Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Колку се менуваме

Колку се менуваме 17 Јан 2013 07:55 #229845

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Многу често ми се случува во последно време да налетам на некого од средно или основно, па дури и од факс и да се изненадам колку луѓето се смениле. Не само физички, нормално е да старееме, туку и во размислувањата, односот, значи комплетна промена.
За мене многу луѓе знаат да кажат дека сум многу сменета и физички и ментално, и тоа кон полошо, што многу тешко ми паѓа.
Јас знам дена последниве неколку години животот не ме галеше, напротив, ми наплати за сите години од детството кога ми одеше се како подмачкано, но дека сум комплетно нова личност тоа неможам, а и несакам да поверувам
Колку сте вие сменети, и колку навистина сметате дека еден човек може да се смени?
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку се менуваме 17 Јан 2013 08:21 #229849

  • Mimi22
  • Mimi22's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • posle dozdot doaga sonce
  • Теми: 264
  • Thank you received: 87
  • Карма: 2
Jas za mene znam deka sum izmeneta,ne mnogu ama pak ima promeni.Izgledot ne tolku minimalno mozebi ama vaka da.Porano bev po vesela po duhovita za razlika od sega .Mislam deka toa si dojde zaedno so problemite .Brak ,dete problemi se menuvaat lugjeto.Mene i moja najbliska drugarka od sredno mi ima potvrdeno deka sum izmeneta ama ne mnogu pa si se tesam :P
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Elka

Ре: Колку се менуваме 17 Јан 2013 08:55 #229855

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Јас кај себе не осеќам некои огромни промени, освен физички. Физички сум премногу променета на слабо. А ментално мислам дека не многу. Никој до сега посебно не ми го рекол тоа :) Можда едино што сум повнимателна, кога бев помала мислев се што лета се јаде :laugh:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Elka

Ре: Колку се менуваме 19 Сеп 2013 16:43 #244098

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
elka wrote:
Колку сте вие сменети, и колку навистина сметате дека еден човек може да се смени?

Да, се имам сменето карактерно и за жал се разочарувам кога ќе сфатам дека некои работи се сменети на полошо. Некогаш самата себеси си недостигам каква бев порано, па се критикувам дека мора да се сменам.
но, како шпто рече некој погоре- за жал животов некако не ни дозволува да се менуваме на поарно.

а физички - се знае со годините се менува човек, но поголема промена од младоста до сега е што покачив тежина и пуштив коса. до матура имав кратка коса- машки кратка.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку се менуваме 19 Сеп 2013 16:57 #244105

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
se sekjavam ednash edna drugarka mi se zaleshe neshto za brakot. beshe razocharana zatoa shto ne go ispolnila vetuvanjeto kon nego, a toa bilo deka nikogash nema da se smeni. i jas se fakjam vo situacii koga istoto mu go vikam na mm, a i on mene. ama jbg, lugje sme, ziva materija. ne veruvam deka nekoj e ist po tolku vreme.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку се менуваме 19 Сеп 2013 17:05 #244110

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Порано бев максимално принципиелна, не дозволував ништо да ми се помести од тоа што го имам предвидено.
Сега многу често се фаќам како си легнувам на брашното по линија на помал отпор. Не ми се свиѓа тоа, ама сега немам ни сила ни енергија како порано... :neznam:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Elka

Ре: Колку се менуваме 20 Сеп 2013 11:32 #244127

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Физички можеби не толку, ама карактерно, ментално да. Не можам да кажам дали на подобро или на полошо, ама голем дел од промените и свесно ги направив.
Најголемата промена ја доживеав во текот на оваа година, после еден немил семеен настан. Сфатив колку не сме свесни дека животот е миг и дека во само еден момент луѓето што ги земаме здраво за готово веќе утре може нема да бидат со нас или дека само еден момент е доволен комплетно да се смени начинот на кој сме живееле и кој сме го сметале за апсолутен.
Станав позатворена и попосветена на семејството и најблиските, престанав да бидам на располагање секому за се и сешто, во секое време. Некој можеби смета дека ова не е добро, ама во овој период не можам поинаку. Од живец што не го фаќаше место станав потрпелива и попосутлива...
Почнав повеќе да го ценам сопствениот мир и спокојство и времето поминато со најблиските.

Сакале ние или не, животот не менува и допрва и ќе се менуваме секој со своите искуства.


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.