Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Сурогат мајчинство

Ре: Сурогат мајчинство 11 Дек 2012 07:01 #225404

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Jas nikogas ne bi bila surogat majka duri ni na sestra mi. Ne bi mozela toa dete sto ke raste vo mene 9 meseci da go dadam bez razlika sto genite ne se moi.
I kaj surogat majkite postoi golema sansa i sve da bide ok so bremenosta ednostavno majkata da nejke da go dade bebeto I STO KE PRAVIS TOGAS?
Imas opcija da posvois bebence pa i detence,veruvaj mi ke go zasakas najveke na svet.
I nikogas ne e kasno pak da baras surogat majka,ako ti uspee ke imas dve prekrasni srcinja.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Сурогат мајчинство 12 Дек 2012 18:20 #225623

  • Москова Костадинов
  • Москова Костадинов's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 21
  • Thank you received: 24
  • Карма: 0
Ве разбирам во се но јас и покрај се ке продолжам да се борам за и кај нас да се донесе законот за сурогат мајки...не само заради мене...јас имам еден милион опции можам да отидам во Америка и да се вратам со дете...можам да отидам...имам можности ,но јас ке продолжам да се борам за тој закон да успее и во нашава државичка заради другите жени кои верувам немаат можности како мене...ве разбирам сите вас и знам колку е болно да се даде едно мало гравче кое расте во тебе на туѓинци...би било добро да се донесе законот... сепак секој си го кажува мислењето никој не ни стави нож под грло и ни рече мора така да биде... а за мене е лесно...утре да ми кажат дека се е во ред јас и сопругот факаме патот под нозе и дим да не нема ако дојде до тоа да мора детето да има наши гени мада јас повеке размислувам за посвојување прво па отом потом и сурогатството...

Драга Зоја

Јас и мм пред некој ден правевме муабет баш за посвојување и сурогатство...Се распрашавме низ министерствава наши како одат постапките за посвојување...знам колку време треба да помине реално од министерството ни рекоа дека целиот процес трае околу 3 години потоа следувало незнам што и додека да се добие дете отприлика поминувало околу 5-7 години...е сега дај боже се да е како што треба се надеваме дека во најскоро време ке имаме негативни резултати би требало да поднесеме документи...но што сакав да кажам се распрашавме и за сурогатството во Америка и ни рекоа дека со целата законска постапка легално за една година детето ке биде во нашите раце...нормално одењето таму и целата процедура како и чекањето коштаат но кога ке споредам 1 година со 5-7 години мислам дека би се одлучила за првата опција и помалку чекање...При тоа ако тука се донесе законот сигурно ке биде целата процедура објасната...како сто кажа и една многу добра лекарка наша македонка цитирам " Ако во македонија се соберат десетина жени со ист проблем и поднесат барање за легализирање на сурогатството законот ке помине на собрание!" Така да јас ке продолжам да се борам за да се донесе законот за Сурогат мајка.... :rm:
Последна промена: 13 Дек 2012 04:43 by Tessi. Причина: sreduvanje na postovi
The administrator has disabled public write access.

Ре: Сурогат мајчинство 12 Дек 2012 19:04 #225630

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Јас лично сум против сурогат мајчинството, но нели тоа е само мое мислење и како што кажуваш секој има право на избор! Штом има и други жени што го посакуваат тоа ви посакувам среќа да ви успее да се легализира и кај нас. Нека се донесе закон, па секој според своите желби и ставови.

Се замислив само дали можеби има шанса и за трансплатација на матка, тоа ми изгледа некако најадекватно решение во вакви случаи доколку има можност. Дали сте се распрашале и за ова? Постои ли можност во вашиот случај за вакво нешто?

:foryou:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Сурогат мајчинство 12 Дек 2012 19:36 #225631

  • Mami-Anje
  • Mami-Anje's Avatar
  • Offline
  • senior
  • majka na dve prekrasni decinja
  • Теми: 1411
  • Thank you received: 1701
  • Карма: 3
Zoja wrote:

Со сета почит и сочуство со сите тие жени кои се соочуваат со овој страшен проблем, можам да кажам дека нивната тага нема да е поголема од од тагата на мајка одделена од детето кое сама го родила. А радоста на родителите кои не можат да имаат свое биолошко дете, доколку навистина знаат да сакаат и ја знаат вистинската смисла на зборот родител, може лесно да се добие ако се посвои некое дете. Тогаш ќе се усреќи и парот и некое беспомошно дете, а нема да се нанесе болка на некој трет.
Se soglasuvam so ovoj post na Zoja definitivno.
Jas licno nikogas ne bi bila surogat majka za nisto i za nikoj na svetot ne bi rodila dete koe posle svesno ke go dadam :ne: nemam nisto protiv daj boze neka se donese zakonot za Surogatsvo pa neka se usrekat mnogu parovi so nivni bioloski decinja,no sepak posvojuvanjeto mi e pohumano em edno nevino malo bebence koe ostanalo samo na ovoj svet ke si najde roditeli i topol dom,em parot koj mnogu saka dete a ne moze da go ima ke stanat roditeli,vo familijata imam mnogu bliski rodnini sto pred 7 god posvoija bebce od 5 meseci tolku mnogu go zasakavme site sto mislam da bese nivno nemase da go sakame tolku i uste go sakame sega e veke detence i da vi kazam mnogu lici na tatko mu ako ne mu e bioloski tatko sepak prirodata si go pravi svoeto.
Moskova mnogu mi e zal za toa sto sudbinata ti ja nanela najgolemata nepravda no te cekaat srekni momenti vo zivotot, daj boze da uspees i da si posvois i da si dobies biolosko dete od Surogat majka :raspolozise


"Da porasnu mala deca potrebna je hrana a najvise LJUBAV svakog bozji dana,ZATO deca mazite i ljubite sto vise da vam rastu kao trava...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Москова Костадинов

Ре: Сурогат мајчинство 13 Дек 2012 04:23 #225656

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
Moskova pa ne kosta samo patoto do Amerika i prestojot.
Treba da i se plati i na surogat majkata, zarem mislis deka nekoj za bez pari ke go pravi toa?

Kako sto citav kosta okolu 70.000 evra, samo psotapkata, sto ne e mala suma, plus pat, prestoj i slicno.
Ako veke ste razmisluvale za toa, razmislete i za Ukaraina, tamu e znatno poeftino.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Москова Костадинов

Ре: Сурогат мајчинство 13 Дек 2012 04:32 #225659

  • Glasna*
  • Glasna*'s Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 98
  • Thank you received: 36
  • Карма: 0
:srekno: jas totalno te podrzuvam so surogatstvoto...i tocno znam shto znaci kopneenje za svoe dete..i se nadevam ke ja postignesh celta vo nashata drzava...
Последна промена: 13 Дек 2012 08:56 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Москова Костадинов

Ре: Сурогат мајчинство 14 Дек 2012 13:45 #225928

  • Москова Костадинов
  • Москова Костадинов's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 21
  • Thank you received: 24
  • Карма: 0
Драга Зоја
Да се распрашав и за трансплантација на матка но досега тоа е изведено само во Индија што не ми влева надеж многу многу...инаку да ти казам најискрено прво што ми падна на памет беше бас трансплантација на матка...Сепак како сто реков и претходно секој има право на избор и свое размислување...

Драга МамаМиа
Да се е распрашавме колку чини целата постапка во Америка и не е баш мала сума на пари точно и ние незнаеме колку но кошта има многу работи за кои треба да се дадат пари...додека во Украина сеуште не сме се распрашале како оди процедурата но во најскоро време ке се распрашаме...

И како што кажав секој има право на избор и свое размислување...

Драга Гласна ти благодарам за поддршката...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Zoja

Ре: Сурогат мајчинство 25 Фев 2013 20:17 #233586

  • zavesa
  • zavesa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
  • Карма: 0
za da ne me razbere nekoj pogresno, vcera slusnav deka baranje na surogat se kaznuvalo.
Последна промена: 26 Фев 2013 06:46 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Сурогат мајчинство 05 Мар 2013 08:26 #234071

  • Москова Костадинов
  • Москова Костадинов's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 21
  • Thank you received: 24
  • Карма: 0
Драга Завеса
Точно си слушнала да сурогатството се казнува доколку е нелегално значи ако на своја рака бараш сурогат мајка и ако таа жена ти роди дете и ти го даде тогаш е нелегално и се казнува...А да те казнат дека поднесуваш барање за да се донесе законот никој не смее да ти го земе тоа право и никој не смее да те казни... барање да се донесе законот е едно а добивање дете преку сурогатство на нелегален начин е друго...Верувај ми многу лекари и претставници на власта сме прашале така да знам точно како оди постапката и како да се стигне до посакуваното само што во нашата држава тоа ке оди малку потешко зосто кај нас сеуште постои она патријархалното...многу од македонските жени се плашат тоа јавно да го кажат или пак направат...сепак борбата за поубав живот сите не тера да размислуваме и да одиме кон усовршувањето на технологијата... а и кон западните "трендови"
The administrator has disabled public write access.

Ре: Сурогат мајчинство 06 Мар 2013 05:11 #234116

  • Snoopy
  • Snoopy's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 293
  • Thank you received: 238
  • Карма: 15
Москова Костадинов wrote:
Ве разбирам во се но јас и покрај се ке продолжам да се борам за и кај нас да се донесе законот за сурогат мајки...не само заради мене...јас имам еден милион опции можам да отидам во Америка и да се вратам со дете...можам да отидам...имам можности ,но јас ке продолжам да се борам за тој закон да успее и во нашава државичка заради другите жени кои верувам немаат можности како мене...ве разбирам сите вас и знам колку е болно да се даде едно мало гравче кое расте во тебе на туѓинци...би било добро да се донесе законот... сепак секој си го кажува мислењето никој не ни стави нож под грло и ни рече мора така да биде... а за мене е лесно...утре да ми кажат дека се е во ред јас и сопругот факаме патот под нозе и дим да не нема ако дојде до тоа да мора детето да има наши гени мада јас повеке размислувам за посвојување прво па отом потом и сурогатството...
Jas ti posakuvam se najdobro vo borbata za tvojata kauza iako istata za mene e neprifatliva, sepak od pozicija na graganski aktivizam, zastapuvanje i lobiranje ti posakuvam uspeh vo patoto po koj si trgnala, a kolku svakam toa e da se regulira ova prasanje zakonski.
Ne sakam da zvucam pesimisticki no vo sredina/opstestvo kako nasevo mislam deka nesto takvo e svetlosni godini daleku od ostvaruvanje. Vo Mk nema krematorium, a ne pa zakon za surogat majcinstvo.

Kako i da e good luck.
Иван А.
с.р
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Elka, Москова Костадинов

Ре: Сурогат мајчинство 21 Јан 2014 07:17 #248098

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1648
  • Thank you received: 571
  • Карма: 15
Vcera slucajno na edna Tv naidov na informacija kade se zapocnati javni debati okolu ova prasanje,znaci dali da se dozvoli surogat majcinstvo i kaj nas.Surogat majka bi mozelo da se bide samo ednas i toa na roditeli koi nemozat da imaat deca od zdravstveni pricini,taa da ne bide pomlada od 21 god.da bide psihicki zdrava i da ne bara paricen nadomestok,tuku da i bidat pokrieni odredeni troskovi vo smisla na pravilna ishrana,pregledi lekuvanja i sl.I ginekolozite koi bea na ovaa debata nacelno go podrzaa surogat majcinstvoto no so strogi kriteriumi i da ne se dozvoli komercalizacija.
Jas licno ne sum razmisluvala vo vrska so ovaa tema, :neznam:
Sto vie mislite za ova ,bujrum so diskusija.
Последна промена: 21 Јан 2014 07:18 by Tessi.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Москова Костадинов

Ре: Сурогат мајчинство 11 Фев 2014 17:07 #248544

  • Москова Костадинов
  • Москова Костадинов's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 21
  • Thank you received: 24
  • Карма: 0
:hello:
Dragi moi prijatelki pred nepolna nedela se vrativ od Amerika kade bev skoro devet meseci...imav ispituvanja i ispituvanja koi se redea od den na den no koga dojde redot da pocneme so procedurite za surogatstvo mojot lekar tamu mi kaza deka i vo nasava drzavicka pocnalo da se postavuva prasanjeto za surogatstvoto i deka kade i da e za edna godina se nadeva deka ke go donesat zakonot...so soprugot se izraduvavme tolku mnogu sto na nasata sreka i nemase kraj..tamu imame sekogas otvorena vrata i za dva meseca se vrakame da prodolzime tamu kade sto zastanavme...no moeto javuvanje vo forumov sega e zaradi mojata neizmerna sreka sto i kaj nas vo nasava drzavicka konecno nekoj pocnal da razmisluva i da go cita naseto baranje za surogatstvo...konecno mnogu mladi parovi koi nemaat finansii kako mene a ja imaat pominato mojata bolest ke dobijat moznost da imaat bebence koe od sekogas go posakuvale...znam deka seuste ima kontroverzii za surogatstvoto kaj nas no cudata se slucuvaat koga najmalku ocekuvame...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Simona`s mom

Ре: Сурогат мајчинство 29 Авг 2014 20:41 #252132

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11

Предлог законот за изменување и дополнување на законот за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО), со кој се воведува можноста за раѓање на дете за друг- сурогатство, е усвоен од Владата на Република Македонија и доставен до Собранието на Република Македонија, информираше денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

-Веруваме дека предлог законот претставува баланс помеѓу користа за семејствата и општеството во целина од раѓање на деца преку примена на постапки за биомедицинско потпомогнато оплодување од една страна и од друга страна здравствената и етичката загриженост поради појавување на опасноста од трговија со репродуктивната способност на жените и нивна експлоатација за комерцијални цели што доведе до потребата од воведување на забрана за ваков вид на злоупотреби. Како што знаете, на усвојувањето на овој Предлог закон претходеа серија на јавни дискусии кои Министерството за здравство ги организираше со цел етичко, правно, теолошко/религиозно анализирање на предлог законот од повеќе различни аспекти, негово подетално елаборирање, како и прогнозирање на идните последици од неговото имплементирање, рече Тодоров.

Организирани биле вкупно 4 јавни дискусии, од кои на првата општа јавна дискусија бил презентиран самиот концепт, а понатаму за концептот се дебатирало со психолозите и психијатрите, потоа со правниците, како и со припадниците на верските заедници и религиозните групи.

Сите сугестии и забелешки кои биле истакнати на јавните дискусии, се земени во предвид и разгледани при изготвувањето на Предлог законот. Учесниците на дискусиите го поздравиле ваквиот начин на отворена соработка и размена на мислења и сите заедно дале значаен придонес кон надградување и подобрување на самиот концепт.

Овој концепт на сурогат мајчинство е веќе воведен и успешно функционира во Англија, САД, Холадија, Белгија, Русија, Канада и други земји.

-Ја анализиравме опасноста во светски рамки жените за пари да се претвораат во инкубатори кои раѓаат деца за богати парови. Затоа ја ограничивме употребата на овој закон само на државјани на Република Македонија. Бевме загрижени дека доколку се дозволи сурогат мајчинството, следниот чекор би бил дозволување на ектогенеза (раѓање на дете во инкубатор), што можеби ќе биде медицински можно во наредните 10ина, а можеби и повеќе години. Се запрашавме дали е тоа патот по кој треба да оди човештвото? Затоа воведовме кривично дело, според кое со казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор ќе се казни тој што надвор од телото на жена „одгледува“ ембрион или фетус заради раѓање на дете (ектогенеза). Дискутиравме дали е оправдано овој вид на интервенирање на медицината со цел реализирање на родителската улога на оние кои не можат да ја реализираат по природен пат, а особено внимание во нашите дискусии посветивме на врската/соодносот помеѓу новите репродуктивни технологии и неопходните граници во нивната примена од аспект на родителското право и од аспект на човечкиот род генерално, додаде ресорниот министер.

Тодоров потенцираше дека во предлог законот се употребува терминот „гестациски носител“ наместо „сурогат мајка“ по примерот на повеќе други држави, со цел да не се нарекува „мајка“ жената која родила дете за друг. Имено, единственото значење на терминот „мајка“, кое што воопшто не беше контроверзно (мајката секогаш беше жената што го родила детето) со примената на сурогат мајчинството се менува.

Клучни аргументи ЗА сурогат мајчинството кои произлегоа од дебатата:

1.Тешка е судбината на семејствата што немаат деца, затоа треба да им се помогне. Секој предлог за зголемување на шансите некој да стане родител заслужува сериозно внимание и од здравствените власти и од јавноста. Оние парови кои не можат да имаат потомство знаат што значи да се отвори пат да им се оствари родителството.

2.Во минатото единствен излез беше посвојувањето на дете што и понатаму останува најчесто применувано решение. Но, посвојувањето деца станува сé потешко, а некои двојки би претпочитале да најдат сурогат мајка како би можело нивното дете да ги наследи барем гените на таткото.

3.Околу веќе востановените процедури како вештачко оплодување од донор, ин витро оплодување, трансфер на ембриони, замрзнување на ембриони, некогаш се кршеа копја за денес да станат инструмент кој помага во давањето живот.

4.Сурогат мајчинството може да биде единствен излез од ситуација на невозможност да се има свое генетски поврзано дете кога жената не е во можност да го носи бебето, односно да ја издржи бременоста. Токму поради тоа, намерата на сурогат мајката е да го замени тој процес само во периодот на бременост.

5.Сурогат мајчинство им овозможува на брачните двојки кои немаат деца, а кои не можат поради медицински причини да го користат вештачкото оплодување или ин витро оплодувањето, да добијат дете кое е генетски поврзано со едниот или двајцата свои родители.

6.Од двата вида на сурогат мајчинство, единствено гестациското сурогатство нуди можност жената со намера да биде мајка да биде исто така и генетски поврзана со детето, кое меѓутоа нема да го помине преднаталниот период во нејзиниот утерус.

7.Гестационото сурогатство е еден од начините да се добијат целосно генетски поврзани деца.

Во таа смисла, со предлог законот се воведува гестациско сурогатство, според кое мајка на детето и носител на родителските права е жената која ја донирала јајце-клетката (генетска мајка), која истовремено е и жената која потпишува договор со гестацискиот носител (социјална мајка).

За споредба, кога станува збор за традиционално сурогат мајчинство, можно е детето да има три мајки: жената која ја донирала јајце-клетката (генетска мајка), жената која се јавува како сурогат мајка и која го раѓа детето (биолошка мајка), и жената (социјалната мајка) која потпишува договор со сурогат мајката, по што сурогат мајката се откажува од нејзините родителски права.

Имајќи предвид дека постојат два вида на сурогат мајчинство – алтруистичко и комерцијално, нашиот концепт го втемеливме на алтруистичко сурогат мајчинство, со изречна забрана за комерцијално сурогат мајчинство.

-Концептот се темели на алтруистичко сурогат мајчинство, кое предвидува исплаќање на определени трошоци на сурогат мајката. Во таа смисла, како материјални трошоци (кои што единствено се дозволени) се сметаат трошоците на гестацискиот носител за водење уреден живот, правилна исхрана и примање додатоци на исхраната потребни за одржување на бременоста, вежбање и психофизичка подготовка. Материјалните трошоци ги надоместува брачната двојка и истите на месечно ниво не можат да го надминат износот од една просечна плата исплатена во стопанството во РМ во претходната година (објавена од Државниот завод за статистика). За направените материјални трошоци, брачната двојка еднаш месечно го известува Министерството за здравство, со доставување на увид оригинални докази од направените материјални трошоци, подвлече Тодоров.

Предвидено е и кривично дело според кое ќе се казни со затвор од 6 месеци до 5 години секој кој ќе бара или земе, односно понуди или даде паричен надоместок (пари, хартии од вредност, недвижен и/или подвижен имот, злато и/или други благородни метали или друга материјална корист) како паричен надоместок за спроведување на постапка на БПО со гестациски носител спротивно на забраната за земање на паричен надоместок за спроведување на постапка на БПО.

Исто така, брачната двојка не смее на гестацискиот носител да и даде подароци во вредност повисока од 100 евра во денарска противвредност сметано за целиот тек на постапката на БПО со гестациски носител и по породувањето.

Заради заштита на идентитетот на гестацискиот носител, брачната двојка и детето, односно детето родено од постапка на БПО со гестациски носител, предвидено е кривично дело според кое ќе се казни со затвор од три месеци до една година тој што ги изнесува или ги пронесува нивните лични, медицински и генетски податоци, а ако делото е сторено преку печат, радио, телевизија или со други средства за јавно информирање или на јавен собир, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

-Во однос на законското уредување на правата и обврските на гестацискиот носител, утврдивме дека „гестациски носител“ е жена на возраст помеѓу 25 години и 50 години живот, мајка на најмалку едно дете, психо-физички здрава, која носи ембрион или фетус кој бил зачнат со постапка на биомедицинско потпомогнато оплодување и кој е добиен со спојување на јајце клетка и сперматозоиди на жена и маж кои се во брак и која ќе го предаде на брачната двојка детето по неговото раѓање, додаде министерот.

Гестациски носител може да биде жена која ги исполнува следните услови:

-да биде државјанин на Република Македонија;

-да биде во добра психофизичка и општа здравствена состојба;

-да биде на возраст помеѓу 25 години и 50 години живот

-мајка на најмалку едно дете во моментот на започнување на постапката на БПО.

-да не и е одземено или ограничено родителското право,

-да не и е изречена казна за сторено кривично дело со ефективна казна затвор во траење од над шест месеца:

-да не и е ограничена или одземена деловната способност;

-да не е душевно болно или лице со пречки во интелектуалниот развој;

-да не е зависник од дрога или други психотропни супстанции или алкохол, и

-да нема тешко хронично заболување или да не е болна од неизлечива заразна болест.

Гестацискиот носител има право да роди за друг само едно живо дете. Право да поведат постапка на БПО со гестациски носител имаат маж и жена кои се во брак и се државјани на Република Македонија, а причината за барање на сурогација може да биде:

-жената од брачната двојка има вродено стекнато отсуство на матката или вродена аномалија на матката која не може да се корегира со модерни хируршки процедури според медицина базирана на докази или некоректибилни оштетувања на матката како последица од неадекватно лекувани инфекции и нестручно изведени хируршки процедури и киретажи.

-најмалку три неуспешни бремености на жената од брачната двојка, кога како причина за неуспехот се исклучени сите останати причини и фактори, освен оштетувања на матката.

Една брачна двојка има право да бара поведување на две постапки на БПО со гестациски носител кои успешно ќе завршат со раѓање на по едно живо дете од секоја постапка.

Брачната двојка има обврска да го преземе детето и доколку детето е родено со попреченост поради која има посебни потреби, а која не била откриена во текот на бременоста со стандардни медицински процедури.

Министерството за здравство води евиденција на жените кои ги исполнуваат условите за гестациски носител, и евиденција на брачните двојки кои бараат оплодување со внесување на нивен сопствен ембрион во матката на жена- гестациски носител.

Пред спроведување на постапката на внесување на ембрионот во матката на жената гестациски носител, задолжително е претходно заедничко психолошко советување на брачната двојка и на потенцијалниот гестациски носител во времетраење од три месеци, при што ќе се одржуваат најмалку две средби месечно, како и задолжително правно советување на двете страни. За таа цел, ќе биде изработен и објавен Национален водич за психолошко и правно советување на брачната двојка и на потенцијалниот гестациски носител за оваа постапка.

-Како што нагласував досега во рамки на јавните дискусии, овој концепт никако не смее да се перцепира како бизнис, туку како чин на хуманост. Верувам дека откако темелно го разгледавме предлог законот со сите засегнати страни, и откако добивме значаен придонес од стручната јавност, успеавме да утврдиме концепт кој е полезен за нашето општество, заврши министерот Тодоров.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Сурогат мајчинство 13 Ное 2014 22:45 #252971

  • Москова Костадинов
  • Москова Костадинов's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 21
  • Thank you received: 24
  • Карма: 0
Драга Фаири и драги мамички

Вчера на тв кажаа дека веќе е почнато пријавувањето кој сака да добие дете преку сурогатсво вчера тоа беше најголемиот поклон за мојот 31 ви роденден кој мм ми го подари не пријавил сега треба само да почекаме некој ден така барем му кажале на мм и ке не побараат...Толку бев радосна што мојата среќа и радост немаат граница... :yes: успеав во мојата намера....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Fairy, blair waldorf, Glasna*, Annabel Lee 2 and this user have 1 others thankyou

Ре: Сурогат мајчинство 05 Дек 2014 23:03 #253143

  • Sunshine-88
  • Sunshine-88's Avatar
Јас лично не верувам дека би можела да бида сурогат. Немам ништо против тоа. Сепак е едно убаво решение за еден пар да си го добие најубавиот подарок, да си добие нешто свое, нај убав плод од љубовта. Но, знам дека јас не би можела да носам 9 месеци малодушиче во мене, да расте, да го чувствувам, а после ќе треба да го дадам на родителите....Јас се приврзувам..Се приврзувам и за деца од улица(на разминување, игралиште и др) а не па за нешто вакво. Законот треба да постои и тука, и треба да е дозволено сурогат мајчинство. Тоа сметам дека не му штети и пречи на никому. Кога веќе постои таа шанса зошто некој да не ја искористи.
Сепак на сите што се борат за бебушка, им посакувам што поскоро исполнување на желбата. :srekno:
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.