Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Инсеминација

Инсеминација 23 Дек 2009 01:49 #3531

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
ШТО Е ТОА ИНСЕМИНАЦИЈА
Инсеминацијата е третман на неплодност, при што се зема сперма од мажот и се става во гениталниот тракт на жената. На тој начин се скратува патот кој треба да го поминат сперматозоидите за да ја оплодат јајце клетката. Инсеминацијата денес е нашироко распространета техника во лекувањето на неплодноста. Стандардна процедура во лекувањето на неплодноста е пред да се оди со ивитро оплодување да се направи обид со неколку инсеминации.

Стапката на успешност на инсеминацијата е 15-20% во еден циклус, но зависи и од староста на жената. Кај жени постари од 35 г. стапката е пониска, а кај жени над 40 г. е значително ниска.

Во Зависност од тоа каде се става спермата, постојат неколку вида на инсеминација:

Интраутерина инсеминација или IUI. Ова е најчестиот вид на иснеминација, при што спермата со посебен катетар се вметнува директно во матката на жената.

Интрацервикална инсеминација ICI. Кај оваа инсеминација спермата се става во вратот на матката. Помалку е застапена од интраутерината инсеминација затоа што има помала стапка на успех.

Интратубарна инсеминација IТI. Кај овој тип на инсеминација спермата се става директно во јајцеводите. Се користи многу ретко затоа што е понепријатна за жената и има поголеми шанси да дојде до инфекција или други компликации.


КОГА СЕ ПРЕПОРАЧУВА
Инсеминацијата се препорачува кај:
•Жени кај кои не е доволно добар квалитетот на цервикалната слуз.
•Случаи на необјаснета неплодност.
•Жени со блага или средно раширена ендометриоза.
•Случаи со благо нарушување на плодноста кај мажот.
Кај овулаторни нарушувања, инсеминацијата во комбинација со хормонална стимулација со Кломифен или гонадотропини, има нешто поголем успех отколку темпираните односи.

Кога се прави кај жени со нормална овулаторна функција, доколку не дојде до успех после најмногу 3-4 инсеминации, се препорачува да се оди со ин витро.

Кај жени кои без стимулација немаат овулација, може да се направат до 5-6 обиди со инсеминација. Потоа во случај на неуспех се препорачува ин витро.

КОГА НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ИНСЕМИНАЦИЈА
Инсеминација не се препорачува во случај на:
•Непроодни или оштетени јајцеводи. Се препорачува претходно да се направи ХСГ снимање.
•Тешка ендометриоза.
•Намалена резерва на јајниците.
•Тежок случај на машка неплодност. Во тој случај се препорачува ICSI ин витро метода.
КАКО ТЕЧЕ ПОСТАПКАТА НА ИНСЕМИНАЦИЈА
Инсеминацијата е релативно едноставна постапка.
Доколку жената има нормална функција на јајниците, инсеминацијата може да се прави без хормонална стимулација.Сепак шансите за успех се поголеми кога има повеќе фоликули. Од таа причина најчесто и кај жени кои имаат нормална овулација, се стимулира созревање на повеќе јајце клетки.

Стимулацијата се прави со Кломифен или инекции со гонадотропини.

Кај жени кои немаат редовна овулација, задолжително се дава хормонална стимулација.

Потоа жената се следи на ултразвук и кога лекарот ќе оцени дека фоликулите се доволно созреани, прима инекција со hCG хормон (најчсето Прегнил или Овидрел) за да се предизвика прскање на фоликулите. Овулацијата се случува околку 36 часа по примањето на инекцијата. За тоа време се закажува и инсеминацијата.

На деност на инсеминацијата сопругот дава примерок од спермата и потоа таа лабораториски се обработува. Спермата се промива, се центрифугира за да се отстранат мртвите и абнормалните сперматозоиди, се отстранат другите примеси и сперматозоидите се ставаат во медиум вој има и антибиотици. Антибиотиците се употребуваат да се спречи евентуална инфекција кај жената.

Всушност со обработката на спермата, се концентрираат поквалитетните сперматозоиди. Доколку мажот има намалена плодност, но има повеќе од 5 000 000 сперматозоиди во обработената сперма, се смета дека бројката е доволна за успех. Иако со инсеминацијата се потпомогнува оплодувањето, затоа што се скратува патот кој сперматозоидите треба да го поминат за да ја оплодат јајце клетката, сепак мора да ги има во доволен број и да бидат доволно подвижни за да стасаат до неа. Доколку има помалку од 5 000 000 здрави сперматозоиди, се смета дека инсеминацијата нема да има успех и се оди со ICSI ин витро постапка.

Така обработената сперма со посебен катетар се вметнува директно во матката на жената. Потоа жената се остава да полежи 10-20 минути и си оди дома.

МОЖНИ КОМЛИКАЦИИ ПРИ ИНСЕМИНАЦИЈАТА
Кога инсеминацијата се прави со обработена сперма, компликациите се многу ретки. Најчестата неугодност се грчеви во стомакот, иако кај повеќето жени ги нема.
Во многу ретки случаи може да дојде до инфекција, која се третира со антибиотици.

Ако се прави инсеминација со необработена сперма, можните компликации се многу поголеми. Може да дојде и до анафилактички шок и смрт на жената, а шансите за инфекција се многу поголеми, како и болките во стомакот.

(Извор: Твое бебе)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 11 Сеп 2010 13:47 #50575

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
Оние кои правеле инсеминации, можете ли да ми кажете каде сте ги правеле и која била цената на истите?

Исто, ако е на државно, треба ли да се имаат некои претходни испитувања или по желба на парот се прави инсеминацијата?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 11 Сеп 2010 19:07 #50654

  • Natasha
  • Natasha's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Животот е суров но мора да се живее
  • Теми: 74
  • Thank you received: 11
  • Карма: 8
јас имам правено во систина и ме кошташе 4500 денари на приватно,а предходни испитувањ не мора да имаш ама секој доктор различно бара,еве на пример мене ми бараа да имам хсг-проодност на канали и седиментација за да ми направат а некои што имат правено не им барале ништо. Инаку за инсеменација мене ми предлжи мојот матичен а може и ти да му предложиш на твојот матицен нема врска тоа :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Vasidora

Ре: Инсеминација 11 Сеп 2010 20:53 #50682

  • skorpija
  • skorpija's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 25
  • Thank you received: 2
  • Карма: 1
Инсеминацијата кошта зависно со што ќе те стимулираат.Јас првата инсеминација ја правев во Св.Лазар и ме кошташе 4000 плус 6000 инекциите.Сега треба да правам втора инсеминација во Ремедика и докторот ми рече дека ќе ме чини 4000 со стимулација со кломифен
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Vasidora

Ре: Инсеминација 11 Сеп 2010 20:56 #50684

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
Мм размислува на следниот начин: кога веќе помина скоро цела година како се обидуваме и очигледно нешто не е ок, зошто да правам болни процедури како проодност на канали кога директно може да си одиме на инсеминација. Можеби има и логика, нели бидејки директно спермата ја внесуваат во матката, но па и природно си е подобро нели ако се може така :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Инсеминација 11 Сеп 2010 21:05 #50689

  • skorpija
  • skorpija's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 25
  • Thank you received: 2
  • Карма: 1
Јас мислам дека е подобро проодност на канали да си направиш,да знаеш каква ти е состојбата ,зошто џабе е да правис инсеминација ако на пр.ти се запушени каналите.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Vasidora

Ре: Инсеминација 11 Сеп 2010 21:10 #50692

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
Точно, сега прочитав дека не се препорачува инсеминација доколку јајцеводите се оштетени или непроодни.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 11 Сеп 2010 22:16 #50709

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
  • Карма: 5
vasidora a dali tvojot soprug ima naprqaveno spermogram? sekogas prvo se pocnuva so ispituvanjata na mazot bidejki se pokratki i poednostavni pa koga ke se utvrdi deka so nego se e vo red togas se pocnuva so ispituvaje na zenata,samo opusteno :) pozdrav i srekno!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 11 Сеп 2010 22:40 #50720

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
додека се лечев од стерилитет иако два пати ме подготвуваа за инсеминации, не стигнав до нив. не ми растеа фоликулите никако. :(
потоа веќе третиот пат отидовме дирекно на ИВФ, ама приватно си го плативме во Систина.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 15 Сеп 2010 04:22 #52061

  • Bejbi
  • Bejbi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 157
  • Thank you received: 32
  • Карма: 6
Васидора ни еден гинеколог нема да прифати да ти прави инсеменација ако немаш претходно направено испутување за проодност на каналите. Тоа е од проста причина што кај инсеменацијата точно дека спермата ја вбризгуваат до матката, ама спрематозоидите од матката треба сами да стигнат до јајце клетката која е во јајниците, а за да стигнат таму мора да поминат низ каналите. Ако се затворени бадијала инсеменацијата. Уште пострашно пак е ако спрематозоидот некако успее да стигне до јајце клетката и да ја оплоди, а каналот не е доволно проодоен за низ него да помине оплодената јајце клетка. Тогаш доаѓа до вонматерична бременот.
Немој да се плашиш од испутување на проодноста на каналите, не е воопшто болно.
Јас правев инсеменации во Систина, но на предлог на докторот ама верувам дека може да ви направат и на ваше барање.
Ти посакувам среќа ако се одлучиш да правиш инсеменации, нашите (направивме 4) беа неуспешни.
Последна промена: 15 Сеп 2010 04:34 by Bejbi.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 18 Сеп 2010 01:26 #52906

  • petra
  • petra's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 80
  • Thank you received: 10
  • Карма: 4
Jas zabremeniv so inseminacija.....(vtora)....najprvo gi snimav kanalite,bea proodni no imase septum(vdlabnuvanje) pred matkata i spermatozoidite nestignuvale na pravo mesto....doktorot sto me vodese rece deka ne e problem toa...no prvata inseminacija bese neuspesna....otidov kaj D-r.Lazarevski i vednas mi napravi histeroskopija za da ja popolni vdlabnatinata...posle tri meseci pravev inseminacija i ostanav trudna....sekako se imav ispitano pred toa..spermogram,sedimentacija(koja e vazna za da se vidi dali ima bilo kakva infekcija)pap test.....inace plativme 4 500 den vo Sistina,a bev stimulirana so clomifen i so inekcii....koi dopolnitelno se naplatuvaa....no veruvajte se isplatese :aleluja:
"Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!"
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 26 Сеп 2010 00:28 #55312

  • Biljana795
  • Biljana795's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 3
  • Карма: 1
Jas immam praveno 3 inseminacii vo remedika i edna vo Sistina.Znaci inseminacijata kosta 4000 den no mora da odis da te vidi na eho kolku folikuli imas a toa kosta 1000 i posle treba da kupis vaginaleti progesteron a okolu 500 den e edno paketce a tebe ke ti trebaa dve za 14 dena.Znaci se na se okolu 100 evra.Inaku za da pravis inseminacija treba da gi ispitas kanalite dali se vo red ili ima nekoj problem.Jas imam praveno i hsg i laparoskopija i se e ok no sepak inseminaciite ne mi bea uspesni i sega se spremame za ivf.Dokumentite gi predadovme i so gospod napred.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 26 Сеп 2010 23:37 #55451

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Jas imam praveno tri inseminacii vo Remedika ama odamna pred 4 god. i me cinea po 3000den, posle toa pravev uste 5-6 vo Drzavna bolnica kaj dr.Dimitrov i me kostaa po 300denari so plavo kartonce. Na klinika ne mi pobaraa nikakvo ispituvanje a vo Remedika dr.Petanovski kmi ja znaese cela istorija taka sto ne morav nisto posebno da go informiram. Da ne se povtoruvam mam site mi bea neuspesni.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 01 Окт 2010 03:03 #56893

  • mari13
  • mari13's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 158
  • Thank you received: 60
  • Карма: 4
jas i mm se obiduvavme neuspesno edna godina i potoa resivme da odime da se proverime i da vidime sto ponatamu. sekako, najprvo on se proveri :) i izleze deka negovata slika ne e bas najdobra, no nemoze da se kaze ni deka e losa, koga gi pogledna dok. Lazarevski rezultatite kaza deka moze toa da se narece - namalen maski faktor.
mene mi napravi pap i mikro ispituvanja koi izlegoa ok. potoa pravev ispituvanje na hormonite na tret den od ciklusot, i toa bese vo red. potoa otidov i na ispituvanje na proodnost na kanalite, i toa bese ok.
od HSG-to pominaa eve veke 7 meseci.
e sega treba da dobijam/ ili ne :)) na 4ti, i resivme ako i ovoj mesec ne bide nisto da se obideme so inseminacija.
me interesira, ako zakazam edna nedela otkako ke dobijam, t.e. otkako ke mi zavrsi krvarenjeto, dali ke bide kasno za da se napravi ovoj mesec inseminacija?
isto taka me interesira i dali samiot proces e bolen. da receme HSG-to za mene ne bese voopsto bolno, malku nezgodono kako i sekoj gin. pregled.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 01 Окт 2010 13:14 #56955

  • petra
  • petra's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 80
  • Thank you received: 10
  • Карма: 4
Voopsto ne e bolno.....samo edno crevce koristi i toa e toa,bukvalno nisto ne se cuvstvuva....a za toa dali mozes ovoj mesen otkako ke dobies treba da se konsultiras so doktorot...najprvo dali treba da bides stimulirana ili ne....znaci kako i da e toj treba da odluci....jas mislam deka ako ti nemas problem so ovulacija bi mozelo da pravite....pozdrav i daj boze da ne dobies na 4ti.......a i ako dobies ima resenie...:aleluja:
"Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!"
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 02 Окт 2010 10:53 #57214

  • mari13
  • mari13's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 158
  • Thank you received: 60
  • Карма: 4
Fala ti Petra :*
Jas samo sto dobiv, taka da odime so sledniot cekor. vistinski se nadevam deka ova ke uspee :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 06 Окт 2010 16:54 #58719

  • elenaacko
  • elenaacko's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Што е мое ќе си дојде
  • Теми: 2
  • Карма: 2
Девојки јас сега доагам од кај мојот матичен гинеколог и договоривме за инсеминација веројатно ке биде во понеделник(во петок ке ме види уште еднаш на ехо и ке примам инекција прегнил).Прочитав на форумов дека има многу неуспешни обиди и тоа малку ме разочарува. Сакам да прашам-дали апстиниравте од секс неколку дена пред инсеминацијата(мојот матицен нисто не ми реце за тоа). Кај нас се работи за необјаснета неплодност. Сите резултати ни се ок, ХСГ е одлично и спермограмот исто така. Пиев кломифен од 2-7 ден и сега дојдовме до тука. Малку се плашам откако го прочитав сето претходно напишано на форумот. Поздрав:gone:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 06 Окт 2010 18:31 #58754

  • petra
  • petra's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 80
  • Thank you received: 10
  • Карма: 4
Ne se preopteretuvaj so napisanoto...sekoj so svoja sreka...jas bev mnogu pozitivna i veruvav deka ke zabremenam i ete bidna.....apstinencija pravevme nekolku dena so cel da ima poveke milioncinja :muahaha:
So Gospod napred vo ponedelnik i uzivaj,bidi pozitivna i ke uspees....i obavezno posle inseminacija narednite nekolku dena d imate odnosi,da odmaras so podignat zadnik na pernica....veruvaj jas lezev do denot koga trebase da napravam test....So uspeh....
"Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!"
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 07 Окт 2010 13:50 #59032

  • mia.i
  • mia.i's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 52
  • Thank you received: 3
  • Карма: 2
Devojki bi sakala da ve prasam tie sto imate praveno inseminacija dali ja pravevte po preporaka na lekar ili sami ja baravte.Jas i mm neuspesno se obiduvame veke13m.Gi pravevme site ispituvanja i se e vo red i so mm i so mene.Site pregledi i ispituvanja gi pravevme vo remedika.Prethodniot mesec sledevme folikuli i imese 4 folikuli so dobra golemina.Doktorot mi rece deka ima sani da ostanam trudna no nisto ne bidna.Eve sega vo vtornik pak ke odam na folikulometrija.Dosega doktorot mi nema spomnato deka ima potreba od inseminacija,a si mislam i sama da pobaram dokolu i ovoj mesec nisto ne bide
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 07 Окт 2010 15:43 #59094

  • EckaGj
  • EckaGj's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • ❤Се што се сака,се може!!!❤
  • Теми: 989
  • Thank you received: 93
  • Карма: 31
elenaacko убаво ти вика petra секој со својата среќа.И како велат убави мисли носат убави нешта.Ти посакувам успех и =
Со тебе сме :hug: :cmok:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 09 Окт 2010 00:11 #59744

  • mari13
  • mari13's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 158
  • Thank you received: 60
  • Карма: 4
mia.i spored doktorite se smeta deka godina dena neuspesno obiduvanje ne se smeta kako znak za neplodnost, pa zaradi toa pretpostavuvam ne ti predlozile inseminacija ili nekoj slicen cekor. nie posle godina i pol pocnavme so ispituvanja, i toa eve bas pred tocno godina dena od sega. negde okolu februar go pravev HSG-to i togas posle dobrite rezultati mi preporacaa da vidime kako ke se odvivaat rabotite za sest meseci. e sega nie malku zavleckavme posto ne bevme vo drzavava i eve bas sledniov vtornik imam zakazano i planiram sama da predlozam inseminacija pa da vidime sto ke bide.
mislam deka e najdobro da go prasas doktorot za taa opcija i da vidis sto ke ti kaze.
vo sekoj slucaj stegam palci... :))
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 09 Окт 2010 16:25 #59856

  • elenaacko
  • elenaacko's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Што е мое ќе си дојде
  • Теми: 2
  • Карма: 2
Женски денес во 18 часот имам закажана инсеминација во Ултрамедика ке ја прави мојот матичен заедно со Др. Емилија. Ако имам некој искуство од таму нека ми пише. Потребна ми е ваша поддршка:raspolozise
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 09 Окт 2010 16:37 #59857

  • Mama i Ana
  • Mama i Ana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 8
  • Thank you received: 1
  • Карма: 2
Не сум имала вакво искуство, а тебе ти ја посакувам сета срека на светов и сите позитивни вибрации да си добиете бебувче, само позитивно и се ке биде во ред :OK:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 08 Ное 2010 13:21 #69834

  • mari13
  • mari13's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 158
  • Thank you received: 60
  • Карма: 4
Devojki, Ve molam za odgovor :)
posle skoro tri godini obiduvanje resivme ovoj ciklus da probame inseminacija, i doktorot go predlozi istoto imajki go vo predvid spermogramot na mm. - TERATOZOOSPERMIA.
toa e slucaj koga ima dosta spermatozoidi so nepravilna forma i mnogu pomal broj pravilni. da receme treba da ima >30% a nie imame 14% pravilni. e sega ginekologot sepak smetase deka e super spermogramot, zatoa sto ima mnogu poveke od potrbnoto materijal, t.e. broj i koncentracija na spermatozoidi. taka da moze da se izvlece golem broj na normalni i brzi.
mene mi dade klomifen od 5ti do 9ti den, zavrsiv so toa sabotata i denes sum na kontrola i mi e 11 den od ciklus.
nemam problemi so ovulacija, dobivam max na 19 dena, ama sepak sakase da me stimulira.
e sega prasanjeto e :) dali ima nekoj iskustvo i sto milsite koga odprilika ke mi bide inseminacijata.
rabotata e vo toa sto nemam kazano na rabota za procedurava, i neznam uste kolku ke treba da izleguvam od rabota a so samoto toa i da izmisluvam :).
dali odkako ke mi ja stavat inekcijata za prskanje na folikuli ke znam koga tocno ke bide procesot.

fala vi mnogu, i i zvinete za dolgiov post, se zanesov :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 08 Ное 2010 14:38 #69863

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
  • Карма: 90
mari13 wrote:
..., dobivam max na 19 dena, ...

Се надевам мислеше на 29 дена. Ако добиваш на 29 дена, тогаш би требало да ти е овулацијата некаде 14 ден. Од денечниот преглед ќе знаеш кога ќе правиш. Ќе видите до каде напреднале фоликулите и кога ќе достигнат 18-20 мм ќе ти даде прегнил и после 24-36 часа ќе правите инсеменација, а може и да не ти даде прегнил ( за да прсне фоликулот) и да го фатите природно.
Се надевам од прилика вака некако е процедурата за инсеменација, нека пишат и другите :hug:
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.