Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Дислексија

Дислексија 18 Јан 2015 17:08 #253453

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Дислексија е состојба каде што постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Децата кои страдаат од оваа болест, имаат тешкотии и при интерпретацијата на визуелните симболи. Иако имаат нормален вид и слух, како и навики за пишување, тие имаат тешкотии при пишувањето на букви или зборови по саканиот редослед или некогаш ги мешаат некои букви, така на пример како "б" и "д" или "п" и "н". Често мешаат и блиски зборови, не обрнуваат внимание на интерпункцијата и читаат со монотон глас. Многу често ги пишуваат зборовите како што и ги изговараат. Децата кои страдаат од дислексија, не заостануваат во менталниот развој од своите врсници па дури и во некои случаи ги надминуваат. Но, ако дијагнозата не се постави на време и не се спроведе потребното лекување, детето ќе заостанува во училишните активности и ќе почне да пројавува отстапувања во однесувањето.

Вообичаени симптоми

Преместување на буквите;
Тешкотии во читањето;
Детето тешко може да ги запомни зборовите, дури и оние кои штотуку ги прочитало.

Што може да се превземе?
Дислексијата не треба да пречи во образованието на детето. Ако болеста се открие доволно рано и детето добива помош во училиштето од психолог и педагог, тоа ќе може да ги надмине тешкотиите. Со такво дете најдобро е да се обрнува внимание на неговите способности кои се неповрзани со писмените знаци. Поддржувајте го творечкиот и конструктивниот карактер на другите активности, за да не ја загуби детето самодовербата што подоцна може да предизвика и нарушување во неговото однесување. Децата кои страдаат од дислексија, имаат потреба од поддршка и совет. Исклучително важно е да не мешаат нивните тешкотии во читањето со заостанување во менталниот развој или со било какви оштетувања на слухот и видот.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дислексија 20 Јан 2015 12:30 #253465

  • Padme
  • Padme's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 116
  • Thank you received: 30
  • Карма: 0
На едно предавање за ран детски развој на кое присуствував неодамна, предавачот - инаку доктор, невролог по професија, спомна дека една од терапиите која може и треба да се применува за корегирање на проблемите што ги имаат децата со дислексија е играње на пинг-понг. Наводно се активирале центри во мозокот кои помагаат да се корегираат потешкотиите во читањето.
Не сум наишла на ваква пишана информација до сега, (не сум ни побарала), пренесувам чуена информација, па ако некој истражи понатаму, нека постира.
Поздрав
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Fairy

Ре: Дислексија 22 Јан 2015 13:45 #253485

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Padime, ние за син ми разгледувавме градинки со интеграциски групи. Тоа се групи во кои меѓу другите деца има и 3-4 со некаков проблем со кои секојдневно работи педагог. Кај нас малку доцнеше говорот, кај друго дете може да е дислекција... И таму прочитавме дека имаат ритмички вежби. Тоа со пинг-понг ме асоцира на баш на ритам, концентрација... Веројатно помага, но докторите мислеа дека нема потреба и останавме во нормална група,па немам искуство.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.