Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 08 Апр 2013 09:50 #236585

  • Sunshine03
  • Sunshine03's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 73
  • Thank you received: 32
  • Карма: 0
Ви благодарам Орхидеја и Биг Систер :prolet2:

Не, Орхидеја, немам гнев во себе кон никого. Се што требало да се случи се случило со некоја причина. Се што сакав да кажам е дека мораме да бидеме повнимателни кога се работи за нашето здравје. Никој не обрнува доволно внимание додека еден ден не се соочи со неубави вести. Често мислиме: Тоа мене неможе да ми се случи. Сакаме да веруваме дека сме далеку од сите невољи. Но, не сме. Сите сме луѓе кои своето здравје го положуваме во туѓи раце и притоа безрезервно веруваме, без да помислиме дека тоа е сапак нашето здравје. Последиците од грешките подоцна ги плаќаме ние самите. Оној кој погрешил, продолжува понатаму, без да има потреба да се сврти да погледне кому и на кој начин му го променил животот.
Сакам да посочам, дека секогаш, ама баш секогаш треба да побараме макар уште едно мислење секогаш кога во животот ќе се најдеме пред сериозно прашање. Одговорите не лежат секогаш во еден човек. Неправилно е да веруваме дека нашите доктори се најдобри, непогрешливи, сезнајковци... И тие се обични луѓе кои можат многу лесно да погрешат и да не наведат на трнлив пат, кој верувајте, самите ќе си го изодиме на крај.
Се сложувам со тебе дека е залудно да се живее во минатото. Јас тоа никогаш не го одбирам за опција. По природа сум голем борец. Не се предавам, дури и кога е најтешко.
Оваа борба е вредна. Јас немам намера да престанам да се борам. Во ниту еден случај. И ИВФ го гледам како опција. Зошто да не?! Ако е тоа единсвениот пат по кој можам да дојдам до детенце, без размислување ќе тргнам по него.
Само, почувствував потреба да ви раскажам дел од својот живот, за да можете да согледате колку лесно може да ви се промени насоката. Некогаш кон одобро, некогаш кон полошо. Ова второто е она кое сакам да ве наведе да размислувате пред да делувате. Да прашувате, многу да прашувате, пред да ви биде доцна за дополнителни одговори.
Бидејќи, на крајот останувате вие на иста маса со еден куп прашања, чии одговори повеќе нема да имаат никаква вредност.
Верувам дека секоја од нас носи една тажна приказна со себе.
Но, исходот е најважен.
По него, секоја болка се подзаборава.
Секоја жена која станала мајка на потешкиот начин, тоа сигурно го знае.

Еден ден, со Господ напред, верувам дека и јас ќе ја почувствувам истата таа радост :trudna:

Поздрав :prolet2:




И уште пред да можам да те замислам, те чекам.
Без да те видам, јас веќе те сакам.
И пред да наполниш еден час од својот живот,...
Последна промена: 08 Апр 2013 09:53 by Sunshine03.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 09 Мај 2013 17:04 #238901

  • akeake
  • akeake's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 6
  • Thank you received: 4
  • Карма: 0
За сите кои се прашуваат за Ултрамедика еве ќе Ви кажам супер позитивно искуство...... слики од баткото кој го имаме благодарение на докторката Емилија ќе поставам чисто колку да се уверите дека е целава приказна вистина..... кога ние правевме ИВФ, паралелно имаше уште два пара и двата пара имаа успешна бременост....... летово ќе одиме пак за уште еден батко или дада.........имам искуство и со Систина кое е крајно негативно (не беше ИВФ), болно лошо....... а за тоа дали е докторката чудна немам коментар, докторката е прекрасна, ни беше достапна 9 месеци (цела бременост ме пратеше дури и самата се јавуваше чисто да не чуе што правиме) плус еден месец дури траеше процесот 24/7, буквално......за се што ни требаше...... и лично сметам дека односот еден на еден во такви важни моменти е мошне пресуден за целиот процес, во Систина го кркав стапот и поинаку секое можно одење на контрола со саати чекање....... и да за успешноста, Ве молам потпрашајте убаво, шансите се 60% со процесот кој докторката ни го предложи = бластоцисти, за тоа слушнав првпат од неа ........ на блиска личност и ја прекажавме оваа метода на што Др.Лазаревски само фино лепо им одбрусил дека нема да ја примени и бла бла...... на истава блиска личност докторката и даде сугестија да ги среди хормоните кои и беа во хаос, но и покрај оваа сугестија таа блиска личност едноставно од преголема желба не послуша и со таква слика кај Лазаревски беше примена (преку врски јасно) и Др. и правеше ИВФ - колку да пројде редот демек нема гајле и со такви хормони може...... јасно неуспешно ...... по целото патешествие отиде во Државна по што во консултации со ендокринолог и беше потрврдено она што и го кажа Др. Емилија од Ултрамедика, и сега работи на хормоните па здравје може ќе бидне и поинаку...... повторно назад, Докториката е супер дијагностичар и директна во она што треба да го каже ниеднаш не бевме излажани и ниеднаш не ни беше сервирана розева приказна......имам ште многу да пишувам ама друг пат.....за сите со лошо искуство го разбирам патото по кој одите ама не е во ред на други да не им дозволите самите да видат дали некоја клиника или некој доктор повеќе им одговара, стартно потребно е барем да се направат информативни разговори......јас сум пред се техничко лице кај мене 2+2 е секогаш 4, и лично најмногу ми одговараше искреноста и директноста на докторката, и кога ке влезете кај неа во ординација погледнете го таблото со големиот број на убави батковци и дади на кој им е Докторката втора мајка....е тоа е за мене вистинска средина за ваков интимен момент......
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 10 Мај 2013 07:15 #238928

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
akeake wrote:
а за тоа дали е докторката чудна немам коментар, докторката е прекрасна

Исто и јас немам коментар за твоите коментари за Лазаревски, бидејќи јас таму поминав прекрасно и од прва го најдов чарето, посебно затоа што ти се на база рекла-казала а не од лично искуство.

Да бидам појасна - ме радуваат успешни приказни од било каде, особено што се за ваква работа, кога луѓето се соочуваат со голема мака. И некој ќе најде чаре во една ординација, друг во друга и тн.
И супер е кога ќе се споделат за да им се помогне на другите.
Но, пренесувањето на своето искуство и истовремено негирање на туѓото па уште по принцип кажано-пренесно ми се навистина дегутантни.
Воедно, наместо да споделиш како течел процесот на лекување, овде читам само фалби за лекарката, ко да ги пишал нејзин личен портпаол за да ја изрекламира во јавноста.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 10 Мај 2013 07:19 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: nate76

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 10 Мај 2013 07:30 #238929

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Moja koleska po moja preporaka otide kaj Lazarevski. covekot ne se nafati da raboti bilo sto dodeka ne se sredi eden hormon koj ne i bese OK. Taka da prikazni sekogas postojat ... vazni se faktite.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 10 Мај 2013 07:55 #238934

  • akeake
  • akeake's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 6
  • Thank you received: 4
  • Карма: 0
Big Sister wrote:
akeake wrote:
а за тоа дали е докторката чудна немам коментар, докторката е прекрасна

Исто и јас немам коментар за твоите коментари за Лазаревски, бидејќи јас таму поминав прекрасно и од прва го најдов чарето, посебно затоа што ти се на база рекла-казала а не од лично искуство.

Да бидам појасна - ме радуваат успешни приказни од било каде, особено што се за ваква работа, кога луѓето се соочуваат со голема мака. И некој ќе најде чаре во една ординација, друг во друга и тн.
И супер е кога ќе се споделат за да им се помогне на другите.
Но, пренесувањето на своето искуство и истовремено негирање на туѓото па уште по принцип кажано-пренесно ми се навистина дегутантни.
Воедно, наместо да споделиш како течел процесот на лекување, овде читам само фалби за лекарката, ко да ги пишал нејзин личен портпаол за да ја изрекламира во јавноста.


Јас и го споделив моето лично искуство ....... а не приметив дека си изреволтирана од рекал-казала на другите коментари на форумов ... како и да е .......се најдов повикана на некој во мака да му раскажам за едно позитивно искуство ...... фалбите за докторката се сосем на место ....... а дали сум портпарол кој ја рекламира во јавноста, едноставно не е во ред на тој начин да го минимизираш успехот кој докторката го имаше кај нас...... и вопшто не е фалење споделувањето на фактот дека равно 36 полни недели секогаш беше тука за мене и моето бебе...... зборам за супер критична бременост во која едното од бебињата не преживеа, ...... е докторката јуначки заедно со мене се бореше до крај со сите неопходни испитувања, ова не се фалби туку факти и препораки....... Признавам дека не е на место тоа што го споделив туѓото искуство, едноставно мислев дека е пракса често повторувана....тоа нема да ми се повтори......
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 10 Мај 2013 19:10 #238961

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Jas ne minimiziram nicij uspeh. Kade toa vide deka ja napadnav lekarkata? Za razlika od tebe, koja dojde so polna usta da ja falis svojata lekarka - ok tvoe iskustvo - i naporedno da napagas lekar kogo nitu si go zapoznala nitu si go videla, nitu te lecel.

I super ako si zadovolna so toa sto bila 24 casa dostapna za vas, nesto sto vprocem denes ne e retkost, no mene iskreno toa voopsto ne mi znaci, vo sporedba so uspehot dokazan so fakti - koj kolku uspesni lekuvanja imal i kolku luge koi drugi gi otpisale uspeale da najdat care kaj nego.
akeake wrote:
а не приметив дека си изреволтирана од реклa-казала на другите коментари на форумов

a ova zivo me interesira kako uspea da go procenis po samo eden den clenstvo? :kez:
kako i da e pogresna ti e procenkata, toa se odnesuvase opsto na site koi teraat vakvi muabeti
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 11 Мај 2013 12:45 #238982

  • Milenaa
  • Milenaa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 133
  • Thank you received: 35
  • Карма: 0
Poleka zenski poleka.Sekoj so svoeto iskustvo ,sekoj so svojot recnik i sekoj so svoi prioriteti.EVe mene mi e mnogu vazno pristapot na doktorot ili doktorkata da bide na ubavo nivo.Znaci dostapnost,prijaten razgovor ,pozitivnost -a ne kako neko sto te otkacuvaat za 2-3 minutki-jas iskreno sakam posvetenost,se razbira site ucele od ista kniga samo se razbira iskustvo.Ima primeri mnogu kaj sto najuspesniot doktor ne napravil uspesno in vitri ili obratno neuspesniot doktor napravil uspesno in vitro.Se e toa individualno.Nema pravilo.Eve jas ne otidov kaj tie zvucni iminja na uspesni doktori za in vitro pa pak mi uspea od prva.Pravilo e deka nema pravilo.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 13 Мај 2013 02:24 #239019

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Za razlika od vas koi uspeale od prvpat, jas so moite cetiri neuspesni IVF ne mozam vo nitu eden moment da kazam deka bilo do doktorot. Vo site cetiri slucai I site cetvorica doktori koi gi konsultirav I so koi rabotev bea extra profesionalni I od petni zili se trudea da ja napravat mojata prikazna uspesna. Sum pisala nekolku pati, moeto posledno odenje kaj Lazarevski, konsultacijata so nego mozese maximalno da me razocara bidejki toj rece deka kaj mene vekje IVF klasicno ne bi pravel, ima nesto koe ne moze da se detektira I pravi da ne bidat uspesni obidite.
Znaci od moja gledna tocka nisto ne mi znaci dali doktorot kje me gali I mazi so zborovi I dela, bitno mi e otvoreno da mi kaze da ili ne, moze ili ne moze.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 30 Мај 2013 13:55 #240030

  • mia.i
  • mia.i's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 52
  • Thank you received: 3
  • Карма: 2
Pose 3.5 god.nemoznost da zabremenam eve I nie pocnavme so ivf postapka.Od denes pocnav da se bockam so puregon inekcii,pa potoa za 4 dena treba da odam za da me vidi dotorot na eho pa da kaze sto ponatamu.Samo edno mi e cudno toa sto doktorot ne mi kaza da gi ispitam hormonite na 3 den od ciklus.Ako nekoja od devojkive znae kako e celata postapka ke molam da mi kaze bidejki jas ne sum nmogu zapoznaena a I doktorot ne mi kaza nisto.Inaku ivf ke go pravime vo remedika kaj dr.Petanovski.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 21 Јул 2013 02:10 #242401

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2988
  • Thank you received: 1373
  • Карма: 60
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Марфи

Ре: me interesira invitro 08 Авг 2013 10:06 #242772

  • Sunshine03
  • Sunshine03's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 73
  • Thank you received: 32
  • Карма: 0
:hello: suzii. Jas bev operirana godinava od priraslici na jajovodite. So HSG se utvrdi deka i dvete tubi ne se proodni. Pri laparaskopskiot zafat mi napravija adhezioliza na dvata jajovodi, no za zal, edniot i pokraj "cistenjeto" ne propusti metilensko plavo pri probata za proodnost. Desniot propusti, no i pokraj toa, eve veke nekolku meseci se soocuvame so neuspeh vo obidot da zabremenam. Neznam kakva ti e istorijata okolu jajovodite. Jas dosega dva pati bez problem ostanuvav bremena od prva, no i dvete bremenosti gi izgubiv vo 13 nedela zaradi neotkrien septum vo matkata. Histeroskopski mi go otstranija minatata godina, no po operacijata doslo do nekakvo vospaluvanje vo matkata zaradi povreda na endometriumot, dali od kiretazite ili od operacijata, neznam, i mi se pojavi Asherman sindrom koj ja blokiral celata matka so priraslici koi se prosirile i do jajovodite. Taka, se odlucivme da odime na IVF dokolku i ovoj mesec ne uspeeme da zacneme prirodno. Ona koe mozam da ti go preporacam od svoeto dosegasno iskustvo e da ne odolgovlekuvas mnogu. Dokolku si spremna i fizicki i psihicki za InVitro postapka, nemas potreba da cekas. Bidejki rizikot od vonmatericna kaj vakvi jajovodi e dosta pogolem, a kolku gledam pogore veke si go imala toa loso iskustvo. Pozdrav




И уште пред да можам да те замислам, те чекам.
Без да те видам, јас веќе те сакам.
И пред да наполниш еден час од својот живот,...
Последна промена: 08 Авг 2013 10:09 by Sunshine03.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 26 Авг 2013 10:32 #243185

  • Sunshine03
  • Sunshine03's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 73
  • Thank you received: 32
  • Карма: 0
:hello: на сите. Ве молам, може ли некој кој правел ИВФ да ми каже како поминал на ембриотрансферот? Знам дека пункцијата се прави под анестезија, но незнам дали трансферот е болна постапка или не? Фала однапред :)




И уште пред да можам да те замислам, те чекам.
Без да те видам, јас веќе те сакам.
И пред да наполниш еден час од својот живот,...
Последна промена: 26 Авг 2013 10:33 by Sunshine03.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 26 Авг 2013 16:33 #243190

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Прв пат слушам ембриотрансфер под анестезија да се прави. или јас не сум во тек.
мене ми правеа пункција под анестезија, а за ембриотрансферот ништо не ми дадоа. т.е не сум сигурна ама мислам дека ми дадоа само инекции две дијазепам и ме оставија да полежам во просторијата едно половина час. потоа ме однесоа на одделение и по некое време дома ме пуштија.
ниту боли ниту е непријатно. како да си на преглед обичен.
:srekno:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 29 Авг 2013 17:37 #243284

  • mia.i
  • mia.i's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 52
  • Thank you received: 3
  • Карма: 2
Jas pravev ivf pred dva meseci.Punkcijata ja ptavat so anestezija a embriotransferot bez anestezija.No postapkata voopsto ne e bolna,kako da si na obicen pregled pri zemanje brisevi.Samo posle postapkata ostanuvas da lesis vo bolnica okolu dva casa.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 30 Авг 2013 04:28 #243296

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Embriotransferot voopsto ne e bolen, ne se pravi so anestezija. Mozebi e malku neprijaten, no takov e i sekoj ginekoloski pregled zar ne :roll: So srekja :strkz:
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 18 Сеп 2013 07:09 #244043

  • Sunshine03
  • Sunshine03's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 73
  • Thank you received: 32
  • Карма: 0
После два спонтани во 12 гестациска недела, по две лапараскопии со хистероскопии, септум во матката, Ашерманов синдром, блокирани јајоводи.. Пред околу месец и половина, случајно, припремајќи се за ИВФ постапка, открив дека имам проблем со висок ФСХ- 17,5. Гинекологот ми кажа дека тој е лоша прогноза и дека веројатно ни наговестува дека моите јајници полека ја губат својата функција и дека има опасност од предвремена менопауза. Ова беше најголемиот шок од сите досега! Имам само 31 година. Ме упати во Адриалаб, каде ми земаа крв и истата ја испратија истиот ден за Германија на испитување на АМХ- анитмулеров хормон кој покажува колкави се резервите во јајниците. Во меѓувреме чепкав низ интернет и разбрав дека многу жени со висок ФСХ практикувале суви смокви во маслиново масло. Препораката беше дека е најубаво да отстојат 40 дена во маслиново и потоа да се јадат. Не сакав да чекам толку и почнав веднаш, уште наредниот ден да ги јадам, тој ден ми беше 7-ми ден од циклус. Ставав по две смокви претходниот ден во чаша полна со маслиново масло и наредното утро ги јадев на гладно, а половина час после нив не ставав ништо во уста и така секој ден. Во меѓувреме прочитав дека за квалитетот на јајните клетки е доста добар и коензим Q10. И него го набавив веднаш. Пиев по две таблетки секој ден од по 360 мг, значи вкупно 720 мг дневно. Го купив во Зегин на Супер Диет, ги даваат на парче. Јас си обезбедив за еден месец, вкупно 60 таблетки. Излегуваат некаде околу 600 денари чинам. Исто така, случнав и за матичен млеч, бил добар пред ИВФ бидејќи го подобрувал квалитетот на клетките целокупно во организмот, па така и на јајните клетки. Купив матичен млеч на Royal Jelly во капсули, исто од Зегин 400 денари се за цел месец. Пиев по една каспула дневно, половина час по смоквите. Во меѓувреме со сопругот секако си работевме :prcprc: на случајот и покрај тоа што се спремавме за ИВФ наредниот циклус. Стигнаа и резултатите од Германија. Беа катастрофални. АМХ <0.16 што укажуваше на многу слаби резерви. :what: Искрено, потајно се надевавме на подобри резултати, но вистината беше таа. Гинекологот советуваше одма, следниот циклус да започнеме со ИВФ постапката. Стимулација во мојот случај не доаѓаше во обзир, бидејќи на тој начин можеше само да се дотрошат резервите во јајниците и да се сведат на нула. Ми даде DHEA многу блага стимулација за да добиеме што е можно повеќе јајни станици со подобар квалитет. Тој ден кога бев кај гинекологот ми беше 21 ден од циклусот, веќе бев во очекување на новиот. Кога се вративме дома, повторно го прочитав извештајот од ултразвучниот преглед и повторно како трн во око ми влезе истата реченица - Ендометриум 21 ден од циклус = 9 мм, еднометриум тип С. Се прашував зошто би бил со толкава дебелина на 21 ден од циклус кога за ден, два треба да ја добијам следната менструација (инаку мене редовно ми доаѓа на 26/27 дена) :wtf: Решив да почекам со апчињата за стимулација бар додека не добијам. Ги имав и сите симптоми за ПМС кои се честопати слични на рана бременост, па човек никогаш неможе да биде сигурен за што станува збор. Завчера, најсомнителен знак ми беа неколкуте капки крв на вешот. Си помислив ете ја, ќе стигне кај и да е . Ама ништо, вчера пак ништо, а стомакот ме болеше како да ќе прокрварам секој момент. Отидов во аптека и купив тест за откривање бременост 7 дена по зачнување. Драги мои, ги видов толку посакуваните II цртки! Неможев да им верувам на сопствените очи. После две години борба, еден куп перипетии, најлошите дијагнози, јас останав природно бремена,со само еден функционален јајовод, со ФСХ 17,5 и АМХ 0,16. На мојата среќа и нема крај. Толку бев возбудена што неможев да посегнам ниту по телефонот да го израдувам својот сопруг. Само лежев на креветот плачејќи и викав на цел глас фала ти Господе, фала ти Господе! Бидејќи ова своето, неможам никако поинаку да го наречам освен Божјо чудо. Драги мои, никогаш немојте да ја губите својата надеж, бидејќи и кога е најневозможно Бог знае да не допре! Се надевам ова мое искуство ќе ви даде повеќе сила во борбата, да истраете до крај без и малку тронка сомнеж дека ќе успеете. Бидејќи никој на оваа планета не е како Бог. Единствено можеме да Му возвратиме негубејќи ја вербата во Него.
Сега само Го молам да не чува овие наредни 9 месеци.

Ве бакнувам сите и ви посакувам што побргу да ги видите своите две цртички кои живот значат!

:kiss:




И уште пред да можам да те замислам, те чекам.
Без да те видам, јас веќе те сакам.
И пред да наполниш еден час од својот живот,...
Последна промена: 18 Сеп 2013 07:10 by Sunshine03.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane, mamaAnita, Bubbi, Marge and this user have 19 others thankyou

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 19 Сеп 2013 15:30 #244076

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Sunshine me dopre mnogu tvojava prikazna iako e samo malku slicna so mojata. od srce vi posakuvam da ve sledi samo sreka i da se guskate po 9 meseci semejno, site trojca (a mozda i 4ca :) )
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 19 Сеп 2013 15:34 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 19 Сеп 2013 15:47 #244080

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
lele placham...ama od radost :srce:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 19 Сеп 2013 15:55 #244082

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Ah kolku sakam da citam/slusam vakvi zivotni prikazni :love: Sunshine vi posakuvam da ste 4ca, pa na tvojata srekja da nema kraj. Da si gi pomines lesno slednive 9 meseci i da ni se "zalis" posle po ostanatite temi za novorodencinja :kiss:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: nate76

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 19 Сеп 2013 17:57 #244115

  • nate76
  • nate76's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 351
  • Карма: 15
I mene me rasplaka prikaznava od se srce ti cestitam za bremenosta i ti posakuvam lesna bremenost i zivo i zdravo bebce eventualno i dve :cvet: :cvet: :cvet:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 03 Окт 2013 04:51 #244467

  • Brenda
  • Brenda's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 38
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Devojki sakam da prasam za pravenje in vitro preku fondot ako se raboti za maski sterilitet moralno e i zenata da napravi plus laparoskopija i histeroskopija?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 25 Окт 2013 11:29 #245106

  • KAT4ENCE
  • KAT4ENCE's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
da mora se da napravis,samo insemenacii ne treba drugoto se
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 25 Окт 2013 17:32 #245117

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
јас размислував едно време за второ со ИВФ, ама кога ќе ми текне што се бараат и кое малтретирање е тоа, се откажав. немам нерви пак низ истото да поминувам, а со оглед на мојата возраст очекувам сега да биде и потешко.
па јас веќе имам дијагноза и имам едно дете со ИВФ, а тие пак ќе ме тераат низ истите тортури! не можам, стварно.
за приватно, каде е сто пати полесно, многу чини.

Нека ми е жив и здрав синко, бројот на деца не е битен за да се биде среќна и реализирана како родител. сега нека дава Господ секаде каде нема.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 26 Дек 2013 09:34 #247616

  • mamamoja
  • mamamoja's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 32
  • Thank you received: 10
  • Карма: 0
Dali moze nekoj da mi kaze koi se potrebni dokumenti za besplatno invitro za vtoro dete? Moze da se podnesuva od 1.1 a nikade nema sto treba
Think PINK!


The administrator has disabled public write access.

Ре: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 25 Мар 2014 11:48 #249436

  • Klaudija
  • Klaudija's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 12
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
Какви се приказни изначитав... јас имам проблем со оплодувањето, и се прашувам дали да одам на овој чекор... не знам ни кај ми е најсигурно, најпаметно... знам дека во Плодност е многу добро, и многу убави зборови сум слушала за таму но и најблиску ми е... но дали некој знаете повеќе да ме упатите, каде да одам ако се решам на овој чекор?
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.