Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Екстерно оценување

Екстерно оценување 24 Апр 2013 09:23 #237709

  • bart
  • bart's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Минатата недела бев на родителска кај син ми. Петто одделение е и искрено да ви кажам ми се крена коса на глава кога слушнав за ова екстерно оценување. Би требало да имаат два предмета, најверојатно македонски и математика, отприлика крај на мај, ама уште не е се` дефинирано кога, како, зошто, а тоа е моментот што највише ме нервира- не знаат да ти кажат, а има само еден месец- кога ќе ги одбиеме празниците и помалку.
Ајде математика ќе вежбаме задачи уште сега, ама што да работам со син ми по македонски? Граматика, текстови?
Во целиов муабет многу ме нервира и моментот демек тоа не е за оценка на децата, туку повеќе за контрола на професорите дали добро предавале и реално оценувале. А, при тоа забораваат да спомнат дека и тие оденки ќе им влезат во сведителство. Да не зборам дека тоа стрес за децата, па и за мене како родител. Ако цела година не научил сега за 20 дена јас дома треба да го научам? Во школо тековно имаат нов материјал за работа и сигурно нема да имаат доволно време да се потсетуваат на цел материјал од цела година.
А, сево ова важи за деца од четврто одделение па нагоре.
Мислам, уште што нема да им истекне.
Што мислите вие за ова? Ќе вежбате со децата по дома? Како ќе се справите со нерви, време итн?
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 09:37 #237712

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Искрено ич не се замарам со екстерново. Нека му ја мисли наставничката каде поклонувала оценки.
Вчера синко во школо имаа пробно екстерно со прашања од општа култура.
Беше пресреќен се поминало како треба многу бил лесен тестот и брзо завршиле.
Инаку тестирањето нема да биде одеднаш на цело одделение. Туку тестирањето ќе почне од 22-23 Мај и ќе трае до 10 Јуни. Вклучувајќи ги и саботите. Децата ќе бидат известени една недела претходно по кој предмет ќе биде тестирањето. И например тие од V одд. ќе се тестираат заедно со другите одд. Т.е неколку деца од V неколу од VI итн. По азбучен ред. И како синко што е претпоследен во дневник ќе го тестираат на 10 Јуни. Глупости.
Сум за контрола на професорите, ама не нервира што они ги притискаат децата мора да се учи бла бла бла. Моето дете нема трема кога има тестови или испрашување (што го сметам како најголем бенефит) ама сега откако почнаа на школо постојано да им го зборат тоа екстерно тестирање го гледам почна да го фаќа трема. Јас дома му кажувам ич да не му е гајле. Колку му останало во глава толку. Тоа треба да биде тест и за самиот систем на образование, не е целта сега 10 дена пред тест да седне да се учи. Ова треба да им биде поука и да видат колкав ефект има тоа што го учат преку целата година.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 09:56 #237714

  • bart
  • bart's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Taka e, ama na krajot od prikaznata ocenkite im vleguvaat vo sveditelstvo, pa moze da im rasipe prosek ako bas na testot od trema ja utne rabotata. A, toa pa ke se odrazi na upis vo sredno koga se ocenuva prosekot od osnovno (ako do togas ne smenat nesto :roll: )
Kaj nas ne kazale nisto za podelba na ucenicite i tie stvari.
I, eve sega namesto da pustam dete da si igra nadvor na soncevo, a ja da meditiram posle nokna smena, treba da go sednam da vezbame zadaci.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 10:19 #237715

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Bart ne go gnjavi deteto ziti majka. B)
Ostaj go da si igra. A plus neznaes dali testoto ke bide po matematika ili makedonski. Taka da mozes da se utepas zadaci vezbanje, a posle da ima pridavki na eksterno. :kez:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 11:33 #237723

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
Јас колку што знам оценката од екстерното тестирање не влегува во свидетелство. НО, ако се разликува за 2 или повеќе оценки од оценката дадена од наставникот, се вади средна оценка и се намалува оценката на ученикот. На пр. детето има 5, на екстерниот тест добива 3, оценката за крај на година се намалува на 4. Нормално, има санкции и за наставниците кај кои ќе се јавуваат големи разлики во оценките.
Инаку, и син ми е петто одделение и јас сметам дека на таа возраст се премногу мали за таков стрес и таков начин на оценување. И навистина е премногу од дете на таа возраст да се бара да се снаоѓа во материјал од цела година. Навистина, некои работи се општи и треба да ги знае секако (на пример, од македонски јазик- видови реченици според состав мора да знае, не е нешто што се учи на памет само за една употреба) ама сепак, нивната наставничка можеби им дава тестови направени на еден начин, овие екстерните да се направени на некој сосема друг начин и ете прилика да се збуни детето. А патем, наставничката на син ми не остав ни една недела да помине без да имаат тест по нешто, има страшен критериум (за 5 се потребни најмалку 95% бодови) и ако ништо друго, барем немаат стрес од тестирање, тоа им е како „добар ден“.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 12:14 #237728

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Јас колку што знам оценката од екстерното тестирање не влегува во свидетелство. НО, ако се разликува за 2 или повеќе оценки од оценката дадена од наставникот, се вади средна оценка и се намалува оценката на ученикот. На пр. детето има 5, на екстерниот тест добива 3, оценката за крај на година се намалува на 4. Нормално, има санкции и за наставниците кај кои ќе се јавуваат големи разлики во оценките.

Така кажаа. Но сега има измени. Во сведителството покрај оценката од наставникот ќе стои и оценката од екстерното тестирање. Којзнае на крај како уствари ќе биде :unsure:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 12:51 #237733

  • andrea
  • andrea's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 44
  • Thank you received: 11
Јас сеуште не можам да ја сватам поентата на ова тестирање,освен што дополнително им се отежнува на децата,па на школо само за тоа им се зборува,тие и така имаат обемен материјал па уште тоа им требаше.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 15:07 #237734

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Вози мотор
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
macika wrote:
Искрено ич не се замарам со екстерново. Нека му ја мисли наставничката каде поклонувала оценки.

i jas mislev taka, ama...popladnevo razgovarav so edna nastavnichka od edno skopsko shkolo. sosema sluchajno zoshto ne mi e predmet ne interes, iako i kaj nas bi trebalo da ima.
samiot proekt spored nejze ne chini ama vekje ima efekt. od koga e voveden, nastavnichkite mnogu povekje vnimavaat na ocenuvanjeto vo smisla na korektno i objektivno davanje ocenki. vladee strav megju kadarot, pa koga kje treba da podari ocenka, 3 pati razmisluva. odnosot so roditelite e ochigledno narushen. ova se nejzini zborovi.

najmnogu e zagrizena poradi faktot deka ima mnogu deca koi se na granica so nekoja ocenka, kako na pr. megju 4-ka i 5-ka. ona shto ima vlijanie na krajnata ocenka se aktivnostite na chas, kolku uchenikot e redoven, dopolnitelni aktivnosti po toj predmet i ushte nekolku faktori. pa kako shto kaza samata, vo toj sluchaj stavam 5-ka iako teoretski ne zasluzuva. no toe e eden vid na nagrada i motiv za ponataka. toa e neshto shto vo testiranjeto komisijata ne go znae i nemoze da go vidi, pa zatoa kje se javi problem.
koga kje bidam vo takva dilema, kako shto kazuva samata, avtomatski kje stavam 4-ka za da se pokrijam jas.

e ova za mene e problem zatoa shto od decata se pravat teoretichari, ne se vrednuvaat drugi vrednosti i kvaliteti. vo grafite vo dnevnikot ima ocenki samo za usno i pismeno znaenje. osven toa, komisijata nema drugi informacii za deteto.

testiranje treba da ima, megjutoa ima mnogu nedoslednosti i maani. ovoj metod bil isfrlen od mnogu zemji, mnogu skoro po negovoto voveduvanje.
Последна промена: 24 Апр 2013 15:08 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 04:03 #237763

  • bart
  • bart's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Никад не сум молела наставници за оценки на децата, колку знае таква оценка и ќе добие. Може само да ги замолам за да дополнително ги испрашаат, така да нема што да ми се расипе било каков однос со наставниците. Тоа други нека му ја мислат мене не ме засега. Она што ме засега е неинформираноста, што никој не знае точно да ти каже што и како ќе биде, туку се` се сведува само на претпоставки, а времето си тече. Ме нервираат работи што се прават во 5 до 12, па нека се и најбанални, а не па ваков проект или оценување, или како веќе да го наречам. Еве, ја прашувам ќерка ми во средно дали им спомнале нешто за тестирањево и она вика дека ги прашувале професориве и класната што и како ќе биде, и никој не знаел уште ништо да им каже???? Катастрофа, барем според мене. Па, сега морам да и` пишувам мејлови на класната за да се информираме, макар што ако знаела и на нив ќе им кажела.
Сега на родителската кај син ми оценувањето им беше описно, а искрено од тоа описно оценување јас лично не можам баш да проценам дали детево е за 4 или 5 на пример, па се водам по тоа дека ако пишува „со помош на наставникот“ значи не е баш ок и треба повеќе да работи на таа тема. Најмалку 3 до 4 пати неделно работам со него (ако го оставам сам може и да ми забушава) и знам колку знае или не знае, ама мене никој не ме прашува. Знам дека многу брза кога решава задачи, па заради обична глупост да погреши, па точно поради тоа и се нервирам како ќе помине на тие тестови. А, лично он уопште не се стресува и не сакам јас да му внесувам некоја тензија или страв,ама морам да го опоменувам да не брза за да не згреши, па да ја провери после задачата или да внимава на ракописот затоа што му е како на лекар пред пензија. Точно она кое го пишува Мама Васе- работите не се секогаш црно или бело, има и нијанси, поготово кај помали деца кои треба со подобра оценка да бидат мотивирани ако веќе во нив има капацитет.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 06:17 #237773

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Вози мотор
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
Sabajlevo na Sitel zborea za ova. Rekoa deka 10 dena pred da bide testiranjeto ke bidat informirani i nastavnicite/profesorite i decata. Togas ke im kazat za denovite i vremeto na testiranjeto, kako i po koj predmeti toa ke bide.
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 08:23 #237788

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
И јас си имам иста мака со синот, мнооогу е некогаш брзоплет, од што мисли дека е лесно ќе утне кај најлесното. Задача математика на пр. знае да згреши нешто неверојатно лесно, на пример на страна делел, добил резултат и кога го препишувал во задачата утнал една цифра и продолжил со тој згрешениот број да ја решава задачата... :neznam: Јас ја сфаќам поентата на екстерното тестирање, посебно кај нас, кога знаеме дека има основни училишта со просек на ниво на училиште скоро 5,00... (имаше едно мислам беше 4,90 просек на ниво на школи или нешто слично до тоа). И факт е дека во основно се пумпаа оценките нереално (некаде, не секаде, ама поголем %). Ама треба да се најде начин побезболен за децата. И не се децата виновни што цел концепт образовен е така поставен.
(Еве читав за образованието во Финска, НАЈДОБРО во светот, докажано, а таму во цело основно децата НЕМААТ ОЦЕНКИ и НЕМААТ ДОМАШНИ -син ми веднаш посака во Финска да се селиме :) , никој не ги тера децата да се тресат која оценка ќе ја добијат и резултатот е-најдобро школство во светот според истражувањата на светските огранизации за таа проблематика). Сакам да кажам-повторно креираме генерации експериментални глувчиња, а ова СИГУРНО нема да го направи школството поквалитетно.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 10:10 #237794

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Значи тоа што до III odd. децата не се оценуваат се покажа како добро. Оти кај се навикуваат помали на системот училиште па уште да се секираат и за оценки. Но од IV odd. почна и оценувањето секако како мерка и за стимулација. Но највише од се мрзам кога се учи за оценка. Јас моето дете не го учам дома така. Он е тип што се нервира кога ќе добие 4. А првата ја имаше лани во второ полугодие и ако ви кажам какви трауми беа циркузи. И на крај сите деца 5. И оние што учеле и оние што се труделе и оние што си дремеле. Значи овој начин на оценување кај нас трае со децении. Уште од мое време.
Кога ќе одев во Белград на гости кај роднините и кога ќе ме прашаа како сум завршила пример VI одд. и јас ќе кажев скроз одлична тие тамо паѓаа во несвест. Оти скроз одличен може да е еден во клас или во генерација. Инаку најмногу имаа врло добри. И треба да се научат децата дека и 4 и 3 се добри оценки. Дека и тие оценки треба да се заслужат.
Во однос на тоа што пишува мамаВасе дека ќе бидат обесправени децата искрено се сомневам. Зошто сепак ако детето си знае и си учи и на екстерното тестирање резултатот ќе биде добар. Не е страшно ако бил оценет со 5 од наставникот, а на екстерно добие 4. Напротив па, еве баш денес си коментиравме со еден родител и вика конечно ова екстерно ќе биде добро за моето дете, оти каков влечко е само вака на компјутер со клик може да добие 5. Значи сите си гледаме од различни страни бидејќи имаме разлини ученичиња дома.
Јас лично не сум за екстерно , но сум да се води контрола над наставниците и да бидат построги критериумите за оценување.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 15:46 #237826

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Вози мотор
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
macika wrote:
Во однос на тоа што пишува мамаВасе дека ќе бидат обесправени децата искрено се сомневам. Зошто сепак ако детето си знае и си учи и на екстерното тестирање резултатот ќе биде добар. Не е страшно ако бил оценет со 5 од наставникот, а на екстерно добие 4.

teoretski da. ama vo praksa ne e bash taka. istata uchitelka vika deka ima deca koi na usno isprashuvanje se pokazuvaat odlichni, a na pismeno se ,,kochat,,. a dopolnitelno vlijae i stresot koj e mnogu vazen faktor. da zboruvame za studenti, pekim. ama deca od 10-11 god, pa tie ne ni znaat kako da se spravat so istiot, ushte pomalku da se kontroliraat. sekako deka ne e strashno ako dobie na eksterno 4-ka, ama toj eden test na krajot na godinata, sam po sebe ne znachi mnogu. dali voopshto e potrebno vakvo neshto za da na kraj imame rezultati na koj ne mozeme da se potpreme 100%.
Последна промена: 25 Апр 2013 15:47 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 16:39 #237831

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Тотална глупост е ова екстерново оценување :) Прво и основно неможеш ученикот да го оцениш моментално, кога се спушта конечната оценка во предвид влегуваат еден тон критериуми за оценување, неможе тоа туку така од еден тест со неколку клика да дадеш конечна оценка (па на секој му се случува да му се блокира мозокот :) ) Сум за воведување на вакви тестирања, но континуирано во текот на целата учебна година, повеќе пати па на основа на тоа да се даде конечна оценка. Се надевам обидот да го воведат ќе им биде неуспешен и нема да се спроведува во иднина. Инаку да екстерново е стрикно за проверка на наставниците, за тоа колку се реални во оценувањето и колку се успешни во предавањето :)
Времето ќе покаже како се ќе се одвива, пробното тестирање створи толкава паника кај учениците, а всушност беше само техничка проверка на системот, а не на знаења. Ќерка ми цела недела неспиеше од паника :) Можам да замислам како ќе биде главното во Мај :)
Барт верувај дека никој ништо не знае за екстерново тестирање и затоа ништо не ви кажуваат наставниците. Уште не им е се осмислено како што треба од министерството, се останато се шпекулации и паника помеѓу родителите.
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 17:05 #237834

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7856
  • Thank you received: 5645
Nas na roditelski ni spomnaa deka ke imale decava vo vtoro oddelenie probno eksterno ocenuvanje. bog da cuva. Nekni ni rekoa da vezbame diktati, matematika i citanje, da povtorime ZPO. Ne da e glupost... nevidena..
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 18:27 #237838

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Вози мотор
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
Pred eden mesec vnuk mi imaa eksterno testiranje.
Od 4 osnovni skoli vo Veles, go odbraa samo negovoto uciliste.

Bez paniki, ostavete gi decata na raat :)
Testiranjeto e PROBNO, NE VLIJAE na ocenkata.
Prasanjta se od opsta kultura, se polaga elektronski ;)


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 26 Апр 2013 02:11 #237843

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Изабела периодов скоро во сите училишта се спроведува пробното тестирање заради проверка на софтверот и да ова пробно не влијае на оценката, но главното тестирање ќе се спроведува кон крајот на Мај и тоа според Државниот испитен центар ќе влијае врз оценката на ученикот
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 26 Апр 2013 02:49 #237869

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
vika deka ima deca koi na usno isprashuvanje se pokazuvaat odlichni, a na pismeno se ,,kochat

Aha ama dali znaes deka mnogu retko isprasuvaat denes nastavnicite usno i deka decata voglavnom se ocenuvaat preku testovi.
Noviot sistem na obrazovanie e voglavnom preku pismeni testovi.
Taka da ako ne te biva na pismeno si naebal.
Inaku da mi prostis ama poveketo se kocat na usno gi faka trema koga treba da se izrazat, otkolu na pismeno. (sekako deka ima i obratno ;). Taka da pravilo nema.
Nekni ni rekoa da vezbame diktati, matematika i citanje, da povtorime ZPO.

E ova me vadi od takt. Ete toa e nastapot na poveketo nastavnici ajde sega od cela godina izvadete ucebnici i povtoruvajte. Uf, znaci kakva tortura na decata. :angry:



Vo sekoj slucaj NE za EKSTERNO!!!!
Последна промена: 26 Апр 2013 02:52 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 26 Апр 2013 04:38 #237876

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
Јас не сум за екстерно оценување на деца од оваа возрасна група, мислам на децата од основното образование. Тие се мали, не можат во свите глави да владеат со знаење и познавање на материјал од цела учебна година. Уште повеќе што нели, се вика дека не се знае по кои предмети ќе биде извршено екстерното оценување, па практично тие би требало да бидат спремни за се'. Тоа не може така, тоа се деца кои се мали за таков да го наречам факултетски принцип на оценување, на севкупниот материјал по еден предмет.
Ако е екстерното оценување воведено да се преиспитаат наставниците и оценките кои тие им ги даваат на децата, мислам дека имаат начини како поинаку да ги направат овие контроли. И ако екстерното оценување се изведува по само 2 предмети, дали тоа значи дека предмет на преоценување и испитување ќе бидат само наставниците од два предмети? Што со другите?
Јас последните 2 години од моето средо образование ги имам поминато во друг систем, каде што имаше екстерно оценување во буквална смисла на зборот. Тоа не беше спороведено за контрола на наставниците туку за наше фактичко оценување. Но, како одеше тоа? Оценувањето се изведуваше преку тестирања на крајот од двете години, значи покриен материјал од 2 години, но на возраст од 18 години. Изучувавме 6 предмети. Во текот на двете години работата со професорите е по меторски принцип. Имавме клчасични часови, домашни задачи, есеи, редовни тестирања, полугодишни и годишни тесирања. На овие тестирања добивавме оценки од наставникот. На полугодието и крајот на годината добивавме описни оценки од наставниците, кои беа испраќани и до нашите родители. Овие описни оценки, беа описни во буквална смисла на зборот и посветени за конкретниот ученик, каде што беа опишувани сите позитивни и негативни работи кои ги воочувал наставникот во текот на полугодието/годината. Описната оценка на крајот на двете години дава и предвидување за крајната оценка на завршните испити.
Како и да е, сакав да кажам дека целиот систем е посветен на подготовка на учениците за едно вакво проверување на знаењата. На ова се работи континуирано, во текот на двете години.
Затоа мислам дека не може туку така да се рече ќе има екстерно оценување по 2 предмети, не ви кажуваме кои, а реалнио и не знаеме каков тип на прашања и каков тип на тестови ќе бидат тие. За секој вид на тест, потребна е подготовка. НО, исто така сметам дека од деца на 10, 11, 12 годишна возраст не може да се очекува да се спремаат за ИСПИТ, а ваквите тестирања се буквално тоа.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 26 Апр 2013 08:47 #237889

  • Elicka
  • Elicka's Avatar
  • Вози мотор
  • toddler
  • Животот е убав
  • Теми: 258
  • Thank you received: 103
Јас сум наставник во средно учичиште и навистина ништо не се знае, освен дека ќе има екстерно оценување. Не сум против екстерното, но сум против начинот на кој се врши. Прво немаме саглам учебници, полни се со грешки и според стари закони. Дали децата ќе се оценуваат според нив или според она што им го кажал наставникот? Крајната оценка на наставникот е сублимат од 4 оценки: прво тромесечие, прво полугодие, трето, па четрвто тромесечие. Првата оценка значи е добиена октомври, полугодишната декември. Ако тогаш материјалот го совладало за 5, дали и сега го знае за 5? Нормално дека не. Ако сакаат да спроведат екстерно, според мене најдобар начин би бил во текот на целата година со екстерни тестови за секоја тема или еднаш месечно. И така најтешка работа е оценуванњето покрај сите притисоци што ги имаме, посебно кога се ближи крајот. Тие тестови нека бидат исти за сите школи, а наставникот само да треба да го реализира материјалот. Така би било донекаде во ред екстерното тестирање, иако како професор тврдам дека детето не е лист хартија, туку мора да се слушне што зборува, како зборува, како се снаоѓа на дополнителни прашања, колку е сигурен, а тоа не може да се види од тест на кој може и лесно да се препише.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 26 Апр 2013 10:47 #237901

  • jabolko
  • jabolko's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 8
  • Thank you received: 7
Незнам зошто никој не го зема во предвид психолошкиот момент.
Значи од моето искуство како наставник во средно образование,ми се има случено да супер одлични ученици направат зачудувачки слаб тест,токму поради тој психолошки момент.Еве ќе набројам некои:предходниот ден се скарал со девојката,родителот имал сообраќајна несреќа,бил сведок на домашна распавија,некои домашни проблеми-болести,а има ми се случено од ученичка која од самиот факт дека е најдоба,тестот го доживеа така трауматично,во смисол од нејзе сега се очекува 100% знаење,па бидејќи не го знаела првото прашање,тотално се блокира и неможеше да одговори на ниедно.Нормално,си најдовме начин како да ги решиме овие работи,сепак се работеше за деца кои предходно го докажале своето знаење.
Прашањето е каква слика би се добило за предходните ученици,ако тестот беше токму екстерното тестирање.Треба да се има во предвид,дека ученикот не е само бројче во дневникот,кога нешто се воведува во образованието,да се разгледаат сите аспекти.
Стандардизирани тестови повеќе пати во годината,сепак би дале појасна слика и за детето и за наставникот.
Последна промена: 26 Апр 2013 10:52 by jabolko.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 26 Апр 2013 12:53 #237905

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
macika wrote:
vika deka ima deca koi na usno isprashuvanje se pokazuvaat odlichni, a na pismeno se ,,kochat

Aha ama dali znaes deka mnogu retko isprasuvaat denes nastavnicite usno i deka decata voglavnom se ocenuvaat preku testovi.
Noviot sistem na obrazovanie e voglavnom preku pismeni testovi.
Taka da ako ne te biva na pismeno si naebal.
Inaku da mi prostis ama poveketo se kocat na usno gi faka trema koga treba da se izrazat, otkolu na pismeno. (sekako deka ima i obratno ;). Taka da pravilo nema.

Овој пристап е сосема погрешен. Едно е трема, таа може да настапи не само при усно испитување, туку и при писмено, а сосема друго е дислексија. Кај дислексичните ученици постои потешкотија при писменото изразување и мора да се земе ова предвид и законски на тие ученици кај кои постои дијагностицирана дислексија да се овозможи усно испитување. Јас имам магистрирано на странски универзитет каде имаше можност на дислектичните студенти да им биде дозволено усно полагање. Дислексијата ја утврдува психолог. Исто така имам работено на еден приватен странски факултет каде според закон и статут беше утврдено каков пристап треба да се има кон дислексичните студенти, а се со цел да им се олеснат студиите. Овде е друга темата, но мене навистина ми изгледа апсурдно испитаување на ученици на целогодишниот материјал преку тестови, особено во нижите одделенија од основното образование.


Последна промена: 26 Апр 2013 14:24 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 26 Апр 2013 18:46 #237923

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Вози мотор
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
Za mene ova eksterno tesriranje e ziva glupost na tolku mala vozrast.

Navistina mi e non sens tolku mali deca da ucat matrijal od cela godina, samo kolku da se proveri rabotata na nastavnicite.
Sto se decata gluvcinja pa da vrsat eksperimenti na niv.


Eve jas sum od pomladite generacii, koga bev treta godina vo sredna skola ni kazaa deka ke se polga drzavna matura, sostavena od materijalot od site 4 godini.
Imase eksteren del vo koj polagvme majcin jazik I stranski jazik ili matematika, interen del vo koj polagavme 2 predmeti po nas izbor I branenje na proektna zadaca.

Profesorite ni sozdavaa takov pritisok, bukvalno ne plasea, site ni velea Pa vie znaete li sto ve ceka, znaete li deka e mnogu tesko, znaete li sto znaci da ne polozite?
Maturskata zadaca ni bese strav I trepet, se dodeka sednavme na testiranjeto.

Zenicki koga go otvoriv testot, na sekoe prasanje se smeev.
Polesno I poprosto nesto ne sum videla.
Gi poloziv site predmeti so 5-ka. Nemase dete od moeto uciliste sto padna na drzavnata matura, a ne se spremavme nisto posebno, barem ne jas, otidov so mislata sto ke bide neka bide :)

Zborot mi e deka nastavnicite sozdavaat pritisok, gi uvelicuvaat rabotite, a navistina e lesno :)

Samo steta sto na tolku mali deca im go pravat ova :(

Do kade ke go odnesat obrazovanievo? Ccc...


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 27 Апр 2013 07:59 #237944

  • bart
  • bart's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Денес син ми правеше пробно тестирање и тек сега сум убедена дека ова е огромна глупост. Децата беа поделени во групи од 20 по две -три деца од 4-то до 8-мо одделение, во разни кабинети и во различно време почнувајќи од 10, 11 и 12 саат. Отидов со син ми чисто да видам што ќе се дешава и да прашам како ќе биде на она правото тестирање. Не најдов никој ни од наставници ни од родители. Тука беа само деца кои веќе се тестирале и ај ги прашуваме како поминале. Викаат супер, лесно беше, имаше прашања од општа култура. Ми падна смешно и викам какви прашања од општа култура имавте? Па следи: кое од набројаните не се рециклира, како се вика местото каде се игра бокс и бисеров: кој е хемиски знак за кислород? Го прашувам девојчево од каде го знае тоа кога не учеле хемија во V одд и ми одговара Па, од општа култура :krsti: . И додава „решавам крстозборки дома, па си знам“.
Кога заврши син ми го препрашувам што прашања имале и меѓу останатото ми кажува дека едно од прашањата било која е најдолга река во Европа. Викам „па, ти знаеше?“ Вика „не, го прашав детето до мене (од погорен клас)“. И, викам, како се вика таа река? -Не знам, нешто на В... Па, како може да знае кога никад тоа не го учеле. Од опша култура? Свашта... :krsti: А, башка и не решава крстозборки :roll:
И, сега ај да ми каже некој кој ги измислува овие тестови и која им е целта???
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Екстерно оценување 27 Апр 2013 18:44 #237984

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Of lele bart. :laugh:

A sinko vo vtornikot imase eksterno i vika imavme mnogu lesni prasanja od tipot sto e minare, sto e biblija i takanataka.
Mojov cita enciklopedii, mnogu igrame brza geografija i ustvari eksternoto ocenuvanje e da vidat po doma kako gi obrazuvame decata od opsta kultura. :aaa:
The administrator has disabled public write access.
Time to create page: 0.361 seconds

Најново на форумот