Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Замрзнати ембриони

Замрзнати ембриони 25 Апр 2014 02:40 #250227

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
Здраво женски.
Ме интересира дали некоја има правено ембриотрансфер со замрзнати ембриони?
2011 кога го правев инвитрото бидејќи имав многу јајце-клетки си замрзнав 3. Е сега пошто пак не се фаќа сакам да си ги искористам.
Веќе бев во Ремедика повторно кај Др. Петановски почнав да пијам естрофем во среда сум на контрола, па ме интересираат искустав ако има некој.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Замрзнати ембриони 25 Апр 2014 04:15 #250233

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
И мене ме интересира ова. Баш вчера со мм зборевеме на темата околу можноста да се замрзнат ембриони при IVF.
Марфи секако пиши како ќе се одвива постапката.

П.С (ОТ)Леле кога си поминаа 3 години, како вчера да беше кога те читав во дневникот...


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Марфи

Ре: Замрзнати ембриони 09 Мај 2014 09:57 #250650

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
Здраво девојки, Марфи баш читав сега на нет за замрзнати ембриони и дека имало доста успех со нив, така да ако не ти се мине пак низ хормони боцкања итн терај со нив, валда затоа и се замрзнуваат. Малку офтопик, ама и ние стасавме до ивф, ке правиме кај Др Димитров со ваучер од Фондот. Уште малку па ке почнам со супрефакт да се боцкам. Инаку, на 3д ехото ми видоа благо закривување на матката (како блага пеграда од 1 цм) :(. Меѓутоа ке термае сега со ивф па ако недај боже е неуспешно ке одам на лапаро и хисетероскопија.

Марфи, ми понудија и замрзнување на јајце клетки ако има повеќе нели, ама има време ке се размислувам отом потом за тоа. Што и да одлучиш, со среќа.

маматобе, поздрав и до тебе
The administrator has disabled public write access.

Ре: Замрзнати ембриони 09 Мај 2014 10:05 #250651

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Поздрав Васидора, баш се прашував пред некое време до каде си? :srekno: со ИВФ!
Јас направив 3 инсеминации, месецов требаше четвртата ама рипнавме.

Ако не ти е тешко, можеш ли да напишеш како одеше постапката и документацијата за ваучер преку фондот? Не знам дали имаме тема на форумов за тоа?


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Замрзнати ембриони 09 Мај 2014 10:12 #250652

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
Нема проблем маматобе

На интернет страницата на Фондот за здравство има банер за Ин витро и во него ги има сите потребни документи со информации за како да се стигне до ваучер. Треба 4 инсеминации, ХСГ или лапаро/хистеро, крвна слика комплет, ХИВ, ХЕП Б и ХЕП Ц за двајцата, два спермограми од различни институции, извештај со ехо од матичната, пап не постар од една година (се друго не постаро од 6 месеци), микробиолошки, хормони на трет ден и било која друга документација која ја имаш. Плус мене ме дополнително ме вратија за 3д/4д ехо, тоа по ново демек на сите го барале, па и тоа го правев. Макотрпна е постапката за собирање на сите документи и потоа матилната треба да ти ги завери со печат и потшис од неа пред праќање до фондот кај Црвен крст. Сега во тек на ивф, ни побараа уште еднаш да направиме тест за хив, хеп б и ц па сега бркаме упати за тоа (за маживе е ептен комплицирано сега, преку интернист и уролог требало).
Ајде маамтобе, се надевам дека нема да имаш потреба од сето ова. Кај нас сеуште не ја најдоа причината за 4ипол години неуспех, мада Димитров вика дека не постои такво нешто како необјаснет стерилитет.
Се надевам дека помага ферманов погоре :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Замрзнати ембриони 09 Мај 2014 10:25 #250654

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Помага, како не помага :)
Јас планирам во септември да направам хистероскопија, бидејќи уште на ХСГ-то се покажа субсептум, па после тоа да бркам останата документација. Здравје до крај на годинава (ако не бидне во меѓувреме), да направиме ИВФ.
Кај нас пак сите параметри што нечинеа се средија. Пролактинот го средив, останатите хормони во нормала, секој месец овулација, мм спермограмот го подобри на граница на нормоспермија. На секоја инсеминација по обработка имавме по 55 милиони и 94% прогресивни... Сите не тапшаат по рамо, ама ете :)
Штом сме дошле до тука, ќе биде.


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Замрзнати ембриони 11 Мај 2014 10:23 #250672

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2797
  • Thank you received: 647
  • Карма: 26
:hello: jas sum OT od temava ,samo sakav na devojcinjava da I'm ja posakam cela sreka na ovoj svet vo namerite :loveya:
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamatobe

Најново на форумот

  • No posts to display.