Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Екстерно оценување

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 10:05 #239576

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
Страшно е, страшен е и притисокот што се прави врз децата. Често го прават и наставниците кои не знаат да се справат со сопствениот притисок. На пример наставничката по природни науки им рекла на децата кои ќе одат на екстерно теситрање по природни науки дека ќе ги испраша за целиот материјал и така ќе им ја оформи оценката, а другите ќе ги испрашува само од последната тема. Само нека го направи ова еј :pukam: .
А да се потруди да подготви некој тест како за подготовка нема да и текне. Уф!
Верувам дека не е лесно на никого, но НИКАКО не смее да се дозволи децата од сево ова да го извлечат подебелиот крај.
И на нерви ми оди целиот, на некој начин, како поставен оклоп околу сето ова, како навистина да треба да биде заплашување за некого. Се' е мистериозно и непознато...
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 10:05 #239577

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
sega edna prijatelka na fb ja prochitav...decata bile na ekskurzija do sabota i imale termin nekade za dve nedli. im go smenile terminot i im zakazale sega vo ponedelnik.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 10:10 #239578

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
Mama Vase wrote:
sega edna prijatelka na fb ja prochitav...decata bile na ekskurzija do sabota i imale termin nekade za dve nedli. im go smenile terminot i im zakazale sega vo ponedelnik.

No comment
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 10:37 #239580

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
А да ги прашам и наставнициве што се плашат толку ако сметаат дека реално ги оцениле децата.???? :opaa:

Па цел притисок го префрлаат на децата. Стварно нема смисла.
Јас чекам синко да јави за промена на предметите оти преска едно девојче од негово одд. пишало смс на мајката дека и ги смениле предметите.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 12:39 #239591

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Сагата продолжува на синко му кажале денес наместо математика и англиски , да биде математика и техничко образование. Но наставниците се побуниле оти техничко образование е вештина и неможе да се полага, па сега уште не знаеме кој ќе биде вториот предмет. СРАМОТА ова што го прави министерството каша попара. Нели можеше сите деца да полагаат исто. :angry:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 21 Мај 2013 14:18 #239593

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Техничко е грешка која Државниот Испитен центар треба да ја корегира. Невидена паника се крена со ова екстерново и настана вистински хаос, посебно кај децата и родителите. Најтрагично е што никој незнае убаво да објасни што и како :(. Термините се испомешаа, финално ни за предметите не се знае, сите се во паника. И незнам како оценката ќе стои во сведителството, на 10ти јуни е последното полагање, после се советите а сведителствата се стандардни, сега и тоа ќе треба да се менува...
И јас како анушка No comment :blink:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 22 Мај 2013 03:25 #239614

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
na kanal 5 odi otvorena emisija i se zboruva za eksterno testiranje.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 22 Мај 2013 03:55 #239620

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
  • Карма: 3
Наставнициве сега пробуват на секој начин да се заштитат, некои почнале отворено да им кажуваат на децата дека за крај на година ќе им ја ставеле истата оценка како што ќе добијат на екстерното, не сакале да си прават проблеми... Нели имаше некое правило дека оценката мора да ја заклучат пред екстерното тестирање? Вака ова тестирањево станува се, само не утврдување на објективноста на наставникот... А бе ништо да не сме можеле да спроведеме како што треба, што држава ќе бевме?!

И друга работа, ако веќе има есктерно, јас сум најмногу за тоа да има 4 тестирања годишно, прво тромесечие, полугодие, трето тромесечие и едно на крај, така ќе биде многу пореално и плус ќе имаат 4 оценки за споредување со оние на наставниците. Ова навистина на ништо не личи, од пародија во бурлеска преминува полека.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 22 Мај 2013 04:21 #239623

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
Octavia wrote:
И друга работа, ако веќе има есктерно, јас сум најмногу за тоа да има 4 тестирања годишно, прво тромесечие, полугодие, трето тромесечие и едно на крај, така ќе биде многу пореално и плус ќе имаат 4 оценки за споредување со оние на наставниците. Ова навистина на ништо не личи, од пародија во бурлеска преминува полека.

Е баш овој муабет и јас го правев вчера. Сега гледам се размрдаа родителите секаде, се свикуваат состаноци совети на родители по училиштата со цел да се реагира во врска со екстерното оценување, но не знам за какви реакции станува збор.
Пак ќе кажам, мислам дека сите инцијативи требаше да се пројават порано, а не кога е практично завршен чинот.
Но исто така сметам дека надлежните институции требаше навремено да дадат детални нформации околу начинот на изведување на екстерното оценување и целите за спроведување на истото, за да не се случува она што сега се случува.
Моментално е хаос и паника во главите на сите, деца, наставници и родители.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 22 Мај 2013 04:41 #239625

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
  • Карма: 3
Мислам дека родителите сега реагираат затоа што во последен момент се менуваат премногу работи, што е многу несериозно за проект со таква важност. До пред некое време јасен беше ставот дека екстерното оценување служи за проверка на објективноста на наставникот и дека нема да влијае на успехот на учениците, освен во случај кога оценките се разликуваат за 2 или повеќе оценки. И одеднаш изникнува ставот дека прво ќе се внесуваат во свидетелство, ама како показател, а потоа и дека и ќе се внесуваат во свидетелство и ќе се пресметуваат во просекот на ученикот. А како капак на се, никој не знае конкретни предмети на кој начин се полагаат, на пример дали математика се теории, дефиниции или задачи или сѐ од наброеното. Тоа не е мала разлика. Дури и на факултет математика писмено се полагаат задачи, а на усно има докажување теореми и сл. А ова што се направи хаос со термини и предмети не помага за целосната слика за намената на предметот. И уште изјавата дека „Екстерно оценување ќе има според планираното, а потоа ќе се утврдуваат пропустите од истото“ мене ми е многу несериозна. Прво ќе им ја запечатите судбината на некои деца кои нели деца се, може и од страв и од трема да кикснат, а ќе им ја намалите можноста потоа со тие оценки да се запишат во некое средно, ама затоа сте многу фер па откако ќе решите цели генерации вака одеднаш, на купче, ќе видите каде се пропустите. И нивните пропусти никој нема да ги санкционира, ако се на ниво на држава и ако ова се спрема со години (очигледно недоволно), ама затоа евентуалните пропусти на децата ќе си бидат дебело казнети. Мислам дека тоа е најголемиот проблем. Тоа што цело време зборат за ова, ама не кажуваат ништо конкретно од она што ги засега децата и родителите, туку се фаќаат за техничката реализација, веројатно во недостаток на концепт и на слух за она што е навистина проблем со тестирањево. Како и за сѐ, се однесуваат како да не живеат тука и како ништо да не ги допира.
едит: Колку се несигурни самите се гледа и од фактот дека иако имаше барања, во нашето училиште НЕ ДОЗВОЛИЈА родителски средби и било кажано „Одете си во МОН, па таму бунете се“.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
Последна промена: 22 Мај 2013 04:42 by Octavia.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 22 Мај 2013 05:27 #239632

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Bre ne se normalni so ova eksternovo. Deneska na kerka mi i gi smenile,trebase da ima matematika i makedonski sega i smenile istorija i biologija. I sute prasale koga i rekle ucete i ne se sekirajte koga ke bide. :bes:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 22 Мај 2013 12:07 #239659

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Денес на синко вратени старите предмети за тестирање. (ова важи до утре. :X )
А го видовте ова Укинување на екстерните тестови
Последна промена: 22 Мај 2013 12:08 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 23 Мај 2013 04:05 #239671

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
  • Карма: 3
Јас сум на работ да :bes: ... Сега ми се јави син ми, не знам дали ќе ви се верува, зашто не е за верување ама еве ПАК вадат НОВИ списоци за екстерново! И сега вика Мамо едниот предмет ми е ист, за другиот не можам да се најдам :bes: . Едно таа работа, друго е што првите 2 часа ги немале, дремат само, зашто наставничките заглавиле со списоците и ниту вежбаат за екстерно, ниту за оценки за крај на година, ма ништо не прават, а за 3 дена им почнува и тестирањето и ќе ги напнат со тестови и годишни оценки. Ни некој знаел да му каже дали полага математика во понеделник, баш тоа не се нашол, ни знае да му каже во која училница (зашто нели не полагаат сите во иста), а наставничката во понеделник му е друга смена, ако не му каже сега, нема кога... Леле ова на децата кај ќерка ми во градинка да им го дадеа да организираат сигурно подобро ќе организираа. Денес ми се жалеше една мајка утринава дека им дале 2 предмети, вика веднаш почнавме со повторување и пред 2 дена му ги смениле, вика таков стрес доживеа детето (немал математика претходно, а пред 2 дена му кажале математика дека полага во понеделник) толку вика се исплаши дека нема време за повторување што вика мислам и тоа што го знае нема да го напише. Посебно што нив им рекла наставничката повеќе да учат теорија, дефиниции и формули, а не задачи, задачи ќе немало. А друга наставничка им рекла ќе има задачи, ама нема да се 30, зашто нема шанси да стигнат да решат 30 задачи. Трета наставничка вика дека МОРА да има 30 прашања тестот... А бе да земе министерот и :zid: :bes:
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
Последна промена: 23 Мај 2013 04:06 by Octavia.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 23 Мај 2013 04:27 #239678

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
Па целиот проблем е во тоа. Не може да се оди неподготвен на ниту било каков тест. И никој на никоја возраст од било кој образовен систем не може за 3, 5 или 7 дена да се потсети на материјал од цела година, па и најуредно да си го учел истиот во текот на годината. Исто така, секогаша ама секогаш се знае од каков тип ќе биде тстирањето. За секој испит постои материјал за подготовка, постојат подготвителни тестови.
Ова што во моментов се случува нема зборови со кои може да се опише - навиден хаос.
По училиштата се потпишуваат петиции, не толку за укинување на ова тестирање (затоа што во овој момент е доцна за тоа), но за негово модифицирање, за негово изведување во таква форма што нема да престатвува психичко оптеретување за децата. Има предлози, доколку нели не се отстапи од екстерното оценување, истото да се спроведува можеби квартално или полугодишно, децата да имаат подговтвителни тестови за, да знаат што да очекуваат. Исто така идејата е да се побара барем овие оценки од оваа првична фаза на споведување на екстерното тестирање сепак да не бидат вклучени во општиот успех на децата.... Ќе видиме што ќе излезе...
Трпат децата многу на сите полиња. Наставниците ако се двоумоат меѓу повисока и пониска оценка, на детето кое ќе биде проверувано со екстерен тест по неговиот предмет му заклучуваат пониска оценка. Ништо ама ништо од сево ова не е во ред и не е као што треба.
Леле, како размислувам на ова тема се' повеќе се нервирам. Во ништо не наоѓам логика и тоа ме уништува. Се надевам дека и надлежните институции ќе си ги увидат грешките.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Octavia

Ре: Екстерно оценување 23 Мај 2013 04:29 #239680

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Надлежните институции немаат појма. Две години се знае за ова и сега дозволиле да има вакво хаос. Срамота. За да се спроведе едно обично тестирање незнаеме тоа да го направиме елегантно и без многу џева.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 23 Мај 2013 04:38 #239682

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
  • Карма: 3
Meне навистина не ми е јасно како ќе изведат тестирање нормално ако не се способни едни списоци да ги направат како што треба?!
Од трета страна, наставниците постапуваат кукавички, еве каде што учи дете од другарка моја наставничката им рекла дека за крај на година ќе си ја добијат оценката што ќе ја добијат на екстерното, не сакала она да си има проблеми... МОЛАМ?! Ова требаше да биде проверка на објективноста, а излегува спасување на сопствениот... задник...
И навистина, дури и на факултет има испитни прашања, за да знаеш како да се насочиш, има збирки испитни задачи... ова сега ќе си играме ластик излегува работава, толку несериозно. Како може НИКОЈ да не каже „математика тестот се состои од 15 куси задачи и 15 прашања теорија“ (на пример, нели, никој не знаеме што чудо ќе биде). Со тоа не ги кажуваш ни задачите ни откриваш некоја државна тајна, само насочуваш илјадници деца кои полагаат за 3 дена!!!
А најзагрижувачи е фактот колку сме неспособни како држава и институциите во неа... Списоците им се проблем, па не друго... Леле до кое дереџе сме, депримирачки...
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 23 Мај 2013 05:02 #239686

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
I mene mi se spoija zickite, denska tret pat i menuvaat a treba da polaga eden vo sreda a drug vo petok.A baska i ponedelnik pismena matematika.
Treba da bideme slozni da ne gi pustame decata na eksterno tesiranje ili da izlezeme site na protesti.
Nesto slusnav deka utre organizirale protest,ima li nekoj nesto slusnato jas utre prva ke izlezam.
Stvarno nema smisla trebase barem 10 proano da im kazat koj predmeti, koj den ke polagaat. A ne opni gi decata za tri dena dva celi ispiti da spremat. SRAMOTA!!! :bes:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika, Octavia

Ре: Екстерно оценување 23 Мај 2013 05:52 #239696

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
Утре има протест пред Мајка Тереза како и сите овие денови. Мисалм, ама не сум сигурна дека е во 12:00 h. не ме фаќајте за збор.
Ние не сме тука од утре до понеделник, но ги поддржувам оние што ќе излезат на протестите :).
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 23 Мај 2013 12:44 #239720

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
И на ќерка ми трипати и сменија до сега за конечно да се истакнат списоците и дефинитивно полага Македонски јазик и информатика. Во понеделник во цела Македонија се полага математика од 9.30. Во сите училишта списоците се истакнати и нема најверојатно пак да има измени :blink: , веќе и лозинките се испратени по училиштата.
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 23 Мај 2013 16:18 #239730

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Mama Ane sinko polaga vo 10:30. Podeleni se vo grupi. Edni vo 9:00 drugi vo 10:30. Taka bilo istaknato kaj nas vo skolo.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 23 Мај 2013 18:04 #239735

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
samo da se koregiram najverojatno zaradi nedostatok na prostor ednite ke se testiraat od 9:30-10:30, a slednata grupa od 10:30-11:00.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 24 Мај 2013 03:11 #239745

  • andrea
  • andrea's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 44
  • Thank you received: 11
  • Карма: 0
Кај керка ми во училиштето сеуште нема официјални списоци кој што ке полага и вчера им рекле да учат математика,природни науки и англиски па на кој што ке му се падне после кога ке дојде време,а математика полагаат во понеделник.И што е нај трагично учениците кои беа прва смена тоа не го знаат зато што информацијата стигнала касно попладнето и учениците кои беа втора смена сега имаат за задача да одат да им пренесаат на тие од првата смена дека ке се полага во понеделник математика.Таква збрка се створи децата се толку исплашени што незнам како ке излезе оваа работа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 25 Мај 2013 03:35 #239791

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
macika wrote:
samo da se koregiram najverojatno zaradi nedostatok na prostor ednite ke se testiraat od 9:30-10:30, a slednata grupa od 10:30-11:00.

Да Маци заради недостаток на време во понеделник ќе има повеќе групи за тестирање. Една група ќе решава 60 минути. На пример кај нас ќе има дури 3 групи зашто поголемиот број од децата ќе се тестираат по математика.
Ајде им посакувам среќа на сите што ќе полагаат :srekno:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 27 Мај 2013 04:45 #239853

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Синко во моментов додека јас пишувам полага. :nokti:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 27 Мај 2013 05:00 #239854

  • andrea
  • andrea's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 44
  • Thank you received: 11
  • Карма: 0
dali nekoj ima informacija kako pominalo testiranjeto?
The administrator has disabled public write access.