Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Полова дискриминација во вашата професија

Полова дискриминација во вашата професија 28 Јан 2014 13:34 #248284

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Неодамна прочитав едно интервју со жена која работи во областа на техничките науки. Меѓу другото, наведува дека се чуствувала дискриминирана меѓу колегите мажи и често пати морала дополнително да ги докажува своите способности. Бидејќи и јас припаѓам во оваа област се замислив од тоа што го прочитав и можам да заклучам дека досега ниту во текот на студирањето, ниту подоцна додека работев не сум се почуствувала дискримирано како жена. За да одам напред ми нуделе обуки, престои во странство исто како и на колегите од спротивниот пол, но улогата на мајка, а не на жена, не ми дозволувала да прифатам на пример шестмесечно отсуство од домот. Тоа секако било мој, личен избор.

Мислите ли дека има полова дискриминираност во вашата професија и дали сте ја почуствувале на ваша кожа?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Полова дискриминација во вашата професија 28 Апр 2014 06:59 #250323

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Сум ја осетила, но не навлагам подетално како ;)
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Полова дискриминација во вашата професија 28 Апр 2014 07:12 #250325

  • Padme
  • Padme's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 116
  • Thank you received: 30
  • Карма: 0
Na pomladi godini mozebi ne moze da se oseti vakva diskriminacija. Megjutoa vo momentot koga ke se priblizis do godini koga vo nekoi kulturi se smetaat kako margina za vozrast na koja treba da se osnova semejstvo, i toa kako moze da se oseti diskriminiranost. Na primer 30 god i nemas dete? "Pa ovaa ke ragja za edna-dve god, sto ke ja prakjam na obuka?!" Ili, "da ti fino rabotese izminative 10 god, ama godinava ke si na porodilno, pa nema pokacuvanje, unapreduvanje ili sl!". Ima diskriminacija, i ne mislam deka e do profesijata, vo nekoi profesii e poizrazena, vo nekoi pomalku. Ama mislam deka e do podnebjeto na ziveenje i kulturata. A vo Mk, diskriminacija ima vo sekoj pogled, polova, etnicka, rodova i kakva uste ne. :(
The administrator has disabled public write access.