Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Трупање непотребни работи

Трупање непотребни работи 09 Ное 2015 14:45 #255177

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Со текот на времето ни се натрупаа премногу непотребни работи и облека. Се случува често да купиме нешто по потреба за да го употребиме само еднаш и потоа фаќа прашина и завзема место. И со гардеробата исто, ни се допаднало нешто во моментот и сме го облекле неколку пати а старата гардероба останува на дното на полицата.

Се договоривме да не купуваме нова гардероба додека не ја расчистиме старата, и не се сведе на некоја нормална количина. За другото уште ништо не сме смислиле.

Што правите вие во врска со ова?
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Трупање непотребни работи 13 Ное 2015 14:39 #255181

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
И јас си имам проблем со ова. Облеката почнав да ја чистам и секако купувам по потреба што ќе носам, а не што ќе ми се допадне во секундата.
На таванот каде чуваме цело време стари работи, повремено правиме чистки. и секогаш испаѓа еден тон стари работи.
она што може да се даде за користење го подарувам. тоа што не може да се користи го фрлам.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Трупање непотребни работи 22 Дек 2015 14:13 #255189

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Nie cesto dobivame kesi za donacija po posta od raznorazni organizacii ili od skoloto kaj sin mi kade gi donirae rabotite. Sega gledam sto pomalku da cuvam, mm e maklu problematicen so toa, bukvalno nisto ne frla. Edvaj go naterav da se oslobodime od raboti kako star laptop, pecatac, i slicni napravi.
The administrator has disabled public write access.

Трупање непотребни работи 31 Окт 2019 07:36 #255489

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
По четири години еве еден пресек на оваа тема - кога се селевме од куќата, каде имавме таван полн со све и свашта, и нормално мораше при селење сето тоа да се исчисти.
исто така редуциравме облека, стари предмети , што не.
И сфатив дека навистина се претвораме во собирачи на ѓубре, беспотребно, и дека можеме да живееме со многу помалку, а потребни и корисни работи.
Среќа овде немавме ни подрум ни таван, па немаше место каде пак да подбутнуваме предмети.
И научивме - старата облека и обувки одма ги донирам. Не се врзувам и за предмети ни за други материјални работи. Ако нешто не ми користи и има кој сака да го употребува го подарувам. Ако не, директ во контејнери. Без претпоставка дека „еден ден може ќе затреба“.
Откако ја зедовме гаражата, само растеретивме од дома куфери, украси за НГ и Велигден и слични работи кои повремено се користат.
Ама навистина се користат.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 31 Окт 2019 07:51 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Трупање непотребни работи 31 Окт 2019 20:26 #255491

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Јас сум во стан, и се што не се употребува го фрлам, а тоа што можам го донирам, посебно кога менувам сезонска гардероба. Ама толку непотребни работи ми се собираат тоа чудо едно.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Трупање непотребни работи 04 Ное 2019 21:26 #255503

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2792
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26
Уште неможам комплетно да се ослободам од "може ќе затреба" , поточно ретки се моментите кога џиткам се'
Ама работам на случајот ;)
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Трупање непотребни работи 09 Ное 2019 00:21 #255516

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Ja gledav serijata na Marie Kondo na Netflix i posle zemav i gi procitav dvete nejzini knigi vo eden zdiv. Interesen mi bese nacinot na organizacija na fioki i plakari. Probav i ne funkcionira kaj nas i tolku bese :)

Gledam da ne trupame raboti ama se sobiraat...kupi ova, kupi ona, impulsivni kupuvanja sekogas ke ima.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Трупање непотребни работи 10 Ное 2019 11:31 #255523

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
која е таа емисија. т.е што поточно советува?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Трупање непотребни работи 11 Ное 2019 07:56 #255525

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1244
  • Thank you received: 867
  • Карма: 5
На оваа тема јас си имам многу проблем со мм :D
Неговото главно мото е " некај го ќе притреба " :placko:
Јас сум чиста спротувност, ич не сакам глупости по дома од типот на 5 стари телефони кои еве 3 месеци стојат на маса да не и се допаднат на малава па да се извлече од купување на нов. А тие од дедо Ное без нет и на извлекување :(
Еднаш во месецот дури е на работа првам една голема фрланка и одма тоа оди во контејнер да не ми види. Па после се правам мутава ако стварно притреба ( од кај да знам кај си го бутнал) :)
Не се врзувам со никакви предмети, облека наша и од децава или даваме на познати или кај сити мол во контејнерот за облека
Се ужаснувам најозбилно од непотребно ѓубре. Подрумон да знае да збори, среќа ни сум се симнала ни знам каде е точно во зградава :blink
Последна промена: 11 Ное 2019 07:56 by Марфи.
The administrator has disabled public write access.

Трупање непотребни работи 11 Ное 2019 16:56 #255527

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Big Sister wrote:
која е таа емисија. т.е што поточно советува?

Како да го организираш домот, како да го исчистиш од непотребни работи чекор по чекор и тоа користи филозофија да задржиш она што те прави среќна. Се е ОК ако можеш да го примениш. Јас не можев, некако работите не ми “зборуваа“ :neznam:
Има добар метод на организација и диплење на алишта и главен тест ми е фиоката со маици на ММ. Не го помина тестот, ист хаос е и со нејзиниот метод а само повеќе време ми одзема диплењето и така да се откажав :dry:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Трупање непотребни работи 26 Ное 2019 19:28 #255547

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
black friday е за неколку дена и на радио се врти реклама за фирма за собирање ѓубре и иде како ослободи се од непоребните работи за да направиш место за новите сра*а :tupco:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Трупање непотребни работи 26 Ное 2019 22:14 #255548

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
toj black friday e nesto najglupavo sho mozele da zamislat. go pottiknuvaat ludoto trosenje pari i trupanje nepotrebni raboti.
ete i toa ni dojde od Amerika. I kaj nas pocnaa veke dve nedeli nanazad da go reklamiraat. duri i na tv vo emisii kako top shop i sl.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.