Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Комуникација= училиште ->родители и деца

Комуникација= училиште ->родители и деца 07 Фев 2012 07:15 #178745

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Имено вчера отворам ФБ и една од тамошните пријателки, која е наставничка по еден предмет во основно училиште имаше постирано на статус кај себе дека часовите во нивното училиште се скратени и дека се поместува часот за старт на настава.
Се нашалив дека сега се модерни времиња, не како порано што нам ни даваа соопштение преку разглас или пак ни читаа со тетратката од училна во училна.
Ама тоа нејзе ја испровоцира да се брани и докажува колку таа комуникација и била супер, дека дадено било известувањето во 5 до 12 па морала да ги извести децата и тн, што мене ме изнервира и разменивме неколку јавни пораки.
Односно - мојот став е дека не го оправдувам таквиот начин на комуникација со децата,

прво - затоа што училиштето и одговорните таму треба на време да си мислат за се‘ и на учениците да им дадат навремено известување за наставата и часовите, а и се‘ друго што е важно за нив.

второ- ФБ не е соодветен начин на комунукација, пред се‘ затоа што се знае дека е забрането за деца помали од 13 години (мада би го забранила и за деца до 18 год. ама тоа е друга приказна)

ниту пак може да биде официјален начин за комуницирање со децата, ако сака школото и учителките да се модерни, треба да си отворат интернет страница, па таму да си закачуваат известувања. а не да висат децата на интернет и на фб дали ќе има известување.

трето - ние родителите збориме дека не е ОК интернет, фејсбук и тн. а тие што се задолжени за воспитување и образование не‘ оспоруваат нас и ги поттикнуваат децата на спротивното.
четврто - дали секое дете има компјутер и интернет?

Се разбира, фб пријателката си имаше нејзини контра ставови дека тоа е супер комуникација која нејзе и се допаѓа, дека таа ги имала во пријатели децата од нејзино школо и така ги контролирала што прават (види молим те!?!) оти 70% родители немале поим. па дека ова е вонредна состојба им било кажано на нив после 4 и пол и оние кои не биле известени по телефон вака ќе ги известеле (како да не може сите по телефон). за да на крај заклучи дека беспредметно било да ми објаснува оти не ја разбирам (а она демек ме разбра мене) и дека денес сакале или не ние родителите нашите деца висат на интернет и ФБ (иако моето има 6 ипол години :P)

и сега по се‘ изгледа ние ќе си останеме неинформирани оти јас кажав дека сакам да биде информирано моето дете како што треба - во школо преку баба, дедо, татко, мене (кога го носиме или земаме детето) , закачено соопштение на огласната табла или во краен случај преку ливче во ранец кај синко (додека е мал, кога ќе порасне ќе си памти што кажале во школо :laugh: )


Значи кое е вашето мислење во врска со ова?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 07 Фев 2012 07:18 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi, isabella, forumce

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 07 Фев 2012 08:14 #178771

  • betty boop
  • betty boop's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 101
  • Thank you received: 77
  • Карма: 0
definitivno vo nikoj slucaj ne go opravduvam vakviot nacin na komunikacija ako veke taa ucitelka misli deka na toj nacin treba da se komunicira so deca neka napravi sajt za deca ama pak toa ke bide za pogolemi deca koi znaat da rabotat na kompjuter a pak od druga strana ne sekoe dete ima kompjuter i internet jas vakvo nesto ne sum slusnala do sega a i da mi se sluci vednas bi reagirala zosto na mojata kerka ne i e dozvoleno da sedi pred kompjuter i mislam deka uste e mala :emm: a neli tokmu ucitelkite koga odime na roditelski sredbi ni kazuva deka treba da gi kontrolirame decata sto pravat i da fb profil nemam jas a kamoli na kerka mi da i pravam :nc:
.
gif[/im
g][/url]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 07 Фев 2012 08:19 #178774

  • темјанушка
  • темјанушка's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 314
  • Thank you received: 197
  • Карма: 0
Ауу ужасно. До кај им оди паметот. Што ако сум против Facebook, па е забранет дома.
Кај нас во школо функционираат или со ливчиња или во самите книги им штиклираат што учеле. Првачиња се. АКо се повозрасни ќе памтат. Секој ден кога го земам од школо добивам детален извештај што правеле, на што да обрнеме внимание, што да вежбаме.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 07 Фев 2012 09:13 #178799

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Па добро некако мора да информира, ама ФБ не е средство за информирање на Министерство за образование (мислам на итни работи)...Ако била промената апансас - во истиот ден, што не се јавила по телефон кај родителите? Нема што да ги информира децата - треба да ги информира родителите...

Сметам дека денес и e-mail комуникацијата треба да функционира, со тоа што тоа веќе не е јавно, туку упатено само до родителите на децата во едно одделение.

Јас лично многу би била задоволна ако на e-mail добијам информација за родителски, а не да барам ливчиња по книгите на моето дете...




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Tara

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 07 Фев 2012 09:38 #178813

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2988
  • Thank you received: 1373
  • Карма: 60
Прашање: дали статус поставен на приватен орофил може да се смета како официјално известување од страна на училиштето?
Не знам колку сериозно да го сфатам....
Ќерка ми имаат една тетратка (секое дете своја) и во неа се лепат и/или запишуваат известувања, покани, барања и сл. официјални за училиштето и секаде стои потписот на учителката без разлика дали е напишано или печатено. Печатените листови ги лепат во тетратката за да не се зафрлат.
e-mail комуникацијата или телефонот е во случај да се договори средба или да се даде лична информација.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 07 Фев 2012 11:59 #178872

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Значи дефинтивно најадекватно место е огласна табла во училиштето. Ама и тоа е дискутабилно оти некои деца се симнуваат сами до пред влезната врата па родителите воопшто и не влегуваат во училиштето за да можат постојано да гледаат на огласната табла. Оти нели треба секојдневно да гледаш дали има известување. Во принцип да би сакала да има интернет страна и да може учителките постојано да ставаат известувања и наједноставно родителите би се информирале на тој начин. Но прашање е дали секој родител постојано има пристап до интернет и може и тоа да го провери. Вака останува најчесто од уста на уста, значи ми се јавува на мене учителката и уште на две три родителки и ние пренесуваме понатаму. А во исто време секако ги известува и децата и тие самите разгласуваат кое запамтило кое не.
Инаку од некни пак почна да функционира е-дневникот и еве денес на мобилен добив известување за минатата недела колку пати одсуствуал син ми од школо и дали е оправдано или неоправдано. Топ! Кога ќе биде поголем ке знам дали киднал или не. ;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 07 Фев 2012 13:22 #178889

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Не знам зошто толку ве вознемирува тоа што наставничката напишала статус на ФБ, ако и онака се јави на децата (читај: родителите) да ги извести за промената. Секако дека ФБ не смее да биде официјална огласна табла, но немам ништо против и на тој начин да се комуницира.
Последна промена: 07 Фев 2012 13:23 by Helix.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 07 Фев 2012 13:32 #178892

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
Хммм, јас сум од поддржуваќите на современата технолгија дефинитивно. Немам ништо против FB ниту на негово користење од старна на децата (доколку знаат како да го прават тоа како што треба).
НО FB е приватна работа и не смее да се користи за соопштенија од овој тип... Е сега, можеби нема зијан од ова, но секако не е начин.
Покрај класичните начини на дистрибуирање на соопштенија како огласни табли јас сум за тоа сите да имаат официјални e-mail адреси (ученици и наставници, училиштето да има e-mail адреси од родителие), па информациите да се проследуваат на тој начин. Тоа е решение за ваквите ситуации, ФБ не.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 07 Фев 2012 15:11 #178897

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Emilija wrote:
Прашање: дали статус поставен на приватен орофил може да се смета како официјално известување од страна на училиштето?

токму тоа ми е поентата.

плус тоа се работи за малолетни лица. деца под 13 години. со ова дирекно наставничките ги поддржуват децата во нешто кое не е легално дозволено за нив.

да, и јас сум за тоа што спомена некој е-дневик, па известувања за часови, интернет страна каде може секој родител да влезе, мејл во краен случај. Но ФБ? :ne:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и 07 Фев 2012 18:03 #178921

  • Elicka
  • Elicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Животот е убав
  • Теми: 258
  • Thank you received: 103
  • Карма: 4
Не е ништо страшно да се известат учениците за нешто преку ФБ, секако дека тоа не е официјална информација, но сепак најбрзо пренесена и примена од страна на учениците. Затоа што сакале ние или не, тие се цел ден на ФБ. Сега не знам за која возраст била наменета информацијата, но за ученици од средно зошто да не. Еве пошто сум јас во средно, можам да кажам дека често се донесуваат одлуки и кога не е можно децата да бидат известени лично, така беше со прекин на настава во петокот заради снегот. Официјално извести локална ТВ и уште една, ама реално децата се повеќе на ФБ отколку пред ТВ и тоа на вести. Јас преферирам телефонски да ги известам децата, но сепак имаше колеги што известија за тоа преку ФБ.И зошто да не кога и тоа е еден начин на комуникација и информацијата лесно доаѓа до оној за кој е наменета, што е и целта нели?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 08 Фев 2012 04:59 #178969

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Добро бе луѓе, а како ќе знае дотичната наставничка дека родителите или децата ја прочитале информацијата на ФБ? Ќе преброи колку лајка има?„Има 23 лајка, чек да видам кој не ме лајкнал? Може и коментари треба да и` пишат?
Биг Систер а што не си и рекла да објави на Youtube па да прати линк по форуми? Може така сите ќе видат. Од што се правиме многу модерни- забегуваме. Искрено, ја би ја избришала од листа на пријатели, па да ја видам после како ќе ме известува.
А, што ако не користам ФБ, туку имам профил на Твитер? Или не сум платила интернет па ме ислучиле? Или едноставно, ко што е случај со мене, ФБ отварам еднаш неделно- како тогаш ќе знам. Па, кога не сум на работа и meil не отварам.
Се знае, стар добар телефон.Еве баш вчера ми се јави наставничката на син ми по англиски да ми каже дека во четврток нема да учат. Со класната на ќерка ми контактирам по meil, ама не за работи од денес за утре. Па, може ја денес ич да не го отворам мејлот...Е-дневникот е фина работа, ама не за такви соопштенија, а и не гледам дека нешто се претргнаа да пишуваат во него.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: темјанушка

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 08 Фев 2012 05:02 #178971

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Од ова полугодие е-дневникот функционира за разлика од претходно. Имаат обврска неделно да внесуваат промени. Вчера на мобилен ми стигна порака од е-дневник колку изостаноци имал и колку часови се одржале минатата недела и дека не е оценуван.
Последна промена: 08 Фев 2012 05:02 by macika.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bart

Ре: Комуникација= училиште ->родители и 08 Фев 2012 05:10 #178975

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
Elicka, ништо страшно сепак мислам дека FB треба да си остане тоа што е - социјална мрежа, место за комуникација, дружење, место за искажување на лични ставови и сл... Едно нешто што во моментов ми текнува е дека можеби училиштето може да отвори профил на FB па таму да одат соопштенијата.
Но спеак, најдоборо решение е училишта да си имаат портали како секоја серизона институција на кои ќе можат да ги истакнуваат соопштенијата. Тоа што децата седат на фБ по цел ден е друг проблем, но не ја оправудва нивната евентуалната недоговорност за непороверување на информации наменети за нив, а пласирани на друг начин освен ФБ. Значи ако сакаме да го модернизираме начинот на комуницирање (и јас сум за ова), бидејќи лично и јас преферирам да добивам информации на е-маил, сакам било која организација, фирма, институција, продавница да имаат своја web страна на која ќе можам да ги добивам потребните информации, треба тоа да се направи на поинаков начин и децата да стекнат навика да си ги проверуваат своите е-маил сандачиња, да си ги проверуваат порталите на своите училишта и слично... Може училиштето да си обезбеди и форум во кој ќе бидат начнати дискусии... Е тоа би било модерно училиште, со модерни наставници/професори и модерни ученици.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 08 Фев 2012 05:19 #178981

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
bart wrote:
Добро бе луѓе, а како ќе знае дотичната наставничка дека родителите или децата ја прочитале информацијата на ФБ? Ќе преброи колку лајка има?„Има 23 лајка, чек да видам кој не ме лајкнал?
:muahaha: :muahaha: :muahaha: Може ќе им се јави на тие шо не лајкнале :hahaha:
bart wrote:
Од што се правиме многу модерни- забегуваме.
Баш.
Работата е што ФБ не е за малолетници (или под 13 год., не знам точно), а наставничката со овие постапки ги поттикнува децата да го користат. Да не се повторувам по Систерот. Потпис за се што кажа, не да сум против него мноооогу против. Децата киснеле на ФБ? Па Никола има 6 години, не верувам дека на таа возраст висат на ФБ, наставничката може што сака да каже, за мене нема оправдување. Се знае која е официјалната комуникација училиште-родител. Што сега, личната одговорност ќе је префрламе на интернетот? Јас на факултет имам неколку колеги кои воопшто немаат ФБ профил, некои немаат интернет дома, а некои немаат ниту компјутер. Студенти. Не пак првачиња. Со нив комуникацијата ни е по телефон.
Училиштето е должно информацијата да ја истакне на место кое е достапно за СИТЕ деца. Набројаа пред мене кои се тие начини, а ако веќе донеле одлука во 5 до 12, тогаш дотичната ќе си седне пред телефон и ќе си се јави на секој родител посебно.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bart, темјанушка

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 08 Фев 2012 05:45 #178998

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Да се разбереме само - не се работи за учителка на син ми. Додуша он има две учителки, од кои едната пред пензија, па не користи ФБ, другата е малку помлада од мене, но не знам дали има ФБ профил.
И да има, и да сме пријатели на ФБ никогаш нема да ја оправдам доколку го видам она од завчера кај госпоѓата која ја споменав.
не може наставник да ми дава оправдување дека сите користеле интернет и фб, модерна технологија било, било супер и тн... за да на крај по моето укажување дека треба школото да си направи свој сајт од каде може да ги известува учениците за одредени работи, мада и тоа е прашање дали секој може да си го дозволи (компјутер интернет и тн), таа заврши со констатација дека немало што да се мешам јас нивното школо да им удоволува на родители како мене!?!?! :wtf:
тоа се зборови на наставник кој воспитува деца и потоа ќе се жалат не ги слушале деца, биле вакви и такви, а со свој пример им покажуваат како е да се биде безобразен. :nc:

Пак ќе напомнам - не оправдувам во никој случај праќање официјални соопштенија преку Фб без разлика дали е за основно школо, средно, факултет и тн.
Секој одговорен ќе си мисли на време што и како да си се организира да ги информира учениците (особено основците) како што е ред. А не да се правиме модерни, па ко што рече Барт - да забегуваме.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 08 Фев 2012 05:56 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 08 Фев 2012 05:48 #179002

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Точно, можеби некој нема компјутер или интернет, а некој ниту профил. На пример, мм нема профил. Се разбира дека ФБ не треба да биде официјално гласило, но не значи дека е забрането да се пише и таму. Боже мој, 21ви век сме, веќе се воведуваат електронски дневници, картици и што се‘ не. Јас сум поддржувач на новата технологија од секој и во секој аспект.
Последна промена: 08 Фев 2012 05:50 by Helix. Причина: правописна грешка
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 08 Фев 2012 05:51 #179006

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Лелеее, да ми е таа на мене, па да ја „утепам“ со зборови и цело школо да дознае во кои работи како родител треба да се мешам или не.:skok:
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 08 Фев 2012 06:00 #179010

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Klaudija wrote:
... Се разбира дека ФБ не треба да биде официјално гласило, но не значи дека е забрането да се пише и таму. Боже мој, 21ви век сме, веќе се воведуваат електронски дневници, картици и што се‘ не. Јас сум поддржувач на новата технологија од секој и во секој аспект.


Никој не вели дека е забрането, таман работа.
Или пак да сум против новитетите.
Таа (и било кој од нас) може да си пише што сака каде сака, особено на свој личен профил - ама НЕ и официјално соопштение кое гласи - ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ....Се одложува наставата и сл.....

и ми оправдува дека и бил супер начин на комуникација.... нон сенс ми е.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 08 Фев 2012 06:05 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix, bart

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 10 Фев 2012 03:15 #179415

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
Прво, за мене тотално непрофесионално наставникот да биде пријател на фб со учениците во осмолетка (посебно со ученици од одделенска настава). Се знаат правилата на ФБ (кои голем процент од децата не ги почитуваат) ама затоа наставникот, како пример, треба постојано да укажува на недостатоците, а не да лепи статуси :blink: . Пред секоја училница треба да стои огласна табла за известување на родителите. Во инцидентни ситуации, спомнавте и претходно ќе се јави на секој родител.
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Комуникација= училиште ->родители и деца 10 Фев 2012 10:33 #179680

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
И мене тоа најмногу ми падна во очи, зошто наставник да ги има за пријатели на ФБ своите ученици? Сепак наставникот треба да е некој авторитет, да има дистанца, учениците да не му знаат се за неговиот приватен живот. Не ми се допаѓа толкава блискост.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Најново на форумот

  • No posts to display.