаат. Прабаба ми до 30 години имала 7 деца, сите здрави прави, им обезбедиле се што треба во животот и тоа во услови на војни, сиромашти и глад.

На 13 како што спомна Небо, па еве 15, 16 години е сташно зошто уште се работи за дете. Не од само од психолошка созреаност, туку и физичака.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 08:34 #222612

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
Зоја, можеби е тоа така, но јас не би го поттикнала раното стапување во брак или раѓање деца. Здрави и прави деца се раѓаат и одгледуваат и на 20 годишна возраст, но во овие времиња сите гледаме поинаку на работите. Смислата на животот на таа возраст не ја гледаме во што поскоро оформување на фамилија, па уште помалку во раѓање на деца. Може, но дали има потреба да се раѓа и да се прифаќаат фамилијарни обврски на 18-20 годишна возраст? Мислам дека многу е подобро и покорисно и за оние кои треба да ги преземат обврските да бидат со поголемо животно искуство (значи повторно настрана материјалното и задоволствата), а особено мислам дека новите поколенија е подобро да ги одледуваат малку повозрасни личности.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 08:42 #222617

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
Mama Vase wrote:
Klaudija wrote:
Секој различно созрева, нели. Јас на пример, бев позрела на 16 години отколку сестра ми сега на 23. Тоа е и до човекот, до околностите, до она што ти го носи животот... Сепак, се сложувам со Барт и сум против рано стапување во брак, особено за машките. Мислам дека некоја оптимална возраст е 30 години за жени и 35 за мажи.

istoto vazi i za mazite, ili ne :opaa: shala na strana...mm mi e vrsnik, se zemavme na 25 shto za maz e relativno rano. ama da te sednam so nego na masa na laf muabet, nikogash ama nikogash nema da mu dadesh 36 god. sega. dodeka nashite drugari od drushtvo koi gore - dole ni se vrsnici, igraa playstation doma, mm patuvashe sam po kontitenti , brkashe biznis i gledashe kako da obezbedi podobra idnina za nas i mnogu drugi familii.

kako shto vikash, do chovekot, okolnostite i zivotot e. a ima i neshto genetski.

znaci koe e zelen, nesovesen, bez pamet u glava i na 36 i na 46 ke si ostane takov, toj si smeta deka e sozrean ama ne e. A mlad covek od 20 godini nemozete da recete deka e zelen samo poradi brojkata na godinite, i stvarno neznam sto e tuka smesno.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 08:57 #222618

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
anusska,не поттикнувам, само велам дека поопшто размислувам на темата. И за мене лично претходно реков дека идеално ми беше некаде околу 23. Далеку од тоа дека мислам дека ајде сега да раѓаме од 18.
Но и тоа како сум против масовно да се поместува раѓањето накај 40. Сите ги спомнуваме општествените и социјалните прилики,а каде се биолошките карактеристики. Се знае кога е биолошки најповолно, немој некој да рече над 35 било за мажи или жени(и пак зборувам за масовно, како за генерација, а секако има исклучоци ако некој почне да набројува примери).
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 09:11 #222620

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
Zoja, се согласувам со ова што го напиша сега, а околу поттикнувањето - не мислев да кажам дека ти го поттикнуваш (апсолутно не се однесуваше на тебе конкретно :)), но мислев општо дека не би требало да се прави тоа, т.е. да не се користат оправдувањата од типот на 18 години сме самостојни па може да раѓаме тогаш или ако ги гледаме примерите на нашите баби. А апсолутно се согласувам и дека не треба да се поместува границата до 40 и кусур свесно и намерно (освен ако нема други оправдани причини за тоа). И тука теориите одат во прилог, но можеби и не е најсоодветна возраст за раѓање. За брак - после 25 секоја е соодветна ;) .
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 09:48 #222627

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
prasence wrote:
znaci koe e zelen, nesovesen, bez pamet u glava i na 36 i na 46 ke si ostane takov, toj si smeta deka e sozrean ama ne e. A mlad covek od 20 godini nemozete da recete deka e zelen samo poradi brojkata na godinite, i stvarno neznam sto e tuka smesno.

Jas pak mislam deka sozrevanjeto doaga so godinite i so iskustvata niz koi proagame. Bitno se menuvaat i stavovite i razmilsuvanjata i potrebite niz godinite. Zivotot vo celina e proces na napredok, ucenje i sozrevanje i nikako ne se soglasuvam deka covek e podednakvo zrel i na 20 i na 40 godini :ne:


Every passing minute is another chance to turn it all around.
Последна промена: 23 Ное 2012 09:49 by mamatobe.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 09:54 #222632

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Jas ne poddrzuvam odlozuvanje na ragjanjeto kon 40-tata bez pricina. No kon 30-ta godina da. Znaci 27-30 bi bilo optimalno za moe sfakanje. E ama ima i drugi faktori tuka, pa ne moze da se stavi lesno granica.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 09:56 #222633

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
koga poznavas nekoj od 30 i kusur godini a se odnesuva kako srednoskolec, vo smisol, trosi pari se zadolzuva za nebitni raboti dodeka decata iznosuvaat prenosuvaat alista i ne se hranat kvalitetno, koga voopsto ne se grizi dali deteto ima priredba li ne, on si ima pobitni raboti u zivot.

E pa nekoj na 20 ikusur moze da bide posovesen tatko od vakviot zrel tatko. Toa sakav da kazam.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 10:00 #222634

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
Имам другар кој се ожени многу рано, мислам 21, жена му 20 мислам беше (знам бев на почеток на факултет и генерација ми е човекот), не беше ни бремена ни ништо, туку татко и не ја пушташе да излегува навечер воопшто, се гледаа само преку ден и ај и така се сакале, зошто да не се земат (причинава за мене е хаос, ама ај...). И сега имаат ќерка на 19 години, ги зезам дали се спремни млади да станат баба и дедо ;) и тие се запенија дека немало шанси наскоро да мажат ќерка, дека била премногу млада и глупости биле тоа, а кога ги потсетив дека тие беа само година-две постари, си одговорија стандардно „Друго беше тоа“... (Патем, бракот им е сосема ОК, погодени си се, ете, се нашле некако толку млади). Сакам да кажам, јас на тие години не можев ни оддалеку да сфатам што (по ѓаволите :) ) прават, во исто таа беше ептен спремна да се мажи (моја претпоставка-за да избега од дома), а за сопствениот избор секогаш мислиме дека „тоа е друго“. Инаку, девојче година-две помладо од мене се омажи на 14, остана бремена и не кажувала дома, кога дознаа веќе беше поодмината бременост, после некој месец и се разведе, а другарка се омажи во четврта средно (исто бремена) и уште е со тој маж, иако често мораше да замижува не со едно, туку со две очи за да опстане „бракот“... Мислам дека на тие години да избереш правилно е повеќе среќа отколку памет, иако ни позрели години не се автоматски гаранција дека сме избрале правилно.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 10:07 #222636

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
anusska wrote:
Зоја, можеби е тоа така, но јас не би го поттикнала раното стапување во брак или раѓање деца. Здрави и прави деца се раѓаат и одгледуваат и на 20 годишна возраст, но во овие времиња сите гледаме поинаку на работите. Смислата на животот на таа возраст не ја гледаме во што поскоро оформување на фамилија, па уште помалку во раѓање на деца. Може, но дали има потреба да се раѓа и да се прифаќаат фамилијарни обврски на 18-20 годишна возраст? Мислам дека многу е подобро и покорисно и за оние кои треба да ги преземат обврските да бидат со поголемо животно искуство (значи повторно настрана материјалното и задоволствата), а особено мислам дека новите поколенија е подобро да ги одледуваат малку повозрасни личности.

anuska ја погоди поентата - колкаво е тоа животно искуство, како се планира животот се пристапува кон обврските и тн...е она кое го збориме за зрелост во брак. Не за тоа кој колку како размислува на 17 или 18 години за некои животни теми и како се однесува.

Тој што се однесува незрело на 30, го прави тоа од неиживиеаност и потребата сеуште да се докажува т.е исполнува некои порано ускратени задоволства - дали поради други прилики или поради прерано стапување во брак, сеедно.

не е сеедно кога ќе се соочиш со животните обврски и проблеми на 25 и на 17, додека твоите врсници мислат на тоа како да прошетаат и се забавуваат.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 23 Ное 2012 10:09 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 10:16 #222640

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
anusska wrote:
За брак - после 25 секоја е соодветна ;) .

Јас се омажив на 24,значи сум се омажила во несоодветна година.А и што менува 1 година???Пак ќе кажам според мене пред 22 е рано после тоа ми е ок за брак.Јас на 25 веќе ја родив Калина.
Инаку тврдам дека годините и зрелоста немаат никаква заедничка точка зашто познавам пар,беа 4 години во врска и се земаа сега пред неполн месец.Таа има 35 а тој 32 и иако се во брак пак се однесуваат како деца и такви ќе си останат.Тоа е до карактерот на човекот а не до годините.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 10:26 #222641

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
Ама зошто мешате брак, нели темава е за дете. Јас се омажив исто на 24, ама дете имав на 27. Тоа е многу различно. Едно е да си спремен за брак, друго за дете.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 10:41 #222644

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
vo temava mnogu raboti izmesavme, i na kraj doagame do zaklucok deka ne e mozno da se postavi granica nitu za koga e taman da rodis nitu koga e taman da se mazis....ednostavno sekoj kako si oseka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 12:19 #222664

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
Ne be Ivi, ne mislam deka e bilo ssto nesoodvetno. Toa besse kazzano vo kontekst na mojot prethoden post deka nekade 25 godini mi e vozrast koga MOZZEBI ke sme najpodgotveni. Ne sakam da navredam nikogo. Pravila nema, go pissav toa i pogore - da ne se povtoruvam. Nezgodno e da se stavaat granici, no ete probuvame na nekoj naccind da kazzeme za koj period od zzivotot smetame deka e najdobar za deca, eve da ne messame brwk, iako tie raboti normalno mnogu gi povrzuvame.
A i za zrelosta se izjasniv pogore :).
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 18:10 #222729

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
Mislam deka 90% ako ne i poveke od onie koi stanale majki relativno mladi, zabremenile sosema neplanirano, retko nekoja mlada devojka na 17 18 19 godini svesno ke stane majka i namerno, planirano ke zabremeni samo zatoa sto ima ogroomna zelba da ima dete na tie godini, nekako ne mi e verno toa osobeno vo denesno vreme. Tuka se vklucuvam i jas bidejki prvata bremenost ne ni bese planirana, ama ete se sluci i ne se kaam za toa. Od segasna gledna tocka mozebi i podobro sto ispadna taka, na moi 26 godini imam 2 deca i mi godi da bidam mlada majka, imam ogormna energija i sila i ubavo mi e koga dobivam pozitivni komentari od lugeto deka izgledam mlada, nikoj ne mi dava 26 godini, a koga ke im kazam deka imam 2 deca ne im se veruva, NO, edno golemo NO, iskreno koga bi mozela povtorno da biram i da go vratam vremeto nazad bi izbrala da pocekam uste nekoja godina bidejki smetam deka malku povozrasna bi bila uste podobra majka, mnogu pospremna, pozrela da imam dete i da go cuvam, obrazuvam i sto e najvazno da go vospituvam. Ne deka otkako stanav majka ne sozreav ama sepak toa e na nekoj nacin prisilno sozrevanje, samata situacija pravi da sozrees, a drugo e koga prirodno zenata ke sozree i ke se oseka spremna psihicki i fizicki da cuva dete. Spored mene ova e najgolemiot preduslov za da se ima dete i spored koj sekoja zena bi trebala da se vodi, se drugo kako sto e obrazovanieto, rabotata, ekonomskata situacija spored mene e sporedno i ne tolku vazno bidejki e nesto relativno i promenlivo. Za mene nekoja idealna vozrast da se stane majka za 1 pat bi bilo nekade od 25ta do kaj 28ma godina. sekako tuka ne gi vklucuvam onie koi imaat problemi da zachnat. i na kraj edna mala shala.

omazi se porano za posle natenane da se kaesh :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 23 Ное 2012 22:46 #222745

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
Само да ви кажам една вистинска анегдота пред многу години од моја прва братучедка, омажена на 17 години за мој прв братучед во селото на татко ми:

Она: Пред една недела се омажи една стара мома од моето село
Јас (онака незаинтересирано): Колку години имаше?
Она: дваес две (мртва озбилна)
Јас: ................................!??!??!!!..............................

Моето мислење е дека секоја возраст е сосема ок ако човек САКА да стане родител и САКА да се посвети на своето дете, и ако процени дека може да му обезбеди нормални макар и соесма скромни услови за развој. Дали со помош или без не е битно.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 24 Ное 2012 04:16 #222754

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
Синоличка, од моја гледна точка (а тоа е најверојатно, до зрелоста годините што си ја носат), може да бидеш среќно разведен и на 25 и на 45, како и исто толку несреќно разведен на 25 и на 45. Не гледам дека во оваа корелација улога играат годините. За ова најважна улога играат мал милион други фактори. Како прво фактот дали оставаш или си оставен, потоа дали си независен или зависиш од некого, па дали имаш покрив над главата или треба да се враќаш кај родителите. Кога е развод во прашање, најмалку битни се годините. Во тој случај љубовта одамна веќе не постои, најбитно е што кому да припадне. Ова е мое лично мислење сега што го кажувам: имам две деца, ме прават среќна и ме исполнуваат, материјално не зависам од мм, имам свој круг на пријатели, работа што ја сакам, диплома, имам свој стан, автомобил и ред други работи... Кога недај боже би се развела, јас не би ни помислила повторно да се мажам или како некои тука би рекле, повторно да јадам грав. Зошто? Па би си го организирала животот, во слободно време, како пријателките на Синоличка, да се забавувам со помлади :smee1:
Мацика, ако гравчето не е посно, т.е. има добро колбавче, можеби би се борела повторно да седнам да ручам :muahaha:
Шега настрана, но не можам да ја прифатам тезата дека ако се омажиш млад, во случај на разводи, имаш повеќе време и шанси повторно да се премажиш. И што ако повторно не се согласувате? И што доколку повторно не е вистинскиот? Која е гаранцијата? Или пак се враќаме на она дека ако си направил погрешен избор кога си бил млад и зелен, сигурно ќе го направиш правиот избор кога си веќе позрел? Значи сепак зрелоста игра и тоа каква улога при избор на партнер и стапувањето во брак.
Ајде сега и од мене една анегдота (само ова е за вдовица). Имено, мајката на една пријателка на мајка ми, инаку еманципирана жена родена во Војвдина со Унгарско потекло, кога останала млада вдовица и по извесни години поминати од смртта на нејзиниот сопруг, ја прашале зошто не се омажи повторно, бидејќи имала кандидати, таа само кратко одговорила:
„Шта? Ја опет неком да перем гаче???“
:hahaha:
Еве кај отидовме, од кога е рано, до кога е доцна, па дали имаш време повторно да се омажиш/ручаш...
Се надевам не сум вон темата, ова е само реплика до Мацика и Синоличка и е само, мое лично видување на нештата. Уште малку да исфилозофирам. Според Франсис Бекон, секое сопстевно гледање на нештата е заблуда. Секој си гледа од сопствен агол, односно од своја пештера и апсолутно не мора да биде прифатливо за другиот. Според Франсис Бекон (сигурно и помладите учеле) тоа е заблуда на пештерата.
Е, од мојата пештера јас вака гледам на нештата на овие години.
Последна промена: 24 Ное 2012 04:24 by Mama Sani.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога е премногу рано ? 24 Ное 2012 04:51 #222761

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
Ova e mnogu komlicirana tema za muabet bidejki rano/docna za sekogo e razlicen poim. Da spored mene rano e na 13-14-18 no potoa ako ne e rano za sex ne e rano ni za dete. Ako si navlegla vo ljubovnata problematika tolku dlaboko i ako si dovolno pametna kje se cuvas i vnimavas da ne napravis belja. Ako napravis postojat 1000 resenja, ama i da go rodis ne e strasno. I da ti pomaga nekoj ne e strasno, strasno e da go rodis i da ti pomagaat od site strani i na kraj za sopstvenoto dete da kazes deka ti bilo najgolemata greska sto si ja napravil vo zivotot. I takov slucaj imam vo moja okolina.
Jas na moite 24 godini gi imav site predispozicii da bidam sopruga i majka. Fakultet, reseno stambeno prasanje, pristojna plata, soprugot isto taka, pa ete sto se sluci. Sega na 31 godina sum vo bukvalno ista situacija samo sto sum poiskusna vo zivotot i so mnooooogu poistenceni nervi. I sega kje mi kaze nekoj deka sum vo momentov pospremna da bidam majka odosto togas...kako da ne.
Sekoj slucaj e individualen, nema rano kasno, ima samo dali si ti kako persona psihicki spremen da se nosis so obvrskite ili ne.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.