Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Испрашување

Ре: Испрашување 19 Ное 2010 17:08 #74512

  • TIFANI
  • TIFANI's Avatar
  • Offline
  • junior
  • The happines is in the small staff
  • Теми: 639
  • Thank you received: 158
  • Карма: 9
Мила се сложувам со твојот пост,но Филип сам бара да го испрашам,и на крај прашува дали ја знае добро лекцијата.
Никогаш не би му кажала дека нема да го испрашам,кога тоа него го прави срекен.

А,да и тоа,првпат се случи во трето одд.да извади 4,т.е ги немаше довршено цртежите по ликовно,светот му се сруши.Но,јас не го карав,напротив сакав да свати дека животот носи и добри и лоши моменти.Плачеше цела недела за таа четворка,ама сигурно тоа му беше големо искуство,дека и ликовно е важен предмет.

Затоа пак сега,од искуство си ги довршува сите цртежи и знае дека и ликовно е предмет кое само заслужено може да си добие петка.
You make me happy
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испрашување 19 Ное 2010 17:10 #74513

  • Snoopy
  • Snoopy's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 293
  • Thank you received: 238
  • Карма: 15
TIFANI wrote:
Искрено,речиси и да се нема случено да го проверам некоја лекција ,а да не ја знае.
Ме познава,знае дека мора да биде солидно научена,па после да го проверам.
Но,кога не би ја знаел како што треба,ке мора да продолжи со истата лекција,се додека не ја научи како што треба.

Не би сакала да го фалам,зашто секое детенце заслужува да биде пофалено,но само би кажала дека е прв во класот,а наставниците се презадоволни од него,речиси секој тест му е со сите можни поени,барем засега.
Браво за Филип, не ми беше тоа поентата.
Од каде Вие знаете што е добро научена лекција (озвен рецитирање на истата на памет).
Еве едноставна компарација. Писмените на керка ми според мене се за 9+, а нема никогаш добиено повеќе од 4. Ме фати еднаш инат отидов во училиште и се пожалив на професорката без да знае девојчево. Значи нема граматички грешки, не е неписмена ама ете. И разговарав со професорката ми нареди едно чудо аргументи од естетски, до методолошки, до не знам вкава сруктура на есеј таква, правила на ова она си дојдов дома изрибан :muahaha: Ама дома кога и ги читам па викам дека се ОК.
Се разбираме.
Нашето поимање на добро научено, нацртано, направено и она од стручно лице платено за тоа е сосема поинкаво. Викањето дека лекциите се совладани дома може детето да го одведе во поинаков правец за разлика од оној кој се бара од него на училиште.
Иван А.
с.р
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испрашување 19 Ное 2010 17:26 #74523

  • Mila87
  • Mila87's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 137
  • Thank you received: 23
  • Карма: 28
TIFANI немав намера со моето мислење да се добие впечаток како вас да ве посочувам, да го контрирам или дискутирам вашиот пост.
Јас имам одреден, мој став за овие работи и само го изнесов, го споделив овде. ДА не бидам и јас погрешно сфатена ,дека понатаму не би се интересирала за моето дете, напротив, ме исполнува кога гледам деца кои бараат помош, ги интересира, и постојано сакаат да научат нешто ново.
Snoopy сакам само да ти кажам дека залудно се нервираш, мислам дека ти е јасно тоа. Денес има такви искомплексирани луѓе(посебно професорите),со кои постојано сме во контакт. Тие си имаат свои критериуми во животот, кои според мене никогаш никој нема да успее да ги задоволи. Но, ете тоа е тоа , треба само децата да се научат и да знаат дека секој на овој свет си има свои стандарди за успех. Девојчето нека си биде задоволно, нека знае дека нејзиниот труд е нејзин и е бесценет, нека научи да не се разочарува , а се друго ќе си дојде.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испрашување 19 Ное 2010 20:51 #74613

  • TIFANI
  • TIFANI's Avatar
  • Offline
  • junior
  • The happines is in the small staff
  • Теми: 639
  • Thank you received: 158
  • Карма: 9
Мила,добро и позитивно го сватив твојот пост,знам дека не дискутираше за мојот пост,но јас само ги поврзав двата поста,за да кажам дека од една страна го подржувам твојот пост,а од друга страна дека тоа не е така кај нас,зашто кај нас детето е такво,сака се да му е научено како што треба,се да му е средено и да си се чуствува сигурно.

Би била срекна кога и тој би ги гледал работите поинаку,и кога би можел да свати дека,некогаш можеби ке се случи и четворка да има во свидетелство,ама заради тоа,тој не треба да се разочарува и да мисли дека е крај на светот.За него четворката поправена во петка не вреди,сака веднаш неја да ја има.
Можеби еден ден кога ке биде повозрасен ке свати дека,нема секогаш секој негов труд да биде и награден
You make me happy
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испрашување 20 Ное 2010 02:40 #74769

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
  • Карма: 0
Snoopy wrote:
Да го испрашувате сопственото дете е исто како неговиот наставник да дојде и да ја уредува неговата работна или спална соба дома.
Тоа е мешање на работите.
Детето дома требад а учи, а во училиште да одговара.

Јас не се сложувам со твотео налагање за учениците. Сепак не станува збор за мешање работи дома-училиште. Секое дете денешно време ( иако станува збор на напредно време во кое знаеме се и сешто) мора да се контролира, ако малку му избегате од контрола - тоа поинаку ке ја разбере самата ситуација и поинаку ке навлегува суштински во материјалите за учење. Како прво површно ке учи,самиот материјал нема да му биде доволно интересен и нема да има повод за да повеќе учи; вака ке си рече самото дете дека мора да научи нешто за ад знае што да одговори на својот родител. Не велам не, има деца кои самостојно дома учат и пишуваат домашни задачи но и тие деца се сепак контролирани од нивните родители.Нема родител кој не се интересира за знаењето кај своето дете. Секој родител посакува неговото дете да стане успешен човек. И моите не ми помагале дома во учењето, но сега кога ке се навратам наназад му станува се појасно дека мајка ми преку блиц прашања ме проверувала без јас да знаам дека ме проверува. И раскажував се сто имав научено мислејки сака да научи од мене нешто повеќе.Постојано ми ги отвораше книгите демек да видела што слики има, дали ми бил исшкртан учебникот.
Не треба на децата да им даваме изготвени знаења, треба да ги мотивираме за да самите си доаѓаат до нови идејни знаења, но сепак да го следиме тој нивен чекор.
оваа реченица секогаш ја велеше мојата професорка на факултет.
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****

The administrator has disabled public write access.

Ре: Испрашување 22 Ное 2010 14:29 #75559

  • Snoopy
  • Snoopy's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 293
  • Thank you received: 238
  • Карма: 15
Mladenovska wrote:

Како тоа НКВ машиновозач ќе го насочи своето дете за да не
поинаку ке навлегува суштински во материјалите за учење
Вие зборувате за контрола. Контрола дали учи, дали е редовен дали оди на часови, пишува домашни, црта носи опрема итн итн е едно, мешање во образовниот процес е друго.
Да ако мама е хемичар може да помага во решавање задачи, ако тато е педагог да, ама ако не се што правиме. Ние сме таква нација знаеме се` за се` и сешто. Експерти и стручни сме за сите области и си земаме прво да збориме за секоја една работа. Не разбирам како тоа родителот може да то насочува своето дете, да контролира дали учењето оди во права насока ако малиот пред татко му одговара „вертикален истрел“ а таткото прв пат слуша за тоа?????
Да не оди прво да сурфа на goolge за да биде спремен за испрашуваае? :muahaha:
Иван А.
с.р
Последна промена: 22 Ное 2010 14:30 by Snoopy.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испрашување 22 Ное 2010 14:40 #75567

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Mnogu e lesno da se zbori koga imate deca sto sami ucat. Nekoj ke rece taka si go naucila, ne ne e taka, se rega takvo i gotovo. Ista majka i tatko dve deca sosema razlicni. Jas so mojata kerka imam golem problem so ucenje. Celo vreme moram da vikam sto imas za ucenje,koga ke pravis pismena, da ucam so nea a veke e 5 odd. Ednostavno ne saka da uci i gotovo. Odlicna e ama so moja pomos, znaci 5-te se moi.
Ke dojde od skolo ke ja frli tasnata i gleda da sedne na kompjuter ili izleze nadvor. Dabe jas si zboram dodeka ne ja otvoram jas tasnata i ne vidam sto ima za ucenje i ne napravam kavga ne sednuva da uci. Sum bila na misla da ja ostavam sama da ne ucam so nea ama nema efekt ke gi naredi edinici.
Ne znam kako ke prodolzime ponataka bidejki dogodina ke ima 12-13 predmeti i zarem jas ke ucam sve so nea. Me faka depresija koga ke dojde vikend i treba da ucam.:(
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испрашување 22 Ное 2010 15:04 #75591

  • Snoopy
  • Snoopy's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 293
  • Thank you received: 238
  • Карма: 15
kalina wrote:
Mnogu e lesno da se zbori koga imate deca sto sami ucat. Nekoj ke rece taka si go naucila, ne ne e taka, se rega takvo i gotovo. Ista majka i tatko dve deca sosema razlicni. Jas so mojata kerka imam golem problem so ucenje. Celo vreme moram da vikam sto imas za ucenje,koga ke pravis pismena, da ucam so nea a veke e 5 odd. Ednostavno ne saka da uci i gotovo. Odlicna e ama so moja pomos, znaci 5-te se moi.
Ke dojde od skolo ke ja frli tasnata i gleda da sedne na kompjuter ili izleze nadvor. Dabe jas si zboram dodeka ne ja otvoram jas tasnata i ne vidam sto ima za ucenje i ne napravam kavga ne sednuva da uci. Sum bila na misla da ja ostavam sama da ne ucam so nea ama nema efekt ke gi naredi edinici.
Ne znam kako ke prodolzime ponataka bidejki dogodina ke ima 12-13 predmeti i zarem jas ke ucam sve so nea. Me faka depresija koga ke dojde vikend i treba da ucam.:(
Кажавте се што сакав да кажам три дена наназад.
Ви благодарам.
Иван А.
с.р
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испрашување 23 Ное 2010 16:40 #76221

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
Додека јас бев ученик никогаш не бев испрашувана ниту пак сум барала од страна на моите родители да ме испрашуваат. Секогаш сама си ги учев лекциите, веројатно прашував акоимав нешто нејасно и сама си се испрашував.
Е сега како родител некако поинаку гледам на работите, и тоа не од аспект на недоверба кон моето дете, туку како човек поучен од сопственото искуство :laugh: . Во принцип сакам со своето дете да ги продискутираме работите кои ги учи (и тоа не сите, туку она што е малку поапстрактно и посложено), затоа што сакам да сум сигурна дека тоа што го научила добро го разбрала. Учебниците се прилично штури. Не сум сигурна како им ги објаснуваат работите во училиште, па сакам да ги разјасниме. Една од фалинките на моето самостојно учење со учебници какви што ги имавме и со начинот на кој се бараше да се учат работите е учењето на многу работи напамет, без разбирање.
Сакам кај моите деца тоа да го нема. Да научат да користат и друга литература освен учебниците и да ги учат работите со разбирање.
А проверка на знаењето во вид на "испрашување" правиме само на барање на Тамара кога се подготвува за контролна работа. Се' уште на неа и е полесно кога друг ќе и постави прашање да види дали навистина го знае одговорот на истото.
Единствено нешто за што инсистирам да и се зададе како некој вид задача од моја страна или од татко и, се математички/логички проблеми и задачи, затоа што сметам дека она што има даваат во училиште е премногу едноставно или не доволно поттикнувачко зз равој на нивните мозочиња.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane

Ре: Испрашување 23 Ное 2010 20:35 #76455

  • Ane M
  • Ane M's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 355
  • Thank you received: 46
  • Карма: 13
Бидејќи сум помала од брат ми,се што учеше он,јас раскажував пред него :) ,учена сум се сама да правам од прво одделение,никогаш не виселе моите над мене,редовно ми ги прегледуваа домашните и ако иамше некоја грешка сама си ја поправам.Се сеќавам кога ја учевме буква И во прво одделение ,домашната ми беше хаос што И што N а бе хаос :muahaha: .Незнам како ќе биде за понатака дали ке висам на глава на ќерка ми,ама мислам дека нема,зошто кога ке сакаше мајка ми да ме испраша некогаш и јас се заборабвав од страв и трема.Затоа од секогаш сум си самостална и прва година средно си учев во друг град и за сите оценки сама си се борев.
<a href="lilypie.com/"><img src="lb2f.lilypie.com/2AXYp1.png" width="400" height="80" border="0" alt="Lilypie Second Birthday tickers" /></a>
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испрашување 07 Фев 2015 18:19 #253618

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Kaj nas nema klasicno isprasuvanje kako vo moe vreme ajde stani raskazi ja lekcijata i dobivas ocenka. ne znam kako e sega so noviov sistem, no tuka progresot na decata se meri po aktivnosta na cas, normalno tocnosta na odgovorite na prasanjata koi se postavuvaat za vreme na cas, i klasicno testiranje preku testovi na dadena tema.

Edit: Auu sega svativ deka temata e dali roditelite gi isprasuvaat decata doma, a ne nastavnicite vo skolo :) Klasicni lekcii za ucenje seuste nemame, prvo odd sme ama ne veruvam deka ke mu baram na deteto da mi preraskazuva lekcii. Nikogas moite ni mene ne me isprasuvale. No sepak bi sakala da go sledam negoviot progres so toa sto bi mu postavuvala neformalni prasanja na koi sekako bi go znael odgovorot ako ja znae materijata.
Последна промена: 07 Фев 2015 18:22 by Fairy. Причина: edit dodaden text
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испрашување 09 Фев 2015 19:49 #253632

  • Annabel Lee 2
  • Annabel Lee 2's Avatar
  • Offline
  • new born
  • ex Annabel Lee
  • Теми: 24
  • Thank you received: 3
  • Карма: 0
Ќерка ми е второ одделение и сеуште немаат многу за учење. Имаат домашно, но го пишува во училиште, јас дома само ја проверувам. Ќе ја потпрашам неколку трик прашања да видам дали го сфатила материјалот, и ако нешто не и е јасно, работам со неа.

Во главно сум задоволна зашто материјалот децата го совладуваат на училиште, па за дома не ни останува многу работа. За тие дечиња што заостануваат, има дополнителни часови со наставничката.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.