Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Донирање јајце клетки

Донирање јајце клетки 24 Окт 2011 14:10 #160959

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Еден текст ме поттикна да ја отворам темата, па може на некој ќе му биде корисна...

***Хумани девојки, брачен пар има голема потреба од донирање на Ваши јајце клетки за да може да остане жената бремена. Лесно е да се каже дека може да се посвои дете, но ние од понежниот пол сакаме да го осетиме чувството на мајчинството во нашиот стомак, да почувствуваме дека носиме живо суштество во нас цели 9месеци, да му пружиме поголема радост на сопругот... Веќе неколку години овој брачен п...ар има премногу различни обиди, но за жал безуспешни поради слабите јајце клетки на жената.
Доколку постои заинтересирана девојка (до 30години) да направи ваков чекор и да донесе радост во нивниот дом, да си го подобри позитивно својот живот, па иако е хумано дело да добие вредна награда подарена од срце, може слободно да контактира на телефон 076 430 801. Која девојка не би сакала да знае во кое семејство ке ги донира јајце клетките контакт телефон 075 568 223.
Премалку информации и чувства се за оваа една порака, затоа можете да не контактирате само за да се запознаете повеќе со оваа случка иако не сте Вие донаторот, можеби некоја Ваша пријателка ќе биде ♥
Со огромна и последна надеж, Андријана (пријателка на идните родители

Извор

Искрено не знаев дека ова е можно кај нас, а и не знам која е постапката:poimnemam:




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 24 Окт 2011 14:11 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Dolphin

Ре: Донирање јајце клетки 24 Окт 2011 17:46 #160993

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Прво, мислам дека донирање на органи и ткива треба да биде регулирано со закон, а кај нас не знам воопшто дали постои закон. Второ знам дека на запад едно време беше актуелно донирање на сперма и постоеа и банки за тоа, но потоа се укина и забрани поради можни инцести во иднина. За јајце клетка мислам дека е слично како и донирањето на машката семена течност. За мене тоа е буквално како да си го продаваш телото и уште полошо - нероденото дете. Е сега едно не ми е јасно, во текстот се вели бидете хумани, а потоа вели богата парична награда. Сметам дека хуманост и парична награда не одат заедно. И уште нешто доколку се најде донатор, а е спротивно на законот значи ли тоа дека целата постапка ќе се изведе на црно во некоја од приватните клиники?
Последна промена: 24 Окт 2011 17:46 by Mama Sani.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: srculence

Ре: Донирање јајце клетки 24 Окт 2011 17:53 #160996

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
И јас лично не би можела да донирам јајце клетка, мислам дека цел живот потоа ќе ја мислам таа јајце клетка (читај дете)....Можеби грешам, ако некој мисли поинаку, би сакала да ми образложи...Никого нема да осудам, само јас лично не би можела:ne:




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 24 Окт 2011 18:15 #161006

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Сличен ми е ставот како и за сурогат мајчинството. Неможам да осудувам за оние кои бараат донор бидејќи не сум се нашла во ситуација јас или некој мој близок да има слични проблеми при забременување, но јас да донирам јајце клетка за друг никогаш. Мислам дека дури и да се работи за сестра ми, не би можела да прифатам.
Уште повеќе ми пречи давањето награди за вакви „услуги“. Тоа никако не можам да го сварам, зошто веројатно некој профитира од продавање генетски материјал. :nc:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Zoja

Ре: Донирање јајце клетки 28 Јан 2012 18:31 #177171

  • bojanab
  • bojanab's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 4
  • Thank you received: 3
  • Карма: 0
Почитувана Андријана,
Малку сум испровоцирана од коментарите кои ги цитам на темава ...
Јас и мојот сопруг,за зал, имаме проблем од сличен тип,така да доста сум информирана за ова прашање...
Во Македонија е законски дозволено донирање на јајце клетка со тоа што постои ограничување за возраста на донаторката(максимум 40год.).Се потшишува согласност на нотар и потоа се прави Ин Витро, по свој избор во некоја од приватните клиники.
Е сега, како што можеш да заклучиш, за жал, нашава средина сеуште не е зрела за донаторство.
Најдобра варијанта е, донорот да биде во поблиска роднинска врска со жената(сестра,прва братучетка и сл.).Во таков случај,донираната јајце клетка би содржела голем број на исти гени кои ги поседува и жената.
Во нашиот случај,немаше соодветен донор од мојата фамилија,поради што мораше да побараме решение во странство.
Ова е линк од клиниката www.pragueivf.com, има повеќе инфо.
Ние бевме два пати,за вториот пат имавме замрзнати ембриони, но за жал не успеавме поради некои дополнителни проблеми со матката.
Инаку сме многу задоволни од целосниот третман таму, а и доста парови се усреќуваат.
Ние поднесовме и барање за посвојување,тоа е нешто друго,но секако е прекрасна работа, и сега си ја чекаме среката :-)
Моја поддршка до идните родители,слободно да разговараат на темава и може да се најде донор, кај што најмалку очекуваат
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 29 Јан 2012 08:50 #177197

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Eve bas koga i kaj mene se otvori vakva tema za razmisluvanje,so Rid ocigledno razmisluvame na ista branova dolzina.
Poslednite ispituvanja koi gi napravivme po povod 4 neuspesni IVF pokazaa deka mojata jajce kletka i spermatozoidite na mm ne si odgovaraat najdobro i zatoa embrionite ne se vo najdobar red pa ne uspevaat da se fatat. Toa e slucaj eden vo milion ama ete...jas sum toj milion.
Resenieto za nie da imame dete e vo donator na sperma ili jajce kletka. se odlucivme na jajce kletka bidejki sepak bebeto kje raste vo mojot stomak, jas kje go rodam itn, znaci kje bide moe :) Problemot e vo donatorot. Jas nemam sestra nitu pak bratucetka so koja sum tolku mnogu bliska za da mozam da i pobaram takvo nesto.
Vo Bugarija ima banki na sperma i jajce kletki kade sto mozes da si odberes donator, sto mnoooooogu se plakja, no toa e nesto za vo dr tema. Ima informacii za boja na kosa, oci, visina, tezina, veroispovest, nacionalnost i godini na donatorkata, nosto povekje, isto e i za maski donator.
Sekako deka povekje bi sakala da ja poznavam zenata koja kje mi donira no i toa ima dve strani.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 29 Јан 2012 09:36 #177203

  • bojanab
  • bojanab's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 4
  • Thank you received: 3
  • Карма: 0
Да,парите се секако проблем но Целта ги оправдува средтвата :-)
Во многу животни ситуации,парите не можат да помогнат, но кога можат да помогнат за нешто толку големо и важно,треба да се искористи приликата.
Да, и во Бугарија постојат добри клиники кои работат со оваа проблематика,но потребна е добра информираност и претпазливост во изборот.
Имам информација дека во ретки случаи(но постојат такви), Фондот одобрува средства.
@ Елка, посебно кога постои реална медицинска причина(како што е во Вашиот случај), мислам дека вреди да се информирате и да се проба.
Сакав само да додадам дека во однос на избор на боја на коса,очи и сл. јас не би одела до таму.И во природна ситуација, физичките карактеристики не се одредуваат по нарачка и многу често се манифестираат гени од подалечни колена.Јајце клетката и сперматозоидот се само генетски материјал со свои предиспозиции чија манифестација зависи од многу фактори.Детето ке се развива од твојата крв и со твојата енергија...постојат истражувања во прилог на промената на ДНК молекулите под влијание на различна човекова енергија(вибрација).
Во повеќето Европски земји, согласно законот, донаторите се анонимни и не се среќаваат со идните родители.
Последна промена: 29 Јан 2012 09:40 by bojanab. Причина: печатни грешки
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 29 Јан 2012 18:13 #177260

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
  • Карма: 10
bojanab wrote:
Сакав само да додадам дека во однос на избор на боја на коса,очи и сл. јас не би одела до таму.И во природна ситуација, физичките карактеристики не се одредуваат по нарачка и многу често се манифестираат гени од подалечни колена.Јајце клетката и сперматозоидот се само генетски материјал со свои предиспозиции чија манифестација зависи од многу фактори.Детето ке се развива од твојата крв и со твојата енергија...постојат истражувања во прилог на промената на ДНК молекулите под влијание на различна човекова енергија(вибрација)
Со ова неможам воопшто да се сложам. И те како е важен изборот на боја на очи, коса и сл. Не се работи за некакво исполнување желби. Едноставно,колку и да не се држи во тајна дека детето е посвоено, или е донација на јајце клетка или сперматозоид, верувам дека секој родител посакува детето да личи на него, т.е. да не се гледа од километер дека не е негово. Гледајќи по сликите, и Елка и сопругот имаат светли очи и бидејќи се работи за рецесивни гени од нив нема шанси да излезе дете со црни очи. И ако е такво веднаш ќе се знае дека барем еден од нив не е негов родител. Да, најважно е да е живо, здраво, без генетски пореметувања, но веќе ако имаш избор, зошто да не е и физички слично?
Последна промена: 29 Јан 2012 18:15 by AWAO.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 29 Јан 2012 18:38 #177266

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Сосема ги разбирам луѓето кои се решаваат на ваков чекор - и да се обидат да станат родители и оние кои им помагаат да остварувањето на тој сон, НО јас не би можела да донирам, ниту пак да прифатам од друг-а.
Не знам, ете имав гоооолем проблем да забременам, ама сепак, преку некои работи, не знам зошто не можам да поминам.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 30 Јан 2012 05:40 #177299

  • темјанушка
  • темјанушка's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 314
  • Thank you received: 197
  • Карма: 0
Ја би донирала, зашто да не. Не гледам ништо страшно.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 30 Јан 2012 07:59 #177341

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Авао, мм има зелени очи, јас плави, а Алексеј има темнокафени очиња. И јас бев убедена дека нема шанси да родам дете со темни очи, но ете и тоа се случи, си повлече ген од страната на моите.

Инаку, и јас би донирала јајни ќелии, пред 3-4 години дури и имав контакт со еден пар кои бараа донација, но потоа се одлучија за друга опција. А кога мм и јас лечевме стерилитет, една познаничка сама ми се понуди да ми донира ако се решиме на таа опција, и не можам да ви опишам колку ме трогна нејзината понуда. :love:

Од првиот пост на Анабел, делот за парична награда го сфаќам како желба на парот кој бара донација на некој начин да се заблагодарат и да се оддолжат на жената која ќе им биде донатор, а не како купување на генетски материјал. Убаво си пишува "...па иако е хумано дело да добие вредна награда подарена од срце", потполно ги разбирам што сакаат да кажат. А таа што ќе донира, не мора да ги прифати парите ако донира чисто од хумани побуди, нели :)
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 30 Јан 2012 08:13 #177345

  • milicka
  • milicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 266
  • Thank you received: 175
  • Карма: 3
definitivno bi donirala, znam kako e tesko koga se ocekuva bebence dolgo vreme. sekoja zena saka da go pocuvstvuva toa, ne mozeme protiv majcinskiot instinkt... zelbata da se pocuvtvuvava kako nov zivot reste vo nas i kako nekoe nodzence ne klocka :love:

sto se odnesuva do nagradata, nivno e da ponudat a koj e human i go pravi toa da usreki nekoj mislam deka nema da ja prifati paricnata nagrada.. sepak nekoj toa ke go napravi i za pari, pak nema nisto loso vo toa
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 02 Фев 2012 18:15 #177973

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
Eee da ve procitav porano mozebi ek pomognev na nekogo.....pri moeto prvo invitro mo izvadija mnoooogu jajce kletki, ubavi i golemi....i skoro site se oplodija i pocnaa da se delat. so mm odlucivme pola da zadrzime da zamrzneme za vtoro a pola da donirame.
Sreka si rodiv zdrava prava kerka...a ako ne uspee prirodno sigurno za nekoe vreme ke gi iskoristime i tie.
Inaku sum za donacija zasto da ne...toa e mnogu human gest, i voopsto ne go sfakam kako nesto tragicno ili moe dete....druga makja ke si go nosi, ke rasne vo nea ,beskrajno ke mu se raduva....duri ni ne razmisluvam so e so niv....daj boze da se dadeni negde i site da se uspesni :OK:
Последна промена: 02 Фев 2012 18:16 by Марфи.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, macika, ivi, Meyo, dani. and this user have 1 others thankyou

Ре: Донирање јајце клетки 02 Фев 2012 18:40 #177978

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Vi se divam, na site shto ste spremni, jas iskreno ne sum razmilsuvala na taa tema voopshto,i neznam dali bi donirala ili ne. Za doniranje na krv organi itn. sum apsolutno ZA , ama za jajce kletka ne sum nachisto za etichkite problemi koi moze da proizlezat. Ne daka ima vrska so diniranjevo ama edna situacija koja cesto cesto ja povrzuvam so momentot na doniranje Jajce kletka...Koga dojdov vo Skopje na studiranje,sedev vo eden kafich so drugarki i karshi mene sedeshe eden dechko koj kako majka mi da go rodila. ISTO dete. A bidejki od nejzinata strana ne pozavam nikogo ama bash nikogo, mu pristapiv so shala deka majka mi cel zovot tvrdi deka me zamenile vo bolnica bidejki vo nishto ne licham so nea, da ne me smenile so tebe bidejki ja imash glavata na majka mi i vujko mi, konstitucija duri i gestovi. Tolku beshe ocigledno shto oddaleku mi go privleche vnimanieto. Sednavme na edna masa si onaka uz zezanje ustvari ispadnavme 2 bratuchedi. Sin na prva bratuchetka na majka mi bilo detevo. I togash znam deka cela familija se voznemiri, bidejki od kaj dedo mi bile 11 deca i site sme na slichna vozrast. SKopje e malo shto ako se oformi nekoja takva incestna vrska?Pa se sekjavam organiziraa neshto kao banket da moze da se vidime. Site sme na slichni vozrasti i odgovorno tvrdam deka na sekoj od tie shto bevme tamu mozeshe lesno da uleta vo zaednishtvo so nekoj drug. Nie sme okolu 70 potomci od treto koleno na lozata na dedo mi.Ajte takvata situacija se reshi so takva semjna sredba, no shto e so vakvite situacii.. Sto e so takviot aspekt na ovoj human gest. Nesakam da bidam pogreshno svatena, iskreno go poddrzuvam, i bi sakala d se razbudat takvi cuvstva vo mene da podaram nekomu moznost da ja ima najprekrasnata uloga RODITEL.ama me interesira onaka dali sum sama vo razmisluvanejvo..
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 02 Фев 2012 19:18 #177981

  • bojanab
  • bojanab's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 4
  • Thank you received: 3
  • Карма: 0
секако дека не си сама, тоа беше една од причините поради кои се одлучивме за таква процедура во странство.
Јас знам дека тука има и многу широкогледи луѓе,некои од таквите веќе се изразија на темава позитивно- во нашиот случај имав понуда од 2 блиски пријателки кои веќе имаат свои деца.Бев позитивно шокирана и иако поради некои деликатни причини не се решивме за таква варијанта,многу ми значи нивната понуда,поготово кога човек има мака,прав мелем е цувството и фактот да се има такви пријатели.
Мене некако најприфатлива варијанта ми е да не ја познавам донаторката, земаји во предвид дека имам гаранција за нејзината здравствена состоја, но тоа е лична одлука.
Воопшто не се сложувам со рзмислувањето на АVAO - и посвоените дечиња заличуваат на своите родители а не па во ваков случај.А на крајот на краиштата воопшто не ми е важно дали ке личи на мене или не и како ке изгледа во очите на околината, важно е детето да биде здраво, среќно и да има најдобри родители на светот :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, viktori, dani.

Ре: Донирање јајце клетки 03 Фев 2012 04:06 #177989

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
bojanab wrote:
Јас знам дека тука има и многу широкогледи луѓе,некои од таквите веќе се изразија на темава позитивно- во нашиот случај имав понуда од 2 блиски пријателки кои веќе имаат свои деца.

Bojanab , Ви посакувам само успех во целата процедура, но малку твојава изјава за широкогледи луѓе ме испровоцира. Што сме тогаш ние останатите кои имаме спротивно мислење, ограничени? Сепак се работи за морални дилеми, и тука несмее да се етикетираат луѓето. Ниту пак државата во која живееме бидејќи се работи за личен избор. На крајот на краиштата и Вие не сакате да користите генетски материјал од Ваши блиски што ги познавате, значи и Вие правите избор што е прифатливо а што неприфатливо за Вас.
Последна промена: 04 Фев 2012 18:29 by Big Sister. Причина: citat
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 03 Фев 2012 05:24 #178016

  • elena j
  • elena j's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 519
  • Thank you received: 113
  • Карма: 4
Гледајќи по сликите, и Елка и сопругот имаат светли очи и бидејќи се работи за рецесивни гени од нив нема шанси да излезе дете со црни очи. И ако е такво веднаш ќе се знае дека барем еден од нив не е негов родител. Да, најважно е да е живо, здраво, без генетски пореметувања, но веќе ако имаш избор, зошто да не е и физички слично?

e moram na ova da iskomentiram malku e OT ama drugarka mi i mazot i nejzin imaat temnokafeavi oci a kerkata nivna ima svetloplavi oci (na dedo i )
a vo mojata familija strina mi i cicko mi se so kafeavi oci a bratucetka mi ima svetlozeleno oci nasledeni od dedo mi...taka da genite se strasna rabota...neznaes od koe koleno ke povlece deteto gen...:)
Последна промена: 04 Фев 2012 18:30 by Big Sister. Причина: citat
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 03 Фев 2012 05:54 #178028

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Vo situacija vo koja se razmisluva za nekoja vakva procedura covek ne smee da gi deli lugjeto ne velikodusni ili ne. Da tocno za mene onaa zena koja bi se nafatila da mi bide donator kje bide NAJvelikodusnata i NAJprekrasnata osoba na ovoj svet :) no nemozam da kazam deka drugite bi gi smetala za sebicni. Sepak toa e psihologija i sekoj razlicno ja sfakja taa rabota, nekoj je go gleda deteto kako kompletno tugjo, nekoj kako svoe.
Na nekolku moi najbliski prijatelki sum ja kazala situacijava, i iako site od niv imaat decinja nitu edna ne mi se ponudi za da mi dade jk. Nemozam da im zameram nikako, toa ni jas otvoreno ne sum go pobarala, a ne zanm ni kako da go storam toa, sepak se raboti za dete, mi se cini deka bubreg polesno bi im pobarala :laugh: Od druga strana koga kje se razgleda deka vo stranstvo jk od banka kosta 5-10000 dolari :what: a i so nea nikoj ne ti garantira uspesnost na procedurata :wtf: neznam dali i na toa da se nafatam.
Rabotava mi e "Od site strani Suljo sardisan". :fijuk:
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 03 Фев 2012 07:36 #178060

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Katerina81 wrote:
Inaku sum za donacija zasto da ne...toa e mnogu human gest, i voopsto ne go sfakam kako nesto tragicno ili moe dete....druga makja ke si go nosi, ke rasne vo nea ,beskrajno ke mu se raduva....duri ni ne razmisluvam so e so niv....daj boze da se dadeni negde i site da se uspesni :OK:

Јас па сосема поинаку размислувам од ова... Знам дека совеста ќе ме изеде ако донирам клетки и уште да не знам што се случило со нив. Никогаш не би прифатила клетки од друга жена. За мене генетскиот материјал и потомството не е нешто кое може лесно да се разменува, не собрав храброст и матични клетки да зачувам за синот.
Донирањето клетки не би го споредувала со дарување на органи. Едно е на пример да донираш матка, а друго е генетски материјал. Што е со идентитетот на тоа дете понатаму. Па сите ние сакаме да си ги знаеме корените...Ајде да не навлегувам ѕолку во моралните дилеми, ама мислам дека се отиде предалеку...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: sole

Ре: Донирање јајце клетки 03 Фев 2012 07:49 #178069

  • темјанушка
  • темјанушка's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 314
  • Thank you received: 197
  • Карма: 0
A dali se prasucvas so jajce kletkite sto izleguvaat sekoj mesec so menstrualnata krv i gi isfrlas u kanalizacija. Sto so toj genetski materijal.
Ednostavno nema da razmisluvas za toa, zasto toa dete nema da bide tvoe. Ke raste u tugja matka, ke se hrani so preku krvta na majkata sto si go nosi. A tvojata jajce kletka znaci samo plava/crna kosa so plavi/zeleni/kafeni oci i mozna genetska bolest i nisto drugo.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 03 Фев 2012 08:42 #178080

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Тоа што секој месец исфрламе јајце клетки е дел од природата и не само кај луѓето, туку и кај животните. Едно е оплодена, друго е неоплодена клетка... Има разлика... Кога донираш целта е нели таа да се оплоди, за дете треба двајца, сама по себе клетката не е дете.
Верувам дека и генетскиот материјал носи повеќе од боја на очи и коса и верувам дека да сретнам некој што ги има моите некаде во светот нема да бидам рамнодушна што го одгледала друга мајка, а за мене не ни знае...
За мене најхумана постапка е да посвоиш дете, сите овие алтернативи ми се многу помалку хумани... Ако нема врска кој е биолошката мајка, тогаш зошто да си играме со природата?
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Annabel Lee, Bubbi, biljann, sole and this user have 1 others thankyou

Ре: Донирање јајце клетки 03 Фев 2012 08:43 #178081

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
nekolku dena nanazad ja citam ovaa tema i si debatiram sama so sebe, koj stav bi go zazela. Prvo na pamet mi ide deka ne bi donirala jk, a po nekolku dena razmisluvanje moze i bi donirala za da im pomognam na nekoj par koj tolku mnogu posakuva bebe, no pod uslov da ne gi znam lugeto koi se. Ako go znam parot kade ke zavrsi taa jk togas na sekoe gledanje so niv (ako mi se bliski prijateli) ili sretnuvanje vo grad (ete ako sme od ist grad) bi si gi barala slicnostite so toa dete, bi sakala da znam kako e sto e, ke sakam da sboruvam so toa dete ne deka jas go rastam i e moja griza, ama ete taka bi se cuvstvuvala.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Goddess^, sole, Zoja, Mami-Anje

Ре: Донирање јајце клетки 03 Фев 2012 12:07 #178123

  • forumce
  • forumce's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 94
  • Карма: 0
Пред неколку месеци пишав па избришав,затоа што не бев сигурна и сега не сум сосема,ама ајде.Навистина браво за тие што се одлучуваат на ова,навистина треба храброст,силна волја,самоконтрола,секоја чест и за двете страни.Јас мислам не би можела ни едното,ни другото.Ај прво со тоа да донирам,како што кажаа погоре нама шанси да не мислам на тоа дете,нема,нема шанси,а па да донирам на мои блиски или познаници уште полошо би ми било,колку и да сакам да помогнам,знам дека повеќе ќе одмогнам,ќе почнам да анализирам,па да се прашувам,па од внатре да се јадам.Едноставно не сум таква личност.А,за да ми донираат,пак нешто слично размислувам.Ми се имаат увртено понекогаш филмови што ако не можиме да забремениме,што би правела.Пак тргнувам од мене како личност,некои ќе речат себично,но мене посебично би ми било да се сложам да ми донираат јајце клетки,а потоа да не знам да се носам со тоа,па сите да страдаме,вклучувајќи го и невиното дете.Знам,сигурна сум,дека тоа дете ќе го сакам како мое,без КАКО туку ќе биде мое,но не сум сигурна дали ќе можам да се справам со фактот дека генетскиот материјал е само од еден од нас двајцата,без разлика од кој,истото го мислам и за ситуација со машки донор,многу тешко и психички мачно ми изгледа.Размислувам дека ако веќе не може од нас двајцата,ако не е НАШ плод тогаш подобро е од ниеден,тогаш подобро е да посвоиме.Единствено ме мачи моментот на бременост,на меше,на клоцкање,толку многу посакувано нешто,а да не можам да го почувствувам тој период,да не знам како е да расти во тебе и тато да го гали мешето,единствено тоа ме мачи.А,инаку посвојувањето на детенце,ми е многу поверојатно,пореално,за похумано не знам,ама за мене е нешто што во овој случај никој нема да страда,а детето најмалку.Пак велам за мене,не сакам никој да се најди повреден,натажен,сите сме различни.А и ова е сегашно мое размислување,кој знае што носи иднината и дали ќе ми се смени.

А,на Елка и на сите други им посакувам што полесно да го добијат посакуваното,вака или така:hug:
Последна промена: 03 Фев 2012 12:12 by forumce.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Elka

Ре: Донирање јајце клетки 03 Фев 2012 14:47 #178142

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
И според мене најхумана постапка е посвојување на дете. Играње со генетски материјал се коси со сите христијански начела.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Донирање јајце клетки 03 Фев 2012 15:00 #178145

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
  • Карма: 5
Zborot igranje vo ovoj kontekst malku mi e nesoodveten i nevkusen zatoa sto jas ne bi go narekla igranje dokolku nekoi roditeli ne mozat po priroden pat da stanat roditeli pa se resavaat za ovaa varijanta doniranje na genetski materiajl bilo maski ili zenski, sekade vo svetot ova e nesto najnormalno,sekojdnevna praksa,samo vo makedonija e tabu tema i nesto skandalozno ama ne me cudi sepak mentalitetot na lugeto e takov i ne veruvam deka ke se smeni u narednive 200 godini moze i vise
Za toa deka se kosi so hristijanski nacela isto ne se soglasuvam,ako e taka togas i in vitro se kosi zosto crkvata ne priznava oploduvanje nadvor od teloto na zenata taka?
Za posvojuvanje i ja sum za kako alternativa no, eve pogore vi kazaa deka sakat da posvojat megutoa procesot ne odi tuku taka glatko za zal
Licno za mene ne gledam nisto loso vo humanoto doniranje na genetski materiajl, i jas licno bi donirala normalno bez pari od cisti humani pobudi zosto nema pogolema sreka od toa da znaes deka nekogo si usrekil tolku i si mu go priushtil blagoslovot da dobie dete i da stane roditel
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: viktori, Glasna*
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.