Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Хиперстимулација при ИВФ

Хиперстимулација при ИВФ 23 Мар 2012 03:40 #190528

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
Еве ја отварам " мојава" тема бидејќи мислам дека ја нема како посебна....а и би требало да спаѓа овде бидејќи при хиперстимулација скоро секогаш оди и бременост.
Како и да е...еве ми ја прикаската:
По скоро 4 години пробување некако на природен начин да забременам (бидејќи и не ни беше констатиран конкретен проблем освен идиопатски стерилитет) се одлучивме за ивф.
Почнав со терапија прво еден месец Јасмин за регулација на циклусот па потоа со Супрефакт. Многу добро реагирав на терапијата, со минималната доза што ја даваат секому јас имав мнооогу јајце клетки и на двата јајника. Жива среќна....
Дојде време за пункција ми извадија 10-12 убави и големи проблеми никакви. После тоа мала нелагодност како да ми плива нешто ама ај си викам па ми ваделе јајце клетки...од тоа е.
Помина и трансферот, се ок, почнав да лежам по дома нели 2 недели да си одлежам ама од ден на ден мене стомаков ми расте...едно неубаво чувство како сите органи да ми плутаат, почна да ми се лоши да не можам до вц да отидам.
Отидов на др. и ми вика хиперстимулација...до ден денес незнам како се полнев толку многу вода...име задржаа на пункција...со игла ми вадеа вода...прво ке ме боцнат у стомак од страна па едно 1-2 саата лежев со тоа иглата поврзана со кеса да истекува течноста (жолта како мокрача....гадно звучи ама не боли...боли боцкањето потоа не...ја дури и сама ја вртев иглата внатре да истекува побргу :muahaha: )
И то ами повлече и други проблеми....коагулација на крв...примав клексани до последен ден...секое хоспитализирање примав по 2 инфузии и албумини...немаа кај да ме боцнат сетсрите веќе :)
Ова ми се случуваше 5 пати...секој понеделник јас бев хоспитализирана. Луѓе какво чудо е тоа преку ноќ си 9-ти месец....Па на сета мака дур чекав да ме примат една сестра ме гледа и ми вика за ЦТГ си...а јас 5 недели трудна :zid: ..па почнав да си се смеам...
Крајниот епилог...најважното трудна...а помалку важното...вкупно 5 пункции, извадени 25 литри вода (мм ми викаше ко протечно бунарче сум била) и најтешкото нешто во мојов живот.
Целата бременост и пороѓајот ми беа песна наљспрото овие па скоро 2 месеца, бидејќи некаде при третото тромесечие сите симптоми престануват.
Ете ја отварам оваа тема за сите што се во постапка да се информираат и горе-доле да знаат што се случува.
Ама сега за зверчево што ми лупа по тастатура и ми меша букви пак би поминала низ тоа...:)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Kinky, Bubbi, mari13, butterfly87

Ре: Хиперстимулација при ИВФ 25 Мар 2012 04:20 #190816

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
И јас имав хиперстимулација кога правевме ИВФ, кај мене беше "блага" додуша. Исто ко кај тебе Катерина, многу јајни ќелии се направија, извадија 17, бев стимулирана со Пурегон (по 2 инекции на ден примав). Едниот јајник за време на хиперстимулацијата ми порасна дури 9-10 см во обем а во стомакот бев ко да сум 5-6-ти месец :) . Исто морав да лежам, секој ден го мерев обемот на стомакот и се слушав со лекарот, пиев 3-4 литри вода на ден и се осеќав како балон. Ме болеше, станував само за во вц со офкање, ама некако не го доживеав тоа така стресно заради тоа што бев во исчекување на висока бета :love: . И лекарот ме утеши дека обично кога се јавува хиперстимулација, тоа е знак дека се остварила бременост. Па си лежев и си се надевав, т.е. како некако длабоко во себе да знаев дека веќе сум трудна, само чекав официјална потврда за тоа. :) Баш со нежност се присеќам на периодот кога го правевме ин витрото. :love:
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.