Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ

Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 23 Дек 2009 02:01 #3540

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
ШТО Е ИН ВИТРО ОПЛОДУВАЊЕ
Името ин витро или вонтелесно оплодување е од таму што оплодувањето не се случува во телото на жената, туку надвор од неа. Првото ин витро оплодување е направено во седумдесеттите години на 20 век. На почетокот замислата била со ин-витро техниката да се овозможи забременување на жени со непроодни јајцеводи. Покасно се увидело дека вонтелесното или ин-витро оплодувањето може да биде успешно и денес нашироко се користи и за други нарушувања на плодноста. Тука спаѓаат: идиопатска или необјаснета неплодност, ендометриоза, неплодност поврзана со машкиот фактор ит.н.


На кратко ин витро техниката се состои во: употреба на хормонални препарати за да се предизвика созревање на повеќе јајце клетки, потоа јајце клетките се вадат од телото на жената, се оплодуваат во посебен сад со сперма од мажот и потоа зачнатиот ембрион се враќа во матката. Останатите ембриони можат да се замрзнат и да се употребат кога парот ќе одлучи за тоа.

Успешноста на ИВФ или ин-витро постапката зависи од клиниката во која се прави, но и од возраста на жената. Генерално земено успешноста кај жени до 35 год. е 30-35% во еден циклус, кај жени од 35-37 години е околу 25%, кај жени од 38-40 години е 15-20% и кај жени над 40 години успешноста во еден циклус се движи од 6-10%.

Сепак ова е статистика и не значи дека кај помладите жени мора да успее уште првата постапка, а кај постарите дека нема да биде успешно.

Ин витро техниката обично се применува кај парови, кај кои другите методи на потпомогнато оплодување немале успех. Бидејки се работи за скап и доста исцрпувачки метод, не само телесно, туку и психички, се остава како последна алтернатива доколку не се успее на друг начин. Сепак многу парови кои немале друг начин, станале родители со помош на ИВФ.

ПРОЦЕСОТ НА ВОНТЕЛЕСНО ОПЛОДУВАЊЕ
Кога ќе се договорите со Вашиот лекар да правите ИВФ, ќе Ви биде дадена шема по која ќе треба да ги примате сите препарати и инекции. Овде ќе ја објасниме генералната пракса:
КОНТРАЦЕПЦИЈА
Еден циклус пред да се прави ИВФ обично жената зема контрацепција. На овој начин се намалуваат шансите да дојде до синдром на хиперстимулација на јајниците и појава на цисти. Исто така се зголемуваат шансите во следниот циклус кога ќе се прави хормоналната стимулација да се добијат повеќе јајце клетки.
СТИМУЛАЦИЈА
Кога ќе добиете менструација, официјално започнува Вашиот ин-витро циклус.
Вториот ден од циклусот ќе Ви бидат испитани хормоните и ќе биде направен ултра звучен преглед. Ако се е во ред, ќе почнете со хормоналната стимулација со гонадотропини. Видот и бројот на инекциите кои ќе ги примате, ќе зависи од проценката на Вашиот лекар. Инекциите за стимулација најчесто се примаат приближно околу 10 дена.

За да се избегне природна овулација, се даваат гонадотропни агонисти или антагонисти. Тоа ќе го спречи природниот скок на лутеинизирачкиот хормон.

Додека ја примате хормоналната стимулација, ќе бидете следени на ултра звук за лекарот да види како се развиваат фоликулите. Исто така ќе биде следена концентрацијата на естрадиол во крвта. По тие параметри лекарот ќе утврди дали треба да се зголеми или намали дозата на стимулацијата.

Кога неколку фоликули ќе достигнат големина од 18-20мм, се дава инекција со hCG хормон, тоа најчесто е Прегнил или Овидрел. Многу битно е правилното темпирање на давањето на оваа инекција, затоа што ако се даде премногу рано јајце клетките нема да бидат зрели за оплодување, а ако пак се даде предоцна може јајце клетките да бидат престари и да има проблем со нивното оплодување.

АСПИРАЦИЈА
После 34-36 часа од примањето на инекцијата со hCG, се прави аспирација или вадење на јајце клетките од фоликулите. Препорачливо е аспирацијата да биде со анестезија, затоа што може да биде доста болна. Аспирацијата се прави со посебна игла, која преку задниот ѕид на вагината се носи до фоликулите. Водењето на иглата постојано се следи на ултразвук. Потоа се вшмукува содржината на секој фолкул. Заедно со течноста од фоликулот се вади и јајце клетката. Во фолкулот има по 1 јајце клетка, но некои фоликули може да бидат и празни или пак да не биде успешно вадењето на јајце клетката.
После аспирацијата можеби ќе имате благо крварење или спотинг и грчеви во долниот дел од стомакот. Следниот ден овие симптоми најчесто исчезнуваат.

Од денот на аспирацијата или ден после неа, ќе почнете да земате прогестерон. Прогестеронот може да биде во вид на инекции или најчесто во вид вагиналети.

Прогестеронот се зема се до 12 седмица од бременоста или пак негативен тест за бременост после 14 дена од трансферот.

ОПЛОДУВАЊЕ
Додека се прави аспирација кај жената, сопругот остава примерок од спермата. Потоа спермата се обработува во лабораторија, се промива и се издвојуваат само квалитетните сперматозоиди.
После аспирацијата земениот материјал од фоликулите на жената се испитува и се бараат јајце клетките. Ембриологот ги проценува јајце клетките и оние што се зрели за опплодување ќе бидат ставени со стаклени садови заедно со обработената сперма од сопругот. Садовите се чуваат во посебен инкубатор. После 12-24 часа се проверува дали дошло до оплодување на јајце клетките и колку од нив се оплодиле.

Доколку се работи за машка неплодност, оплодувањето не се остава да се случи само од себе во сад. Наместо тоа се прави ICSI или интра цитоплазамтска инекција на сперматозоидот во јајце клетката. При оваа метода се зема еден сперматозоид и со игла се внесува во јајце клетката. Се прави во случај кога сперматозоидите не можат сами да ја пробијат мембраната на јајце клетката или пак има многу мал број на сперматозоиди.

ЕМБРИОТРАНСФЕР
После 3-5 дена (зависно од начинот на кој работи клиниката) се прави проценка на оплодените јајце клетки и најквалитетните ембриони се враќаат назад во матката. Во некои клиники ембротрансферот се прави после 2-3 дена, но се покажало дека поголеми шанси да дојде до бременост има ако се почека ембрионот да се развие до стадиум на бластоциста и да се врати во матката 5-7 дена по аспирацијата. Ова е од причина што некои ембриони иако се зачнале, нема да продолжат да растат и да се развијат до стадиум на блацстоциста.
Не се препорачува да се вратат повеќе од 2 или 3 ембриони, затоа што така расте опасноста од повеќекратна бременост и компликации во истата. Во некои земји бројот на вратените ембриони законски е ограничен на 2.

Според некои мислења доколку се вратат повеќе ембриони се намалува и шансата за нивна имплантација. Во случај да има повеќе ембриони постои опција да се замрзнат.

Самата постапка на ембриотрансфер тече така што низ грлото на матката се внесува танок катетар и преку него се внесуваат ембрионите. Постапката не е болна и нема потреба од анестезија. Жената после ембриорансферот лежи неколку часа и си оди дома.

ТЕСТ ЗА БРЕМЕНОСТ
Она што останува понатаму е продолжување со земањето на прогестерон и чекање. После 9-12 дена по ембриотрансферот, се прави тест за бременост преку крвта. Доколку тестот е позитивен честитки на бременоста.
Ако тестот е негативен и после 14 дена од трансферот, тоа значи дека не е дојдено до бременост и се прекинува со земањето на прогестерон. Неколку дена потоа доаѓа менструација.

Неуспешното ин витро е нешто што секоја жена го доживува тешко.

Немојте претерано да се разочарувате, тоа во никој случај не значи дека следната постапка на ин-витро нема да биде успешна. Просечно од 3 жени кои биле во постапка, една останува бремена во еден циклус. Понекогаш може да бидат потребни 3 или 4 циклуси на ИВФ.

Извор
Последна промена: 29 Јан 2010 07:18 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 29 Дек 2009 17:19 #7829

  • Ariel
  • Ariel's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 295
  • Thank you received: 62
  • Карма: 12
Zdarvo

Ke ve molam ako nekoj ima iskustvo so IVF, da mi odgovori otprilika koja e cenata privatno? Treba za nekolku dena da pocnam ama mi kazaa deka nema seuste dogovor so fondot i ako sakam sega da pocnam ke treba da si platam privatno.

Pozdrav na site
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 30 Дек 2009 15:25 #8311

  • BLIZNACI
  • BLIZNACI's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 65
  • Thank you received: 66
  • Карма: 1
Ariel, jas kolku sto znam site kliniki sto pravat IVF imaat skluceno dogovor so fondot, kade ke pravis IVF? Inaku pred 4 godini jas koga pravev vo Remedika si plativme okolu 120.000,00 denari bez inekcii.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 30 Дек 2009 17:56 #8468

  • Ariel
  • Ariel's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 295
  • Thank you received: 62
  • Карма: 12
Ke pravam IVF vo Sistina, ama zakazano mi e da pocnam za nekolku dena a seuste nemaat dogovor so fondot za 2010, taka sto ako pocnam sega ke bide privatno za toa me interesira ako nekoj znae cena. Se javiv tamu da prasam vikaat deka toa e individualno i ne mi kazaa ni optrilika koja e cenata.

Uste nesto ako moze nekoj da mi kaze. Dobiv vospalenie na besika i piev palin a od denes treba da pocnam da pijam Amoksiklav spored antibiogram. E sega dali ovaa ke vlijae na IVF ili da odlozam za sledniot mesec mozebi e podobro. Inace se suvstvuvam celosno iscrpena i zatoa ne mi se pocnuva sega ama sepak zavisi od toa sto ke kaze doktorot neli.

Pozdrav na site
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 30 Дек 2009 18:12 #8487

  • BLIZNACI
  • BLIZNACI's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 65
  • Thank you received: 66
  • Карма: 1
Najdobro konsultiraj se so doktorot sto ke ti pravi IVF, toa e moe mislenje. Ako ne e problem,izvini sto te prasuvam, kolku vreme se borite so ovoj problem. Jas pravev 2 IVf,vtoroto mi uspea, no vo meguvreme dodeka primav inekcii za vtorot IVF mi donesoa od Hilandar od grozjenceto pa so mm si goltnave po edno.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 30 Дек 2009 19:01 #8510

  • Ariel
  • Ariel's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 295
  • Thank you received: 62
  • Карма: 12
Bliznaci fala na odgovorite

So ovoj problem se borime veke tri godini ova e cetvrta. Se zapocna so los sermogram, pa sto ne probavme da go popravime i uspeavme brojkata da ja doneseme na normala ama kvalitetot seuste ne e najdobar. Vo megjuvreme mi bese dijagnosticiran polip, pa na praviv histeroskopija i ova ke mi bide prvo IVF, pa sakam se da e kako sto treba, vo smisla ne sakam zaradi infekcija dzabe da pominam niz cela postapka koja sto znam deka voopsto ne e lesna.
Sum slusnala za grozjeto od Hilandar, inace jas sum vernik i veruvam deka koga ke treba Gospod ke dade i deka koj moli molitvite ke mu bidat slusnati.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 30 Дек 2009 19:34 #8537

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Ариел, ќе биде, што не било па и ти да станеш мама ;)
Чим сте тргнале по тој пат и крајот кај да е ќе се види.
Обавезно консултирај се со лекарот дали да продолжите со постапката ако примаш антибиотици, да не се одразат на квалитетот на јајните ќелии или на ендометриумот. Ќе бидеш под голема доза на хормони, плус антибиотици... не е убаво.
Друго, за ин витрото си постои цена според ценовник и не смеат да не ти ја кажат. Си има одредена цена за ЕТ, одредена за самата постапка, па цена за аспирацијата... Таа цена е иста за сите и не зависи од ниеден друг фактор. Дали ќе ти извадат 2 или 20 јајни ќелии исто ќе платиш, и дали ќе ти вратат еден или 5 ембриона, цената е таа. Баш ме чуди што не сакале да кажат. А зависно од тоа колку инекции ќе ти требаат за стимулација, колку Супрефакт и слично битно ја мења цената, ама можат барем по нивниот ценовник да те информираат да знаете со колкава сума да калкулирате.
До каде сте сега, во која фаза?
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 30 Дек 2009 20:24 #8563

  • Natasha
  • Natasha's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Животот е суров но мора да се живее
  • Теми: 74
  • Thank you received: 11
  • Карма: 8
Zdravo Ariel jas kolku sto imam slusnato od drugi sto imaat praveno privatno IVF platile okolu 2000 evra a inekciite gi kostale okolu 1000 evra znaci se na se gi kostalo 3000 evra od koi fondot im refundiral okolu 70%od inekciite a 30% za IVFto,se nadevam ke si imas uspesno IVF
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 31 Дек 2009 05:04 #8725

  • nate76
  • nate76's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 351
  • Карма: 15
Pozdrav do site vas, denes imam edna radosna vest koja sakam da ja spodelam so vas, posle 3 meseci borba so prolaktinot konecno deneska pravev ispituvanje i prolaktinot(faaaaaaaala bogu) se normaliziral od 2200 se simna duri na 176 B) .Sega ostanuva da dobijam menzis (a ocekuvam denovive )pa oficijalno da pocne mojot in vitro ciklus,pa se nadevam deka vo januari 2010 ke vi se pridruzam na listata na trudnicki :P Pozdrav

p.s mnogu sum vozbudena mesto ne me faka :)
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 31 Дек 2009 12:51 #8742

  • Ariel
  • Ariel's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 295
  • Thank you received: 62
  • Карма: 12
Pozdrav na site

Vcera pak se javuvav vo sistina za da go dobijam doktorot i da mu kazam za problemot ama ne uspeav da stignam do nego. Sestrata mi rece deka IVF nema vrska so antibioticite i deka i vo samata postapka davaat antibiotici po potreba. No jas navistina ne znam so ke pravam, prvo bidejki se cuvstvuvam iscrpeno a vtoro povredena. Zamislete vcera se javuvav sto pati za da se konsultiram bidejki denovive treba da dobijam i da pocnam so Yasmin, no namesto doktorot objasnenija mi dava sestra a predhodno cel den mi vika javi se podocna. Jas razbiram deka doktorot e zafaten ama deka nema dve minuti za pacient navistina nema smisla. I za na kraj mi ostava otvorena slusalka mi vika pocekajte, za posle 30 min cekanje ednostavno da mi spustat. Se pocuvstvuvav kako idiot.

Ete sega se obiduvam da se odmoram iako mi e mnogu tesko, non-stop sum vo wc, no so vasa poddrska navistina mi e polesno. Vi blagodaram na site
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 31 Дек 2009 13:09 #8748

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Nate76, da otvoris posebna tema koga ke pocnes, da imame kade da ti isprakjame pozitivni vibracii i da navivame za tebe, ok?:)

Ariel, moram sega da kazam kolku i da treba da si kjutam. Zatoa nie pravevme IVF vo Re Medika, kade sto pristapot na lekarot e strogo individualen i sekoj pacient ima kontakt so nego 24/7 za bilo kakva dilema i prasanje. Isto i so negovata glavna sestra. Ne znam kolku pati mu se javiv koga vlegovme vo postapka, se sekjavam deka bev tolku zbuneta so doziranjeto na Suprefact i toj jadniot pola saat mi objasnuvase na telefon deka 3 ml od sisenceto od 15 ml treba da primam, a jas uporno prasuvav - ama dali vo tie 3 ml ke ima dovolno mg... Kako on da ne si ja znae rabotata :laugh: . Stvarno bev zbuneta, prvo IVF, pojma nemav nisto, togas se informirav za se.
Vo Sistina neosporno e deka se strucnjaci, ama toa manjak na vreme eve kolku znaci... Ne znam sto da te sovetuvam. Ako pravite na privatno ne se mali pari i ako za nisto drugo, za parite koi ke im gi ostavite treba da te udostojat barem so povik. Jas da sum na tvoe mesto ke odam tamu i ne izleguvam od Sistina dodeka ne se vidam so lekarot.
Tocno e deka davaat antibiotici, ama POSLE punkcijata, a ne na pocetokot na postapkata koga moze da se poremeti nesto. Bidi pouporna i ne dozvoluvaj taka da te sutkaat. Pola saat cekanje na telefon i na kraj bap slusalka?! Jas sum impulsivna, za takvo nesto go menuvam doktorot. Ako moite pari nim ne im znacat nisto ima mesto kade poveke ke bidam ceneta i kako covek i kako pacient i kako plakjac.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 31 Дек 2009 13:17 #8751

  • Koni
  • Koni's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 326
  • Thank you received: 102
  • Карма: 9
Ариел, знам како се чувствуваш. Ме потсети на односот на тие ужасни сестри во Сиситина и нивниот крајно не професионален па дури и вулгарен однос....ух само кога ќе ми текне косава ми се крева
M 2007 :srce:
MM 2010 :srce:
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 31 Дек 2009 13:33 #8763

  • Ariel
  • Ariel's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 295
  • Thank you received: 62
  • Карма: 12
Monika i ti li pravese IVF vo sistina? Ke moze li da mi kazes dali ti bese uspesno i od koj pat? jas navistina sum mnogu zagrizena poradi odnosot na sestrite tamu i veke ne znam sto da mislam. No odlucivme da odime vo sistina bidjki soprugot ima nekoi vrski tamu i smeta deka se mnogu golemi strucnjaci. Ne sakam da mu oponiram ama ako prodolzi vaka ke mora da prevzemam nesto. Od druga strana koga ke otidam napregled doktorot e super, mi objasnuva se ama e premnogu nedostapen ako nesto podocna ne ti e jasno. Pa i predgled ne mozes da zakazes ako tie ne smetaat deka treba. Kako da ne si covecko sustestvo.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 31 Дек 2009 13:54 #8784

  • Koni
  • Koni's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 326
  • Thank you received: 102
  • Карма: 9
Да Ариел, правев во Систина спонтано ИВФ и ми успеа од прв пат :).
Но, сестрите ме доведуваа до лудило иако имав многу јака врска. Ама кога и да и се пожалев на нивниот однос само дигаше раменици и ми викаше дека не сум прва што се жали ама не може ништо да направи околу тоа. Ама сепак мислам дека беа опоменувани(иако воопшто не им беше гајле за тоа) зошто тоа го приметив од односот на една сестра која со оган во очите ме гледаше. Да не им беше Лазаревски немаше да се одлучам за Систина зошто сепак човекот е најголем професионалец кај нас во таа област.
Што би ти препорачала? Реагирај и не дозволувај да те третираат така! Среќа имаа што се брзо заврши па во таа еуфорија не превземав поконкретни мерки за нивното однесување.
M 2007 :srce:
MM 2010 :srce:
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 31 Дек 2009 14:08 #8798

  • Ariel
  • Ariel's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 295
  • Thank you received: 62
  • Карма: 12
I jas sum kaj Lazarevski zatoa i sum tolku strpliva bidejki sum slusnala koku tesko se doagja do nego i deka e eden od najgolemite strucnjaci za IVF kaj nas.

Inace Monika ako moze da mi kazes kavo e toa spontano IVF, se misli bes stimulacii ili?

Bidejki jas imam prirodna ovulacija i hormonite barem dosega mi se vo red, glavniot problem e vo spermogramot ama sepak jas ke odam vo celosna postapka, zosto nhe mi bese predlozeno poinaku ne znam.

Pozdrav
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 31 Дек 2009 14:24 #8813

  • Koni
  • Koni's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 326
  • Thank you received: 102
  • Карма: 9
Да Ариел, спонтаното ИВФ е без стимулации.
Нашата дијагноза беше идиопатски стерилитет, и кај двајцата немаше никаков проблем. Ние всушност се спремавме за класично ИВФ, но по еден разговор со Лазаревски во кој нагласив дека не сакам да примам хормонска терапија, тој ми го спомна ова ИВФ, за кое до тогаш немав слушнато.
Добро ми дојде предлогот плус и не беше скапо(иако за пари воопшто не размислувавме). Имав една јајце клетка таа се оплоди и се развиваше како по клнига :) и денеска го имаме нашето злато и мојот живот Мила :)
На сите кои го поминуваат овој пат им посакувам многу успех :kiss:
M 2007 :srce:
MM 2010 :srce:
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 31 Дек 2009 15:44 #8872

  • Natasha
  • Natasha's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Животот е суров но мора да се живее
  • Теми: 74
  • Thank you received: 11
  • Карма: 8
Arie koka ke zapocnes so postapkata prefrli se na temata mojot IVF dnevnik i tamu ke te bodrime i ke ti pustame pozitivni vibracii,inaku i jas pravev vo sistina,jas pravev kaj Popovic i mi uspea od tret pat,kaj tebe se nadevam ke uspee od prv
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 05 Јан 2010 12:46 #10353

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Da se vratime na temata. Mislam deka ovde treba za IVF postapkata da se zbori, a za odnosot na sestrite i d-rite vo Sistina ili bilo koja dr. ustanova otvorete nova tema.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 05 Јан 2010 13:29 #10372

  • Ariel
  • Ariel's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 295
  • Thank you received: 62
  • Карма: 12
Pozdrav na site

Se izvinuvam sto malku ja odvlekov temata vo druga nasoka, no prvicnoto prasanje mi bese dali vo postapka na IVF moze da se zemaat antibiotici bidejki imav urinarana infekcija. Dilemata ja resiv, ne moze mora da se poceka sledniot mesec odnosno moeto IVF e odlozeno za sledniot ciklus
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 05 Јан 2010 13:38 #10378

  • Koni
  • Koni's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 326
  • Thank you received: 102
  • Карма: 9
Ариел добро е што на време е откриена уринарната инфекција, зошто знае да биде опасна за плодот па и за мајката. Ќе биде наредниот месец.
M 2007 :srce:
MM 2010 :srce:
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 05 Јан 2010 16:24 #10451

  • kiki
  • kiki's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 510
  • Thank you received: 102
  • Карма: 12
Има ли некој инфомација дали Фондот за здравство склучи договор со некоја од приватниве болници за бесплатно ИВФ за 2010 год?
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 05 Јан 2010 16:26 #10453

  • nate76
  • nate76's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 351
  • Карма: 15
Ne znam Kiki da ti kazam pravo jas mozam da ti dadam informacija za Sveti Lazar bidejki tamu ke pravam in vitro deka se e na privatno nema nisto preku fondot a za drugive privatni ne znam za ovaa godina.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 05 Јан 2010 16:42 #10457

  • kiki
  • kiki's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 510
  • Thank you received: 102
  • Карма: 12
а која е цената за ИВФ во Св.Лазар?
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 05 Јан 2010 19:32 #10538

  • Biljana795
  • Biljana795's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 3
  • Карма: 1
Jas se javuvav vo Remedika i Sistina i mi rekoa deka okolu 20-25 januari treba da se potpise dogovorot za 2010.Otkako ke go potpisat ke moze da se prijavuvame.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ин Витро (вонтелесно) оплодување - ИВФ 05 Јан 2010 19:34 #10540

  • nate76
  • nate76's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 351
  • Карма: 15
cenata na in vitro vo Sveti Lazar e vo zavisnost dali inekciite za stimulacija ke gi kupuvas sam ili ke bidat od niv 150 000 den i 200 000 den. da ti kazam pravo nemam nekoja dodatna informacija dali se naplatuvaat i drugite propratni raboti kako punkcijata na folikuli i sl. Inaku mazot mi pravese TESE i toa kostase 50 000 den
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.