Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Развивање на сообраќајна култура

Развивање на сообраќајна култура 25 Сеп 2010 13:47 #55206

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
Сведоци сме на енормниот раст на возила во Скопје. Дали може нешто да се направи?




Неколку предлози......

Живееме во турбо време, кој трча, кој не стасува, а главен меѓуемелент у све тоа разбира се, сообраќајот у главниот град. Другите градови ја имаат таа среќа да, барем сеуште немаат сообраќајни проблеми или барем не во таа мерка ко нашето ни Скопје


Големите татковци у принцип стално нешто преправат и градат, но од глобално решение ни трага ни глас. Да не полемизираме зошто и како, него да видиме како да се справиме со моменталната состојба (друго не ни останува)


Значи ќе дадам мои предлози, конкретни за Скопје, а Ве повикувам и Вие истото да го направите. Со употреба на предлозите и раширување на текстот и работите од него (директно или спонтано) можеби барем малце самите ќе си придонесеме.


- Не притискајте кочница дур чекате на семафор (за рамни раскрсници) - тој одпозади го маваат вашите штоп светла у око без потреба. Во контекст - обидите се да се доближите до тој пред Вас дур чекате за да не му светат вашите светла у очи (преку ретровизорите).


- Ако баш не е битно врзано вашето излегување со термин, обидете се да излезете после 18 часот - помалку гужва


- Обавезно дигните прст (среден нели) на шоферите на градски што излетујат ко повампирено од крајно десна у крајно лева трака на Партизанска за да кјарат боља позиција од конкурентскиот автобус за наредната станица. Исото напрајте го ако приметите турбо брканица или слична вратоломија измеѓу глупите ривали


- Обавезно возете се во убави таксија, пезетки со плин кој корне, или возило со две врати никако: Приметете који се тие, или од такси станица земете си убава кола иако можеби е четврта на ред. Кога ќе влезете у таксито, дур се возите, опоменете го такси талентот , да не ви почнува со авто-библио-биографија, него нека нагази пошто брзате (можда и не брзате ама они по дифолт го тупат и се влечат ко црева). Ако вртите кај некое здружение барајте од диспечерката убава кола.


- Обавезно светкајте ако треба и свирете на тупаџиски елементи, во голема мера и таксисти, кои возат ко да го ослободиле Скопје (споро возење на најлевалента и сл). Иако катастрофа улици, да се обидеме да направиме некаква динамика-Едуцирајте ги пензионерите кои што ги познавате дека немора баш у шпицеви да возат (нормално и да тупат) Они бар не требаат да брзаат негде у 7.30 сабајле. На пазар има бољи цени у 10.00 (можда и нема ама ако се убедат ке идат у 10 а не у 7)


- Не употребувајте светла за магла коа нема


- На семафор тргнувајте малку подинамично


- Застанувајте на пешачки (иако е досадно) , и внимавајте да не ве опаше некој од позади, ради и негова ненавика за застанување за пешаци


- Свирите на пешаци кои преаѓаат на нивно црвено


- Ако на некого му влегувате во лента, обидете се да не го терате да стиска кочница


- Ако сте во најлева лента и приметувате дека тој десно од вас има иста брзина, пуштете го да одмине и приклучете се десно, ослободувајќи ја лентата за некој што вози побрзо


- Ако на лева трака идете лево а први сте во траката пред семафорот , дајте лев жмигавец порано за да некој кој сака да цепи право не ви се залепи, а после да се обидуе да иде у средна трака. Не дека е сообраќајно исправно, ама корисно е да се цепи по левата трака, дур у средна го тупи некој буљаш.


- Употребувајте жмигавци - немојте да шпарате, осим дур чекате на семафор. Тој позади вас ке му светка у глава уште 10 минути после. За се друго, коа мењате правец обавезно!


- Кога треба да подзатанете, да оставите или соберете некого, обидете се да застанете така (доколку е можно нели) да не блокирате сообраќај позади Вас. Уште подобро, договрете се со тој што треба да го соберете, на место каде е згодно за тоа а да не блокирате никого
The administrator has disabled public write access.

Развивање на сообраќајна култура 25 Сеп 2010 15:13 #55229

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
:gp:

Јас само ќе додадам:

- ве моооолам не ги паркирајте вашите возила на тротоарите, за да можеме барем ние мајките со колички безбедно да се движиме по тротоарите.

Инаку, многу се нервирам кога преминувам пешачки и кога некој сељак со кола се сили на кај мене, па почнува да кочи кога ќе стигне на два метра од пешачкиот...демек "види какви кочници имам".:mdf:




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Развивање на сообраќајна култура 25 Сеп 2010 17:29 #55252

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Многумина од нас кога се во различна ситуација, мислам на различен начин се учесници во сообраќајот, се однесуваат различно и секогаш се во право.
прво и основно треба да се тргне од личната култура и во секој момент да се знае дека на било кој начин се учествува секогаш треба подеднакво да се почитуваат правилата.

не може кога сум возач да паркирам каде сакам, да возам како сакам. да ме нервираат пешаци, велосипедисти и др.
а кога сум пешак да ме нервираат возилата паркирани на тротоар, возачите и др. затоа што јас како пешак секогаш сум во право и секогаш имам предност...
кога секој од нас ќе ги сфати тие работи и ќе почне да се однесува поинаку, ќе биде за сите добро.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Развивање на сообраќајна култура 26 Сеп 2010 01:07 #55323

  • Simona`s mom
  • Simona`s mom's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 184
  • Thank you received: 73
Некако као малце бес да приметувам во првиот пост,веројатно си сто посто во право,ама малку трпение од сите не ќе е на одмет..па од професионалците ние фришките возачи-јас иначе сеуште земам часови,комплекс ќе си набиеме;) Се шалам се разбира,и мене има работи кои ме вадат од такт особено кога во лента за десно и право сите возила трубат пошто за десно е зелено а оној првиот во колоната ке иде право,и пешаците едвај чекаат да претрчаат и бла бла бла,а таксистот решава да се качи на патеката за пешаци оти не му се чека..
А непотребното брзање ми е исто што и непотребно влечење..Градска вожња не е исто што и автопат,а Партизанска не е писта..
The administrator has disabled public write access.

Развивање на сообраќајна култура 26 Сеп 2010 01:33 #55327

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Исто што ме нервира, сега се сетив...колона на семафор (црвено) и се уклучува зелено. Првиот не стигнал во прва да ја стави колата, а од позади почнуваат сите да свират.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Развивање на сообраќајна култура 26 Сеп 2010 03:40 #55337

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
sobrakjajna kultura ne se razviva so svirenje.toa e nekultura.vo nekoi zemji e zabraneto da se sviru vo grad.mene mnogu me nervirat svirenjta.iako nekoi zasluzuvaat i povekje od svirka ama sepak mislam deka ne e vo red.
The administrator has disabled public write access.

Развивање на сообраќајна култура 26 Сеп 2010 14:10 #55367

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Kolku sto se sekavam, svirenjeto vo grad e zabraneto osven vo neophodni slucai, sto ne e takov slucaj palenjeto na zeleno svetlo.

Sto me nervira najmnogu...partizanska, potegot od simpo do kim. Pesacki premini na kratko rastojanie, neoznaceni, bujni grmuski sto gi delat kolovozite i lugeto ne se gledaat ni preku den a kamoli navecer.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Развивање на сообраќајна култура 26 Сеп 2010 15:15 #55373

  • Magdalenaa
  • Magdalenaa's Avatar
Mnogu me nervira koga treba da pominam pesaki koga vo isto vreme e ukluceno i za pesaci i za koli koi vrtata za leso.Redovno se slucuva nikoj da ne saka da ni zastane pa duri i da sviri i da te zaobikoli a nie so kolicka da trcame. Nikakva soobrakjajna kultura!!!!
The administrator has disabled public write access.

Сообраќајни казни 07 Сеп 2011 07:28 #152789

  • Maja
  • Maja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 630
  • Thank you received: 136
Колку сме примерни учесници во сообраќајот и дали до сега се случило да "заработиме" казна? :emm:

Ако едно време многу се казнуваше за незастанување на пешачки премин, сега имам чувство дека тој бран како да помина. Моментално низ градов владее сообраќаен хаос, не се знае која улица е отворена, која затворена...мислам дека се вози послободно да не речам хаотично па многу лесно дури и несвесно се прават прекршоци.

На повеќе места во градот веќе има поставено камери. Дали тој систем за казнување профункционира? :wtf:

Фала богу до сега не сум добила казна (пу, пу, пу..) иако знам да направам по некој кикс :sram: Може некој ден некоја казна да ми стаса на домашна адреса, кој знае :unsure:

а Вие?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Сообраќајни казни 07 Сеп 2011 13:02 #152822

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
Супер тема и одлични идеи Јаре, меѓутоа мое лично мислење е дека се додека законите кај нас не постојат т.е. постојат ама не се почитуваат, нема да има сообраќајна култура. А ќе се почитуваат само ако се мава по џеб, ако полицајците ги спроведуваат казните и за најмала работа. Затоа што мене ми се смешни работиве што ги читам пошто овде тоа и не постои, тоа е под дифолт! :laugh: А така е затоа што за секоја грешка постои казна овде која ите како те мава по џеб.... Пример, најновиот закон во Словенија вели дека ако на автопат се задржиш повеќе од 3 минути на левата трака (што е наменета за претицување а не за возење) плаќаш сума од 500 евра под казна:skok: И оди да те видам прекрши го законот.... Отиде повеќе од пола плата :hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Развивање на сообраќајна култура 07 Сеп 2011 13:29 #152824

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Јас најстрого би казнила поминување на црвено од страна на пешаци. Бидејќи и самата сум пешак и секогаш ко "будала" стојам и чекам зелено. Така сум научена од дете и тој принцип не го кршам дури и кога мм вика абе чоече нема коли што стои. Ал док не се упали зелено светло не тргам. А најстрого би казнила поминување на црвено од страна на пензионери кои ко муви без глави трчаат баш на црвено. Сведок сум на раскраницата кај Ц.Крст мислиш некој ги брка. :pukam:

А исто најстрого би ги казнила возачите кои не застануваат на пешачки премин туку шибаат ко на рели. Ова е поготово за Партизанска.
Последна промена: 07 Сеп 2011 13:31 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Развивање на сообраќајна култура 08 Сеп 2011 01:42 #152863

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
Зеленичка,

Мене ми е совршено јасно дека додека нема почитување на законите ( и нивно максимално спроведување ) нема да се подигне сообраќајната култура.
Но со оглед дека треба решенија сега, ова се практични моментални предлози, а некои од нив се примитивни, но во моментов единствено можни.
Словенија ми стои за одлична почва за пример, но далеку е словенија, далеку е и хрватска, нас ни требаат практични решенија веднаш ( кога веке сеуште казните не не маваат по џеб )

Интересен е примерот на Германија каде што нема ограничување на брзината на автопат ( се разбира прав, мазен, сигурен ). Истото не постои, бидејќи, доколку би постоело, би се создала невидена гужва поради помалиот проток на возила.
Кај нас од кожа ме вадат глупавите ограничувања на 80 на автопат, поради приклучок на локален пат каде локалниот си има посебна лента за приклучување. Згора на тоа, никаде подоле нема завршеток на ограничувањето, па полицијата може да бира каде да те казни.

Одговорните велат дека немало пари за нови знаци :blink:

Инаку, уште една работа. На паркинг педерски е да се гази бела линија, а со тоа да се зафатат 2 места.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Развивање на сообраќајна култура 17 Сеп 2013 01:59 #243980

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Најголем проблем како пешак ми се колите испопаркирани на тротоар, па мора да се симнам на улица и веднаш сите свират :angry: па кај да се движам?? Инаку како шофер ужасно ме нервира кога некој упорно си зборува на телефон додека вози и се влече :ua:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Развивање на сообраќајна култура 04 Окт 2014 19:13 #252655

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Строги казни за тркачите и пијаните, но и за досадните жени

Сообраќајците ќе издаваат два типа на казни - мандатни и прекршочни. Разликата меѓу нив е што кај мандатните казни рокот за плаќање е осум дена или триесет за впишување на казнени поени, а потоа налогот оди во УЈП на извршување и за разлика од прекршочните, нема можност за плаќање на половина од предвидената глоба. Патниците во возилата мора да ставаат појаси без разлика дали седат напред или назад, за децата до 5 години се задолжителни специјални седишта, а до средината 2017 година македонските возачи ќе добијат нови дозволи со вграден чип и автошколите ќе имаат поставено камери во училниците и во возилата

Нови видови на прекршоци и казни, поостри санкции и воведување на нови норми и регулативи се дел од измените кои се предвидени во новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата. Полицајците ќе можат да казнуваат и за брзо возење или пак, под дејство на алкохол, за зборување на мобилен или неносење на појас, но и за досадни жени и патници кои им го одвраќаат вниманието на возачите.
Ова се само дел од измените во новиот Предлог-закон кои во моментов ги разгледуваат повеќе надлежни институции. Според очекувањата, новиот закон ќе се најде пред пратениците во Собранието на РМ најдоцна до крајот на овој месец.
Од МВР велат дека потребата за измените во Законот биле повеќе од неопходни за да може успешно да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот и да се натераат да ги почитуваат правилата.
Сообраќајците сега ќе издаваат два типа на казни - мандатни и прекршочни. Разликата меѓу нив е што кај мандатните казни рокот за плаќање е осум дена или триесет за впишување на казнени поени, а потоа налогот оди во УЈП на извршување. Овие казни се однесуваат на 84 прекршоци во сообраќајот, најчесто помали и полесни, но и за брзото возење и возењето под дејство на алкохол. На овие возачи нема повеќе да им се простува половина од казната.

Прекршочните казни остануваат исти, само што во некои случаи пропишаната казна е повисока. За овој тип на казни исто така важи рокот од осум дена за плаќање и во тој рок глобата е 50 отсто помала.
За возачите кои имаат тешка нога и сакаат да се тркаат по градските улици и отворените патишта казните се движат од 20 до 500 евра со 20 до 50 негативни поени, но може и да ја загубат возачката дозвола и да добијат забрана за управување на возило. Црвеното и жолтото светло на семафорите нема да прави разлика, бидејќи ако се помине на нив глобата е иста - 300 евра, со можност да се плати половина во рок од осумте дена.
Кога станува збор за правните лица, глобата е унифицирана и ќе изнесува илјада евра, а одговорното лице во правниот субјект ќе треба да плати уште 30 отсто од таа сума.

На трезнење во станица

Измени има и во делот на казните кој е поврзан со управувањето возила под дејство на алкохол. Кај професионалните возачи останува нула толеранција на алкохол во крвта, додека за останатите границата е 0,5 промили алкохол во крвта.
Казните ќе се движат од 250 евра и 40 казнени поени до 400 евра и 60 казнени поени со забрана за управување на каков било тип на возило во наредните 12 месеци. Одбивањето на алкотестирање повторно ќе чини 500 евра, а новина е што сега сообраќајните полицајци ќе можат да го приведат пијаниот возач и да го однесат и да го задржат во станица најмногу 12 часа за да се отрезни, што е практика во повеќе земји во Европа и во светот.


Носењето појас е задолжително за сите - и за возачите, и за совозачите и за останатите патници во возилата. Доколку автомобилот има појаси и на задното седиште, и тие патници се должни да го стават, бидејќи ќе се соочат со казна од 50 евра. За возачот останува истата казна од 45 евра или 25 казнени поени, која сега е мандатна, односно нема да може да се плати половина од глобата. Безбедноста на децата патници исто така е потенцирана во новиот закон, па затоа за деца до 2 години е задолжително да биде поставено детско седиште напред, додека за деца до 5 години на задното седиште.
Новиот закон ги опфаќа и велосипедистите кои сега задолжително мораат да имаат осветлување на велосипедите и тоа бело светло напред и катадиоптер, а неносењето на заштитна кацига нема да се казнува, но сообраќајците ќе укажуваат и на тоа.

Нови возачки дозволи од 2017 година

Во април 2017 година македонските возачи ќе добијат нови дозволи, кои, за разлика од сегашните, ќе имаат чип. Ова ќе се воведе исклучиво за да се олесни внесувањето на казнените поени, кое ќе биде автоматизирано и мошне поефикасно.
Исто така, до 2016 година сите автошколи ќе мора да постават камери во училниците и во возилата за обука за да може да се следи секој кандидат, односно да се провери и да се утврди дали ги исполнил нормите. За инструкторите и предавачите се задолжителни лиценците кои имаат важност од пет години и потоа треба да се обноват со задолжителен лекарски преглед. Наскоро и снимањето на текот на полагањето на возачкиот испит, односно полигонот и градското возење ќе бидат задолжителни.
Во новиот закон се предвидени и нови категории за управување А2 и АМ, кои се однесуваат на мопеди, веспи, трицикли и четирицикли, а се разликуваат по зафатнината.
Комисијата која ги изготвуваше измените мислела речиси на се, па казни ќе има и за патниците кои им пречат на возачите и им го одземаат вниманието, а тоа ќе ги чини 50 евра. Овој прекршок се однесува на јавниот сообраќај, автобусите и такси-возилата, а полицајците ќе имаат дискреционо право да оценат дали е така.
Од МВР велат дека законските измени биле нужни поради големиот број тешки сообраќајни незгоди, жртви и повредени лица. Статистичките податоци на Министерството покажуваат дека секоја година на патиштата низ државата гинат 157 лица, а околу 6.300 се тешко повредени. Критична била минатата 2013 година, а бројните кампањи и засилените контроли годинава почнале да даваат резултати бидејќи се намалуваат црните бројки.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Развивање на сообраќајна култура 06 Окт 2014 12:45 #252667

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Sve razbiram i sve mi e OK, ama ova so patnici koi zboruvaat i dosadni zeni ?
kako ke proceni policaecot deka pred da me sopre sum zbroela so nekogo do tolku da bil dosaden i mi odvrakal vnimanie?? da ne treba i kameri vo kolite da stavime?
ili prvoto prasanje ke bide - kolku vi zboruvaat patnicite????

na pogolema glupost ne mozele da se setat
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Развивање на сообраќајна култура 06 Окт 2014 20:25 #252676

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Abe nema dosadni mazi samo zeni :tupco:

Tuku mene ova ne mi e jasno
Безбедноста на децата патници исто така е потенцирана во новиот закон, па затоа за деца до 2 години е задолжително да биде поставено детско седиште напред, додека за деца до 5 години на задното седиште.

jas ne sum vozac aj da ne lupam, ama vo dosegasnoto suvozacko iskustvo ne sum sretnala dve i pomalo godisno dete smesteno na predno sediste :ohmy: a sto ako imas dve deca pomali od dve godini :wtf: go zemam vo predvid zborot ZADOLZITELNO!!!

Plus mi e nekako kontradiktorno so ona do 5 godini deca da sedat pozadi, znaci ako e do 5 god moze da bide i 2 i da sedi pozadi neli, ili jas nesto ne razbiram kako sto treba :tupco:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Развивање на сообраќајна култура 06 Окт 2014 22:32 #252677

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Fintata e sto na predno sediste se postavuva deteto vo sprotivna nasoka. Zatoa e taka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Развивање на сообраќајна култура 06 Окт 2014 23:29 #252678

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Jas tuka gi gledam svretni sprotivno bebenjata stalno, ama pozadi, ova so sednuvanjevo napred nikako ne mi e jasno. I kolku sto mi e poznato, statisticki, najcesto i najmnogu strada suvozacot vo nesreki. Pak ke recam ne sum sofer, ama od informaciive sto gi imam mnogu mi e cudno ova.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Развивање на сообраќајна култура 07 Окт 2014 10:15 #252687

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Jas mislam deka e preporaclivo bebeto da e svrteno sprotivno, napred samo so iskluceno sovozacko pernice ili nazad. Dokazano e deka pobezbedno e vo sekoj slucaj nazad.

Mnogu e nelogicno ako na pr eden roditel vozi, bebeto napred a drugiot roditel sedi nazad :wtf: Neli e pologicno bebeto i edniot roditel nazad (dokolku ima mesto) za se namali odvlekuvanjeto na vnimanieto na vozacot.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 07 Окт 2014 10:15 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Развивање на сообраќајна култура 27 Окт 2015 13:54 #255150

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Дефинитивно сообраќајната култура на СИТЕ ни е на мноооогу ниско ниво!
Џабе и намалување на дозволена брзина од 50, кога прво не се почитува. Тој што не возел 60, нема да вози ни 50 ни 40. Навикнат е да вози брзо и невнимателно.
А второ тоа не е решение, кога нема полиција по улиците. Порано имаше сообраќајна полиција која регулираше сообраќај и воедно имаше ред во сообраќајот.

Друго пешаците се исто така многу невнимателни. Не може тоа што има пешачки да биде оправдание дека имам предност и веднаш да трчам без да погледнам убаво. Утрово по партизанска три пати ми пресекоа улица на зелено за возила. Еден дури ме извади од памет оти истрча од пред автобус!

Секој треба да појде од себе лично и кога е пешак и кога е возач. Воедно да се активира полицијата, да има редовни патроли, оти луѓево освен со казни очигледно поинаку не учиме!
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Развивање на сообраќајна култура 27 Окт 2015 15:34 #255151

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Si gi zaboravila velosipedistite i motorcinjata. Najopasni se, se pojavuvaat od sekoe kjose.
The administrator has disabled public write access.

Развивање на сообраќајна култура 16 Авг 2016 07:41 #255381

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
во врска со темава , мислам дека крајно време е да излезат полицајците на улица , на секоја улица полициска кола нека стои и казни нека пишуваат
еднаш-два пати може ќе платиш казна , ама третиот ќе се запрашаш дали вреди да плаќаш казни или културно и прописно да возиш
со сообраќајкиве веќе стана страшно сериозно
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.