Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Музичко образование за деца

Музичко образование за деца 03 Мај 2013 11:10 #238631

  • Amara
  • Amara's Avatar
Не можев да најдам ваква тема па затоа отварам нова. Ако ја има некаде на форумов тогаш упатете ме. Инаку сакам да прашам дали некоја од вас го има запишано своето дете во МБУЦ Илија Николовски Луј, да посетува музичко училиште? Ако да, ме интересира како изгледа самиот упис, дали првата година е само теорија на музика или полека се воведува детето во свирење на инструментот кој го има одбрано? И исто имам слушнато дека сега професорите доагаат во блиските училишта со кои имаат договор така што не мора детето да се носи до центар туку може да се одвива наставата во некое од училиштата во самата населба на живеење. Точно ли е ова? Ќе ве молам за било какви информации ќе ми бидат од корист. МОево сака виолина да свири. Ама знам дека ептен треба слух да имаш за тоа. Он е добар вака има слух ама што знам дали е доволно тоа или треба да си супер талентиран за да свириш виолина. И знам исто дека и трудот е важен. Ајде ја отварам темава :OK:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Музичко образование за деца 04 Мај 2013 15:04 #238678

  • MajaL
  • MajaL's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 160
  • Thank you received: 36
Amara upisot e ednostaven, deteto treba da ispee eden refren od nekoja pesnicka cisto za da vidat dali ima sluh. Prvata godina e samo solfez iako se izbira instrumentot sto go sakas na samiot start.
Mislam deka prvata godina samo se odviva nastavata vo nekoe uciliste od opstinata vo koja ziveete. Ponatamu i casovite po solfez i po instrumenti se odvivaat vo Centar. Upisite pocnuvaat od sredina na Maj. Jas sega treba da ja zapisam i kerka mi, ona e mnogu mala sega ke trgne vo prvo ama bidejki e sega i muzickoto devetoletka za klavir mora da ja zapisam sega.


Eve ja prijavata, znaci violina i klavir mora od prvo oddelenie.

www.mbuc.edu.mk/osnovno/9_I-II.pdf
Последна промена: 04 Мај 2013 15:07 by MajaL.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Музичко образование за деца 11 Сеп 2015 02:41 #254986

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
И ќерка ми почна да оди во приватно музичко училиште на часови по клавир. Разликата со И.Н.Луј е тоа што тука паралелно учат теорија и пракса, а во Луј првата година се учи само теорија. Па, додека ја учеле нотата "до" и ја пишувале на петолиние, истовремено ја свиреле на клавир. Инаку ќерка ми има пет и пол години и наставничката рече дека возраста е таман за да се почне со музичко училиште доколку има слух, осет за ритам и секако желба да свири на инструмент
The administrator has disabled public write access.

Ре: Музичко образование за деца 04 Окт 2015 23:45 #255105

  • Annabel Lee 2
  • Annabel Lee 2's Avatar
  • Offline
  • new born
  • ex Annabel Lee
  • Теми: 24
  • Thank you received: 3
И ќеρκа ми ја запишав во пρиватно музичκо училиште за гитаρа. Цената е висоκа, да не ρечам еден месец κолκу цела година во Луј. Почнаа веднаш со инстρументот и е воодушевена.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.