Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Испитување проодност на канали (HSG)

Испитување проодност на канали (HSG) 18 Дек 2009 22:42 #196

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Има две методи со кои се прави ова испитување - HCG и HSS.
Разликата е во тоа што со првото добиваш рентгенска снимка на која се гледа проодноста на каналите. Односно пред да те снимаат вагинално ти вбризгуваат контраст и потоа тоа се гледа на снимката.
Второто се прави со внесување на т.н мало балонче и потоа се вбризгува контрастот низ него (а тоа се дуе). Со ова не се прави рентгенска снимка, само на ехо директно се гледа проодноста.

Ја го правев второто, приватно и да ти кажам право не е ни малку пријатно, но се издржува.
Првото (HCG) го правеа само во државна болница, а таму условите се ужас. Но предноста е што еднаш за секогаш имаш снимка. Кај кој и да одиш лекар имаш црно на бело доказ.

А за спермограмот не знам сум заборавила колку се чека, инаку многу е важно, доколку дома земате примерок - не смее да го направите тоа при однос, и откако ќе го имате примерокот за 30 минути да го однесете во лабораторија. Додека го носите мора да е кутијата со примерокот на топло - завиткана во пешкирче и ти можеш под пазува да го ставиш. Ова е многу важно бидејќи ако се излади спермата, угинуваат сперматозоидите и ќе имате погрешен резултат.

Какви беа вашите искуства?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 11 Фев 2010 19:09 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nikas

Хистеросалпингографија (HSG) 20 Дек 2009 14:04 #1042

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Или популарно наречено - испитување на проодноста на јајоводите.
Радиолошко испитување во кое преку вагината се внесува контрастна течност во матката и јајоводите додека со радиолошки апарат се снима стомакот и карлицата. Се смета за уреден наод ако течноста излезе од јајоводите во стомачната празнина, значи проодни се и нема затнувања.

Кај нас не сум чула да се прави со анестезија како надвор од МК. Јас ХСГ правев во Воена болница и ме болеше страшно многу, после неколку дена лежев со болки во стомакот и нагони за повраќање, лошење и гадење. Повеќето жени поминуваат лесно со минимално непријатно чувство во стомакот. Тоа е индивидуално.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nikas

Одг: Хистеросалпингографија (HSG) 10 Јан 2010 22:23 #12723

  • saligrem
  • saligrem's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 993
  • Thank you received: 87
  • Карма: 14
Istituvanjeto na proodnosta na kanalite e mnogu vazno da se napravi pred da se zeme bilo kakva hormonska terapija koja pomaga pri zabremenuvanje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одг: Хистеросалпингографија (HSG) 23 Ное 2010 18:04 #76269

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
Може ли некој да ми каже седиментација на кој ден од циклус се испитува и дали може истата да се испита кај општ матичен лекар? Нели се испитува седиментација пред испитување на јајцеводи?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одг: Хистеросалпингографија (HSG) 23 Ное 2010 19:50 #76392

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
  • Карма: 90
Јас конкретно не испитував седиментација пред ХСГ.
ХСГто го правев во приватна установа, а ми го правеше приватен гинеколог (не матичен) од приватна гинекологија. После тоа 3 дена пиев вибрамицин и тоа беше околу ХСГто.
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 23 Ное 2010 19:52 #76395

  • EckaGj
  • EckaGj's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • ❤Се што се сака,се може!!!❤
  • Теми: 989
  • Thank you received: 93
  • Карма: 31
lavceтоа што значи лошо помина?
Леле од тоа имам уплам ,ама ако се мора :angel:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 23 Ное 2010 19:55 #76404

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Воопшто не е страшно како што сите имаме претстава пред да отидеме. И на сите што имаат било каков проблем со забременување, јас би им препорачала што побрзо да го направат ова. Проблем со канали е многу чест кај стерилитетот, па не е лошо навреме да се знае што е и како е.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 23 Ное 2010 20:00 #76412

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
  • Карма: 90
EckaGj wrote:
lavceтоа што значи лошо помина?
Леле од тоа имам уплам ,ама ако се мора :angel:

Те збуни ова со вибрамициниве, па помисли дека лошо поминав? - Не напротиов не поминав лошо,а антибиотикот го даваат превентивно поради можност голема од несакана инфекција.
Нема ништо страшно, што побрзо направи го и со лесно нека е :love:
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: EckaGj, Macence

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 23 Ное 2010 20:06 #76423

  • EckaGj
  • EckaGj's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • ❤Се што се сака,се може!!!❤
  • Теми: 989
  • Thank you received: 93
  • Карма: 31
Најдобро е да се направи верувам но ова несакана инфекција?Тоа не сум го знаеле.
Од една страна добро од друга лошо.
Ај ќе помине и тоа,а најдобро ќе биде да нетреба да го правам
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 23 Ное 2010 20:17 #76438

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
  • Карма: 90
Тоа е поради инструментот со кој го прават ХСГто и поради начинот на кој се прави (пак ти кажувам, ништо страшно) па одредени доктори ,,превентивно,, препишуваат антибиотик, што и не мора да значи...нека не те кочи ова, го спомнав само како информација околу ХСГто.
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: EckaGj, Macence

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 23 Ное 2010 21:14 #76474

  • Nataly
  • Nataly's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Be yourself – everyone else is taken !!
  • Теми: 846
  • Thank you received: 600
  • Карма: 52
I jas imam praveno HSG , privatno so doktorkata Matevska od Sistina, ( ama ne vo Sistina,posto tamu nemaa opremeno sala za snimanje) tuku taa me odnese kaj eden dok. mislam Tolovski deka se vikase, vo negovata ordinacija ( imam malku podzaboraveno, zasto toa bese pred 4 godini nekade)
Inace, jas se plasev epten od celata postapka, ama da recam za dzabe, zasto ne bese nesto narocito bolno...neprijatno e, navistina, ama ne e strasno, trae kratko, i posle toa nemav nikavi bolki, se setavmo so mm niz SK :)Ne mi dadoa antibiotik, a prethodno pravev krvna slika i ginekoloski pregled, za da se iskluci bilo kakva infekcija, koja moze da se prenese so tecnosta vo matkata... Inace kanalite mi bea proodini, ova go pravea za da ja vidat formata na matkata ....
Последна промена: 23 Ное 2010 21:17 by Nataly.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 24 Ное 2010 05:09 #76735

  • mari13
  • mari13's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 158
  • Thank you received: 60
  • Карма: 4
i jas pravev HSG kaj tolovski, so doktorot od sistina. voopsto ne bese strasno, duri ne mi bese ni nesto posebno neprijatno, isto tolku neprijatno kako obicen pregled koga ti zimaat brisovi.
postapkata trae se na se dve tri minuti, i isto taka posle toa piev antibiotik zaradi prevencija od infekcii. istiot antibiotik mi go dadoa i sega posle inseminacijata poradi istite pricini.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 25 Ное 2010 15:49 #77382

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
  • Карма: 16
ХСГ правев кај Толовски со мојот гинеколог од Систина. Бев толку исплашена од целата процедура бидејќи читав разни искуства од жени на интернет. А и во разговори се што не ми кажуваа. Некоја жена на раце ја изнеле по ХСГто бидејќи не можела да оди од болки, и се некои лоши искуства слушав. Кога стигнав да ја правам процедурата бев максимално исплашена, бидејќи незнаев што ме чека. Додека траеше процедурата и викав по малку, не од болка туку од страв. Инаку јас воопшто не почувствував болка, само непријатно чувство како и при секој гинеколошки преглед. После ХСГто имав мало крварење неколку дена и тоа беше се. Антибиотици не ми даде докторот да пијам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 14 Дек 2010 03:44 #88305

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
Jas celosno se soglasuvam so Maja....ja bev tolku uplasena citajki razni iskustva sto duri i izlazav deka nema mesto :)))) ama drugiot mesec mi nemase beganje. Nisto ama apsolutno nisto ne osetiv, mozebi zatoa sto mi se celosno proodni, se otkri eden septum koj potoa vo remedika dr. Stojkovski go otstrani so histero taka da msetam deka HSG e dosta korisno ispituvanje...mozat i dr. anomalii da se otkrijat koi podocna bi mozele da dovedat do spontan ne daj boze.
Taka da vi sovetuvam samo bez strav i mnogu mnogu veruvanje na razni prikaski....se e individualno
So sreka....Pozz
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 20 Јан 2011 19:11 #103856

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
Јас дефинитивно ке закажам за ова испитување наредната недела. Е сега нели треба гинеколог да биде присутен за време на испитувањето и се јавувам кај мојата матична да прашам дали оди таа на такви работи и ми викаат НЕ! не правела такви работи.

Кај вас беа присутни вашиве матични гинеколози или можам топтан сама да си отидам???? Плиз хелп, што да правам?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 20 Јан 2011 19:21 #103865

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
  • Карма: 9
Братучедка ми имаше правено сега пред некој месец ХСГ кај Д-р Толовски.
Среќа што го направи и тоа па конечно и се установи проблемот, запушеност на каналите и отиде на операција во Систина, три операции и правеа, незнам точно како беа.
Иако е во брак само 7-8 месеци среќа на стручноста на мојот матичен гинеколог кој ја испрати на ова испитување, како што некој напомена горе, секој што има проблеми со забременување би требало да го направи ова испитување.
Васидора мислам дека после ги носиш снимките кај твојот гинеколог да ги види.
Инаку таму виканале и некој друг гинеколог,кој бил куќен пријател со свекор и, и тој кога ги видел снимките и рекол да оди на ИН Витро, девојчево запрепастено беше, мислам како може некој да даде предлог за инвитро после неколку месеци обиди за забременување, :nc: и пак ќе кажам среќа на стручноста на мојот гинеколог, не го послуша, и сега да се опорави ќе почнат да се обидуваат да забремени по природен пат, и посакувам успех :srce:
Последна промена: 20 Јан 2011 19:22 by Sara.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 20 Јан 2011 20:07 #103880

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
Се јавив пред малку во Систина и тие прават ХСГ кај Толовски исто и праќаат гинеколог со тебе. Единствен предуслов е прво да отидеш на ден преглед кај некој од гинеколозите нивни, консултативен преглед нели.

Е сега, Дракулевски беше добар од таму, нели? Па ке пробам кај него да закажам.

А за матичната моја мила, немам зборови... :(
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 20 Јан 2011 20:48 #103895

  • kiki
  • kiki's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 510
  • Thank you received: 102
  • Карма: 12
Vasidora,
jas pravev HSG kaj Tolovski,i mene mi pravese d-r Drakulevski. Mislam deka prethodno treba da odis kaj nego na pregled i da se dogovorite se okolu HSG
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Vasidora

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 21 Јан 2011 15:05 #104165

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
  • Карма: 16
Васидора обавезно прво закажи си преглед кај д-р Дракулевски па потоа со него да одиш на ХСГ.
Како што имам и претходно напишано, докторот од Систина беше со мене кај д-р Толовски, и заедно ми го правеа зафатот. Немој само да се плашиш како што мене ми се случи слушајќи искуства од други како си прошле. Мене воопшто не ме болеше.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Vasidora

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 22 Јан 2011 05:05 #104570

  • mime
  • mime's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 7
  • Thank you received: 4
  • Карма: 1
Една моја другарка овој преглед го правеше во Битола но незнам кај кого а тоа беше и одамна пред 7-8 години но знам дека и таа после тоа испи една доза вибрамицин и наредниот месец требаше да мери базална температура за да видат дали има овулација и после тоа со запишаните следења ма температурата да се јави кај докторот на таа тој месец остана бремена после 7 години неплодност!(Сега има три деца!?)Навистина чудно но некогаш лекот е пет пари велат!
Последна промена: 22 Јан 2011 05:07 by mime.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: TIFANI, Vasidora, mari13

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 23 Јан 2011 01:28 #104774

  • Anci
  • Anci's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 3
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
vasidora wrote:
Се јавив пред малку во Систина и тие прават ХСГ кај Толовски исто и праќаат гинеколог со тебе. Единствен предуслов е прво да отидеш на ден преглед кај некој од гинеколозите нивни, консултативен преглед нели.

Е сега, Дракулевски беше добар од таму, нели? Па ке пробам кај него да закажам.

А за матичната моја мила, немам зборови... :(
Vasidora , ako sakash da odish na HSG mozesh direktno da si zakazes kaj Tolovski,samiot toj ke si vikne ginekolog za asistencija.Ako odish preku Sistina ke treba da im go platish i pregledot tamu,vaka plakash samo 4200 den(samo sedimentacijata treba da ti bide pod 12).Pozdrav i srekno.....inaku voopshto ne e strashno isto kako rutinski pregled.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Vasidora

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 24 Јан 2011 17:56 #105253

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
Прво, фала ви на сите за одговорите :srce:

Утре сабајле на гладно одам да испитам седиментација, па ако е ок, одам во Систина да правам ХСГ.

Е сега на нет прочитав дека добро било да се напијам еден Ибупрофен (Кетонал мислам беше ибупрофен) за опуштање и намалување на болката, а исто така дека требало добро да ми бидат испразнети цревата.

Вие пиевте нешто пред тоа за болка? Или пак ви правеа клизма?

Леле како прво ке пукнам од срам, досега не сум била кај маж гинеколог, ама добро е ке мислам на тоа наместо на процедурата :sram:

ЕДИТ: Во самата болница Систина си го правеле Хсг-то, кај нив на радиологија поточно. За цената ми рекоа дека е 4000 денари. А сега со последново договарање, не миспомнаа дека треба преглед кај нив прво да имам направено туку само за хсг си одам. Ке видиме....
Последна промена: 24 Јан 2011 17:58 by Vasidora.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 24 Јан 2011 20:37 #105314

  • mari13
  • mari13's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 158
  • Thank you received: 60
  • Карма: 4
Visadora, jas koga go pravev HSG-to ne zemav nisto ni za bolka, ni pak prevzemav nesto vo vrska so crevata.
ednostavno odis, kako za obicen pregled, bukvalno, i jas licno ne pocuvstvuvav ama bas nisto, nikakva bolka, nikakva neprijatnost, osven onaa voobicaena neprijatnost pred sekoj pregled.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: lavce

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 25 Јан 2011 20:13 #105737

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
Еве ме конечно се вратив од фамозната ХСГ постапка. И да ви кажам џабе ко идиот цело сабајле шетав по станов и се туфкав.

Сабајлево направив седиментација. Освен огромниот хематом кој ми го направи таа неспособната во Авицена што ме боцкаше седиментацијата испадна супер вредност - 6 мм/h.

ХСГ-то беше речиси безболно. Ме штипна што и да е тоа што го ставаат пред да ја испуштат течноста и тоа беше тоа. Испуштањето на контрастот го осетив единствено како да ме наполнува некој со течност и толку. Тоа со течноста траеше неколку секунди. Еднаш докторот ме пипна на десната страна од стомакот и толку.

Резултатот вика: Обете туби се прикажаа по целата должина. Кавум утери се исполни во целост без дефекти во полнење. Цервикс ртг во граници на нормала.

Е сега не ми е јасно што значи ова: Десно се прати слободно излевање на контраст во абд празнина. Лево контрастот се задржува во периампуларни атрезии.

Докторов беше ок. Јас од срам ни еднаш не го погледнав во лице, само си ќутев и помалку мижев. Штом станав имав крв веднаш на улошката што ми ја дадоа, се надевам до утре ке престане.

Ми даде превентивно Цитерал 5 дена да пијам.

Е сега само не прашав, од кога можеме пак да си се обидуваме за бепче, т.е. колку дена да чекам после хсг-во????


Долг пост ама верувам ке му користи на некој.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Испитување проодност на канали (HSG) 26 Јан 2011 00:45 #105857

  • mari13
  • mari13's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 158
  • Thank you received: 60
  • Карма: 4
Visadora, mene HSG-to mi go pravese dr. Mitko Ivanovski, a toj e eden premnogu duhovit i pozitiven covek, se tera na smea.
koga go prasav isto koga mozam da pocnam da se obiduvam, mi rece, ODMA :)
sega i da imalo nekakvo malo zadusuvanje, sega se jajcevodite "izduvani" i ako ne od veceva od utre mozes slobodno da se prepustis i da uzivas :)
ti posakuvam mnoooogu sreka :*
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.